Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 26

1

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“


Машински факултет, Скопје
Република Северна Македонија

Технoлогија на обработка со деформација


Семинарска работа

Просекување и пробивање

Семинарска работа | Просекување и пробивање


2

Скопје, 2019

Ss. Cyril and Methodius University


Faculty of Mechanical Engineering, Skopje
Republic of North Macedonia

Metal forming technology and process modeling


Seminar paper

Shearing process

Семинарска работа | Просекување и пробивање


3

Skopje, 2019
РЕЗИМЕ Во оваа семинарска работа детално
се разгледани двата процеса: процес
на обработка со пробивање и процес
на обработка со просекување.
Прикажани се прецизни слики за
доловување на процесите, т.е.
промените на материјалиоте од
почетна фаза до последна фаза во
текот обработка со пробивање и
просекување. Најразлични видови на
алати и нивна функција, напонски
состојби и методи на рационално
користење на материјалот.

Клучни зборови: пробивање,


просекување, процеси, обработака,
технологија

Семинарска работа | Просекување и пробивање


4

ABSTRACT
This paper shows in details two
processes: process of punching and
process of averaging. There are precise
pictures for capturing the process, as
well as changes of the material, from the
initial phase to the last, along with the
processing. Different types of tools and
their function, voltage states and
methods of rational usage of the
material.

Key words: punching, averaging,


processes, processing, technology

Семинарска работа | Просекување и пробивање


5

ЛИСТА НА СЛИКИ

Слика 1 - Основни постапки за обработка со пластична деформација .............................

Слика 2 - Преглед на основните операции кај обработка на метелите со деформација

Слика 3 - Просечување и пробивање ..................................................................................

Слика 4 - Фази на процесот на пробивање и просечување ........................................

Слика 5 - Притисок и истегнивање .......................................................................................

Слика 6 - Напонски шеми .................................................................................................

Слика 7 - Напонски шеми 2 ...........................................................................................

Слика 8 - Карактеристичн зони ......................................................................................

Слика 9 - Процес на свиткување .....................................................................................

Слика 10 – Мостови ...............................................................................................................

Слика 11 - Мостови 2 .............................................................................................................

Слика 12 - Мостови 3 .............................................................................................................

Слика 13 - Постапка за прибивање и просекување.............................................................

Слика 14 - Постапки на пробивање.......................................................................................

Слика 15 - Алати со водење..................................................................................................

Слика 16 - Алат за пробивање/просекување........................................................................

Слика 17 - (1) - кружен облик, (2) - правоаголен облик........................................................

Слика 18 - Растојание помеѓу нож и резна плоча................................................................

Слика 19 - Димензионирање на алатот.................................................................................

Слика 20 - Типови на алати.....................................................................................................

Слика 21 - Отворен алат – делови.........................................................................................

Семинарска работа | Просекување и пробивање


6

СОДРЖИНА

ВОВЕД ...................................................................................................................................7

НАПОНСКИ СОСТОЈБИ .....................................................................................................11

МЕТОДИ НА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА МАТЕРИЈАЛОТ ....................................13

АЛАТИ ЗА ПРОБИВАЊЕ И ПРОСЕКУВАЊЕ ....................................................................15

КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛИКОТ НА АЛАТОТ ....................................................................17

КОНСТРУКЦИЈА НА КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ПРОБИВАЊЕ И


ПРОСЕКУВАЊЕ ..................................................................................................................19

РАСТОЈАНИЕ И ТОЛЕРАНЦИЈА НА АЛАТИ ЗА ПРОБИВАЊЕ И ПРОСЕКУВАЊЕ ......21

ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ НА АЛАТОТ ....................................................................................22

ТИПОВИ НА АЛАТИ ............................................................................................................23

ЗАКЛУЧОК ...........................................................................................................................25

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ................................................................................................26

Семинарска работа | Просекување и пробивање


7

ВОВЕД

Под обработка на металите со пластична деформација или обработка без симнување


на струшка се подразбираат методите на обработка при кои на појдовно метално
парче му се дава саканиот облик со пластична деформација и раздвојување.
Обработката на металите со пластична деформација наоѓа голема примена во
металургијата, металопреработувачката индрустрија, авионската, моторната и во
други индустрии. Додека обработката со формирање струготина наоѓа примена во
поединечното производство, обработката со пластична деформација се применува за
големи серии на производство. Обработката со пластична деформација датира од
дамнешни времиња, но нејзината примена се зголемила со воведувањето на првите
машини за обработка со деформација.

