МОНОГРАФИЈА 2022 - 18.03.2022 - Финално од работна група

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 89

МОНОГРАФИЈА –

30 ГОДИНИ ЦАРИНСКА УПРАВА

Април 2022
Содржина:

Регулатива .......................................................................................................................................... 5
Царинскиот закон во периодот од 1992 година до 2001 година .............................................. 5
Царинската тарифа во периодот од 1992 година до 2001 година ............................................ 7
Од данок на промет кон ДДВ во периодот од 1992 година до 2001 година ........................... 8
Aкцизи во периодот од 1992 година до 2001 година ................................................................ 9
Преференцијалните договори во периодот од 1992 година до 2001 година ....................... 10
Регулатива во периодот од 2002 до 2011 година .................................................................... 10
Царинскиот закон во периодот од 2002 година до 2011 година ............................................ 11
Царинската тарифа во периодот од 2002 година до 2011 година .......................................... 13
Акцизи во периодот од 2002 година до 2011 година .............................................................. 14
Заштита на права од интелектуална сопственост во периодот од 2002 година до 2011
година ........................................................................................................................................... 15
Други мерки во периодот од 2002 година до 2011 година ..................................................... 15
Нови надлежности во периодот од 2002 година до 2011 година .......................................... 16
Преференцијални договори во периодот од 2002 година до 2011 година ........................... 16
Царинскиот закон во периодот од 2012 година до 2021 година ............................................ 17
Царинската тарифа во периодот од 2012 година до 2021 година .......................................... 19
Преференцијални договори во периодот од 2012 година до 2021 година ........................... 20
Царинска лабораторија .............................................................................................................. 20
Човечки ресурси во Царинската управа ........................................................................................ 22
Царинската служба во Социјалистичка Република Македонија ............................................. 22
Царинската служба непосредно пред осамостојувањето ....................................................... 22
Основање на Царинската управа на Република Македонија – 1992 година ......................... 23
Поставување на организацијата ................................................................................................ 24
Надлежности и одговорности на Царинската управа .............................................................. 31
Човечки ресурси .......................................................................................................................... 35
Стручно оспособување во Царинската управа ............................................................................. 38
Систем за менаџмент на квалитет ................................................................................................. 41
Дигитализација на царинското работење .................................................................................... 42
Период пред независноста на Република Македонија ........................................................... 42

2
Монографија – 30 години Царинска управа

Период од 1991 до 2002 година ................................................................................................ 43


Период од 2002 до 2011 година ................................................................................................ 45
Период од 2012 до 2021 година ................................................................................................ 49
Сектор за правни работи ................................................................................................................ 52
Внатрешна ревизија ........................................................................................................................ 54
Меѓународна соработка ................................................................................................................. 55
Европска интеграција.................................................................................................................. 55
Период од 2002 до 2011 година ................................................................................................ 56
Подготовка за европска интеграција ......................................................................................... 56
Усвојување на меѓународни стандарди .................................................................................... 57
Активности на меѓународна соработка во поддршка на евроинтегративниот процес ........ 57
Заеднички организирани настани ............................................................................................. 59
Меѓународна соработка во периодот 2012-2021 година ........................................................ 59
Европска интеграција.................................................................................................................. 59
Проекти поддржани од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и други европски
програми ...................................................................................................................................... 60
Позначајни настани ..................................................................................................................... 62
Контрола на примената на законите ............................................................................................. 64
Период од 1992 до 2001 година ................................................................................................ 64
Селективност ............................................................................................................................... 64
Борба против криминалот .......................................................................................................... 64
Период од 2002 до 2011 година ................................................................................................ 65
Царинско разузнавање ............................................................................................................... 65
Селективни царински контроли базирани на анализа на ризик ............................................ 66
Царински истраги ........................................................................................................................ 68
Специјални (мобилни) единици ................................................................................................ 71
Контрола на трговски друштва................................................................................................... 72
Царинска контрола...................................................................................................................... 72
Контрола и примена на законите во периодот 2012-2021 година ......................................... 76
Учество во меѓународни активности ......................................................................................... 77
Управување со ризици ................................................................................................................ 77
Постцаринска контрола .............................................................................................................. 77
Заштита на права од интелектуална сопственост .................................................................... 77
Преземени правни мерки за откриените неправилности ....................................................... 78
Спроведени оперативни дејствија и запленета стока за период 2012 до 2021 година ....... 78
Директори на Царинската управа .................................................................................................. 85
Димитар Бузлевски ..................................................................................................................... 85
Илија Илоски................................................................................................................................ 85
Драган Даравелски ..................................................................................................................... 86
Љубомир Михајловски ............................................................................................................... 86
Ванчо Каргов ................................................................................................................................ 87
Наташа Радеска Крстевска.......................................................................................................... 87
м-р Ѓоко Танасоски...................................................................................................................... 88
м-р Славица Кутиров ................................................................................................................... 88

4
Монографија – 30 години Царинска управа

Регулатива
Царинската управа е чувар на финансиските интереси на државата, на здравјето и животот на граѓаните,
се грижи за реализација на економските политики преку одржување и унапредување на конкурентен
економски амбиент и постојано предлагање и спроведување на мерки за олеснување на трговијата и
транспортот. Преку бројни активности за олеснување и зголемување на ефикасноста во спроведувањето
на царинските постапки, Царинската управа внимателно ги негува и унапредува односите со деловната
заедница.
Основни закони кои ги применува се Царинскиот закон и Царинската тарифа, како и сите пратечки
документи на овие закони. Дополнително во спроведување на сите мерки се применуваат и многу други
закони, уредби и правилници.

Царинскиот закон во периодот од 1992 година до 2001 година


На почетокот на 1992 година обврската да се воведе контрола врз целокупното царинското подрачје на
Република Македонија започна со поставување на привремен полициско-царински пункт на патот на
излезот од Куманово, каде царинските работи ги вршат царинските работници од Царинската испостава
Куманово. Со осамостојувањето, во април 1992 година се воспоставува граничниот премин Табановце –
автопат на ново формираната границата помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија
(СРЈ), на кој започна со работата царинска испостава, на почетокот во доста импровизирани услови.
Набрзо се воспоставуваат и новите гранични премини Блаце, Јажинце, Пелинце и железничка станица
Табановце.

Обемот на извршените работи на царинската служба во текот на 1992 и 1993 година повеќекратно се
зголемува, затоа што со прогласувањето на независноста, стоковиот, дотогаш внатрешен промет со
поранешните републики на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – СФРЈ како најголеми
трговски партнери на Република Македонија, стана меѓународен промет. Истовремено, започнувањето
на воените дејства на територијата на поранешните републики на СФРЈ значи големо отежнување на
железничкиот и друмскиот сообраќај, а предизвика значително зголемување на воздухопловниот
сообраќај. Во почетокот за извршување на определени сложени задачи се формираат 4 стручни комисии
на ниво на Царинска управа: Комисија за царинска тарифа, Комисија за царинска вредност, Комисија за
сврстување на стока во царинска тарифа и Комисија за меѓународна царинска соработка, како и
дополнителни 2 стручни комисии на ниво на царинарници: Комисија за царинска вредност и Комисија за
царинска тарифа.
Првиот Закон за царини1 на Република Македонија се донесува на 2 април 1993 година, со што престана
да важи дотогаш применуваниот закон од СФРЈ. Овој Закон за царини на Република Македонија е скоро
идентичен со претходниот од СФРЈ, освен во делот „Царинска постапка по водни патишта“ кој што е

1
„Сл. весник на РM“ број 20/93
скратен поради тоа што во Република Македонија нема меѓународен воден сообраќај. Царината на
почетокот е формирана како самостоен државен орган.
Во 1993 година со Правилник за исправите во царинската постапка и Правилник за единствениот
царински документ во царинската постапка се воведува образец на единствениот царински документ -
ЕЦД.
Во мај 1998 година се донесува нов Царински закон2 со што престанува да важи Законот за царините и со
овој закон се уредуваат царинската постапка, правата и обврските на учесниците во царинската постапка,
како и делокругот, начинот на работа и организацијата на органот на управата надлежен за работите од
областа на царините. Царинската управа, од 1995 година е во состав на Министерството за финансии и е
надлежна за работите од областа на царините. Со законот се проширува дефиницијата на царинска
декларација, и за разлика од претходниот период кога под царинска декларација се подразбира само
пишан документ, со новиот закон царинската декларација претставува и компјутерска порака,
електронски потпис и дознака за поддршка на документи. Исто така, наместо дотогашната „пријава за
увоз и провоз на стоки“, се воведува „елементарна декларација“, а евиденцијата на царински декларации
се води во електронски контролник.
Покрај вообичаената постапка за пополнување на царинска декларација, со Царинскиот закон за прв пат
се дефинира и поедноставена постапка. Со новиот закон постапките царинско складирање, увоз на стока
за производство наменето за извоз, преработка под царински надзор, привремен увоз и извоз на стоки
заради облагородување се дефинираат како постапки со економски ефект, за кои одлучува царинскиот
орган и може да побара соодветен инструмент за обезбедување доколку стоката подлежи на плаќање на
царина. Се определуваат и одредбите за царинска зона и се дефинираат постапките за царинење на стока
во зоната. Се воведува дефиниција на царински долг, како и постапките околу пресметка и наплата на
царинскиот долг.
Постојаното зголемување на обемот на промет на стока и патници, потребата од хармонизирање на
царинските контроли со стандардите на Светската царинска организација – СЦО и на Европската Унија,
како и ограничените ресурси со кои располага Царинската управа, неминовно ја наметнуваат потребата
од користење на соодветни системи и методи на работа кои ќе обезбедат целосна заштита на приходите
и целосно спроведување на законските забрани, одредби кои се однесуваат на количинско ограничување
или забрана за увоз на одредени видови стоки, со истовремено поедноставување и забрзување на
легитимната трговија. Согласно со препораките на Светската банка за обнова и развој, во 2001 година се
вршат соодветни подготовки и тестирања во врска со имплементирањето на селективноста во
Македонски царински информационен систем (МАКЦИС). Согласно постоечката царинска регулатива во
електронскиот систем на селективност се дефинираат и имплементираат локални, регионални и државни
критериуми за селективност. Се оформуваат листи на селективност по тарифен став, земја на потекло,
увозник, како и други показатели кои можат да го претстават ризикот при царинската постапка. Се
воспоставува систем на вредносна контрола на стоките како параметар за селективност. Се дефинира
одговорноста на секој од учесниците во процесот на селективност. Се утврдува процентот на случајна и
однапред дефинирана селективност. Селекцијата се врши преку воспоставување на систем на канали
(линии) наименувани: „црвен канал“ со задолжителен физички преглед на стоките и документарен
преглед на декларацијата, „жолт канал“ со задолжителен документарен преглед на декларацијата, „син
канал“ за дополнителна контрола на стоките (стоки со помал ризик или лесно расипливи стоки) и „зелен
канал“ без документарен и без физички преглед на стоките со низок ризик.

2
„Сл. весник на РM“ бр. 21 од 8 мај 1998 година

6
Монографија – 30 години Царинска управа

Царинската тарифа во периодот од 1992 година до 2001 година

Законот за царинска тарифа на СФРЈ продолжува да се применува и во 1992 година, веднаш по


осамостојувањето на Република Македонија. Основен недостаток на овој закон е тоа што е наменет да го
штити стопанството на поранешна Југославија и има огромен број позиции со царински стапки кои се во
спротивност на потребите и интересите на стопанството на Република Македонија. Владата на Република
Македонија се обиде овој проблем да го надмине со поединечни одлуки, како одлука за намалување на
царински стапки преку царински контингенти, ослободување од царина за одредени стоки и сл. Покрај
царинската стапка за увоз на стока се плаќа и посебна давачка за порамнување на даночното
ослободување во висина од 7,5%, посебна такса на увезени стоки во висина од 7,5% и давачка за царинско
евидентирање во висина од 1%.
На 31 март 1995 година Република Македонија пристапува кон Меѓународната конвенција за
Хармонизиран систем на имиња и шифрени ознаки. На 27 април 1996 година се донесува првиот Закон
за Царинска тарифа на Република Македонија, кој почна да се применува од 15 август 1996 година. Овој
закон се состои од нормативен дел и царинска тарифа. Нормативниот дел содржи 14 членови и со него
поблиску се регулира употребата на царинската тарифа. Царинската тарифа на шест цифри е усогласена
со Хармонизираниот систем на светско ниво. Расчленувањето над шест цифри е извршено според
Комбинираната заедничка царинска тарифа на Европска унија3 и околу 85% од позициите се идентични
со позициите на Царинската тарифа на Европската унија. Последните две цифри се на национално ниво
за да се овозможи заштита на поодделни стоки од национален интерес. Царинската тарифа е основа за
примена на сите надворешно трговски прописи и со донесување на овој закон Република Македонија се
обврзува секоја година да објавува Одлука за усогласување на номенклатурата со номенклатурата на
Европска унија.
Во Законот за царинска тарифа се укинуваат сите тарифни ознаки по кои во периодот од 1994 до 1996
година не е извршен никаков увоз и сите ознаки со кои се врши заштита на стопанството на поранешна
Југославија, а кои не се во интерес на заштитата на македонското стопанство. Се воведуваат нови ознаки
за селективна заштита на некои клучни стопански сектори. Вградена е препораката на СЦО за воведување
на стандардни единици мерки за тарифните броеви за статистички цели и нови позиции кои се однесуваат
на материи и супстанции кои ја оштетуваат озонската обвивка. Вграден е список на психотропни материи
кои служат за производство на синтетски дроги. Се воведуваат повеќе тарифни ознаки за резервни делови
за цивилни воздухоплови и истите се ослободени од плаќање царина согласно Меѓународниот договор
за цивилни воздухоплови.
Царинската тарифа има една колона за царински стапки кои се применуваат за увоз на стоки со потекло
од земјите со кои Република Македонија има склучено договор со клаузула за најповластена нација. За
увоз на стоки со потекло од останатите земји се применува царинска стапка зголемена за 70%. Согласно
препораките на Светската трговска организација – СТО со новата царинска тарифа престануваат да важат
посебната давачка за порамнување на даночното ослободување во висина од 7,5% и посебната такса на
увезени стоки во висина од 7,5%. Наместо овие давачки по единица мерка се наплатува посебна давачка
за увоз на земјоделски и прехранбени производи. Давачката за царинско евидентирање во висина од 1%
и понатаму продолжува да се наплатува. Највисока царинска стапка од 60% е предвидена за
земјоделските производи и од 35% за индустриските производи. Стапките за суровини и репроматеријали
кои не се произведуваат во Република Македонија изнесуваат од 0 до 8%, а за останатите суровини

3
Combined Nomenclature, Common Customs Tariff of the European Communities, согласно Регулатива на
Советот на ЕУ, бр. 2658 од 1987 година
стапките изнесуваат од 8 до 13%. Нормативниот дел од Законот за царинска тарифа ги регулира
постапките царински контингенти, распоредување на резервни делови за непосредно вградување,
издавање на уверенија за распоредување, царинење на стоки кои се увезуваат сукцесивно, единствена
царинска стапка за увоз на стоки од страна на физички лица и др.
Во 1998 година со измената на Законот за Царинска тарифа е исклучен членот за единствена царинска
давачка во висина од 15% која се применува за увоз на стоки од физички лица. Оваа одредба е вметната
во одредбите на Царинскиот закон.

Од данок на промет кон ДДВ во периодот од 1992 година до 2001 година


Даночниот систем на Република Македонија се развива во специфични општествено-економски услови,
првобитно во рамките на поранешна СФРЈ, а потоа во услови на самостојна и независна држава. Во
рамките на даночниот систем постојат два подсистеми и тоа оданочување на општествениот сектор и
оданочување на населението. Заради специфичноста на поранешните даноци даночниот систем во
Република Македонија е тешко споредлив со моделот кој се користи во развиените земји во Европа и
пошироко. Така наместо данок на додадена вредност – ДДВ (VAT4), којшто со мали исклучоци генерално
е прифатен во развиените земји, а во ЕУ претставува и задолжителен услов за членство, во Република
Македонија се наплатува данок на промет на производи и услуги во малопродажба.
По осамостојувањето во даночниот систем се применува данок на промет на производи и услуги во вид
на основен и посебен данок, врз основа на преземените поранешни сојузни прописи (Законот за
привремените мерки за данокот на промет на производи и услуги) и прописите донесени од страна на
Република Македонија. Во средината на 1992 година се носи Закон за данокот на промет на производи
и услуги5 и низа придружни прописи, како што е Правилникот за примена на данокот на промет на
производи и услуги, со што престануваат да важат поранешните сојузни прописи.
Општата стапка на данок на промет на производи изнесува 42%. Според неа се плаќа данок на сите
производи кои се продаваат на крајните потрошувачи, а кои не се опфатени со некој од другите тарифни
броеви (графички производи, хартија за пишување и друг канцелариски материјал, производи што се
вклучуваат во инсталациона мрежа, моторни и други возила, цемент, бетонски челик, валана жица,
производи од дрво, кибрити и др.). Во системот на оданочување на производите не е издвоено
оданочувањето со акцизи на одделни специфични производи, но за прометот на нафтените деривати,
алкохолните пијалоци, тутунските преработки и за некои други производи постои посебен даночен
третман. Стапките на данок на промет на нафтени деривати изнесуваат од 3% до 40%, на тутунски
преработки се од 15% до 65%, на алкохолни и безакохолни пијалоци се меѓу 10% (за алкохол за
конзервирање) и 90% (за некои видови жестоки пијалаци). Со стапка повисока од општата стапка на
данокот на промет се оданочува прометот на автомобили од 30% до 55%, на кафето со 50%, и на
луксузните производи (украсни производи, производи од благородни метали и скапоцени камења,
производи од кожа и крзно и др.) со стапка од 72%.
Даночна стапка пониска од општата стапка на данокот на промет се применува за детска облека и обувки
со стапка од 7%, текстил и обувки со стапка од 22,5%, апарати за домаќинството, мебел, телевизиски и
радио апарати и слични приемници, производи од гума, и др. со стапка од 28,5%. Со најниска даночна
стапка од 3% се оптоварува прометот на опрема, употребувани патнички автомобили, земјоделска
механизација, минерални ѓубрива, основни производи на земјоделството и рибарството, производи за
човечка исхрана, дневен печат, учебници и др.
Прва значајна промена во оданочувањето на потрошувачката од почетокот на 1994 година претставува
издвојувањето од системот на данокот на промет на т.н. специфични производи и воведување на акцизи
за нивно оданочување. Во современите системи прометот на специфичните производи, како што се
нафтените деривати, тутунските преработки, алкохолните пијалаци и други, се оданочуваат со значително
повисоки стапки отколку прометот на други категории производи. Втора значајна промена кај данокот на
промет претставува поедноставување на структурата на тарифата на данокот, со што се намалува
големиот број на диференцирани стапки и тарифни броеви и се преминува на употреба на само две

4
VAT – Value added tax
5
„Сл.весник на РМ“ бр.48/92

8
Монографија – 30 години Царинска управа

даночни стапки. Со ваквите измени даночниот систем го сочинуваат данокот на промет на производи и
услуги, акцизите и царините.
Со данокот на промет на производи се оданочува прометот на сите производи, освен на оние производи
за кои е пропишано ослободување од оданочување, додека со данокот на промет на услуги се плаќа
данок само на оние услуги кои се експлицитно пропишани. На оданочување со данок на промет на
производи не подлежи увозот на производи за репродукција или преработка. Од плаќање на данокот на
промет се ослободуваат некои производи чија потрошувачка се оценува како значајна за животниот
стандард или за остварување на некоја посебна цел.
Даночните стапки се определуваат во процент од даночната основа. Прометот на сите производи што
служат за крајна потрошувачка се оданочува со стапка од 25%. Со пониска стапка од 5% се оданочува
прометот на производи кои поради својот карактер, намена и економско, културно и социјално значење
добиваат поповолен даночен третман. Под ваков повластен третман е прометот на опрема што служи за
вршење на сопствената дејност, земјоделска механизација, органско и минерално ѓубриво и средства за
заштита на растенијата, основни производи на земјоделството и рибарството, производи што служат за
исхрана на луѓето и исхрана на животните, компјутери и џебни сметачи, дневен и периодичен печат,
електрична енергија, различни видови јаглен, огревно дрво и природен гас, какао, чоколада и производи
што содржат какао, сол за исхрана, производи од шеќер, детска облека и обувки, средства за хигиена
и др.
Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ) се усвојува во Собранието на Република Македонија на
14 јули 1999 година, и успешно се воведува на 1 април 2000 година. Непосредно пред воведувањето се
спроведува голема кампања за информирање на пошироката јавност за новите даночни правила. ДДВ
како општ потрошувачки данок се пресметува во сите фази на производството и трговијата, како и во
целокупниот услужен сектор. Стоки што се увезуваат во царинското подрачје на државата подлежат на
плаќање на ДДВ. Даночната основица за плаќање на ДДВ се состои од царинската вредност на стоката
утврдена согласно Царинскиот закон, царината, акцизата и други видови надоместоци. При утврдување
на даночната основица се вклучуваат трошоците за провизии, пакување, превоз и осигурување кои
настануваат до местото на крајната дестинација на стоката.
Врз целокупниот увоз на стоки и услуги се применува општа даночна стапка од 18%, освен на увоз кој се
оданочува со повластена даночна стапка од 5% за одредени видови стоки определени со Одлука за
утврдување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ. Повластената даночна
стапка се применува на прометот и увозот на производи за човечка исхрана, вода за пиење од јавните
системи за снабдување и одведување на урбаните отпадни води и водa за наводнување на земјоделско
земјиште, публикации, семенски и саден материјал за производство на земјоделски растенија, ѓубрива,
средства за заштита на растенијата, фолии од пластична маса за употреба во земјоделството, земјоделска
механизација, лекови, компјутери, термални сончеви системи, медицинска опрема, помагала и други
уреди чијашто намена е за олеснување или третирање на инвалидност, сурово масло за производство на
храна и др.

Aкцизи во периодот од 1992 година до 2001 година


Најстар облик на данок на потрошувачка се aкцизите. Акцизите се наплатуваат на промет на точно
определeни добра. Имаат фискален карактер бидејќи нивните стапки се значително повисоки во
споредба со стапките на другите даноци. Со акцизи најчесто се оданочуваат добра за широка
потрошувачка кои не можат да се заменат со други добра или нивната замена е тешко изводлива.
Воведувањето на акцизи покрај основната фискална цел (за прехранбени производи за секојдневна
употреба) има и други цели, како што се социјалните (за луксузни производи) или заштитата на здравјето
на луѓето и околината и намалување на нивните негативни влијанија (за штетни производи).
Во најголемиот број на земји на акцизи најчесто подлежат нафтени деривати, алкохолни пијалоци и
тутунски производи. Во некои земји производите како што се кафе, автомобили, шеќер, сол, чај,
конкретни луксузни производи и др. подлежат на акцизи. Во поголем број на земји се наплатува и данок
на промет и акцизи. Во некои земји акцизите се единствен данок на потрошувачка поради едноставниот
механизам за наплата и стабилните приходи кои ги обезбедуваат. Стапките на акцизите се опредуваат
како апсолутен износ по соодветната единица мера, како процент од нејзината вредност или
комбинирани.
Со осамостојувањето на Република Македонија се применува Законот за данокот на промет на
производи и услуги6, со кој се опфатени сите акцизни производи. Со донесувањето на Законот за акцизи7
кој почнува да се применува од 1 јануари 1994 година, производите кои подлежат на плаќање на акцизи
се регулираат со посебен закон. Контролата на пресметувањето и на плаќањето на акцизата кај
обврзниците на акциза ја врши органот надлежен за работите на јавните приходи. Законот за акцизите8
усогласен со Директивите на Европската унија, се применува од 1 јули 2001 година. Со овој закон се
пропишуваат производите кои подлежат на акциза, стапките/износите на акциза, постапките за издавање
на акцизна дозвола и одобрение за акцизно повластено користење, обврските на нивните иматели,
акцизните документи, акцизен надзор, акцизни повластувања и ослободувања, контролните марки за
обележување на акцизни добра, како и административни и казнени одредби. Првите акцизни дозволи ги
издава Управата за јавни приходи во 2001 година.

Преференцијалните договори во периодот од 1992 година до 2001 година


Во периодот по прогласување на независноста на Република Македонија трговската размена со
соседните земји продолжува, но во многу отежнати услови. Веднаш по осамостојувањето се дефинира
северната граница. Македонските увозници се соочуваат со огромен проблем бидејќи целокупната
размена со северните соседи – земјите на поранешна Југославија, речиси замира. По смирување на
економските и политички прилики во соседните земји, со цел продолжување на економската соработка,
Република Македонија започнува да склучува Договори за слободна трговија. Во периодот од 1996
година до 2006 година Република Македонија започнува да применува билатерални договори за
слободна трговија со поранешните југословенски републики и тоа: со Словенија (1 септември 1996
година), СР Југославија (16 октомври 1996 година), Хрватска (30 октомври 1997 година) и Босна и
Херцеговина (1 јули 2002 година). Од останатите земји вакви договори се склучуваат и применуваат со
Бугарија (1 јануари 2000 година), Турција (1 септември 2000 година), Украина (10 септември 2001 година),
ЕФТА државите (1 мај 2002 година) и Албанија (15 јули 2002 година).
Во јуни 2001 година стапува на сила Времената Спогодба за трговија и трговски прашања меѓу Република
Македонија и Европските заедници, како дел од ССА9. Со ССА започнува да се применува потеклото на
стоки двострано и почна да се применува за увоз на стоки со потекло од ЕУ. Целосната либерализација на
индустриските стоки настапува во 2011 година. Земјоделските стоки се дефинирани во повеќе листи во
кои има укинување и намалување на царинските стапки, а одредени стоки подлежат на квоти. Во
почетокот се применува билатерална кумулација, а како докази за потекло се предвидени уверение за
движење ЕУР-1 и изјава во фактура.

Регулатива во периодот од 2002 до 2011 година


Периодот по 2002 година го обележува донесувањето на нов, модерен Царински закон во голем дел
усогласен со царинското законодавство на ЕУ, заедно со придружните подзаконски акти. Особено е важно
донесувањето на Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, со

6
„Сл.весник на РМ, бр. 34/1992
7
„Сл.весник на РМ“ бр. 78/1993
8
„Сл.весник на РМ“, бр. 32/2001
9
Спогодба за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европските заедници и нивните
земји-членки (Stabilisation and Association Agreement)

10
Монографија – 30 години Царинска управа

кој се создава правна рамка за дејствувањето на Царинската управа при увоз и транзит на фалсификувана
стока.

Царинскиот закон во периодот од 2002 година до 2011 година


Во измените на Царинскиот закон во 2002 година се воведува можност за размена на податоци во
електронска форма. Се вршат измени со кои посебните давачки кои се плаќаат при увоз на земјоделски
и прехранбени производи се заменуваат со увозни оптоварувања кои произлегуваат од земјоделската
политика или оптоварувања кои произлегуваат од специфични договори коишто се однесуваат на
одредени стоки кои се резултат на преработка на земјоделски производи. Дотогашното Уверение за
распоредување на стока се заменува со Задолжителна тарифна информација и за прв пат се воведува
Задолжителна информација за потекло, кои информации ги издава Царинската управа по претходно
барање на подносителот. Се врши измена на дефинициите за царина и се укинува поимот царински
контингент, а се воведува повластен тарифен третман, кој што започнува да се применува со
пристапувањето во Светска трговска организација – СТО. Се врши измена на методите за утврдување на
вредност на стоката за царински потреби. Се прават измени и во делот за непреференцијално и
преференцијално потекло.
Во 2005 година се донесува новиот Царински закон со кој се врши усогласување на царинското
законодавство со законодавството на Европската унија. Овој закон претставува прв чекор кон создавање
на предуслови за воведување на стандардите и принципите по кои работат царинските служби во ЕУ. Со
овој закон се развива селективноста и поедноставените постапки согласно Ревидираната Кјото
Конвенција10. Се дефинира улогата на застапниците во царинската постапка и се воведува условот за
полагање на испит за стекнување на лиценца на застапникот. Се либерализира постапката на увоз за
облагородување согласно Истанбулската конвенција11. Се воведува концептот на автономни мерки за
намалување или укинување на увозните давачки. Овие новини се со цел македонските компании да ги
уживаат истите погодности кои ги имаат компаниите од земјите на ЕУ. Со овој царински закон дел од
царинските прописи се усогласени со царинските прописи на ЕУ. Со измените и дополнувањата на
Царинскиот закон во 2008 година се обезбедува правна рамка за воведување на концептот на овластен
економски оператор – ОЕО12. Утврдени се критериуми за лица со поголем ризик, услови за одземање на
претходно издадени царински лиценци, одобренија за застапување, донесувањe и поништување или
укинување на одлуки од областа на царината. Извршено е усогласување со Законот за прекршоци, врз
основа на што, во јануари 2008 година, Царинската управа започна да изрекува мандатни казни за сторени
царински прекршоци.
Истовремено се врши и усогласување на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, која е исто
базирана на соодветната царинска регулатива на ЕУ. Со овој закон Република Македонија се приближува
кон европското законодавство и во делот на поднесување на царинските декларации со воведување на
збирна декларација, а подоцна и збирна декларација пред пристигнување и пред заминување на стоката.
Имено, законот предвидува воведување т.н. поедноставени царински постапки (меѓу кои локално
царинење каде што фирмите, врз основа на одобрение од Царинската управа, можат увозното и
извозното царинење да го вршат 24/7 во своите простории наместо на царински терминали), овластен
примач и испраќач (што е поволно за царинење на т.н. збирни пратки), како и уредени царински
постапки со економски ефект (увоз и извоз за облагородување, царинско складирање) и др. Со измените
и дополнувања на уредбата во 2007 година се утврдени транспарентни критериуми (меѓу кои и
финансиска и даночна историја на компанијата, сопствениците и менаџментот) за намалување на износот
на банкарските гаранции за обезбедување на царинскиот долг (и до 0%). Се обезбедува поедноставување
и забрзување на постапката за прифаќање на гаранциите (доказната постапка ја спроведува самата
Царинска управа), како и елиминирање на дискреционото право на Царинската управа на недоволно
транспарентен начин да ја одредува висината на износот на банкарската гаранција.

