Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 183

НАРОДНА АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА

Архитектурата како творечки напор на одредена општествена средина најизразито


ги афирмира интелектуалните и материјалните можности на општеството изразено низ ур-
банизацијата на средината во која се живеело и архитектонските реализации во неа. Bo Ma­
xe дониј a развојот на архитектонското творештво го следиме во еден континуитет на тех-
ничко-естетска креација во просторот, на која различните општествено-политички услови и
го дадоа и својот одреден белег.
Влијанијата на византиската и ориенталните културњкако и присутноста на доцна
античките споменици на нашата почва, народниот мајстор успешно ги синтетизира во еден
архитектонски израз карактеристичен за нашето средновековие. Црквите и манастирите,
почнувајќи од Климента и Наума, Самоила и многуте други ктитори, се израз на постојани-
те општествени и политички промени и културни и економски можности. Тие, со разновид-
ните концепции на формите, конструкциите и естетскиот израз што се манифестира во из-
вонредно пластично хармонизирани волумени, како и со живописниот начин на ѕидањето на
фасадите, се редат меѓу значајните архитектонски остварувања на македонската школа, a
имаат и одредена улога во развојот на средновековната архитектура и на поширокото под-
рачје на Балканскиот Полуостров (Св. Софија во Охрид, Св. Пантелејмон во Нерези крај
Скопје, Богородица Перивлептос во Охрид, Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричино и други).
Создадените градежни традиции од средниот век ги следиме и во турскиот период
во остварувањата на низа верски и профани објекти со карактеристични форми и архитек-
тонски израз својствен за муслиманската архитектура (џамии, анови, амами, безистени и други).
Овој континуитет на градење кон крајот на XVIII и особено во текот на XIX век, во
новосоздадените економски и културни прилики, во времето кога македонското население
извојува одредени права на послободна верска, стопанска и културна активност, ќе дојде до
израз во создавањето на таканаречената народна архитектура. Таа, како еден нов квалитет
со своите функционални, конструктивни и естетски достигања, во една мошне интензивна
изградба, ќе стане присутна во секојдневниот творечки напор на многубројните познати и
анонимни мајстори-градители.
Создавањето на народната архитектура во Македонија во еден широк репертоар на
разновидни програми и концепции во областа на религиозната и профаната архитектура е
условено од повеќе фактори. Се разбира, дека покрај наведените општествени и економски
прилики, битна улога имаат и географската положба на Македонија, како крстосница на врски-
те помеѓу Исток и Запад, етничкиот состав на населението, менталитетот на човекот, кли-
мата, топографијата, градежниот материјал, што сите заедно претставуваат значајни чинители
кои на оваа архитектура и даваат посебни белези и ja оформуваат како една стилска целовитост.
Во условите на брзиот развој на градовите и селата создадени се извонредни урбани
и рурални агломерации и реализирани се објекти со разновидни функции: станбени куќи,
манастирски комплекси, цркви, училишта, стопански објекти, мостови и други.
8 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Во овој извонреден творечки напор станбената архитектура - градската и селската


го достигна најголемиот дострел во својот развој. Создадена е, така, една архитектура која
во себе ги носи сите позитивни настојувања во креирањето и оформувањето на просторот.
Тоа е длабоко хуманизирана архитектура која обезбедувала еден релативно висок станбен
стандард што претставува и одраз на станбената култура на самото население. Затоа и те-
жиштето во излагањево ќе го насочиме кон разгледувањето на станбената архитектура,
односно кон старата македонска куќа.
Во Македонија има повеќе градови во кои е зачувана старата станбена архитектура,
како на пример: во Охрид, Крушево, Велес, Кратово, Дебар, како и во Костур и Бер во Егејска
Македонија. Зачувани се, иако поретко, се уште, старите јатки со оформени урбанистички
целини кои ja одредуваат структурата на населбите испресечени со низа тесни калдрмисани
улици чии рамки се формираат од карактеристичната стара станбена архитектура.
Станбените агломерации по градовите формираат посебни станбени реони, такана-
речени маала, како основни урбанистички јатки во чиј состав се наоѓаат одделни објекти за
задоволување на заедничките потреби на жителите, како на пример: фурна, чешма, црква,
продавница, како и помали проширувања во вид на интимни плоштади. Така, градовите се
состоеле од повеќе маали и чаршија како центар на стопанскиот и општествениот живот на
градот, со групирани занаетчиски дуќани и трговија. Македонското население обично го на-
селувало брдовитиот терен, а куќите се поставени на улична линија или слободно, и поради
тесното градилиште, се развивале по вертикала и тие се најчесто на приземје и кат и при-
земје и два ката. Муслиманското население се групирало во маалите во рамница и нивните
куќи се лоцирани во дворови оградени со високи ѕидови, со што домашниот живот се зашти-
тувал од непожелните и надворешни погледи.
Конфигурацијата на теренот, кој е, како што наведовме, стрмен, услови и една заед-
ничка појава на слободно поставување на куќите, една врз друга, барајќи слободен видик,
добра инсолација. Така, куќите се приспособуваат на самиот терен, тие се органски поврза-
ни со теренот и пејзажот, како да никнат од него. На ова се должи, секако, карактеристич-
ниот амфитеатрален изглед на македонските градови во чие формирање народниот мајстор
на еден спонтан начин создал сосема логично конципирани урбани целини.
Старата македонска куќа ги задоволувала основните потреби за живеење, одмор,
работа и разонода на човекот, така што во неа среќаваме простории кои по својата функци-
ја ги опфаќаат наведените потреби. Живеењето на Македонецот во најчест случај е одвоен
од земјата, тоа се одвива на катот со што се постигнати поголеми предности од живеењето
во приземје - подобра инсолација, ветрење, избегнување на влага, безбедност.
Во конципирањето на одделните функции во куќата факторот клима, покрај оста-
натото, имал мошне значајна улога. Топлите лета и студените зими диктирале формирање
на таканаречен зимски стан, лоциран во високото приземје или катот и летен стан на втори-
от кат. Така, во приземјето обично се сместени економските простории, кујната и една до
две простории на катот или меѓукатот, како што е случај кај охридските куќи, а на вториот
кат се наоѓа отворен, или со низа прозорци затворен чардак, соби за спиење и прием. Во ко-
ристењето на наведените простории и во нивната организација извршена е сосема јасна ди-
ференцијација на поодделни групи на простории, како и нивна меѓусебна поврзаност со хо-
ризонтални и вертикални комуникации. Исто така и во димензионирањето на одделни прос-
тории, како и во одредувањето на нивната форма постигнати се рационални решенија во
користењето на просторот, имајќи ja во предвид функционалната намена на одделните про-
стории, со што е постигната и потребната удобност и интимност пресметана според потре-
бите на човекот.
Македонската куќа е најчесто асиметрично решавана, што е диктирано од тесното
градилиште и од развиената градежна програма. Куќите се решавани во една слободна ком-
позиција на просторот, така што секоја куќа претставува посебно архитектонско решение.
Компонирањето е, значи, мошне еластично со желба да се совлада функцијата, да се овоз-
можи лесен пристап во просториите, да се добие повеќе воздух, сонце, слободен видик.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


НАРОДНА АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА 9

Во организацијата, пак, на одделни простории посебна улога има вградената покуќ-


нина која е изразито функционална по својата намена и практична за користење. Тоа се: му-
сандрите, сергените, долапите (еден вид плакари), миндери за седење, водници, полици, ка-
мини и друго. Тие се вешто групирани во просториите, така што самите простории добиваат
слободни површини за непречено користење, скоро без подвижна покуќнина.
И во примената на конструкциите во градењето на старите куќи доаѓа до израз
практичното, рационалното и функционалното решение на самите конструкции кои се из-
ведувани со природен градежен материјал и со примитивни технички средства за градење.
Така, куќите се градат во мешан конструктивен систем - масивно приземје ѕидано во камен
и лесна скелетна дрвена, таканаречена бондрук конструкција на катовите. Самата
бондручна конструкција дозволува исфрлање на катовите еден над друг во вид на еркери
потпрени со дрвени косници, со што се добива поголема корисна површина и поправилна
форма на просториите во катовите. Ова, од друга страна, дава можности и за скулпторално
обликување на фасадите, во разиграни форми на волумените хармонизирани во една архи-
тектонска целина, што всушност произлегува од функционалните потреби кои народниот
мајстор успешно ги користи во естетското обликување на објектите.
Во композицијата на фасадите главна улога имаат и односите помеѓу полното и
празното, потоа пропорциите, ритамот, материјалите и нивната структура. Постигнати се
контрасни ефекти во обработката на фасадите со самите градежни материјали во еден ис-
крен однос спрема материјалот и конструкцијата, што претставува посебна привлечност и
нивна логична примена во обликувањето на надворешниот изглед на старите куќи.
И во естетското уредување на внатрешниот простор обрнато е потребно внимание
особено во обработката на таваните и вградената покуќнина. Таваните се богато декорира-
ни во резба со вегетабилни мотиви, а можат да бидат делумно и боени. Резбата ja среќаваме
и на мусандрите и долапите, и тоа највеќе кај дебарските куќи.
Најуспешни остварувања од старата градска станбена архитектура наоѓаме во Ох-
рид, Крушево, Кратово, Велес и во други градови, но куќите во одделните градови имаат и
свои специфики, свој посебен израз. Така, на пример, крушевските куќи поради високата
надморска височина (1250 м) се затворено решавани со балкон кој завршува со карактерис-
тичен тимпан украсен со боена декорација. Куќите во Струмица најчесто се со отворен
трем и отворен чардак, а охридските куќи импресионираат со скулптуралното обликување
на фасадите.
Но, постои разлика помеѓу куќите градени за македонското население и куќите на
муслиманите. Поради веќе наведените услови, муслиманската куќа е слободно поставена,
со правоаголна основа, најчесто со нагласена симетрија. Решавани се во една поупростена
шема со централно поставен хол кој служел за боравок и комуникација, околу кого се редат
симетрично останатите простори. Предниот дел на холот, спрема бавчата се проширува во
чардак кој на одредено место има издигнат дел - минсофа, која служела за одмор. Инаку,
самиот стан се состоел од два дела - „харемлук“ и „селамлук“, а некаде можат да бидат
издвоени во посебни згради, обично кај беговските конаци. Во селамлукот се примале маш-
ки гости и тој е лоциран поблизу до влезот, или во приземјето. Најизразит пример на мусли-
манската станбена архитектура претставува конакот на Авзи-паша во селото Бардовци,
крај Скопје, еден од најуспешните остварувања од овој вид објекти на Балканот. Инаку, на
муслимански куќи наидуваме во Дебар, Тетово, Битола и во другите градови. Куќите во Де-
бар, меѓутоа, се одликуваат со поразновидно конципирани основи, често решени и низ три-
катни висини, како и со богато декоративно обработен внатрешен простор во резба и во бо-
ена декорација, така што, всушност, дебарските куќи претставуваат највисок архитектон-
ско-ликовен израз во рамките на муслиманската станбена архитектура во Македонија.
Посебен интерес во развојот на народна архитектура во Македонија претставува и
селската архитектура, како по разновидноста на изградените објекти, така и по своите ар-
хитектонско-обликовни вредности.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


10 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Селата во Македонија, планинските и рамничарските, главно се формираат како


збиен тип на села во кои основна рурална единица претставува селско-стопанскиот двор,
чија големина и форма зависат од местоположбата на селото. Во дворовите наидуваме на
разновидни објекти за живеење и стопанисување на селанецот. Покрај куќата, тука се нао-
ѓаат фурната, шталите, плевните, амбарите, кошевите и други објекти групирани според
својата функција. Куќата за живеење, меѓутоа, претставува најинтересен архитектонски об-
јект, и по своите функционално-конструктивни решенија и по естетскиот израз.
Развојот на селската куќа го следиме од нејзините примитивни форми, од таканаре-
чената едноделна куќа, па се до развиен стан со повеќе потребни простории решен и во не-
колку катни висини.
Самата местоположба на селото, со што се поврзува и стопанисувањето на селане-
цот, како и климатските прилики, битно влијаат во формирањето на селските куќи. Така,
куќите во рамничарските села се со отворени тремови и чардаци, таканаречени куќи чар-
даклии, а куќите пак во планинските села се затворени и помасивни, лоцирани на стрмен те-
рен. Но, имено, токму во решавањето на куќите во планинските села дојде до израз инвен-
тивноста на народниот мајстор, во приспособувањето на теренот со успешно користење на
денивелациите формирајќи влезови од разни нивоа, како што е на пример при куќите во се-
лата Галичник, Јанче, Битуше и кај други села во Западна Македонија. Така е постигната
извонредна поврзаност на архитектурата и пејзажот. Кубичните форми на куќите градени
од камен и опшивани со штици, со покривите од камени плочи органски се поврзани со те-
ренот и амбиентот формирајќи единствени ансамбли со вонредни панорамски изгледи.
И во концепцијата на куќите во планинските села во кои често пати е прифатена,
делумно, и функцијата на стопанските простории, постигнати се прикладни функционални
решенија диктирани од намената и теренот. Така, во овие куќи, во приземјето се чува доби-
токот, а станот е организиран на I и II кат со потребна издиференцираност на групите прос-
тории по својата намена. Така, на првиот кат, кој има посебен влез, сместени се економски-
те простории, кујната и една помала соба. На вториот кат, кој исто така може да има и посе-
бен влез од теренот, сместен е затворениот чардак и собите.
Селските куќи импресионираат и со својот надворешен изглед. Нивните фасади
претставуваат одраз на внатрешните решенија, на применетата конструкција и материја-
лот, дадени во еден искрен однос во композицијата на волуменот, во рустичната обработка
на природниот градежен материјал, во поврзаноста со амбиентот.
Вака оформената стара македонска станбена архитектура пружа инспирации и во
современото архитектонско творештво. Во сосема нови услови, по периодот на индустрија-
лизацијата на станбената изградба, нашата стара куќа со третманот на станбениот простор
како хуманизиран кат за живеење, со приодот во решавањето на функционалните и другите
архитектонски проблеми, влијае во создавањето на новото.
Интензивниот развој на народната архитектура во текот на XIX век го следиме и во
изградбата на верската архитектура. Подигнати се многу нови цркви во градовите и по се-
лата. Обновени се и изградени цели манастирски комплекси со конаци за живеење на калу-
ѓерите и други стопански згради. По својата архитектура особено се истакнуваат конаците
во манастирот Св. Јован Бигорски, во Марковиот манастир крај Скопје, во манастирот Св.
Јоаким Осоговски, кај Крива Паланка, во манастирот Св. Архангел во Варош, кај Прилеп и
други.
Новоизградените цркви имаат највеќе базиликална форма и се доста големи така
што импресионираат особено со својот внатрешен простор. Инаку, тие стилски се вклопу-
ваат во рамките на општите романтичарски движења со присутност на јаки домашни тради-
ции, особено од средновековната архитектура и современите движења на архитектурите на
Запад. Оттука во овие остварувања ќе сретнеме една коегзистенција на елементи од повеќе
стилови која доаѓа до израз и во надворешното и во внатрешното обликување. Од многуте
цркви изградени во овој период ќе истакнеме само неколку: црквата Св. Димитрија во Бито-
ла (1830), Св. Пантелејмон во Велес (1840), св. Богородица во Штипско Ново Село (1850).

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


НАРОДНА АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА 11

Богатото архитектонско творештво во Македонија што го следиме во текот на XIX


век во изградбата на разновидни објекти, е дело на многубројните мајстори-градители од
Македонија. Нашите мајстори биле познати како добри градители и надвор од Македонија
и граделе и во соседните земји, во Бугарија, Грција, Србија и Албанија, како и во Романија и
во Мала Азија.
Мајсторскиот занает, кој се предавал од колено на колено, особено бил развиен во
Западна Македонија каде што се формира познатата Дебарска градителска школа, потоа
во Велешко, Кривопаланечко, Костурско и во други краишта во Македонија.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


АРХИТЕКТУРАТА HA СТАНБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ
HA МАКЕДОНЦИТЕ И НА ДРУГИТЕ НАРОДНОСТИ

Спротивно на вообичаениот ред за архитектурата, ќе почнам со описот на архитек-


тонското обликување на станбените куќи на Македонците, со цел најпрвин да се запознаеме
со таа архитектура и да дојдеме до сознанието за постоењето на македонска народна архи-
тектура.
Од програмите и распоредот со ограничен број одделенија на станбени куќи за една
фамилија, тешко е да се дојде до такво сознанието.
Мнозина кои се занимавале со ова прашање дошле до заклучок дека станбената ку-
ќа на Балканскиот Полуостров и на источниот дел на Средоземното Mope, се разви во рам-
ките на програмата на византиската куќа.
Во почетокот на овој напис констатиравме дека нашите прадедовци, кога се наста-
ниле овде, наишле на една висока грчко-византиска култура, што влијаела на нив, на која се
угледале и од која многу научиле. Такви појави на културното и уметничкото поле, па и во
архитектурата, имаме од памтивек. Римјаните на пр. се угледаа на Грците и источноазиски-
те народи, а ренесансата се разви под влијание на римско-грчките постигања. Исламската
архитектура се разви под влијание на византиската, персиската и арапската, а од овие се
разгранаа толку други архитектонски школи.
Но сепак, историјата на архитектурата ги диференцира и ги класира како посебни
архитектонски школи и архитектури, од кои секоја носи во себе свој архитектонски карак-
тер и дух.
Слични појави гледаме и во развитокот на програмите. Од микенскиот мегарон се
разви грчкиот храм; од римската базилика се развиле христијанските базилики - цркви и
многу др. И станбените згради поминаа низ слични патишта; римската куќа се разви од грч-
ката, византиската е синтеза на грчко-римската и таа на малоазиските народи. Како што
видовме, грчката народна архитектура се разви под влијание на византиската и следствено
нашите се угледаа на грчката народна архитектура. Но, угледување не значи и копирање.
Секој народ гради според своите потреби, обичаи и навики. Според теренските прилики и
можности, програмата се развила хоризонтално или во висина - на катови.
Природно е дека во куќи (за една фамилија) со приземје и катови, програмата на
станот се распоредува така што во приземјето доаѓаат домаќинските одделенија, а на като-
вите станбените и приемните. Тоа е логична последица на архитектонско функционално ра-
судување. Од најстарите времиња па до денес оваа поставка важи, варијациите се однесу-
ваат само во измената на начинот на живеење.
Исто така, разни архитектонски школи употребувале во најразлични комбинации
тремови, тераси, чардаци, лоѓии, еркери и еркери над еркери; ќе видиме и прозорци нареде-
ни во низа во бондручна конструкција. Од градежните материјали, пак, до пред XIX век се
земале предвид само каменот, дрвото и земјата.
14 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Тоа што го набројавме е само дел од архитектонските елементи со кои располагаат


архитектите; тие со нив компонираат, слично како и музичките композитори, кои со една
гама од ноти и извесен број знаци, наредени и ускладени во различни комбинации, составу-
ваат разновидно хармонизирани музички дела.
Според тоа, критиката за една архитектонска школа треба да се однесува на карак-
терот што го содржи и на духот што го пројавува. Ако архитектонската критика произлегу-
ва само од анализата на употребените архитектонски елементи и градежни материјали, ри-
зикуваме да се доближиме до некоја друга архитектонска школа, следствено, да дојдеме до
погрешни заклучоци.
Но не е така лесно со зборови да се опише карактерот и духот на некоја архитекту-
ра; тоа повеќе се чувствува, слично како што ja чувствуваме музиката, поезијата, сликар-
ството и др. И архитектурата ги поетизира материјалите, како што поезијата ги поетизира
зборовите.
Нашата народна архитектура, со најевтини и наједноставно употребени материјали,
достигна висока архитектонска лирика.
Од анализата на народните грчки станбени куќи и оние византиските, видовме дека
архитектурите не им се слични на нашата. Исто така се уверивме дека и муслиманските ку-
ќи и конаци не носат белег на исламска архитектура, туку се слични на македонските.
Тогаш ни останува уште да извршиме споредба на нашата архитектура со архитек-
турата на старите Грци.
По се изгледа дека нашите мајстори не останаа рамнодушни спрема класичниот
грчки портик. Тие ja чувствувале неговата убавина така како што ja чувствува еден умет-
ник. Мора да биле одушевени од неговата монументалност и совршенството на формите.
Тоа не е за чудење кога знаеме дека архитектурата на Западна Европа цели пет ве-
ка, па се до наше време, се инспирирала од истиот тој портик.
Исто така не е за чудење зошто досега не е посветено внимание на фактот дека и
нашата архитектура се инспирирала од грчкиот класичен портик.
Тоа несомнено доаѓа од совршено различниот карактер и дух што го има нашата ар-
хитектура, иако елементите на портикот се тука.
Во нашите најстари куќи (во Битола, Скопје, Струмица) од почетокот на XVIII век
го гледаме следното. Во распоредот на масите, масивното приземје дејствува како високо
цокле, а горниот кат лесно и воздушесто, со играта на површините и боите од една страна и
на полното и празното од друга страна. Ѕидовите, рамни на горниот кат, редовно излегуваат
пред тие од приземјето за околу 5 до 30 см на челик. Ова место е нагласено со хоризонтален
појас од штици (тука уште не станува збор за еркери). Меѓу прозорците е оставена мала
ѕидна маса или само дрвен столб, та во обата случаја дејствува како столб. Рамките од шти-
ци околу прозорците особено ги одделуваат темните од светлите површини. И ќошињата на
овој кат се нагласени со штици до висината на прозорските рамки, та и тие дејствуваат
како столбови. Над овие вертикални, темни и светли тенки столбови, лежи од едниот до
другиот крај една рамна темна или светла површина која не е ништо друго туку архитравот.
Непосредно над архитравот е моделиран венецот или стреата. Има куќи во Битола, Охрид,
Дебар и др., на кои над архитравот јасно е нагласен и фризот, ишаран со молерај - имитира-
ње на грчкиот фриз - зоофорон. Во многу куќи, во централниот дел, каде што чардакот е
затворен, венецот или стреата се прекршуваат во вид на тимпанон, со или без хоризонтален
потез на геизопот.
А к о влеземе во пластиката на деталите, и таму ќе најдеме по неш то што сака да ja
имитира грчката пластика: рамките околу прозорците, профилот на меѓукатниот појас и
помалку венецот. И самиот тимпанон, од чисто формалистички причини, е направен како
украсен елемент, а не од потреба.
Импресиите што ги добиваме од ваквиот состав на архитектонските елементи се
слични на тие од една музичка симфонија.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


