Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Телото има неколку видови на мускули или мускулни влакна, но тука

зборуваме за скелетните мускули. Тоа се мускулите  поврзани со


скелетот и се дел од механичкиот систем кој го движи телото. Тоа се
мускулите кои сакаме да ги зголемиме и дефинираме.

Од овој тип на мускули постојат два вида мускулни влакна: брзопотезни и


споропотезни или брзи и спори. Брзопотезните мускулни влакна се
нарекуваат и бели мускули а споропотезните – црвени мускули.

Составот на мускулите

Секој сноп од мускулни влакна е составен од брзопотезни и


споропотезни влaкна. Секој човек има одреден сооднос на овие два типа
влакна. На тој сооднос може да се влијае во полза на брзите или спорите
мускулни влакна, преку одредени видови на вежбање. Видот и
интензитетот на вежбањето одредува кој тип на мускулни влакна ќе
доминира во телото.

Црвени мускулни влакна

Црвените влакна се наречени споропотезни бидејќи се направени за


издржливост. Овие мускули се активираат за долготрајни напори. Тие
поспоро се контрахираат (стегаат) но овозможуваат подолготрајно
вежбање. Маратонците, велосипедистите и веслачите многу зависат од
црвените мускулни влакна. Влакната се буквално црвени по боја заради
големата количина крвни садови кои се испреплетени со нив. Крвта им
овозможува на овие влакна да произведуваат енергија за подолги
временски периоди. На пример аеробик со низок интензитет или кревање
тежини со низок интензитет ги активира овие црвени влакна. Не е
возможно да изградиме голема мускулна маса преку правење вежби кои
ги активираат во главно црвените, споропотезни влакна. Црвените
влакна се многу ограничени во својот потенцијал за раст. Белите не.

Белите мускулни влакна се нарекуваат брзопотезни бидејќи тие се


стегаат за помалку од една стотинка. Нивните контракции се овозможени
од кислородот и тој допринесува за нивната бела
боја. Спринтерите може да имаат до 80% бели влакна отколку црвени
бидејќи нивното трчање се потпира на белите, брзи влакна. Белите
влакна побрзо се уморуваат од црвените. Затоа белите влакна најдобро
се тренираат со експлозивна сила и брзина, како кревање големи тежини
со малку повторувања или спринтови. Мускулната маса која ја гледате
кај бодибилдерите на пример, е составена во главно од бели влакна.

This Photo by Unknown Author is licensed under CC BY-NC-ND

1. Кој мускулни влакна се битни во развојот на издржливоста кај


фудбалерите?
2. Кои мускулни влакна имаат поголем потенцијал за раст?
3. Кои мускулни влакна доминираат кај спортистите?

You might also like