Обработката со пластична деформација ги опфаќа операциите како што се: валањето,


влечењето, истиснувањето и слободното ковање кои служат за добивање на
полуфабрикати, кои понатака треба да се доработат со други завршни операции. Овие
операции имаат за цел на материјалот да му дадат не само определена стандарна
форма, туку и определена структура и механички особини. Целта на овој начин на
обработка на металите е со најмало можно губење на материјалот и со најмал број на
работни операции да се добиат делови со конечен облик, кои можат да се употребат
или склопат во некој склоп.

За да може материјалот да се обработува претходно треба да биде доведен во


подрачјето на пластично течење, односно треба да се оптерети над границата на
еластичност. Потребната сила и енергија ја остваруваат машините за обработка со
деформација: преси, чекани, ножици итн. Активната сила на машината преку алатот се
пренесува врз работното парче во правец на движењето на извршниот орган на
машината. Така динамиката на пластичното деформирање ја остварува машината, а
геометријата на работното парче го обезбедува алатот.

Обработката на металите со пластична деформација може подеднакво успешно да се


одвива во топла и во ладна состојба. При деформирање во топла состојба, ако
температурата не падне под определена граница, материјалот ќе се деформира со
константни специфични отпори на деформација. При деформирање во ладна состојба,
за да се постигне пластична состојба на материјалот тој треба да се деформира над
границата на еластичност, што бара зголемување на надворешната сила не само
поради промената на обликот, туку и поради зголемените внатрешни отпори. Во каква
состојба ќе се врши процесот зависи од неколку фактори и тоа: обликот, димензиите и
квалитетот на почетниот материјал, конструкцијата на алатот, начинот на обработка и
др.

За да обработката со деформација биде успешна често се комбинира со други


помошни процеси, за да се постигнат поголеми пластични својства на металите, за да
се спречи корозија на металите, за да се намалат внатрешните напрегања итн.

Семинарска работа | Просекување и пробивање


8

Слика 22 - Основни постапки за обработка со пластична деформација

Извор: Obrada metala plasticnom deformacijom – Binko Mustafija, Sarajevo, 1979

Семинарска работа | Просекување и пробивање


9

Слика 23 - Преглед на основните операции кај обработка на метелите со деформација

Извор: Obrada metala plasticnom deformacijom – Binko Mustafija, Sarajevo, 1979

Семинарска работа | Просекување и пробивање


10

Пробивањето и просекувањето се постапки за обработка на лимови со раздвојување


по затворена контура со помош на специјални алати. Просекувањето е процес на
раздвојување кај кој раздвоениот материјал под челото на ножот претставува работно
парче, а останатиот материјал е отпад. Пробивањето е процес на раздвојување кај кој
раздвоениот материјал е отпад, а останатиот материјал е работно парче. Ножот кај
просечување се нарекува просечувач, а кај пробивање пробивач.

Слика 24 - Просечување и пробивање

Извор: Обработака со режење и пластична дефорамција – Славчо Цветков, Штип,


2018

Процесот на пробивање и просечување се одвива многу брзо (во дел одсекунда) дури
и кај подебели лимови. Механизмот на одвивање на процесот е многу сложен, сепак
може да се прикаже во неколку фази.