АРХИТЕКТУРАТА HA СТАНБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ HA МАКЕДОНЦИТЕ И НА ДРУГИТЕ НАРОДНОСТИ 15

По тешкото приземје следува лесниот и воздушест кат, во кој треперат белите и


темни површини. Архитравот ги смирува овие трепети и на крајот архитектонската компо-
зиција завршува со еден потенциран тон на стреата, којшто добива една мала варијација во
тимпанонот, се разбира онаму каде што го има.
Таква е општата карактеристика на нашата куќа; таков е духот што произлегува од
нејзината хармонизирана целина.
При сето тоа би се појавила неизбежна монотонија доколку нашите неимари не ги
освежувале објектите со разновидни мотиви. Величината на нивниот дух не им дозволи да
се задржат на типизирано градење. Секој објект за нив претставувал посебен проблем со
оглед на распоредот и неговата композиција. Имаме објекти со симетрични или асиме-
трични основи и фасади; по формата на основите квадратни, правоаголни, на Г, триаголни,
прекршени и сл. На секакви терени, рамни, стрмни, правилни или неправилни плацеви, мај-
сторите пристапуваа решително при решавањето на задачата. Затоа тешко е да се најде
објект кој дејствува нескладно, дисхармонично.
Да констатираме уште еден важен факт.
Спротивно на вообичаениот ред во архитектурата од ново време, која од основата
започнува со обликување на ѕидните движења (упади и испади), во нашите првобитни об~
јекти тоа го нема. Приземните ѕидови се праволиниски или во континуална кривина, за-
висно од линијата на улицата. Дури на катот се појавуваат ѕидните движења и бидејќи сто-
јат во контраст со приземната линија, тие се уште позабележителни, но во куќите од поново
време имаме и прави ризалити коишто почнвуаат од теренот. Тоа најмногу го има во Кру-
шево каде што нашата архитектура доби најизразита форма, а и во други места.
Најпрвин испадите на катот беа непознати, но со времето се развиле во големи
испади и поради тоа се потпираат со косници.
Правењето на такви испади (одаја на челик) е со различна оправданост кај различ-
ни објекти. Во некои објекти се направени со цел да се прошират горните одделенија пора-
ди немање на доволно плацеви. Но има случаи каде што и покрај големите плацеви испа-
дите не изостануваат; дури имаме и многу примери на слободно поставени куќи, чиј горен
кат испаѓа околу наоколу, во различни движења, со што многу се оживуваат фасадите.
И во едниот и во другиот случај испадот се јавува како архитектонско обликување
на масите.
Кај неправилните плацеви испадите се нееднакви и добиваат тестераста (запчеста)
форма, но затоа одделенијата се корегирани во правилни фигури.
Сакам да подвлечам дека овие испади не се еркери, доксати или мухаребие, затоа
што одат по целата страна на еден ѕид или на два ѕида, ако одделението е на ќоше. Ѕидните
платна остануваат рамни од внатрешната страна. Доксати или еркери ќе видиме само на
чардаците, и тоа најчесто во муслиманските куќи, обликувани кружно или полигонално.
За придржување на испадите се употребени дрвени конзоли од испуштени меѓукат-
ни греди, кога се овие во правец, инаку се вметнуваат куси парчиња од греди, анкерувани во
подот. Конзолите како конструктивен елемент се различно обликувани, со што е збогатена
ѕидната пластика. За мали испади конзолите се куси и, по обичај, профилисани. Честопати
конзолите се опшиени однадвор, со штици однапред и со чоп малтер одоздола, малтерисани
така да не се гледаат; впечатокот е сличен на рамна исфрлена плоча.
Кај поголемите испади, конзолите се потпираат со косници: прави или благо искри-
вени, по линија што одговара на статичката деформација на такви стапови.
Кај побогато обработените фасади, косниците се маскираат со опшивка од штици
од страна, а однапред со летви, по изработениот профил на штиците. Опшивката е малтери-
сана со чоп малтер, со барокни профили.
Понекогаш малтерисаната опшивка ги покрива сите косници со една коса или про-
филисана рамнина. Наместо со косници, има случаи кога конзолата е потфатена со повеќе
потконзоли, постепено испуштени од ѕидот, по извесен профил.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИ.ТА


16 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Барајќи и понатаму украсни мотиви, искусната рака на мајсторите го оживува и


приземниот дел на фасадите, ѕидан од кршен камен и притегнат со дрвени појаси (кушаци).
Наместо обично дерсување на фугите, почнале да ги нагласуваат со релјефни пантлики, на-
правени од малтер (2-4 см во пресек), корегирајќи ги со тоа ситните фуги.
Белите ленти ja оживуваат пластично сивата површина на ѕидот, а дрвените појаси,
коишто во некои куќи останаа како изразен конструктивен елемент, ja разбиваат моното-
нијата, што неизбежно се јавува при големи површини третирани со ситни елементи.
Во првата половина на XIX век и почетокот на XX век јавните објекти (болници,
школи, сараи, општини) се изведувани по нацртите и раководството на странски архитекти
(Италијанци, Австријци, Французи).
Архитектурата на тие објекти, масивно изградени, е ренесансна, дури и по углед на
Паладио.1 На нашите мајстори кои ги граделе овие објекти им се укажа прилика да се запо
знаат со ренесансни мотиви и истите почнале да ги применуваат на станбените и други згради.
Покрај вообичаениот начин на градење и обликување, од почетокот на XX век се
воведува ренесансата и во станбените куќи. Истите се изградени масивно, а дрвото наполно
исчезна на фасадите. Солун на големо лиферува разновидни ренесансни украсни елементи
направени од теракота (капители, јајчести листови, акантусови листови и гранки, балустри,
конзоли за балкони и венци и сл.). Во Битола се изградени дури и три-четири куќи во чист
неокласицизам, а битолската митрополија е изградена во чист француски барок.
Природно, ваков начин на градење е воведен најмногу во Битола, Скопје и Гевге-
лија, напоредно со објекти од народната архитектура, а во другите градови поретко.
Нашите мајстори ренесансата ja викале солунски начин на градење.
Оваа констатација дојде како логична последица на развитокот на архитектурата
кај нас, но за ренесансата ќе стане збор поопширно во наредните публикации. Затоа ќе про-
должиме со народната архитектура.
Со попуштањето на теророт граѓанството малку се поослободило. Потребата за за-
штитно приземје се намалила, та почнале да прават прозорци и во него од страна на улица-
та. Под влијанието на ренесансата, приземјето се издигнува за неколку скали и се користи
само за живеење, а визбите се вкопуваат во земјата. Но, архитектурата го задржува својот
народен карактер и покрај некои вметнати мотиви од ренесансата. Такви мотиви најмногу
се гледаат на прозорците. Рамката околу прозорците направена од штици со еднаква шири-
на сега доби архитрав и венец, пак од штици и профилисани летви, но во минијатура. Има и
барокно обликување на натпрозорскиот „антаблемент со тоа што фризот е засечен по една
крива, што произлегува од 1/4 круг“. На некои куќи натпрозорскиот венец прави полукру-
жен венец или тимпанон со доволно растојание меѓу прозорците или тие се доближени.
При употребата на триаголни тимпанони над прозорците во некои случаи е поста-
пено оригинално. Прозорците се задржани еден до друг, тимпаноните се составуваат и пра-
ват една цик-цак линија којашто на краиштата минува во хоризонтала. Има куќи приземни
и на кат со полукружни прозорци, а во Крушево ќе видиме мали кружни прозорци во тимпа-
нонот, а над вратата на балконот елиптични.
Дури и тимпаноните на фасадите се обидоа да ги изградат со барокна линија, но по-
ради тешкото моделирање на истиот со штици, не е применет многу. Од оние малку приме-
ри што останаа забележуваме дека решенијата на барокните тимпанони се оригинални.
Така, на пример, во Крива Паланка постои зграда чија фасада е поделена на три дела, од
кои крајните се завршуваат со барокни тимпанони, а средниот тимпанон, што стои над ер-
кер, е триаголен. В о сите три тимпанони се повлечени „корди“, т.е. хоризонтален геизон.
Кај некои куќи во Струмица, над средината на фасадата е извиткан венецот (стреа-
та) и по истата линија се извива и фризот; тимпанон навистина нема. Под извитканиот фриз
има лоѓија балкон; комбинација што заслужува восхит.1

1Битолската гимназија покрај реката Драгор.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


АРХИТЕКТУРАТА HA СТАНБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ HA МАКЕДОНЦИТЕ И НА ДРУГИТЕ НАРОДНОСТИ 17

Во Титов Велес на една куќа, сопственост на двајца браќа, обликувањето на фасада-


та е уште пооригинално. Со приземје и два ката фасадата е поделена на четири делови. Ка-
товите се истакнати на конзоли со косници, во иста рамнина, со исклучок на вториот дел,
кој е третиран со две лоѓии, со сегментен завршеток, а над лоѓиите има два триаголни тим-
панона. Крајниот, десниот дел на фасадата, е поистакнат од другите. Бидејќи куќата се из-
дига над самиот брег на Вардар, таа има извонреден изглед.
Кратово, со неговите мостови преку понори, зачуваните кули од некогашната твр-
дина и старите македонски куќи, збиени и во тесни сокаци, има единствен изглед на сред-
новековен град.
Во Охрид, барокните тимпанони ja поклопуваат целата предна фасада на една мала
трапезаста основа.2 Венецот на овие тимпанони има линија со идентични движења на венци-
те што ги завршуваат трансептите на северните и јужните фасади од некои наши среднове-
ковни цркви, како што се манастирот ЈТесново, Марков манастир и други.
Сличен завршеток ќе видиме и на една магаза во Охрид, спроти „Чинарот“ изграде-
на од камен, а лачните елементи од тула.
Изградени на тесен плац помеѓу две улици, предната страна на овие куќи одвај да
има 4 м ширина. Затоа, издигнатите прв и втор кат над приземјето се наддадени еден над
друг од сите три страни, за да се добие од воздушниот простор. На предната фасада на овие
куќи гледаме како отворите по геометриски пат се хармонизирани, што е белег на висока
уметничка култура.
Куќата на Робевци во Охрид претставува една архитектонска фантазија. Изградена
од двајца браќа, како две посебни станбени куќи, во приземјето оваа подвоеност е јасно из-
разена со прекршувањето на фронтовата линија на два дела и по една полукружна порта за
секој стан. Но, на горните три ката, оваа подвоеност постепено исчезнува и симболично
минува во една архитектонска целина. Така, на пример, на првиот кат оваа подвоеност сил-
но изразена во ритамот, големината и по бројот на отворите - еден згоден елемент од
испуст од чардакот на левиот стан и два ситни прозорци поставени на оската на објектот, ja
воспоставуваат првата архитектонска врска помеѓу двата стана.
На вториот кат масите и отворите се избалансирани со два еркери и три поназад ис-
такнати површини, та сето заедно дејствува како една архитектонска целина, завршена со
силен и профилисан венец. На самата ивица на венецот, а во правец на долните еркери, се
издигаат две одделенија, од каде има многу убав поглед кон езерото, одделени со една ниша,
чијшто барокно извиткан венец ja нагласува оската што тргнала од првиот кат и симболич-
но ги соединува братските куќи (архитектонска симболика).
За доведување на горниот објект во архитектонска целина се извршени единаесет
движења на ѕидните маси, почнувајќи од првиот кат, што е премногу за еден таков мал об-
јект. Но, и покрај тоа, се е убаво урамнотежено и хармонизирано.
Во тесните и густо населени улици, во кругот на градските ѕидишта на Охрид и во
тесните улици на Струга, забележуваме почести движења на масите и пробивање на куќите
во висина со цел да ги надвисат куќите од преку улица, за да добијат убав поглед кон езеро-
то. Тоа нешто го нема во толкав степен на зградите подигнати на отворен терен.
Архитектурата на куќите во Крушево носи свој специфичен карактер. Во нив на
прво место немаме отворени тремови на диреци. Слободно изградени и на стрм терен, во
нивното обликување гледаме нови ефекти што произлегуваат: од прекршени основи со
еден, два или повеќе ризалити и од складно спроведената мешана ѕидарија од камен, не
само во приземјето туку и на катовите, и тоа цели површини или делумно спроведени во
комбинација со бондручна конструкција. Исто така и во движењата на масите постои упад-
лива разлика на крушевските куќи и тие во другите наши градови.

2 Една таква куќа има спроти црквата Св. Софија од јужната страна, а друга на врвот на бре-
гот под црквата Св. Климент на источната страна.

АРХИТЕКТУ РAT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИ.ТА


18 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Крушевските куќи даваат многу убави мотиви за современо обликување. Тие веќе
влегоа во составот на современата архитектонска граматика и во голема мера се употребу-
ваат.
Кон крајот на XIX и почетокот на XX век се забележува тенденција испадите на
куќите во Македонија да се сведат на минимум, а прозорците да се доближат, така што да
бидат одделени само со еден дирек. Група прозорци дејствуваат како еден налегнат прозо-
рец.
Чардаците се застаклуваат и прават цели стаклени ѕидни површини. Во куќи повле-
чени од улица се прават тремови а над нив чардаци по целата ширина на фронтот и целосно
застаклени. Стреите умерено испаднуваат.
Таквите куќи се предци на современата архитектура. Од нив и од другите се инспи-
рирал поборникот на современата архитектура Le Corbusier.
Во Скопје има обиди и таванскиот простор да се ползува за живеење. И покрај тоа
што покривите им се пострмни, овие куќи го задржаа карактерот на локалната архитектура.
Од досега изнесеното гледаме дека во време од три и пол века македонската народ-
на архитектура постојано еволуирала, а во своите дела покажа висок степен на уметничка
култура.
Таа умешно се однесува на тоа поле и зависно од финансиската положба на нарача-
телот, амбиентот и расположивите градежни материјали дејствувала соодветно, како во на-
дворешното обликување, така и при внатрешното. Речиси секој град во Македонија има
своја физиономија, а куќите носат покрај општата карактеристика на македонската архи-
тектура и локални белези, што ќе видиме од понатамошната анализа на одделни градови.
Традицијата од едно локално архитектонско обележје се пренесуваше со движење-
то на трговците и занаетчиите на други дури и оддалечени градови. Со формирањето на ко-
лонии во стара Анкара, Смирна, Бурса, Цариград и други места од страна на влашките
трговци и занаетчии од Битола, Крушево, Солун и други места, мајстори од споменатите се-
ла оделе со нив за да им градат куќи. Оттука, улиците и куќите на гореспоменатите градови
личат на тие од нашите градови.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ОРГАНИЗАЦИЈА HA СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА

Факшор клима

Она што битно ja одделува европската од македонската куќа е факторот клима.


Факторот клима наложува некоја двојност во градењето на македонската куќа: ка-
мено, масивно приземје со визби на земјата и високо приземје од бондрук со простории за
живеење. На Ориентот не се живее под нивото на земјата (во вкопана визба).
Од овие поделби на просториите за живеење постепено се наложила и втора подел-
ба - делење на становите за лете и зиме.
Големиот студ зиме не им дозволува на луѓето да спијат во високото приземје од
бондрук; така, зимската соба се одделува од летните простории и таа спаѓа, заедно со зим-
ската кујна, во масивното приземје или во меѓукатот. Тоа е почетокот на диференцијација-
та на станот на зимски и летен.
Бидејќи стандардот на жителите на овие куќи најчесто не им дозволува да развијат
комплетни зимски простории за живеење, тие најчесто се задоволуваат само со зимска соба,
во која зиме спијат родителите, додека помладите членови на семејствоти и зиме спијат во
летните простории. Ова ни овозможува да разбереме зошто во собите на катот има огниш-
та што ги заменуваат нашите печки.
Зиме луѓето живеат и готват во масивното приземје. Затоа обично ќумбето го ста-
ваат во зимската соба, којашто им служи и како зимска кујна, при што успеваат да штедат и
гориво.
Летните простории на катот се распределени околу чардакот (тоа е отворена и по-
криена тераса). Некојпат чардакот ги заменува и собите, така што лете луѓето живеат и
спијат на провев и во сенка. Лете има големи вруќини и луѓето обично попладне се одмо-
раат до 17 часот.
Во планинските краишта овој чардак е затворен, во тропските пак само покриен
одозгора. Чардакот натаму се диференцира на минсофа и троњ. Така домаќините живеат и
спијат во зимската соба, а лете во летните простории, кога е многу топло или врне на чарда-
кот, односно на минсофата; ноќе, кога не врне пак, спијат на отворениот троњ, т.е. на отво-
рената тераса што е продолжение на чардакот.
Лете не готват во куќата, туку во летната кујна, што е посебно доѕидана во дворот;
таму се уште и пералницата, котларницата и нужникот.
Општо земено, се чини дека луѓето во Македонија полесно го поднесуваат студот
отколку вруќината, иако често се жалат дека куќата зиме им е престудена без притоа да ка-
жат дека затоа имаат два стана, едниот во зимската соба и вториот во летните простории,
каде што ги преживуваат жешките лета во сенка и на отворено.
Нашата најстара зачувана, регионална европска куќа е динарската куќа. Таа наста-
нала од „димницата“ што истовремено е кујна, соба, визба и претсобје. Освен кујната, од неа
подоцна се развиле најмногу уште една до две соби, во кои се влегува директно од кујната.
20 НАРОДНА ААРХИТЕКТУРА

Можеби македонската куќа и да не е толку оригинална, но затоа има многу поголе-


ма развојна можност и диференцијација на просториите. Освен кујната, обично има уште
две соби, во кои се влегува непосредно од чардакот. Освен на летни и зимски, македонската
куќа можеме да ja делиме и на стопански простории и простории за домаќинот, за домаќин-
ката, санитарни, простории за живеење и поврзувачки простории. Според диференцијаци-
јата што ja достигнува развојот на просториите можеме да го определиме стандардот на жи-
телите на куќата.
Во натамошното излагање, покрај одделното запознавање на различните групи про-
стории, ќе ви го претставиме и развојот на македонската куќа.
Куќата на земјоделецот ja карактеризираат „потоните“ - визби. Во потоните спа-
ѓаат шталата, визбата и дрварницата. Комплексот се диференцира од разноличната работа
и од стандардот на жителот на куќата. Во различни краишта се нарекува со различни ими-
ња: потон визба, подрум кевар или ќерал. Потоните (зборот доаѓа од потонува в земја)
обично се на земја, во масивното приземје под просториите за живеење во високото призем-
је. Разликите во просторот, коишто произлегуваат од различниот однос на потоните и на
станбените простории, по етажите се изедначуваат на следниов начин:
- потонот го сместуваат во падот на теренот и тоа само под една станбена просто-
рија;
- или потонот го сместуваат под половината станбени простории на горниот кат, a
потоа преминува во карпа;
- или оставаат станот од горниот кат да виси преку потоните и преку пространиот
трем пред нив (така охридската куќа се шири нагоре како печурка);
- или покрај потоните и просторниот трем ги поставуваат на столбови и другите
зимски и помошни простории.
Во Велес сретнавме и високо-приземни куќи со доѕидани потони, а сретнавме и дру-
ги со голем пад на теренот, каде што потоните го зафаќаа целиот долен кат и со влез од
долниот пат; во станот, заедно со кујната и целиот горен кат, се влегува од горниот пат.
Овде куќите обично имаат онолку потони колку што има и соби на катот и изгледа дека
бројот на собите го определува и бројот на потоните - или со други зборови, се чини дека
бројот на добитокот во потонот го определува стандардот на животот во куќата.
Во Штип откривме приземна македонска куќа, со кујната сместена во аголот, која-
што се отвораше кон таванот, значи тоа е „димницата“ и од неа веќе може да се влезе во
другите простории, што коленесто се вијат околу просторниот трем. „Димницата“, всуш-
ност, е европскиот дел во оваа куќа.
И бидејќи подоцна сретнавме многу такви куќи, односно планови со трем, односно
чардак во аголот, а околу него коленесто во лак се вијат другите простории, овој план го
нарековме типично македонски.
Според ориенталниот принцип: не живеј на земјата! - ваквата куќа брзо почнала да
се крева над земјата.
Во почетокот, кон така кренатиот чардак што настанал од приземниот трем, ска-
лите биле само потпрени.
Подоцна под тој чардак се развил трем со потони и кон нив се приклучила и зимска-
та кујна, додека целиот друг дел на станот останал на катот. Постоењето на кујната на ка-
тот во составот на летниот простор претставува европско наследство во македонската
куќа!
Доста интересно е ш то првенствено ja сретнавме во местата со поголема европска
традиција и во старите населби на саксонските рудари во Кратово и кај Цинцарите во Кру-
шево. Таму најдовме, исто така, и голема пералница во дворот, што истовремено е и летна
кујна.
Всушност, насекаде во приземјето сретнавме освен потони и зимска уште и летна
кујна, а околу чардакот на катот беа другите летни соби. Последниот степен во овој развој

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ОРГАНИЗАЦИЈА HA СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА 21

е пералницата, којашто истовремено е и летна кујна со нужник во дворот; зимскиот стан со


кујна во приземјето, а летниот без кујна околу чардакот на катот.
Варијација на ваква диспозиција претставува охридската куќа кај која и летниот
стан е на катот, без кујна, зимскиот во меѓукатот, додека летната кујна е во затворениот
трем во приземјето. Летна кујна надвор од куќата претставува ориентално влијание врз
оваа куќа!
Според ова, македонската куќа развила три вида простории:
1. простории за домаќинство и санитарни простории во дворот;
2. зимски простории, со кујна во приземјето, односно во меѓукатот; и
3. летни простории, без кујна на катот.
Во оваа хибридна состојба на летниот стан без кујна, што е над зимскиот станбен
простор, е претставена крајната форма на македонската куќа. Македонија е земја со големи
климатски промени, освен тропските летни жеги има и најостри зими. Вруќината, непријат-
ната миризба и мувите се причина летната кујна да е под тремот во приземјето или во дво-
рот - затоа натаму веќе нема да ja бараме летната кујна во летниот дел на станот.
Летната кујна ja среќаваме во дворот во различни комбинации со другите просто-
рии; во Велес е поврзана со пералницата, во Кратово е заедно со пералницата и со котлар-
ницата - казанот.
Интересно е што кујните немаат килерче за храна (шпајз). Таквите простории ги
сретнавме само во Штип со турското име „килер“ или како „хуџера“ во Струмица.
Но затоа во Кратово покрај кујната го сретнавме таканаречениот „кујнич“ или
„спирница“ којшто во Охрид се нарекува „има“.
Воопшто, Охрид е град во којшто може да се проучуваат различните фази во раз-
војот на оваа „има“. Во почетокот тоа е како велешкиот водник или ориенталната „адбеста-
на“, всушност мало коритце блиску до кујната. Коритцето виси од чардакот на улицата или
дворот и служи за миење на луѓето и за миење садови.
Другпат коритото го среќаваме како составен дел на сергените (вградени шкафови)
во кујната, а може да е и во посебен мал простор веднаш до кујната.
Може да се случи да го сретнеме коритото и заедно со нужникот крај кујната, каде
што висат над канализацијата: тоа е македонската мокра батерија.
Таквиот нужник („чучар“) е директно достапен од кујната - тоа е европскиот дода-
ток на ориенталниот „амам“.
Уште почесто таквиот нужник е одделен од станот, по ориентален пример, и е по-
ставен кај влезот, крај портата во дворот или може да биде под тремот, блиску до канализа-
цијата.
Би рекол оти ретко може да се сретне бања во македонската куќа. По тоа оваа куќа
битно се разликува од ориенталната.
И овојпат во Кратово сретнавме исклучок: бања со засводен таван и поткренат под,
а се загрева или од собата или од претсобјето и во неа има две котлиња - за топла и за
ладна вода. Бањата беше во соба блиску до кујната и до другите санитарни направи (слична
бања има и охридската куќа).