10
The International Convention on the Simplification and Harmonization of Customs procedures (Revised Kyoto
Convention), донесена од СЦО во 1999 година, стапи на сила во 2006 година
11
Convention relating to temporary admission (Istanbul Convention), донесена од СЦО во 1990 година, стапи
на сила во 1993 година
12
Согласно измените на Царинскиот закон на ЕУ 648/2005
Во овој период се донесува Законот за царински мерки за заштита на права на интелектуална
сопственост. Според законот, имателите на трговски марки или нивни застапници регистрираат кај
Царинската управа барања за царинска заштита на нивните производи и соработуваат со Царинската
управа на подготовка на системот за откривање и спречување увоз и транзит на фалсификувана стока и
зголемување на јавната свест за штетните последици од употребата на фалсификувани стоки. Во овој
период Царинската управа започнува со регистрација на вакви барања и ги реализира првите акции на
заплена на фалсификувана стока.
Во Кодексот на шифри се вградуваат повеќе меѓународни стандарди и препораки, како што се шифри за
означување на земјите, на видот на транспортот, на видот на пакување и други.
Во 2009 година Република Македонија пристапува кон Меѓународната конвенција за поедноставување
и усогласување на царинските постапки (Ревидирана Кјото конвенција), која претставува еден од
најзначајните инструменти на СЦО за имплементација на еднообразни царински постапки во сите
договорни страни, за олеснување на трговијата, спроведување транспарентни поедноставени царински
постапки, користење на информатичка технологија и управување со ризик, како и партнерство со бизнис
заедницата.
Со измените и дополнувањата на Царинскиот закон од април 2010 година се воведува правна рамка за
задолжителна електронска царинска декларација и за електронско доставување на информации за
најава на поаѓање и пристигнување на стока од и во царинското подрачје на Република Македнија, како
услови за функционирање на новиот СОЦД13 и за унапредување на системите за царинска контрола
базирана на анализа на ризик. Со ова е извршено и усогласување со Царинскиот закон на ЕУ. Во декември
2010 година се ревидираат условите за полагање на стручен испит за лиценцирани застапници, а се
воведуваат и прекршочни санкции и критериуми за суспендирање на одобрението и лиценцата.
Одобренијата и лиценците за вршење на царинско застапување ги издава Царинската управа. Во 2010
година за потребите на поедноставената постапка се воведуваат дефиниции за царинска испостава на
влез, на увоз, на извоз и излез, како и и влезна и излезна збирна декларација. Се изменуваат условите и
постапките за давање на одобрение за вршење на работи на застапување, со што добивањето на ваквите
лиценци е бесплатно. Со измените се дополнува списокот на прекршоци за кои се изрекува глоба.
Во 2010 година започнува да се применува законската можност за поднесување на усна царинска
декларација за комерцијални пратки со мала вредност. Усната декларација е особено практична за
царинење мали пратки кои пристигнуваат по пошта, со авион или пак на граничен премин, со што
значително се забрзува спроведувањето на царинската постапка и се намалуваат трошоците на
увозниците (како на пример: шпедитерски, магацински, трошоци за транспортни услуги и сл.). Истата
година започнуваат да се применуваат и поедноставените постапки при царинење на збирни пратки што
се остварува преку логистички центри кои имаат одобрение од Царинската управа за поедноставувања
во транзит (одобренија за овластен примач и испраќач). Поедноставените постапки овозможуваат
спроведување на царинските постапки во просториите на компанијата, царинењето е можно 24/7 и не
зависи од работното време на царинските испостави, при што не постои обврска за влегување во
царински терминал со што се елиминираат трошоците за престој на царински терминали и се намалуваат
трошоците за шпедитерски услуги.
Со измените и дополнувањата на Царинскиот закон од април 2010 година се овозможува заедничко
царинење со царинските служби на соседните држави, се укинува концептот „лице за кое постои повисок
ризик“ и се пренесуваат одредбите за единствена царинска стапка од Царинскиот закон во Законот за
Царинска тарифа.
Со измените и дополнувањата на Царинскиот закон од април 2011 година се утврдуваат условите за
одложено плаќање на царински долг и прифаќање на општа гаранција, наплатата на царински долг и
сметководствената евиденција. Одредбите на Царинскиот закон се усогласуваат со ЗОУП14 и Законот за
управна инспекција, во поглед на роковите за одлучување.

13
Систем за обработка на царински декларации
14
Закон за општа управна постапка

12
Монографија – 30 години Царинска управа

Царинската тарифа во периодот од 2002 година до 2011 година


Пристапувањето во Светската трговска организација – СТО во 2003 година резултира со донесување на
нов Закон за царинска тарифа. Со овој закон значително се намалува висината на царинските стапки, се
укинува поедноставеното распоредување на резервните делови во тарифниот број на готов производ, се
воведува обврска за усогласување на царинската тарифа со обврските од Протоколот за пристапување
кон СТО и обврска за усогласување на царинската тарифа согласно Законот за ратификација на
Конвенцијата за хармониозиран систем на имиња, шифри и ознаки на стоките. Согласно обврските од
пристапувањето кон СТО пред крај на секоја година се објавува Одлуката за усогласување и менување
на Царинската тарифа за секоја следна година, со што континуирано се усогласува и менува
номенклатурата на Царинската тарифа согласно измените на Хармонизираниот систем (ХС) и на
Комбинираната номенклатура (КН) на ЕУ, кои се однесуваат на системот на имиња на стоката, системот
на нумеричко означување, единичните мерки, како и забелешките кон соодветните оддели и глави.
Во 2009 година Република Македонија ги објавува Коментарите на ХС кои официјално се преведени и на
македонски јазик. Државата има обврска да ги преведува и објавувa сите измени на ХС. Со цел да се следи
технолошкиот развој и обемот на трговија на сите стоки со кои се тргува, на секои 5 години има
значителни измени на номенклатурата на стоки во Хармонизираниот систем.

Со следната позначајна измена на Законот за Царинска тарифа во 2010 година повторно се воведува
единствена царинска давачка во висина од 15% која се применува за физички лица, а која дотогаш беше
вметната во Царинскиот закон. Особено значајно е воведување на одредба дека Царинската управа ги
интегрира сите тарифни и нетарифни мерки, определува дополнителни ознаки на интегрираната
царинска тарифа, ја ажурира интегрираната царинска тарифа и ја објавува во електронска форма со
користење на комјутеризиран систем, кога е тоа возможно.

Во овој период целосно се исполнуваат обврските од ССА во поглед на царинските стапки за увезените
стоки со потекло од ЕУ, при што се целосно се елиминираат царинските стапки на 653 тарифни ставки.
Согласно ССА се намалуваат, но остануваат царински стапки само за земјоделските и прехранбените
производи15. Во овој период целосно се исполнуваат и обврските од Протоколот за пристапување кон
СТО16, при што се намалуваат царинските стапки на 29 тарифни броеви. Во овој период стапувааат на сила
и целосно се применуваат договорите за слободна трговија, особено во делот на ослободувањата од
плаќање на царина за увезените стоки со потекло од Турција, Украина и земјите членки на CEFTA. Со цел
стимулирање на производството и извозот, во овој период се намалуваат или целосно елиминираат
царинските стапки на повеќе од 300 царински броеви. Како резултат на претходено наведеното,
просечната царинска стапка се намалува од 9,29% на крајот на 2006 година на 8,75% на крајот на 2011
година, додека пондерираната ефективна царинска стапка се намалува од 2,76% на крајот на 2006 година
на 1,24% на крајот на 2011 година. Намалувањето и елиминирањето на царинските стапки во овој

15
Просечната царинска стапка изнесува 4,97%
16
Светска трговска организација
период придонесува за значително намалување на увозните давачки и стимулирање на
производството и извозот, но и за значително намалување на приходите од царини.
Со Законот за ратификација на Препораката на Советот за царинска соработка на СЦО во јули 2008
година се прифаќа барањето за членство на Европските заедници во СЦО. Законот за ратификација на
Протоколот за измени и дополнувања на Меѓународната конвенција за поедноставување и
усогласување на царинските постапки (ревидирана Кјото конвенција) од крајот на 2008 година
претставува натамошно усогласување со Acquis Communautaire на ЕУ и прифаќање на инструментите на
СЦО во поглед на обезбедување соодветен баланс помеѓу контролата и прибирањето на приходи од една
страна и олеснувањето на трговијата од друга страна.
Со владиниот пакет мерки од март 2010 година значително се намалуваат трошоците за увоз на патнички
автомобили со кои се изeднaчуваат (намалуваат) царинските стапки на употребуваните со новите
патнички автомобили.
Особено е значајно воведувањето на правна рамка за воспоставување на Интегрирана царинска тарифа
– TARIM (вид на национален TARIC 17 кој се користи во ЕУ) во која се интегрираат сите тарифни и нетарифни
мерки, согласно важечките прописи на Република Македонија. Царинската управа се определува за
аминистратор на TARIM.

Акцизи во периодот од 2002 година до 2011 година

Управувањето со акцизите на 1 јануари 2010 година успешно се пренесува на Царинската управа која е
надлежна за управување со акцизите на целата територија на Република Македонија. Ова се реализира
со измени и дополнувања на Законот за акцизи, Законот за даночна постапка, Законот за Царинска
управа и Законот за Управата за јавни приходи 18. Основни функции кои ги извршува Царинската управа
се издавање на акцизни дозволи и одобренија за акцизно повластено користење, издавање на контролни
марки (бандероли) за обележување на тутунски добра и алкохолни пијалоци, пресметка, утврдување и
наплата на акциза, обработка на акцизни документи, обработка на акцизни пријави и утврдување на
акцизни побарувања, спроведување на акцизна контрола над акцизните обврзници и водење на
прекршочна постапка согласно Законот за акцизи. Се воведуваат и нови контролни марки за обележување
на тутунски добра и алкохолни пијалоци, со лого на Царинската управа и со висок степен на заштита од
фалсификување.

Контролна марка за обележување на алкохолни пијалоци

Контролна марка за обележување на тутунски добра

17
TARIC – the integrated Tariff of the European Union
18
Сите се објавени во „Сл.весник на РМ“ бр. 105/2009

14
Монографија – 30 години Царинска управа

Во февруари 2011 година се донесуваат измени и дополнувања на Законот за акцизи со кои се уредуваат
условите и постапката на контрола, обележувањето и користењето на обележаните минерални масла, а
се изменуваат и одредбите за прекршоци со дополнувања во делот на санкциите за злоупотреба при
несоодветно користење на минералните масла, особено во делот на користење на т.н. „црвена нафта“.

Заштита на права од интелектуална сопственост во периодот од 2002 година


до 2011 година
Со измените и дополнувањата на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална
сопственост од октомври 2011 година се прецизираат правата и обврските на носителите на правата,
Царинската управа, Државниот управен инспекторат и Управниот суд. Царинската управа може да ја
укине одлуката за прифаќање на барањето за преземање на царински дејства доколку носителот на
правото не постапува согласно законот.
Со измена на Правилникот за спроведување на Законот за царински мерки за заштита на права од
интелектуална сопственост од јуни 2011 година се укинува надоместокот за обработка на барањето за
преземање на царински дејства за заштита на права од интелектуална сопственост, во износ од 5.000
денари, односно надоместокот за обработка на барање за продолжување на рокот на барањето за
преземање на царински дејства, во износ од 2.000 денари.

Други мерки во периодот од 2002 година до 2011 година


Со цел намалување на непотребното оптоварување на економските оператори со трошоци и
административни постапки, како и со цел усогласување со Acquis Communautaire на ЕУ, во овој период се
донесуваат повеќе олеснувања во меѓународниот патнички и стоков промет и се елиминираат или
намалуваат голем број на административни такси и надоместоци.
Од средината на 2008 година домашните патници при враќање од странство се ослободуваат од плаќање
на царина за предмети од некомерцијална природа во вредност до 175 евра, наместо 45 евра како што
беше дотогаш. Во 2010 година износот од 175 евра се зголемува на 350 евра, со што се усогласува со
стандардите на земјите членки на ЕУ. Во 2008 година минималниот износ на ефективни странски пари и
хартии од вредност што може да се внесува и изнесува во/од Република Македонија од резиденти се
зголемува на 10.000 евра. Нерезидентите без обврска за пријавување смеат да внесуваат или изнесуваат
10.000 евра. Овие измени придонесуваат за избегнување на голем број на девизни прекршоци кои се
правеа од недоволно познавање на законите.
Со измени на Законот за административни такси во 2007 година се елиминираат или се сведуваат на
симболичен износ административните такси за добивање 12 видови дозволи и одобренија од Царинската
управа (од 60.000 денари на 300 до 500 денари), а во 2010 година се укинуваат и административните такси
за поднесување на царински декларации (150 денари), за барања за издавање на уверение за движење
ЕУР.1 (200 денари) и за запис за внесување и изнесување на стока во и од слободна зона или слободен
склад (50 денари).
Со измени на Правилникот за видот и износот на царински надоместоци за направени услуги во
царинската постапка во 2007 година се укинува надоместокот од 40 евра за издавање задолжителна
царинска информација и надоместокот од 65 евра за лабораториски испитувања, а во 2008 година се
укинуваат надоместоците за царинска придружба (600 денари за 1 час за еден царински службеник), за
складирање во склад на царинскиот орган (5% до 20% од вредноста на стоката), како и за користење на
царинскиот информативен систем (1.500 денари месечно до 50 декларации и 30 денари по декларација
над 50 декларации). Со преземање на надлежностите за управување со објектите на граничните премини
за патен сообраќај од страна на Царинската управа, кон крајот на 2008 година се елиминира надоместокот
за вагање на возилата на износ од 600 денари, а надоместокот за користење на царински терминал се
намалува на 1.000 денари (претходно Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен
простор – ЈПССДП наплатуваше околу 1.600 денари надоместок за 72 часовен престој на царинските
терминали и вагање). Во 2011 година овој надоместок целосно се укинува во текот на спроведување на
царинската постапка.
Со измени и дополнувања на Законот за трговија во 2008 година се елиминира од предцаринска постапка
атестот од Институтот за стандардизација за стока за која истиот е предвиден, како и записникот од
Државниот пазарен инспекторат за поседување декларација и упатство за употреба на оригиналната
амбалажа за стока наманета за малопродажба, односно контролата се пренесува во внатрешниот промет
и пазар.

Нови надлежности во периодот од 2002 година до 2011 година


Согласно Законот за прекршоци и врз негова основа донесените измени на Законот за царинската
управа19, во октомври 2007 година Царинската управа ги презема надлежностите од судовите за водење
на прекршочни постапки, изрекување прекршочни санкции и посебни прекршочни мерки за сторен
царински прекршок. Целта е побрзо и поефикасно решавање на прекршочните постапки во функција на
намалување на царинските прекршоци. Со цел операционализација на новите надлежности се
донесуваат: Правилник за начинот и постапката на царинските органи при откривање на царинските
прекршоци и Правилник за издавање покана за плаќање глоба и платен налог, како и Правилник за
формата и содржината на записникот за царински прекршок, поканата за плаќање глоба и платниот налог.
Од август 2008 година Царинска управа е надлежна за одлучување по прекршоци предвидени во Законот
за девизно работење, а од јануари 2010 година и за одлучување по прекршоци предвидени во Законот
за акцизите. Истовремено, за полесните прекршоци, односно за прекршоци за кои не е предвидено
мерка безбедност одземање на стоката која е предмет на прекршок, Царинската управа започнува да
спроведува постапка за порамнување и посредување. Се формира и екипира Одделение за прекршоци
– Комисија за одлучување по прекршок (во Скопје и Битола), кое започнува со работа на 1 октомври 2007
година. Се обезбедуваат простории за одржување на распит на странките и превод од странски на
македонски јазик.
Во септември 2008 година Царинската управа ги презема од ЈПССДП надлежностите за управување и
одржување на објектите на граничните премини за патен сообраќај, по обезбедена правна рамка со
измени и дополнувања на Законот за Царинската управа. Царинска управа од ЈПССДП презема над 50.000
м² деловен простор, земјиште, царински терминали и 204 работници, со цел намалување на трошоците
и обезбедување поповолни услови на економските оператори и патниците.

Преференцијални договори во периодот од 2002 година до 2011 година


Во периодот по 2002 продолжува склучувањето или стапувањето во сила на договори за слободна
трговија. Од јануари 2004 година започнува да се применува Договорот за слободна трговија со Романија,
со што целосна либерализација на сите индустриски стоки започна да се применува од 2008 година, а
одредени земјоделски стоки се со делумно намалени стапки и одредени производи подлежат на квоти.
На 1 април 2004 година почна да се применува Спогодба за стабилизација и асоцијација со Европските
Заедници. Во оваа спогодба е земено предвид зголемувањето на бројот на земји членки на Европска
унија од 15 на 25. И понатаму во оваа спогодба се применува билатерална кумулација. Во јануари 2005
година започна да се применува Договор за слободна трговија со Молдова, со што целосната
либерализација на сите индустриски стоки започна да се применува од 2010 година, а за земјоделските
стоки се предвидени тарифни квоти. Привремениот договор за слободна трговија меѓу Република
Македонија и УНМИК (Косово) се применува од февруари 2006 година и од тој датум е воведена целосна
либерализација за увозот на сите стоки со потекло.
На 1 јули 2006 година започнува да се применува првиот мултилатерален Договор за пристапување кон
Централно европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) каде членуваат Албанија, Босна и
Херцеговина, Косово, Молдова, Србија, Хрватска и Црна Гора и се проширува примената, од дотогаш
билатерална, на сега дијагонална кумулација со сите ЦЕФТА членки.
Со Закон за ратификација на Протоколот кон ССА од септември 2008 година се антиципира
пристапувањето на Република Бугарија и Република Романија во ЕУ и се создаваат услови за

19
Согласно амандман ХХ на Уставот на Република Македонија од 2005 година, заради поефикасно и
побрзо решавање на прекршоците, како и растеретување на судовите од напливот на прекршочни
предмети, за прекршоци определени со закон, санкција може да изрече орган на државната управа
или организација и друг орган што врши јавни овластувања

16
Монографија – 30 години Царинска управа

имплементација на дијагоналната кумулација на потеклото со вклучување на Република Турција. Во текот


на 2009 година се заокружува правната рамка со која стоките произведени со суровини и
репроматеријали од Турција се ослободуваат од плаќање царини при извоз во земјите членки на ЕУ, со
што се зголемува конкурентноста на македонските производи во ЕУ и атрактивноста за странски директни
инвестиции во Република Македонија.
На 1 октомври 2010 година започнуваат да се применуваат измените на постоечкиот Договор за слободна
трговија со ЕФТА државите. Позначајна измена во новиот протокол за потекло е во членот за кумулација
каде се воведуваат, покрај ЕФТА земјите, Турција, земјите членки на Европска унија и земјите кои се
поврзани во Процесот на стабилизација и асоцијација (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора,
Хрватска, Србија и Косово). Во овој период Македонија применува пет договори за слободна трговија и
тоа со Европска унија, со Турција, Украина, ЦЕФТА и ЕФТА земјите. Во скоро сите договори се применува
дијагонална кумулација.
Мрежата на договори за слободна трговија стана многу комплексна и затоа во 2007 година Европската
комисија лансира идеја за донесување на Регионална конвенција. Оваа конвенција претставува правен
документ во кој се дефинирани правилата за потекло и методите на административна соработка. На 15
јуни 2011 година Република Македонија ја потпишува Регионалната конвенција со што значително се
упростува примената на правилата за потекло со дефинирање на една зона на кумулација.

Царинскиот закон во периодот од 2012 година до 2021 година


На почетокот на 2012 година во Царинскиот закон е воведена законска можност за ослободување од
плаќање на увозни давачки за спортски федерации за спортска опрема и реквизити кои се добиваат како
подарок од странски донатори, како и увезена спортска опрема и реквизити купени со парични средства
добиени како подарок. Во декември 2013 година се направени измени на Царинскиот закон 20 со цел
воведување можност за ослободување од плаќање увозни давачки за опрема наменета за научно-
истражувачка и иновациска дејност и за стоки наменети за реализација на проекти кои се финансирани
во рамките на инструментот за претпристапна помош – ИПА.
Во февруари 2016 година заради потребата за усогласување со новиот Закон за општа управна постапка
има уште една значајна измена на Царинскиот закон 21 кога се прави терминолошко подобрување на
одредбите во кои е регулирано евидентирањето на царинските давачки. Со законот се регулира
работењето во областа на човечките ресурси во Царинската управа, односно се утврдува поседувањето
на меѓународно признатите сертификати.
Во август 2018 година се извршува уште една измена на Царинскиот закон22 со цел усогласување на
одредбите кои се однесуваат на овластените економски оператори со Царинскиот закон на Унијата (бр.
952/2013), со што се овозможува взаемното признавање на издадените одобренија за овластен
економски оператор во рамките на ЦЕФТА страните, што претставува поволност и олеснување на
регионалната трговија. Се врши и усогласување на одредбите за употреба на гаранции за обезбедување
на плаќање на царинскиот долг или други давачки кои можат да настанат во врска со стоката ставена во
транзитна постапка, со одредбите на Царинскиот закон на Унијата. Се прават измени и на прекршочните
одредби на Царинскиот закон со што се врши допрецизирање на одредени повреди на материјалните
одредби од законот и се врши усогласување на прекршочните одредби од Царинскиот закон со
одредбите на Законот за Царинската управа и Законот за прекршоците, за царинските службеници при
конкретни царински прекршоци во спроведувањето на забрзаните постапки покрај врачување на
мандатен платен налог на сторителите на прекршоците да им врачуваат и прекршочен платен налог. Се
воведува и можност по барање на сторителот на прекршокот, стоката – предмет на прекршок да не се
одзема ако сторителот на прекршок се согласи веднаш да ја плати изречената глоба и за истата да
спроведе некоја од дозволените царински постапки или употреба на стоката определени со овој закон.
Со измените на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон23 во декември 2018 година се
овозможува взаемно признавање на издадените одобренија за Овластен економски оператор – ОЕО во

20
„Сл.весник на РМ“ бр. 187/13
21
„Сл. весник на РМ“ бр. 23 од 10 февруари 2016 година
22
„Сл. весник на РМ“ бр. 144 од 03.08.2018 година
23
„Сл. весник на РМ“ бр. 233 од 20.12.2018 година
рамките на ЦЕФТА страните, што претставува поволност и олеснување на регионалната трговија.
Суштински со измените се менува целото поглавје за ОЕО и се утврдуваат поблиските критериуми за
стекнување на статус ОЕО, како и поволностите кои произлегуваат од истиот, се уредува начинот на
одобрување по поднесено барање и давање на одобрение, како и правните дејства на даденото
одобрение.
Електронскиот систем за постапки со економски ефект „E_Lohn“, финансиран со средства од Светската
банка, целосно се става во функција од крајот на март 2013 година. „E_Lohn“ овозможува електронско
аплицирање и добивање одобренија за сите видови на постапки со економски ефект (увоз за
облагородување, царинско складирање, извоз за облагородување, преработка под царинска контрола и
привремен увоз), како и поднесување на документи за електронско следење на постапката на увоз за
облагородување.
Во рамки на Интегрираниот информативен систем на Царинската управа, на интернет страницата на
Царинската управа се поставува Портал за електронска комуникација – ПЕК, преку кој надворешните
корисници можат да пребаруваат над 70 стандардни, електронски контролирани барања, кои во
Царинската управа електронски се архивираат, процесираат и враќаат до барателите.
НКТС официјално беше ставен во функција на национално ниво на 1-ви март 2014 година.
Воспоставувањето на Новиот компјутерзиран транзитен систем – НКТС24 е од особено значење затоа што
едногодишното користење на истиот е еден од условите за пристапување кон Конвенцијата за заедничка
транзитна постапка (КЗТ). Пристапувањето кон КЗТ е условено со исполнување на низа технички услови и
спроведување на голем број на активности. Од овие причини, а со цел оценување на состојбата за
подготвеноста на Република Македонија за преземање на обврските од пристапување кон Конвенцијата
за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата, од
страна на DG TAXUD при Европската Комисија се спроведени две мониторинг мисии (пред-оценска мисија
во јули 2014 година и оценска мисија во јануари наредната година). Мисиите од претставници од
Европската Комисија – DG TAXUD и претставници на државите членки на конвенцијата даваат позитивен
извештај со препорака до ЕУ-ЕФТА работната група за „Заеднички транзит“ и „Поедноставување на
формалностите при трговија со стоки“ за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за
заедничка транзитна постапка.
На 1 јули 2015 година, Република Македонија станува дел од транзитниот систем на Европската Унија. Со
пристапувањето на Македонија кон Конвенциите за заедничката транзитна постапка и за
поедноставување на формалностите при трговија со стока се обезбедува единствено движење на стоката
во рамки на земјите членки, од една влезна точка до местото на завршување на транзитната постапка,
без разлика на тоа низ колку држави и гранични премини стоката треба да транзитира. Електронската
транзитна декларација со која е започната транзитна постапка во која било земја членка на Конвенцијата
за заедничка транзитна постапка е прифатлива за сите земји членки на Конвенцијата. Тоа значи дека
транзитните постапки кои започнуваат во било која царинска испостава во Македонија, можат да завршат,
на пример, во царинска испостава во Германија и обратно, без застој на граничните премини и без
поднесување на посебна транзитна декларација во секоја попатна земја. Пристапувањето кон
Конвенцијата за заеднички транзит значително го олеснува тргувањето со ЕУ, ЕФТА и Турција како наши
најголеми надворешно-трговски партнери. Република Македонија прва од земјите во Југоисточна Европа
стана дел од европскиот транзитен систем.
Во мај 2019 година се донесува нов Правилник за начинот на пополнување на царинската декларација
и кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација 25. Правилникот
се донесува поради тоа што Царинската управа разви, целосно имплементира и пушти во продукција нов
Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи – СОЦДАД26 со електронската
размена на податоци, согласно утврдени технички услови и правила за користење на системот за
електронска размена на податоци и давање на услуги за електронско работење. Со новиот Правилник се
пропишува начинот на употреба и начинот на пополнување на извозната, увозната и декларацијата за
привремено чување изработени со техника на електронска обработка на податоци. Исто така се вршат
измени и во однос на шифрите кои се користат за одредени податоци во царинските декларации, на тој

24
NCTS – New Computerised Transit System
25
„Сл. весник на РСМ“ бр. 105 од 27.05.2019 година
26
CDEPS – Customs Declaration and Excise Proccessing System

18
Монографија – 30 години Царинска управа

начин што се пропишува дека за дел од податоците се користат шифри од базата на податоци на
Интегрираната тарифа (ТАРИМ).
СОЦДАД конечно почнува да се употребува во јуни 2019 година. Со воведување на СОЦДАД започнува
нова, дигитална ера за царинското работење во нашата земја. Новиот систем обезбедува безбедно,
интероеперабилно електронско решение во согласност со стандардите на СЦО и ЕУ, целосно бесхартиена
околина при спроведување на царинските и акцизните постапки преку размена на електронски податоци
со економските оператори и другите државни институции, забрзување на царинските и акцизните
постапки за економските оператори и целосна компатибилност со системите на ЕУ. Воведувањето на
новиот систем обезбедува интероперабилност и интерконективност со царинските информатички
системи на ЕУ, управување со царинските декларации и акцизните документи, контрола на движењето
на акцизните добра и царинските стоки преку размена на стандардизирани електронски пораки со
економски оператори, ефикасност во спроведување на контролите околу наплатени и вратени царински
давачки, акцизи, такси и други давачки, олеснување на трговија преку забрзан проток на стока, како и
подобрување на безбедноста на синџирот на снабдување, согласно стандардите на Европската Унија и
Светската царинска организација. За потребите на развој на новиот СОЦДАД се усогласуваат ставовите
околу поврзувањето на овој систем со НКТС, Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит
на стоки и тарифни квоти (EXIM) и Системот за интегрирана тарифна околина (ITE), кој се развива во рамки
на проектот ИПА 2009. Електронскиот систем за издавање увозни и извозни дозволи и тарифни квоти, кој
е во функција од 2008 година, од година во година станува сè пософистициран, зголемувајќи ја
ефикасноста при забрзување на царинските постапки, а континуирано расте и бројот на регистрирани
корисници. Со започнување на примена на Системот за интегрирана тарифна околина (ТАРИМ) се
воведува и електронска контрола на сите тарифни, даночни, акцизни и нетарифни мерки кои што се
применуваат при царинскаите постапки на увоз и извоз.