Слика 25 - Фази на процесот на пробивање и просечување

Извор: Обработака со режење и пластична дефорамција – Славчо Цветков, Штип,


2018

Семинарска работа | Просекување и пробивање


11

На слика 4(а) е прикажана почетната положба на допир на просечувачот (пробивачот)


со обработуваниот материјал (лим) кој е поставен на матрицата со зјај f пoмеѓу
матрицата и просечувачот. Со задвижување на просечувачот под дејство на силата F
во правец на обработуваниот материјал прво се појавува фазата на еластични
деформации (слика 4(б)), а потоа и фазата на пластични деформации (слика 4(в)). Со
понатамошен пораст на силата F напоните во околината на работ на матрицата ја
преминуваат критичната вредност и во материјалот се појавува микро пукнатина
(слика 4(г)). Пукнатината брзо се шири од режечкиот раб на матрицата кон
просечувачот, зависно од видот на материјалот и настанува ударно раздвојување на
материјалот по затворената контура (слика 4(ѓ)). Кај жилави материјали, микро
пукнатина се јавува и во зоната на режечкиот раб на просечувачот (слика 4(д)).

1. НАПОНСКИ СОСТОЈБИ

Во процесот на просечување и пробивање (слика 5) материјалот (2) под челото на


просечувачот (пробивачот) (1) е изложен на притисок, а покрај обиколката на
истегнување. Материјалот кој се наоѓа близу до обиколката на отворот во матрицата (3)
е изложен на притисок, а оној кој навлегол во отворот на матрицата на истегнување.
Напонските шеми во процесот на просечување и пробивање се прикажани на слика 6.
Напонската шема под челото на просечувачот (пробивачот) е рамнинска, а во
правецот од режечкиот раб на просечувачот (пробивачот) кон марицата е просторна.

Слика 26 - Притисок и истегнивање

Извор: Обработака со режење и пластична дефорамција – Славчо Цветков, Штип,


2018

Семинарска работа | Просекување и пробивање


12

Слика 27 - Напонски шеми

Извор: Rezni alati – Branko Rebec, Zagreb, 1972

Слика 28 - Напонски шеми 2

Извор: Rezni alati – Branko Rebec, Zagreb, 1972

Во процесот на пробивање по површината на пробиениот отвор (слика 8) се воочуваат


неколку карактеристични зони и тоа: зона на заоблен раб (1), мазна зона(2), зона на
разорување (3) и зона на истиснат остар раб (4).

Слика 29 - Карактеристичн зони

Извор: Rezni alati – Branko Rebec, Zagreb, 1972

Помеѓу просечувачот (пробивачот) и матрицата секогаш постои позитивен зјај. Затоа,


под дејство на силата на просечување (пробивање) F се појавува момент МА кој се
стреми да го сврти материјалот околу режечките рабови на матрицата (слика 9).
Поради затворената контура во процесот на раздвојување, како реакција на ова
свиткување се појавува и свиткување на материјалот што се наоѓа под просечувачот
Семинарска работа | Просекување и пробивање
13

(пробивачот). Ова доведува до појава на реактивен момент МR и до извесно


урамнотежување на моментот создаден од надворешната сила F, а со тоа и до
намалување на бочните напрегања во материјалот 𝑝.

Слика 30 - Процес на свиткување

Извор: ALATI I NAPRAVE - Branko Grizelj, Zagreb, 2004

2. МЕТОДИ НА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА МАТЕРИЈАЛОТ

Изработката на мали и средни делови со просечување, обично се изведува од


материјал во облик на лимена лента , при што помеѓу два соседно просечени делови
останува материјал со ширина а. Исто така, и помеѓу надворешните страни на
просечениот дел и контурите на лентата остануваат делови на материјалот со ширина
b. Овие делови од лентата (додатоци) се нарекуваат мостови и тоа: а - надолжен и b -
напречен мост (напречниот мост b некои автори го нарекуваат раб). За да се постигне
квалитетни и чисти просечени парчиња потребно е ширината на лентата да биде
нешто поголема од ширината на работното парче.. Ширината на работ и мостот,
зависи од дебелината на лимот и од ширината на лентата која се преработува и по
правило расте со порастот на овие величини. Истотака на оваа вредност влијаат и
други фактори како: обликот и точноста на делот, сложеноста на алатот, цврстината на
материјалот итн.

