Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Час бр: 37 Поим за алгоритам

При решавање на некоја задача користиме логика, искуства или знаења. Притоа
компјутерот ни помага во решавање на многу задачаи кои секојдневно ги извршуваме
како што се: преместување, пишување на текстови, цртање и слично. Но компјутерот бе
може самостојно да ги извршува задачите. Тој адачите ги извршува според однапред
зададени упатства изработени од човекот, во кои се дефинирани и прецизно
формулирани чекори за решавање на некоја задача. Таквата постапка се нарекува
алгоритам.

Дефиниција:

Алгоритам е зададен редослед со цел решавање на даден проблем. Секој алгоритам


има: даден „влез“ (нешто од кое почнува да се извршува работата) и процедура која
даваат одреден „излез“ (ја извршуваат работата). Дејствата од кои се состои
алгоритамот се нарекуваат алгоритамски чекори.

Алгоритамот може да се дефинира и како процедура или формула за решавање на


некој проблем.

Во секојдневието се среќаваме со вакви упатства, но не ги нарекуваме алгоритми,


како на пример: рецепт за подоготовка на вашето омилено јадење, упатство за ракување
со некој апарат, упатство за изработка на училишен проект, упатство за однесување во
случај на земјотрес. Со алгоритми се среќаваме и во математиката бидејќи секоја
формула и секоја постапка за решавање на некоја задача претставува алгоритам.

Всушност, преку алгоритемите решавањето на задачте се сведува на нивно


расчленување и н арешавање на повеќе едноставни задачи кои меѓусебно се поврзани во
една целина. Затоа, алгоритмите треба да се недвосмислени, јасни и прецизни. Секоја
операција треба да е јасно определена, треба прецизн да е утврден редоследот на
извршување на операциите и треба да е разбирливо за секого, независно кој го напишал.
Задачите можат да се решат на повеќе начини и за нивното решение можат да се напишат
повеќе алгоритми. Секоја алгоритам може да се запише на природен јазик (македонски,
англиски, албански и сл...)

Во секој алгоритам мора јасно да бидат дефинирани влезните податоци врз кои се
извршуваат операциите. На крајот на секој алгоритам се добиваат излезни податоци или
резултати.

Алгоритамот мора да биде составен од конечен број чекори кои укажуваат на


редослед на операциите што треба да се извршат врз влезните податоци за да се добие
резултат. Секој чекор се опишува со инструкација како на пример: дефинирај, прочитај,
пресметај, прикажи и сл.

1
Час бр: 37 Поим за алгоритам

Карактеристики на алгоритамот се:

 Конечност – алгоритамот мора да доведе до решение по конечен број на чекори


 Дефинираност и недвосмисленост – секој алгоритамски чекор мра да биде
еднозначно дефиниран, треба да се предвидат сите случаеви за различни влезни
податоци
 Влез – алгоритамот може но не мора да има еден или повеќе влезни податоци.
 Излез – алгоритамот мора да има еден или повеќе излезни податоци.
 Ефикасност – алгоритамот треба да доведе до решение во што пократко време со
примана на помалку чекори.
 Остварливост – алгоритамот мора да биде остварлив на компјутер.

Практични задачи:
1. Напиши алгоритам за пресметување на полштина на правоаголник! Кои се влезни
податоци на алгоритамот? Што е резултат на алгоритамот? Според која формула ќе
ја пресметаш плоштината?
2. Напиши алгоритам за телефонирање!

Домашна работа
Напиши алгоритам за подготовка на твоето омилено јадење!

Потоа одговори на следните прашања:

1. Кои се елементи на алгритамот?


2. Кои се влезните компоненти?
3. Што е излез во случајов?
4. Кои се чекорите коие треба да се следат за да дојдеме до резултатот?

You might also like