Истражувајте: Како луѓето го објаснувале движењето на Сонцето, ѕвездите и планетите во минатото? Кога и зошто се промениле нивното сфаќање и идеи? Можни извори на информации (на англиски) се: https://www.bighistoryproject.com/chapter s/2#the-rock-we-call-home http://www.polaris.iastate.edu/EveningStar /Unit2/unit2_sub1.htm http://abyss.uoregon.edu/~js/ast121/lectur es/lec02.html http://www.kidsastronomy.com/leavitt.htm Посочените научници извршиле влијание врз разбирањето на Сончевиот систем. Птоломеј и Коперник, треба да: 1. Наведете каде и кога живееле овие научници. 2. Опишете го нивниот модел на Сончевиот систем (вклучително што било во центарот на нивната вселена). 3. Опишете ги доказите кои го објаснуваат нивниот модел. 4. Опишете ги доказите кои нивниот модел не можел да ги објасни. Галилео, Левит или Хабл, треба да: 1. Наведете каде и кога живееле овие научници. 2. Опишете како тие прибирале докази за Сончевиот систем и вселената. 3. Опишете ги заклучоците до кои дошле од нивните докази. Имате поширок избор на методи преку кои може да го преставите своето истражување, пр. нарација, компјутерска презентација, видео, постер, цртеж, драма, кратка игра на улоги, 3D макети, демонстрација, песна, поема. Бидете креативни во вашиот избор на начинот и методот на кој ќе подготвите.