Со цел да се постигне поголема економичност во искористување на појдовниот


материјалот, при проектирање на технолошкиот процес, се настојува да се постигне
порационален распоред на просечените делови со користење на минимални мостови.
Големината на отпадот зависи главно од распоредот на деловите во лентата, но и од

Семинарска работа | Просекување и пробивање


14

големината на лентата и мостовите. Тоа значи дека со нивното зголемување се


зголемува и отпадот и поради тоа мостовите треба да бидат што е можно помали, но
не смеат да се намалат под одредена граница, кај која губитокот поради расипани
делови би бил поголем од заштедата на материјалот.

Слика 31 – Мостови

Извор: ALATI I NAPRAVE - Branko Grizelj, Zagreb, 2004

Слика 32 - Мостови 2

Извор: ALATI I NAPRAVE - Branko Grizelj, Zagreb, 2004

Слика 33 - Мостови 3

Извор: ALATI I NAPRAVE - Branko Grizelj, Zagreb, 2004

Семинарска работа | Просекување и пробивање


15

4. АЛАТИ ЗА ПРОБИВАЊЕ И ПРОСЕКУВАЊЕ

Алатите за пробивање и просекување се економични само при изработка на голем


број делови. Нивната структура е мошне комплексна кога станува збор за
обработување со различни операции. Постапката за просекување (1), како резултат
дава парче кое е исечено од одредена површина, додека пак, постапката за
пробивање (2), се реализира како издвојување на парчето кое служи како технолошки
вишок.

Слика 34 - Постапка за прибивање и просекување

Извор: ALATI I NAPRAVE - Branko Grizelj, Zagreb, 2004

Алатите за пробивање и просекување се поставуваат на пресата и делуваат на ист


начин како ножици за сечење.

Видови на алати за просекување и пробивање:


1. Според тип на нож :
- алати со еден нож
- алати со повеќе ножеви
2. Според бројот на парчиња кои истовремено се пробиваат-просекуваат :
- алати за пробивање (просекување) за едно работно парче
- алати за пробивање (просекување) за повеќе работни парчиња
3. Според број на операции :
- алати за една операција
- алати за повеќе операции или комбинирани алати
4. Според начин на повлекување на траки низ алатот
- алати со рачно поместување на трака
- алати со механичко поместување на трака (автоматски)
5. Според карактеристики на конструкција
- алати со водење

Семинарска работа | Просекување и пробивање


16

-алати без водење

Сите типови на алати кои припаѓаат на првите четири групи можат да се групираат во
петтата поделба – според конструкциски карактеристики.

Слика 35 - Постапки на пробивање

Извор: ALATI I NAPRAVE - Branko Grizelj, Zagreb, 2004

Материјал - лим (1) се поставува во алатот на соодветно место на резната плоча (2).
На материјалот дејствува ножот (3) со соодветна сила F. Кога силата на пробивање ќе
ја помине границата на вредноста еднаква на цврстината на материјалот, доаѓа до
деформација која резултира со пробиено парче (отпад).

Постапката може да се опише во три фази на обработка:


1. Фаза – свиткување и истегнување на структура на материјал – во почетокот,
материјалот е изложен на свиткување во подрачје на еластичност, кое подоцна
прераснува во пластично свиткување, комбинирано со истегнување на структура на
самиот материјал.
2. Фаза – сузбивање на материјалот во работ на резната плоча на алатот – со
контринуирано пробивање на ножот во материјалоти со преминот на граница на
течење на мтеријалот настанува деформацијата. Силата која е резултат од
дејствување со нож, се пренесува на прстенестиот слој на резните ивици на ножот и
рабовите на резната плоча. Иако настанува истиснување на материјалот низ резната
плоча, сеуште не се јавуваат пукнатини во текот на деформацијата.

