Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ЗАПОВЕДЕН НАЧИН

Заповеден начин е проста глаголска форма.

Со заповедниот начин се искажува желбен или заповеден однос кон глаголското дејство.

Заповедниот начин има форми само за второ лице еднина и множина.

Се образува со наставките:

еднина      множина
1л. /            1л. /
2л.- ј          2л. – јте
3л. /          3л. /

еднина        множина
1л. /              1л. /
2л. – и        2л. – те
3л. /            3л. /

Во зависност од глаголската група или општиот дел на кој завршува глаголот заповедниот
начин се образува со едните или другите наставки:

 Наставките -ј; -јте ги добиваат глаголите од а-група и глаголите од и- и е-група чиј


општ дел завршува на самогласка (стои, пие). Кај глаголите од а-група, наставките
се додаваат на основниот вокал, а кај другите на општиот дел на глаголот.

На пр.:

вика: викај, викајте; бега: бегај, бегајте

стои: стој, стојте; крои: крој, кројте

знае: знај, знајте; пее: пеј, пејте.

 Наставките -и; -те ги добиваат глаголите од и- и е-група чиј општ дел завршува на
согласка (носи, плете).

На пр.:

учи: учи, учете (учите); носи: носи, носете (носите)

плете: плети, плетете;  дреме: дреми, дремете.

 
Индиректна заповед

Недостатокот на специјални форми за заповеден начин за другите лица (прво и трето лице
еднина и множина) се надополнува по синтетички пат, со ДА и НЕКА и глаголот во
сегашно време. Но, тоа не се форми на заповеден начин и изразуваат индиректна заповед.

да и нека + сегашно време од глаголот

На пр.:

еднина                              множина

1 л. да викам                  1 л. да викаме

2 л. да викаш                2 л. да викате

3 л. да, нека вика        3 л. да, нека викаат

Значење на заповедниот начин

Освен основното значење на директна заповед, со формите на заповеден начин може да


изразиме:

 минатост: Земи плата, потроши ја, така беше, така е и сега.


 севременост, обично во пословици и поговорки: Не слушај гаталец, туку паталец!
 услов: Дај му прст, тој рака ќе ти земе.

You might also like