Сшанбени иросшории

Ги употребуваат за дневен престој и за ноќен одмор. Во нив спаѓаат собите и чарда-


ците.
Зборот „соба“ е од унгарско потекло, а значи „изба“ - словенечки, или одаја - тур-
ски. Се чини дека Македонците прават разлика меѓу соба и одаја; соба викаат за поголема

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


22 НАРОДНА ААРХИТЕКТУРА

просторија, а одаја за помалечка, што полесно се загрева (забелешка на преведувачот, соба


и одаја е еднакво голема просторија, локализми).
Македонците ги употребуваат одаите еластично: дење за живеење, престој, работа,
ноќе пак ги претвораат во соби за спиење. Сепак, прават разлика меѓу летна и зимска одаја.
Зимската одаја се наоѓа во масивното приземје, односно на меѓукатот, а летната на катот.
Често во зимската одаја ставаат ќумбе што им овозможува зиме да ja користат како зимска
кујна. Посебност на крушевската куќа е таканаречената сандак-одаја или гардероба што
најчесто се наоѓа над кујничето (имата) и спаѓа во составот на станбените простории на
катот. Собата, всушност, ja нарекуваат и приемна; опремена е со столови, наредени крај
ѕидовите - по ориенталски, а подот во средината на собата е покриен со килим.
За поголеми заеднички, семејни или пријателски среќавања го користат чардакот.
Бидејќи Турците им забранувале на Македонците да посетуваат јавни локали (кафеани и
крчми), а тие не можеле да се откажат од заеднички среќавања, си создале во куќата про-
стор што им служел, меѓу другото, токму и за таа цел. На чардаќот се собирале на седенки,
а таму се одвивале и свадбените веселби. И денеска се познати галичките свадби што траат
и по три дена и три ноќи.
Некојпат за таа цел, на катот, пред летните одаи, поставувале огромни чардаци;
такви свадбени чардаци сретнавме првенствено во Охрид.
Но тие чардаци биле употребувани и за одмор во жешките летни денови и многу
често ги заменувале летните простории за живеење. Затоа овие чардаци или се отворени
или со прозорци наоколу и имаат минсофа. Минсофа е простор, малку поткренат од чарда-
кот, покриен, и обично е во аголот и ги преминува рамките на чардакот, висејќи над улица-
та; минсофата обично има источна ориентација и од неа има убав поглед. Се случува некој-
пат и куќата и чардакот да се повнатре од улицата, вовлечени во дворот, што овозможува
пред нив да се развие откриена тераса или таканаречениот „троњ“ на којшто луѓето спијат
во жешките ноќи. Вакви троњеви сретнавме во Велес, Штип и Тетово.
Спротивно на оваа состојба, во Охрид на тесен терен, високо над зимскиот стан, во
меѓукатот, се развил голем чардак кој најчесто го зафаќа целиот кат. И така луѓето престо-
јуваат и спијат во летните жештини на отворено, на провев, под покрив и под сенка.
Подрачја со такви високи куќи и големи чардаци се, освен Охрид и Струга, уште
Кратово, периферијата на Тетово и Струмица.
Во овие простории спаѓаат дворот, тремот, скалите и чардакот. Во почетокот има-
ме само приземни тремови со станбени простории, до коишто доаѓаме низ вратата (порта) и
дворот, односно градината (Штип). Кога куќата малку се подигнува над теренот и има
вкопани визби и скали што се потпрени до тремот, во високото приземје ваквиот трем пре-
минал во чардак со станбени простории.
Подоцна чардакот се крева (заедно со летните простории за живеење) над тремот
со визбите и евентуалните зимски простории и со летната кујна во приземјето, односно со
пералницата или котларницата со нужник во дворот. Тогаш од тремот до чардакот се по-
ставени скали, ретко двокраки, прекршени под прав агол. Најчесто овие скали се едно-
краки, како бродските скали и слободно стојат во просторот на тремот или на чардакот.
Ваквите скали се логична последица во еднокатните куќи и повторно ги наоѓаме во совре-
мените домови за едно семејство.
Чардакот има тројна намена и се употребува за следниве цели:
1. за заеднички собири и за живеење,
2. за проветрување во жеш тините, и
3. за комуникација.
Кај долгите куќи чардакот обично се јавува во аголот, кај тесните и далбоки сло-
бодно поставени куќи чардакот обично е поставен челно (Велес). Тој служи за проветрува-
ње, преку аголот, или за правење сенка, кога е челно пред куќата. Чардакот може да се раз-
вие или само делумно или преку целата длабочина на широките и ниски куќи. Истово важи

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА 23

и за вѕиданите и високи куќи, каде што во меѓукатот чардаците се развиени само делумно, a
во катот под покривот чардакот се развил по целата длабочина (вентилација) или некојпат
на целиот кат. Притоа, во различни краишта се развиле и различни чардаци.
Поинаку изгледа велешката куќа изградена на висока стрмнина и обично има два
влеза: едниот е низ портата и дворот, крај потоните во долното ниво на теренот, а вториот е
низ малата вратичка (капиџик), што води од горниот пат во комплексот на летниот стан на
катот со чардак во средината.
Различна е и крушевската куќа која иако има летна кујна, односно пералница со
нужник во дворот, често се затвора во кубично тело, со чардак и балкон во оската и со за-
творени скали во посебен простор.
Сосема поинаква е тетовската вѕидана куќа, којашто расте во височина и зимскиот
стан се крева во меѓукатот, пред којшто чардакот се развива само делумно, а целосно се
развива дури на катот (попречна вентилација) пред летните станбени простории, каде што
еднокраките скали се пренесуваат по катовите, овозможувајќи без прекин, континуирано
качување или кружење низ просториите.
И повторно поинаква е охридската куќа, којашто претставува највисоко достигну-
вање во овој развиток; овде дворот преминува во куќата и таа се затвора кон надвор, така
визбите и летната кујна остануваат во приземјето, зимското живеалиште е зад делумно раз-
виениот чардак на тремот со две нивоа, од којшто потоа доаѓаме во големиот чардак, што
повремено го заменува и летното живеалиште и го зафаќа целиот простор на катот.
Според ова, развитокот води од отворени дворни експозиции во затворени, а притоа
просториите се повлекуваат секојпат за еден етаж повисоко. Така, сега може да се разли-
куваат два основни типа на македонската куќа.
1. Низок или велешки тип, што опфаќа три просторни комплекси: дворен, приземен
и на катот и има расчленет план - чардакот и летното живеалиште се на катот, зимското
живеалиште и визбите во приземјето и летната кујна, односно пералницата или котларни-
цата со нужник во дворот.
Слични се и ниските куќи во Кратово, Кочани и во Крушево.
2. Високата охридска куќ има летна кујна со нужник и визби во приземјето, зимско
живеалиште пред малиот чардак, што е пред тремот со две нивоа и летно живеалиште
околу чардакот на катот. Оваа куќа има затворен план.
Слични диспозиции сретнавме и во Струга, Тетово и Кратово, само што таму не-
маат тремови на две нивоа.
Претпоставуваме дека расчленетиот низок тип куќа му е поблизок на ориенталниот
- затворениот, а високиот тип е поблиску до византиското влијание.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


СТАРА ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА ВО ОХРИД

Поделба

Објектите што се предмет на нашево проучување датираат главно од XIX век. По-
ради голем недостиг на материјални извори од порано, во проблематиката на потеклото се
оневозможени категорички тврдења за настанувањето и развитокот на оваа архитектура.
Арх. Бр. Коиќ1 направил извесни заклучоци врз база на скудните извори и недоволни тек-
стови кои, како што и самиот вели, имаат призвук на претпоставки. Принуден сум да повто-
рувам некои работи само од желба за излегување на чистина со извесни заблуди, што се
раширени и во денешното општество. Мислам на сентиментално-националистичките тен-
денции за народно-национална архитектура во Македонија.
Најнапред ja согледувам разликата меѓу две изразито различни групи: муслиманска
и христијанска. Првата е по правило изградена на рамен терен, не преминува никогаш no­
rope од приземје и кат, адекватна е на програмските разлики, архитектонската концепција е
до максимум шаблонизирана (централен хол со симетрично распоредени одаи).
Христијанската куќа, исто така, се служи со типизирани елементи, но факторот гра-
дилиште влијаел така што наполно е исклучено шаблонизирање на целината. Од нуждата
за непрекинливо варирање произлегол проектантскиот напор на охридскиот мајстор, кој
довел до принципи толку блиски на современиот метод.
Од расчистување на проблемот за потеклото, во принцип, би требало да произлезе
називот. Испитувањата во овој домен необично се отежнети од фактот дека сите остатоци
датираат најдалеку од XVIII век. Изгледот на градската куќа пред тоа е сосем непознат.
He се сомневам во правилниот метод да се тргне најнапред од византиската куќа,
врз која Турците, како освојувачи, требало да се потпрат. Оваа база тие ja модифицираат
по свои програмски посебности. И последните манифестации на муслиманската куќа од си-
метричен тип, поради понапред изнесените предуслови за максимална инертност, убедливо
укажуваат на заклучокот до кој доаѓа арх. Коиќ дека е „најверојатно оти од византиската
куќа останала поделбата по височина на приземје и кат, диспозиција на холот во центарот
на зградата и правилен распоред на другите простори околу него, а дека Турците оваа куќа
ja измениле во секундарни елементи ... и ja приспособиле кон своите потреби во поглед на
опремата, декорацијата и др. уреди...“.
Во македонските градови денес се среќаваме со една посебност. Христијанската
куќа далеку по број ги надминува муслиманските симетрични творби, од каде што е донека-
де изместено и тежиштето на нашите проучувања. Што да се каже за оваа куќа?
Арх. Коиќ, ограничувајќи се на „асиметричниот тип“ во Србија, вели дека е тој ори-
гинална творба, но без влијание врз создавањето на „старата балканска профана архитек-1
1 Бранислав T>. Kojnh, Стара градска и сеоска архитектура у Србији, „Просвета“, Београд,
1949.
26 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

тура“, поради неговата појава во нејзината последна развојна фаза. Оваа точна констата-
ција ми помага да ja развијам мојата мисла понатака.
Настанувањето на христијанската куќа во Македонија историски се совпаѓа со сто-
панскиот процут на занаетчиската и трговската класа, а тоа значи најрано во XVII век. Во
каква куќа живеело словенското население на македонските градови пред овој период?
Немам причини да не верувам дека е тоа куќата од средновековното подградие, градена по
углед и техника на феудалниот стан, но секако далеку под неговите материјални можности.
А ако не ja познаваме формата на средновековната куќа, материјалот за градење и градеж-
ната техника со сигурност ни се познати - тоа е камен во приземните партии и дрво во гор-
ните катови.
На помош за она што сакам на крајот да го заклучам ми иде уште факторот мајсто-
ри. He верувам дека е ова занает на Турчинот-освојувач, војник и феудален господар. Во
XIX век со сигурност знаеме дека градителите на оваа куќа се од централниот дел на Бал-
канскиот Полуостров, и тоа Словени. Тие се служат со својот занает толку извонредно, што
несомнено укажува на долговековна традиција, предавана од колено на колено. Зошто то-
гаш онаа виртуозност во владеењето со дрвените конструкции да не ja поврземе со словен-
скиот среден век и во тоа да видиме кулминација на традиционалното словенско градеж-
ништво, облагородено во извесна смисла со новите навики на градскиот живот.
Поради тоа, склон сум да го проширам заклучокот на арх. Коиќ. Како што Турците,
немајќи свој углед, се потпреле сосем разбирливо на развиената византиска куќа и ja моди-
фицирале според својот програмски и естетски усет, така и христијанската куќа, градена
најчесто во ридските терени на средновековните подградија, претставува логично продол-
жување на средновековната словенска куќа. Турците немале причини да го забранат ова
продолжување, ниту политички, ниту верски.
Формалното единство на двете куќи во XIX век е последица од наспоредниот разви-
ток во текот на четири века и во услови на турско политичко и културно господство. Во
својата внатрешна содржина тоа се две различни концепции.
Оваа важна разлика лесно се уочува со споредба на муслиманската и христијанска-
та куќа. Првата е речиси шаблонизирана. Од првобитната византиска концепција до по-
следните манифестации во крајот на XIX век нема суштествени разлики. Единствена измена
е „асиметричниот тип“ според арх. Коиќ, кој всушност е еднакво конципиран (половина од
симетричната куќа или незначителна варијација, каде што собите и централниот хол секо-
гаш го задржуваат истиот функционален однос).
Христијанската куќа воопшто не може шаблонски да се класифицира. Таа обилува
со варијации и секоја од нив носи сопствени содржински карактеристики, произлезени од
посебноста. Од гледиштето на современите архитектонски разбирања, успешните реали-
зации на градителот на христијанската куќа, по вредноста на функционалниот метод, за нас
се далеку попривлечни и попоучни.
Се враќам на првобитната алузија од заблуди. Тие се главно во тоа што многу често
на оваа архитектура и се придаваат атрибути на народната македонска архитектура. Од
фактот дека таква архитектура ќе сретнеме речиси кај сите народи од Балканскиот Полу-
остров и Мала Азија, кои живееле во границите на Отоманската империја, присвојувањето
на таков категоричен назив е неоправдано. Со право арх. Коиќ се задржува на називот бал-
канска профана архитектура, макар што на овој назив му недостига карактеристика на вре-
ме, а преширок е затоа што не се ограничува само на градбите во градовите.
Јас најрадо се задржувам на називот стара Градска архитектура, со посебен ак-
цент врз додатокот во Македонија, или во Охрид, кој треба потесно да ja означи територи-
јата или народот. Создавањето и растежот на оваа архитектура има во вистинската смисла
органски карактер. Кон костурот од веќе создаденото стилско единство, секој народ и секој
град внел содржински и формални карактеристики. Тоа е очигледна последица од можнос-
тите и вкусот, кој се модифицира на разни територијални и климатски посебности. Придо-

ИСТОРИЛА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИ.ТА


СТАРА ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА ВО ОХРИД 27

несот на овие региони, во секој случај, не е за потценување, поради што можеме со мирна
душа да кажеме дека старата архитектура во Охрид претставува навистина македонско кул-
турно-историско богатство.
Според тоа, без да претендираме на нашето решавачко учество во создавањето на
оваа архитектура, со доволна самоувереност можеме да се осврнеме на наследството од на-
шите предци во македонските градови.

Градови

He е далеку зад нас XIX век и сепак тешко е да се реконструира целосната слика за
животот во Охрид. Реската преграда која не разделува е нашиот релативно брз скок од една
општествена формација (феудализам) во друга (капитализам), кога во почетокот на на-
шиов век историски престана да постои Отоманската империја.
Се обидувам да реконструирам дел од она што е од важност за создавањето на архи-
тектурата.
Во почетокот на XIX век мрачното владеење на султанскиот одметник Џеладин-бег
преминува како сенка над Охрид. За момент се прекинува растежот на младата македонска
буржоазија, произлезена од големиот економски подем. Уште во XVIII век христијанскиот
елемент ги завладува пазарите со високо развиено занаетчиство и трговија, додека Турците
потонуваат во крајната дегенерација на изнемоштениот феудализам. Се до моментот кога
овој развиток ќе се прекине под силните удари на веќе машинизираната Европа (крајот на
XIX век), во Охрид се одвива релативно богат живот, кој опфаќа широк слој граѓани и зана-
етчиски работници. Во однос на широката мизерија на обесправениот селанец-чифликчија,
новите односи во градот значат историски напредок.
Bo XVIII век во Охрид се споменува зборот „луксуз“. Од страв оваа појава да не зе-
ме размери што би го навредиле погледот на Турчинот, охриѓаните се принудени да созда-
ваат ограничувања по административен пат.2
До втората половина на XIX век, кога по Кримската војна за Европа се отворија
вратите на Отоманската империја, општествениот живот се одвива во затворениот круг на
муслиманската егоцентричност и далечната традиција на Ориентот. Без јавни општествени
институции, животот е ограничен исклучиво на интимниот круг на приватната куќа. Оттука
произлегува изразито противположниот став кон архитектурата во однос на разбирањата
на Запад. Таму архитектурата е градена во мерата на општествена грандиозност, надвор од
човекот. На Ориентот нема општествена мера за приватната куќа и човекот е внатре во
архитектурата.
Преку првите врски со Европа најнапред ги забележуваме влијанијата од капита-
листичката мода на носијата. Да ja погледнеме само женската облека каде што чудно се из-
мешале византиско-ориенталната желба за раскош и практичниот шик на париската мода.
Влијанијата се уште поочигледни на машката облека со карактеристичен назив „ала фран-
га“, кој недвосмислено укажува на потеклото.
Самата архитектура најпосле и надворешно е засегната од здивот на западната мода
и, за среќа, историскиот прекин не дозволува да навлезе во неговата сушност.
Me интересира животната програма на човекот од XIX век во Охрид. Една групаци-
ја ja сочинува Турчинот-феудалец, господар на непрегледни имоти и многу обесправени
чифликчии. Тој седи во градот и одвреме-навреме ги обиколува имотите. Другото време го
употребува за забава и домашна разонода со се она што му дава станот, институцијата на
харемот и специфичното изживување во богатата природа на Охрид. Муслиманот ja владее
2 За оваа појава интересни се двете наредби против луксузот, внесени во Кодексот на охрид-
ската црковна општина, чијшто целосен текст може да се најде во книгата на Љ. Лапе, Одбрани чети-
ва за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1951, стр. 197.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


28 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

охридската рамнина и нашироко се расположува во обилното зеленило. Неговиот стан не


трпи никаква врска со улицата и неговиот живот се одвива внатре меѓу високите ѕидишта.
Во затворениот амбиент тој бара остварување на интимност, широчина, врска со зеленило-
то,водата, сонцето и сл.
Втората групација ja сочинува христијанинот, трговец или богат занаетчија, кој по-
седува работилница со многу работници. Од дамнешни времиња тој е истуркан на тесната
површина меѓу средновековните ѕидишта. Политичкиот господар не дозволува да се раши-
ри во рамнината. Богатството го изменува неговиот однос кон животот и, во извесна сми-
сла, го ослободува од зависноста кон поробувачот; за него уште повеќе важат ограничува-
њата за јавно-општествено изживување. И поради тоа што богатството само по себе бара
репрезентативност, христијанинот е принуден, исто така, да го решава овој проблем во рам-
ките на својот стан, со посебни услови што ги наметнува градилиштето.
Судејќи по извесни навики, заостанати и во почетокот на нашиот век, општествено-
забавниот живот во Охрид бил многу развиен. Инаку за што би служела онаа раскошна
облека на жените, со очигледна претенциозност за допаѓање.
По се изгледа дека најголема свеченост е свадбата. Тогаш кругот на повиканите е
многу широк, изборот на музикантите-чалгаџии префинет. Програмата е проткаена со тра-
диционални обичаи, игри, козерии и сл. Поради положбата на политичката потчинетост,
изразито лирската содржина на вака интимниот момент се дополнува со традиционална
епика.
Но свадбата е редок настан во една куќа. Потребата од јавна забава охриѓанецот ja
задоволува со катанеделни приредби, таканаречени вечеринки. Изборот на гостите е поин-
тимен, а програмата е проткаена со национално-политички одушевувања.
Друга важна особеност во психологијата на тогашниот човек, која е карактерис-
тична и за денешниот Македонец, е несомнената лична скромност и штедливост. Колку и
да е натрупано богатството на охриѓанецот, во прашањата на неговата личност, во затворе-
ниот круг на домашниот живот, тој е до крајност беспретенциозен, често скржав.
Од овие две дивергентни особености произлегуваат основните програмски барања
на охридската христијанска куќа. Спротивно на муслиманинот, на кој му било овозможено
оваа програма да ja развива во хоризонтала низ широк рамен простор, христијанинот бил
принуден, поради незамисливо малото градилиште, да ja развива својата програма во вер-
тикала.
Кон овие, така да се рече, материјални елементи треба да се надоврзе изразито чув-
ствената природа на охриѓанецот, тенкиот усет кон природата и уживањето во неа. Мелан-
холично вовлекување во богатите легенди, што занесуваат далеку во непозната, но насете-
на историска величественост. Заслушување во префинети треперења на мелодии и ритми
претворени во движења и игра. Вистина е дека остарениот трговец, окупиран од секојднев-
ната работа, заборава на она треперење што често ги опфаќа младите, но не се ретки мо-
ментите кога и тој ќе ja заборави трговијата и работилницата за кожи и ќе се занесе во
ритамите на минатото. Во епохата на стопанска благосостојба, кога секојдневните работи
одат по ред, оваа страна на човечката природа не е за запоставување. Да се сетиме само за
причините на извонредниот процут на духовната култура во ренесансата.