Семинарска работа | Просекување и пробивање


17

3. Фаза – отфрлање на пробиениот (просечениот) дел – со делување на ножот во


материјалот, деформацијата ја преминува дозволената граница за јакост на
материјалот и настануваат првите пукнатини на резните сечива. Со понатамошно
продирање на ножот, доаѓа до издвојување и отфрлање на пробиеното парче (отпадок).
Ако се анализира пресекот на изгледот на делот (4) – отпадокот кој се пробива низ
отворот на резната плоча, може да се примети заоблување (а), а на горната страна (б)
подигнат раб на вишокот на материјалот.
Доколку растојанието меѓу ножот и работ на резната плоча е поголемо, работ (б) ќе
биде нагласен на отпадокот (4).
Ако го погледнеме пресекот на отпадокот, можеме да приметиме два вида на
површина:
1. Површина со ознака (c) – коничен појас со мат боја - зона на делување на сила
2. Површина со ознака (d) – широк и истегнат појас – зона на пеглање.

5. КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛИКОТ НА АЛАТОТ

Алати без водење

Овие алати ретко се користат за обработување на помал број поголеми парчиња со


едноставен облик и помал степен на точност (+/- 0,2 mm). Точноста на обработка со
овој тип на алати, како и нивниот век на трање, зависи од точноста на печатот, т.е.
водичот за нож.
Недостаток на оваа конструкција се забележува во неточното водење на ножот на
отвор во резната плоча, кое доаѓа до оштетување.
Алатите без водење можат да бидат:
Отворени - наједноставни резни алати кои се состојат само од основни делови:

а) врвни алатки за поврзување на горниот дел на алатот


б) нож за пробивање (просекување)
в) плоча за прицврстување на обрадокот (на резна плоча или лим)
г) основна плоча за режење
д) прстен за стегнување со навој
е) прстен за стегнување со завртка

Отворени со фиксно отстранување на трака


Отворени со еластично отстранување на трака
Отворени за пробивање или просекување на неметални материјали.

Алати со водење

За разлика од отворените алати, алати со водење имаат неограничена примена при


обработка на лимови, во сериско или масовно производство. Имаат елементи за точно
водење и насочување на ножот во резната плоча, водичите за материјалот. Во

Семинарска работа | Просекување и пробивање


18

работата се мошне едноставни и сигурни, со висока трајност, но се скапи и


комплицирани за изведба и одржување.
Се делат на:
- Алати со водечка плоча
- Алати со водечки чекори
- Алати со притисна плоча
- Блок алати

Слика 36 - Алати со водење

Извор: Rezni alati – Branko Rebec, Zagreb, 1972

Делови: интерфејс (1), горна плоча (2), носач-нож (3), нож за пробивање (просекување)
(4), водечка плоча (5), резна плоча (6), основна плоча (7), летва (8), избацувач (9) и
граничник (10).

Семинарска работа | Просекување и пробивање


19

6. КОНСТРУКЦИЈА НА КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА


ПРОБИВАЊЕ И ПРОСЕКУВАЊЕ

Секој алат за пробивање и просекување се состои од подвижни делови кои се


приврстуваат за неподвнижниот дел и потиснувачот, кој се врзува за работната
површина на пресата.
Алатите можат да бидат едноставни или сложени кога станува збор за конструкција, а
како составни елементи можат да се издвојат:

1. Чепови - елементи кои овозможуваат прицврстување на горен дел на алат со


притиснувачката преса.
Се разликуваат:
- чепови без осигурувачи
- чепови со осигурувачи
- чепови со венци
- спојни чепови
2. Горна плоча – елементи кои служат за прицврстување на чепот со притиснувачот
на пресата на горна страна на врзување и носење на меѓуплоча и носач на нож на
долна страна. Можат да бидат правоаголни, квадратни или кружни. Обликот и
димензијата на плочата се одредува во зависност од бројот и распоредот на ножевите
и носачот на ножевите, а притисокот во средината, со аналитички и графички метод.
3. Меѓуплоча – елемент кој се поставува помеѓу горна плоча и носач на ножот. Има за
задача да пренесува притисок од пресата од чело на ножот и да спречи пластична
деформација на површина.
4. Носач на ножот – е долна плоча и горен склоп на алатот. Служи за прицврстување
и носење на ножот. Обликот и димензијата се одредува според резната плоча.
5. Ножеви – најважни елементи на горниот подвижен дел на алатот. Нивната задача е
да се поместуваат (горе-долу) и притоа да пробијат (просечат) лим на резна плоча.
Димензијата на ножот може да одговара на обликот на обрадокот, а според намена се
делат на:
- ножеви за просекување
- ножеви за пробивање
- ножеви за делумно пробивање
- шупливи ножеви
- ножеви за одредување на чекори.

