Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Насоки за организација на граѓански трибини во три каравани

Караван 1:
 Сите настани/посети во текот на еден ден од Караван 1 ги предводи претседателот Заев.
 Еден настан во денот е централен/главен настан во рамки на караванот.
 Потребната опрема (звук, светло, говорница, бина, столчиња) за централниот/главниот
настан во текот на еден ден ја обезбедува ЦИШ.
 Потребната опрема (звук, светло, говорница, бина, столчиња – зависно од одобреното
сценарио) за сите настани од Караван 1 (освен за централните) ја обезбедува ОИШ во
координација со РИШ.
 На централниот настан од Караван 1 на бината седнуваат кандидатите од советничката
листа и млади од СДММ (младите облечени во маички НАЈДОБРОТО), а вкупниот број на
советници и млади треба да биде 27.
 Сите настани од Караван 1 медиумски ги покрива сектор Комуникации (ЦКЈ) при ЦИШ.
 Главниот настан од Караван 1 се одржува во 20.00 часот освен ако со ЦИШ не се договори
поинаку.
 Распоредот со општини/датуми/саатници го утврдува сектор Агенди при што во распоредот
јасно е назначено кој настан и во која општина во текот на денот е централен/главен.

Караван 2:
 Настаните во тек на еден ден од Караван 2 ги предводат претставници на највисокото
раководство на СДСМ (заменик претседателката, секретарите и потпретседателите).
 Еден настан во денот е централен/главен настан во рамки на караванот и тој е точно
утврден од ЦИШ согласно вкупниот распоред доставен од сектор Агенди при ЦИШ.
 Потребната опрема (звук, светло, говорница, бина, столчиња) за централниот/главниот
настан во текот на еден ден од Караван 2 ја обезбедува ЦИШ.
 Потребната опрема (звук, светло, говорница, бина, столчиња – зависно од одобреното
сценарио) за сите настани од Караван 2 (освен за централните) ја обезбедува ОИШ, во
координација со РИШ.
 Сите настани од Караван 2 (освен главниот) медиумски ги покрива ПР секторот на ОИШ, во
консултација со ЦКЈ.
 Главниот настан од Караван 2 во текот на еден ден медиумски го покрива сектор
Комуникации (ЦКЈ) при ЦИШ.
 Главниот настан од Караван 1 се одржува во 18.00 часот освен ако со ЦИШ не се договори
поинаку.
 Распоредот со општини/датуми/саатници го утврдува сектор Агенди при што во распоредот
јасно е назначено кој настан и во која општина во текот на денот е централен/главен.

Караван 3:
 Настаните/посетите во тек на еден ден од Караван 3 ги предводат претставници на
поширокото раководство и функционери на СДСМ.
 Нема централен/главен настан во рамки на Караван 3.
 Потребната опрема за сите настани од Караван 3 ја обезбедува ОИШ.
 Медиумското покривање на сите настани од Караван 3 е обврска на ПР секторот на ОИШ,
по сопствена проценка и во консултација со ЦКЈ.

Одговорности на ОИШ:
 Организатор и координатор на секој од настаните е ОИШ, со претходна задолжителна
консултација и комуникација со сектор Агенди, сектор Комуникации и сектор Логистика од
ЦИШ за сите аспекти од организацијата.
 ОИШ треба да обезбеди КОВИД-19 координатор и почитување на сите здравствени
протоколи
 ОИШ треба да обезбеди листа на поканети гости од локално и централно раководство, да
ги достави поканите до гостите, при што за листата поканети гости од централно
раководство претходно задолжително се консултира со сектор Агенди при ЦИШ
 ОИШ треба да обезбеди протокол односно распоред на седење и доволен број столчиња за
сите поканети и присутни гости.

Локации:
 Локациите треба да се на централни јавни простори, а при тоа да се обезбеди целосно
почиутување на КОВИД-19 протоколите со цел заштита на здравјето.
 Треба да се обезбеди контрола бројот на поканети и присутни при што бројот на учесници
не смее да надмине 500 луѓе, но исклучиво според КОВИД-19 протоколите презентирани
најдолу во овој документ.
 Прва опција секогаш треба да биде отворена локација, освен доколку временските прилики
не го дозволуваат тоа.
 Маалски средби до 30 луѓе може да се организираат на отворено со стоење, но во тој случај
носењето маски е задолжително за сите учесници.
 Предлозите за локации за Караван 1 и Караван 2 се доставуваат на одобрување до сектор
Логистика (Бранко Георгиевски и Пеце Мирчески).

Агенди за посети и сценарија за централните настани од Караван 1 и 2:


15 мин: Одат химната на СДСМ и Абре Македонче инструменталка додека се собира публиката
3 мин: Модератор/ка: Може да биде обезбеден централно или да треба да се обезбеди локално.
3 мин: Интонирање химна на Северна Македонија
7 мин: Носител на советничка листа, обраќање
5 мин: Висок претставник на коалициски партнер (само доколку доаѓа од конкретната општина)
5 мин: Непартиски граѓанин, по можност лице кое било жртва на режимот или претставник на
целна група
7 мин: Кандидат за градоначалник
10 мин: Претседателот Заев (за Караван 1) или претставник на ракводството на СДСМ (за Караван 2)

ОИШ изработува предлог агенди и сценарија за посетите и за настаните и ги доставува до сектор


Агенди при ЦИШ, после што назад добива финална агенда. Во процесот на создавање на агендите
можни се консултации и со ЦКЈ.
КОВИД-19 протоколи
1. За сите настани ОИШ да назначи КОВИД-19 координатор кој има обврска да го обезбеди
протоколот.
2. Престојот на публиката на настанот задолжително се регулира со обележани места за седење,
поставени на растојание од 1,5 м, при што не е дозволено стоење и групирање на посетителите од
публиката.
3. Настаните на отворено се организираат со 50% исполнетост од капацитетот на просторот каде
што ќе се одржува настанот, но не повеќе од 500, со седење на растојание од 1.5м.
Настаните на затворено да се организираат со 30% од капацитетот на местото каде што се одржува
настанот, но не повеќе од 500, со седење на растојание од 1.5м.
4. При влез на публиката на настаните задолжително е поседување, приложување и проверка (од
страна на лица утврдени до ОИШ) на еден од следните документи:
 сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно
примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
 сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на
оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
5. Носењето маски во затворен простор е задолжително за сите граѓани.
6. Се препорачува носење маски и на на настаните на отворено.
7. На секој настан треба да се обезбеди КОВИД-19 пункт за проверка на сертификат за вакцина,
дезинфекција на раце со средство и маски (обврска на ОИШ).
8. Групирање на присутните е забрането.
9. Маалски средби до 30 луѓе може да се организираат на отворено со стоење, но во тој случај
носењето маски е задолжително за сите учесници.

Потребен организациски тим настаните:


Локален координатор на настан (шеф на ОИШ)
Координатор за КОВИД протокол (ОИШ)
Одговорно лице за логистика и техника (ОИШ + за централните настани Пеце Мирчески и Ѓорѓи
Аврамовски од ЦИШ)
Одговорно лице за ПР (ОИШ освен за централните настани каде одговорни се ЦКЈ)

You might also like