Проектна Задача По Информатика

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Проектна задача по Информатика

Тема - Вевчани
Вевчани е сместено во подножјето на источните падини на планината Јабланица на
надморска височина од 800 m. Поточно, селото е сместено на границата односно допирот
помеѓу планинската падина на Јабланица на запад и рамнината на котлинското дно на исток.
Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро на западната страна
на Струшкото Поле на источната страна на планината Јабланица. Се протега во насока исток
- запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сè до сртот на планината Јабланица. Се
граничи со општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија
со Албанија. Вевчани е ридско село чии што куќи се издигнуваат на надмирска височина од
820 до 980 метриОд централното место односно градот Струга е оддалечено 13,5 километри,
а од патот Струга - Дебар околу 7 (поточно 4) километри. До Вевчани води асфалтиран пат кој
од Струга минува низ селата Враништа и Велешта. Вевчани е големо село налик на гратче-
паланка и тоа доста добро урбанизирано, уредено и регулирано. По средината на населбата
минува главната улица во правец исток-запад на која се сконцентрирани повеќето
продавници, хотели, ресторани, трговски и занаетчиски дуќани, домот на културата и
отворената сцена на амфитеатерот и Здравствениот дом. Има мошне голем атар кој што
зафаќа простор о 35,5 км2, на кој преовладуваат пасиштата на површина од 2245,8 ха, на
шумите отпаѓаат 564,9 ха, а на обработливото земјиште 557,4 ха

You might also like