Организација

Се враќам накусо назад кон животната програма на охриѓанецот од XIX век. Од


една страна тој изградува стан за своето семејство, а од друга во истата куќа тој создава
услови за општествено изживување. Доследно на оваа програма, во охридската христијан-
ска куќа лесно ќе ja забележиме очевидно и категоричка поделба на три функционални
групи:

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЛА


СТАРА ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА ВО ОХРИД 29

а. за домашна економија,
б. за живеење,
в. за репрезентација.
Во програмската реализација горнава поделба секаде доследно е спроведена и по
правило вертикално.
Поради честата голема стрмнина на теренот, сутеренот и приземјето често се ме-
шаат. Во масивно изградената приземна партија се сместува домашната економија. Првиот
кат го зазема групата за живеење, а вториот кат е резервиран редовно за групата репрезен-
тација. Внатре, во оваа груба поделба, како што е rope изнесено, секоја куќа е богата со
модификации, диктирани од обликот и од состојбата на градилиштето, од стопанската сила
на нарачувачот, од неговата професија и многу други параметри.
а. Домашна економија. Оваа група по правило е сместена во сутеренот, што се доби-
ва од теренската стрмнина. Во случај да нема таков, се сместува во масивно, камено призем-
је. Овде спаѓаат главно сите видови зимски остави: гориво, алати и обемна зимница. Треба
да се нагласи дека за човекот на XIX век овие простории имаат многу поважна намена од
оние на денешниот стан. Непостоењето на прехранбена индустрија и општествено пригот-
вување и продажба на леб ja наголемуваат во многу ролјата на домашната економија.
Поради тоа, старата охридска куќа, во оваа група, има две, три и повеќе одделенија,
но никогаш само една визба. Едното одделение е наменето за складирање гориво (дрва, ќу-
мур и сл.). Тоа е обично најдолу во вертикалната поделба. Следува посебно одделение за
зимница. Задачата на ова одделение е да прими големи количества зимница, која ќе ja га-
рантира исхраната на семејството преку целата зима и пролет. Освен задолжителните боч-
ви со вино и ракија (сосем нормална појава за секое семејство), осигурен е простор за тур-
шија, конзервирано месо, сушени плодови и доволно количество брашно за цела година.
Поради посебни термо и хидроизолациони својства и програмска врска со групата за
живеење, ова одделение е поблиско до неа, а често на повисоко ниво од визбата (во буквал-
на смисла!). Третото одделение има работен карактер, а многу негови функции се блиски
или се мешаат со кујнската работа. Овде вредната охридска домаќинка ги меси лебот, пита-
та и сл. во раните утрински часови додека целото семејство спие. Овде се остава и поголе-
миот прибор за јадење: подвижната ниска валчеста маса - софрата, столчињата, синиите,
коритата, ситата и сл. Програмски ова одделение е најблиско до станбените простории. До-
следно на овој принцип ќе се сретнеме со многу комбинации кои зачудуваат со својата духо-
витост и леснина на решенијата. Ако посебното одделение не е сместено на нивото меѓу
зимскиот клед и станбениот простор, тогаш ќе биде галерија на зголемениот и повишен
простор за зимница. Стручњакот често се наоѓа во ситуација да воздивне: „Како е тоа про-
сто решено, и како е тешко да се присетиш, ако сам го правиш“
Овде постојат модулации до бесконечност или, попросто речено, секоја куќа има
посебна организација.
б. Живеалиште на семејство. Оваа група простори, во потесната смисла на зборот,
го составува станот на охридската фамилија. Во нормален случај две до три одделенија се
организирани така што да ги задоволуваат сите потреби на дневниот поминок, готвење
храна, јадење и спиење на целото семејство. Во онаа привидна, од денешна гледна точка,
испреплетканост и натрупаност на животните операции, подлабоката програмска анализа
ќе ни укаже на совршениот функционален поредок. Функциите јадење и спиење за охриѓа-
нецот од минатите векови претставуваат моментна рбота којашто се врши притоа во време
кога другите престануваат да дејствуваат. Сообразно на тоа, тие се извршуваат со опрема
што се донесува за определено време, се остава на определено место, a no извршената рабо-
та повторно се отстранува. Поради нивното ограничено временско траење (јадење и спие-
ње), тие само делумно ги оптоваруваат одделенијата. Другото време, во одделенијата на
оваа група, се состои само во приготвување храна и дневен поминок, краток одмор и сл.
Ако го имам горново предвид ми станува јасно зошто за нормална охридска куќа и
двете одделенија на оваа група значат богато решение, а ништо необично не е ако се срет-

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЛА


30 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

неме и само со една соба. Со онаков функционален и програмски ред, каде што на помош
доаѓа и специјална организација на опремата, тоа е сосем можно.
Нечистата дневна работа (приготвување продукти, миење садови и сл.) е надвор од
собите на групата за живеење и е сместена или во посебен агол на претпросторот во врска
со третото одделение на групата економија или директно во него.
И овде, се разбира, постојат многу различни решенија. Прво поради тоа што нема
ни две куќи изградени на еднакво градилиште, а второ што секое семејство има сопствена
програма различна од другите и особено посебни стопански можности. Намалувањето на
материјалните можности најнапред се одразува врз скратување на просториите од оваа
група. Порано е укажано на скржавата природа на Македонецот, чијашто последица е ре-
довно намалување на личниот комодитет за сметка на одделенијата што ќе го презентираат
пред надворешниот свет. Пред светот тој ќе се покаже со достојна елеганција што често ja
надминува неговата вистинска стопанска сила, а заштедата ќе ja бара во скратување на про-
грамата за интимно користење.
Во методиката, според која е изведено скратувањето на програмата, ja гледам тво-
речката сила на охридскиот мајстор. He е тоа механичко и неразумно намалување на стан-
бениот простор. Значи, не е декаденција. Напротив, недостатокот на простор се компензи-
ра со организација и на оваа, да ja наречеме, стопанска или програмска декаденција, почну-
ва растеж на творечкиот процес. Креативниот дух, со кој е решена оваа проблематика,
изнел на видело една архитектура до крајност хуманизирана и го наредува охридскиот гра-
дител меѓу досега непознатите протагонисти на современата архитектура.
Малку понапред спомнав дека организацијата на опремата и ограничениот времен-
ски карактер на јадењето и спиењето овозможуваат другите функции да се вршат во едно
одделение. Во ова одделение, значи, остануваат дневниот поминок и готвењето. Во ната-
мошното скратување на програмата и готвењето се елиминира од дневниот поминок, па со
тоа единствената соба на станбената група се сведува на минимална површина до 14 ш2.
Готвењето, во овој случај, се поврзува со понапред спомнатиот агол за нечиста работа. Се
се сведува на минимални мерки. И кога ќе се наредат еднододруго полицата за садови, отво-
реното огниште и мивката во минимална организирана единица, ќе се изненадиме откривај-
ќи го овде прототипот на современата кујнска батерија.
Во такво креативно рационализирање на просторот спаѓа и појавата на меѓукатот
или постапната организација на целата програма во последователни денивелации на пато-
сите. Важна ролја овде одигрува крајно целесообразниот третман на височините и терен-
скиот наклон кој се користи до максимум. Влезната партија се претвора во простор со една
и пол височина. Горната половина ќе ja заземе станбената група сведена на минимална ви-
сочина од 2,30-2,50. Во долната половина, продлабочена од теренскиот наклон, сместени се
одделенијата од домашната економија. На овој начин влезниот хол го добива нужниот волу-
мен сообразно со неговата функција. Но посебно е важно дека овој простор ja оправдува и
психичката потреба од широко сознавање на куќата при самото влегување во неа.
Комуницирањето на сите одделенија и групи се врши со претпростори и скалиште.
Бидејќи целата куќа прилега на жив организам, со одделни органи, усовршувани преку дол-
говековна селекција, претпросторите го немаат крутиот облик на претсобје или ходник,
кои така често не доведуваат во очај кај денешните „модерни“ станови. Во старата охридска
куќа тие се вешта комбинација на претпростори што ќе се појават точно таму каде што за
нив има најголема потреба и ќе го заземат оној облик што најмногу и одговара на функци-
јата во дадена точка. Тие секаде волуменски се моделираат на најрационален начин од дво-
височински влезен хол, преку помали претпростори на станбената група, секогаш јасно
диференцирани на чисто и нечисто, до богатите моделации на агли за краток прием и одмор
со широко отворен преглед кон убавата страна.
Скалиштето - вертикална комуникација - секогаш е органски сраснато со целината
и на него најнапред ќе ja забележиме пријатната мекост на моделирањето. Сосем спротивно
од симетричната турска куќа во која скалиштето е исполнето со декоративистичка претен-
циозност, овде тоа е сведено на изразито функционален минимум. Никогаш не се стреми

ИСТОРИЈА НА КУЈТГУРАТА НА МАКЕДОНИЈA


СТАРА ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА ВО ОХРИД 31

кон единствена вертикала. Како што се и претпросториите разгранети како ткиво во глав-
ните животни органи, скалиштето исто така го дополнува крвотекот на овој жив организам.
Од една страна незначителен крак ќе се спушти до одделенијата за домашна економија, на
другата страна еден крак ќе не води во чистиот претпростор на станбената група, за да про-
должиме во сосем друг правец кон катот на репрезентативните простори. Се е живо, лесно
и ненасилно употребливо и проектирано без напор.
в. Репрезентативна Група. Општа карактеристика на старата христијанска куќа во
Охрид е немање отворен чардак. Неговата случајна појава е исклучок како последица на
програмска посебност. Централен хол, со диванхана или ќош, онака како што е третиран
кај муслиманската куќа, овде е непознат. Очевидно, тоа е последица на програмски разли-
ки. Холот во муслиманската куќа има и репрезентативна, освен основна комуникативна
намена. Во охридската христијанска куќа постои само претпростор со единствена функција
за врска, сведен на рационална мера. По исклучок овој претпростор може да има и проши-
рување со поглед кон убавата страна, но не е наменет за гости, туку за домаќинката која во
празничните денови го поминува слободното време дома.
Репрезентативната група содржи една, две или три соби, во зависност од големина-
та на куќата, односно од материјалните можности на домаќинот.
Секогаш тие се оформени во правилен четвороаголник, без оглед на неправилниот
облик на приземјето и самото градилиште. Нивниот меѓусебен однос е складна композиција
ит по правило, меѓусебно се поврзани, што овозможува нивно симултано користење во де-
нови на поголеми свечености.
Нема сомнение дека основната намена на одделенијата од оваа група е репрезента-
тивен прием. Станбената група го прави интимниот круг на станот, кој е затворен за надво-
решниот свет за кој е резервиран посебен кат во куќата. Како дошло до такво широко тре-
тирање на оваа функција во станот, за која во современиот живот се определува само мал
салон или сосем се елиминира, ќе ни биде јасно ако повторно се вратиме на два основни
елемента од животот на охридскиот чорбаџија: забрана на јавно изживување во општестве-
ни институции (такви воопшто нема) и незапирлива потенцијална желба да биде репрезен-
тирано богатство. Користењето на одделенијата од оваа група за летно спиење (само спие-
ње!) е секундарна појава што резултира или од зголемување на семејството или од крајно
сведување на станбената група само на едно одделение.
Во сместувањето на целата група на последниот кат согледувам извесен функциона-
лен парадокс. Логиката би не водела кон нејзиното сместување поблизу до влезот и со
врска што не би ja сечела станбената група. Волуменскиот однос на двете групи се појавува,
исто така, како парадокс, но само привиден и од денешна гледна точка. Инаку, овој однос е
точен одраз на личната скромност спротивставена на желбата за презголемено репрезен-
тирање пред надворешниот свет.
Поинтересно е прашањето за височинската локација на оваа група. Одговорт ќе го
најдам само следејќи го веројатното размислување на градителот, поставен пред дилема
мало градилиште - голема програма. Со оглед дека е исклучен пласманот во приземјето, a
малата површина на градилиштето ja исклучува можноста за истовремено организирање на
две групи во еден кат, дилемата функционално се поставува: која од двете групи да се пла-
сира поблиску до влезот?
Да ги видиме нивните карактерни елементи по функција, онака како што веројатно
ги согледал и градителот, за кого имаме многу укажувања дека мислел рационално.
- Станбената група е најфреквентирана, по површина мала, нужна е куса врска со
домашната економија и бара подобри термичко-изолациони можности.
- Репрезентативната група е помалку фреквентирана, бара поголема површина, не-
потребна е врската со економските одделенија. Особено е потенцирана ж елбата да се оси-
гури убав поглед за овие простори.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


32 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

По вакво размислување, очигледно, станбената група ќе го заземе првиот, а репре-


зентативната вториот кат. Оваа поделба е спроведена доследно насекаде, со исклучок на
куќите каде што програмата е сведена на таков минимум што овозможил сместување на
двете групи во еден кат. (Во муслиманската куќа тоа е спроведено насекаде, поради тоа што
градилиштето не поставува никакви ограничувања.)
Ретка, но интересна појава на одделни охридски куќи се соби во мансардата, што
претставуваат скратен трети кат. Сум чул некои колеги да ги нарекуваат „белведере“. Во
Охрид, меѓу старите мајстори, изразено е мислење дека овие надвишувања се изградени
само од суетна желба да се биде повисоко од соседот. Било поради првото или второто,
факт е дека со високите катови ќе се сретнеме кај оние куќи каде што поради конфигураци-
јата на теренот (рамно!) и двата ката не биле доволни да се погледа преку покривот на сосе-
дот кон убавото езеро.
Досега изнесеново, за организацијата на внатрешните простори во старата охридска
куќа, е она што може најопшто да се каже. Споменав понапред дека секоја е резултат на по-
себности и нема типови што би не потсеќале на шаблон. Програмските фактори кои посеб-
но влијаат за модифицирање на основниот распоред на групите се од професионален карак-
тер. Во Охрид граѓаните не се занимаваат со земјоделство и затоа од програмата се исфрле-
ни барањата за сместување стока или земјоделски алат и продукти. Многу е чест случајот,
меѓутоа, да најдеме вакви простирии на мали поседи од лозја или овошја што охридскиот
чорбаџија ги обработува со наемна работна сила. Затоа често ќе сретнеме проширување на
економската група со одделна винска визба.
Најразвиените професии се трговијата и кожарството, покрај големиот број закуп-
ци на езерските ловишта. Вистина е дека најважните професионални операции се извршу-
ваат во чаршијата и пазариштето. Но традиционалната желба дел од работата да се врши
дома се одразува и врз куќата. Оттука онаа недвосмислена очигледност на професијата што
се чувствува со првото влегување во охридската куќа.
Трговецот до максимум ja проширил економската група во масивното приземје и ja
направил лесно достапна од улицата. Во поважни случаи се изградуваат специјални магази-
ни во дворот. За преработка и сушење кожи, кожарите надградуваат посебен кат без пре-
гради, со максимум проветрување. Единствено кај нив репрезентативната група може да се
намали за сметка на уловите за вршење на професијата.
Секако, најизразити примери во овој поглед се куќите на рибарските закупци. Во
XIX век езерото е објект на неверојатно комбинирана експлоатација. Чорбаџијата-закупец
се наоѓа во средината на експлоататорскиот синџир. Тој е сопственик на алатите за лов -
мрежите. Поради тоа неговата куќа е специјално реорганизирана. Приземните простории
се проширени и повишени и оспособени за сушење и складирање мрежи, со многу поситни
рационализации (долапи, полици и сл.). А бидејќи е невозможно куќниот влез да се спрове-
де преку овој сплет од мрежи, тој е издвоен и посебно организиран од друга страна, со голе-
мина што одговара на човекот. Економскиот влез овде е поголем, сообразно со неговата
намена.
Во рамките на рибарските модификации на охридската куќа ja наоѓам функцио-
налната причина за постоење на карактеристичните покриени улици - „темници“. Најна-
пред елементот простор за градење: ако воопшто просторот за градење е тесен, затоа што
зголеменото население е ограничено со средновековните бедеми, кај рибарските закупци
градилиштето е уште постеснето поради задолжителниот услов да се биде непосредно до
езерскиот брег. Поради тоа, најеминентни примери на релативно голема куќа изградена на
минимум градилиште ќе сретнеме во крајбрежната зона на градот. Оваа е една од причини-
те што ги натерале градителите да ja покријат и улицата. Таа ja има височината на призем-
јето, а нагоре се катовите. Сообразувајќи се со непишаните закони на урбаната хигиена,
освен продорот на пресечните улици, оставени се светларници и по средината на уличната
должина, кои, покрај вентилацијата, го олеснуваат решението на куќата.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


СТАРА ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА ВО ОХРИД 33

Втората причина треба да се бара во императивот куќата на рибарскиот закупец да


има два влеза. При положба да се наредени две низи куќи на тесниот крајбрежен појас меѓу
езерото и главната улица (денес Самоилова), потребата од два влеза предизвикала проби-
вање средна наспоредна улица. Иако таква не постоела, нужно се наметнува нејзиното про-
бивање, а создадена е, како што видовме, така да се изгуби минимум од градежниот простор
(не површина!).

Оирема

Имам впечаток дека влијанијата од животот на Ориентот во старата христијанска


куќа најмногу се манифестираат на опремата. Тоа станува разбирливо ако се има предвид
дека човекот најмногу доаѓа во контакт со опрема во исполнувањето на секојдневните ра-
ботни функции и ако се потсетиме дека пет векови Словените биле принудени да живеат во
заедница со муслиманите. Меѓутоа, продолжителното верско противставување ги натерало
христијаните да отфрлат извесни особености за лична хигиена. Поради тоа, куќниот амам е
исфрлен од програмата на христијанската куќа. Но, за непостоењето на инсталации за вода
има и други причини. И покрај огромниот резервоар на извонредна вода (езерото), поради
слабите технички знаења, охриѓанецот доскоро беше принуден да се снабдува со вода но-
сејќи ja на раце или со товарни животни. Дека домаќинката потрошила за оваа цел беско-
нечно голем труд, лесно ќе се убедиме ако влеземе и денес во која било од старите куќи.
Беспрекорната чистота и очигледните траги од вода употребена во големи количества се
доказ за извонредно развиената љубов кон хигиената.
Канализација, во денешна смисла, исто така нема. Примитивниот клозет по прави-
ло е пласиран дискретно и на духовит начин издвоен од станбената група. Но не е забораве-
но на засолнат и лесен достап до него. Одводнувањето на нечистите води од кујната е изве-
дено надворешно и директно во уличната канализација.
Петролеумот е основен извор за вештачка светлина. Во сообразност со функцио-
налните потреби и естетските разбирања во употреба биле три вида петролеумски ламби.
Репрезентативна, доволно голема, која се закачува на таванот среде одаја. Одовде логична
се чини појавата на централна розета во композицијата на резбаната таваница. За практич-
на, секојдневна употреба постои ламба за закачување на ѕид, која е подвижна, но влијае на
третманот на ѕидните површини. На крајот, слободно стоечка ламба, лесно подвижна, но со
определени места за оставање (камин, специјална полица и др.). За повремено осветлување
на приодите до одделенијата на домашна економија употребувано е таканареченото „гасол-
ниче“, вид петролеумска светилка без стакло, која лесно се пали и гаси.
Затоплувањето било изведувано најчесто со отворени ложишта - камини. Тешко
може да се каже дали тоа било доволно. Кон крајот на XIX век во побогатите куќи ќе се
сретнеме и со ѕидани печки со затворени ложишта и совршен систем. Меѓутоа, во одделени-
јата на репрезентативната група и каминот е ретка појава. За затоплување на овие одделе-
нија служи мангалот, кујунџиски специјалитет од бакарна ламарина и со многу декорација.
Ваквиот лесен поглед на инсталациите во куќата ме наведува на мислата дека збо-
рот богатство релативно се одразува врз архитектурата. Очигледната скромност во овој до-
мен е резултат на нискиот степен на техничките знаења, но и разумна штедливост кога е во
прашање куќа за секого.
Пред опишувањето на другата опрема, вредно е однапред да се цитираат некои ре-
дови од извонредното разгледување на пок. арх. Грабријан: „Целата опрема внатре главно е
строго архитектонска, непосредно вѕидана во просторот: сергени, минсофи, камини, мијал-
ници, полици и се друго е вѕидано. Оваа куќа навидум скоро е празна и очигледно е дека по-
движен мебел не стои добро во простори што се убави и складни само додека се празни“.3
Од конструктивна гледна точка паѓа в очи тенкиот усет за користење на дебели ѕи-
дови. Мајсторот ja чувствува наполно статиката на конструкциите и затоа дебелиот ѕид од
3 Prof. ing. arh. Dusan Grabrijan, Arhitektura v merilu cloveka, „Arhitekt“, br. 4, Ljubljana, 1952.

АРХИТЕКТУ P AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


34 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

камен често и логично го пресекува, пробива и прекинува. За опитниот градител ѕидот не е


само носител на конструкцијата, туку и објект каде што се создаваат предуслови за опрема-
та. Поради тоа, ниши со различни големини се израз на рационално искористен простор и
функционално напрегање на конструктивниот елемент. По форма нишата претставува оби-
чен четвороаголен продор во ѕидот од камен и, во зависност од местото, или е создадена по-
лица или долап со еднокрилен или двокрилен капак. Нишата како остава, чијшто број по-
себно се зголемува во економската група на рибарските закупци, многу ja олеснува ориен-
тацијата во просториите и движењата во нив рационално ги систематизира.
Во групата за домашна економија посебна важност има одделението за работа.
Брашното се складира во специјални сандаци, а за месење леб е изградена специјална фор-
ма на сандак - „ношви“. Овде се чува и другиот алат за месење и приготвување на зимница.
Доследно на оваа желба за празни простори, која е последица од ориенталниот жи-
вотен карактер, во другите простори мебелот е изграден со архитектонскиот скелет и насе-
каде однапред обмислен. Како резултат од долгогодишниот опит, традиција и органска ана-
лиза, опремата го достигнала крајниот резултат на селекцијата - стандардот. А тој е одраз
на солидно чувствување на животниот пулс во куќата. Во станбената група човекот готви
храна, се храни, спие и работи преку ден. Многубројни функции на секојдневниот живот се
одвиваат често во една единствена просторија со површина не поголема од 18-20 м2. Спом-
нато е понапред дека пресудна ролја игра организацијата на опремата. А таа е сведена на
минимум елементи.
- Отворено лежиште - камин со тројна намена: готвење, греење и ефикасна венти-
лација. Неговата капа во станбената група има практичен облик - полица. Од двете страни
на ѕидот, ако нема прозорци, оставени се ниши каде што стои ситен прибор за домашна ра-
бота.
- Стандарден систем од плакари: висок долап за остава на прибор за чистење, долап
за прибор за готвење, широк серген за складирање постелина и долап за алишта. Се е за-
творено и, по правило, со ова се оформува една цела ѕидна површина.
- Душеци за седење од двете страни на каминот. Постојано стојат на определено
место. Душеците и целиот под на одајата се прекриени со ќилим.
- За јадење се употребува „софра“ - подвижна ниска маса што се донесува од над-
вор и се враќа надвор по извршеното јадење.
- Во претпросторот е вѕидан специјален долап - мивка, со полица за складирање
кујнски садови и сл.
Како што организацијата на одделенијата на куќата е богата со варијации, така ќе
сретнеме и многу меѓусебни комбинации на овие основни стандарди од опремата. Во бројот
на најзначајните рационализации спаѓа групирањето на каминот, мивката, долапите за при-
бор за готвење и отворените полици за садови во една целина на минимум потребен про-
стор, со што всушност се формира кујнска батерија, директно или тесно поврзана со одајата
за дневен престој или спиење.
Во одделенијата на репрезентативната група опремата е третирана сообразно со на-
мената. Претпросторот е без мебел. Единствен облик што потсеќа на опрема е неподвиж-
ната маса, над дел од отворот за скалиште. Во деновите на приеми ова е еден вид офис за
послужување на гостите. Во случај на поголем претпростор, во еден агол ќе се изгради мин-
софа за седење, покрај наднормалните прозорци со поглед на улица или природа.
Во собите стандардна појава е минсофата на една или две страни и богато ткаен ќи-
лим на подот. Минсофите се покриени со волнени тенки покривки, преку душеци од мека
слама и перници крај ѕидовите. На таваницата е поставена репрезентативна ламба, а во сту-
дените денови се внесува мангал.
Ако има повеќе соби, едната ќе се изгради со стандардните плакари со извесна де-
коративна модулација. А бидејќи овде нема потреба од долап за прибори за готвење и чис-
тење, на негово место ќе се појави декоративна ниша за цвеќе - „чичеклак“.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНША


СТАРА ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА ВО ОХРИД 35

Веднаш паѓа в очи разликата во третманот на површините од одделенијата на стан-


бената и репрезентативната група. Таму беспретенциозна таваница од прави штици чиишто
сврзници се едноставно покриени со скромно профилирани летвички - овде богато резба-
рена и компонирана таваница; таму мирни ѕидни површини - овде декоративна поделба со
дрвени вертикали, хоризонтална полица и чичеклак; таму скромни сергени и долапи - овде
богато резбарен систем, често комбиниран со отворени ниши; таму душеклак за седење
крај каминот - овде репрезентативно прекриени минсофи и мангал наместо камин.
Во економската и станбената група се е изградено и обликувано со примарните
облици и со единствена цел да одговараат на намената. Во репрезентативната група третма-
нот на површините и опремата е продуховен со идејата за допаѓање. И најскромната куќа
задолжително содржи една репрезентативна соба за прием, а богатството на декорацијата
расте со имотната состојба на домаќинот, чиишто претензии за покажување се манифести-
раат во репрезентативната група од куќата и често ги надминуваат неговите реални мож-
ности.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ

А. Минашошо на градош Велес

Заостанатите урнатини кои се наоѓаат на големиот рид над утеката на реката То-
полка во реката Вардар се претпоставува дека припаѓаат на тврдината на пеонскиот град
Билазора. Тој се протегал под тврдината, по камените брегови на двете реки. Билазора бил
утврден град и стратешко место за време на римското владеење во III век од нашата ера.
„Со повелбата од византискиот цар Василие II, за првпат се споменува Велес како
град кој припаѓа на битолската епархија (почеток на XI век). Во 1330 година Велес бил при-
соединет кон српската феудална држава со која, во тоа време, владеел кралот Стеван Де-
чански. За време на цар Душан градот бил под управа на војводата Оливер кој во Велес го
дочекал византискиот цар Јован Кантакузен.“
Оние патеписци кои поминале низ Македонија во XVII век опишуваат дека Велес се
протегал на двата брега од реката Вардар. Така, Евлија Челебија во своите патеписи го
опишува Велес на следниов начин: „Градот Велес го освоил 1386/7 год. Мурат I... Бидејќи на
реката Вардар бил подигнат еден мост од камен, градот го добил името токму според името
на тој мост - Копрулу. Градската тврдина (Калето) се наоѓа нешто пониско од врвот на ви-
сокото брдо и е оддалечена половина час од градот. Тоа е пуст и мал град. На истата страна,
на двата брега од реката Вардар, лежи градот со куќи кои се подигнати на острите карпи.
Тие се поставени една врз друга и се завртени кон реката. Градени се од тврд материјал, а се
покриени со ќерамиди и плочи од шкрилец. Од едната на другата страна од градот се преми-
нува преку споменатиот мост. На југоисточната страна од градот се наоѓа пазариштето.
Градот има само четири маала, повеќе џамии, месџид, медреса и основно училиште. Под су-
дот се наоѓа еден мрачен амам. Преку реката Вардар постои и еден дрвен мост со четири
отвори. На неговиот почеток се наоѓа мал ан и педесет дуќани.“
Bo XVII век Велес бил седиште на владика, кој се до 1750 година живеел во Долниот
град (Стар Велес).
Битни промени во општествениот, економскиот и урбаниот развој на градот наста-
нуваат почнувајќи од крајот на XVIII и во текот на целиот XIX век, но тие промени се во
врска со промените кои настанале во целото Отоманско царство.
Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век Отоманската империја е потресена од
внатрешни немири со различен карактер. Турскиот военофеудален систем запаѓа во тешка
криза со што значително се ослабени стопанските и воените потенцијали на државата.
„Со порешително спроведување на политички и социјални реформи во третата де-
ценија од XIX век, во Отоманската империја настапил период на извесна стабилизација, пе-
риод кој особено е значаен за стопанските и општествените односи во Македонија Гулхан-
скиот хатишериф од 1839 година всушност го акцептира основното буржоаско-демократско
барање за еднаквост на поданиците пред законот и за укинување на општествените (феу-
38 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

дални) привилегии, прогласувајќи ja за неважечка дотогашната поделба на населението по


категории.“
Директна последица на вака зацртаните промени во општествено-политичкиот жи-
вот е зголемениот број христијански жители во градовите. Користејќи ги податоците од па-
теписецот барон Божур, кој го посетил Велес кон крајот на XVIII век, се заклучува дека во
тој период градот имал три до четири илјади жители. Пуквил во 1807 година наведува дека
Велес имал 2.000 куќи и 10.000 жители. Меѓутоа, податоците на Тодоров, Ами Буе, Кшчов
и Зографски укажуваат на фактот дека Велес, од град со 5.000 жители на преминот од XVIII
во XIX век, прераснува во град со 20.000 жители, почнувајќи од 1840 година па се до крајот
на XIX век.
Така, Велес од средината на XIX век станал познат трговски центар во Македонија
кога настанало и последното преселување на останатите жители од Долниот град во сегаш-
ниот дел на градот. Велешките трговци воделе трговија со Србија, Австрија, Италија, Со-
лун и Цариград. Во градот се изработувал прочуениот велешки сафтијан од козји кожи што
се продавал во Виена и Пешта. Се водела трговија и со жито, вино и ракија, кои се извезува-
ле со гемии во Солун, а со карвани во Ќустендил, Дупница, Софија, Крива Паланка итн. На
овој начин се создавале услови за силен материјален, економски, а со тоа и духовен подем
на градот Велес. Тој добива нова урбанистичка слика. Од град со јадро на монументални оп-
штествени згради (тврдина, џамија, ан и сл.) и безлична станбена територија, се претвора во
град со развиена и архитектонски на високо ниво обработена станбена зона, со нови, сега
претежно христијански, општествени функции (цркви, училишта и др.) и со нова, развиена
и архитектонски солидно формирана работна зона (чаршија).

Б. Идејни шворечки основи на велешкаша архишекшура


во периодот на преродбата

Архитектонската композиција, основните архитектонски форми, архитектонските


елементи и детали и воопшто целосниот естетско-архитектонски израз на велешката стара
куќа се формирале во периодот кога се утврдувало и усовршувало целокупното македонско
архитектонско творештво. Тоа е време на раната преродба (почеток на XIX век). Во тој пе-
риод основните архитектонски форми се претвораат во посложени композициски целини и
благодарение на тој период на архитектонско-помпозициско созревање, подоцна, во перио-
дот на зрелата преродба, се формирал и специфичниот стилски белег на велешката архи-
тектура во рамките на македонската традиционална архитектура.
Хармонијата станува цел и основа во вреднувањето на вистинско и квалитетно тво-
рештво. Таа се остварувала со примена на творечки осмислен градителски метод. Иемно, во
своето творештво градителите на оваа архитектура разработуваат и приложуваат широк
дијапазон на композициски средства и изразни елементи: модул и пропорции, метроритам,
симетрија и асиметрија, контраст итн. Утврдено е сфаќањето за хармониско единство на
елементите од архитектонскиот објект, се зголемуваат естетско-уметничките критериуми и
се осознаваат основните фактори за конкретен квалитет во рамките на објективната ствар-
ност во даденото време. Предавани и усовршувани од поколение на поколение, овие крите-
риуми ќе претставуваат основа за формирање на здраво архитектонско творештво. Во таа
смисла архитектонската форма станува средство за естетско уметничко откривање на содр-
жината. Имено, стариот градител, внатрешните содржини и закономерности (утилитарност,
конструктивна целисходност, економичност и естетика) ги трансформирал во закономер-
ности на формата. Архитектурата на велешката стара куќа укажува и на тоа дека градите-
лот наполно се сообразувал со сите фактори кои ja определуваат архитектонската содржи-
на: производна дејност, животен процес, битови навики, естетски барања итн. На секоја ма-
теријална животна потреба е одговорено со соодветно творечко решение. На секоја духов-
на потреба на човекот е изнајден израз во просторната композиција - во ентериерот, фаса-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ 39

дата, детаљот и целокупниот израз. Притоа, користено е базичното од традицијата, а совре-


меното е внесено како новост во архитектонско-естетскиот израз. Треба да се истакне дека
внесената архитектонска содржина стариот грдител ja познавал мошне добро благодарение
на тоа што живеел на ист начин како и народот за кој творел. Така тој ги утврдувал, без по-
себни усилби, прогресивните сфаќања и тенденции во архитектонското творештво.
Иследувањата укажуваат и на тоа дека специфичните архитектонски форми не се
применувани како готови обрасци, општоважечки за целокупната македонска архитектура,
туку се резултат на еден процес на нивно динамично изменување и усовршување преку
изнаоѓање на нови, во зависност од конкретните услови - местото, времето, архитектонска-
та содржина итн. Тие се одбележани и од спецификите на традицијата врзана за овој крај,
но и со барање на нешто ново. Во процесот на творењето градителот на велешката куќа,
архитектонската форма ja сфатил по аналитичен пат, со што создал неповторливи, нетипи-
зирани форми и остварил синтеза на компонентите на архитектонските форми со целосни-
от архитектонски израз. Тоа е единствената причина за богатството на варијанти на основ-
ните видови на архитектонски решенија и пат кон остварување на „стилска индивидуал-
ност“ и оригиналност.

В. Оишши особеносши на велешкаша архишекшура

Анализите на архитектурата на оваа куќа укажуваат на тенденцијата за создавање


стилски одбележани реализации и создавање стилски обрасци. Процесот на оваа диферен-
цијација всушност претставува развиток од општото и едноставното кон сложеното и раз-
виток на универзалното кон поединечното и специфичното. Секако дека притоа општото
го претставуваат изменетите општествено-политички прилики во Отоманското царство
кон средината на XIX век кои оставиле силен белег врз архитектонската концепција. Глува-
та и неразработена фасада, високи оградни ѕидови, со цел за затворање, стануваат минато.
Специфичното е изразено преку следниве карактеристики:
1. директна врска на куќата со улицата која претставува општествено место;
2. општ стремеж кон освојување на просторна слобода, изразен со силно расчленета
просторно-волуменска структура;
3. просторна и функционална диференцијација на чардакот со стрмеж за отцепува-
ње, остварено преку создавање на чардак-видиковец-троњ;
4. конструктивно и архитектонско-обликовно инкорпорирање кон природните усло-
ви кај просторниот волумен на куќата (надоврзување на стрмните карпи, потпирање на пое-
дини волумени на куќата врз дворните огради и сл.);
5. создавање на два основни типа куќи: вертикално високи и хоризонтално високи;
6. две влезни партии во куќата - од горна улица на кат и од долна улица во приземје;
7. создавање на отворени чардаци со ориентираност кон дворот на куќата и органи-
зирање на просторот за домување со ориентираност кон улицата;
8. приклучување на клозетот во организмот на куќата, но со изнаоѓање на изолира-
на позиција;
9. високи катови.
Стилската специфика на архитектурата на велешката куќа ja карактеризира и ти-
пичност на некои елементарни композициски форми:
1. силно испуштена стреа;
2. понекогаиг барокно формирање на покривниот венец, со застапеност на фреско
декорација по него;
3. специфичен опшив над прозорците и вратите;

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


40 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

4. криење на косниците кои го прифаќаат еркерниот испуст со рабицирање и малте-


рисување;
5. триаголно прекршување на покривниот венец;
6. необично големи димензии кај прозорските отвори, особено во затворените чар-
даци кои често достигнуваат квадратна форма;
7. примена на европски класицистички форми во обликувањето на косниците, огра-
дите и сл.
Елементарните форми ja имаат улогата на азбука во архитектонскиот израз на ку-
ќата. Во одделните објекти тие се приспособени кон многубројните функции на основните
елементи, но истовремено меѓусебно и естетски се поврзани. И во овој случај, како и во соз-
давањето на композицијата на основата, на формите им се придава значење на доизградува-
чи на целината (просторно-волуменска структура или ансамблова композиција), па тие се
приложувани според определени закономерности: во контраст, преодност, ритмизирано,
акцентирано итн.
Бидејќи строго индивидуалното живеалиште во овој период придобива елементи на
општествена содржина, тие се инкорпорираат како негови одлики: општа претставител-
ност, со потцртување на некои композициски елементи, богат интериерен и екстериерен
украс и сл. Сите овие белези се од чист архитектонски карактер. Но, постојат и белези про-
излезени од чист економско-материјален карактер. Имено, со прифаќањето на преродбата
како општествен процес во реализирањето на архитектонските објекти, со тенденција за
нивно издигнување на што повисоко уметничко рамниште, градителите ги утврдувале нови-
те процеси во начинот на живеење. Економскиот фактор одиграл големо влијание врз ди-
ференцијацијата на обрасците во велешката архитектура, како по содржина, така по форма
и по големина, со што се вршело отсликување на класните разлики во општеството на тоа
време. Токму затоа, иако градени во еден ист временски период, куќите на побогатите се
поголеми и како такви доминираат во уличната фасада и силуета. Но таа доминантност е
изразена освен со големината и со декорацијата, префинетоста во изразот и сл. При нив-
ното градење творецот вложувал поголеми усилби за естетска осмисленост на содржината.
Оттука, во нив повпечатливо е изразена синтезата на архитектурата со останатите умет-
нички занаети - резбарство, живопис (применуван на фасадите во партијата на покривниот
венец, на таваните, во ентериерот итн.). Секако, притоа не смее да се елиминира и индиви-
дуалниот и креативен приод на самиот градител. Анализата на велешката архитектура по-
кажува дека општиот економски подем го стимулирал развитокот на архитектонската кул-
тура и во таа смисла општа карактеристична црта на секоја куќа на Велес изградена во овој
период, без оглед дали припаѓа на побогат или посиромашен сопственик, е застапеноста на
соодветен степен на естетско-уметничко начело.
Оттука, иследувањето на сите овие компоненти во примерите на одделните објекти,
всушност, би претставувало метод за анализа на специфичното архитектонско уметничко
единство, како и метод за откривање на утилитарната и естетската сушност на архитектон-
ското дело во примерот на велешката куќа.
Архитектонска анализа на поедини велешки куќи
Куќата на улица „Владимир Назор“ бр. 136, сопственост на Габерова Пандора, прет-
ставува мошне интересна концепција во содржината и организацијата на куќниот простор.
Објектот ja следи регулационата линија на улицата и се протега во правецот север-југ. Нај-
експресивните архитектонски секвенци се експонираат кон дворот од јужната и кон улицата
од источната страна. Станува збор, од архитектонска гледна точка, за еден од најинтересни-
те објекти на староградската агломерација во Велес, како во смисла на функционалната орга-
низација на просторот, така и во смисла на архитектонското обликување.
Содржината на куќата се развива во три нивоа. Основните две нивоа - приземјето и
катот, се комплетни содржини, а појавата на меѓукатот (во дел од објектот) е условен, или,

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ 41

поточно, ползуван од падот на теренот кон улицата. Низ масивна двокрилна порта од јуж-
ната страна (од споредното сокаче) се влегува во мало дворно пространство во кое се лоци-
рани амбарот, пералницата, клозетот, а натаму се развива приземната партија на куќата.
Тука се лоцирани економски содржини: клед (во предниот план) и уште еден издолжен ам-
бар, една економска просторија (одајче) и голем потон. Нив ги обединува тремот на кој се
надоврзува делумно сепариран простор со скали за на катот. Од тремот (зад амбарот) водат
скали за меѓукатот, кој се состои од мал претпростор кој ги поврзува едната (поголема)
одаја и едно одајче. Ползувајќи го падот на теренот, мошне интересно се формира меѓукат-
на содржина на станот, што од своја страна се реперкуира и врз архитектонската слика на
објектот.
Катот речиси е идеално решен, со убави и просторни валери на големиот чардак и
минсофата, со трите одаи, кујната и нуспросториите (остава, мијалник и клозет), сепарира-
ни во дното на чардакот. Иако станот припаѓа на ортогоналната шема на организирање, во
неа доминира константна напнатост на архитектонскиот простор.
Повеќето простории ентериерно извонредно се обработени со вградената покуќ-
нина, убаво моделирани тавани и навистина раскошно декорирани врати, со елементи на
резба. Некои од вратите се уникатни примероци, богати со разновидни ликовни мотиви и
столарска профилација.
Конструктивниот состав на објектот подразбира масивно приземје од камен чии ѕи-
дови, во некои свои делови, продолжуваат и низ катот, но во него доминира бондручната
конструкција. Меѓукатните и покривни елементи се дрвени греди и диреци, а покривот, со
потенцирана стреа, е покриен со ќерамиди.
Овој објект се карактеризира со мошне осмислено архитектонско обликување.
Уличната, а посебно дворната фасада импонираат со високи ликовни квалитети. Со голем
осет за компонирање, народниот градител варира со архитектонски форми, површини и ли-
нии, создавајќи привлечни соодноси од наддадени и вовлечени просторни секвенци, судири
на „полно-празно“ и „светло-темно“ и со мноштво префинети детали. Посебно импонира
фасадната партија од катот свртена кон дворот (југ), во која возбудливата игра на чардач-
ниот простор со убавата ограда, столбовите и живописните аркади, со редица прозорци
„врзани“ со опшивните штици во серија и со проекцијата на исфрлениот чардак кон улица-
та претставуваат ретко видена архитектонска и ликовна реализација.
Во овој објект на најдобар начин се соединети содржинско-функционалните еле-
менти на станот со атрактивно решена просторно-волуменска структура.
На улица „Јован Алабаков“ (денес регистрирано под број 8 и 10) се наоѓа голема
куќа која со соседните објекти претставува ансамбл со амбиентални староградски каракте-
ристики. Во продолжението на улицата, кон југ, куќата поседува мал двор кој нема значење
во однос на организирањето на куќниот простор, туку е повеќе комуникација од улицата до
станот. Сегашнава состојба, определена со потребите на две семејства (Паунов Ѓорѓи и Ма-
нев Киро), е наметната ситуација во рамките на куќното пространство, но поранешната кон-
стелација на станот подразбирала по единствен начин организирано живеење на едно пого-
лемо семејство. Во натамошната анализа ќе бидат акцентирани разликите помеѓу автохто-
ната содржина и сегашнава.
Куќата е голем просторен волумен, составен од приземје и два ката, а под нивото на
приземјето се јавува и еден потон. Приземјето е масивна градба со влез од јужната страна
(двокрилна порта) кој го поврзува дворот со затворениот трем. Веднаш до портата се по-
ставени и скали за на кат. Поголемиот дел од приземјето е ангажиран со пространа визба во
која се јавуваат дводелни скали за на кат (претпоставка: вертикална комуникација за еден
од двата стана во сегашнава состојба). Од поплочениот трем се влегува во едно одајче и се
слегува (мошне насилено) во потонот со мала височина. Според искажувањата на сегашни-
те сопственици, големата визба служела како простор за приготвување ракија - „казаница“,
а одајчето за други економски потреби, како впрочем, и потонот на подолното ниво.

АРХИТЕКТУР AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


42 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Станот започнува да се развива на нивото на првиот кат. Станува збор за зимскиот


стан, како што е вообичаено во организацијата на куќното пространство на ова поднебје.
Составот на станот на првиот кат е мошне содржаен и во него доминира големиот чардак
со повеќе простории околу него. Трите големи одаи (двете се опремени со вградена покуќ-
нина) и кујната претставуваат основна станбена содржина. Во сегашнава состојба, во про-
должението на чардакот од јужната страна е изградена бања, со чардакот поврзана преку
издолжен ходник, а во просторот на чардакот се јавуваат дополнителни скали за потребите
на новоформираниот стан. Меѓутоа, автентичните скали се логично лоцирани по перифери-
јата на чардакот, а наспроти нив се наоѓаат други, кои водат кон следниот кат. Сите одаи и
чардакот (со многубројни прозорци) имаат непосредно осветлување, освен кујната, која има
прозорец кон чардачниот простор.
Вториот кат, главно, ja рефлектира состојбата од претходното ниво, со појава на
балконот кон подолгиот уличен фронт на куќата, достапен од чардакот. Големата гостин-
ска одаја, двете помали одаи и кујната го сочинуваат станот на ова рамниште. Секако, дека
и тука се јавуваат новоизградени скали и преграден ѕид што во сегашнава состојба ги сепа-
рираат двата стана, но, како што е споменато, станува збор за понова интервенција. Да
напоменеме и тоа дека во куќата се вршени и друг вид адаптации (затворање на прозорци,
отворање на нови врати и сл.), но тоа не попречува да се согледа автохтоната состојба на
куќата.
Одделните одаи и кујните во составот на куќата солидно се обработени и од тој ен-
териерен состав исклучителни квалитети поседуваат убаво обработените тавани (со мошне
интересни профили), вратите и вградената покуќнина. Впрочем, во ентериерот можат да се
евидентираат низа интересни детали, реализирани во најдобрите манири на традиционално-
то градителство.
Просторната пластика на објектот, главно, е едноставна и компактна - без дина-
мична раздвиженост. Во тие рамки извесна живост внесува аголниот мотив со издадени
одаи на двата ката, слични по архитектонскиот третман од двете фасадни партии, кои се
еркерски издадени и оддолу потфатени со закривената профилација (типична за велешката
куќа), a no рабовите на овој волумен се наоѓа профилација на пиластрите, кои се некаков
еквивалент на опшивни штици. Станува збор за импортен елемент во народната архитек-
тура, како впрочем што е и профилирано-барокизираната стреа долж објектот. Кон тоа се
придружува и балконската партија со мотивот од ковано железо, како и триаголниот фрон-
тон врз него, инаку недоволно пластично артикулиран. Потполно интроверзното приземје
од камен служи како солиден постамент за лесната бондручна конструкција на катовите.
Тие две партии се во тотален ликовен контраст, бидејќи катовите имаат дури 27 прозорци и
тие делови од куќата навистина се максимално транспарентни.
Однадвор куќата на прв поглед не побудува ликовни емоции, што е секако последи-
ца на поедноставниот глобален волумен, но повнимателна анализа овозможува доловување
на низа интересно третирани архитектонски секвенци.
На улица „Јован Алабаков“ бр. 5 се наоѓа стара куќа, сопственост на Тренчева Bo-
Ha. Изградена е во 1868 година според посложена програмска содржина и според поспеци-
фични локациски услови. Таа е составен дел од една покомпактна агломерација на убави
објекти од левиот брег на реката Вардар. Токму карактеристичната локација ja определува
општата просторна концепција на куќата: соседните објекти и уличниот потег условиле мошне
неправилна локација со тесен фронт на објектот кон улицата. Поради тоа, најмаркантната
архитектонска содржина се експонира кон дворниот простор.
Куќата има приземје и два ката, од кои приземјето и првиот кат (високо приземје)
се со мала катна височина (околу 2 м), додека вториот кат е повисок. ЈТоцирањето на прос-
ториите е спроведено по северниот и источниот обем на дворот, а пред нив (кон дворот) се
формираат тремот и чардаците. Преку масивната двокрилна порта се влегува во поплочен
двор од кој се достапни двете пространи визби со неправилна форма во основата. Дворот е
само делумно откриен, бидејќи неговата поголема површина се формира како трем, прос-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ 43

