Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

23.

февруари 2022

Збогум разлики од попис: како при


наплата на каса да не остане ништо
непроверено во количката

При наплата на каса е важно да се опфатат сите стоки. Притоа,


интелигентната техника им помага на касиерите да вршат
неопходни контроли – но само ако тие навистина се потребни.
Пописот штотуку заврши. И, како и секојпат, се поставува прашањето:
Можат ли резултатите во иднина да се подобрат? Teмата проверка на
количките за пазарување, како еден од многуте нерешени проблеми, на
многу трговци им е многу добро позната. Но, тоа воопшто не им олеснува
да најдат решение – особено со оглед на тоа дека повеќе не се врши
вистинско истражување на оваа тема.
Според најновите резултати од EHI Retail Institute, и понатаму 23 отсто од
разликите од извршениот попис се случуваат на касата.
Нејасно е колкав е навистина уделот на стоките заборавени во количката за
пазарување во овој број. Но, сигурно не е безначаен. Она што посебно
иритира е: Причината за ова честопати не е намерното крадење, туку
немарност – едноставно заборавиле да ја наплатат стоката.
Одново и одново: станувај и гледај
За касиерите тоа значи: Секоја количка за пазарување мора многу
внимателно да се провери. А со помош на сѐ уште присутните заштитни
уреди кои после пандемијата беа инсталирани во повеќето маркети, тоа не
е ништо полесно. Затоа, за секоја количка важи секогаш одново истото па
истото: стани и погледни.
А за управата на продавницата: Или редовно да ги потсетуваат
вработените на оваа здодевна обврска или oда се помирите со тоа дека
поголемиот дел од количките нема да бидат проверени. И двете се
неоптимални.
Не ни чудо што во текот на годините, на трговците на мало одново и одново
им беа продавани нови технолошки решенија. Било огледало над касата
или комплексни системи на база на магнети: досега ништо не функционира
како што треба. Или инвестицијата е прескапа а детекцијата неточна или,
пак, сета таа поддршка ја прави контролата уште поскапа. Значи, касиерите
треба и понатаму да избираат помеѓу станување или замижување.

Решение: автоматско детектирање на предмети!


Signatrix Checkout нуди решение со помош на интелигентна технологија.
Eдна едноставна IP-камера на масата од касата е доволна за системот
сигурно да ги разликува полните од празните колички за пазарување. Типот
и материјалот на количката не се важни; предметите во кошницата за
пазарување се идентификуваат исто толку прецизно како и предметите на
рафтот.
Предметите во количката се прикажуваат директно на мониторот од
касиерот; ако количклата е празна – не се случува ништо. Касиерот може
слободно да си работи понатаму и да му верува на системот. Со самото
ова, еден голем дел од проверките веќе се излишни.
Ако количката е полна, на касиерот му се прикажува слика од
содржината и проверката ја врши од место, без да го прекинува
вообичаениот процес на наплата. На овој начин, излишните
проверки и контроли се минато – а проблемот наречен проверка на
количките конечно се решава на разумен и пријателски начин, без да
има потреба од некој обемен зафат во софтверот на касата.

Касите Signatrix Checkout веќе штитат 11.500 каси ширум


светот!

Уверете се сами во ефикасноста на решението на веб-


страницата: https://signatrix.com/checkoutshops/ или контактирајте нѐ
директно за краток разговор.

За Signatrix: Редефинирање на малопродажбата

Од 2017, Signatrix тесно соработува со трговците на мало за да


ги поддржи вработените со интелигентен софтвер. Решенијата
на Signatrix прават проценка на видеоматеријалот од
постоечките и посебно инсталираните камери за да можат од
тоа море од слики да ги издвојат сите навистина релевантни
информации и да им ги стават на располагање на вработените
во маркетот. Софт-верските решенија на Signatrix се
компатибилни со речиси сиот постоечки хардвер и се
инсталираат за многу кратко време.
Повеќе од 8.000 каси ширум светот се заштитени од кражба со
помош на решенијата на Signatrix. Наши клиенти се Globus,
EDEKA, Safeway, најголемиот малопродажен синџир во Европа и
многу други.

You might also like