Download as rtf, pdf, or txt
Download as rtf, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Византиска уметност и Уметноста во Барок

Византиска уметност — назив за уметничките производи на


Византија, како и на нациите и државите кои ја наследиле
културата од империјата. Империјата настанала од падот на Рим и
траела сè до падот на Цариград во 1453 година, многу источни
православни држави во Источна Европа, и во некои од
муслимански држави во источниот Медитеран, зачувале голем
број од делата на империјалната култура и уметност во наедните
векови.

Дел од држави современици со Византија ниле под културно


влијание на империјата, без притоа да бидат дел од византиската
држава. Такви се на пример Бугарија, Србија, и Русите, како и
неправославните држави како Венецијанската република и
Кралството Сицилија, кои имале блиски односи со Византија и
покрај тоа што биле дел од западноевропската култура. Уметноста
создавана од источните православни христијани кои живееле во
Отоманското Царство честопати се нарекува „поствизантиска.“
Одредени уметнички традиции кои потекнувале во Византиското
Царство, особено во поглед на цртањето на иконите и црковната
архитектура се задржани во Грција, Србија, Бугарија, Македонија,
Русија и други православни држави до денес.
Уметноста во Барок
Барокна уметност е сликарството и вајарството во времето на
барокот, движење често асоцирано со апсолутизмот и
Противреформацијата. Меѓутоа постоењето на знаќајна барокна
уметност и архитектура во неапсолутистички и протестантски
земји го побива ова мислење.

Барокот се појавува кон крајот на XVII век во Европа, во периодот


кога се афирмираат големите национални монархии. Италија во
овој период е расцепкана и политички слаба, а Рим и понатаму е
центар на уметноста. Црквата била принудена да се спротистави
на реформацијата, а промените во уметноста доведуваат до
раѓањето на новиот стил, барок. Бегајќи од затворените форми,
архитектите и вајарите бараат нови димезии на изразување и
создаваат раскошни дела преполни со сценски иновации и
движење. Сликарите и понатаму во центарот на вниманието ги
сместуваат религиозните содржини, но се во потрага за нови
ефекти во третирањето на бојата.

Вајарство
Несомнено е дека најважниот барокен вајар е
Џанлоренцо Бернини (1598-1680), кој му се
доближил на Микеланџело во неговите
сестрани способности. Бернини бил вајар,
архитект, сликар, драматург и припремач на
спектакли. Во доцниот XX век Бернини бил
највреднуван за неговите склуптури, за неговата
виртуозност во резбањето на мермер и
неговата способност за создавање на ликови
кои во едно го имаат и диховното и физичкото.
Бил и одлчен портретист кого моќниците го
барале да им изработува бисти.

Барокни вајари и архитекти

Џанлоренцо Бернини (1598-1680)

Франческо Боромини (1599-1667)

Клод Перо (1613-1688), французин

You might also like