ИСТОРИЈА

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 6

ПРОПАГАНДИТЕ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НИВНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ

Црковно - училишните општини


 Црковно - училишните општини биле самоуправни институции во рамките на
Охридсаката архиепископија
 Имале значајна улога во црковниот и просветниот живот на христијанското
население
 Со укинување на Охридската архиепископија (1767) црковно - училишните општини
во Македонија потпаднале под јурисдикција на Цариградската патријаршија и
преку нив почнал да се наметнува грчкиот јазик и култура
 Но, со економското зајакнување на македонскиот народ, занаетчиите и трговците
почнале да ги превземаат управите на црковно - училишните општини под своја
контрола
 Па така во наставата бил воведен народниот македонски јазик и така постепено се
одвоиле од Цариградската патријаршија, како посебно организирана црковна
власт
 Се грижеле за одржување на црквите, манастирите и општинските училишта, и со
тоа одиграле значајна улога во зачувување на верскиот, културниот и
националниот идентитет.

Борба за обнова на Охридската архиепископија


 Во 60-те и 70-те години на IXI век дошло до силно раздвижување што се изразило
како борба против Цариградската патријаршија за обнова на Охридската
архиепископија.
 Во 1860 година граѓаните на Охрид испратиле колективна молба со 12000 потписи
и околу 500 селски и градски печати до Цариградската патријаршија со молба да се
смени дотогашниот митрополит Мелетиј кој бил Грк, а на негово место да се стави
личност што го разбира македонскиот јазик
 Ако не се исполнило барањето се заканувале дека ќе преминат во унија со Римо -
католичката црква
 Истовремено било побарано и да се обнови ОА
 На чело на оваа борба застанале Јанаки Стрезов и Димитар Миладинов
 Нови организирани унијатски движења избувнале по формирањето на Бугарската
егзархија (1870) и нејзините договори со Патријаршијата за сметка на
македонските епархии
 На чело на оваа Втора унија застанал македонскиот трибун Димитар Поп Георгиев -
Беровски
 Движењето за обнова на ОА било предводено од Скопскиот егзархиски
митрополит Теодосиј Гологанов
 Тој би против сите странски пропаганди во Македонија и голем борец за обнова на
ОА, како македонска црква, но поради својата дејност бил отстранет од
митрополитското место во Скопје.

Навлегување на пропагандите на соседните држави и последиците


 Српската, бугарската и грчката буржоазија во Македонија преку разни пропагандни
средства сакале да го наметнат своето политичко, духовно и културно влијание
 Најстара пропаганда била грчката и нејзина основна задача била да докаже дека
дека Македонија е “стара грчка земја” и како таква требало да се вклучи во
границите на грчката држава. Па затоа се предложувале да се отворат училишта и
други културно - просветни организации и установи во Македонија се со цел да се
наложи грчкиот јазик како едно од најмоќните средства за асимилирање на
македонскиот народ
 Во 70-те години на IXI век се појавила и српската пропаганда (која поради
започнувањето на Српско - Турската војна во 1876 година српската пропаганда ја
прекинала својата дејност). Таа повторно се засилила кон крајот на 80 - те години
на IXI век, па за таа цел во Белград било организирано друштвото “Св. Сава” кое со
материјална помош на српската влада отворило српски училшта во Македонија, во
кои наставата ја изведувале српски учители на српски јазик
 Но сепак најорганизирана и најсилна станала бугарската пропаганда во
Македонија. Во 1870 година со посебен ферман на турскиот султан била основана
Бугарската егзархија како самостојна бугарска православна црква со седиште во
Цариград. Таа успеала да го преземе мноштвото од македонските црковно -
училишни општини и да изврши големо влијание во ширењето на бугарскиот јазик,
култура, просвета и национална свест и таа всушност ги убедувала македонците
дека се Бугари. Крајна цел на бугарската пропаганда била создавање терен за
приграбување на Македонија и остварување на Сан - Стефанските илузии
 Од средината на IXI век во Македонија била присутна и римокатоличката
пропаганда подржувана од Франција и Австро - Унгарија
 Најсилно влијание унијатската пропаганда имала во градот Кукуш како и во Битола,
Ениџевардарско, Струмичко и др места
 Протестантската пропаганда ја ширеле американски мисионери и успеала да
зајакне во Источна и Централна Македонија
 Римокатоличката и протестантската пропаганда се базирале врз верска основа, но
не го негирале националниот карактер на македонскиот народ
 По создавањето на романската држава се појавила и Романската пропаганда која
се ширела меѓу влашкото население во Македонија
 Со дејството на странските пропаганди имало доста тешки последици за
Македонија. Па така се појавило расцеп во редовите на македонскиот народ,
пропагандите го разбивале единството на македонскиот народ што било многу
потребно за успешна борба против османлиите и за создавање на самостојна
македонска држава.

МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА


Причини за создавање на македонската револуционерна организација
→ Територијалните промени и стеснувањето на османската држава по Берлинскиот
конгрес и зголемувањето на даночните обврски како и разни притисоци над
македонскиот народ довело до влошување на неговата положба
→ Така, во Македонија се преселувале доста мѕхаџири од ослободените држави
Србија и Црна Гора, од вазална Бугарија и окупираната Босна и Херцеговина
→ Исто така се засилиле и пропагандите на соседните балкански држави
→ Излезот од таквата положба македонскиот народ ја побарал во напуштање на
своите живеалишта и преселување во големите градски центри како и емигрирање
во прекуокеанските земји или заминување на печалба во европските земји

Формирање на македонската револуционерна организација


→ Главен иницијатор - Даме Груев
→ На 23 октомври 1893 година во Солун петмина учители и еден лекар ја основале
Македонската Револуционерна Организација
→ Состанокот бил одржан во домот на Иван Хаџиниколов, а на него присуствувале:
Даме Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Андон Димитров, Христо
Батанџиев и домаќинот
→ Било решено таа да биде тајна, во неа да можат да членуваат сите жители на
Македонија, без разлика на национална и верска припадност, а политичката цел
да биде извојување на автономија на Македонија
→ При тоа Петар Поп Арсов бил задолжен да изработи нацрт-устав на Организацијата,
која била усвоена наредната година на вториот состанок во Солун
→ Тогаш бил избран и Централен комитет на чело со д-р Христо Татарчев
(претседател) и Даме Груев (секретар)
→ Највисок орган на Организацијата бил Централниот комитет
→ За зачленување во Организацијата се полагало заклетва
→ Членовите требало да внимаваат на своето однесување и да ја чуваат тајната
→ Писмата биле пишувани со шифри, а раководителите и позначајните места имале
псевдоним.

Зацврстување и ширење на македонската револуционерна организација


→ По тригодишна револуционерна дејност, Организацијата одржала Конгрес во
летото 1896 година во Солун
→ Присуствувале 16 делегати меѓу кои и Гоце Делчев
→ Тој и Ѓорче Петров биле задолжени да подготват нов устав и правилник
→ Според новиот уставна Организацијата, дејноста се проширила и во Одринскиот
крај, кој се уште не бил ослободен од Османлиите
→ Па така сега таа го добила и новото име Тајна македонско-одринска
револуционерна организација (ТМОРО)
→ На Конгресот бил избран нов ЦК со седиште во Солун
→ Организацијата била поделена на неколку револуционерни окрузи: Солунски,
Битолски, Скопски, Серски, Струмички и Одрински
→ Исто така заради подобра координација со македонската емиграција во Бугарија
во Софија било востановено Задгранично претставништво

Формирање на четите
→ Главна улога при формирање на четите имал Гоце Делчев, и тој бил инспектор на
сите тие чети
→ Секоја чета имала свој војвода и секретар
→ Главната задача на четите била да го подготвуваат населението за востанието
→ Кога бројот на четите се зголемувал се пристапувало кон самофинансирање по пат
на доброволни членски прилози, а и по пат на грабежи од богати Турци
→ Најкрупен таков грабеж бил во 1901 година во пиринскиот дел на Македонија од
страна на четата на Јане Сандански
→ Станува збор за грабнувањето на американската протестантска мисионерка мис
Стон, за чиј откуп Организацијата добила 14 000 турски лири
→ ТМОРО издавала и свои гласила, како што биле весниците “На оружје”, “Слобода
или смрт”, “Бунтовник” и други.

ВРХОВНИОТ МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ И НЕГОВАТА ДЕЈНОСТ


Создавањето и дејноста на врховниот македонски комитет
➢ Во март 1895 година во Софија бил формиран Македонски комитет
➢ Бил создаден од македонски емигранти и печалбари во Бугарија, кои биле под
влијание на бугарската буржоазија
➢ На вториот конгрес бил преименуван во Врховен македонски комитет, и за
претседател бил избран бугарскиот генерал Данаил Николаев
➢ Целта на бугарскиот двор била преку ВМК да го преземе раководењето на
македонското националноослободително движење и да ги наметне своите
интереси за соединување на Македонија со Бугарија
➢ Во 1895 година се случило и “Мелничкото востание”, тогаш околу 600 луѓе под
команда на офицери од бугарската армија ја минале границата и преминале во
Источна Македонија, па така еден дел од нив го нападнале Мелник и го освоиле,
исто така ја запалиле поштатаи неколку турски згради и се повлекле повторно во
Бугарија
➢ Приврзаниците на ВМК се нарекувале врховисти, а приврзаниците на Централниот
комитет на МРО - централисти