Царинската тарифа во периодот од 2012 година до 2021 година


Процесот на намалување на царинските стапки согласно обврските од пристапувањето кон СТО завршува
во 2012 година.
Во 2012 година има значителни измени на ХС, кои во голема мера се однесуваат на заштитата на
животната средина и општеството на глобално ниво. Со измените и дополнувањата на Законот за
царинска тарифа, започнувајќи од 2013 година, се укинуваат или намалуваат царинските давачки за стоки
кои што се распоредуваат во 128 тарифни ознаки. Со цел натамошно усогласување со регулативите на ЕУ,
во јули 2013 година се укинуваат царинските давачки за одделни необработени благородни метали –
репроматеријали со цел да се подобри извозната конкурентност на домашната индустрија.
Во 2017 година, согласно измените на ХС, има значителни измени на светско ниво во поглед на
распоредувањето на стоките – во земјоделскиот сектор измените се во делот на риби, шумски производи,
ѓубрива и земјоделска механизација, антималариски производи, дроги и психотропни супстанции и
прекурзори, како и хибридни возила.
Во 2018 година се носат Одлуки заукинување на увозната давачка – царинската стапка за електрични
акумулатори литиум-јонски и за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистенo oд месo и живинскo
салo, неистoпени или пoинаку издвoени, свежи, разладени, замрзнати, сoлени, вo саламура, сушени или
чадени со што им се помогна на производните компании извозно ориентирани.
Во јуни 2019 година се врши натамошно усогласување на нормативниот дел на овој Законот за царинска
тарифа со Регулативата на Советот (ЕЕЦ) бр. 2658/87 за тарифна и статистичка номенклатура и Општа
царинска тарифа, односно се исполнува обврската за транспонирање на националното законодавство
утврдена во Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, како земја кандидат,
а воедно се обезбедува и правна основа за еднообразна примена на Царинската тарифа. Со овие измени
се врши терминолошко усогласување на терминот Интегрирана тарифа – ТАРИМ кој се користи во
европската регулатива, со што се овозможува еднообразна примена и се создаваат услови за потполна
примена на интегрираната царинска тарифа со примена на новиот систем СОЦДАД.
Измените на Царинската номенклатура за 2020 година се поради воведување на нови тарифни подброеви
за вакцините против коронавирусите поврзани САРС СоV видовите, како и за маски за лице со филтер
согласно стандардите за заштита од овие вируси.
Со измените на Царинската номенклатура за 2022 година се додаваат 689 нови тарифни ознаки, а се
бришат 405 тарифни ознаки. Посебно распоредување во ХС се прави на специфични производи (инсекти,
некои видови печурки, семки од бор и кора од африканска цреша) кои играат важна улога во однос на
прибирањето на приходите, безбедноста на храната, основните човечки потреби и подобрувањето на
квалитетот на животот. Измена на номенклатурата има и во однос на супстанциите што ја осиромашуваат
озонската обвивка. Видлива е промената и кај голем број на производи од високата технологија и тоа
електричниот и електронскиот отпад, најчесто нарекуван е-отпад. Новите производи базирани на тутун и
никотин добиваат нов тарифен со цел следливост во трговските статистики и многу високата монетарна
вредност на овие производи. Беспилотни летала (УАВ), најчесто наречени „дронови“, исто така добиваат
свои тарифни ознаки со цел поедноставување на распоредувањето на овие летала. Паметните телефони
добиваат свој подброј и забелешка, што исто така ќе го разјасни и поткрепи распоредувањето на овие
мултифункционални уреди. Заштитата на општеството и борбата против тероризмот се важна улога за
царината. Создадени се многу нови подбреви за стока со двојна употреба што може да се пренасочи за
неовластена употреба, како што се радиоактивни материјали и биолошки сигурносни ормари, како и за
предмети потребни за изградба на импровизирани експлозивни направи, како што се детонатори.
Континуирано и квартално секоја година се објавуваат по четири измени и дополнувања на Уредбата за
распоредување на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно регулативите на Европската
комисија, а кои се однесуваат на распоредување на одредени стоки во Комбинираната номенклатура. Со
овие уредби се објавуваат одлуките за распоредувања на ЕУ за конкретни видови на стоки кои и во нашата
држава стануваат алатка која помага при распоредување.

Преференцијални договори во периодот од 2012 година до 2021 година


Се објавува Закон за ратификација на Одлуката на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА бр. 3/201527 со кој за
прв пат се воведува законска можност за примена на целосната кумулација како принцип за стекнување
на потекло во ЦЕФТА зоната на кумулација и се укинува забраната за поврат или иземање од царински
давачки во трговската размена помеѓу ЦЕФТА земјите.
Во 2021 година се носат две позначајни измени на договорите за слободна трговија со што во трговијата
со ЕУ и ЕФТА земјите започнаа да се применуваат нови полиберални правила за потекло, се воведува
можноста за примена на целосната кумулација како принцип за стекнување на потекло во зоната на
кумулација и се укинува забраната за поврат или изземање од царински давачки во трговската размена.
Имено во трговијата со земјите во регионот и понатаму се применува Регионалната конвенција за Пан-
евро-медитерански преференцијални правила за потекло (ПЕМ Конвенција) како основа за примена на
преференцијалните правила за потекло.

Царинска лабораторија
Иако формално постоеше и порано, Отсекот за царинска лабораторија, како интегрален дел на Секторот
за царински правни работи, започнува со работа во 1995 година, на почеток со користење на услуги од
други лаборатории, а oд 1997 година, кога царинската служба на САД на царинската лабораторијата ѝ
донира опрема и основни инструменти за работа, функционира како базична лабораторија.
Во овој период лабораторијата врши анализи по општи аналитички методи и брзи тестови за
идентификација, а за покомплексни анализи ги користи услугите од други владини и приватни
лаборатории, при што, врз основа на резултатите, издава и мислења за тарифно распоредување на
стоката. Во 2008 година Европската комисија, во рамките на CARDS програмата, ѝ донира нова опрема на
царинската лабораторија. Истата година, Царинската управа склучува договор за деловно техничка
соработка со ПМФ – Институт за хемија, Скопје, со цел релокација на царинската лабораторија во
просториите на Институтот за хемија, користeње на нивната инфраструктура, споделување на опремата,
како и помош и обука од страна на експертите од Институтот за хемија.

27
„Сл. весник на РСМ“ бр. 124/19

20
Монографија – 30 години Царинска управа

Hplc – течен хроматограф Kjeldahl – за одредување на Soxterm – за хидролиза


азот и протеини

Во наредниот период лабораторијата постојано се надградува со нова опрема од областа на


спектрометријата, хроматографијата и други техники на испитување, како и со нови аналитички методи.
Во 2018 година се набавува лабораториска опрема преку ИПА (ТАИБ 2013) проектот главно за анализа на
акцизни стоки (алкохолна јачина, денатуранти во алкохол, мешаницана биодизел со дизел,
идентификација на дизајнерски горива и други параметри кои се контролираат од аспект на избегнати
давачки или подлежат на забрани или ограничувања).

Hplc – течен хроматограф Анализатор GC/MS спектрометар


Во исто време Царинската управа ја обнови застарената нефункционална опрема, преку набавка на
инструменти и помошна опрема со цел да се овозможи одредени анализи како (одредување на сулфур
во дизел, дестилација, октански, цетански број, вискозитет и боја).

WDXRF-спектрометар
Преку проектот„Зајакнување на оперативните и институционалните капацитети на Царинската управа“ во
рамките на ИПА 2013, вработените во Царинската лабораторија се обучија за самостојно вршење на
анализите. Со акредитација на аналитичките матоди ќе се обезбеди меѓународно признавање на
резултатите од испитувањата и ќе се придонесе за поголема заштита при пуштање на стоки во употреба.
Исто така, ќе се оптимизира бројот на постапките, а со тоа ќе се олесни протокот на стоки.
Човечки ресурси во Царинската управа

Царинската служба во Социјалистичка Република Македонија


По Втората светска војна поголемиот број на царинските службеници кои работеа и пред војната
продолжија да работат во службата. Во периодот од 1947 до 1948 година организацијата се поставува на
нови основи, па за работа на граница, каде што се особено тешки условите за работа, се избираат млади
мажи и жени од младинските работни акции, а делумно и од редовите на Југословенската народна армија
и Министерството за внатрешни работи. Во овој период образовната структура на вработените е многу
лоша и оние со високо образование се вистинска реткост. Со цел унапредување на службата, во текот на
60-тите години, па сè до средината на 70-тите години, темелно се менува структурата на вработените во
корист на службеници со вишо и високо образование. Според податоците од 1984 година, вкупниот број
на работници во Сојузната управа на царини изнесува 4.414, а бројот на вработени царински службеници
во Социјалистичка Република Македонија изнесувал 288, односно 6,5% од вкупниот број на вработени.
За зачувување на професионалниот интегритет на царинските работници државата обезбедува висок
личен доход како главен елиминатор на можната злоупотреба на службената должност. Се води сметка
и за создавање на поволни услови за работа на сите гранични премини и внатрешни организациски
единици, со цел зачувување и одржување на здравјето на царинските работници. Во таа насока е и
организирањето на работното време по смени од 8 до 12 часа, организирање на превоз до работното
место, решавање на станбеното прашање на царинските работници и др. За јакнење на интегритетот и
заедништвото на царинските работници се организираат спортски и различни други општествени
активности. Се градат заеднички одмаралишта за летување и зимување, солидарно се помагаат
семејствата на царинските работници во случаи на разни непогоди или потешки видови на болести кај
вработените и членовите на нивните семејства, односно се работи на континуирано меѓусебно
зближување на вработените, а со тоа се гради меѓусебната доверба и се подига свеста за лојалност кој
поголемиот дел на царинските работници.
Таканаречената „морално-политичка подобност“ на вработените во Сојузната управа на царини како
услов за вработување и унапредување во кариерата се гледа и од податокот дека во 1984 година 55% од
вработените се членови на Сојузот на комунисти на Југославија. Единствен директор на Сојузната управа
на царини од Социјалистичка Република Македонија бил Злате Билјановски во периодот од 1960-1961
година.

Во 1962 година биле претставени и првите белези на униформата. На левата страна од


униформата бил амблемот со големина од 3х5см, без обележја за положбата во службата.
Службената положба била видлива од шапката. Професионалните службеници имале чин од
позлатено предиво, исплетено во вид на трака, супервизорите имале лента од платинесто
сребрена боја. Возачите, куририте и техничкиот персонал имале лента од црна кожа. На шапката
се носела петокрака ѕвезда без подлога.

Царинската служба непосредно пред осамостојувањето


Царинските работи во моментот на осамостојување на Република Македонија ги вршат три царинарници
– Скопје, Битола и Гевгелија, со многу мал број на вработени – вкупно 279 на крај на 1991 година. Во СФРЈ
царинската служба е строго централизирана служба која се раководи директно од централата на

22
Монографија – 30 години Царинска управа

Сојузната управа на царини во Белград. Без соодветна законска регулатива и во услови на непостоење на
централна управа, раководството на трите царинарници ја координира царинската дејност во државата
преку формирање на неформален колегиум на тројцата управници кои што редовно се состануваат во
Скопје. На почетокот на 1992 година тогашниот управник на Царинарница Скопје донесува наредба со
која определува 4 царински службеници да вршат длабинска контрола на оние места каде што ќе има
потреба за тоа, која има за цел обезбедување на мерки за царински надзор на стока од странско потекло,
спречување илегален увоз и внесување стока, оружје, муниција, дрога, отрови и штетни материи, како и
внесување динари28 со потекло од други републики од СФРЈ.

Основање на Царинската управа на Република Македонија – 1992 година


На 14 април 1992 година е донесен Закон за Царинската управа со кој се институционализира Царинската
управа на Република Македонија како самостоен орган со својство на правно лице, непосредно овластен
да ги спроведува законите и другите прописи на Република Македонија во областа на царините.

ГП Табановце, 1992 година

Согласно овој закон, Царинската управа е надлежна за: царински надзор, царинење на стоки, контрола
на стоки чиј увоз, односно извоз посебно е регулиран, девизно-валутна контрола во меѓународниот
патнички и пограничен промет со странство, спречување и откривање на царински прекршоци и кривични
дела, водење на првостепена и второстепена управна и првостепена прекршочна постапка, обработката
и следење на статистичките податоци за увозот и извозот и др. Со работата на Царинската управа
раководи директор кој го именува и разрешува Собранието на Република Македонија. Законот
предвидува Царинската управа да се основа во рок од 3 месеци. Во првите пет години царинската служба
своите работни задачи ги извршува преку трите царинарници, царински испостави, реферати, одделенија
и отсеци (17 гранични премини, 17 царински испостави и 6 царински реферати).
Контролата врз царинското подрачје на Република Македонија започнува да се спроведува уште на
почетокот на 1992 година, со поставување на времен полициско-царински пункт на патот на излезот
од Куманово, каде што царинските работи ги вршат царинските работници од Царинската
испостава Куманово.
Недвижностите, опремата, инвентарот, архивата, документацијата и средствата за работа што ги
користеше државата СФРЈ – Сојузна управа за царини, на територијата на Република Македонија се
прогласуваат за државна сопственост на Република Македонија и нив ги презема Царинската управа.
Царинските службеници од Република Македонија кои беа на служба надвор од нејзината територија,
кои за тоа се определија во период од 3 месеци од донесување на законот, продолжуваат со работа во
Царинската управа на Република Македонија.
Ноќта помеѓу 26 и 27 април 1992 година, по брзо завршување на градежните работи за уредување на
просторот, е воспоставен граничниот премин Табановце-автопат на границата помеѓу Република
Македонија и Сојузна Република Југославија (СРЈ), каде функционира царинска испостава, во доста

28
Југословенски динар била официјална валута во Кралството Југославија, Социјалистичка Федеративна
Република Југославија и Сојузна Република Југославија
импровизирани услови. Во исто време се воспоставуваат и граничните премини Блаце, Јажинце,
Пелинце, како и железничките станици Табановце и Волково.
Со Законот за Царинска управа се утврдува и службената облека, службената легитимација и ознака.
Службената униформа на Сојузната управа за царина на СФРЈ продолжува да се употребува до
завршувањето на сите постапки за изработка на новите униформи. Единствена разлика претставува
новиот беџ со ознаки на Република Македонија.

Беџ, на бела основа со златни букви, кој го употребуваат царинските службеници веднаш по
осамостојувањето во 1992 година
Првата група од нови 142 цариници се примени во јули 1992 година, а започнуваат со работа во декември
1992 година, со што, на крајот од 1992 година Царинската управа располага со 411 вработени. Овие
цариници се распоредени на новите гранични премини: Табановце, Пелинце, Блаце и Јажинце, а дел од
вработените се распоредени на работни задачи на внатрешно царинење на стока во Скопје, Куманово и
еден мал број во Царинската испостава Штип.
Собранието на Република Македонија за прв директор на Царинската управа го именува Димитар
Бузлевски, кој функцијата ја извршува од 14 април 1993 до 20 декември 1994 година.

Поставување на организацијата
Врз основа на Законот за Царинската управа, во 1993 година започнува поставувањето на системи за
организација и работа, кадровско екипирање и стручно оспособување, формирање на системи за
спроведување на царински постапки и надзор. Во април 1993 година се донесува првиот Закон за царини
на Република Македонија29, кој е скоро идентичен со претходниот, освен што е скратен делот за
меѓународен поморски сообраќај. Во 1993 година со Правилник за исправите во царинската постапка и
Правилник за единствениот царински документ во царинската постапка се воведува образец на
единствениот царински документ – ЕЦД, кој започнува да се применува во 1997 година. Во декември
1993 Република Македонија станува договорна страна на Царинската конвенција за меѓународен
транспорт на стоки со ТИР карнети (ТИР конвенција).
Во почетокот на 1993 година влегува во сила првиот Правилник за организација на работа и првиот
Правилник за систематизација на работните места но Царинската управа. Како основни организациски
единици се формираат сектори, а внатрешни организациски единици се одделенија, отсеци, отсек –
царинска лабораторија, царински испостави (37) и реферати. Со секторите раководат помошници
директори кои ги назначува директорот на Царинска управа во согласност со Владата на Република
Македонија. Другите работници што вршат позначајни управни и стручни работи, како и инспекциски
надзор, ги назначува директорот. Согласно овој Правилник за организација на работата Царинската
управа ја има следната структура:

29
„Сл.весник на РМ“ бр. 20 од 2 април 1993 година

24
Монографија – 30 години Царинска управа

Работни тела во Царинската управа и царинарниците се колегиум на директорот и колегиумите на


управниците на царинарниците, како советодавни тела за разгледување на одредени стручни прашања.
Заради извршување на определени сложени задачи се формираат 4 стручни комисии на ниво на Царинска
управа: Комисија за царинска тарифа, Комисија за царинска вредност, Комисија за сврстување на стока
во царинска тарифа и Комисија за меѓународна царинска соработка, како и 2 стручни комисии на ниво на
царинарници: Комисија за царинска вредност и Комисија за царинска тарифа.
Со Правилникот за систематизација на работите и задачите на Царинската управа е утврден вкупниот број
на извршители – 784, од кој во Царинска управа 85 и во царинарниците 699. На 24 октомври 1994 година
вкупниот број на извршители се зголемува на 811, од кои во Царинска управа 87 и во царинарниците 724.
Меѓутоа, вкупниот број на вработени во овој период e значително помал од бројот на вработени
предвиден со овој правилник. Тргнувајќи од улогата во државата при спроведување на законите и
политиките кои се во владение, покрај стручноста на царинските службеници се бара и почитување на
високи дисциплинско-етички принципи и стандарди заради потврдување на интегритетот и довербата на
службата. Со таа определба во мај 1993 година се донесува првиот Правилник за дисциплинска и
материјална одговорност на работниците на Царинската управа. Со овој Правилник се уредуваат
одговорностите на работниците во Царинската управа при извршување на работните обврски, повредите
на работните обврски, дисциплинската и материјалната одговорност за направените повреди, како и
постапката за утврдување на потребите и изрекување на дисциплинските мерки.
Во мај 1994 година Царинската управа донесува Правилник за службени легитимации со кој се
пропишува образецот, постапката за издавање, рокот на важност и начинот на водење евиденција на
службените легитимации на вработените во Царинската управа.

Металната значка во горниот дел ја има ознаката „РМ” a во средината се наоѓа симболот на
македонската царина. Над симболот стои натпис „Customs“, а под него „Царина”, како и втиснат
број од легитимацијата на царинскиот службеник. Металната значка и службената
легитимација се сместени во кожен повез.

Во април 1994 година Владата на Република Македонија донесува одлука 14 април да се востанови за
Ден на царинските работници.
Во март 1996 година директорот на Царинската управа донесува Правилник за службена облека на
работниците на Царинска управа, со кој е пропишан кројот, бојата, ознаките, времето на траење и
начинот на користење на службена облека. Зимската службена облека за мажи се состои од: сако,
панталони, капа, баретка, кошула со долги ракави, вратоврска, блуза – џемпер, елек, шал, ветровка со
влошка, мантил за дожд, кожни ракавици, чевли, а летната од: кратка виндјакна со влошка, панталони,
кошула со кратки ракави, вратоврска и чевли. Службената облека за жени ги содржи истите делови освен
што и во зимската и летната униформа има предвидено и здолниште. Сите делови од службената облека
и за мажи и за жени се изработени од ист материјал, боја и изглед. За основна боја на службената облека
е определена темно тиркизна, освен за зимската кошула (машка и женска) која е бела, летната кошула
(машка и женска) која е светло тиркизна, а чевлите се црни. Според правилникот зимската сезона почнува
на 15 октомври, а завршува на 31 март наредната година, додека летната сезона започнува на 1 април, а
завршува на 14 октомври истата година.

26
Монографија – 30 години Царинска управа

Службена облека
На службената облека предвидени се службени ознаки. Службената ознака која ја означува стручната
спрема и работното место на царинскиот службеник се наоѓа на предниот лев дел од сакото, ветровката
со влошка, кратката виндјакна, блузата – џемпер и кошулата со кратки ракави.

слика 1 слика 2 слика 3 Слика 4 слика 5


За работник со средна стручна спрема – цариник ознаката е златно жолто извезена лента
водоравно поставена во висина од 4см х 4мм (Слика 1). Ознаката на работникот со виша и висока
стручна спрема, цариник – виш соработник, инспектор, самостоен советник, стручен соработник
за прием на документација и преглед на стока царинско управна постапка и други, се две златно
жолто извезени ленти водоравно поставени со димензии од 4см х 4мм со меѓусебно растојание од
7мм (Слика 2). Ознаката на раководители на организациски единици се две златно жолти
извезени ленти, водорамно поставени на меѓусебно растојание од 5мм, горната лента е со
димензии од 4см х 4мм, а долната лента со димензии од 4см х 8мм (Слика 3). Ознаката за
помошник управник се две златно жолто извезени ленти водоравно поставени на меѓусебно
растојание од 5мм, секоја со димензии од 4см х 8мм (Слика 4). За управник ознаката се состои од
две златно жолто извезени ленти водоравно поставени со меѓусебно растојание од 5мм а секоја
со димензии од 4см х 8мм. На 1мм внатрешно од рабовите на полето извезена е златно жолта
лента со ширина исто така од 1мм (Слика 5).

Царинската управа во овој период го менува правниот статус. Имено, согласно Царинскиот закон донесен
во април 1998 година, Царинската управа веќе не е самостоен орган на државната управа, туку орган во
состав на Министерството за финансии со својство на правно лице, со кој раководи директор што го
именува Владата на Република Македонија. Во пракса тоа значи дека директорот на Царинската управа
веќе нема надлежност да донесува подзаконски акти, туку тоа се пренесува во надлежност на
Министерството за финансии.
Според новиот Правилникот за систематизација на работите и задачите на Царинската управа
вкупниот број на извршители треба да е 1.043, од кој во управата 211 и во царинарниците 832. На
крајот на 1999 година вкупниот број на вработени во Царинската управа изнесува 763.
Во април 1999 година министерот за финансии донесува нов Правилник за организација и работа на
Царинската управа и нов Правилник за систематизација на работите и задачите на Царинската управа.
Со овој Правилник за организација и работа се воведува нов територијален опфат на царинарниците, за
прв пат на ниво на сектор се поставува функцијата на контрола и истраги со посебни одделенија и служби
за разузнавање и мобилни екипи, одделение за комуникација со правосудни органи и органи на прогон,
кои обезбедуваат насоки за работа на царинарниците при откривањена кривични дела и прекршоци и
нивно застапување пред правосудните органи. Со цел усогласување со Законот за државни службеници30
во февруари 2001 година се донесува нов Правилник за организација и работа и Правилник за
систематизација на работите и задачите на Царинската управа. Работата на Царинската управа,
царинарниците и секторите ја координира државен советник, кого го назначува Владата на Република

30
„Сл.весник на РМ“ бр.59/2000 од 22 јули 2000 година
Македонија, а со секторите раководат раководители на секторите. Во февруари 2003 година се донесува
нов Правилник за организација и работа, според кој организациската поставеност на Царинската управа
изгледа како што следи:

Карактеристично за овој период е што се воведуваат Сектор за контрола и истраги во чиј состав се
Одделение за разузнавање, Одделение за анализа на ризик и Одделение за мобилни тимови, како и
Сектор за професионална одговорност во чиј состав се Одделение за внатрешни истраги и Одделение за

28
Монографија – 30 години Царинска управа

внатрешна инспекција. Со воспоставување на Царинарница Куманово и Царинарница Штип бројот на


царинарници се зголемува од 3 на 5, а се формираат и нови внатрешни царински испостави.
Со промената на статусот Царинската управа, како правно лице кое е во состав на Министерството за
финансии, во септември 2003 година донесува нов Правилник за службената облека, формата,
содржината и начинот на издавање на службената легитимација на царинските службеници. Промени
има кај службените ознаки. Покрај постоечките пет се воведуваат три нови службени ознаки и тоа:
службена ознака за советник на директор и помошник на директор на сектор, за заменик директорот на
Царинската управа и за директорот на Царинската управа.

Амблем од 1998 година

Службени ознаки за советник и помошник директор, заменик на директор и директор согласно


Правилникот од 2003 година

Со Правилникот за систематизација на работите и задачите на Царинската управа од 2001 година за прв


пат се дефинираат три групи на вработени во Царинска управа и тоа: работници кои немаат статус на
државни службеници, униформирани царински службеници и царински службеници со посебни
должности и овластувања и државни службеници.
На крајот на 2003 година вкупниот број на вработени во Царинската управа изнесува 876.
Со цел уредување на правата и обврските на вработените, во почетокот на 1999 година помеѓу синдикатот
на царинската служба и директорот на Царинската управа е потпишан Колективен договор. Во рамките
на Колективниот договор е потпишан и царинскиот кодекс кој по принципот на транспарентност се
истакнува во секоја организациска единица во службата, а со чие почитување се очекува во значителна
мера да се подобри работната дисциплина и етичноста во службата, како клучни индикатори при
градењето на нејзиниот имиџ.
Со законот се опишува симболот на Царинска управа кој е составен од средишна црвена лента со
златно-жолта рамка, која ги симболизира граничните премини, а над неа и под неа има по три
златно-жолти ленти, кои го симболизираат протокот на луѓе и стоки преку царинска линија. Во
кружен облик стојат два натписа, во горниот дел стои „Република Македонија Царинска управа“,
а во долниот дел стои „Царина – Customs“. Авторот на симболот на Царинска управа е професор
Костадин Танчев Динка, академски сликар и графичар.
Во јули 2004 година се донесува нов Закон за Царинската управа.31 За прв пат со овој закон се
класифицираат работните места во зависност од службените задачи кои се извршуваат, и тоа во три групи
и звања: раководни царински службеници, стручни царински службеници и административни царински
службеници. Исто така за прв пат со овој закон се дефинираат условите за вработување на царинските
службеници, постапката за вработување, начинот на спроведување на пробната работа, како и текстот на
заклетвата кој што го даваат и потпишуваат новите царински службеници. Новиот закон ги пропишува
обврските и должностите на царинските службеници, обезбедувањето на потребните услови за
безбедност на работа и здрава работна околина, соодветните здравствени стандарди за вршење на
работите, судирот на интереси, обврската за чување на службена, деловна и друга тајна, загарантираните
основни права на царинските службеници, прераспоредувањето, унапредувањето, работното време,
одморот и отсуството, оценувањето на царинските службеници во текот на работењето, месечната плата,
надоместоците, наградите и бонусите, бенефициите, следењето на напредувањето во кариерата,
кодексот на однесување, дисциплинската и материјалната одговорност, престанокот на работниот однос,
како и привременото отстранување од работа – суспендирање.
Согласно Законот за прекршоци и врз негова основа донесените измени на Законот за царинската
управа32, во октомври 2007 година Царинската управа ги презема надлежностите од судовите за водење
на прекршочни постапки, изрекување прекршочни санкции и посебни прекршочни мерки за сторен
царински прекршок. Од август 2008 година Царинската управа е надлежна за одлучување по прекршоци
предвидени во Законот за девизно работење, а од јануари 2010 година и за одлучување по прекршоци
предвидени во Законот за акцизите. Истовремено, за полесните прекршоци, односно за прекршоци за
кои не е предвидена мерка безбедност одземање на стоката која е предмет на прекршок, Царинската
управа започна да спроведува постапка за порамнување и посредување.
Во септември 2008 година Царинската управа ги презема од Јавното претпријатие за стопанисување со
станбен и деловен простор (ЈПССДП) надлежностите за управување и одржување на објектите на
граничните премини за патен сообраќај. Царинска управа од ЈПССДП презеде над 50.000 м² деловен
простор, земјиште, царински терминали и 204 работници. Со ова беше започната реформата на ЈПССДП,
со истовремено намалување на трошоците и обезбедување поповолни услови на економските оператори
и патниците.
Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи и Законот за
изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, од 1 јануари 2010 година надлежен орган
за спроведување на Законот за акцизи на целата територија на Република Македонија (и при увоз и извоз,
и во внатрешниот промет и како и во производство) е Царинската управа

31
„Сл. весник на РМ“ бр. 46/2004 од 12 јули 2004 година
32
Согласно амандман ХХ на Уставот на Република Македонија од 2005 година, заради поефикасно и
побрзо решавање на прекршоците, како и растеретување на судовите од напливот на прекршочни
предмети, за прекршоци определени со закон, санкција може да изрече орган на државната управа
или организација и друг орган што врши јавни овластувања

30
Монографија – 30 години Царинска управа

Надлежности и одговорности на Царинската управа


Надлежностите и одговорностите на Царинската управа се утврдени во Законот за Царинска управа.
Царинската управа ги врши работите што се однесуваат на: спроведување на царински и акцизен надзор;
спроведување на царинска и акцизна контрола; царинење на стока; спроведување царинска и акцизна
контрола, истражни и разузнавачки мерки со цел спречување, откривање и истражување на царински
прекршоци и кривични дела; преземање мерки и активности со цел откривање и криминалистичко
истражување на кривични дела од областа на царинското работење, спречување на натамошните
последици на ваквите кривични дела, фаќање и пријавување на нивните сторители, обезбедување на
докази, други мерки и активности што можат да користат за непречено водење на кривичната постапка,
по службена должност или по наредба на јавниот обвинител преку извршување на надлежностите во
правосудната полиција; водење на прекршочна постапка, изрекување на прекршочна санкција и посебна
прекршочна мерка за сторен царински прекршок, согласно со закон, како и поведување на постапка по
кривични дела утврдени со закон. вршење пресметка и наплата или враќање на акциза, извозни и увозни
давачки, даноци и други јавни давачки и надоместоци при увоз, извоз или транзит на стока, како и
спроведување на присилна наплата на истите во согласност со закон; водење царинско-управна постапка
во прв степен и донесување на управни акти како решенија, одлуки, наредби, лиценци, дозволи, забрани,
одобренија или други акти; вршење на контрола на внесување и изнесување на пари, монетарно злато и
физички преносливи средства за плаќање преку царинската линија на Република Македонија; вршење
контрола на извозот, увозот и транзитот на стока за која се пропишани посебни мерки од интерес за
безбедноста и јавниот морал, зачувување на здравјето и животот на луѓето, животните и растенијата,
заштита на животната средина, заштита на добра од привремена заштита или културно наследство или
природни реткости, заштита на авторските и другите сродни права и правата на индустриска сопственост,
како и други мерки на трговската политика пропишани со закон; организирање на царинскиот
информациски систем и обезбедување податоци за увоз и извоз и акцизни постапки заради
спроведување статистички истражувања; организирање и спроведување на контрола на
професионалната одговорност на вработените; организирање и спроведување на обуки, проверка на
знаење и стручни способности на царинските службеници, како и управување со човечките ресурси;
давање на стручна помош за примена на царинските и акцизните прописи за што организира семинари и
јавни трибини со право на надомест; спроведување, сместување и чување на стоки како и сместување и
чување на одземена, отстапена или пронајдена царинска стока; вршење на следење на царинска стока со
надомест на трошоци; вршење на хемиско-технолошко испитување на стока со надомест на трошоци;
соработка со други државни органи; соработка со странски царински управи и меѓународни организации,
управување, уредување и одржување на објекти на граничен премин за патен сообраќај; определување
на работен простор, царински терминал, каде стоката во товарни моторни возила се става на увид и се
врши преглед од страна на царинските органи, чија местоположба соодветствува на местоположбата на
царинските испостави, издавање на исправи/документи за работи за кои води службена евиденција;
вршење на други надлежности пропишани со овој закон и со друг закон.
Во врска со потребите кои произлегуваат од оперативното спроведување на царинските надлежности се
извршуваат повеќе измени поради воведување нови и укинување на постојни царински испостави,
служби и др. Во март 2004 година со нов Правилник за организација и работа на Царинската управа и
Правилник за систематизација на работите и задачите на Царинската управа, се формираат Одделение
за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција, Одделение за прекршочни, кривични и
управни работи и застапување пред правосудни и други органи, Сектор за управување со човечки ресурси
и Сектор за наплата на приходи, финансиско материјални и имотно правни односи. Се формира и нова
организациска единица Одделение за внатрешна ревизија, а се укинува Дежурниот оперативен центар
со тоа што неговите надлежности ги презема Одделението за координација и комуникација при Секторот
за контрола и истраги. Одделението за прекршочни, кривични и управни работи и застапување пред
правосудни и други органи се преименува во Одделение за царинско-управна и прекршочна постапка и
застапување пред судовите. Секторот за царинско правни работи се преименува во Сектор за царински
систем. Службата за аналитика и статистика се укинува, а се формира ново Одделение за нетарифни
мерки (покрај другото и за администрирање на Законот за царински мерки за заштита на права од
интелектуална сопственост). Се реорганизира Секторот за контола и истраги, Секторот за информатика се
преименува во Сектор за информатички и комуникациски технологии, а во рамките на царинарниците се
формираат посебни Служби за надзор на иматели на одобренија – СНИО за администрирање на
царинските постапки со економски ефект. Со измените на Правилникот за организација и работа на
Царинската управа во царинарниците се укинуваат службите за општи и материјално-финансиски работи.
Потоа, формирано е Одделение прекршочна постапка и Сектор за административни и технички работи.
Одделението за сметководство и финансии се преименува во Одделение за финансиски прашања, а во
Секторот за контрола и истраги се формираат Одделение за оперативни работи, Служба за мобилни
тимови и Служба за мобилни скенери.
Во февруари 2007 година Царинската управа донесува Оперативна инструкција за проверка на
работните способности и процедурите за започнување на вработување со јавен оглас, со што ги
исполнува критериумите од Конвенциите и Препораките на Меѓународната организација на трудот
(МОТ), Аруша декларацијата на Советот за царинска соработка, Законот за Царинската управа и Законот
за спречување на корупција во делот на вработување. Оваа Оперативна инструкција се преточува во
новиот Колективен договор на Царинската управа од јули 2010 година, целосно усогласен со Законот за
работните односи и Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија.
Во 2008 година започнува процесот за воведување на интерен контролен систем во Царинската управа, а
преку донесување на Упатството за интерен контролен систем се утврдуваат интерните контролни цели,
начинот на идентификација, анализа и вреднување на ризиците, како и интерните контролни процедури
и улогата на раководството и вработените во Царинската управа.
Кон крајот на 2011 година се воведува нова службена легитимација, пропишана со нов Правилник за
формата, содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација.

