Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Дваесет и трета недела по Педесетница – Исцелението на

Гергесинците (Мт. 8, 28-34; Лк. 8, 26-39)

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Возљубени во Господа!
Во денешното Евангелие чувме за чудото што Господ Исус Христос го
направил со двајцата бесомачни луѓе од Гергесинската земја (Мт. 8, 28). Во
Евангелието ни е опишано колку тие демоноопседнати биле зли и опасни: „беа толку
лоши што не смееше никој да мине по тој пат“ (Мт. 8, 28). За свое живеалиште ги
избрале гробиштата, место на смртта, сеејќи страв кај луѓето, така што сите се плашеле
да поминат покрај нив, затоа што биле особено агресивни. Но, Спасителот доброволно
отишол кај нив и ги исцелил од долгогодишната и тешка мака.
Ова чудо што се случило при оваа прилика, говори и за тоа дека Спасителот
дошол во овој свет за да ги спаси грешните од гревот и смртта, и да ги прибере при
Бога. Но, тоа не зависи од Христа, зашто Бог никого насила нема да спаси, туку секој
човек е должен самостојно да одлучи дали ќе се спаси или не. Еве, и при оваа прилика
гадаринците, наместо да Го послушаат Христа и да постапат според Неговите совети,
тие го направиле спротивното. Зошто се случило тоа? Заради две нешта. Во овој случај,
луѓето се определиле за материјалните вредности. Тие се определиле за она што е
земно, материјално и преодно, а не за она што е вечно.
Злите духови, коишто сакаат да владеат над суштествата, побарале од Господа
да им дозволи да отидат во свињите. Он навистина им дозволил за влезат во стадото
свињи, по што тие се втурнале кон морето и се издавиле. Сигурно некој би се запрашал
зошто Христос им допуштил на демоните да влезат во свињите. Всушност, свињите им
припаѓале на жителите од соседниот град Гадара, иако, според тогашниот закон, тие
како Евреи не смееле да чуваат свињи и да јадат свинско месо, бидејќи во тоа време
свињата спаѓала меѓу нечистите животни. Но, жителите на градот Гадара очигледно
биле многу среброљубиви и заработувале на нечист начин, одгледувајќи свињи и
покрај одредбите од Мојсеевиот Закон. Ним поважни им биле парите, отколку Законот
Божји. Ете зошто Господ удрил по нивниот имот. Затоа, кога жителите од градот
разбрале што се случило на гробиштата, наместо да се израдуваат за исцелението на
нивните сожители, тие се разочарале за пропаста на свињите. И наместо да Го повикаат
благиот Господ, за да Му се заблагодарат и да Го помолат да продолжи да им прави
добри дела, да спасува во нивниот град и други луѓе, тие излегле да Го пресретнат и Го
замолиле да си замине од нив.

Користена литература:
1. https://bigorski.org.mk/slova/episkop-partenij/besomacnosta-na-nasheto-vreme/
2. http://www.pppe.mk/2016/istselenie-vo-zemjata-gadarinska-bese/
3.

Изработил: Предметен професор:


Петар Димковски, V клас о. м-г Дарко Милев

You might also like