Македонска Еспорт Федерација Прва Македонска Еспорт Лига Во Dota 2

You might also like

Download as odt, pdf, or txt
Download as odt, pdf, or txt
You are on page 1of 4

МАКЕДОНСКА ЕСПОРТ ФЕДЕРАЦИЈА

ПРОПОЗИЦИИ

ПРВА МАКЕДОНСКА ЕСПОРТ ЛИГА ВО DOTA 2


ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2022
РЕГУЛАРЕН ДЕЛ НА ЛИГАТА
(ОНЛАЈН)

Во Лигата учество земаат осум екипи од отворените квалификациите од Прва Македонска Еспорт
Лига во Dota 2.

Член 1

Регуларниот дел од Лигата е во формат на Round Robin (BO1) односно секоја екипа треба да
одигра по еден меч со останатите екипи. На тој начин регуларниот дел од лигата формира 7 кола
со по четири меча во едно коло:
Коло= 1 2 3 4 5 6 7

Пар 1 EH CA BF ED GA CH BA

Пар 2 FB DB AE FC HB DG EF

Пар 3 BC GE DH GB EC AF GH

Пар 4 AD HF CG HA FD BE DC

Член 2

Бодовите за одиграните натпревари се добиваат на следниот начин:

а) ПОБЕДА три (3) БОДА


б) ПОРАЗ нула (0) БОДОВИ
Член 3

Конечниот пласман од регуларниот дел од Лигата на екипите за сезона 2022 се прави по


завршувањето на последното 7-мо коло. Екипите се рангираат на табелата врз основа на најмногу
освоени бодови.

Член 4

Првите четири пласирани екипи од регуларниот дел од Лигата продолжуваат во последната фаза
од Лигата односно плејоф-от што се игра офлајн и тоа на место и време претходно утврдени од
Управниот Одбор (УО) на МЕСФ.

Член 5

Доколку две или повеќе екипи имаат освоено ист број на бодови, се вреднува следниот систем на
одредување на пласманот на табелата:

1. Во случај две екипи да имаат ист број на бодови во конечната табела, пласманот се одредува на
следниот начин:
● Подобро пласирана ќе биде екипата што има подобар резултат во меѓусебниот натпревар;
2. Во случај на три или повеќе екипи да имаат ист број на бодови на конечната табела, се прави
МИНИ ТАБЕЛА на екипите со ист број на бодови, а пласманот се одредува на следниот начин:
● Подобро пласирана ќе биде екипата што има подобар резултат во меѓусебниот натпревар;
● Доколку и понатаму има екипи со ист број на бодови, тогаш ќе се закаже и организира МИНИ
ТУРНИР на кој ќе се одреди пласманот на спорните екипи;
● МИНИ ТУРНИРОТ се игра во онлајн услови и се организира во најскор можен погоден момент;
● Екипите на МИНИ ТУРНИРОТ ќе играат по еден меѓусебен меч на кои важат правилата за
бодување од регуларниот дел на Лигата.

Член 6

Ако една од екипите во текот на Лигата од било кои причини се отакаже или е исклучена од
натамошното натпреварување, нејзините резултати во натпреварувањето се:

- бришат ако екипата одиграла помалку од 51% од натпреварите;


- регистрираат со службен разултат од 1:0 и им се одзема по еден бод (-1) од неодигран натпревар
а на противниците им се додаваат три (+3) бода.

Член 7

Екипата која ќе се откаже во текот на натпреварувањето од системот на натпревари, играчите


немаат право да учествуваат на Националните лиги и турнири организирани од МЕСФ во
времетраење од две (2) натпреварувачки сезони.
Член 8

Ако една од екипите во текот на лигата од било кои причини неоправдано и ненајавено доцни
повеќе од 15 минути на претходно закажано време за меч или не е во состојба да го одигра мечот
во договореното време, тогаш таа екипа го губи правото да го игра тој меч и ќе се смета за
службена победа на противникот. Доколку и двете екипи не успеат да бидат навремени и во полн
состав за време на почнувањето на договорениот меч, тогаш двата тима ќе се сметаат за
губитници за тој меч и ќе им се одземат три (-3) бода.

Член 9

МЕСФ може да одложи или презакаже одредени натпревари или цело коло во следниве случаи:

- епидемија/пандемија, согласно позитивните законски прописи;


- неработни денови, согласно со Законот за празниците на Република Северна Македонија; -
писмено барање и договор на двете екипи со образложение за причините на одлагањето.
Оправданоста на образложението го цени МЕСФ и по истото донесува одлука, истиот меч мора да
се одигра најдоцна до почетокот на наредното коло (или седум дена ако станува збор за
последното коло).

Еднаш одложен натпревар на овој начин екипите немаат право на повторно барање за
одлагање на истиот.

Поместувањето на утврдениот термин за играње по барање и договор на засегнатите екипи


мора да биде уредно и навремено побарано со временски рок од 24 часа пред официјалниот
почеток на засегнатиот меч.

Член 10

Во сезоната 2022 натпреварите, делумно или во целост, ќе бидат пренесувани во живо преку
LIVE STREAM на twitch.tv каналот на МЕСФ односно twitch.tv/mesf_tv.

За сите натпревари во живо, МЕСФ е должна да обезбеди лице/а и опрема за пристоен пренос
на мечевите во живо (LIVE STREAM).

Член 11

Списокот на играчи треба да биде уредно поднесен и заверен во системот на играчи. Играч кој
не е на листата и не е внесен во системот, нема право на настап. Ако се утврди дека на меч
настапил играч кој не е во системот, играч кој немал право на настап или настапил под друго
име или STEAM сметка, натпреварот се регистрира со службен резултат од 1:0 и се одземаат
еден (-1) бод од бодовното салдо на екипата за која настапил.

Член 12

Доколку некоја од екипите поднесе список со пет регистрирани играчи, без резерва, а сакаат
подоцна да го сторат тоа, можат да поднесат барање за дополна на играчи на резервниот
состав најдоцна до една седмица од почетокот на следното коло. Тие треба да поднесат
барање за дополна на резервен состав до МЕСФ, по кое МЕСФ треба да ги разгледа и оцени
условите на истото и во рок од 48 часа да одговори на барањето на екипата.
Член 13

По одигран натпревар, екипата има право на жалба која се најавува исклучиво преку овластен
преставник на МЕСФ. Најавувањето на жалбата се врши најдоцна 60 минути по завршувањето
на одиграниот натпревар.
Во неа мора да се наведат мотивите на жалбата, а во рок од 48 часа во писмена форма преку
е-маил: igraci@mesf.mk детално да ја образложат жалбата.
Демоата од мечевите можат, но и немора да се земат како доказен материјал за решавање на
жалбата. Комисијата за играчи и судиите на МЕСФ ќе го разгледуваат демото или снимката од
мечот само во случај жалбата да се разгледува и ќе се произнесе за истата во рок од 72 часа.
Доколку се утврди повреда на некои од спомнатите правила во овој документ или други
правила од позитивната легислатура на МЕСФ, МЕСФ може да ја санкционира соодветно
спорната екипа.

Член 14

За остварување на Пропозициите важат и одредбите односно актите на Правилникот за


натпреварување, Законот за спорт и позитивните законски прописи.

Македонска Еспорт Федерација

Спортски директор
Игор Недески

You might also like