Горноџумајско востание
➢ Солунскиот конгрес на МРО во 1898 година донесол решение да се формира
Задгранично претставништво
➢ Во 1899 година за претседател на ВМК бил избран Борис Сарафов
➢ Во 1900 година ВМК бил преименуван во Врховен македонско - одрински комитет
(ВМОК)
➢ Поради непослушноста на Борис Сарафов тој бил сменет, а на негово место на
ВМОК застанал бугарскиот генерал Иван Цончев
➢ Во дејствувањето за разбивање на самостојноста на македонското
националноослободително движење што го преименувале врховистите дошло до
испровоцираното и избрзано Горноџумајско востание во есента на 1902 година
➢ Со него врховистите сметале дека ќе го предизвикаат вниманието на европската
јавност за нерешеното македонско прашање и за примена на реформите од
Берлинскиот Договор
➢ Биле запалени 15 села со страотен терор и со уништување на мрежата на ТМОРО
во тие области.
➢ На 31 јануари 1903 година бугарската влада ја забранила дејноста на врховистите
помеѓу македонската емиграција во Бугарија и на теренот во Македонија
➢ Поради едно предавство, Централниот комитет бил обезглавен со апсењето на
неговите членови: Пере Тошев, Христо Матов и д-р Христо Татарчев.

ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
Солунскиот конгрес на ТМОРО
❖ За да не биде уапсен и Иван Хаџиниколов ги предал тајните шифри, адреси како и
печатот на Организацијата на врховистот Иван Гарванов
❖ Иван Гарванов свикал конгрес во Солун од 2-4 јануари 1903 година, присуствувале
вкупно 17 делегати
❖ Конгресот донел одлука во пролетта 1903 година да се крене востание,а
последните подготовки и определувањето на точниот ден да се одлучи на
окружните конгреси
❖ Најистакнатите дејци на ТМОРО Гоце Делчев, Јане Сандански и Ѓорче Петров
сметале дека немало поволни услови за кревање на општо востание, предлагале
да се засилат дејствата на четите но безуспешно
❖ На 29 април 1903 година во Солун избиле солунските атентати, дело на
неколкумина младинци кои се нарекле гемиџии.
❖ Тие имале за цел да го свртат вниманието на Европа за да се подобри положбата
на македонското население, притоа бил запален францускиот брод “Гвадалкивар”,
Отоманската банка, поштата, плинарата, германскиот клуб и др. Објекти во Солун
❖ По атентатите во Солун се нашол Гоце Делчев поради разговори со Даме Груев за
одлагање на востанието, но тој ги подржувал одлуките на Конгресот. Разочаран од
тоа Гоце Делчев го напушта Солун и тргнал да организира конгрес на Серскиот
револуционерен округ, но ненадејно на 4 мај 1903 година во борба со турската
војска Гоце Делчев загинал.

Смилевскиот конгрес
❖ Најповолни услови за подготовки за востанието имало во Битолскиот
револуционерен округ
❖ Па затоа од 2-7 мај 1903 година во с. Смилево се одржал конгресот на БРО познат
како Смилевски конгрес, со присуство на 29 делегати
❖ Решението за недоволно подготвено востание наишло на отпор кај делегатите
Никола Петров - Русински, Ѓорги Сугарев, Петар Ацев, Никола Карев
❖ Но доминирал авторитетот на Даме Груев, за тоа декантреба да се крене востание
Бил избран Главен Штаб од три члена, на чело со Даме Груев кој требало да го
определи денот за почеток на востанието

Почетокот на востанието
❖ На 26 јули 1903 година на врвот Победоносец, над Смилево, главниот штаб донел
решение востанието да започне на 2 август - Илинден
❖ Почетокот на востанието се одбележало со палење на востанички огнови, биење
на камбаните, уништување на телефонските и телеграфските линии и напад врз
населените места
❖ Востаничкиот центар се наоѓал во с. Смилево, во негова близина било ослободено
Крушево Востанието имало многу успех во Костурско и Леринско
❖ На 4 август 1903 година 600 востаници го ослободиле градот Клисура и во свои
раце го држеле се до 17 август Најжестоки битки се воделе кај селото Езерец
помеѓу 300 востаници и 2000 турски аскер
❖ Со револуционерните алции во Серскиот округ раководел Јане Сандански
❖ Најсилен дострел на Илинденското востание било формирањето на Крушевската
Република

You might also like