Службената легитимиција е изработена од 135 грамска хартија во зелена боја, пластифицирна со


175 микронска фолија со димензии 90 Х 55 мм, која е сместена во дводелен кожен повез со црна
боја, и секој дел е со големина 75 Х 105 мм.

Во следните години Царинската управа за имплементација на повеќе системски решенија за поставување


соодветна организација во 2012 година направи неколку измени кај Правилникот за организација на
работата во Царинската управа и Правилникот за систематизација на работните места со цел
реализација на проектот на Владата на Република Македонија – „Нема погрешна врата“. Затоа во
Секторот за контрола и истраги се формира Служба за координација и комуникација и Служба за
аналитика и статистика, а во Секторот за професионална одговорност се формира ново Одделение за
интегритет. Се прават и организациски промени во Кабинетот на директорот каде е формирано ново
одделение со три служби: Служба за односи со јавност, Служба за коресподенција и административно
технички работи и организациски работи и Служба за превод. Се носи Упатство за начинот на формирање
и следење на работата на работните тела со кое се пропишува начинот на формирање на работните тела,
водење на евиденција, следење и информирање за работата и реализацијата на нивните задачи. Се носи
Упатство за начинот на издавање и одземање на службена легитимација на царинските службеници.
Формата, содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација се пропишани со
Правилник за формата, содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација
на царинските службеници 33. Согласно одредбите од Законот за здравствена заштита за безбедност при
работа, Царинската управа во 2012 година набавува дефибрилатори и организира обука за користење и
управување со дефибрилатор, донесува Планови за заштита и спасување за сите организациски
единици, и го надградува системот за видео надзор во делот на поставување на надзор на места каде се
врши преглед.

33
„Сл.весник на РМ“ бр.159/2011

32
Монографија – 30 години Царинска управа

Во декември 2012 година се донесуваат првите акти кои произлегуваат од имплементацијата на ISO
9001:2008. Донесено е Упатство за изглед и структура на документацијата во Царинската управа со кое
се уреди изгледот и структурата на документацијата согласно барањата на стандардот за менаџмент со
квалитет ISO 9001:2008 и Процедура за депозитар на документација со која се овозможува одобрување
на соодветноста на интерните документи пред нивното издавање, преиспитување и ажурирање, ако е
потребно и повторно одобрување на документите, идентификување на измените и важечкиот статус на
изданието, осигурување на расположливоста на важечкото издание на секое место каде се користи
документацијата и спречување на несакана употреба на неважечка документација и овозможување на
нивна соодветна идентификација ако се задржани од било која причина.
Во 2014 година се носат измени во Законот за Царинската управа34, со кои се изврши групирање на
царинските службеници – класифицирање во 3 категории: Б – раководни царински службеници, В –
стручни царински службеници и Г – помошно-стручни царински службеници. Во рамки на секоја
категорија се утврдуваат повеќе нивоа на работни места на царинските службеници.
Водена од потребата за унапредување на својата организација и трендот на воведување на реформи во
јавната администрација, заради подобрување на квалитетот на своето работење, но и подобрување на
квалитетот на услугите кои се даваат на крајните корисници, Царинската управа носи одлука да ја
имплементира Заедничката рамка за оценка (CAF)35, една од најдобрите европски пракси за воведување
на систем на целосно управување со квалитет во јавните институции. Во текот на 2016 година Царинската
управа ја имплементира оваа алатка, во согласност со насоките утврдени од Европскиот институт за јавна
администрација (ЕИПА) 36, како и со националната регулатива, со која се уредува воспоставувањето на
Заедничката рамка за оценка во државна служба согласно Законот за воведување на систем за
управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во
државната служба. Царинската управа го имплементира моделот CAF на целосно ниво, вклучувајќи ја
целата организациска структура и носи План за подобрување на состојбите во Царинската управа на
Република Македонија, кој вклучува и детална матрица за акцискиот план на мерките за подобрување
на состојбите, како и методологија за следење на планот за подобрување.
Царинската управа, преку Секторот за управување со човечки ресурси во март 2020 година започнува со
спроведување на функционална анализа со фокус на административните капацитети, целите, функциите,
структурата, процедурите и човечките ресурси. Методологијата за спроведување на функционалната
анализа во институциите од јавниот сектор вклучува анализа на релевантни документи, детално
истражување, прашалник за самооценување од страна на вработените, континуирана комуникација на
работната група, како и состаноци со менаџментот на секој сектор посебно. Анализата се базира на
надлежности, планови, ги опфаќа сите работни области, организација, распределба, способности,
компетенции на вработените, преглед на функции и евентуална поделба на функциите со други
институции и ги идентификува функциите кои се извршуваат во царинската управа според утврдени
категории, и тоа:
- функција на креирање јавни политики (стратешко планирање, регулатива, норми, анализа на
јавни политики, планирање);
- регулаторна функција (издавање лиценци, дозволи, акредитации, инспекции, контрола);
- координативна функција (меѓу повеќе тела);
- функција на давање услуги (на администрацијата или на граѓаните); и
- функција на поддршка (финансиско управување, управување со човечки ресурси, ИКТ, обуки,
ревизија).
Согласно произлезените детални препораки во однос на организациската поставеност наспроти
надлежностите и делокругот на работа на Царинската управа се издвојуваат клучните препораки со кои
се врши суштинска промена во однос на постоечката организациска структура, а истите се
имплементираат во новиот Правилник за внатрешна организација на работните места во Царинската
управа и Правилник за систематизација на работните места во Царинската управа.

34
„Сл. весник на РМ“ бр. 43/14 и бр.167/14
35
CAF – Common Assessment Framework
36
EIPA – European Institute of Public Administration
Со тоа, поставеноста на Царинската управа е поделена на: 11 сектори; 41 одделенија; 49 служби, 2
самостојни одделенија, 5 царинарници и 42 царински испостави.

ЦАРИНАРНИЦИ
Царинарница Царинарница Царинарница Царинарница Царинарница
Гевгелија Куманово Штип Битола Скопје
СНИО37 СНИО СНИО СНИО СНИО
ЦИ Гевгелија ЦИ Куманово ЦИ Штип ЦИ Меџитлија ЦИ Блаце
ЦИ Богородица ЦИ Табановце ЦИ Велес ЦИ Стење ЦИ Јажинце
Автопат
ЦИ Железничка ЦИ Железничка ЦИ Делчево ЦИ Битола ЦИ Аеродром
станица ЦИ Слободна зона Скопје
Гевгелија станицаТабановц Штип
е
ЦИ Дојран ЦИ Деве Баир ЦИ Струга ЦИ Скопје 1
ЦИ Струмица ЦИ Пелинце ЦИ Ќафасан ЦИ Скопје 2
ЦИ Кавадарци ЦИ Свети Наум ЦИ Скопје 3
ЦИ Ново Село ЦИ Аеродром ЦИ Скопје 4
Охрид
ЦИ Прилеп ЦИ Пошта Скопје
ЦИ Пошта Битола ЦИ Слободна
зона Скопје
ЦИ Охрид ЦИ Тетово
ЦИ Блато

ЦЕНТРАЛНА УПРАВА

Одделение кабинет на директорот Сектор за информатички и комуникациски


- Служба за односи со јавност технологии
- Служба за коресподенција и организациски
работи
Одделение за внатрешна ревизија Одделение за ИКТ инфраструктура и безбедност
-Служба за ИКТ инфраструктура
-Служба за ИКТ контрола и безбедност
Одделение за апликациска поддршка
-Служба за управување со апликации
-Служба за корисничка поддршка
Сектор за меѓународна соработка проекти и Одделение за програмирање , податочно
европски интеграции складирање и развој
-Служба за програмирање и подаочно складирање
-Служба за разој
Одделение меѓународна соработка и Сектор за професионална одговорност
европски интеграција Одделение за внатрешна контрола
- Служба за меѓународна соработка и европски Одделение за внатрешни истраги
интеграција Одделение за нтегритет
- Служба за превод Сектор за управување со човечки ресурси
Одделение за проекти и стратешко Одделение за кадрови
планирање Одделение за обуки
- Служба за проекти
- Служба за стратешко планирање
Сектор за царински систем Сектор за административни и технички работи
Одделение за царински и даночни постапки Одделение за јавни набавки
Одделение за царинска тарифа, потекло и Одделение за управување со гранични премини
вредност на стоки -Служба за управување со ГП Царинарница Скопје
- Служба за царинска тарифа - Служба за управување со ГП Царинарница Куманово
Служба за потекло и царинска вредност на - Служба за управување со ГП Царинарница Штип
стоки - Служба за управување со ГП Царинарница Гевгелија
- Служба за управување со ГП Царинарница Битола

37
Служба за надзор на иматели на одобренија

34
Монографија – 30 години Царинска управа

Одделение за јавни набавки


Одделение за управување со гранични премини
Одделение за инвестиции, мпламенатација на
проекти и оддржување
Одделение за безбедност, заштита при работа
Одделение за материјално работење, основни
средства и одземена и отстапена стока
Одделение за интегрирана тарифа ТАРИК
Одделение за гранични и транзитни
формалности
-Служба за гранични и транзитни формалности
-Служба за испитна постапка и наплата на
царински долг во транзит
Одделение за царинска лабораторија

Сектор за контрола и истраги Сектор за акцизи


Одделение за истраги Одделение за алкохол, алкохолни пијалоци и
-Служба за борба против економски криминал тутунски прозводи
-Служба за борба против криумчарење Одделение за енергенти и електрична енергија и
-Служба за борба финансиски истраги моторни возила
Одделение за акцизни дозволи и одобренија
Одделение за разузнавање
Одделени за управување со ризици Одделение за надзор, проверка и координација
-Служба за управување со ризици -Служба за надзор, проверка и аналитика
-Служба за аналитика и статистика Служба за координација и врски (ЕМCS)
Одделение за нетарифни мерки и заштита на
правата од интелектуална сопственост
Одделение за оперативни работи -Служба за нетарифни мерки
- Служба за заштита на правата од интелектуална
сопственост
Одделение за контрола на трговски друштва
Одделение за дежурен царински центар Сектор за финансиски прашања
-Служба за координација и операции Одделение за сметководство и плаќања
-Служба сервисен центар -Служба за сметководство
-Служба за плаќања
Сектор за правни работи Одделение за буџетска координација и контрола
Одделение за правни работи, застапување -Служба за буџетска координација
пред судови и управна постапка -Служба за буџетска контрола
-Служба за правни работи Одделение за наплата на приходи
-Служба за застапување пред судовите -Служба за гаранции
-Служба за управна постапка -Служба за наплата на приходи
Одделение за прекршочна постапка -Служба за присилна наплата
Одделение за канцелариско и архивско
работење Сектор за посебни истражни мерки
Одделение за посебни истражни мерки
-Служба за маркирање
-Служба за репродуцирање
-Служба за техничка обработка на посебни
истражни мерки
Одделение за следење, набљудување и
документирање
-Служба за следење и набљудување
-Служба за техничка поддршка

Човечки ресурси
Царинската управа има вопоставена целосна информатичка покриеност на евиденциите и процесите
поврзани со управувањето со човечките ресурси, во рамките на Интегрираниот информативен систем –
ИИС (детална персонална евиденција, регрутирање, евалуација на работната изведба – системот ги
покрива деловните процеси кои се поврзани со управувањето со човечки ресурси и размена на податоци
со останатите вработени кои се корисници на овој систем и др.). Покрај претходно донесените интерни
акти, во 2010 година се донесени повеќе акти за уредување на работата на овој систем: Корисничко
упатство за работа со софтверот за мерење на учинокот на вработените, Прирачник за работа со
електронскиот систем за персонална евиденција, во рамки на ИИС; Упатство за пристап во
електронскиот систем за персонална евиденција, со кое се утврдуваат податоците и евиденциите во
електронскиот систем на персонална евиденција на вработените, се уредува начинот на ажурирање на
податоците, на одобрување на овластување за пристап во персоналната евиденција, како и на подготовка
на податоци и извештаи; Корисничко упатство за работа со софтверот за регрутирање и вработување (со
овој софтвер се обезбедува единствена база на податоци за кандидатите кои се пријавуваат на јавните
огласи за вработување, како и автоматско префрлање на избраните кандидати во базата на вработени).
Во февруари 2012 година е донесено Корисничко упатство за евидентирање на дисциплински постапки
и тужби од вработени во EDMS.
Во април 2011 година Царинската управа воспоставува Комитет за развој на институционалниот и
административниот капацитет на Царинската управа, кој има за цел перманентно анализирање на
административната и организациската поставеност на службата и предлагање активности за нејзино
унапредување.
Заради овозможување на флексибилност и рационалност во управувањето со чoвечките ресурси за
остварување на целите и надлежностите на Царинската управа, во септември 2012 година се носат
измени и дополнувања на Законот за Царинска управа38 со кој се воведува можност за
прераспоредување на вработените во Царинската управа на работни места со различен статус.
На крајот на 2012 година во Царинската управа имало вкупно 1.167 вработени.
Низ годините до 2022 година се носат повеќе акти и стратегии во врска со управувањето со човечките
ресурси. Со истите се потврдуваа целите, основните принципи и политиките за управување со човечките
ресурси и стратешките активности за обезбедување, градење, одржување и професионален развој на
вработените во Царинската управа. Структурата на вработените од година во година се менува по
различни основи, по образование, по возраст, пол и секако со промената на надлежностите на Царинската
управа.
Царинската управа посветено ги спроведува мерките и активностите кои се дефинирани во Акцискиот
план на Стратешкиот план на Царинската управа на Република Северна Македонија кој е во согласност
со Стратешкиот план на Владата на Република Северна Македонија. Главната цел на стратешкиот план
е модернизација на администрацијата која вклучува развој на ИТ и човечките ресурси, подобрување на
условите за работа и одржување на високи стандарди за интегритет на своите вработени. Секојдневно се
прави усогласување на законодавството, финализиран е нов електронски Систем за обработка на
царински декларации и акцизни документи и ставени се во функција нови царински терминали. Управата
продолжува да ги комплетира и применува своите ИТ системи и да обезбеди нивна надградба и
одржување и да обезбеди континуитет во работењето. Од тие причини, а и поради превземени обврски
од ЕУ проекти, царинската управа има потреба од повеќе систематизирани работни места, како и
зголемување на вкупниот број на извршители.
Во 2021 година има 73 нови вработувањa во Царинската управа преку преземање согласно Законот за
преземање на административни службеници вработени преку К-5 програмата, 3 нови вработувања врз
основа на Спогодба за преземање на неопределено време, нови вработувања во Царинската управа врз
основа на именување и враќања од неплатено отсуство.
За унапредување на работата Царинската управа спроведе неколку јавни огласи во 2022 година и вработи
вкупно 37 извршители на неопределено време. Согласно персоналната евиденција во Царинската управа
на 1 март 2022 година има вкупно 1.187 вработени.

38
(„Сл.весник на РМ“ бр.113/2012)

36
Монографија – 30 години Царинска управа

возраст мажи жени ВКУПНО %


20-30 37 2 39 3.29
31-40 188 47 235 19.80
41-50 322 142 464 39.09
51-60 266 125 391 32.94
61-67 45 13 58 4.89

Од вкупно вработените 329 се жени од кои 62 се на раководни места, 850 се мажи од кои 128 се на
раководни позиции. Според образование поставеноста на вработените во Царинската управа на
почетокот на март 2022 година ја има следната структура:

Возраст (• мажи • жени)


ОбразованиеОбразование
20-30 31-40 41-50 51-60 61-67
Доктор на науки 0 0 0 0 2 0 1 0 0 0
магистер 1 0 10 7 10 13 12 12 0 0
Висока стручна спрема 11 2 127 31 194 102 130 67 22 6
Виша стручна спрема 0 0 0 0 0 0 6 2 1 2
Средна стручна спрема 27 0 57 9 111 28 110 43 19 5
Квалификуван работник 0 0 0 0 1 0 3 1 2 0

Достигнувањата во управувањето со човечките ресурси на вистински начин се согледуваат последните 3


години кога Царинската управа е исправена пред предизвикот да управува со човечките ресурси и да
овозможи соодветни услови за работа на вработените во услови на пандемија со Ковид 19. Се направија
енормни напори да се овозможи работа на секој граничен премин и на секоја царинска испостава за
внатрешно царинење за да не се прекине ланецот на увоз и извоз на стоки и да се оддржи
профитабилниот статус на бизнис заедницата а истовремено да се пружи квалитетна и професионална
услуги и да се запазат сите безбедносни и законски мерки.
Стручно оспособување во Царинската управа
По осамостојувањето на Република Македонија, стручното оспособување на вработените се врши преку
Одделението за организационо кадровски работи, стручно образование и општи работи. Од
стекнувањето на независноста на Република Македонија до 1995 година, Царинската управа, преку
практичен и наставно–образовен програм, успешно остручи 250 новопримени работници.
Освен основните обуки кои се задолжителни за нововработени царински службеници, Царинската управа
се грижи и за надградбата на знаењата на царинските службеници со специјализирани обуки за
специфични области. Така на пример, Царинската управа со Републичкиот завод за заштита на
спомениците на културата, во текот на октомври 1997 година организира обуки за вкупно 270 царински
работници под мотото „Да го заштитиме културното наследство“, преку предавањата од експерти,
презентација на експонати од културното богатство и видео материјали за искуствата во откривањето и
спречувањето на недозволената трговија со предмети од културното богаство. За обуката беа подготвени
и прирачници за царинските службеници, а за патниците на граничните премини беа изложени постери
под истото мото со дежурни телефони за евентуални информации за недозволена трговија со предмети
од културното наследство.

Преку програмата PHARE, Европската комисија во 1999 година, преку Eurocustoms, одобрува средства за
опремување на простории во зградата на Царинската управа во мини центар за обука на царинските
работници, кој почнува со работа во 2000 година, со што се надмина дотогашната состојба на
организирање на обуки од страна на Одделението за кадри и обуки во импровизирани училници, сали
за состаноци и други изнајмени простории.

Во 2002 година Одделението за обуки се одделува од Одделението за кадри и обуки како самостојно
одделение.
Како новина, Одделението за обуки воспостави воведен курс за запознавање на нововработените за
целите и структурата на Царинската управа, како и нивните права и обврски.
За Царинската управа да има квалитетни обучувачи кои ќе задоволуваат повисоки стандарди и кои, покрај
знаењата, ќе поседуваат и вештини и способности за нивно пренесување, Одделението за обуки им
овозможи на 29 царински службеници да посетуваат Обука на обучувачи.

38
Монографија – 30 години Царинска управа

Одделението за обуки води евиденција за обуките и обучувањето на секој вработен, а е обезбедена и


електронска поддршка на овој систем за полесно ажурирање и дополнување на базата.

Во јули 2008 година повторно започна објавувањето на месечното списание „Царина“ каде се објавуваат
новините во царинското работење. Истата година е воспоставена и царинска библиотека која во 2012
година веќе има 250 наслови (книги, публикации, брошури) и 68 видео записи.
Во 2011 година, со воведување на документационен центар, Царинската управа овозможи секој вработен
да има можност да ги следи трендовите и праксите во царинското работење, а се отвори и е-
енциклопедија во која царинските службеници имаат пристап до сите материјали од одржани обуки
класифицирани по области.
Еден од позначајните настани кој ја обележи 2009 година е што на 28 септември 2009 година, Кунио
Микурија, генерален секретар на Светската царинска организација, го отвори Регионалниот тренинг
центар (РТЦ) 39 – Светска царинска организација на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил
и Методиј“ во Скопје, што има за цел да даде придонес кон градењето на административниот капацитет
на царинските служби во регионот во насока на зголемување на квалитетот и забрзувањето на царинските
постапки.
Во тој период е потпишан и Договор со Државниот царински комитет на Азербејџан за соработка на
полето на професионално усовршување на царинските службеници, за воспоставување на соработка на
регионалните тренинг центри на СЦО во Скопје и Баку и продлабочување на билатералната соработка
помеѓу двете царински служби.
Во согласност со Стратегијата за обуки и стручно оспособување на царинските службеници 2011-2013
Царинската управа на својата интернет и интранет страница воведе модули на Европската Комисија за
царинско и деловно електронско учење (е-учење на тема: Регистрација и идентификација на економските
оператори, Единствено одобрение за поедноставена постапка, Овластен економски оператор, Преглед
на контејнери, Контрола на прекурзори на дрога за економски оператори, Контрола на прекурзори на
дрога за царински службеници и ДДВ директива), преведени на македонски јазик.

39
Регионална служба за градење на капацитети во Европскиот регион на Светската царинска организација
(https://rocb-europe.org/rtc-skopje)
Во 2012 година Царинската управа продолжи со реформи во областа на стручното оспособување и донесе
Програма за обуки и стручно оспособување базирана на конкретните потреби наметнати од процесот на
работа. Имајќи ја предвид важноста на обуките како клучни алатки за постигнување на резултатите и
исполнување на стратешките цели, Царинската управа го систематизира секој чекор во циклусот на обука,
почнувајќи од утврдување на потребите од обука, нивна анализа и проценка, планирање и обезбедување
ресурси, спроведување и оценување на обуката, со цел утврдување на ефектите и ефикасноста на
вложените ресурси. За оваа цел беа донесени Насока за утврдување на потреби од обука и Насока за
спроведување на постапка за оценување на обуката. Во 2013 година овие насоки се преточуваат во
Упатство за планирање, организирање, спроведување и оценување на обуките со кое се поставува
основа за унапредување и надградување на процесите за стручно усовршување на царинските
службеници.
Во 2012 година со цел подготвка на економските оператори и подигнување на јавната свест за значењето
на Новиот компјутеризиран транзитен систем – НКТС кој овозможува поврзување со царинските
информатички системи на ЕУ и интероперабилност на националниот транзитен систем со транзитните
системи на земјите членки на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, Одделението за обуки
спроведе повеќе активности – обуки за НКТС ИКТ ескперти и администратори, презентации за
претставници на стопанските комори, асоцијации на шпедитери и транспортери, разни кластери и др. На
одржаните обуки за обучувачи за НКТС, обучувачите се здобија со теоретски и практични познавања на
законските прописи и практична работа со НКТС за евиденција на транзитните постапки.
Моделот на децентрализирана обука применет при воведување на НКТС беше употребен и при
воведување на Системот за обработка на царински декларации и Акцизни документи – СОЦДАД.
Проектниот тим за имплементација одржа практични обуки за царински службеници од испоставите, кои
потоа одржаа обуки за вработените во нивните организациски единици.
Воведувањето новини и промените во царинското работење имаат огромно влијание и на останатите
учесници во глобалната и национална трговија. Во оваа насока обуката и јакнењето на свеста на сите
инволвирани странки во процесите на царинење претставува клучен услов за успешна имплементација
на промените, усогласување со европските стандарди и најдобри пракси. Царинската управа, паралелно
со спроведување на обуките за своите вработени, редовно одржува обуки и презентации за економските
оператори преку кои навремено и ефективно се подготвуваат за претстојните промени. За обезбедување
на поголема ефикасност и подобра работна изведба на вработените, Царинската управа донесе Насока
за имплементција на царински компетенции во Царинската управа, со која се пропишува постапката за
оценување на работната изведба и постапката на утврдување на потребите за обуки на царинските
службеници, согласно дефинираните оперативни компетенции во Речникот на царински компетенции
на Царинската управа. Царинската управа отпочна со имплементација на Рамката на царински
компетенции за царински службеници донесена од Европската комисија и прифатена од Светската
царинска организација како системски документ кој ги опфаќа потребните знаења, вештини и ставови што
треба да ги поседува царинскиот службеник за соодветното работно место. Донесена е и Програма за
основна обука за царински надлежности на царинските службеници со која се утврдуваат целните групи
на учесници на основни обуки, видот и времетраењето на обуките, нивна содржина и начин на
спроведување, целите кои треба да се постигнат по одржувањето на обуките и ресурсите потребни за
нивна реализација, дефинирани согласно Рамката на компетенции.
Континуирани обуки се предуслов за достигнување на потребните знаења, вештини и професионален
развој на вработените и поддржуваат полесно напредување во кариерата. Системот за обуки и стручно
оспособување, како клучен предуслов за успешна имплементација на стратешките и оперативни цели, се
заснова на политиките за управување со човечки ресурси на Царинската управа. Континуираната обука
на царинските службеници и на обучените обучувачи е само еден сегмент од стратешкиот приоритет –
Инвестирање во вработените.
Во периодот од 2012 до 2021 година се спроведени 2.526 активности на стручно оспособување на
царинските службеници реализирани со вкупно 25.384 учесници. Вкупниот број на часови на реализирани
обуки во овој период, спореден со бројот на вработени, укажува на тоа дека секој вработен посветил
приближно 25 работни дена на обуки.
Во соработка со стопанските комори, економските оператори и другите институции постојано се
организирааат и реализираат настани – советувања, презентации и обуки за претставници од бизнис

40
Монографија – 30 години Царинска управа

заедницата и вработени на институциите чии работни процеси вклучуваат царинска постапка. Во


континуитет се организираат и спроведуваат и дополнителни и претходни обуки за царински застапници.

Систем за менаџмент на квалитет


Царинската управа постојано ги подобрува внатрешните процеси во работењето со цел заштита на
финансиските интереси на Република Северна Македонија, олеснување на меѓународната трговија преку
понатамошна модернизација на царинското работење и поедноставување на царинските постапки, како
и одржување и унапредување на конкурентен економски амбиент. Царинската управа во 2013 година се
стекна со ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет, во процес чија што имплементација
започна во јуни 2012 година, а беше верификуван во декември 2013 година од страна на меѓународното
сертификационо тело40, по што Царинската управа доби потврда за усогласеноста со барањата на
стандардот за управување со квалитет.
Посветеноста на квалитетот е стратешка определба на Царинската управа и за нејзино остварување
институцијата постави визија да стане и остане најдобар сервис на граѓаните, економските оператори и
државата, согласно домашни и меѓународно признати најдобри практики во својата надлежност. Потврда
на оваа определба е и усвоената Политика за квалитет во февруари 2019 година.
По успешно поминат период на транзиција од стандардот ISO 9001:2008 и по успешно спроведена
сертификациска проверка на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард од страна на
надлежно сертификационото тело41 Царинската управа во декември 2019 година се стекна со сертификат
на системот на менаџмент со квалитет согласно со барањата на стандардот МКС ЕN ISO 9001:2015.
Поседувањето на овие сертификати значи признавање дека сите процеси и постапки кои се спроведуваат
во Царинската управа, како и услугите кои ги дава и нуди на заинтересираните страни, се во согласност со
барањата на високите меѓународни стандарди.

40
TÜV NORD Бугарија
41
МКД Сертификат
Дигитализација на царинското работење
Царинските служби денес не можеме да ги замислиме без поддршка од современи информатички
системи бидејќи спроведувањето на царинските постапки и деловните процеси се темелат на употреба
на современа информатичка и комуникациска технологија.
Воведувањето на информатичката и комуникациската технологија во царинското работење придонесе за
олеснување на работата при спроведување на царинските постапки, подобрување на квалитетот на
контрола, еднаков третман на стопанските субјекти, брз пристап до информации, анализи на севкупното
работење и подобрување на планирањето. Преодот од аналогната обработка на податоци во дигитална
форма обезбеди размена на податоци помеѓу деловната заедница, Царинската управа и органите на
државната управа на национално ниво, како и размена на податоци на Царинската управа со други
царински администрации и институции од Европската унија.
Дигитализацијата е процес кој не престанува, благодарение на брзиот развој на информатичката и
комуникациската технологија и нивната примена во Царинската управа, како резултат на стратешките
одлуки на највисокото раководство.