торно поделен на два дела со големо цветно корито и денивелација во партерот. Тука се
наоѓа и дворна чешма, помали зазеленети површини, како и скали (во дното на дворот) за
првиот чардак.
Чардакот на првиот кат (со динамично поткренати контури) ги поврзува четирите
простории од зимскиот стан, од кои две се одаи, едната е кујна („куќа“), а последната зимска
кујна. Сите простории на ова ниво делумно се осветлуваат преку чардакот, а делумно преку
обемните ѕидови кон улицата и соседот. Всушност ова ниво на куќата претставува зимски
стан, што е акцентирано со називот на една од просториите - „зимска кујна“.
Вториот кат е редуциран на две одаи и помал чардак и просторно е најинтересен
дел на станот. На тоа укажува и репрезентативната опрема на гостинската одаја, богато
осветлена преку седум прозорци.
Неправилната локација и соседните објекти условиле (како што е споменато) мош-
не неправилни форми на одделни простори во куќата, што, на некој начин, може да се смета
како хендикеп, но, од друга пак страна, создадени се услови за раздвижена просторна содр-
жина и динамична примарна пластика на објектот. Заради тесниот фронт кон улицата, ку-
ќата кон неа се отвора со тесна фасада, во која приземјето и првиот кат се третирани како
интегрална камена партија со влезна порта, додека вториот кат еркерно се експонира со
фино моделирана архитектонска графика од прозорски отвори, опшиени штици и покривен
венец. Потребно е да се нагласи и следново: кај овој објект архитектонскиот јазик на улич-
ната фасада успешно се усогласува со архитектониката на неколкуте соседни објекти и на
убав начин се создава архитектонско-урбана целина со високи амбиентални вредности.
Меѓутоа, основна архитектонска експресија се доживува однатре, од дворното про-
странство. Раздвижените контури на чардакот (по обемот и висината) се најубавите архи-
тектонски секвенци, во чија игра учествуваат убаво обработените скали (со менлива пози-
ција) со оградата, како и мноштво врати и прозорци во длабочината на тремот и чардаците.
Просторно доминира волуменот на вториот кат кој се експонира во составот на целиот
објект, а воедно и кон улицата.
Конструктивниот состав е традиционален: приземјето во поголемиот дел од првиот
кат и некои ѕидови од вториот кат се камени, додека преградните, на сите нивоа, и обемни-
те на вториот кат се лесни - бондручни. Во просториите на првиот и вториот кат таваните
се од дрвени штици, со што во станбените единици е потенцирана интимна и топла атмо-
сфера.
Покрај овие ентериерни компоненти за одбележување е вградената покуќнина во
гостинската одаја на вториот кат (чичеклак со камарчиња и мусандра), суптилно обработе-
на во манир на традиционалното градителство.
На улица „Јован Алабаков“ бр. 1 се наоѓа куќата на Спасев Богдан, изградена во
1902 година. Најстарите велешки куќи потекнуваат од втората половина на XIX век, па оваа
може да се смета како понова градба, што се потврдува и со нејзиното лоцирање. Имено,
таа е изградена на тесна локација, помеѓу две порано изградени куќи, без можност за орга-
низирање на куќниот двор. Овој недостиг е надоместен со навистина вешто организирање
на станот и формирање на слободно партерно пространство кое го заменува дворот.
Куќата е изградена со приземје и кат. Приземната партија глобално е поделена на
два еднакви дела, од кои првиот е визба со влез од улицата и тремот, а вториот е поплочен
трем, делумно откриен (и има карактеристики на атриум), а со улицата се поврзува со дво-
крилна порта која е главен влез во куќата. Дел од ова слободно пространство е ангажиран
за мала работилница на сопственикот, а до неа се наоѓаат двокрилни скали кои го поврзу-
ваат приземјето со катот.
Колку што е приземната партија едноставна според својата содржина и диспозиција
на просториите, толку катот претставува мошне луцидно организирана станбена површина
со максимално рационално ползуван простор. Четирите одаи, чардакот и темната одаја
мошне вешто се вкомпонирани во единствена станбена целина, а да не е изгубен ниту еден

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


44 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

дел од корисната површина на станот. Во ваква збиена контура (само уличниот фронт на
куќата е слободен) сите простории во кои се престојува или спие коректно се осветлени.
Единствено кујната има индиректна светлина (преку чардакот), додека одаите се осветлени
од уличната слободна страна или преку атриумот. Во дадената ситуација градителот нашол
оптимално решение за овој проблем. Скалите со подестот се врзуваат со чардакот кој ги
обединува сите простории, а делумно излегува и кон уличната фасада од каде што прима
светлина дополнета и од атриумскиот простор. „Скршените“ агли на одаите овозможиле
успешно да се решат влезовите во овие простории и да се добие извесно „омекнување“ на
контурите од чардакот. Навистина, основата на катот е максимално рационално, и пред се,
логично решена, така што во специфичните услови се добило најдобро можно решение на
станот. Уште еднаш се потврдила надареноста на народниот градител, кој во дадени услови
секогаш знаел да изнајде најоптимални решенија.
Дел од просториите имаат вградена покуќнина која ги задоволува домашните по-
треби и заедно со во дрво обрботените тавани, со раздвижени профили, ja оплеменува ен-
териерната содржина.
Според установениот манир во традиционалното градителство (едноставно логи-
чен), конструктивниот систем во приземјето подразбира дебели камени ѕидови на катот со
бондрук и гредореди во меѓукатната конструкција. Покривот е од дрвени висулки и е по-
криен со ќерамиди.
Архитектониката на објектот, подразбирајќи го обликувањето, градителот можел
да ja спроведе само кон уличниот фронт и може да се рече дека е успешна, иако шансите за
тоа не биле големи. За да ja „разбрани“ пластиката на фасадата, тој гостинската одаја (нај-
голема и најобработена во составот на станот) ja експонира пред рамништето на глобална-
та фасада, наддавајќи го волуменот во вид на еркер, потфатен оддолу со рабицирана кон-
струкција, чиј сегментен профил ja карактеризира велешката староградска куќа. Мошне
контрастно се однесуваат затвореното приземје и транспарентниот кат, но сегашнава сос-
тојба на фасадата секако не е автентична (малтерисано приземје и некои други детали на
катната фасада).
Иако не се вбројуваат во семејството на пораскошни велешки куќи, овој објект од
почетокот на XX век заслужува внимание според квалитетите достигнати во организаци-
јата на станот, кои, според локациските услови, не нуделе големи шанси.
Старата куќа на улица „Максим Горки“ бр. 66, сопственост на семејството Касапо-
ви, е една од најатрактивните архитектонски содржини во градското ткиво на Велес. И не
само тоа, туку исклучителната местоположба - експонираноста на големата карпа - на
објектот му дала посебен динамичен белег, со необична центрифугална раздвиженост на
волумените. Ваквата локација условила мало дворно пространство, кое се сведува на повр-
шина за комуницирање со приземните простории и преку скалите со катот.
Објектот се развива на приземје и кат со диференцијација на економски (приземје)
и станбени (кат) простории. Тие се групирани во форма на буквата „Г“ со северна и источна
ориентација. Приземната партија содржи четири простории од кои потонот ангажира поло-
вина од вкупната површина на тоа ниво, додека другите три простории се помали и служат
како пералница, склад за дрва и остава. Чардакот од катот тука формира трем (главно
околу потонот), во кој се јавува природна карпа како граница од зпадната страна. Височи-
ната на приземните простории е околу 2,40 метри.
Преку еднокраки скали се доаѓа на чардакот од катот, кој ги обединува четирите
убаво обработени одаи и сепарираниот клозет. Станува збор за мошне простран чардак, кој
од источната страна (помеѓу две одаи) завршува со минсофа која се експонира пред општи-
от фасаден фронт. Чардакот од неговата јужна страна претставува отворен дел од катната
просторна мембрана.
Три пространи одаи и една кујна заедно со чардакот претставуваат состав на станбе-
ниот дел од куќата. Тоа се комплетно опремени простории од кои североисточната одаја ен-
териерно е најбогато обработена. Серии на прозорци (4 х 3 х 2 х 2 прозорци) силно ja пер-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ 45

форираат фасадната мембрана и во одаите внесуваат максимална светлина. Организацијата


на станот е лесна и ненасилена, со прегледно комуницирање и флуидно третирани просто-
ри. Посебни квалитети во таа смисла нуди пространиот чардак, кој од западната страна се
завлекува зад одајата и овозможува дискретна врска со клозетот.
Ентериерната обработка на просториите е натпросечна, што секако се должи на
материјалните можности на сопственикот кој ja изградил куќата. Сите одаи се опремени со
комплетна вградена покуќнина, раскошно обработени тавани и пластично декорирани вра-
ти, зад кои (во длабочината на сергените) се формираат мали претпростори смеѓени со рез-
барено дрвено перде. Североисточната одаја долж ѕидовите со прозорци има удобен миндер.
Според површината, кујната е помал простор со аксијално поставено огниште (камин), чиј ди-
мен канал пластично се експонира на северната фасада, со форма на семгмент од цилиндер.
Убавата и осмислена организација на просторот на станот сликовито се рефлектира
и во надворешниот изглед на куќата. Сите одаи и дел од чардакот еркерно се наддадени врз
каменото (неправилно по форма) приземје и потпрени со дрвени косници, така што катот
добива некоја лесна, речиси лебдечка состојба. За да се добие ваков впечаток придонесува
и максималната перфорација на фасадните платна, стреата и флуидноста на чардакот. Сето
ова уште повеќе се потенцира со специфичната и висока позиција на куќата (голема и стрм-
на карпа), особено кога објектот се набљудува од подножјето на карпата. Инаку, поради
ваквата местоположба, куќата на Касапови се експонира во пошироката градска структура,
а центрифугалната раздвиженост на волумените условува секогаш нови и визуелни сенза-
ции, зависно од оддалеченоста и аголот на гледање.
Општа е констатација дека се работи за исклучително дело на народниот градител
од сферата на традиционалното градителство на нашите градови.
Куќата на улица „Ѓорѓи Димитров“ бр. 48, сопственост на Есмерови, е убава градба
со одмерени пропорции и складно спроведена архитектонска композиција. За разлика од
повеќе куќи во Велес (стеснети на помали локации заради згуснатата градска структура)
овој објект има нешто поголем двор во кој можел да се организира и еден дел од семејниот
живот. Но, секако дека куќата е примарна содржина, а таа е комплетна и се одликува со
успешно спроведена организација на станот.
Објектот има приземје и кат: долу се економските простории a rope е станот. При-
земната партија делумно се потпира врз природна карпа и се состои од трем со скали, една
одаја и потон. Едноставниот состав на приземјето ги задоволува основните потреби на
економскиот живот на семејството.
Меѓутоа, суштината на куќниот простор се наоѓа на катот. Издолжениот чардак со
минсофата од јужната страна поврзува две поголеми одаи, две одајчиња и кујна. Нивната
диспозиција привлекува внимание со оглед на послободно третирање во рамките на основа-
та на катот. Интересно, на пример, се лоцирани големата одаја и одајчето со миндерот,
како посебни простори во однос на компактната содржина од останатите простори на дру-
гата страна на чардакот. Ваквата организациска шема внесува некој вид еластичност во де-
финирањето на основата, лесност и флуидност на просторите.
Јужната и источната партија на објектот се илустрација на занимливо компонирање
на просторни архитектонски секвенци, кои во многу нешта произлегле и од диспозицијата
на просторните единици во содржината на станот. Секако, поинтересна страна на објектот
е онаа свртена кон исток, во која најнапред раздвижените волумени на големата одаја и
одајчето го ограничуваат чардакот кој е во контрастна констелација со нив (позитив-нега-
тив), па ако кон тоа се додаде и длабокиот трем во приземјето, архитектонската слика на
објектот станува потполна, живописна, а воедно и динамична. Јужната фасада е помалку
впечатлива иако во неа, кај одделни елементи, владее композициска дисциплинираност и
одмереност.
Конструкцијата е традиционална: камени и бондручни ѕидови, дрвена меѓукатна и
покривна конструкција и покрив со ќерамиди.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


46 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Старата куќа која се наоѓа на улица „29 Ноември“ бр. 1, со своите контури и органи-
зираност на станот е необична градба. Следејќи ja издолжената триаголна локација, и
самата куќа добила форма на издолжен триаголник со редуцирани напречни димензии (по-
тесната страна е широка само околу 2 метри), а сепак е создадена привлечна архитектоника.
Куќата е изградена со приземје и кат. Влезот е од источната страна, кон која објек-
тот се отвора со својата изразна фасада. Целото приземје претставува еден единствен прос-
тор смеѓен со дебели камени ѕидови. Тоа е потонот.
Необичната контура на објектот повлекла зад себе и несекојдневно третирана орга-
низациска шема на станот. Влезот за ова ниво (кат) е однадвор (западна страна од улицата)
и првиот простор е мало претсобје, а не чардак, од кое се достапни две одаи. Малата длабо-
чина на куќата условила да се јави уште само една просторија - одајче, во која се влегува
индиректно преку претходната одаја. Од одајчето се доаѓа во тесен отворен претпростор и
од него се влегува во клозетот, во најтесниот дел од куќата. Ваквата констелација на станот
во староградската архитектура е мошне ретка, но јасно е дека специфичните услови при-
донеле до појава и на ваков вид куќа.
Она што е интересно е тоа дека објектот има само една фасада (источна), а за дру-
гите може да се каже дека се исцело „слепи“. Каменото приземје (нешто повисоко) претста-
вува постамент на интересно наддадени (каскадни) волумени на катот чии еркерски испусти
ги потпираат дрвените косници. Со два и два плус еден прозорец на катот и во последниот
сегмент (од јужната страна) со некој вид мал чардак - лоѓија, општиот корпус на куќата се
стеснува по хоризонтала, што може да се смета како интересна архитектонска артикулација
во просторните сегменти на куќата.
Куќата на улица „Јован Алабаков“ бр. 3 е сопственост на Парнарова Богданка и е
изградена во 1868 година. Лоцирана е во една од најзбиените урбани агломерации, сочинета
од објекти кои се истакнуваат по својата експресивна архитектоника, во која се чувствуваат
извесни европски влијанија во надворешната обработка (истакнати и силно профилирани
венци околу стреата, пиластри, сликана декорација итн.).
Куќата се развива на три нивоа - приземје и два ката, и во својата основа има непра-
вилна форма. Согледано преку ситуацијата, на позитивот (еркерниот испад) од спротивниот
објект одговара со негатив (вовлекување), за да во наредната секвенца на негативот одго-
вори со позитив. Таа борба за простор се јавува како основен одредувачки фактор на обли-
кот на основата.
Приземниот простор претставува преоден поплочен двор со две благи денивелации
и една трета која е совладана со мал скалишен крак. Преодноста на „дворот“ е изразена
преку поврзаноста на улицата, како отворен простор пред куќата, со дворот-градина зад ку-
ќата. Големата „дворна“ затворена површина, која сега не се користи, веројатно некогаш
имала некакви функционални ангажмани (огрев, зимница).
На првиот кат до кој се стигнува преку скалите, кои се поставени веднаш до излез-
ната врата за во градината, се формира зимскиот стан. Затворениот чардак е простор кој
комуникациски ги обединува одаите на овој стан, а со еднокраките скали, кои не ja мену-
ваат позицијата, ги поврзува со долното и најгорното ниво. Станот го сочинува кујната пот-
прена до соседниот објект (со што е топлински заштитена), како и две одаи со приближно
квадратна форма. Правилната, скоро триаголна форма на чардакот во најтесниот дел е
искористена за сместување на една мала остава достапна од чардакот и за еден длабок сер-
ген врзан за крајната одаја. Сите простории се богато осветлени преку низови прозорци
групирани во двојки (кујна) и тројки (одаи). Крајната одаја е најекспонирана кон светлина-
та бидејќи од двете страни е слободна.
На најгорниот кат распределбата на функциите наполно се менува. Кујната и крај-
ната одаја ja задржуваат истата позиција, меѓутоа чардакот и средната одја добиваат невоо-
бичаена архитектонска и функционална трансформација. Дел од стариот чардак со скалиш-
ниот крак задржува чисто комуникациска улога и претставува еден вид затворен претпрос-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ 47

тор. Од него се влегува во друг чардак кој се формирал поради изоставањето на средната
одаја и од него се влегува во кујната, одајата и една поголема остава. Овој чардак е средиш-
те на горниот стан и веројатно се користел и за примање на гости освен што служел и како
комуникација.
Конструкцијата е традиционална, со дебели камени ѕидови во приземјето и бондрук
на катовите (меѓукатна конструкција, таванска конструкција, ѕидови). Фасадите се малте-
рисани во бело, а покривот е од ќерамиди.
Наспроти збиената и мошне мала површина во основата, објектот во просторниот
обем го карактеризира нагласена волуминозност. Таа произлегува, пред се, од присуството
на двата ката од поголемите катни височини во приземјето (3,80 м) и од вториот кат (2,90
м), како и од големата димензија на убаво обликуваниот венец во стреата.
Вака големиот волумен на куќата, поставена на мошне експонирано место, веројат-
но би изгледал тешко кога не би постоела осмислена композициска распределба на поедини
маси. Пред се, во принципот на раздвојување на волумените се постигнала прераспределба
на тежините и нивните тежишта. Зголемената тежина на еркерно исфрлените делови има
противтежа во повлечената маса. На тој начин наместо статичност се постигнала динамич-
ност која има и точно одредена насока - таа е растечка. Во челната фасада нејзината насо-
ка е оддолу кон нагоре повлечено приземје - еркер - исфрлен кат со мали димензии - втор
кат со голема височина и големи прозорци - повторно исфрлена стреа со завршница во по-
кривот. Растечката динамика на бочната фасада има насока од лево кон десно, од помала
кон поголема маса, од помал кон поголем еркер, а сето тоа е усогласено со истата насока на
динамичното растење на теренот.
Лоцирана на мошна стрмен сокак, куќата на Коста Рацин, на истоимената улица бр.
29, е мошне необичен објект и во многу нешта отстапува од вообичаените шеми на велеш-
ката куќа. Куќа без двор, сите потребни елементи на домување ги задоволува внатре, во
архитектонскиот простор. Грнчарскиот занает, со кој сопственикот се занимавал, во добра
мера ja определил содржинската и функционалната констелација на домот.
Објектот, според етажноста, има приземје, кат и поткровје кое во едниот дел (за-
падниот) се јавува како наддаден волумен кој излегува од „природните“ рамки на објектот.
Приземјето, изградено од дебели камени ѕидови, содржи поплочен трем во кој се влегува
преку двокрилната порта, а втората приземна содржина е поврзана со грнчарскиот занает
на сопственикот: западно, потпрена врз природна карпа, се наоѓа фурната за обработка на
грнчарија и клозетот, а од источната страна е работилницата. Стрмниот терен условил из-
разена денивелација на споменатите простории и така, во тремот, разликата во нивоата мо-
рала да се регулира со скали.
Од тремот водат две скалишта кон чардакот на катот, на кое ниво е организиран
станот. Двата чардаци и двете одаи ja сочинуваат содржината на ова ниво со мошне инте-
ресна организациска шема во издолжената контура на куќата.
Поткровјето содржи чардак и една поголема просторија, веројатно за сушење на
грниња. Кон ова упатуваат и скалите од западната страна, кои со променлива траса ги повр-
зуваат тремот и горните катови на куќата.
Куќата на Коста Рацин денес е стручно обновена и претставува спомен-објект на
овој поет. Во ваквата состојба можно е да се констатираат повеќе занимливи архитектонски
карактеристики, по малку необични за ликовното милје на Велес. Источната фасада е карак-
теристична за велешките куќи: еркерот, прозорците, стреата и покривот архитектонски се
третирани на вообичаен начин, но северната фасада поседува поспецифична структура. Врз
каменото приземје со два помали прозорци и двокрилни порти интензивно се оцртува бели-
ната на фасадното платно од следните два ката на станот, со двапати по два прозорци и три
помали од поткровјето. Нивната лоцираност под самата стреа е необична појава во маке-
донската традиционална архитектура и ваквата архитектонска слика асоцира на прочуените
фирентински куќи од периодот на ренесансата, во овој случај, секако, со извесни модифика-

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


48 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

ции. Необично дејствуваат и отворените чардаци со издигната партија (поткровје од запад-


ната страна на куќата), која внесува некој вид динамиката во општата контура на куќата.
Во секој случај станува збор за многу интересна архитектоника на објектот, која за-
служува внимание и натамошна анализа од функционално-содржински аспект и од аспект
на композиција.
Големата куќа на ул. „Владимир Назор“ бр. 44, сегашна сопственост на Алчева Ли-
дија и Чентева Марија, датира од втората половина на XIX век, иако сопствениците тврдат
дека е постара. Пред куќата се формира помал поплочен двор, а врска со улицата е остваре-
на преку масивна, убаво обликувана порта. Куќата претставува правилен издолжен парале-
лопипед со четвороводен покрив, со нагласена аксијалност, како во решението на основата,
така и во надворешното обликување. Отстапувањето од аксијалата се манифестира само во
протегањето на чардакот, иако на фасадата ритамот на прозорците тоа не го навестува.
Куќата се состои од приземје и два ката, кои имаат речиси идентичен распоред на
просториите. Приземјето е решено како аксијална просторна композиција, како во распо-
редот на просториите, така и во ритмиката на прозорците (два прозорци, порта, два прозор-
ци). Тремот, кој од западната страна се формира со одземање на една просторија, добил
контури во вид на буквата „Г“ и ваквата констелација на идентичен начин се повторува кај
чардакот на катовите. Трите визби се поплочени простории и имаат таван од штици. Сите
овие простори имаат природно осветлување.
Преку скалите во тремот се излегува во чардакот на првиот кат и околу него се рас-
поредени две одаи и кујна. Дел од чардакот, југоисточната одаја и кујната се опремени со
вградена покуќнина, а сите се збогатени во ентериерот и со убаво обработени тавани. Од
северната страна на чардакот (дворната фасада на објектот), точно по аксијалата, се наоѓа
балкон со ограда од ковано железо.
Потполно идентична организација на просторот наоѓаме и на вториот кат, со таа
разлика што дел од чардакот од јужната страна е преграден, така што се формира помало
одајче, но веројатно тоа е понова адаптација. Скалите од првиот за на вториот чардак денес
ги нема, така што на нивото на вториот кат се доаѓа со дополнително (однадвор) доградени
скали, бидејќи еден од сопствениците го користи приземјето и вториот кат, а вториот само
првиот кат. Меѓутоа, овие дополнителни интервенции во организацијата на куќата се јасно
видливи, така што не е тешко да се констатира автохтоната состојба во истата.
Конструктивниот состав подразбира масивно (камено приземје) со помал број отво-
ри и двокрилна порта, додека катовите се бондручни и перфорирани со голем број прозор-
ци. Дебелиот ѕид од камен на катовите се јавува само во задната партија во двете кујни. Ме-
ѓукатната конструкција е дрвена, како и покривот кој е покриен со ќерамиди.
Објектот со целосно обработени фасади се отвора кон дворот (со подолгата страна)
и кон улицата (со потесната страна). И кај обете фасади владее целосна симетричност во
композицијата, било да станува збор за глобалната слика на фасадата или кај одделни сек-
венци. Аксијалноста силно се потенцира во дворната фасада со средишниот дел: двокрилна
порта-балкон-балкон-триаголно прекршен венец.
Поуспешно е реализирана уличната фасада чиј архитектонски графизам (за разли-
ка од претходната) дејствува позгуснато и поартикулирано. Убаво спроведената ритмика на
прозорците од сите катови, балконот, завршниот венец и фактурата на материјалите ja чи-
нат оваа фасада привлечна.
За одбележување е и убавата ентериерна обработка на одделни простории која под-
разбира комплетност кај вградената покуќнина, интересно третирани тавански површини,
врати итн. Еден таков „сет“ од вградената покуќнина (сергени и чичеклак) и двокрилна вра-
та од одаите на катовите ja доловува сета содржина на овие практични и сликовити елемен-
ти од староградската велешка куќа.
Импозантната куќа на улица „Петар Михов“ бр. 3 од архитектонска гледна точка
претставува специфична градба, која на некој начин се одделува од константните белези на