Семинарска работа | Просекување и пробивање


20

Слика 37 - Алат за пробивање/просекување

Извор: Rezni alati – Branko Rebec, Zagreb, 1972

6. Водечка плоча – е прв горен дел, елемент, во долниот дел на алатот со водење.
Мора точно и сигурно да се води ножот во секоја функција која ја поседува алатот.
Исто така, мора да овозможи едноставно одржување на алатот.
7. Резна плоча – е најважен елемент на долниот неподвижен дел од алатот. Служи
како потпора на лимот при пробивање на отвори или просекување на обрадокот.
Изложена е на високо напрегање и трошење.
8. Основна плоча – претставува подлога на која се поставува и прицврстува резната
плоча и останатите елементи кои припаѓаат на долниот дел од алатот. Преку
основната плоча, се поставува алатот на работната преса.
9. Куќиште – е склоп кој е составен од долниот дел во кој се цврсто набиени водичите
и горен дел кој се лизга по водичите. Служи за вградување на останатите делови на
алатот. Може да има правоаголен и кружен облик.

Слика 38 - (1) - кружен облик, (2) - правоаголен облик

Извор: MANUFACTURING PROCESSES By J. P. KAUSHISH

Семинарска работа | Просекување и пробивање


21

10. Елементи за водење и симнување на трака – се збир на делови со задача за


точно водење на трака на лимот во одреден смер. Можат да бидат во облик на летва.
11. Елементи за локација на трака во алатот – се разликуваат елементи за
поставување на трака: а) кај рачен од и б) механизми за автоматско поместување на
трака.
12. Елементи за поврзување и центрирање на делови на алатот – најчесто се
користат шрафови со цилиндрични глави и додатно сечење.

7. РАСТОЈАНИЕ И ТОЛЕРАНЦИЈА НА АЛАТИ ЗА ПРОБИВАЊЕ И


ПРОСЕКУВАЊЕ

Растојанието помеѓу ножот и резната плоча претставува разлика помеѓу дијаметар на


отворот и резната плоча (D) и дијаметарот на ножот (d), како што е прикажано на
сликата:

Слика 39 - Растојание помеѓу нож и резна плоча

Извор: Tehnologija Obrade Metala Rezanjem Izbor Rezima Obrade – Midorag Lazic,
Kragujevac, 2002

Ова растојание Z = D - d има големо технолошко значење во процесот на пробивање и


просекување на лимови, бидејќи влијае на неколку својства:
- на точност на добиените делови
- на површината на прозиводот
- сила на просекување
- отпорност на алати на трошење

Големо растојание влијае на свиткување на просечените рабови, додека пак малото


растојание резултира со пораст на отпорот, па дури и лом на алатот.
Растојанието се зголемува на отворите на резната плоча при постапка на пробивање
или промена на димензии кај ножот во постапка на просекување.

Семинарска работа | Просекување и пробивање


22

8. ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ НА АЛАТОТ
Одредување на димензијата на ножот и отворот во резната плоча.
Точноста на димензиите и обликот на деловите кои се одредуваат со постапка на
просекување зависи од точноста на рабовите на резните елементи на алатот.
Димензиите на резните работи на ножот и отворот во резната плоча се одредуваат со
темелна, потребна точност на обрадокот, т.е. од технологијата - пробивање или
просекување.
Кај постапките на пробивање и просекување, димензијата на дијаметарот мора да се
поклопи со димензијата на ножот за пробивање.
Алатот се смета за потрошен кога димензијата на ножот ќе се смали под дијаметарот
D0.
Постапката на просекување - дијаметар на обрадокот треба да се поклопи со
димензијата на отворот во резната плоча, а димензијата на ножот за просекување се
намалува за големина на растојание меѓу резната плоча и ножот.
Трошење на материјалот во резната плоча се случува во подрачје на толеранција на
обработување. Алатот се смета за истрошен кога дијаметаро на резниот отвор во
резната плоча се зголеми до деијаметарот на обрадокот d0.