Период пред независноста на Република Македонија


За почеток на дигитализацијата на царинската служба се смета усвојувањето на Законот за финансирање
на модернизација на Царинската служба од 1971 до 1975 од тогашното Собрание на СФРЈ со кој се
предвидени средства за купување на првите сметачки машини и придружeн софтвер. Со воведувањето
на првиот систем за автоматска обработка на податоци се јавува потреба да бидат направени промени во
организацијата на Сојузната управа на царини, обезбедување на нов соодветен кадар, обука на
царинските службеници и адаптација на царинската регулатива на новиот начини на работа. Така во 1972
година е основан првиот Електронски сметачки центар (ЕРЦ) како самостојна единица во тогашната
Сојузна управа на царини. Целосно опремен, овој центар свечено е отворен на 26 декември 1974 година.

На сликата е првата сервер сала во ЕРЦ во Белград во 1981 година

Во регионалните центри (Скопје, Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Сплит) се инсталираат уреди за
прифаќање и пренос на податоци тип „MDS 6400“ со порти за локални печатачи. Покрај набавката на
опремата и нејзина инсталација се обезбедуваат соодветни климатизирани простории и стабилизатори
за електричното напојување. Регионалните центри од царинските испостави добиваат изворни
документи од кои податоците ги запишуваат на магнетна лента и преку телефонска мрежа ги
проследуваат до централниот електронски сметачки центар. По истата комуникациска мрежа во
регионалните центри се враќаат обработени податоците, каде што се печатат и испраќаат до царинските
испостави и останатите клиенти.
До мај 1975 година се заменуваат сите форми и документи и е издаден првиот пропис за начинот на
пополнување и поднесување на царински декларации прилагодени за автоматска обработка на
податоци. Промените се однесуваат на начинот на пресметка и плаќање на царинските давачки и начинот
на пренесување на овие податоци преку електронска комуникација. Се воведуваат првите контроли на
податоците во царинската декларација и централна контрола над состојбата на привремен увоз на стока

42
Монографија – 30 години Царинска управа

во магацините за консигнација. Поради новиот начин на работа во 1976 година се укинува пријавата за
увоз и извоз врз основа на која се подготвува статистиката од надворешно трговската размена. Сите
потребни информации веќе се во новата царинска декларација и се испраќаат на Сојузниот статистички
завод само на магнетна лента. Во 1977 година се воведува систем за пресметка на давачки и
сметководствена евиденција со кој стоката може да се подигне од царински надзор, ако за истата е
обезбедена банкарска гаранција.
Со натамошна модернизација на Царинската служба се градат нови згради за сметачки центри и
надградба на тогашниот сметачки систем. Во 1980 година се инсталира нов систем на IBM со централна
конзола со екран и тастатура, удар-читач на картички, печатачи и единици со магнетни ленти. Со новите
единици се управува преку локални терминали.

На сликата се царински службеници од Сектор за информатика и наплата на буџетски приходи и


статистика во Скопје во 1983 година

Поради зголемениот обем на задачите од областа на автоматската обработка на податоци се формира


Сектор за информатика и наплата на буџетски приходи и статистика, кој е поделен на Центар за
информатика и автоматска обработка на податоци и Одделение за наплата на приходи и статистички
анализи. Во рамки на центарот дејствуваат четири служби – Служба за проектирање и организација,
Служба за програмирање и развој, Служба за подготовка на податоци и Служба за автоматска обработка
на податоци.
Во 1981 година во царинската декларација се воведува матичниот број на правно лице (во тоа време
организации на здружен труд), што овозможува следење на надворешно трговското работење – увозот и
извозот на ниво на правно лице. Врз основа на овие податоци, а во согласност со Законот за девизно
работење, се обезбедува дел од девизните средства остварени со извозот компаниите да ги задржат за
набавка на репроматеријали.
Регионалниот сметачки центар во Скопје, ги покрива царинарниците во Социјалистичка Република
Македонија со единствен централен внес на податоци. Внесените податоци од царинските декларации
се проследуваат до сметачкиот центар, каде се проверуваат и се враќаа листи на грешки. Врз основа на
овие листи организациските единици каде се евидентирани царинските документи обезбедуваат
дополнителна контрола на документите, дополнителна наплата и елиминирање на евидентираните
грешки.
Главни центри на развојот на информатиката во овој период се сметачките центри во Белград и Љубљана.

Период од 1991 до 2002 година


По осамостојувањето на Република Македонија, Царинската служба останува без современ
информационен систем и без проекти за модернизација на работењето. Континуитетот на автоматската
обработка на податоците од царинските декларации се обезбедува со користење на услуги од Центарот
за АОП од тогашната „Железара Скопје“. Базата на податоци за македонските царински документи, од
Сојузната царина е префрлена во информатичкиот систем на „Железара Скопје“ каде се продолжува со
внесување и обработка на царинските податоци.
На почетокот на 1995 година, по набавка на соодветна техничка опрема и екипирање со кадар од областа
на информатиката, целокупната евиденција и натамошната обработка на податоците ги презема
Секторот за автоматска обработка на податоци (АОП) во Царинската управа. Во функција е софтвер под
името „КОНТ“ на „DOS“оперативен систем.
Во меѓувреме раководството на Царинската управа обезбедува средства за модернизација на
информацискиот систем од предпристапната програма„PHARE 42“ на Европската унија. Значаен датум во
националната царинска историја е 6 мај 1996 година кога се воведува новиот Македонски царински
информационен систем (МАКЦИС), со што по повеќегодишна подготвка на оперативно, техничко и
кадровско ниво започнува со имплементација на новиот систем ASYCUDA++ (Automated SYstem for
CUstoms DАta)43 кој значително го променува работењето во царината на почеток во извозните и увозните
постапки во стоковите царински испостави, а од 2000 година и на постапките на граничните премини.
ASYCUDA е компјутерска програма, развиена од страна на UNCTAD 44, наменета за автоматска обработка
на царински декларации, и во нејзината имплементација во Царинската управа покрај информатичкиот
кадар од Секторот за АОП учествуваат и експерти од UNCTAD и Меѓународниот Монетарен Фонд. Старите
„VS“ обрасци се заменуваат со нов Единствен царински документ (ЕЦД).
До крајот на 1998 година во МАКЦИС се поврзуваат сите внатрешни испостави на 23 локални сервери со
400 персонални компјутери на царинските службеници и околу 400 шпедиции. Во секторот за АОП во
функција е централен сервер на кој на дневна основа се собираат податоците од локалните сервери
наменети за натамошна статистичка обработка и анализа. До Народната банка и Државниот завод за
статистика на лента, на месечно ниво, се доставуваат податоци од царинските декларации.
Во текот на 1999 година се воспоставуваат компјутерски мрежи и кон МАКЦИС се поврзуваат
најфрекфентите гранични премини (Табановце, Богородица, Меџитлија, Деве Баир и Блаце). Во 2000
година започнува поврзување на останатите гранични премини и електронско поднесување на транзитни
документи (Т1 и ТИР). За таа цел се поврзуваат шпедициите на граничните премини. Бројот на
надворешни корисници се зголемува на околу 500 (шпедиции, аеродромски претпријатија, железница,
пошта и брзите пошти). На располагање се ставени 30 телефонски линии за директна комуникација на
надворешните корисници. Извршена е комплетна автоматизација на царинската постапка од
поднесувањето на документи до евиденцијата на извршеното плаќање. Овозможена е компјутерска
поддршка (комуникација со Заводот за платен промет) за централизирана контрола на наплатата на
царинските и другите давачки.
Во 2001 година како владин контролен орган во системот МАКЦИС се вклучува и Управата за јавни
приходи (УЈП). За инспекциските служби од УЈП е овозможен далечински пристап до извештаи и царински
декларации. Согласно договорот меѓу Република Македонија и силите на НАТО/КФОР е пропишана
постапка за електронска евиденција на НАТО сертификати при транзит, увоз и извоз и истата е обезбедена
во МАКЦИС системот.
Во текот на 2001 година се унапредува комуникациската мрежа со префрлање на постоечката
комуникациска мрежа со граничните премини од тогашната „МАКПАК“ мрежа на комуникациската
мрежа на МВР, бидејќи истата не ги задоволува потребите на МАКЦИС. Царинарниците, стоковите
испостави и Централната управа во системот се поврзани преку „VPN“ мрежата на Телеком.
Во декември 2001 година се прави пилот портал (во „Microsoft Front Page“) и првата интернет страница
на Царинската управа45 на која се поставени 40-тина документи од интерес за јавноста и деловната
заедница.

42
PHARE - Poland and Hungary Assistance for the Restructuring of the Economy (Поддршка за Полска и
Унгарија за реструктуирање на економијата – првично основан како меѓународен инструмент за
обезбедување економска поддршка на ново воспоставените демократки системи на Полска и Унгарија,
подоцна прерасна во главен финансиски инструмент на ЕУ за економско преструктуирање на земјите од
Централна и Источна Европа.
43
ASYCUDA++ - Automated SYstem for CUstoms Data (Автомастки систем за царински податоци)
44
UNCTAD – United Nations Conference on Trade and Development (Конференција на Обединетите нации за
трговија и развој)
45
www.customs.gov.mk

44
Монографија – 30 години Царинска управа

Период од 2002 до 2011 година


Во периодот од 2002 до 2011 година МАКЦИС системот се темели главно на системот ASYCUDA,
воведување на нови модули од овој софтверски пакет, негово одржување и подобрување на
комуникациските врски. Во текот на 2003 и 2004 година царинското работење се унапредува со
воведување на методот на анализа на ризик,н а почетокот во шест царински испостави, а до крајот на
2004 година во сите внатрешни испостави.
Придобивките од успешниот проект се големи. Софтверскиот пакет ASYCUDA лесно се прилагодува,
дополнува и надградува. Царинските постапки се целосно автоматизирани. Податоците од царинските
декларации во електронска форма навремено и квалитетно се доставуваат до Народната банка и
Државниот завод за статистика. Корисници на податоци од царинските декларации се министерствата за
економија, финансии, земјоделство и екологија, Управата за јавни приходи, Стопанската комора и други
институции. Кон крајот на 2002 година царинскиот информационен систем го користат околу 400
царински службеници во 31 царинска испостава. Директни учесници во системот се шпедитерските
претпријатија, Јавното претпријатие за аеродромски услуги, Македонски железници, Македонија
сообраќај, Македонска пошта и брзите пошти (DHL, UPS и др.).
Сите учесници и корисници на системот имаат на располагање голем обем на релевантни податоци за
царинење на стоки поврзани со царинската тарифа, царинската регулатива, како и според договорите за
слободна трговија.
Модернизацијата на информатичката технологија продолжува во овој период со спроведувањето на
TTFSE46 проектот, финансиран од Светска банка, со кој се доизградува компјутерската мрежа, се
набавуваат нови сервери, персонални компјутери и комуникациска опрема, се спроведуваат обуки за
одржување на комуникациската опрема и администрирање на „INFORMIX“ базата.
Компјутеризацијата на контролата и истрагите во Царинската управа се реализира во периодот 2003-2006
година со техничка помош од програмата ЕК КАФАО 47-МАК наменета за модернизација и пристап кон
Европската унија. Во рамки на оваа програма Секторот за контрола и истраги доби цел опсег на опрема
од информатичката технологија, вклучувајќи десктоп и лаптоп компјутери, печатачи и скенери,
имплементирани се неколку бази на податоци: разузнавачка база на податоци („Intell database“), база за
менаџирање на случаи во Одделението за истраги („Case database“), систем за управувачко,
разузнавачко, статистичко и електронско информирање („MISER“), систем за размена на пораки по
електронски пат („SEMS“), база за управување со повиците од отворената линија („OPEN 197“) и база за
анализа на протокот на празни камиони.
Во јуни 2004 година првата интернет страница на Царинската управа се заменува со посовремена верзија
на динамички интернет портал на македонски и англиски јазик, кој во април 2007 година се дополнува со
дел на албански јазик, а во 2010 година комплетно се редизајнира и дополнува со нови функционалности
како што е интерактивната мапа на Царинската управа.

46
TTFSE – Trade & Transport Facilitation In Southeast Europe (Олеснување на трговијата и транспортот во
Југоисточна Европа)
47
CAFAO - Customs and Fiscal Assistance Office – EU (Канцеларија за царинска и фискална поддршка – ЕУ)
Во првиот квартал на 2005 година се извршува преселба на опремата и вработените од Секторот за
информатика од старата локација во Царинарница Скопје во новата управна зграда на Царинската управа.
Новите простории (сервер сала и канцелариски простор), во кои се сместуваат вработените и опремата ,
се изградени по најсовремени стандарди во рамки на TTFSE проектот финансиран од Светска банка.

Нова сервер сала, април 2005 Нова сервер сала, април 2005

46
Монографија – 30 години Царинска управа

Нов канцелариски простор, април 2005

Во текот на 2005 година се воведува нов Систем за наплата, со што се обезбедува централна евиденција
и контрола на наплатените давачки, како и следење на банкарските гаранции на царинските обврзници.
Апликацијата ги содржи потребните контроли за поврзување на трансакциите од трезорскиот систем со
царинскиот систем за процесирање на декларации, кои не можеа да се следат со постоечкиот софтвер.
Во јануари 2006 година изготвена е првата Стратегија за развој на информатичкиот систем на Царинската
управа, во која се дефинирани приоритетите во развојот на царинскиот информационен систем, а во
насока на подготовка на царинската служба за поврзување со системите на Европската унија.
Покрај информатичката поддршка на процесите поврзани со царинските постапки, контролите и
истрагите се воведуваат развој и поддршка на административните процеси. Царинската управа е меѓу
првите државни институции кои воведоа електронска архива и интранет портал. МАКЦИС е збогатен со
апликација за управување со „Help Desk“ и е воведен Систем за контрола на кориснички пристап („Active
Directory“) кој обезбедува централизиран, контролиран и безбеден пристап до корисниците во
информациониот систем. Изработен е пребарувач на вести од медиумите кој овозможува добивање на
релевантни информации од домашни, регионални и светски медиуми во реално време. Воспоставена е
електронска база на податоци за евиденција на дисциплински постапки, кривични пријави и евиденциjа
на запленета стока и софтверска апликација за магацинско работење. Од август 2007 во функција е
„Бордер апликација“ со која се комплетира следењето и затворањето на транзитот започнат во ASYCUDA
и обезбедената банкарска гаранција во системот „Наплата“.
Во текот на 2008 година продолжува трендот на јакнење на информатичкиот систем, пред сè со
реорганизација на царинската мрежа, со што се обезбеди побрз и посигурен проток на податоците во
системот.

Компјутерска мрежа на Царинска управа, 2008 година


Во функција се става Системот за размена на податоци со Управата за спречување на перење пари
познат како „Девизни контролници“. Во овој систем се врши евиденција на податоците за внесени и
изнесени девизи и хартии од вредност и истите електронски се разменуваат со Управата за спречување
на перење пари. Изработен е Систем за информирање на менаџментот (СИМ) во кој царинските
службеници имаат увид за обемот на работа, увид во податоци за осомничени лица, следење на ризиците
во транзит и споредбени прегледи на статистички податоци од надворешното трговско работење.
Изработена и ставена е во функција Апликација за терминалска наплата која обезбедува евиденција на
наплатата на терминалските такси на царинските терминали, Царински форум преку кој царинските
службеници поставуваат прашања и добиваат одговори од соодветните служби во управата, како и
Национална база за вредност која овозможува евиденција на различното вреднување на одредени
производи.
Имплементиран е Системот за размена на пораки на југоисточна Европа (SEMS)48 – апликација која
овозможува размена на криптирани пораки кои содржат информации за пристигнување на патници,
стока и превозни средства во сите видови на сообраќај. Овој систем е главно наменет за разузнавачки
цели и потребите на анализа на ризик.
Преку „GPRS“49 системот, за оперативните единици на Царинската управа е обезбеден далечински
пристап кон ИТ системите, со што се зголемува капацитетот за откривање и спречување обиди за шверц
и криумчарење.
Голем исчекор во дигитализацијата на царината е направен во ноември 2008 година со имплементацијата
на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти– ЕКСИМ, што
на економските оператори им овозможува добивање на повеќе од 60 дозволи за увоз, извоз, транзит на
стоки и распределба на тарифни квоти по електронски пат. Преку системот, корисниците можат да го
следат статусот на процесирање на нивните барања, сè до нивното конечно издавање. Со ЕКСИМ
системот за прв пат се воведува дигитален потпис во државната администрација. Со имплементацијата
на ЕКСИМ системот Република Македонија го воспостави т.н. „Single Window“ концепт, промовиран од
релевантните меѓународни организации и Европската унија како значајна алатка за олеснување на
трговијата. Во 2009 и 2010 година Економската комисијата на Обединетите нации за Европа (UNECE) го
препорача ЕКСИМ на земјите од Југоисточна Европа како модел за развој на електронски едношалтерски
систем за издавање на извозни и увозни дозволи. На почетокот на 2010 година ЕКСИМ ја доби првата
награда на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ за најдобро
софтверско решение во јавниот сектор за 2009 и 2010 година во Република Македонија.

48
SEMS – South-East European Messaging System
49
GPRS – General Packet Radio Service (Општа услуга за радио пакети)

48
Монографија – 30 години Царинска управа

Во 2009 година се продолжи со дигитализација и започнаоперативна примена на:


Систем за евиденција на работно време и контрола на пристап (SWT&CA);
Систем за глобално позиционирање на царинските возила (GPS);
Електронски систем за планирање на ресурсите и материјално и финансово работење (LUKA);
Систем за електронското управување со документите (eDMS);
Систем за видео мониторинг и препознавање на регистарски таблички (CCTV&ANPR);
Интерен радиокомуникациски систем (РКС);
Систем за размена на податоци со други држави (SEED);
Портал за електронско поднесување на барања до Царинската управа (ПЕК);
Електронско учење (E-Learning) и
Систем за видеоконференција за реализација на обуки.

Систем за видео мониторинг и препознавање на регистарски таблички (CCTV&ANPR)

Во текот на 2010 година подготвени се три стратегии од суштинско значење за натамошниот развој на
информациониот систем на Царинската управа: Стратегијата за информатички и комуникацииски
технологии, Стратегијата за имплементација на интероперабилност на Царинската управа на Република
Македонија и Стратегија за имплементација на заедничкиот транзитен систем NCTS (Нов
компјутеризиран транзитен систем). Овие документи ги обединуваат напорите на Владата на Република
Македонија и Царинската управа за исполнување на обврските кои произлегуваат од Националниот план
за усвојување на правото на Европската унија (Аcquis communautaire).
Од март 2011 година започна Проектот за воспоставување на електронска транзитна постапка, со кој
Република Македонија треба да се приклучи во Новиот компјутеризиран транзитен систем на ЕУ – NCTS.
Во ноември 2011 година од страна на ЕК е извршена Ревизија на резултатите (Result Oriented Monitoring
mission), во чии рамки детално се проверени активностите, испораките и постигнатите резултати во
рамките на проектот за воспоставување на NCTS и постигнување на компатибилност и поврзување со
системите на ЕУ. Проектот за имплементација на NCTS е оценет со висока оценка во однос на
релевантноста, квалитетот на дизајнот и во однос на капацитетот за понатамошно одржување и
унапредување.

Период од 2012 до 2021 година


Согласно препораките на мониторинг мисијата на DG TAXUD50 од ноември 2011 година, на предлог на
Царинската управа, во февруари 2012 година Владата на Република Македонија донесе ревидиран
Национален план за имплементација на заедничкиот транзитен систем НКТС во Република Македонија.
Согласно овој план се реализираат голем број активности и се исполнуваат низа технички услови. Се носи
регулатива, се обезбедува функционален софтвер и комуникациски систем, се прави организационо
прилагодување, обуки и подигнување на јавната свест. Се екипира Одделението за гранични и транзитни
формалности, се назначуваат национален, регионални и локални координатори за транзит, се

50
DG TAXUD - The Directorate General for Taxation and Customs Union (Генерален директорат за даноци и
царинска унија)
воспоставува „Help desk“, се обучуваат администратори на софтверот, се одржуваат обуки за познавања
на законските прописи и практична работа со НКТС, како и обука за процедурите за гаранции во НКТС на
сите внатрешни и надворешни корисници на системот.
Новиот компјутеризиран транзитен систем на национално ниво, компатибилен со транзитниот систем на
ЕУ, официјално е ставен во функција на 1 март 2014 година. За таа намена во ноември 2014 година се
инсталира и конфигурира CCN51/CSI52 мрежна и серверска опрема во дата-центарот на Царинската управа
наменета за поврзување на македонскиот НКТС систем на заедничкиот домен (CCN/CSI мрежата).
Значаен датум во историјата на Царинската управа е 1 јули 2015 година кога Република Македонија стана
дел од транзитниот систем на ЕУ. Со пристапувањето кон Конвенцијата за заедничката транзитна постапка
се обезбедува интероперабилност на националниот транзитен систем со транзитните системи на земјите
членки на ЕУ и се исполнува еден од условите за членство во унијата. На национално ниво придобивки
имаат економските оператори, Царинската управа, но и државата во целост. Имено се забрзува протокот
на стоки преку границите, се намалуваат трошоците за завршување на царинските формалности и се
намалува обемот на формалностите кои се извршуваат на граница.
Паралелно во овој период се унапредуваат процедурите за постапување со ИКТ системите од аспект на
ИКТ безбедноста. Измените и дополнувања се однесуваат на управувањето со кориснички имиња
ипривилегии за пристап до ИКТ системите, правата за користење на далечински пристап (VPN53) за
внатрешните и надворешните корисници, заштита од вируси и одговорноста на корисниците на ИКТ
системите и опремата во однос на ИКТ безбедноста.
Во периодот од ноември 2012 до октомври 2014 година Царинската управа го воспоставува системот за
Интегрираната тарифна околина – ИТО54 на ЕУ, финансиран од ИПА фондовите на ЕУ. Интегрираната
тарифна околина претставува бизнис концепт што групира повеќе компјутерски системи кои служат за
размена на информации помеѓу Европската Комисија и земјите членки на ЕУ. Имплементацијата се
реализира преку проект за изработка на софтвер и проект за управувањето со имплементација на ITE. Во
рамки на овие два проекта се имплементира тарифниот систем на ЕУ и модули за издавање на
задолжителна тарифна информација, за распределба на царински квоти, за надзор на стоки, како и
Европскиот царински систем за попис на хемиски супстанци. Со ова се обезбедува компатибилност и
интероперабилност на тарифната околина на Царинската управа со тарифната околина на ЕУ.
Системот ИТО на економските оператори им ги овозможува следните придобивки:
„онлајн“ пристап до информациите кои претходно беа достапни како хартиени документи
(царинските давачки, ДДВ, акцизи и националните нетарифни мерки, како што се
ограничувањата при увоз и извоз);
пристап до модул за пресметки – можност за точна пресметка на царинските и другите давачки,
како и добивање информации во однос на потребните документи за реализирање на увоз и
извоз;
побрз, поевтин, полесен и потранспарентен пристап до информации за економските оператори;
достапност на информациите и по истекување на нивниот рок на важење и
подобрување на системот за превенција и препознавање на измами.
Електронскиот систем за издавање увозни и извозни дозволи и тарифни квоти – ЕКСИМ, кој е во функција
од ноември 2008 година, се користи масовно во овој период. До 2012 година во системот се регистирани
3.540 економски оператори кои аплицираат до 16 државни институции за 62 типа на увозни/извозни
дозволи и тарифни квоти. Просечното време задобивање дозвола изнесува околу 1,5 часа (споредено со
7,4 часа во 2009, 5,6 часа во 2010 и 2,5 часа во2011 година). Во 2012 година преку EXIM се издадени над
71 илјада увозни и извозни дозволи и распределени над 4 илјади тарифни квоти. Покрај тековното
користење во периодот од 2012 до 2016 година системот се унапредува со вклучување на транспортните
дозволи за превоз на стоки и патници што се во надлежност на Министерството за транспорт и врски, се
додадваат нови функционалности во делот на интеграција на ЕКСИМ со други системи (ИТО, Централен

51
CCN – Common Communication Network (Заедничка комуникациска мрежа)
52
CSI – Common System Interface (Заеднички системски интерфејс)
53
VPN - Virtual Private Network
54
ITE – Integrated Tariff Environment

50
Монографија – 30 години Царинска управа

регистар), се унапредува администрацијата на неговото користење и се прави негово прилагодување во


согласност со најновите законски можности за електронско архивирање.
Во мај 2012 година Царинската управа, согласно заложбите за дигитализација и модернизација на
царинските процеси, започна со развој на нов софтвер – Систем за обработка на царински и акцизни
документи (СОЦДАД)55. Во наредниот период фазно се имплементираа одделните модули на новиот
систем, нивната интерконекција и поврзувањето со останатите системи во Царинската управа. Успешно
се реализира Пилот проектот за пуштање во продукција на СОЦДАД во 11 царински испостави, се одржаа
обуки за царинските службеници и економските оператори, се подготвија кориснички упатства и упатства
за спроведување на царинските постапки, измени на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон и
на Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и кодексот на шифри кои се
употребуваат при пополнување на царинската декларација. Се прават дополнителни измени во СОЦДАД
системот заради имплементација на новиот Закон за акцизите и подзаконските акти кои произлегуваат
од него. Системот СОЦДАД официјално е пуштен во употреба на 3 јуни 2019 година.
СОЦДАД обезбедува интероперативно ИТ решение во согласност со стандардите на Светската царинска
организација и ЕУ. Новиот начин на работа, со размена на стандардизирани електронски пораки со
економските оператори и органите на државната управа, дава можност за целосно бесхартиена околина
при спроведување на царинските и акцизните постапки. Со воведувањето на овој систем се зголемува
ефикасноста при контрола на протокот на стока и патници и контрола на наплатените царински и други
давачки. Се олеснува трговијата преку забрзан проток на стока и се подобрува безбедноста на синџирот
на снабдување. Новиот систем СОЦДАД обезбедува интероперабилност со системите кои се во функција
во Царинската управа (НКТС, ИТО и ЕКСИМ), како и интерконекција со царинските информатички системи
на ЕУ.
Во текот на 2020 и 2021 година се унапредуваат функционалностите на Едношалтерскиот систем за
дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти (ЕКСИМ), Интегрираната тарифна околина
(ИТО), Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС), како и функционалностите на СОЦДАД за нивно
синхронизирано непречено функционирање. За истата намена се унапредува хардверот, апликативниот
и системскиот софтвер. Во истиот период се поставуваат веб сервиси за размена на податоци од СОЦДАД
со други институции во рамки на Системот за интероперабилност на Министерство за информатичко
општество и администрација (МИОА).
Паралелно со имплементацијата на ИКТ системите во Царинската управа се зајакнуваат и капацитетите за
поддршка на корисниците и обезбедување на непрекинатост на ИКТ системите. За таа намена во
декември 2019 се воведува нова современа алатка („Service Desk“) и се обезбедува квалитетна
информатичка и бизнис поддршка при спроведувањето на царинските постапки, контролните и
административните процедури. Во последните две години постапено е по 23.500 барања за поддршка од
аспект на софтверски, хардверски и бизнис проблем на внатрешните и надворешните корисници.
Просечната достапност на ИКТ системите се движи во интервал од 99.5% до 99.7% со што е постигната
поставената цел за нивна стабилност.