ИСТОРИЈА НА КУЈТГУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ 49

староградската архитектура во Велес. Тоа посебно се однесува за вториот кат со покрив-


ната партија во која се експонираат триаголните прекршувања на завршниот венец. Куќата
има двор кон кого се отвора најинтересната фасада, иако и другите две се занимливи на
соодветен начин (четвртата - северната е слепа фасада).
Објектот се развива на три нивоа - приземје, прв и втор кат, а општата слика на ос-
новите претставува аксијална композиција. Малите отстапувања не ja менуваат ваквата
констелација. Влезот во куќата е од дворната стрна и преку затворениот трем се доаѓа до
еднокраките скали чија траса натаму не се менува. Трите потони (два помали и еден пого-
лем кој се протега долж целата зграда) и споменатиот трем ja сочинуваат содржината на
приземјето, кое, инаку, е сето без прозорци.
Првиот кат е т.н. „зимски стан“ во чија шема доминира отворениот чардак, а лево и
десно од аксијалната страна и чардакот симетрично се редат трите одаи и кујната со различ-
ни димензии, осветлени од подолгите страни (источната и западната). Всушност, првиот кат
е високо приземје, бидејќи неговите контури се идентични со приземјето, па и трите обемни
ѕидови се камени и дебели како во приземјето.
Вториот кат, лесен и бондручен, со од сите страни нагласени еркерски наддавања,
претставува идентична организациска шема на просторот со претходниот кат, но со зголе-
мена површина на просториите. Само кујната тука е заменета со одаја. Повеќето одаи и
чардаци во куќата, иако обезбедуваат комфорно живеење, од организациска гледна точка
на станот не му дале привлечна композициска структура, што, секако, е последица на орто-
доксно-симетричен третман на просторот.
Поаѓајќи од ваквата констелација во основата, градителот навистина успеал да соз-
даде раздвижена и привлечна пластика на катот и во таа смисла достигнал високи резулта-
ти. Четирите елегантни волумени (од секоја одаја по еден) се експонираат во рамките на
општиот корпус на објектот и секој од нив завршува со нагласен, триаголно прекршен ве-
нец, кој овие волумени ги прави да бидат уште постројни. Ист мотив се јавува и кај чарда-
кот, кој кон дворната страна е отворен, додека кон улицата има три прозорци (балконот е
дограден подоцна и не е изворен мотив за овој објект). Лесната структура на дворната
(источна) фасада се потенцира со идентична чардачна содржина од првиот кат. Привлечно
дејствуваат сериите прозорски отвори од кои оние на првиот кат се нешто помали, но за-
нимливо се обработени (опшив, железни решетки, мушарабии), а се јавуваат помеѓу конзо-
лите што го потпираат еркерот. Интересно е и тоа дека помеѓу конзолите (а врз прозорци-
те) се формираат мали, рабицирани сводчиња.
Во пластиката на објектот активно учествуваат и полуцилиндрични димни канали,
така што куќата, особено во горната партија, изобилува со мноштво интересни архитектон-
ски секвенци. Посебен шарм на објектот му дава уличната чешма, вградена во ѕидот на аго-
лот од објектот.
Конструкцијата е во добрите манири на традиционалното, а ентериерната обработ-
ка на високо ниво.
Старите фотографии од почетокот на овој век, кои ja прикажуваат тогашната пано-
рама на Велес на бреговите на реката Вардар, речиси редовно регистрираат една голема
куќа, надвисната врз реката од левиот брег - куќата на улица „Браќа Крапчеви“ бр. 6, од
некогашниот сопственик Нури Абдула, сега сопственост на Дончов Ацо. Објектот е граден
во осмата деценија на минатиот век и секако е еден од архитектонските белзи во градското
милје на Велес. Денес овој објект е во тешка состојба, со драстични преправки, особено на
дворната фасада.
Куќата има три нивоа: визба, приземје и кат. Сите катови се третирани како тотал-
но симетрична просторна содржина, потполно одразена и во фасадите. Станува збор за два
идентични стана, со посебни скали и со симетрично организирана содржина во становите.
Приземјето, изградено со масивни ѕидови од камен по малку варира во однос на си-
метричноста. Се влегува лево и десно под скалишните подести во помали тремови и натаму
во визбите. Секоја од нив е осветлена со по еден прозорец.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИ.ТА


50 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Високото приземје веќе се ангажира како станбена површина и, со оглед на симе-


тричниот распоред на просториите, анализата се однесува само на едната страна. Преку
скалишниот подест се влегува во затворениот чардак (оттука помагаат и скалите за катот)
од кој се достапни двете одаи (големата и малата) и „куќата“.
Катот е идентична слика на претходниот кат, а разликата е појавата на убаво обли-
куваниот балкон и некои варијации при обработката на одаите.
Обликувањето на објектот е необично и е на високо естетско ниво (особено на стра-
ната ориентирана кон реката Вардар). Пред се, објектот има атрактивна местоположба: из-
граден е непосредно над реката, но од другата страна поседува простран двор, па така има
ексклузивна локација. Од одаите на високото приземје и катот, погледот се отвора кон
реката и десниот брег, со возбудлива висинска градација на градската структура.
Објектот од онаа страна која е ориентирана кон реката формира два ризалити
(всушност еркерски наддадени волумени на одаите од двата етажа), кои во горниот дел ги
сврзуваат балконите со фронтот врз нив, во форма на триаголник и елегантни сегменти ла-
ци од долната страна. Мотивот на лачните форми се провлекува и од долната страна на бал-
конот (потпирачи), а оваа тенденција (со ваков ликовен мотив) се наоѓа и во конзолите кои
ги потпираат еркерските партии на објектот. Во оваа фасада, како и во онаа која е свртена
кон дворот, владее потполна симетрија, која во објектот внесува архитектонски баланс и на
некој начин статичност на композицијата. Меѓутоа, просторната раздвиженост на масите
обезбедува извесна променливост на доживувањата.
Конструкцијата е во рамките на традиционалното, а опремата на ентериерот го свр-
тува вниманието, бидејќи вградената покуќнина и раскошните тавани претставуваат вон-
редни творби, кои укажуваат и на посебните материјални можности на некогашниот соп-
ственик. Притоа, евидентно се констатира дека станува збор за двојна, веројатно братска
куќа, со рамноправно третирани станбени единици.

Г. Основни иринциии на комиозицијаша на велешкаша куќа

Организација на станбената површина


Велешката куќа припаѓа на типот високи куќи. Тоа подразбира развиеност на стан-
бената површина на две до три нивоа. Од една страна ова произлегува заради релативно
сложената и богата програма, а од друга страна заради изразито стрмниот терен кој не доз-
волувал развивање на поголеми површини врз локацијата, и тоа не само во приземјето туку
и на катот.
Од овој втор фактор произлегла една од основните карактеристики на велешката
куќа: високо приземје или мезанин кој се јавува помеѓу приземјето и катот и двокатни по-
тони кои по висината го опфаќаат приземјето заедно со мезанинот. Ако не се јавува меза-
нин, тогаш приземјето добива изразено голема височина, која во некои објекти достигнува
и до 4 метри. Со тоа се извршило совладување на тесната локација заради стрмноста на те-
ренот и се дошло до она ниво, врз кое било можно да се развие поширока станбена површина.
На овој начин се јавиле две карактеристични просторни решенија.
Првото просторно решение е развиено на три нивоа: приземје во кое е сместен вле-
зен двор или трем и еден, два или повеќе потони; мезанин, чија површина е ангажирана со
зимски стан но и со затворен воздушен простор на потоните; кат на кој се јавува комплетно
развиена станбена програма, односно летен стан.
Или варијанта на првото решение, каде поради големиот пад на теренот потоните и
дворот го зафаќаат целиот долен кат со влез од долната улица. При оваа варијанта до меза-
нинот се доаѓа со понатамошно вертикално совладување на просторот, но и со спуштање од
горното катно ниво. Во станот, заедно со кујната и целиот горен кат, се влегува од горната
улица.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЛА


ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ 51

Второто просторно решение подразбира приземје со голема меѓукатна височина и


кат. По се изгледа дека овие куќи имаат онолку потони колку што има и одаи на катот и,
најчесто, бројот на одаите го одредува и бројот на потоните. Но, се јавуваат и такви реше-
нија каде што бројот на потоните може да е сведен само на еден заради условите на тере-
нот, а катот е широко развиен.
За одбележување е дека покрај овие две основни решенија во Велес се јавуваат и
други, кои исто така се застапени во голема мера, но кои не претставуваат карактеристичен
белег за велешката архитектура, туку припаѓаат на групата типизирани решенија за под-
рачјето на цела Македонија.
Следејќи ги овие и сите останати просторни решенија се доаѓа до заклучок дека
еден од базичните композициски принципи претставува вертикално суперпонирање на
функционалните групи, спроведено на следниов начин:
1. Во масивно изграденото приземје се сместува влезната партија (трем, двор) и гру-
пата одделенија за домашна економија (потон, ретко штала, економски влез);
2. Мезанинот или првиот кат е ангажиран со станбена група одделенија (зимски
стан);
3. Вториот кат (доколку го има) е резервиран за летниот стан кој, истовремено, слу-
жи и како репрезентативна група простории, но и како дел од куќата во кој спијат и лете и
зиме помладите членови на семејството, заради редуцираниот број одделенија во зимскиот
стан;
4. Сместување на клозетот во куќата во изолиран простор, покрај скалите.

Д. Средсшва на иросшорнаша комиозициска изграденосш на куќаша

а. Насоченосш
Насоченоста како средство за хармонизација на просторот има пресудно значење за
формирањето на композицијата на велешката куќа. Насоченоста се изразува во специфич-
ната заемна поставеност на внатрешниот простор на куќата и надворешниот простор околу
неа (дворот, улицата и ансамблот). Помеѓу повеќето фактори кои се врзани за објективната
содржина на куќата (општествено битие и неговиот животен процес, за кои стануваше по-
напред збор), одлучувачка улога во изразувањето на принципот насоченост во велешката
куќа има односот на човекот кон околината. Тоа е онаа тенденција за воспоставување на ус-
пешни корелативни односи во два правци:
1. со сопствената куќа кон општеството;
2. со сопствената куќа кон себе.
Вториот правец ja објаснува потребата за прераснување на социјално-материјална-
та карактеристика на објективната содржина во духовна функционалност, помеѓу другото и
преку задоволување на потребата за сонце, убав видик, индивидуалност, а кои подразбираат
поседување на дел од природата или отвореност кон неа и кон улицата.
a. 1. Насоченост на станот кон чардакот
Насоченоста како средство за хармонизација на просторот довела до создавање на
еден композициски принцип карактеристичен за велешката куќа - насоченост на внатре-
шен простор кон внатрешен простор - на станот кон чардакот. Просторната диспозициска
насоченост на станот кон чардакот е изразена преку спцифично агломерирање на одаите
околу чардакот од чисто функционално утилитарни причини. Согласно со начинот на жи-
веење, чардакот добил поливалентна улога, а со тоа се претворил во функционален и про-
сторен фокус. Тој е простор во кој се врши дополнување на поголем број функции кои има-
ат своја матичност во одаите, па оттука произлегува длабоката логичност на нивната насо-
ченост кон него.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


52 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

а.2. Насоченосш на чардакош и сшаноги кон околинаша


Оваа насоченост подразбира ориентираност кон улицата, дворот и панорамата на
градот. Просторот на чардакот се издиференцирал на простор за комуникации и простор за
престој (со минсофа), кои имаат различна насоченост. Имено, просторот за престој е насо-
чен кон панорамите на градот, улицата или дворот, и тој простор, кој претставува една од
основните карактеристики на велешката архитектура, не се јавува само на едно место, туку
на повеќе. Тоа произлегува оттаму што просториите не се приближуваат или оддалечуваат
во просторот на чардакот (во својата потрага за визури, осонченост и сл.). На тој начин чар-
дакот меандрично се расчленува и понекогаш со мостови и ходници (тробусани), се продол-
жува се до најоддалечените простори на куќата, вклучувајќи ги понекогаш и оградите на те-
ренот, аглите на соседните куќи итн. Оттука произлегле две композициски решенија:
1. чардакот може да е расчленет и насочен кон надворешната страна со минсофа
којашто го зафаќа просторот во чардакот, и
2. чардакот може да е расчленет и насочен кон надворешноста, со помош на троњ,
со што се постигнало развивање во надворешниот простор.
Една друга карактеристика на велешкиот чардак, кој не се развива во троњ, прет-
ставува неговата двојна или повеќекратна насоченост. Тој најчесто е издолжен, се протега
по должината на целата куќа и фаќа погледи со едната завршница кон дворот, а со другата
кон панорамата на градот или улицата.
Во ниедна друга македонска куќа ваквите завршници на чардакот не се толку нагли
и ненадејни како во велешката. Бидејќи изнурнуваат од тесниот и силно издолжен чардак,
кој може да е доста темен (доколку куќата е вградена помеѓу соседните објекти) па, како
таков, не нуди доживување, овие неочекувани продори кон отворениот простор предизви-
куваат воодушевувачко изненадување.
а.З. Насоченост на станот кон околината
Тенденцијата за визуелен контакт со околината довела до едно специфично расчле-
нување на основата на велешката куќа. Имано, таа се развива однатре кон надвор - од една
згуснато групирана функционална содржина насочена кон себе (внатре), со испуштање на
краци, се ориентира кон надвор. Тие краци не го претставуваат само троњот и чардачните
доксати, туку и необично експонираните позиции на одаите.
Оваа особеност подразбира и уште една чиста велешка карактеристика: присуство
на отворени просторни секвенци во самата куќа, преку создавање на галериски испуштени
(затворени) волумени од одаите, мостовите, чардаците и сл.
а.4. Странична просторна насоченост
Велешката куќа ja карактеризира уште еден вид насоченост. Тоа е страничната
просторна насоченост, која е најкарактеристична за чардакот, иако е подеднакво значајна и
за просториите за престој.
Имено, еркерно фронтално исфрлање на доксатот, без оглед на големината на пре-
пустот, поседува страничен прозорец кој диспозициски стои под прав агол во однос на про-
зорците од фронтот. На тој начин, со успешно користење на конструктивен систем (столбо-
ви на аглите помеѓу кои има празен простор), потребата за што поголема осветленост и за-
доволување на потребата од прегледност на животот во улицата или дворот, фронтално
исперфорираниот волумен добива силна странична сила со спротивна насоченост. Обликов-
но таа поприма силна динамика, бидејќи формата добива истовремено и фас и профил.
Примената на принципот насоченост создала две основни начела, кои се застапени
во композицијата на велешката куќа:
1. интеграција со околината со помош на полуотворени простори, доксати, или тро-
њови и со создавање низови на прозорци со право на видик;
2. физичко и конструктивно преплетување на природната даденост (карпа, потпо-
рен ѕид, терен, ограден ѕид) со просторот на куќата.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ 53

6. Симешрија и асимешрија во комиозицијаша на куќаша


Симетричното и асиметрично распределување на функционалните единици на куќа-
та, како и на обликовните елементи е обусловено од специфичните барања кои се поставу-
вале при начинот на организирање на просторот. Преку симетријата и асиметријата ста-
риот градител на велешката куќа го одразил сопственото сфаќање за својствата на физич-
киот простор, филозофијата на градителската постапка, како и естетскиот идеал.
6.1. Лсиметријата како средство на композициското изразување
Бројните примери на велешките куќи укажуваат на тоа дека естетскиот идеал не
бил врзан за строга симетричност. Сфаќањето дека движењето е развиток, особено во ди-
намиката на процесите во човековиот живот за кого ja градел куќата, предизвикало соод-
ветна интерпретација во архитектурата - не како крута, апсолутно формалистичка хармо-
нија, туку како закономерно усовршен и вечен стремеж кон непрекинато внесување на нови
композициски решенија со отстапувања од симетричноста. Сеопштата стандардизираност
на формите, димензиите и елементите и модуларно пропорциската усогласеност во рамките
на поединечното и целината, овозможиле ослободување на проектантските сили на стариот
градител, што резултирало во огромно богатство и неповторливост на просторните форми.
Асиметричната композиција на основата во некои случаи подлегнува на определена
оска на симетрија, но нејзин основен белег е тој што нееднаквите по димензија и форма еле-
менти подлегнуваат на такви законитости кои овозможуваат тие да останат во меѓусебно
единство. Тоа единство се постигнува со воспоставување на рамнотежа: статичка, функцио-
нална и обликовна. Статичката рамнотежа се воспоставувала на многу лесен начин, со
оглед на совладаната конструктивна проблематика: модуларно утврдени оптимални распо-
ни, стандардизираност на елементите кои носат и кои се носени, компонибилност на моду-
ларните димензии.
6.1.1. Содржинска рамнотежа
Да се создаде простор кој максимално ќе ги задоволува потребите на човекот кој
живее во него, бил пресуден фактор во воспоставувањето на содржинската рамнотежа. Ана-
лизите на велешките куќи укажуваат на тоа дека функционално-содржинската рамнотежа
подразбира таква распределба на функции со која се постигнува фокусирање на главните
животни пулсации во одредени простори, нивно димензионално и обликовно потенцирање,
кое е проследено и со соодветно подредување на другите функционални содржини кон нив.
На тој начин се постигнувала идеална функционална шема, во која силите на корис-
тење на просторот наполно се изедначуваат.
Различната „функционална оптовареност“ на поедините простори од куќата созда-
вала потреба од поголеми димензии кои се наметнуваат во просторно обемната структура
како доминантни и кои поседуваат голема композициска тежина. Заради асиметричната
композициска шема на основата овие големи тежини немаат своја противтежа во друг соод-
ветен елемент како кај симетричната композиција, па оттука се создава композициска нап-
натост: функционална во основата и обликовна во фасадната обвивка.
6.1.2. Видови на асиметрични композициски шеми
Проектантски изведбеното разрешување на композициската напнатост ги создало
трите основни композициски асиметрични шеми чијашто основна карактеристика е дина-
миката:
1. изодинамична композициска шема (урамнотежена статична асиметрија);
2. динамична композициска шема (неурамнотежена асиметрија);
3. потенцирана динамична композициска шема.
1. Објекти со изодинамична композициска шема се доста застапени во оние делови
на градот каде што конфигурацијата на теренот се карактеризира со благи падови. Тоа се
зоните околу реката Вардар (левиот и десниот брег), во рамничарскиот дел.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


54 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Основен белег на оваа композиција е во тоа што рамнотежата е постигнувана со


двократно поставување на просторните елементи по однос на оската на рамнотежа. По ди-
мензијата тие елементи не се еднакви и се различно оддалечени од оската на симетрија која,
на некој начин, го одбележува објектот. Првостепеното значење на оската на рамнотежа
(во однос на оската на симетрија) ja овозможува неопходната рамнотежа и покрај асимет-
ричното решение. Кон ваквиот вид припаѓаат, главно, поголем број објекти. Нагласената
тенденција за симетрично обликување на фасадната композиција произлегла од желбата за
потенцирање на монументалните димензии на објектот и за постигнување на визуелна рам-
нотежа.
2. Велешката архитектура ja карактеризира многу повеќе динамичната композиција
отколку изодинамичната. Како најзастапен вид таа е и најзрела и ja карактеризираат голем
број варијанти. Оттаму произлегува и логичното и неосетно претопување од изодинамична-
та композиција. Всушност, и покрај мноштво фактори кои ja условуваат потенцираната
динамичност (агол на динамично изместување, различни правци на изместување, различни
маси и нивно астатично суперпонирање), основата секогаш подлегнува на принципот за
линиско редење зад чардакот, групирање околу него, насоченост кон него, вертикален раст
итн.
3. Основниот белег на велешката архитектура можеби го даваат објектите со по-
тенцирана динамична асиметрична композиција. Тие се резултат на специфичното дина-
мично издигнување на теренот кај поедини локации и стеснетиот градежен простор. Отту-
ка, чардаците, одаите и троњовите ги надвјавнуваат оградните ѕидови на дворовите и се
потпираат врз карпите од ридовите, а можат да зачекорат и над влезните дворни порти.
Анализите укажуваат на тоа дека вака потенцираната динамика се однесува колку
на просторното обликување, толку и на основата.
6.2. Симетрија
Општоважечки принципи на симетријата, како композициско средство кое довело
до формирање на неколку шеми, се:
1. симетријата е израз на логично, сознателно и природно подредување на функ-
ционалните елементи по сила на нивна функција и маштаб;
2. симетричниот план е јасен и читлив и одразува обликовна рамнотежа која е ре-
зултат од функционалната рамнотежа;
3. во објектите каде што постои сознателно барање на симетријата како естетски
потфат архитектонскиот израз е издигнат на многу високо ниво, но само преку кристална
изјаснетост на планот по хоризонтала и вертикала;
4. симетричниот план најчесто е врзан за муслиманските куќи, но се среќава и кај
христијанските, иако во помал обем;
5. симетричните планови во основата најчесто подлегнуваат на една оска на симет-
рија и во однос на неа се огледално симетрични.
Меѓутоа, фасадниот план кај таквите објекти е подреден на повеќе оски на симет-
рија, од кои едната е главна и ja претставува онаа истата, од основата, но само поставена во
друга проекција. Другите оски претставуваат второстепени оски на симетрија. Покрај ова,
кај повеќеризалитните објекти може да се јават повеќе но еднаквозначни оски на симетри-
ја, што произлегува од еднакво обликуваните ризалити.
Примената на принципот симетрија бил од првостепено значење за развивање на
централна композициска шема во основата и нејзините варијанти. Таа композиција прет-
ставува агломерирање на неколку простории околу еден централен простор. Оттука се јавува
подвојување на целокупниот простор на две категории: јадро и содржина. Јадрото е чардакот
кој е централно поставен, а содржината (одаите) агломерираат околу него. Од тие две основни
функционално-композициски единици се развиле сите типови најразлични централни реше-
нија. Начинот на агломерирање е одреден со композициски оски, а не со оски на симетрија.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ВЕЛЕШКИТЕ КУЌИ 55