Слика 40 - Димензионирање на алатот

Извор: Tehnologija Obrade Metala Rezanjem Izbor Rezima Obrade – Midorag Lazic,
Kragujevac, 2002

Семинарска работа | Просекување и пробивање


23

9. ТИПОВИ НА АЛАТИ

Слика 41 - Типови на алати

Извор: Rezni alati – Branko Rebec, Zagreb, 1972

(I) – Еднорезни алати


(I I – V) – Алати со два или повеќе ножеви

1 – нож за пробивање
2 – нож за просекување
3 – резна плоча

Семинарска работа | Просекување и пробивање


24

Слика 42 - Отворен алат – делови

Извор: Rezni alati – Branko Rebec, Zagreb, 1972

1. Чело
2. Нож
3. Притисна плоча
4. Основна плоча
5. Прстен за стеснување со навој
6. Прстен за стеснување со завртка

Семинарска работа | Просекување и пробивање


25

ЗАКЛУЧОК

Непрекинатиот пораст на металните индустрии во светот допринесува се поголем


развој на технологиите на обработка со деформација.
Технологијата на обработка со пластична деформација е современ метод на
обработка кој се применува во сите современи фабрики. Овој начин на обработка
истотака има големи економски предности и поради тоа денес во светот се
забележува и пораст на овој начин на обработка во одност на обработката со
симнување на струшка. Неспорно е дека за тоа голем придонес има брзиот развој на
машините за обработка со деформација, металите за преработка, новите материјали
за алати, како и теоретско ескперименталниот развој на науката во ова подрачје во
последните години. Овој начин на обработка со дефорамација исто така има голема
примена во малите и големите серии на производство.

слика 22 - Машина за пробивање 1

Семинарска работа | Просекување и пробивање


26

Користена литература:

Metode i alati za probijanje i prosecanje ,Savez alatničara Beograda, 1977


Tool and manufacturing engineers handbook, Phillip E. Mitchell, Michigan
Tehnički sistemi , Dušan Regodić, Beograd, 2011
MANUFACTURING PROCESSES, J. P. KAUSHISH
Tehnologija Obrade Metala Rezanjem, Miodrag Lazic, Bogdan Nedic, Slobodan Mitrovic,
Kragujevac , 2002
Handbook of Mould, Tool and Die Repair Welding , S. Thompson
Rezni alat, Bruno Rebec, Zagreb
Masinski materijali, Dusan Regodic , Kragujevac, 2003
Handbook of Fabrication Processes ,by Orville D. Lascoe
Metode i Alati za Probijanje i Prosecanje, R. Bogdanović, Lj. Dimitrijević-Marković, G.
Đurović, Beograd 1977
Shear and Punching Shear in RC and FRC Elements: Technical
Punching shear in reinforced concrete slabs, American Concrete Institute, 2005

http://www.advantagefabricatedmetals.com/shearing-process.html
http://www.idc-
online.com/technical_references/pdfs/mechanical_engineering/Shearing_and_Forming_Pro
cess.pdf
http://www2.masfak.ni.ac.rs/sitegenius/article.php?aid=280
https://www.seminarski-
diplomski.co.rs/download/DIPLOMSKI/Alati%20za%20probijanje%20i%20prosecanje%20-
%20diplomski.pdf
https://dokumen.tips/documents/alati-za-probijanje-i-prosecanje-i-limovi.html
https://dokumen.tips/documents/63237006-alati-za-obradu-prosecanjem-i-probijanjem.html
https://dokumen.tips/documents/63237006-alati-za-obradu-prosecanjem-i-probijanjem.html
https://dokumen.tips/documents/probijanje-i-prosijecanje-seminarskipdf.html

Семинарска работа | Просекување и пробивање

You might also like