55
CDEPS – Customs Declaration and Excise Proccessing System
Сектор за правни работи
Во октомври 2015 година со донесување на нов Правилник за внатрешна организација и работа на
Царинската управа за прв пат се формира Сектор за правни работи кој почна со работа во почетокот на
2016 година. Основни надлежности на овој сектор се водењето на прекршочна и управна постапка,
застапувањето на интересите на Царинската управа пред надлежните судови и други органи, следење и
анализирање на правната регулатива, правилна примена на законите и подзаконските акти од областа на
царинската, управната, прекршочната и граѓанската постапка, давање на стручни совети, како и целосна
реализација на стратегиите и плановите на Царинската управа.
Секторот ефикасно, навремено и професионално своите надлежности ги извршува преку три одделенија
– Одделение за прекршочна постапка, Одделение за правни работи, застапување пред судовите и
управна постапка и Одделение за канцелариско и архивско работење.
Со донесување на Законот за прекршоците во 2006 година се воспостави нов систем на водење на
прекршочната постапка за одделни прекршоци утврдени со закон. Така, покрај судовите, со овој закон се
овозможи прекршочната постапка да ја водат и органите на државната управа, меѓу кои и Царинската
управа. Комисијата за одлучување по прекршок од 2007 година ја презеде надлежноста од основните
судови за одлучување во прекршочна постапка. Комисијата има надлежност за постапување и
одлучување по сторени прекршоци пропишани со одредбите на: Царинскиот закон, Законот за акцизите,
Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, Законот за девизно
работење, Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки и Законот за Царинска
управа. Комисите како независни и непристрасни прекршочни органи во својата работа преку правилна
примена на материјалното и процесното право се должни на сторителот на прекршокот да му гарантираат
правично и објективно одлучување во функција на заштита на човековите права.
Со законските измена од 2019 година се воведе нова структура на прекршоци, така да прекршоците за
кои се изрекува поголема прекршочна глоба повторно преминуваат во надлежност на судот.
Воспоставените работни процеси во Одделението за прекршочна постапка овозможуваат ефикасно и
правично постапување по прекршочните, донесување на навремени законити одлуки во материјална и
формална смисла, почитување на законските рокови за преземање на дејствија, спречување на застој во
движењето на прекршочните предмети, водење статистика и евиденција, како и други прашања поврзани
со примената на законите од аспект на прекршочната постапка.
Одделението за правни работи, застапување пред судовите и управна постапка е надлежно за повеќе
клучни процеси од работењето на секторот, меѓу кои најбитни се спроведување на првостепена царинско
управна постапка, застапување пред судовите во Република Северна Македонија и следење и
анализирање на законите и другите прописи од областа на царинската, управната, прекршочната и
граѓанската постапка и предлагање на мерки и давање насоки за нивна правилна примена. Во состав на
ова одделение се воспоставени три служби. Службата за застапување пред судовите ги врши работите
кои се однесуваат на застапување на интересите на Царинската управа пред надлежните судови во
постапки од областа на граѓанската, кривичната и прекршочната постапка, постапки по работни спорови
и управни спорови, врши прием на тужби и одлуки на судовите и нивна анализа, како и навремено и
доследно превземање на правни и процесни дејствија во предметите за кои се започнати постапки пред
судовите од страна на физички и правни лица, навремено започнување на судски постапки од страна на
Царинската управа, предјавување на побарувања на Царинската управа во стечајна постапка до
надлежните стечајни управители и постапување по истите. Основна цел на службата е ефикасно,
економично и правично постапување по предметите кои се водат пред судовите, органите и другите
субјекти надлежни за спроведување на законите. Со воспоставените работни процеси во оваа служба се
обезбедува почитување на законските рокови за преземање на дејствија на застапување во сите судски
постапки, управување со движењето на предметите и спречување на застој во постапувањето по
заведените судски постапки, водење евиденција за предметите за кои се отпочнати и се водат постапки
пред судовите и другите субјекти во Република Северна Македонија и други прашања поврзани со
примената на процесните закони.
- Службата за управна постапка ги врши работите кои се однесуваат на водење на управна постапка и
донесување на одлуки во прв степен за работи за кои е надлежна Царинската управа како што се
дополнителна пресметка и наплата на увозни и други јавни давачки, враќање и простување на

52
Монографија – 30 години Царинска управа

увозните и извозните давачки, како и постапување по сите одбиени приговори на странките против
наоди на други организациони единици на Царинската управа. Во рамките на оваа служба се врши и
предлагање за дополнување на постапката, изведување на потребните докази по конкретни управни
предмети, изготвување одлуки за предмети вратени на повторно одлучување од управните судови,
изготвување на одговори на тужби и достава на управни предмети до Управниот суд, како и
изготвување на жалби по одлуки на Управниот суд и нивна достава до Вишиот управен суд. Основна
цел на службата е на странките да им обезбеди ефикасно и законито остварување на нивните права
и интереси, истовремено штитејќи ги интересите на Република Северна Македонија. Воспоставените
работни процеси во оваа служба овозможуваат ефикасно и правично постапување по управните
предмети, донесување на законити одлуки во материјална и формална смисла, почитување на
законските рокови за преземање на дејствија, изготвување и донесување на одлуки, спречување на
застој во движењето на управните предмети, водење статистика и евиденција, како и други прашања
поврзани со примената на Законот за општата управна постапка.
- Службата за правни работи ги врши работите кои се однесуваат на следење и анализирање на
законите и другите прописи од областа на царинската, акцизната, даночната, управната,
прекршочната и граѓанската постапка, како и предлагање на мерки и давање насоки за нивна
правилна примена. Основна цел на службата е преземање на содветни мерки за правилна примена
на законите, подзаконските акти и интерните упатства од страна на сите организациони облици во
Царинската управа. Во оваа служба се воспоставени работни процеси кои овозможуваат давање
стручна помош во постапка на подготовка на упатства, процедури, разни договори и меморандуми,
давање стручна помош при примена на законите и други прописи од формално правен аспект по
поставени прашања на други организациони единици за единствено постапување при примена на
прописите во Царинската управа, давање на мислења по законски и други прописи од областа на
граѓанското и стопанското право, како и толкување и примена на законите и други прописи, принципи
и стандарди кои се од особена важност за интересите на Царинската управа.
Во Одделението за канцелариско и архивско работење се одвиваат процесите за постапување со
документиран материјал создадени во сите организациони облици на Царинската управа, како и
документација примена и наменета за работењето на Царинската управа од надворешни субјекти.
Архивското работење целосно се врши во електронска форма преку Електронскиот систем за управување
на документи (ЕДМС) и тоа прием и испраќање на списи, прегледување и распоредување на актите,
заведување на актите, доставување на актите во работа, разведување и класифицирање на актите и
распоредување на истите по организациони единици врз основа на воспоставен План за архивски знаци
на Царинската управа. Со воспоставени процедури за работење документите се евидентираат во ЕДМС
со што добиваат електронски архивски број на предмет, истите се скенираат и во хартиена форма се
распоредуваат по организационите единици за кои се наменети при што се постигнува ефикасен и брз
начин на распоредување на предметите и се запазуваат предвидените рокови за постапување. Во
рамките на ова одделение се одвива соработката на Царинската управа со Државниот архив на Република
Северна Македонија од аспект на одбирање на архивската граѓа од документарниот материјал,
евидентирање на архивската граѓа и нејзина категоризација, попишување на документарниот материјал
со изминат рок на чување и негово уништување, како и сместување, чување, заштита и обезбедување на
архивската граѓа до нејзино предавање на трајно чување во државниот архив.
Внатрешна ревизија
Внатрешната ревизија е независна активност на давање објективно уверување и совет, воспоставена со
цел да придонесе за зголемување на вредноста и подобрување на работењето на субјектот. Таа помага
субјектот да ги исполни своите цели, применувајќи систематски, дисциплиниран пристап за процена и
подобрување на ефективноста во процесите на управување со ризикот, контролата и управувањето.
Внатрешната ревизија во јавниот сектор во Република Северна Македонија е регулирана согласно Закон
за јавна внатрешна финансиска контрола.
Одделението за внатрешна ревизија е независно одделение во Царинската управа и е одговорно
непосредно на директорот на Царинската управа.
Работењето на внатрешната ревизија се реализира со спроведување на поединчени ревизии во текот на
календарската година, врз основа на Стратешки План на одделението кој се носи за период од 3 години
и истиот се ажурира секоја година и Годишен план на одделението кој се носи врз основа на Стратешкиот
план. Врз основа на секоја извршена поединечна ревизија произлегуваат препораки за подобрување на
системот на внатрешни контроли, а притоа внатрешната ревизија следи не само дали препораките се
спроведуваат или не, туку ги следи и ефектите од спроведувањето на препораките.
Земајќи ги предвид целите и приоритетите на институцијата и степенот на развиеност на финансиското
управување и контрола, внатрешната ревизија ги реализира следните активности: унапредување на
капацитетот за контрола врз примената на законите, унапредување на административниот капацитет на
Царинската управа и процесот на поедноставување и забрзување на економските активности, ефикасна
наплата на царинските и други давачки како и ефикасно и наменско трошење на средствата од буџетот
на Царинската управа, зајакнување на системот на контроли во областа на наплата на приходите по разни
основи, давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури во Царинската управа,
давање препораки за намалување на нивото на ризиците идентификувани од субјектите, придонес во
намалување на негативните наоди на надворешната ревизија, како и следење на воспоставениот
внатрешен контролен систем во Царинската управа по организациски единици, негово ажурирање и
ревидирање.

54
Монографија – 30 години Царинска управа

Меѓународна соработка
Период од 1992 до 2001 година
На 1 јули 1994 година Република Mакедонија стана членка на Светската царинска организација,
основана во 1952 година како Совет за царинска соработка, со мисија да даде поддршка за подобрување
на ефикасноста и ефективноста на царинските администрации, како глобален центар за царинска
експертиза.

Со пристапување кон организацијата беа преземени обврски од повеќе правни инструменти -конвенции
и договори, спонзорирани и администрирани од Советот за царинска соработка, со кои се регулираат
разни домени на царинското работење.

Европска интеграција
Во периодот од 1994 до 1998 година Царинската управа учествува во Програмата PHARE PCU (Program
Coordination Unit), во која учествуваа и земјите кандидати за членство во Европската унија. Активностите
од програмата со која се даде поддршка за унапредување на капацитетите на царинските служби
опфатија обуки, автоматска обработка на податоци, усогласување и унапредување на постапките.
Програмата PHARE како предпристапен инструмент беше главен канал за финансиска и техничка
соработка на Европската заедница со земјите од Централна и Источна Европа, со активности
сконцентрирани на градење на капацитети за спроведување на законодавството на Заедницата и
достигнување на нејзините стандарди. Во 2002 година се реализира Проектот за интегрирано гранично
управување PHARE 2000, при што се инсталирани статички детектори за радијација на осум
најфреквентни гранични премини и се набавија возила за потребите на Секторот за контрола и истраги.
Поддршка за евроинтегративните процеси се обезбедува и преку Eurocustoms (од 1993 до 2000 година),
со чија техничка помош започнува усогласувањето на националното царинско законодавство со
законодавството на ЕУ. Се воведува Единствен царински документ (ЕЦД), се унапредуваат повеќе
царински постапки (привремен увоз, привремен извоз, увоз за облагородување и др.), се врши
усогласување во делот на царинска вредност, царинска лабораторија и потекло на стоки (законодавство
донесено во 1998 година).
Во 2001 година е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европските заедници и
нивните земји-членки (ССА) која е правна рамка за регулирање на односите на Република Македонија
со Европската унија. Започнува процесот на приближување на националниот царински систем кон оној
на Европската унија.
Во 2001 година почнува примената на Времената спогодба за трговија и трговски прашања помеѓу
нашата земја и Европските заедници, особено во делот на Протоколот 5 за взаемна помош меѓу
административните власти за царински прашања.
Царинската управа зема учество во преговорите за членство во Светската трговска организација која преку
своите тела остварува двојна улога во воспоставување и засилување на правилата за меѓународна
трговија на производи и услуги и либерализација на трговијата. Царинската управа дава придонес во
работата на подкомитетите за трговија кои работеа на измени на договори за слободна трговија.
Во соработка со Европската комисија се утврдуваат приоритетите на програмата CARDS56 2002-2004 која
има за цел да им овозможи на земјите од Југоисточна Европа да учествуваат во процесот на стабилизација
и асоцијација. За Царинската управа во овој период се важни Проектот за интегрирано гранично
управување и Проектот за подобрување на капацитетите на Царинската управа.
Во периодот 1999-2001 година Царинската управа е вклучена во Проектот на UNDCP57/PHARE за
засилување на капацитетите за борба против дрога во Југоисточна Европа, во кој учествуваат и
надлежните служби на Бугарија и Романија. Се стекнуваат вештини за техники на откривање и заплена на
дрога и е добиена техничка помош во техничка опрема, возила и царински кучиња за поуспешно
работење на мобилната царинска екипа.
Се поддржуваат проектите на Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа (SECI) за подобрено
оперирање на Центарот за борба против прекуграничниот криминал.

Период од 2002 до 2011 година

Подготовка за европска интеграција


По поднесување на барањето за членство во Европската унија (во 2004 година), царинските службеници
работат на обезбедување на одговори на Прашалникот на Европската унија. Во Поглавјето за Царинска
унија се одговара на прашања поврзани со царинското законодавство, комјутеризацијата, царинска
вредност на стока и потекло на стока.
Во февруари 2011 година се финализирани активностите од „Проектот за натамошно усогласување на
националното царинско законодавство со законодавството на ЕУ“, финансиран во рамки на Програмата
IPA58 2007 (подготовени измени и дополнувања на текстови на правни акти и изработени интерни
упатства).
Во 2011 завршува и имплементацијата на „Проектот за зајакнување на граничните контроли“,
финансиран во рамки на Програмата IPA 2007. Проектот има за цел засилување на капацитетите на
Царинската управа за справување со царински измами, прекуграничниот криминал, корупцијата и
нелегалната трговија.

56
CARDS – EU Assistance Programme for Reconstruction, Development and Stabilisation in the Western Balkans
(Програма за помош на ЕУ за развој, стабилизација и реконструкцијата во Западен Балкан)
57
UNDCP – United Nations International Drug Control Program (Меѓународна програма за контрола на дрога
на Обединетите нации)
58
IPA – Instrument for Pre-Accession Assistance (Инструмент за претпристапна помош)

56
Монографија – 30 години Царинска управа

Усвојување на меѓународни стандарди


Во јуни 2005 година, на седница на Советот на Светската царинска организација, земјите членки на
Светската царинска организација ја усвоија Рамката на стандарди за обезбедување и олеснување на
глобалната трговија59, како единствен меѓународен инструмент кој овозможува нов пристап во
управувањето со стоките што поминуваат преку гранцица, со уважување на блиските партнерски односи
што треба да постојат помеѓу Царината и деловната зедница. На покана на Царинската управа, Светската
царинска организација во јуни 2007 година спроведува дијагностичка мисија за усогласеноста на
Република Македонија со Рамката на стандарди за безбедност и олеснување на меѓународната трговија.
При тоа е извршена стратешка проценка на способноста на Царинската управа за спроведување на
реформи и модернизација, со дадени совети за примена на Рамката на стандарди за безбедност и
олеснување на трговијата и со посочена стратешка насока за спроведување на идните активности.
Во соработка и со финансиска поддршка Проектот на USAID60 за подобрување на деловното
окружување, Царинската управа во 2007 година го збогатува фондот на преведени и објавени
прирачници и публикации на СЦО (Рамка на стандарди за обезбедување и олеснување на глобалната
трговија, Кратко објаснување на Ревидираната Кјото конвенција и Поимникот на меѓународни царински
термини).

Активности на меѓународна соработка во поддршка на евроинтегративниот


процес
Со поддршка на програмата CAFAO61-MAK финансирана од Европската комисија и воспоставена во нашата
земја во 2002 година, се реализира Проектот за техничка поддршка за осовременување и развој на
Царинската служба според стандардите на Европската унија. Се посветува внимание на организациската
структура, стратешкиот деловен план, подготовката на царинското законодавство, ефикасното откривање
и спречување на незаконски дејствија, професионалната кадровска служба и развојот на центарот за
обука. Од заедничката работа со CAFAO-MAK посебно се истакнуваат резултатите од доменот на борба
против корупција и борба против недозволената трговија. Активностите на CAFAO-MAK се финансираа и
со средства од CARDS програмата62.
Преку CARDS63 програмата се реализира Проектот за интегрирано гранично управување со чија
поддршка се развива и усвојува Националната стратегија за интегрирано гранично управување, со
акционен план за нејзина имплементација (2002-2004). Се воведува нов пристап во заштитата на
државната граница и координирана стратегија за раководење и контрола на лица и стока која влегува,
излегува или транзитира низ царинското подрачје преку граничните премини, како и спречување на
недозволената трговија. Главна цел на Програмата CARDS е да се решат регионалните проблеми и да се
промовира регионална соработка помеѓу земјите од Западен Балкан. Активностите на делување
вклучуваат заедничко управување со границите, подобрување на административниот капацитет,
поддршка на демократската стабилност, развој и интегрирање на инфраструктурата за транспорт,
енергија и животна средина со европските мрежи.
Во рамки на проектите финансирани од ИПА 2007 програмата (ИПА фондови на Европската комисија), во
текот на 2010 година се реализираат 3 под-проекти: Под-проект за натамошно усогласување на
националното царинско законодавството со законодавството на ЕУ, Под-проект за техничка поддршка
за подобрување на царинските ИКТ системи и Под-проект за зајакнување на граничните контроли.

59
SAFE – Framework of Standards to Secure and Facilitate Global Trade)
60
USAID – United States Agency for International Development
61
CAFAO – Customs and Fiscal Assistance Office (Kaнцеларија за поддршка на Царината и фискална
поддршка)
62
Соработка во домен на царина и оданочување, Европска унија и Западен Балкан, стр. 4 и 7 (Cooperation
in the field of Customs and Taxation, the European Union and the Western Balkans,
file:///E:/10%20fevruari%202022/cafao_en.pdf )
63
CARDS – Community Аssistance for Reconstruction, Development and Stabilisation (Помош на Заедницата
за обнова, развој и стабилизација)
Царински терминал на Граничен премин Табановце

Со Проектот TTFSE (2002-2006), кој е дел од регионалната програма за олеснување на трговијата и


транспортот во Југоисточна Европа, се спроведуваат реформска компонента – институционална реформа
на Царинската управа (во соработка со SECI TTFSE Консултанскиот тим на Царината на САД), трговска
компонента – развој и поддршка на трговијата преку обуки и информирање на бизнис секторот (во
соработка со Стопанската комора на Република Македонија), изградба на нова управна зграда и центар
за автоматска обработка на податоци, набавка на компјутерска опрема, обуки и изградба и подобрување
на објектите на граничните премини Табановце и Деве Баир.

Царински терминал на Граничен премин Ќафасан

Царинската управа дава придонес и активно учествува во меѓународната Програма за борба против
распространување на оружјето поддржана од Владата на САД.
Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) 64, финансирана и поддржана од
Министерството за надворешни работи и Министерството за безбедност на САД, се активира во 2004
година и обезбедува континуирана поддршка за Министерството за внатрешни работи и Царинската
управа, преку обезбедување на обуки и опрема за разоткривање и спречување на нелегално
пренесување на оружје и оружје за масовно уништување. Преку програмата се донира опрема која што
се користи во секојдневната работа на Царинската управа (рачен рентген скенер, фиберскопи, бустери,
детектори за радијација, видеоскопи, алат, компјутери, патролни и теренски возила).
Царинските службеници во 2003 година се вклучени во активностите на регионалниот Проект за техничка
соработка „Изградба на капацитети за откривање и одговор на недозволена трговија со радиоактивни
материјали“, како и во активности на IAEA65.
На 14 септември 2005 година во Холандија е потпишан Меморандум за Twinning партнерство помеѓу
нашата Царинска служба и Царината на Холандија, реализиран во периодот 2005-2008 година.

64
EXBS – The Export Control and Related Border Security Assistance
65
IAEA – International Atomic Energy Agency (Меѓународна агенција за атомска енергија)

58
Монографија – 30 години Царинска управа

Соработката резултира во подобрени царински постапки, особено кај увозот за облагородување и


воспоставување на структура за заштита на интелектуална сопственост. По заедничките спроведени
активности, се забележаа подобри резултати во реализирани заплени и успешни акции на спречување на
криумчарење и друг вид организиан криминал, како и намалени појави на коруптивно однесување.
Двете администрации ја продолжуваат соработката и со потпишување на втор договор во 2010 година, со
кој се договорија областите на заедничко делување и помош, во период до 2014 година – надзор над
трговски друштва, царински постапки со економски ефект, вештини на раководење, борба против
фалсификувани производи, унапредување на работењето на Царинската лабораторија, современ систем
за управување со човечки ресурси, како и воведување на компетенции.
Со Царинската служба на Словенија, во рамки на Договор за техника соработка, се реализираат
активности за јакнење на капацитетите за управување со акцизите, работењето на Царинската
лабораторија и подготовка за преговарачки процес за пристапување кон Европската унија.

Заеднички организирани настани


Во септември 2002 година во Охрид се одржува 7-ма конференција на RILO (Regional Intelligence Liaison
Office)66 под покровителство на Светската царинска организација и регионалната канцеларија на RILO.
Првата Регионална разузнавачка служба за врски е формирана во 1987 година, со намера да се оформи
глобална разузнавачка мрежа. Размена на информации на национално, регионално и меѓународно ниво
отсекогаш е важна за царинските органи за да може да се постигне поуспешно спроведување на закон и
поефикасни контроли.
Во април 2005 година во Охрид се одржува меѓународен форум „Размена на искуства помеѓу царинските
служби во процесот на евроинтеграциите“. Царинските служби од регионот усвоија Охридска
декларација со изразена волја и подготвеност за подобра соработка и размена на искуства за
усогласување на царинските постапки, олеснување на трговијата и транспортот според европските
стандарди, размена на податоци и борба против криминалот.
Во мај 2009 година во Скопје се одржува петтиот регионален Координативен форум во рамки на проектот
на ЕУ TACTA67 на кој присуствуваат директорите на царинските служби од Република Македонија и
државите од Западен Балкан, корисници на помошта. Се усвојуваат заклучоци за засилување на
взаемната соработка на полето на електронската размена на информации и поврзувањето на царинските
информациски системи за испитување на можностите за заеднички и взаемни контроли. Проектот TACTA
обезбедува помош за модернизација на организационата структура и царинското работење, развој на
нови стратегии за борба против царинските измами и недозволената трговија.
Во март 2010 година во Охрид се одржува редовна Годишна конференција на Европскиот регион на
Светската царинска организација, на која се дискутира за јакнењето на борбата против фалсификатите и
пиратеријата, имплементацијата на стандардите на СЦО за поддршка на трговијата и јакнење на
безбедноста и сигурноста, координираното управување со границите и развојот на едношалтерски
систем.

Меѓународна соработка во периодот 2012-2021 година

Европска интеграција
Посебно место во агендата на Царинската управа имаат активностите насочени кон перманентно
усогласување со царинското законодавство на ЕУ, поврзување со царинските ИТ системи на Унијата и
примена на најдобрите европски практики. Царинската управа континуирано учествува во активностите
на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување, работно тело во рамките на Спогодбата
за стабилизација и асоцијација, на чии состаноци се презентира остварениот напредок што нашата земја
го има постигнато во однос на слободното движење на стоки, претпријатија и индустриска политика,

66
RILO – Regional Intelligence Liaison Office (Регионална разузнавачка канцеларија за врски)
67
TACTA – Technical Assistance to Customs and Tax Administrations (Техничка помош за царинските и
даночните управи)
туризам, оданочување, Царинска унија и трговски прашања. На состаноците редовно се констатира добро
ниво на усогласеност со царинското законодавство на ЕУ и развојот на ИТ системите. Царинската управа
редовно се оценува во Извештаите на Европската комисија за напредокот на земјата, каде во поглавјето
„Царинска унија“ се нотира дека таа е една од институциите со најголем напредок и високо ниво на
подготвеност за евроинтегративниот процес.
Во 2019 година Царинската управа учествува на објаснувачкиот скрининг за почеток на преговорите со
ЕУ. Од аспект на подготвенот за почеток на преговори за членство, Европската комисија потврди дека
Царинската управа е високо позиционирана и е една од водечките управи во регионот.

Проекти поддржани од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и други


европски програми
Со фондови од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) се реализирани следните проекти:
- Хармонизација на законодавството и постапките со закодавството и добрата практика на ЕУ во
областа на акцизите – проектот се реализираше во периодот од јуни 2015 година до јуни 2017 – ИПА
2010, во соработка со Царинската служба на Австрија.
- Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзитни постапки и
Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока – проектот се
реализираше во периодот од 2014 до 2016 година - ИПА 2010 со поддршка на Царинската служба на
Словенија.
- Зајакнување на административните капацитети за исполнување на обврските за членство -
Спроведување на правата од интелектуална сопственост – проектот се реализираше во периодот од
јануари 2016 година до јули 2018 година - ИПА 2011, во соработка со Канцеларијата за патенти и
трговски марки на Кралството Данска.
- Техничка помош за тестирање на функционалностите и интерконективноста на царинските ИТ
системи во Царинската управа (ИПА 2011).
- Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската управа (ИПА 2013).
- Подобрување на наплатата на приходите и даночните и царинските прописи (ИПА 2, започнат во
2020, со времетраење од 36 месеци, се однесува на Министерството за финансии, Управата за јавни
приходи и Царинската управа).
- Техничка поддршка во областа на законодавството се реализира преку неколку твининг проекти во
соработка со царинските служби на Финска, Австрија и Словенија (подготвени бројни предлог закони
и упатства за хармонизација со законодавството на ЕУ).
- Поврзување со царинските информатички системи на ЕУ (Новиот компјутеризиран транзитен систем
(НКТС), Интегрираната тарифна околина ITE (Проектот ИТО во Република Македонија, започна во
октомври 2012 година и заврши во предвидениот рок – октомври 2014 година, со главна цел да се
усогласат царинските ИТ системи на Република Македонија со соодветните тарифни системи што ја
сочинуваат Интегрираната тарифна околина на ЕУ).
Извршени се следните набавки на опрема:
- Современа опрема за Царинска лабораторија наменета за анализа на акцизни стоки и
производи од хемиската индустрија (во 2018 година);
- Специфичен вид на опрема за подобрување на царинската контрола – возила за транспорт
на царински кучиња и мобилен скенер (реализирано во 2021 година преку програмата ИПА
2) и
- Опрема за воспоставуање на заеднички Податочен центар во случај на криза и природни
непогоди, со цел да се одржи континуитет на деловните процеси во Царинската управа и
зачувување на податоците преку консолидација на ИКТ системите (реализирано во 2021
година преку програмата ИПА 2).

60
Монографија – 30 години Царинска управа

Извршена е надградба на објектите на повеќе гранични премини:


- Во 2018 година се пушта во употреба новиот царински терминал на граничниот премин
Табановце, а преминот е проширен со две нови ленти на излез (ИПА 2012);
- Во 2019 година се пушта во употреба нов увозно-извозен царински терминал на ГП Ќафасан,
со површина од 9.500 метри квадратни со пристапни патишта, објекти за царинење и за
други инспекциски органи (ИПА 2013);
- Во употреба се пушта целосно реновираната управна зграда и придружни објекти на ГП
Богородица (проект „BORDER IN“). Во тек е втор проект „We cross borders” за дополнителна
модернизација на ГП Богородица и ГП Дојран (Програма IPA за прекугранична соработка
помеѓу Република Македонија и Република Грција 2014-2020).
Во 2021 и 2022 година, во фаза на програмирање и подготовка на документација се важни проекти во
насока на евроинтегративниот процес кои ќе бидат финансирани од ИПА 3 - имплементација на ИТ
системите EORI68 и IAM69“, системи за поддршка на е-трговија и контроли, модернизација на ГП Делчево,
изградба на целосно нов ГП во регионот Преспа (ГП Маркова нога), Нов систем за евиденција и следење
на активностите за контрола и истраги и набавка на опрема за контрола и истраги.
Од 2009 Царинската управа активно учествува во Царина 2020 – Програма на Европската комисија, која
има за цел јакнење на административниот капацитет на царинските служби на ниво на ЕУ. Претставници
на Царинската управа имаа можност да учествуваат на обуки, работилници, семинари и работни средби,
со цел размена на искуства, знаења, запознавање со најдобри практики од земјите од европскиот регион.
Програмата покрај учеството во активности, овозможува и поврзување со царинските и даночните
системи на ЕУ (преку системот CCN\CSI 70). Настаните и активностите поддржани со Програмата
овозможија воспоставување на поблиски контакти со колегите од странски царински служби, размена на
знаење и експертиза.
Со учество во активности поддржани од Инструментот за техничка помош за размена на информации
на Европската Комисија (TAIEX) 71 се надоградуваат капацитетите за прекугранична соработка во борбата
против криминалот со возила, проценка на анализа на ризик и физичка и документарна контрола,
царински постапки за поштенски сообраќај, интегриран пристап во заштита на културното наследство и
анализа на ризик во транзитна постапка, борба против меѓународната трговија со нелегални стоки и
кривични дела против интелектуална сопственост, спречување на перење пари и проценка на ризик од
финансирање на тероризам, царинска вредност и управување со ризик.
Во 2013 година се пушта во употреба реконструираниот и модернизиран дел од граничниот премин Блаце
за патници, лесни возила и автобуси (преку Проект TTFSE II финансиран од Светска банка).
Царинската управа, агенциите и инспекциските служби ќе добијат нов Национален едношалтерски
систем (NSW) кој ќе овозможи хармонизација на процесите и податоците за обработка на дозволите од
прекуграничниот проток на стоки, согласно стандардите и практиките на ЕУ. Со имплементација на
ваквиот систем ќе се примени концептот на заедничка анализа на ризик од страна на инволвираните
институции, со напредни системи за генерирање на извештаи што ќе бидат интегрирани во Националниот
едношалтерски систем(преку Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од
Западен Балкан финансиран од Светска Банка).
Во постапка е набавка на нов Систем за видео надзор интегриран со Системот за автоматско
распознавање на регистарски таблички, како алатка за сузбивање на недозволената трговија, шверц и
корупција во царинските испостави и модернизација и реконструкција на граничните премини Ќафасан
и Деве Баир (преку Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан
финансиран од Светска Банка).

68
EORI – Economic Operators' Registration and Identification number
69
IAM – Identity Access Management
70
Communication Network – CCN and Common System Interface – CSI (Комуникациска мрежа – CCN и
Заеднички системски интерфејс – CSI
71
TAIEX – Technical Assistance and Information Exchange instrument of the European Commission
Во декември 2014 година се потпишува Рамковниот договор за соработка во олеснување на царинењето
помеѓу Царинските управи на Кина, Унгарија, Србија и Македонија. Овој договор предвидува постојана
размена на информации за спречување, откривање и борба против прекуграничниот криминал и
царински измами, дополнителен придонес за забрзување и олеснување на легалната трговија како и
поголема безбедност на меѓународниот синџир на трговијата помеѓу земјите потписници.
Во 2020 година, Владата на Јужна Кореја со грант средства го поддржува градењето на капацитетите на
Царинска управа, во делот на брзите пратки, откривањето на нелегалните финансиски текови и анализа
на ризик во е-трговија (Консултантски проект за модернизација на Царината на Северна Македонија за
2020 година72). Се подобруваат услугите и се зголемува националната безбедност преку подобра
контрола на меѓународното движење на стока и патници.
Во насока на воспоставување на заедничко гранично управување преку пристапот „One Stop Shop“
Република Северна Македонија, заедно со Република Србија, се првите земји од Западен Балкан што
воспоставија заедничка гранична контрола, со што се обезбеди заедничко извршување на граничните и
царинските формалности при движењето на стоките и патници (2019 година). Во тек е воспоставување на
заедничко гранично управување со Албанија и Косово.
Во 2021 година преку Проектот за Регионален економски развој, управување и раст на претпријатијата 73
на УСАИД, во насока на воспоставување на заеднички контроли со Република Албанија на граничениот
премин Ќафасан-Кафтане, се набави опрема за контроли, се реализираа обуки и студиска посети за
царински службеници од двете држави.

Позначајни настани

Царинската управа во соработка со Државниот царински комитет на Република Азербејџан во ноември


2013 година во Скопје беше домаќин на Регионална конференција за улогата на Царината во заштитата
на културното наследство.

72
2020 Customs Modernization Consulting Project for North Macedonia
73
USAID regional Economic Development, Governance and Enterprise Growth – EDGE Project

62
Монографија – 30 години Царинска управа

Во 2019 година Царинската управа е домаќин на 14-тата Светска царинска конференција PICARD74, во
организација на Светската царинска организација и во соработка со Царинската служба на Република
Кореја. Главна тема на конференција беше „SMART BORDERS за непречена трговија, патување и
транспорт“, со потврдена определба за непречено движење на стоки, патници и транспортни средства
преку границите. На конференцијата присуствуваа околу 200 лица, академски граѓани со своите трудови,
консултанти од повеќе области, но и слушатели од целиот свет.

