Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 5

КОМПЈУТЕРСКИ ИНТЕГРИРАНИ ПРОЦЕСИ (CIP)

ДОМАШНА ЗАДАЧА БР.2: СТАТИСТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ПРОЦЕС


НАСОКИ ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ДОМАШНАТА ЗАДАЧА

Решението на задачата напишете го во word документ. Не го пишувајте кодот, туку само решенијата.
Напишете ги следниве работи за вашата задача:
- Што е факторот, а што одзивот?
- Дали има статистички шум?
- Како изгледа формулата на моделот? Каков вид на модел е?
- Со колкава точност го моделирате одзивот (R2)?
- Ставете график од податоците и моделот. Не заборавајте оските на графикот да се означени со
назив и мерна единица (ако има).
- Одговорете на прашањето поставено во одделната задача.
- Било што друго што сметате дека треба да е допишано.
ИНДЕКСИ КОИ ЗАВРШУВААТ НА ЦИФРИТЕ 0, 1, 2

ЗАДАЧА БР. 1

Моделирајте ја вредноста на акцијата на Mcdonald’s низ историјата. Во табелата ќе ги најдете


податоците за вредноста на акцијата во временска зависност од јануари 1970 година до октомври
2021 година. Дадените вредности се просечната вредност на акцијата по месец. Податоците се
вистински и превземени од валидни интернет датабази. Естимирајте колкава ќе биде вредноста на
акциите на Mcdonald’s во овој месец односно во ноември 2021 година?

Податоците се дадени во табелата “zadaca1_podatoci”.


ИНДЕКСИ КОИ ЗАВРШУВААТ НА ЦИФРИТЕ 3, 4, 5, 6

ЗАДАЧА БР. 2

Во процесот на стругање, моделирајте како влијае ротационата брзина на ефективната моќност која е
потребна за да се достигне таа ротациона брзина од страна на моторот. Собраните податоци кои ќе ги
најдете во табелата се од експерименти изведени на CNC машина за стругање Colchester Tornado
A50. Естимирајте колкава моќност е потребна за да се достигнат 3500 вртежи во минута?

Податоците се дадени во табелата “zadaca2_podatoci”.


ИНДЕКСИ КОИ ЗАВРШУВААТ НА ЦИФРИТЕ 7, 8, 9

ЗАДАЧА БР. 3

Моделирајте го бројот на населението во нашата држава во зависност од годините. Познат е бројот


на население во секоја година, почнувајќи од 1950 до 2020 година. Податоците се вистински и
превземени од валидни интернет датабази. Естимирајте колкав ќе биде бројот на населението во
2025 година според вашиот модел?

Податоците се дадени во табелата “zadaca3_podatoci”.

You might also like