Вовед во фиксна протетика

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Вовед

Стоматологијата или денталната медицина е медицинска гранка која се


занимава со превенција ,дијагноза и терапија на болести на усната
празнина(заби,меки и коскени ткива),како и останатите структури на
краниофацијалниот комплекс како промените на ТМЗ , лицето и други
придружни мускулни,лимфни,нервни ,васкуларни и анатомски структури.
Забната техника пак од своја страна претставува нераскинлив дел на
денталната медицина и истата е одговорна за реализација на сите
лабараториски фази во изработка на забно-протетичките конструкции.
Со примена на современи дигитални технологии забната техника денес
овозможува изработка на сите фиксни и мобилни протетички надокнади со
максимална прецизност,функционалност и естетска совршеност.Со цел
квалитетот да ја постигне својата вредност неопходна е тимска работа и
кординирана активност на стоматолошкиот тим.
Забниот техничар е дел од стоматолошкиот тим кој по налог на доктор по
дентална медицина или доктор специјалист изработува различни забно-
протетички конструкции.

Почетоците на модерната стоматологија и забната техника датираат од


периодот меѓу 1680-1800 година .За татко на денталната медицина се смета
Францускиот хирург Pierre Fauchard (1678 – Mарт 22, 1761) кој истовремено е и
пионер на забната техника поради неговото откритие на забната протеза како
надоместок за изгубените заби.

Денес конвенционалната(аналогната) и современата дигитална забна техника


може да се подели на неколку дисциплини или полиња за работа во зависност
од типот на безаабоста кај пациентот.Од самите услови во устата на пациентот
пред се(број и распоред на преостанати заби)произлегува и видот на забно
протетичкото помагало.
Усната празнина или cavum oris е мало но сложено работно поле.Кога во
усната празнина ги имаме сите заби во забната низа,притоа не земајќи ги во
предвид третите молари со оглед на нивната природа на никнување,сметаме
дека забалото на пациентот се наоѓа во биостатичка рамнотежа.Тоа значи
дека во усната празнина постојано делуваат сили од различни правци и тоа
сила на јазик со правец на делување орално или лингвално,сила на усни и
образи од вестибуларен правец,сила на контактни точки од заби агонисти и
секако влијание на заби антагонисти во положба на цетрална оклузија .Во
ситуација кога пациентот ќе изгуби еден или повеќе заби оваа рамнотежа се
нарушува.Сите сили кои делуваат на забната низа сега ќе имаат тенденција да
го пополнат празниот простор.Со самото тоа настанува изместување на
забната низа и пациентот се соочува како со функционални така и со естетски
проблеми.Се додека пациентот има соодветен број и распоред на преостанати
заби постои можност за реконструкција на забалото со помош на фиксно-
протетички конструкции.
Стоматолошката протетика има за цел реконструкција т.е обновување на
оралните дефекти кои подразбираат корекции на постоечките забни
ткива,надокнадување на изгубените заби,корекции на меки и тврди забни ткива
се со цел рехабилитација на нарушените фунции на
џвакање,говор,реконструкција на МВО и секако естетика.

Денталната пракса не е само наука туку и уметност која преку соодветен план и
третман на пациентот му обезбедува удобност,сигурност максимален естетски
изглед и секако здравје.Основната задача на терапевтот и забниот техничар е
да ги задоволат принципите на профилакса,функција,фонација и естетика.

Профилаксата или превенцијата се заснова на редовната орална хигиена и


редовните стоматолошки прегледи.Но кога веќе ќе настанат промени во
стоматогнатиот систем целта на денталната пракса е воспоставување
повторна мастикаторна функција,преку надокнадување на изгубените заби при
што истовремено се рехабилитира функцијата на говорот.Во однос на
естетиката денес со дигиталната револуција имаме можност да направиме
широк спектар на козметички и практични стоматолошки корекции. Чекорите и
посакуваните резултати од редизајнирањето на насмевката ќе ги рефлектираат
уникатните потреби и личните цели на секој пациент.

.Фиксните конструкции трајно се фиксираат во устата на пациентот и истите


немаат можност за повремено вадење.За нивна изработка потребно е
присуство на преостанати заби во забната низа.Можат да бидат вештачки
забни коронки или навлаки кои се изработуваат и фиксираат на еден
заб,преостанат корен или имплант.Тука можат да се вбројат и денталните
ламинати кои служат за корекции на заби со примена на минимална
препарација,дентални инлеи,онлеи или оверлеи и дентални мостови кои
служат за пополнување на празниот простор во забната низа кога кај пациентот
се екстрахирани(извадени) еден или повеќе заби. Со помош на денталните
мостови се премостува дефектот при што конструкцијата се фиксира со
посебни врски за забите носачи или импл Третманот започнува со интраорален
преглед при кој се согледува моменталната состојба во устата на
пациентот.Бројот и распоредот на преостанатите заби го диктира правецот и
текот на терапијата.анти.

You might also like