74
PICARD - Partnership in Customs Academic Research and Development (Партнерство во Царинското
академско истражување и развој)
Контрола на примената на законите

Период од 1992 до 2001 година


Со осамостојувањето и воспоставувањето на државните граници, се овозможува не само непречен проток
на патници, возила и стока, туку се воспоставува и соодветен систем на контрола, со цел превенирање,
откривање и спречување на нелегална трговија на стоки. Од тука, главниот фокус на Царинската управа e
во насока на обезбедување на соодветна опрема и стручно усовршување на царинските службеници за
непречено спроведување на царинската контрола. Како резултат на тоа, со текот на годините, се прават
значителни промени во насока на модернизирање на царинското работење. Новите трендови на
криумчарење, наметнуваат воведување и модернизирање на царинската служба, соодветно и согласно
новите технички достигнувања, а раководени од потребата за олеснување на надворешно трговската
размена и обезбедување на предуслови за што поквалитетно исполнување на задачите и обврските.
Така, во 1993 година, со цел соодветно спроведување и контрола на законите, во рамки на Секторот за
царинско-правни работи се формира Одделение за контролно-аналитички и ревизиони работи и
сузбивање на криумчарење, што ги отсликува скромните почетоци на институционалниот развој во врска
со контролите и истрагите насочени кон сузбивањето на криумчарењето.

Селективност

Постојаното зголемување на обемот на прометна стока и патници, потребата од хармонизирање на


царинските контроли со стандардите на СЦО и ЕУ, како и ограничените ресурси со кои располага
Царинската управа, неминовно ја наметнуваат потребата од користење на соодветни системи и методи
на работа кои ќе обезбедат целосна заштита на приходите и целосно спроведување на законските
забрани, со истовремено поедноставување и забрзување на легитимната трговија. Така, согласно
светските искуства и најдобри практики, се воведува системот на селективност во царинското работење
и се имплементираат локални, регионални и државни критериуми за селективност. Се оформуваат листи
на селективност по тарифен став, земја на потекло, увозник, како и други показатели кои можат да го
претстават ризикот при царинската постапка. Се воспоставува систем на вредносна контрола на стоките
како параметар за селективност.

Борба против криминалот


Борбата против криминалот е еден од главните императиви на Царинската управа за овозможување на
сигурно и безбедно општество.
Во овој период царинската контрола е насочена кон превентивна контрола на документи и стока,
откривање на криумчарена стока, царински и девизни прекршоци, како и откривање на дрога и
прекурзори cо помош на специјално обучени кучиња.
Се донесува нова систематизација и се формира Секторот за контрола и истраги, надлежен за откривање,
превенција и истражување на царински прекршоци и кривични дела и кој согласно препораките на
меѓународната заедница, е прва единица за борба против недозволената трговија, шверцот и
сузбивањето на организираниот криминал. Паралелно со развојот на секторот се подобрува и зголемува
меѓуинституционалната, регионалната и меѓународната соработка.

64
Монографија – 30 години Царинска управа

Со цел зголемување на ефикасноста во борба против организираниот криминал и нелегалната трговија


со дрога се воспоставува активна соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен
криминал при Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разузнавање, како и со други органи
и институции.
Секторот за контрола и истраги континуирано се развива во насока на проширување и зголемување на
надлежностите, па со новата реорганизација и организациона структура се дели на Одделение за
контрола и ревизија и Одделение за истраги (во чии рамки постојат четири оперативни служби – Служба
за истраги која работи на откривање на прекршоци и кривични дела, Служба за разузнавање, чија што
надлежност е прибирање на информации и нивна обработка кои потоа се доставуваат до другите служби,
Служба за анализа и ризик и Мобилна служба, надлежна за граничана и длабинска контрола).
Преку проектот на Светската банка – TTFSE се обезбедуваат средства за опремување согласно светските
стандарди за превенција и детекција, како и стручна едукација и соодветна обука на вработените во
секторот, со цел ефикасно справување со најсовремените форми на криминалитет.

Период од 2002 до 2011 година


Следејќи ја својата стратешка определба и водена од визијата и мисијата за обезбедување на сигурно и
безбедно општество на граѓаните на Република Македонија, Царинската управа континуирано работи на
остварување на своите цели на сите полиња и во рамките на своите надлежности.
Така, во овој период, еден од главните фокуси е унапредување и надградување на институционалниот и
административниот капацитет, пред сè преку воведување и институционализирање на одржливи системи
за царинска контрола базирана на анализа на ризик, царинско разузнавање, контрола на трговски
друштва, работата на специјалните единици, како и преку перманентен и динамичен развој на
информатичката и комуникациската поддршка и воведување современи технологии, средства и апарати.
Со цел зголемување на административниот капацитет на Царинската управа, кон крајот на 2007 година
Министерството за финансии склучува двегодишен договор со меѓународно призната консултантска куќа
за ангажирање на царински експерти од ЕУ. Во период од две години, овие царински експерти работеа
заедно со царинските службеници на Царинската управа на воведување на системи на контрола и
процедури засновани на ризик како примарни основи за спроведување на царинските активности, развој
на истражните и разузнавачките функции, идентификување и откривање нерегуларности, илегална
трговија, криумчарење и економски криминал, развој и унапредување на ефективна меѓу агенциска
соработка во земјата и странство и развој и имплементација на антикорупциска стратегија.
Со цел поуспешно справување со ризиците при извршувањето на своите надлежности, кон крајот на 2010
година Царинската управа ја донесува првата Стратегија за управување со ризик, која има за цел
унапредување на системскиот пристап за идентификување и контрола на ризикот. На почетокот на 2011
година се формира Комитет за управување со ризик, чиј начин на работа, како и правата и обврските на
координаторот и членовите, се уредуваат со Деловник за работа на Комитетот за управување со ризик.
Кон крајот на 2010 година Царинската управа донесува и прва Стратегија за заштита на права од
интелектуална сопственост (операционализирана со годишни акциони планови) која има за цел
унапредување на организациската поставеност и техничката опременост на Царинската управа за
заштитата на правата од интелектуална сопственост, подигнување на свеста за штетните последици од
фалсификуваната стока и заштита на конкурентноста на домашните и странски производители на стоки
со заштитени марки. Во април 2011 година Царинската управа формира Комитет за контрола и
безбедност, кој има за цел да го поддржи системскиот развој на капацитетот на Царинската права за
спроведување на царинската контрола, предистражните и истражните мерки, како и разузнавачките
активности за откривање на прекршоци и кривични дела. Комитетот ги анализира применетите методи,
средствата и законската рамка за спроведување царински контроли и предлага насоки за нивен развој.

Царинско разузнавање
Во периодот од 2003 до 2005 година, со помош на експерти од ЕУ и под покровителство на CAFAO
мисијата, се надоградува и усовршува согласно постојните светски стандарди за царинското разузнавање.
Се спроведуваат интензивни обуки за разузнавање при што царинските инспектори се запознаваат со
основните цели на разузнавањето: функционирање на разузнавачкиот циклус, работа со информатори,
работа со информации, оценка на информации, учество во истражни дејства и слично. Во овој период е
воспоставена и разузнавачка база, во која како првични записи се земени сите записници за царинските
прекршоци и кривични дела откриени од Царинската управа во периодот од 2001 до 2003 година.
Главната цел на оваа база е обезбедување на сите релевантни оперативни податоци кои ќе се чуваат на
сигурен и безбеден начин. Нова верзија на разузнавачката база на податоци се креира во текот на 2004
година, што овозможи различни нивоа на пристап со што е подобрена сигурноста на системот .

Во 2007 година Царинската управа започнува со развој на Систем за пренесување на разузнавачки


пораки за внатрешна употреба (SEMS75), кој стана целосно опреативен во јуни 2009 година. SEMS служи
за размена на информации за патници, стока, возила/пловни објекти/авиони во патен/речен и воздушен
сообраќај пред нивното пристигнување, како и за прибирање и анализа на информации за разузнавање
и анализа на ризик. Во мај 2008 година Царинската управа го уредува начинот на работа со лица кои
даваат информации (информатори) за потребите на царинското разузнавање, нивната заштита,
стандардниот пристап при нивната идентификација, како и подготовката и управувањето со нив со цел
обезбедување на постојан проток на квалитетни информации, процедурите за прибирање и чување на
информации од информаторите и условите за давање надомест.

Селективни царински контроли базирани на анализа на ризик


Во 2004 година се имплементира електронската селективност во испоставите за стоково царинење, со
исклучок на некои испостави каде тоа не беше можно во тој период. Тогаш, во системот се дефинираат
ризични профили и се изработуваат 42 критериуми на ризик. Овие критериуми, кои служат како целни
параметри за селективен преглед, се поставуваат во системот во испоставите каде е воведен модулот на
селктивност. Критериумите редовно се анализираат и се врши нивно ревидирање, што подразбира нивно
модифицирање (во однос на проценти, параметри и елементи) или нивно укинување заради
постигнување поголема ефикасност.
Компјутеризацијата на контолата и истрагите во Царинската управа во овој период се реализира со
техничка помош од КАФАО-МАК мисијата во Република Македонија. Во рамки на оваа програма Секторот
за контрола и истраги добива цел опсег на опрема од информатичката технологија. Покрај опремата со
оваа програма се имплементираат и неколку бази на податоци.

Во 2004 година, започнува да функционира Службата за аналитика и статистика, која е надлежна за


ажурирање на базата на заплени, и со тоа е овозможено, во секој момент, добивање на статистички
податоци за вкупната заплена на акцизни стоки на територијата на Република Македонија. Во услови на
перманентно и рапидно зголемување на меѓународната трговија и бројот на транскации, царинската
контрола базирана на анализа на ризик претставува основна алатка за олеснување на легалната трговија

75
South-East European Messaging System

66
Монографија – 30 години Царинска управа

на која ќе ѝ биде овозможен слободен проток со минимум задржување и спречување на нелегалните


активности со насочување на расположивите ресурси кон овие пратки. Во 2007 година Царинската управа
воведува електронски Систем за информирање на менаџментот – СИМ (MIS)76, кој служи за прибирање
и анализи на податоци за активностите и прометот на граничните премини (возила, патници, контроли и
резултати и др.).
Врз основа на контролите базирани на анализа на ризик, само во 2010 година се наплатени 21,5
милиони евра на име увозни давачки.
Во 2008 година се уредува селективниот пристап, базиран врз анализа на ризик, при спроведување на
царинските контроли. Истовремено, Царинската управа донесува постапка за поставување и следење на
минимални квантитативни цели за спречување нелегална трговија и за олеснување на трговијата .
Во 2008 година Царинската управа воведува и електронска Апликација за евиденција на прометот на
девизни средства, хартии од вредност и благородни метали, при што ѝ е овозможен директен пристап
и на Агенцијата за спречување перење на пари. Царинската управа воспоставува детална електронска
база на податоци за кривичните пријави кои Царинската управа ги доставува до надлежното јавно
обвинителство.

Во 2009 година Царинската управа воспоставува Централна листа на осомничени – ЦЛО, како
електронска база на податоци на физички и правни лица и возила за кои оправдано се смета дека треба
да им се посвети дополнително внимание при било каква царинска контрола.
Во јуни 2009 година Царинската управа воведува електронска национална база на податоци за вредност
(прибирање, обработка и дистрибуција на податоци за цените на стоките, како индикатор за реалноста
на декларираните цени).

Во ноември 2010 година започнува реализацијата на втората фаза на проектот „Систем за електронска
размена на податоци (SEED77) во земјите на Западен Балкан“, финансиран од ЕУ. SEED обезбедува
електронска размена на податоци и раздолжување на транзитот помеѓу земјите од Западен Балкан, со
што има за цел да обезбеди повисок степен на царинска контрола и намалување на царинскиот криминал
и корупцијата.
Во септември и декември 2010 година Царинската управа на Република Македонија со царинските управи
на Албанија и Србија потпишува билатерални Протоколи за електронска размена на царински податоци
преку SEED.

76
MIS – Management Information System (Систем за информирање на менаџментот)
77
Systematic Electronic Exchange of Data
Со цел обезбедување систематизиран пристап во управувањето со ризиците на граничните царински
испостави и примена на контроли базирани на анализа на ризик, во 2010 година се воведува Електронски
систем за управување со ризик на граничните премини, кој го опфаќа и некомерцијалниот (патничкиот)
промет. Системот обезбедува систематизиран внос и анализа на податоци за резултати од спроведени
контроли и изработка на ризични профили.
Царинската управа активно учествува во проектот на ЕУ „Проценка на ризикот за царините од Западен
Балкан – RACWeB78“, кој заврши во октомври 2010 година. Проектот има за цел да ја зголеми ефикасноста
и транспарентноста на државите од Западен Балкан во проценката на ризикот, преку обезбедување
поддршка при идентификацијата на ризиците со примена на техники на пребарување во базите на
податоци, на национално и регионално ниво.
Во 2010 година Царинската управа воведува систем за анализа на кавантитативниподатоци за увозот и
извозот (вредност, количина, наплатени увозни давачки) како основа за профилирање на области за
царинска контрола на веќе завршени царински постапки, како и за профилирање на ризични области за
идна контрола.
Во 2011 година Царинската управа воведува електронска стоп листа на осомничени возила за кои
основано се смета дека треба да им се посвети дополнително внимание при вршењето на царинските
контроли.

Царински истраги
Со цел обезбедување организирана и систематизирана поддршка на царинските истражни активности,
во февруари 2006 година Царинската управа во состав на Одделението за истраги формира Служба за
борба против организиран криминал и Служба за борба против криумчарење.
Во јули 2009 година се уредува начинот и постапката на приведување на обвинето лице и задржување на
осомничено лице како мерки за обезбедување негово присуство за успешно водење на кривичната
постапка, како и начинот на распит на физичко лице осомничено за сторено кривично дело. Во август 2010
година се уредува постапката за дополнителна проверка на документи за утврдување на царинска
вредност, како и обврските на надлежните организациски единици за водење на евиденција и
доставување на информации поврзани со компаниите за кои е отпочната постапка за дополнителна
проверка на документи за утврдување на царинска вредност. Во јануари 2011 година се уредува
постапката за верификација на доказите за преференцијално потекло на стоката издадени во согласност
со договорите за слободна трговија кои Република Македонија ги има склучено со земјите членки на ЕУ,
ЕФТА и ЦЕФТА, како и со Турција и Украина. Во март 2011 година, се уредува начинот на подготвување,
изработка и поднесување на кривична пријава за кривични дела од областа на организираниот криминал
и корупција. Во јуни 2011 година се уредува постапката при откривање на двојни фактури при контрола
на стоки, поштенски пратки и товарни моторни возила. Во декември 2011 се утврдува постапка за
фотодокументирање и фотоархивирање, со пропишување на стандардните процедури на
фотодокументирање и начинот на фотоархивирање на откриени прекршоци, кривични дела и други
видови незаконски дела од областа на царинското работење, како и специфицирање на потребната

78
Risk Assessment for Customs in Western Balkans

68
Монографија – 30 години Царинска управа

опрема за фотографирање. Во 2011 година Владата на Република Македонија формира Координативно


тело за надзор на пазарот. Во овој контекст, од јуни 2011 Царинската управа го утврдува начинот на
уредување на предметите, надлежностите и постапките при вршењето царинска контрола согласно
Законот за надзор на пазарот од аспект на квалитетот и безбедноста на производите кои се внесуваат на
домашниот пазар.

Во овој период Царинската управа перманентно работи на обезбедување опрема за детектирање на


нелегално внесување и транзитирање на радиоактивни материјали. На граничните премини за патен и
железнички сообраќај, како и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, се монтираат портални
детектори за детектирање на радиоактивно зрачење. Исто Така, Царинската управа обезбедува и повеќе
видови на преносни инструменти за детектирање на радиоактивни извори кои се употребуваат на
граничните премини. При детекција на радиоактивен извор, во соработка со надлежните институции, се
врши детално испитување и спектроскопска анализа на изворот и се проследуваат сите неопходни
безбедносни процедури.

Во септември 2008 година, со асистенција на Владата на САД, се обезбедува нова техничка опрема за
вршење царинска контрола (бустер, фиберскоп, ласерски мерач на далечина, пејџери за откривање на
радијацијаи разна друга софистицирана опрема за откривање на скриена стока). Во 2008 година
Царинската управа воведува модерно лично вооружување за заштита на царинските службеници при
вршење на работните обврски.
Во 2008 и 2009 година Царинската управа набавува 7 царински кучиња. Со цел обезбедување системски
уредено чување, дресура и употреба, во мај 2009 година Царинската управа донесеува постапка за
чување, обучување и користење на царински кучиња за откривање дроги, психотропни супстанци и
прекурзори.

Во средината на 2008 година Царинската управа става во функција два патролни чамци за надзор на
границата на Преспанско и Охридско Езеро, како и откривање шверц и криумчарење. Во август 2009
година го утврдува начинот употреба на моторни чамци на Службата за мобилни тимови (ревидирано во
ноември 2011 година) и Прирачник за работа со моторен чамец, со кои се уредува начинот за безбедно
ракување со моторните чамци, нивно пристанување или закотвување и контролните постапки за другите
пловни средства.

Со цел организирање на работата, начинот на поставување и поефикасно користење и чување на


мобилните рендгени за контрола на личен багаж, во ноември 2010 година се утврдува начинот за
скенирање на личен багаж на патници со мобилен рендген и Прирачник за работа со мобилен рендген,
што претставува информативно средство за сите систем оператори на „LS207 Autovan“ системот, кое им
овозможува правилна, безбедна и ефикасна употреба на истиот.

Со цел обезбедување на поголема сигурност на пратките и соодветен царински надзор, во јануари 2009
година Царинската управа воведува нов вид на царински сигурносни пломби со единствени сериски
броеви и електронска евиденција на начинот на нивно издавање, употреба и раздолжување. Со овие
царински пломби се заменуваат дотогашните (парче олово кое со клешта со жиг се притиснува на парче
жица) кои не обезбедуваа евиденција на издавањето и употребата и лесно се злоупотребуваа. Со
примената на новите пломби се зголемува безбедноста на пратките со царинска стока во сите постапки
(транзит, извоз и увоз), и се елиминираат ризиците во царинските постапки кои произлегуваат од
застарениот систем на пломбирање кој се потпира врз оловни пломби и клешти. Со цел уредување на
постапката на набавка, чување, издавање и употреба на новите царински пломби, во април 2009 година
се утврдува постапката за работа со царински пломби.
Во рамки на Проектот за натамошен развој на царинската служба, финансиран од ЕУ во рамки на ИПА
2007, Царинската управа обезбедува специјални детектори за откривање наркотици и експлозивни
материи. Во декември 2011 Царинската управа го утврдува начинот за работа со електронски детектори
за наркотици и експлозив, со кое се уредува организацијата на работа, начинот на поставување,
користењето и чувањето на електронските детектори за наркотици и експлозив.

70
Монографија – 30 години Царинска управа

Во мај 2008 година Царинската управа го утврдува начинот на работа на Oдделението за кординација и
комуникација (ОКК). ОКК работи 24 часа секој ден (24/7) со основна задача прием на информации,
првична анализа, проценка и нивно процесирање, давање логистичка подршка на царинските работници
на терен и во царинските испостави, управување со CCTV79, ANPR80, системот за следење на службените
возила на Царинската управа (GPS), администрирање на отворената телефонска линија 197 за
пријавување криминал и корупција, како и координирање на системите за анализа на ризик и царински
надзор вон редовното работно време. Во февруари 2011 година се воведува Електронски дневник за
дневните активности на ОКК – ЕДДА. Од крајот на 2006 и самиот почеток на 2007 година, отворената
царинска линија 197 година целосно се автоматизира со воведување систем за снимање на телефонските
пријави. Се имплементираат повеќе бази на податоци кои овозможуваат брза проверка и логистичка
подршка на царинските службеници на терен. Се публикува промотивен матерјал на повеќе јазици
(македонски, албански, англиски, турски и француски) во форма на постери, флаери и огласни табли, а
преку Македонската телевизија се емитуваат промотивни спотови.
Во септември 2008 година Царинската управа воспоставува централизирано контролиран систем за
видеонадзор – CCTV. CCTV овозможува видеонадзор, снимање и фотографирање во реално време на
подрачјето на кое Царинската управа ги извршува своите функции, обезбедува поддршка на активностите
за откривање и спречување недозволена трговија и шверц на стока, заштита на здравјето на луѓето и
животната околина, сузбивање на злоупотребата на службени овластувања и несовесно вршење на
службените должности, забрзување на трговијата и транспортот и ефикасно отстранување на евентуални
застои, како и за обезбедување на вработените и имотот на Царинската управа. Врз основа на анализа на
ризик, разузнавачки и други информации, се таргетира задолжителниот мониторинг, а камерите снимаат
24 часа. Пристап кон системот има и претставникот на Царинската управа во Националниот
координативен центар за Интегрирано гранично управување. Во јануари 2009 година Царинската управа
го уредува начинот за работа со CCTV.
Во септември 2008 година Царинската управа на подрачјето на граничните и внатрешните царински
испостави, поставува систем за автоматско препознавање на регистарски таблички на 132 коловозни
ленти. Негова основна намена е контрола на протокот на возила, откривање и спречување на
недозволена трговија и шверц на стока.

Специјални (мобилни) единици


Основна функција на специјалните (мобилни) единици на Царинската управа (Одделение за оперативни
работи) е сузбивање на криумчарењето на разни стоки на целото царинско подрачје на Република
Македонија преку гранични и длабински контроли. Специјалните единици обезбедуваат поддршка на
царинските службеници на граничните премини и царинските терминали, со изведување на стручни
прегледи и акции. Членовите на специјалните единици се посебно обучени за преглед на патнички
автомобили, камиони, автобуси, вагони, патници, багаж на патниците, простории и друго. Прегледите се
вршат по конкретни добиени информации, планови, програми, анализа на ризик, како и по барање на
други државни органи. Покрај претходното, во кординација со ОКК, специјалните единици спроведуваат
и царински надзор на иматели на одобренија за локално царинење после редовното работно време.

79
Closed Circuit Television (телевизија од затворен тип)
80
Automated Number Plates Recognition
Летна униформа на специјалните единици Зимска униформа на специјалните единици

Со цел зголемување на капацитетот за откривање и спречување обиди за шверц и криумчарење, на


специјалните единици од 2008 година им се овозможува безжичен пристап кон ИТ системите на
Царинската управа. Во септември 2008 година се промовираат нови царински униформи на
специјалните единици.

Контрола на трговски друштва


На почетокот на 2006 година се врши поделба на Одделението за ревизија и контрола, на две организациски
единици – Одделение за контрола на трговски друштва и Одделение за внатрешна инспекција. Контролата
на сметководствената и финансиска документација на трговските друштва зазема сѐ поголемо учество во
вкупните контролни функции на Царинската управа, при што се откриваат голем број неправилности од
царински аспект, се контролираат иматели на одобренија за увоз за облагородување и царинско складирање.
Врз основа на контролите и утврдените неправилности се донесуваат решенија за дополнителна наплата на
име царински и акцизен долг. Се вршат надворешни контроли на иматели на акцизни дозволи и барања за
поврат на акцизи, при што, доколку е потребно, се врши дополнителна наплата на даночниот долг или се
одземаат акцизните дозволи.
Во овој период Царинската управа интензивно работи на зголемување на капацитетот во областа на
контролата на трговските друштва од аспект на редовното царинско работење, издадените одобренија за
царински постапки со економски ефект, акцизни одобренија и одобренија и лиценци за вршење работи на
застапување во царински постапки.
Во овој период се спроведуваат над 650 контроли на трговски друштва, над 1.800 контроли на иматели на
одобренија и над 150 други видови на контроли.

Царинска контрола
Во 2003 година на Царинската управа ѝ се овозможува пристап до CEN – Customs Enforcement Network базата
на информации на СЦО која се користи за царински разузнавачки цели. Во оваа база има информации за сите
заплени на наркотични средства, цигари, оружје, кои земјите членки на СЦО ги имаат доставено. Се
воспоставуваат врски со РИЛО (Регионална разузнавачка канцеларија за врски) на почетокот на 2003 година.
Се назначуваат лица за контакт, со што се овозможува побрза размена на информации за потребите на
царинската служба .

Во 2005 година се носи Уредба за употреба на средства за присила, како и носењето и употребата на
огненото оружје од страна на царинските службенци, како и Правилник за видот на документите и

72
Монографија – 30 години Царинска управа

податоците кои се означени како службена, деловна и друга тајна, начинот на нивно чување и заштита.
И во овој период при вршењето на царинските контроли запленетисе различни видови непријавена или
шверцувана стока.

При спроведување на царинскиот надзор, царинските службеници се овластени да поднесуваат


прекршочни и кривични пријави поради основано сомневање за сторени кривични дела (царинска
измама, криумчарење, даночно затајување, недозволено производствот и промет со акцизна стока,
наркотици, оружје, фалсификување документи идр.). Во секојдневното работење, во зависност од видот
на царинска контрола, се користи техничка опрема и службени автомобили опремени со светлосна и
звучна сигнализација. Опремата за работа на терен се состои од: огнено оружје, лисици, гумена палка,
телескопски палки, панцир елек, тактички елек, мобилен телефон, диктафон, лап-топ, мобилен печатар,
дигитален фото-апарат, видео камера, лупа за откривање на фалсификати, сет за форензика, бустер,
фиберскоп, тестери за наркотици, уреди за присилно запирање на возила и друга опрема. Врз основа на
Законот за кривична постапка, судот по писмено барање од Царинската управа може да нареди
преземање на посебни истражни мереки кога постојат основи за сомневање дека се подготвува, во тек е
извршување или е сторено кривично дело.

Царинската управа има надлежност, по наредба на истражен судија, или по насоки на јавниот обвинител
да врши претреси на домови и други простории. При вакви претреси се пронаоѓаат психотропни
супстанции, брендирана стока, преносни компјутери и уреди за навигација. Како предмет на царинска
измама се најзастапени прехранбените и текстилните производи, пијалоците, градежните материјали и
акцизните стоки. Од областа на економскиот криминал се откриваат повеќе случаи на фалсификување на
исправа, царинска измама и даночно затајување. Се фалсификуваат уверенија за движење на стоки, ТИР
карнети и др.
Се откриваат повеќе случаи кога на царинските работници им се презентираат лажни фактури кои гласат
на многу пониски вредности од вистинските, со цел да бидат избегнати вистинските износи на увозните
давачки. Царинската управа, врз основа на билатерални договори помеѓу со други држави, до странските
царински администрации поднесува барања за дополнителна верификација на фактури и документи за
увозно оцаринета стока во Република Македонија. Врз основа на добиените негативни одговори се
поднесуваат кривични пријави за сторено кривично дело царинска измама и даночно затајување.
„Модерните“ трендови во криумчарењето продолжуваат и во овој период: наркотици, девизи, мигранти,
но и сè повеќе реализирани заплени по основа на повреда на правата на интелектуална сопственост.
Одземени се големи количини разни текстилни и козметички производи, обувки, очила, часовници и
други производи со фалсификувани ознаки на брендови.

На 7 јануари 2007 година, на ГП Блаце, запленети се 486 Обид за шверц на поголема количина
килограми кокаин. Ова е реализирано со помош на рендген ефективни странсики пари, сокирени
комбе, а дрогата е сокриена во камион во канти со боја. околу телото на осомничениоит.

Илегални мигранти откриени на ГП Богородица во 2009 со Фалсификувани уверенија за


помош на мобилен скенер за контрола на големи возила и одобрување на ТИР карнет, направен
контејнери. со скенирање на царинскиот печат и
факсимил и нивно нанесување на
уверението, октриени во 2009 година.

150 илјади фалсификувани административни таксени Хероин, пронајден во 2010 година,


марки откриени на ГП Јажинце во 2009 година. сокриен во прерамки од детски ранци.

74
Монографија – 30 години Царинска управа

Фалсификувани таблети пронајдени во 2012 година во Милиони парчиња цираги сокриени во


патничко возило. цистера, откриени во 2007 година.

Радиоактивно зрачено дозволеното ниво, детектирано во


2008 и 2009 година.

Како резултат на системски мерки за јакнење на царинска контрола и сузбивање на злоупотребата на


службената должност, според проценки на производители и увозници на тутунски производи, учеството
на цигари за кои не се платени давачки во вкупната потрошувачка на цигари во Република Македонија
бележи перманентен значителен тренд на опаѓање од околу 25% на почетокот на 2006 година на околу
5% на крајот на 2011 година.
Во периодот 2007-2012 година Царинската управа поднесува над 630 пријави за основано сомнвање за
сторени кривични дела, од кои најголем број за царинска измама (над 240), криумчарење (над 120),
нелегален промет со акцизна стока (над 130) итн. Истовремено се процесирани над 8.100 пријави за
сторени царински, девизни и акцизни прекршоци, при што се донесени 5.300 решенија за сторени
прекршоци и, покрај мерката одземање на стоката која е предмет на прекршокот, изречени глоби во
вкупен износ од околу 300 милиони денари.

Заштитата на права од интелектуална сопственост во овој период станува редовна активност на


Царинската управа, самостојно, но и во соработка со другите служби во државата и во странство, со
надлежности во оваа област. Директно се работи на унапредување на соработката со производителите
на стоки со заштитен бренд и нивните претставници, зголемување на јавната свест за штетите од
употребата на фалсификувана стока, како и јакнење на капацитетот на Царинската управа во спречување
производство и трговија со фалификувана стока. Во продолжение на системските решенија за заштита на
правата од интелектуална сопственост донесени во 2006 година, Царинската управа во 2007 година
воведе нови критериум за ризик за внатрешни царински испостави - INTEL кој се однесува на стока која
го повредува правото од интелектуална сопственост. Лоцирани се фирмите увознички кај кои била
откриена стока која го повредува правото од интелектуална сопственост, како и видот на стоката која е
одземена и уништена.
Како резултат на зајакнување на системот и интензивирање на активностите кои резултираа со
значителни заплени на фалсификувана стока, во годишниот извештај на СЦО „Customs and IPR Report
2007“, Република Македонија беше рангирана на 10 место во светот по бројот на реализирани царински
акции за спречување повреда на правото на интелектуална сопственост.
Во 2007 година Царинската управа реализираше 325 акции во кои беа запленети околу 1,7 милиони
парчиња фалсификувана стока. Ова темпо со стотици акции продолжи и во 2008 и 2009 година кога беа
запленети по околу еден милион парчиња фалсификувана стока годишно. Интензивноста на акциите и
заплените овие 3 години придонесоа за значатилено намалување обидите за увоз и транзит на
фалсификувана стока, а со тоа и на присуството на фалсификувана стока во Република Македонија.

Советот на СЦО, на годишниот состанок одржан во јуни 2009 година во Брисел, на Царинската управа на
Република Македонија ѝ ја додели годишната награда – Трофејот Јоланда Бенитес 2009 за најдобри
достигнувања во заштитата на правата од интелектуална сопственост (Yolanda Benitez WCO Trophy 2009
Combating Counterfeiting and Piracy), конкретно за запленета фалсификувана стока што може да му
наштети на човековото здравје и безбедност.

Контрола и примена на законите во периодот 2012-2021 година


Во третата декада од своето постоење, Царинската управа, како важен државен орган, чија примарна
функција историски гледано e наплата на царински давачки, континуирано работејќи на
институционалниот развој и напредок, стана важна алка во синџирот на поддршка на меѓународната
трговија. Модерната царинска служба доби исклучително важна улога во системот за безбедност на
земјата, како составен дел од системот за спречување на нелегална трговија и нелојална конкуренција,
спречување на трговија со забранета стока и финансирање тероризам, заштита на животот и здравјето на
луѓето, како и заштита на животната средина и културното наследство. Заради остварување на своите
стратешки цели и согласно посебните надлежности на Секторот за контрола и истраги, паралелно се
работеше на надградување, професионален развој и јакнење на капацитетите. Преку имплементација и
воведување на нови, современи внатрешни процедури и детално разработување на внатрешните
процеси со упатства, процедури и други акти во областа на спречување на нелегалната трговија,
селектирање на патници, проверка на документи, царинска или надворешна контрола на трговски
друштва, постапување при приведување, лишување од слобода и задржување на осомничени лица итн.,
Царинската управа дополнително ги зајакна своите административни капацитети, со што се постигна
реална оптимизација на работењето.
Во периодот 2012–2021 година Царинската управа континуирано работи на усовршување на системите,
значајни во делот на спроведување, контрола и примена на законите. Согласно позитивните пракси и
искуства стекнати преку меѓународната соработка, систематски продолжува да ги унапредува системите
за анализа на ризик, царинско разузнавање, контрола на трговски друштва, истраги и работа на
специјалните единици. За успешно извршување на надлежностите од оваа област Царинската управа во
овој период донесува повеќе стратегии значајни во борбата против организираниот криминал.
Во 2019 година, заради зголемување на надлежностите, во рамки на Одделението за истраги се
формирана посебна организациска единица Служба за финансиски истраги, преку која се обезбедува
водење на предистражна постапка за кривични дела од областа на јавните финансии, платниот промет и
стопанството, како и пронаоѓање и идентификување на незаконски стекнат имот и криминални приноси

76
Монографија – 30 години Царинска управа

кои се предмет на перење пари и друг имот – за кои треба да се преземат мерки за привремено
обезбедување, како и времено одземање (конфискација) на имотна корист стекната со казниво дело.
Царинската управа поминува низ реформски процеси во соработка и под покровителсво на
меѓународната заедница, со цел постојано надградување на постоечките практики и воведување на нови,
во согласност со меѓународните искуства и препораки.

Учество во меѓународни активности


Царинската управа во континуитет работи на подобрување и проширување на меѓународната соработка
на сите нивоа, воспоставена години наназад. Исклучително значајна е соработката со Европската Унија,
Светската царинска организација, UNODC, UNDP81, Германско друштвото за меѓународна соработка
(GIZ)82, SELEC,OSCE83, CEFTA84, RILO, OLAF85, INTERPOL86, EUROPOL87, билатерална соработка со владата на
Соединетите американски држави и земјите од Западен Балкан, како и повеќе други меѓународни
организации.
Во рамките на оваа соработка, Царинската управа учествува и дава свој придонес во голем број на
меѓународни проекти, оперативни операции, состаноци, работилници и разни настани на различни
нивоа.

Управување со ризици
Воспоставеното управувањето со ризици се унапредува и успешно имплементира и во новиот Систем за
обработка на царински декларации и акцизни документи – СОЦДАД, каде постои посебен потсистем за
анализа на ризик и се креирани бази на податоци кои служат за анализа и преземање на активности за
унапредување на управувањето со ризиците.
Дополнително, постои модул за управување со ризик и во системот НКТС.

Постцаринска контрола
Во овој период Царинската управа интензивно работи на понатамошен развој и зголемување на
капацитетите за вршење царинска контрола на трговските друштва по спроведено царинење, како и
надзор на имателите на одобренија за царински постапки со економски ефект, одобренија за
поедноставени царински постапки, контроли на акцизни дозволи и одобренија и др.
Целта на постцаринската контрола е откривање на неправилности во царинската постапка, царински
прекршоци и кривични дела, заради нивно спречување, разјаснување и покренување на соодветна
постапка. Во овој период успешно се реализираат 1.800 контроли во трговските друштва, вклучително и
иматели на царински и акцизни одобренија од секаков вид, заради откривање на евентуални
неправилности при спроведувањето на царинската контрола.

Заштита на права од интелектуална сопственост


Еден од главните приоритети на Царинската управа е унапредување на институционалниот и
административниот капацитет за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите и пиратеријата,
преку воведување на зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување на увоз, транзит

81
United Nations Development Programme- Програмата за развој на Обединетите нации
82
The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ)- Германското друштво за меѓународна
соработка
83
Organization for Security and Co-operation in Europe-Организација за безбедност и соработка во Европа
84
Central European Free Trade Agreement (CEFTA) - Централноевропски договор за слободна трговија
85
European Anti-Fraud Office (OLAF) - Европската канцеларија за борба против измами
86
International Criminal Police Organization (INTERPOL) - Меѓународна организација за криминалистичка
полиција
87
European Union’s law enforcement agency (EUROPOL) - Агенцијата на Европската унија за спроведување
на законот
и извоз на стоки што го повредуваат правото од интелектуална сопственост. Царинската управа презема
бројни активности на тоа поле и во периодот од 2013 до 2021 година, во околу 700 случаи, заплени околу
4 милиони и 200 илјади парчиња на разна стока, за која постои сомнеж дека го повредува правотоод
интелектуална сопственост.

Преземени правни мерки за откриените неправилности


Во периодот од 2012 до 2021 година има значајни резултати во борбата против криминалот и се откриваат
голем број на прекршоци и кривични дела. Успешно се спроведуваат предистражните постапки за нивно
разјаснување и документирање, со цел успешно спроведување и завршување на кривичната постапка. Во
сите случаи на утврдени неправилности и недоследности во царинската постапка се носат решенија за
дополнителна наплата на царинските давачки, што е од големо значење за буџетот на државата .

Спроведени оперативни дејствија и запленета стока за период 2012 до 2021


година
Во периодот од 2012 до 2021 година Царинската управа презема голем број на оперативни дејствија со
цел спречување на нелегална трговија на стока. Фокусирана на заштитата на општеството, како и на
сигурноста и безбедноста на граѓаните, спречи голем број обиди за криумчарење на стока, нелегална
трговија на психотропни супстанци, нелегално изнесување/внесување на ефективни домашни и странски
пари, чекови и монетарно злато, криумчарење на мигранти, царинска измама, како други кривични дела
и царински прекршоци. Воспоставениот систем на работа за селекција, анализа на ризик и профилирање,
употребата на современа опрема за преглед и претрес, континуираното стручно усовршување на
царинските службеници, како и царинското искуство и непогрешливата царинска интуиција, резултираат
со голем број на спроведени контроли и оперативни дејствија. Спроведувајќи ја царинската контрола, во
третата декада од своето работење, откриени се голем број на случаи и спречени се многу обиди за
нелегална трговија и тоа:
Нелегална трговија со разни видови на психотропни супстанции:
Канабис дроги: преку 544 тони марихуана и околу 1 тон други видови од оваа група на наркотици;
Психостимуланси: повеќе од 300 килограми кокаин и стотици апчиња амфетамини, екстази и
метамфетамини;
Опијати или т.н. наркотици: преку 122 килограми хероин, но и голем број на апчиња метадон; и
Други видови на психотропни супстанции од групите на халуциногени дроги и прекурзори.
Нелегално изнесување/внесување на ефективни домашни и странски пари, чекови и монетарно
злато: преку 4.811.000,00 евра, 465.020,00 американски долари, 737.000,00 швајцарски франци, околу
60.000,00 британски фунти, повеќе од милион македонски денари, како и илјадници други видови на
странски валути како што се дански круни, словачки коруни, норвешки круни, канадски долари,
турски лири, австралиски долари, албански леки, бугарски левови, српски динари итн.
Откриени и запленети се околу 30.000,00 фалсификувани евра, како и чекови во вредност од околу
3.830.000,00 евра.
Значјни се и заплените на преку 110 килограми златен и сребрен накит, како и илјадници парчиња
на бижутерија.
Спречени се 160 обиди за криумчарење на мигранти – повеќе од 3.000 луѓе од разни земји како што
се: Сирија, Ирак, Афганистан, Бангладеш, Пакистан, Индија, Либија, Мароко, Иран и други земји.
Во борбата против криминалот и во насока на фискалната заштита која ја има Царинската управа,
значајни се заплените на тутун и производи од тутун, особено оние кои подлежат на акциза (цигари,
цигарлоси и пури), а каде успесите на Царинската управа се мерат во илјадници тони заплена на овој
вид на стоки. Во тој контекст бројни се и заплените на големи количини на алкохолни пијалоци,
прехранбени и текстилни производи, лекови и медицински помагала, живи животни, парфеми и
разни козметички препарати.

78
Монографија – 30 години Царинска управа

Еден од главните фокуси на царинското работење е постапувањето согласно CITES конвенцијата88,


чија цел е да се спречи губењето на биодиверзитетот, предизвикано од прекумерната
експлоатација на живиот свет од страна на човекот. Во голем број на случаи спречено е криумчарење
на разни видови заштитени видови: птици, желки, змии, риби, како и разни видови на печурки и
растенија.
Значајна е улогата на Царинската управа за заштита на културното наследство. Разни материјални и
нематеријални добра, кои што, како израз или сведоштво на човечкото творештво во минатото и
сегашноста или како заеднички дела на човекот и природата, поради своите археолошки, етнолошки,
историски, уметнички, архитектонски, урбанистички, амбиентални, технички, социолошки и други
научни или културни вредности, својства, содржини или функции, имаат културно и историско
значење и заради нивната заштита и користење се наоѓаат под правен режим. Во периодот од 2012
до 2021 година, во повеќе издвоени случаи, Царинската управа спречи криумчарење на стотици
предмети, како на пример монети и разни артефакти. Најголем дел од нив потекнуваат од II до IV век,
а некои и пред новата ера. Царинската управа перманентно презема активности за унапредување на
капацитетот за идентификување, заштита и спречување на нелегално изнесување на културното
наследство на Република Северна Македонија.
Четвртата декада од своето постоење, Царинската управа ја започна со сублимирање на сите досегашни
резултати, како мотивација и поттик за уште поголема посветеност во насока на преземање на дејствија
за спречување и откривање на што поголем број на царински прекршоци и кривични дела.

Слика 1. На ГП Богородица – влез во државата, Слика 2. Гасен пиштол запленетт на ГП


запленети се 2,83 кг. хероин Табановце - влез во државата

Слика 3. На ГП Деве Баир при излез од Слика 4. 24 мигранти откриени во ладилник


државата, откриени се непријавени 30.000 контролиран нaГП Богородица- влез во
парчиња цигари државата

Слика 5. На ГП Табановце - излез од државата, Слика 6. 2 британски златни монети од 1879 и


во специјално направен бункер на возило 1892 година со лик на кралицата Викторија,
откриени се 152.395 евра

88
Convention on International Trade in Endangered Species of Wild Fauna and Flora – CITES, Конвенција за
меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора
пронајдени кај грчки државјанин на ГП
Богородица - на влез во државата

Слика 7. Во 2015 година спречени се 3 обиди за Слика 8. Во Скопје откриена фабрика за целосно
нелегално внесување на летечки камери - производство на фалсификувани спортски
дронови обувки од познати брендови

Слика 9. На граничниот премин Аеродром Слика 10. Во Царинската испостава Скопје 3 во


„Александар Велики“, Скопје, при влез во заедничка акција со МВР, во ПВЦ прозорци се
државата запленети се околу 4,51 килограми пронајдени околу 70 килограми марихуана.
хероин.

Слика 11. На граничниот премин Блаце при Слика 12. Во внатрешноста на државата во
излез од државата откриени се 100 килограми близина на Скопје при редовна контрола беа
тутун за водено луле. откриени 250.000 парчиња цигари.

Слика 13. На граничниот премин Богородица при Слика 14. Спречени сe 17 обиди на шверц на
влез во државата откриени се и одземени околу 17.400 парчиња лекови, ампули,
25.000 евра и 458.000 чешки круни. стоматолошки и медицински материјали и
помагала.

80
Монографија – 30 години Царинска управа

Слика 15. При детална контрола на влез на Слика 16. На граничниот премин Богородица при
Граничниот премин Аеродром е пронајдена и влез во државата запленети се 6,90 килограми
привремено задржана стока – 22 парчиња хероин.
златни монети.

Слика 17. На граничниот премин Блаце при влез Слика 18. На ГП Аеродром Скопје запленети
во државата запленети се 997,116 килограми 16.980 парчиња цигари.
марихуана.

Слика 19. На граничниот премин Гевгелија Слика 20. На граничниот премин Аеродром при
откриени се 4.492 килограми домати и 4.397 излез од државата откриени се и одземени
килограми краставици. 105.000 евра.

Слика 21. На граничниот премин Блаце при Слика 22. На граничниот премин Богородица при
претрес на автобус откриени се и одземени влез во државата запленети се 309,585
19.245 парчиња разни видови лекови. килограми марихуана.

Слика 23. На граничниот премин Богородица на Слика 24. На граничниот премин Меѓународен
излез од државата, во соработка со МВР Аеродром Скопје, при контрола на багаж и
запленети се 550 килограми марихуана, личен претрес на македонски државјанин
откриени при контрола на товарно моторно пријавен за излез од државата, откриени се
возило – ладилник сокриени во кровот на непријавени 82.000 евра.
приколката.

Слика 25. На Меѓународниот аеродром „Скопје“ Слика 26. На Меѓународниот Аеродром Скопје
на излез од државатапронајдени се непријавени при влез во државата откриени се 2 луксузни
34.500 апчиња во багажот на патник и истите рачни часовници, при контрола на патните
се привремено задржани. торби на македонски државјанин.

Слика 27. На Меѓународниот Аеродром Скопје Слика 28. На граничниот преминТабановцепри


при влез во државата, во багажот на турска излез од државата запленети се 356,3
државјанка откриен е накит од бело злато во килограми марихуана.
комбинација со голем број брилијанти,со
вредност од околу 450 илјади евра.

Слика 29. На граничниот премин Богородицапри Слика 30. На граничниот премин Богородица при
контрола на патничко моторно возило, влез во државата се откриени непријавени
откриени се 2.950 апчиња. 13.000 килограми тутун во листови.

Слика 31. На граничниот премин Богородицапри Слика 32. Во соработка со Министерството за


влезво државата се откриени непријавени 209 внатрешни работи, спречен е обид на шверц на
парчиња сребрен накит. околу 5 килограми хероин. Дрогата, спакувана
во 10 пакувања, сокриена во специјално
подготвени бункери во поткрилата на
патничко моторно возило марка BMW, со
македонски регистарски таблички, управувано
од македонски државјанин.

82
Монографија – 30 години Царинска управа

Слика 33. На граничниот премин Табановце при Слика 34. Во ТМВ со скопски регистарски ознаки,
излез од државата откриени се и одземени управувано од македонски државјанин, на ГП
20.000 евра. Дојран од страна на Одделението за
оперативни работи, во картонска кутија
обвиткана со вреќа за спиење, сместена под
креветот во кабината на возилото, се
пронајдени 247 пакетичиња лекови и 1.200
парчиња медицински игли.

Слика 35. Во 2 акции на Царинската управа во Слика 36. На ГП Ќафасан при контрола на
соработка со Државниот пазарен македонски автомобил управуван од
инспекторат, спроведени во малопродажни македонски државјанин царинските службеници
објеки и зелени пазари на територијата на открија 100 килограми ароматизиран тутун за
Скопје и Тетово, запленети се вкупно 113 наргиле, дел во багажникот во просторот за
килограми режан тутун и 415 кутии цигари. резервна гума покриен со облека, а дел во ќеси
од храна за кучиња сместени под возачкото и
пред совозачкото седиште покриени со облека.

Слика 38. Од страна на полициски службеници Слика 39. 519 пакувања марихуана, пронајдена
од СВР Велес, при контрола на комбе, откриени во предниот дел на приколката на товарно
се 480 литри домашна лозова ракија и 40 литри моторно возило, со македонски регистарски
домашна мастика, кои се предадени на таблички, натоварено со отпадна хартија,
мобилните царински тимови за понатамошна управувано од македонски државјанин.
постапка, поради тоа што лицето не е
регистрирано како земјоделец – мал
производител на алкохолни пијалоци.
Слика 40. При контрола на ТМВ со македонски Слика 41. При контрола на товарно моторно
регистарски ознакина ГП Дојран, мобилните возило со скопски регистарски ознаки,
тимови, во платнени торби со патент, натоварено со овошје и зеленчук, управувано од
покриени со вреќи со пелети, во 7 црни македонски државјанин, извршена на
најлонски ќеси, сокриени во предниот дел од граничниот премин Богородица од страна на
приколката, пронајдоа 139 кг марихуана. Одделението за оперативни работи, во 14
кутии сместени во задниот дел на приколката
биле пронајдени 744 пакетчиња разни лекови.

Слика 42. При контрола на македонски автобус Слика 43. На Меѓународниот аеродром „Скопје“,
што сообраќал на редовната линија Германија- при контрола на на патните торби на
Струга, пријавен за влез во државата на македонска државјанка која имала намера да
граничниот премин Табановце автопат, во 3 отпатува со лет за Цирих, биле откриени 14
пакети сместени во багажниот простор, златни и 18 сребрени монети.
царински инспектори од Одделението за
оперативни работи откриле 1.000 антиген
тестови за Covid-19.

Слика 44. При контрола на автобус со Слика 45. При личен претрес на турски
македонски регистарски ознаки, управуван од државјанин, кој управувајќи автобус со
турски државјанин, пријавен за влез во македонски регистарски ознаки, се пријавил за
државата на граничниот премин Деве Баир, излез од државата на Граничниот премин Деве
царинските инспектори од Одделението за Баир, царинските инспектори од Одделението
оперативни работи, во модифицирана за оперативни работи во внатрешен џеб од
фабрична празнина над задните тркала, неговите панталони откриле две пакувања со
откриле 20 најлонски ќеси со златен накит со вкупно непријавени 100.000 швајцарски франци.
вкупна маса од 2.773 грама.

84
Монографија – 30 години Царинска управа

Директори на Царинската управа

Димитар Бузлевски

Директор на Царинската управа од 14 април 1993 до 20 декември 1994 година


Роден е 1952 година во Јанковец, Ресенско. Завршил Економски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“, Скопје. Од 1980 година е ангажиран во инвестиционата група за изградба на фабрика за
преработка на овошје „Ипос-Преспа“ во Ресен. Од 1982 година е потпретседател, а од 1986 година е
претседател на Извршниот совет на Собранието на Општина Ресен. Од 1989 година ја извршува
функцијата финансиски директор на АД „Агроплод“ Ресен. Во периодот 1994-1997 година ја извршува
функцијата Министер за сообраќај во Владата на Република Македонија и до 1998 година е
потпретседател на Владата на Република Македонија. Во 1998 година е избран за пратеник во Собранието
на Република Македонија. Бил член на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот
на Република Албанија и член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со
Парламентот на Република Полска. На локалните избори во 2005 година е избран за Градоначалник на
Општина Ресен и на оваа функција е до 2009 година. Од 2009 година до пензионирање е извршен
директор на компанијата „Линконсалтинг“.
За време на неговиот мандат усвоени се законските и подзаконски акти кои ја определуваат Царинската
управа како самостоен орган во независна Република Македонија. Како поважни ги истакнуваме
донесувањето на симболот на Царинската управа, воведување на прва национална тарифа, воведување
на ЕЦД прирачник и формулар за Царински постапки.

Илија Илоски

Директор на Царинската управа од 1 март 1995 до 30 ноември 1998 година и од 20 декември 2004 година
до 21 март 2006 година.
Роден е на 30 јули 1958 година во с.Велмеј, Општина Охрид. Завршил Економски факултет на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Од 1984 година работи во „ЕМО“, Охрид на повеќе позиции
– референт по финансии, раководител по финансии, финансиски директор, помошник директор за
финансии, заменик генерален директор и генарален директор. Во 1998 година е избран за пратеник во
Собранието на Република Македонија, каде е член на Комисија за финансирање и буџет. Во 2003 година
е назначен за генерален директор на Македонска банка за подршка и развој. Од 2006 година е прв
оперативен директор на „Комерцијална банка“ АД Скопје, каде е и член на управниот одбор.
За време на неговите мандати Царинската управа и Република Македонија станаа договорни страни на
Конвенцијата за Хармонизиран Систем на имињата и шифрените ознаки на стоките (ХС) на Светската
царинска организација (31 март 1995 година). Пристапувањето кон оваа конвенција беше услов за
изработка на Законот за царинска тарифа.
Во 2005 година донесен е нов Царински закон. Со овој Царински закон се поставуваат темелите на
царинското законодавство усогласено со принципите на европското законодавство. Се воведува правен
основ за селективноста и анализа на ризик. Се регулира работата на царинските застапници.

Драган Даравелски

Директор на Царинската управа од 26 јануари 1999 до 4 ноември 2002 година.


Роден е на 12 април 1956 година во Куманово. Завршил правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“, Скопје. По завршувањето на факултетот до 1999 година работи во приватен сектор. На 26
јануари 1999 година е назначен за директор на Царинската управа, каде останува до 2002 година.
За време на неговиот мандат се преземаа првите чекори за воведување на селективноста во царинскотот
работење и контролата на законите преку реализација на проекти за јакнење на капацитетите.
Воспоставени се новите царинарници во Штип и Куманово.

Љубомир Михајловски

Директор на Царинската управа од 2 декември 2002 година до 17 декември 2004 година.


Роден е на 10 декември 1954 година во Скопје. Во 1981 година извршува работни задачи како Инспектор
во Пазарниот и трудов инспекторат. Од 1983 година работи во Министерството за внатрешни работи на
повеќе позиции – инспектор во Управата за оперативни работи, самостоен инспектор за превенција на
криминал, постар инспектор за илегална трговија со дрога, началник на СВР Охрид, Кичево, Дебар и
Струга, началник на Сектор за борба против криминалот, началник на Сектор за криминална полиција,
заменик на помошникот на министерот за криминална полиција при Министерството за внатрешни
работи и потсекретар за Јавна безбедност. Во периодот од 2000-2004 и од 2006 година работи како
адвокат. Во 2004 година е избран за министер во Министерството за внатрешни работи. Во мај 2018
година избран е за Претседател на Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Северна
Македонија.
За време на неговиот мандат финализиран е Проектот за изградба на нов објект на Царинската управа со
кој за прв пат се обезбедија просторни услови за непречено функционирање на Секторот за контрола и
истраги и Секторот за информатички и комуникациски технологии.

86
Монографија – 30 години Царинска управа

Ванчо Каргов

Директор на Царинската управа од26 септември 2006 година до 22 јануари 2014 година
Роден е на 20 август 1960 година во Штип. Завршил Економски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“, Скопје. Кариерата ја започнува во 1987 година како советник во Дирекција за корпоративно
долгорочно кредитирање, Банка за надворешна трговија Скопје. Од 1993 е советник во Народната банка
каде во 1997 година е назначен за заменик директор на Дирекцијата за управување со девизни резерви,
а во 2000 година за директор на Дирекцијата за финансии и сметководство во Народната банка. Истата
година назначен е за државен секретар во Министерството за фнансии и оваа функција ја извршува до
2003 година. Во периодот од август 2003 година до септември 2006 година ја извршува функцијата
вицегувернер во Народната банка. Претседател е на Инспекцискиот совет од февруари 2014 година до
јули 2015 година, по што е назначен како советник во СТО и други меѓународни економски организации
при Мисијата на Република Македонија во Женева, од август 2015 година до јули 2018 година. Во
моментов ја извршува функцијата советник на гувернерот на Народната банка.
За време на неговиот мандат развиен е одржлив систем за континуирано зголемување на капацитетот на
Царинската управа за олеснување и забрзување на прекуграничната трговија и за контрола на примена
на законите, како и за зачувување и зголемување на институционална меморија на Царинската управа.

Наташа Радеска Крстевска

Директор на Царинската управа од 23 јануари 2013 година до 2 август 2017 година.


Родена е на 2 ноември 1975 година во Струга. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан I“ при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Кариерата ја започнува како адвокатски приправник. Од
2001 година ја извршува функцијата помлад соработник во Секторот трезор во Министерството за
финансии, каде е унапредена во помошник раководител, а потоа и во раководител на Секторот за
второстепена управна постапка од областа на даноците и царините во Министерството за финансии. Во
моментов ја извршува функцијата помошник раководител на Сектор за внатрешна ревизија во
Министерството за финансии. Како професионалец во областа на јавната внатрешна финансиска контрола
и правото, носител е на меѓународно признат сертификат за овластен внатрешен ревизор, издаден од
Глобалниот институт за внатрешни ревизори „IIA Global“ и сертификат за положен нотарски испит од
Министерството за правда.
За време на нејзиониот мандат на 1 јули 2015 година Република Македонија стана дел од заедничкиот
транзитен систем на ЕУ со воведување во примена на Заедничката транзитна постапка на ЕУ во Република
Македонија, преку поврзување со системите и електронска размена на податоци со ЕУ и пристапување
кон Конвенцијата за заеднички транзит, со што се овозможи непречено движење на стока во и од
Европската Унија, ЕФТА земјите и Турција, без царински формалности на граничните премини.
Во Извештајот Doing Business во 2015 и 2016 година, Република Македонија, кај индикаторот „Услови за
прекугранично тргување (Trading Across Borders)“ беше рангирана на високото 27 место од 190 земји во
светот, што меѓу другото се должи на реализацијата на низа проекти и мерки од страна на Царинската
управа на планот на олеснување и забрзување на трговијата и транспортот.

м-р Ѓоко Танасоски

Директор на Царинската управа од 3 август 2017 година до 12 јануари 2021 година.


Роден е на 6 мај 1972 година во Скопје. Дипломирал на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св.
Кирил и Методиј“, Скопје, каде и магистрира на студиската програма – Индустриски менаџмент. Својата
кариера ја започнува во 1998 година како како менаџер за маркетинг и продажба во интернационална
компанија специјализирана за индустриски набавки, а во 2003 година продолжува како раководител за
меѓународна продажба и менаџмент на производен систем преку систематско следење на процесните
параметри и стратешка анализа за одржливост. Во 2005 година продолжува како раководител за
меѓународна комерција и управување со трошоци на производна линија „LTH Learnica ДООЕЛ“,
подружница Охрид. Во периодот 2009-2017 година е раководител на подружница на „Кроација
Осигурување АД“, Скопје.
За време на неговиот мандат Царинската управа на 1 јули 2019 година го воведе новиот Систем за
обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), со што целосно се дигитализираа
царинските постапки во согласност со европските стандарди.
Во екот на кризата која настана со појавата на КОВИД 19, се направија исклучителни напори за одржување
на економската активност, со цел границите да останат отворени за проток на неопходните стоки. На
неколку гранични премини се воведе концептот „Зелен коридор“, каде сите земји членки на ЦЕФТА се
обврзаа да обезбедат 24 часовна работа на граничните премини, како и на клучните гранични премини
со ЕУ, со приоритет за минување на свежи земјоделски и прехранбени производи, лекови и медицинска
опрема.
Се воведе концептот „One Stop Shop“ на ГП Табановце-Прешево, Коридорот 10 стана поатрактивен и е
поефикасен за извоз, увоз и транзит на стоки со една цел - заедничките контроли да бидат отворени,
контролирални и безбедни.

м-р Славица Кутиров

Директор на Царинската управа од 15 февруари 2022 година.


Родена е на 18 декември 1969 година во Струмица. Дипломирала на Факултетот за електротехника и
информациски технологии – насока Компјутерска техника информатика и автоматика во Скопје, каде и
магистрира на насоката Проектен менаџмент. Во Царинската управа е вработена од 1998 година како

88
Монографија – 30 години Царинска управа

самостоен советник за развој. Во текот на својата кариера извршува работни задачи како главен
инспектор и самостоен советник за управување со проекти. Во 2018 година назначена е за Помошник
директор на Секторот за информатички и комуникациски технологии. Покрај редовните работни задачи
учествува и во работата на повеќе работни групи и тела меѓу кои: член на Работната група на Владата на
Република Северна Македонија за воспоставување на Интегриран систем за анализа на ризик на
инспекциските органи за контрола на стоки, член на Работната група на Европската Комисија за
воспоставување на Single Window концептот, проектен менаџер на Националниот тим за воспоставување
„Single Window“ систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM, проектен менаџер на
Регионалниот пилот проект за прекугранично олеснување на трговијата помеѓу Република Северна
Македонија, Србија и Бугарија, член на Работната група на Владата за воспоставување на
интероперабилност помеѓу владините институции и член на Работната група за имплементација на
концептот на интегрирано гранично управување. На 30 јули 2021 година избрана е да ја извршува
функцијата в.д. директор на Царинската управа.

You might also like