Композициската оска (една или повеќе) не е само визуелен правец туку и функцио-
нален - по неа се извршуваат и основните движења во користењето на просторот. Таа ги
организира елементите и просториите во нивните меѓусебни односи. На тој начин компози-
циската оска воведува функционален ред и состојба на функционална рамнотежа во ком-
позицијата. Просториите се подредуваат во зависност од нивното значење, со што настану-
ва содржинско степенување. Подлегањето под ваквов вид композиција овозможило созда-
вање на многу инвентивни решенија, токму заради неподлегање кон оските на симетрија,
туку кон композициски оски и јадро.
Две основни решенија на централна композиција во оваа смисла, а особено каракте-
ристични за Велес, се:
- централно повиена композиција;
- централно двојнолинеарна композиција.
Последнава, со двојна паралелна линеарност, скоро да не се среќава на ваков начин
никаде, освен во Велес.
Да се постигне функционална рамнотежа во просторот на куќата била крајна цел во
секоја задача на градителот. Симетријата и асиметријата како композициски зафати во таа
смисла се јавуваат како последица а не како исклучителен стремеж со приоритетно значе-
ње. Од симетричноста и асиметричноста произлегле двете основни композициски начела во
архитектурата на велешката куќа: рамнотежа и динамика.
в. Ритмизација како средство за композициска хармонизација
Метричното и ритмично редење во примерот на велешката куќа има карактер на
композициско средство, со помош на кое се изврши обопштување и синтетизирање на ком-
позицијата на просторно обемната структура на куќата. Тие претставуваат потфат преку
кој се извршила архитектонско-уметничка типизација како основен белег на велешкиот
архитектонско-композициски израз.
Една од најзначајните карактеристики на метроритамот кај оваа куќа е таа што тој
се јавува како резултат на функција, конструкција и нејзина ефективност, модуларно-про-
порциска осмисленост и сл. На тој начин, преку метроритамот, се изразила синтезата на
композицискиот методолошки градителски пристап.
Ритам и функција
Шема на куќата од фамилијата Касапови укажува на очигледната и логична поврза-
ност на функцијата и ритамот. Имено ритамот се јавува како резултат на определена вна-
трешна содржина. Просториите за престој имаат типизирана големина заради еднаквата
намена и затоа се јавуваат како еднакви ритмично повторливи просторни модули. Интер-
вали помеѓу овие акценти претставуваат доксатот и кујната со променлива големина согласно
со функцијата. Доксатот претставува простор за фаќање на убави видици и оттука е малку
издигнат во подот, но и исфрлен напред, пред општата контура на куќата.
Значи, ритамот, како хармонично-композициски принцип не се јавува како преду-
слов во естетското обликување, туку како резултат на функцијата на модуларно-пропорци-
ската осмисленост.
Оваа ритмизација, која произлегува од движењето на масите на просторните едини-
ци, претставува примарна ритмизација. Во таа смисла, секундарната би се карактеризирала
со односот на полно и празно, односно со ритамот на повторување на отворите. За велеш-
ката куќа карактеристично е нагласено водење на хоризонтално насочените низови од ти-
пот: 3-2-3, 3-3-3, 3-2-2-2, 1-3-1. Овие низови можат да се повторуваат идентично на две
катни нивоа (прв и втор кат) или да се јавуваат само еднаш, и тоа на катот.
Општа карактеристика на ритмичното редењ е е примената на аритметички низови
со голема застапеност на броевите 1, 2 и 3, а особено на бројот 3.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


56 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Постои и една специфична ритмизација каде што се јавуваат различности и во ак-


центите (прозорците се јавуваат во двократен и трикратен ритам) и во интервалите. Таков
пример претставува фасадното платно од куќата.
Ритмизацијата од овој вид обезбедува обликовна разновидност, елиминирајќи се-
каква опасност од монотонија, а предизвикува разиграност на целокупната композиција.
Притоа, карактеристиката за хоризонтална ритмична низа и овде се задржала.
Ритмизацијата во велешката куќа, користена како средство со кое се вршела стил-
ска типизација, е изразена и преку ритмично повторување на триаголно разбранетата
стреа, која во таква форма се среќава само во Велес. Алтернативно (и почесто) решение
претставува ритмизацијата на катните волумени, која е изразена со бројот 3. Репетирана кај
повеќе објекти наредени еден до друг, таквата ритмизација создава силна динамика во улич-
ниот потег.
Типично велешки е и ритамот што го создаваат волумените на рабицираните и мал-
терисани косници кои ги прифаќаат еркерно исфрлените катови од куќите. Се чини дека
куќите во ниеден друг град во Македонија не се борат за простор со таква ритмична сила
како во Велес.
Проучувањето и анализата на композицијата на велешката куќа преку архитектон-
ските форми, изразните елементи и композициски средства ги откриваат основните компо-
ненти на архитектонско-уметничкото единство врз основа на кое се заснова спецификата
на архитектурата на велешката куќа. Тие компоненти можат да се издиференцираат на
следниов начин:
- одразување на општествената стварност и на природната средина во архитектон-
ската содржина на куќата;
- одразување на композициските средства и изразни елементи во формата на ку-
ќата (просторно обемната структура);
- специфичен и стилски белег изразен во композициската шема (основна и типич-
на);
- органска разработеност, поврзаност и завршеност на деловите и целината на
архитектонското дело;
- хармонично единство на архитектонските форми во формирањето на сложени
композициски целини;
- тенденција кон уметничко изразување во обликувањето на архитектонските фор-
ми и во создавањето на архитектонскиот израз во целост.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


КРУШЕВО И НЕГОВИТЕ КУЌИ

Во 1788 година влашкото население во Епир настрада од теророт на албанските


орди на чело со Али-паша. Градовите и селата им беа уништени, населението се растури и
се настани во посигурни места како: Битола, Солун и др. Еден поголем дел емигранти се на-
сели во месноста на сегашно Крушево, кое тогаш беше чифлик на некој бег. Тука тие си ги
изградија своите првобитни куќи и постепено, со времето, Крушево се разви во убав маке-
донски град.
Како сточари, трговци и занаетчии, крушевчаните беа постојано во движење, вис-
тински печалбари.
Во текот на XIX век трговијата се разви во големи размери, особено во втората по-
ловина на овој век. Како вешти трговци, заедно со Власите од другите наши градови, осно-
вале трговски колонии по источниот брег на Средоземното Mope, се до Александрија. Исто
така зафатија погодни трговски центри и на целиот Балкански Полуостров. На тој начин
вршеа размена на стоки помеѓу Исток и централна Европа, со главен трговски центар во
Виена. (Сум го прочитал оригиналното писмо упатено до Ташко Адам Ничота во 1936 годи-
на, во кое Трговската комора од Виена вели дека фирмата „Браќа Ничота“ беше основана
на 28. IX 1858 година и броеше 6 члена; за фирмата „Петар Папа Ѓорѓи и синови“ вели дека
беше основана на 20. XII 1859 година.)
Во почетокот на XIX век завладеа голем терор во Дебар и околијата, па голем дел
од населението емигрира во Битола и Крушево. Во Крушево дошле мајстори од дебарската
околија, во толкав број што до едно време тие го сочинувале грото од населението. Но, со
изградбата на Софија, многу од овие мајстори отидоа и се настанија таму,1 така што пред
востанието од 1903 Крушево броеше околу 12.000 жители од кои 8.000 беа Власи, а другите
Македонци.
Во една таква богата средина на мајсторите-емигранти им се даде многу погодна
прилика да го покажат сето свое знаење во изградбата на Крушево, така како што го гледа-
ме денес. Инаку првобитните куќи на Власите беа едноставни, селски - чардаклии, со при-
земје и кат. Во приземјето имале од предната страна отворен трем, а зад него аур за стока и
мутвак; на катот пак две до три одделенија, а пред нив отворен чардак (податок добиен од
Ванчо Зисиќ, 87 години стар).
Местоположба. Крушево е положено амфитеатрално во една котлина со поткови-
чест облик, отворена на источната страна, каде е и главниот пристап во градот. Околу кот-
лината постои стара букова шума, а всреде град тече поток. Со надморска височина од
преку 1.200 метри, заштитен од ветрови и обилно осончен, неочекувано, зимите се поблаги
отколку во низината (во Прилеп и Битола).

1Во 1909 година, кога во Египет се изведуваа големи иригациони работи, наши претприемачи
ги изврпгувале работите под раководството на англиски инженери и со месна работна рака. (Христо
Киријас, сликар од Битола, кој во тоа време беше во Египет, сега 85 години стар.)
58 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Куќите се поставени слободно во падините и распоредени наизменично, па не се


засолнуваат една со друга.
Главните фасади на куќите се свртени кон средината на амфитеатарот, така што
било од каде да се гледа се покажува величенствена слика.
Архитектура - програма и облик на основите. На така голема надморска височи-
на и тешко пристапно место човек би очекувал да наиде во Крушево на типизирани куќи,
како што ги има во голем процент во Галичник. Во Крушево куќите се третирани толку
слободно што да во секоја ќе се најде нешто битно, со што се разликува од некоја друга од
истата група.
Најмалку има куќи со квадратна основа и тие се најстари; правоаголната основа е
фаворизирана, а најмногу има куќи со прекршена основа. Појавата на ризалити е значаен
придонес при надворешното и внатрешно обликување. Има куќи со еден, два или повеќе ри-
залити, дури и со шест, распоредени по два на секое сончено лице (на пр. куќата на улица
„Мише Ефтим“ бр. 79).
Основи во вид на буквата Г. Ги има многу; а прочуената куќа на фамилијата Ничо-
та, со голем број одделенија (преку 30), имаше основа на затворен правоаголник со центра-
лен покриен двор со шадрван, а околу него галерии за одење во одделенијата, слично на ца-
риградските византиски конаци или на италијанските од раната ренесанса. Оваа куќа има-
ше приземје и два ката.2
Ќе наидеме на куќи и со симетрични основи, како што е зградата на Штабот на
Илинденското востание, на пример: правоаголна основа со два ризалити од предната стра-
на; симетријата во неа е толку запазена што и внатре во холот има лево и десно по едно
скалиште за качување на кат, на еден ист чардак.
Повеќето куќи се асиметрични, дури и кога имаат тимпанон на покривот.
И висински крушевските куќи не се подеднакво третирани. При стрмни терени згра-
дите имаат, од предната страна, приземје и два ката или сутерен, приземје и кат. На порам-
ни или порамнети терени ќе сретнеме куќи со приземје и кат. Приземни куќи во старо вре-
ме воопшто не правеле.
Бидејќи програмата се однесува само на приватни куќи наменети за една фамилија,
таа диференцира само во бројот на одделенија и по начинот како тие се вклопени хоризон-
тално и вертикално. Распоредот е логичен и правилен со многу инвентивен дух - во разно-
видни комбинации.
Тоа нешто се согледува и при обликувањето на фасадите. Фасадите изложени на по-
глед, архитектонски се обработени со едноставно но складно мешање на камена ѕидарија и
бондручни бели површини. Спојниците, помеѓу двете различни ѕидарии се опшиени со шти-
ци, како хоризонтално така и вертикално. Помеѓу катовите, на бондручните ѕидови, исто
така има појас од штици.
Цоклето е повлечено од горните ѕидни рамнини. Бондручните ѕидни површини на
горните катови се истакнуваат во однос на долните за околу 20-40 сантиметри и се потпи-
раат на скриени конзоли на челик, а поретко со косници при поголеми испади. На куќите
има балкони, лоѓии или најчесто комбинирана лоѓија со балкон.
Отворите се различни; во приземјето помали и со решетки, а на катовите преовла-
дува правоаголниот исправен прозорец со однос на страна 1 : 2. На бондручните ѕидови про-
зорците се еден до друг, одвоени само со дирек, по 2-3 или повеќе во група. На камените ѕи-
дови растојанието меѓу прозорците е поголемо, а и распределбата е слободна. Прозорците
во бондручните ѕидови се опшиени околу наоколу со штици врамени со мали профилисани
летви на горната страна има нагласен венец од појаки летви; на камените ѕидови околу про-
зорците има камени шамбранли. Така групираните прозорци, со нивните темни сенки и тем-

2 Оваа куќа изгоре за време на востанието во 1903 година и на нејзиното место сега е подиг-
ната банката.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


КРУШЕВО И НЕГОВИТЕ КУЌИ 59

нокафеави штици ja нагласуваат хоризонталната положба и изгледаат како да има само


еден отвор. Во некои куќи оваа хоризонтала е нарушена во нишата на лоѓијата, каде што
прозорците се завршуваат полукружно, а во тимпаноните се појавуваат кружни или елип-
тични прозорчиња.
Портите се редовно двокрилни и полни (обично 1,50 х 2,0), со рамка од штици око-
лу, па изгледаат поголеми. Покривите се плитки, покриени со камени неправилни плочи од
глинест шкрилец. Стреата се појавува само пред бондручните фасади, истакната 60-70 см и
е опшиена со штици; преминувањето од ѕидот кон стреата се врши со една убава и профи-
лисана површина во вид на сима.
Куќата на Ѓорѓи Мара на ул. „Коча Миленку“ бр. 30, била изградена во 1830 година.
Основата на оваа куќа е приближно квадратна со два ризалити на јужниот агол.
Ориентирана на страните на светот по аглите, во неа нема ѕидови кои се презагреани или
студени.
Реновирана е пред околу 50 години, бидејќи за време на востанието настрадала. Но
главно нејзината структура е задржана во целост, како внатре така и однадвор, со исклучок
на чардакот на вториот кат чиј североисточен ѕид е повлечен во рамнина со камениот, за да
може да се долепи новосоградената комшиска куќа.
Приземјето и двата ката имаат слична поделба на одделенијата, само намената им е
друга. Така во приземјето има затворен трем, две визби и летна кујна со камин; се е попло-
чено со камени плочи. Обемните ѕидови и средниот се ѕидани со камен во малтер од вар, a
двете прегради од бондрук.
На десната страна на тремот се сместени дрвени скали кои водат на чардак на првиот
кат.
Од чардакот преку претсобје се влегува во зимската соба со оџак - камин; во при-
емната (на лице) опремена со долапи и ниша-бифе и во спалната со сергени. Сите преград-
ни ѕидови и југоисточниот од предната фасада се бондручни, а со камена ѕидарија се само
челата од бочните ѕидови. За поврзување на вториот кат со првиот, скалишниот крак е по-
ставен на спротивната страна од долниот кат.
Ова поместување на скалите е извршено намерно и правилно, со цел да се отвори
место за седење на истакнатиот агол на чардакот, кој дава убава глетка.
На вториот кат има две спални и една одаја за опслужување. Тука, од камената ѕи-
дарија се задржани два и пол надворешни ѕидови, а другите се од бондрук и се истакнати за
40 см над тие од првиот кат.
Балконот е згодно поставен пред чардакот, во превојот на ѕидовите, а од десната
страна има столб кој ja поддржува силно истакнатата стреа што го покрива. Поради исти
причини балконот е потфатен со косници.
И така, оваа најстара куќа во Крушево, со едноставни мотиви, со складна игра на
масите и со употреба на мешана ѕидарија, ни дава извонредна архитектонска концепција.
Несиметрично третирана, таа во својата стројност содржи елемент на достоинствена смире-
ност. Внатрешната пак архитектура произлегува од намената на одделенијата со вградена
покуќнина.
Во визбите и кујната има камени банкини за сместување на садови со продукти и за
седење.
Долапи, сергени и миндери во горните одделенија се појавуваат редовно во нашите куќи.
Но, во оваа куќа од значење е таванот во приемната соба, направен од резба и про-
филисани летви.
На него симболично е претставен Хелиос, бог на Сонцето. Од неговата уста избива
оган, а косата и брадата во вид на јазици од пламен пуштаат светлосни зраци наоколу, во
границата на еден круг со 2,50 см пречник - а кој ja претставува земјата.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНША


60 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Куќата во ул. „Илинденска“ бр. 9 има правоаголна основа со висок сутерен, приземје и
кат. Поради конфигурацијата на теренот куќата има два влеза. Од предната источна порта
се влегува во тремот каде што се сместени скалите за приземјето. На бочната јужна страна
има друг влез, во ниша, и по се изгледа дека служел за влегување на гостите. Од овој влез
низ три скали се оди пак во приземјето на чардакот. Од овој чардак има скали кои водат на кат.
Тоа што ja чини оваа куќа интересна е формирањето на две лоѓии на катот. На
предната страна лоѓијата е вклопена помеѓу две испаднати ѕидни маси од одајата и дел од
чардакот. На бочната фасада лоѓијата се појавува над влезната ниша од приземјето. Бидеј-
ќи на првиот кат на овој дел е прекината камената ѕидарија, тука е направен еден долап.
Со малтерисувањето на камената површина на левата страна на предната фасада
оваа куќа изгуби многу од својата живописност.
Предната фасада била погодна за симетрично третирање, но изгледа како намерно
да избегнале да го сторат тоа; несиметричните движења на масите и отворите и дадоа пого-
лема живост, што повеќе одговара на таков терен.
Куќата на улица „Коча Миленку“ бр. 33 има правоаголна основа, без ризалити и без
движења на ѕидните маси. Во основите на I и II кат е нарушена симетријата во распоредот
на одделенијата, но на главната фасада таа е зачувана - вистинско инаетење на естетските
закони.
Обемните ѕидови на приземјето и на I кат се од камена ѕидарија и на главната фаса-
да се појавуваат како едно ѕидно платно, без меѓукатни појаси.
На вториот кат камената ѕидарија останува во границата на двете задни одделенија,
а предните се направени од бондрук.
Благодарение на појавата на површини од два различни материјали, чии тонови се
во контраст, и појавата на сенката од нишата на првиот и вториот кат, завршена со тимпа-
нон и контраст на бои од опшивките од штици околу отворите, појасите и пиластрите, овој
едноставен паралелопипед од зграда е оживен и добил господствен дух. Тој дух произлегува
и од распоредот на прозорците на катовите (со no 1, 2, 3 во група по кат), од поврзувањето
на приземјето со првиот кат во едноличнсЛшатно и од силно нагласената оска на симетрија,
иако во основите ja нема!
Вратата и двата прозорци во нишата на лоѓијата на вториот кат се завршуваат по-
лукружно, а напред има две барокни конзоли.
На бочните фасади имаме бела правоаголна флека втисната на зеленкаста површи-
на на камената ѕидарија. Ставена во рамка од штици и со темни сенки на прозорците, оваа
бела површина на зградата дава извонредна сликовитост на аглите.
И главниот, завршен венец е многу успешно обликуван. Над витките пиластри од
штици повлечен е архитрав од штици. Фризот, кој има извиена површина напред, направен
е од опшиени летви и малтерисан бело, а над него е испуштена стреата, опшиена со штици.
На овој објект наоѓаме висок степен на уметничко обликување. Задните венци се од камен,
малку истакнати и профилисани со 1/4 круг и со заб.
На ул. „Илинденска“ бр. 13 наоѓаме куќа со основа во вид на буквата „Г“, а од пред-
ната страна со ризалит.
Приземјето е изградено од камен, освен две прегради кои се од бондрук. Тука имаме
трем, две визби и бунар. Интересно е како преградата во тремот е косо спроведена со цел
да се создаде место за влез во визбата.
Ha I кат има две соби, чардак и мала работна кујна. Освен предниот ѕид и прегра-
дите, другите ѕидови се направени од камен.
Ha II кат гледаме ист број одделенија како и на I кат. Тука, од камените ѕидови
останаа само југозападниот и дел од северозападниот; инаку другите фасадни ѕидови се од

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЛА


КРУШЕВО И НЕГОВИТЕ КУЌИ 61

бондрук и истакнати на косници над ѕидовите од првиот кат. Пред чардакот на вториот кат
има простран балкон, во заветрина. Над вратата на балконот се наоѓа елиптичен прозорец
со зракасти шпросни, а во средината округло огледало, симболична претстава на сонцето.
Оваа куќа со прекршена основа ни дава извонредно живописна слика која произле-
гува од играта на масите од полното несиметрично третирање на фасадите и од појавата на
разнобојни површини: камен, бели ѕидови од бондрук, опшивки од штици и стакло.
Сенките на стреата, на силно истакнатиот балкон и на испадите придржани со кос-
ници и малтерисани бело, а кои паѓаат во камената ѕидарија, ja дополнуваат оваа прекрасна
слика.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


CTAP ATA СТРУМИЧКА КУЌА - АРХИТЕКТУР A ШТО ИСЧЕЗНУВА

Bo периодот кога на ова подрачје настанувале првите девастации и започнала из-


градбата на неадекватни нови објекти (првите децении по Втората светска војна), ниту ма-
теријалните можности, ниту сфаќањата за вредностите на наследството, ниту пак архитек-
тонско-креативните достигања не биле на такво ниво за да овозможат новата изградба со
соодветен третман да биде реализирана точно во ваков амбиент, а да не ги нарушува постој-
ните вредности.
Всушност, таква е состојбата на подрачјето на цела Македонија. И кога еднаш се за-
почнало со недоволен респект кон старото се продолжило понатаму со новата изградба,
која барала понатамошни рушења. Така полека се дојде до состојба поранешното компакт-
но и комплетно урбано подрачје на Струмица (како и во другите градови во Македонија)
денес да претставува хаотичен конгломерат на новото и старото во кој едното го негира
другото.
Новите објекти во градот се израз на економската моќ и некакви современи сфаќа-
ња и во целината во примерот на Струмица чинат еден хетероген збир на поединечни оства-
рувања. Притоа секој од нив дејствува многу повеќе негативно отколку позитивно гледано
во рамките на целата архитектонско-урбана композиција, и тоа започнувајќи од неуспешни-
те обиди за примена на „македонска традиционална архитектура“, преку недоволно просту-
дирана катност, па се до прифатливите архитектонски решенија, но кои само во друга сре-
дина би претставувале определена вредност.
Затоа битен постулат за понатамошниот тек мора да биде императивната симбиоза
на материјално-духовното наследство (она што останало) со современите тенденции.
А едно скромно гледање на струмичките стари куќи (оние што засекогаш одмина-
ле) уште еднаш ќе не потсети дека оваа архитектура, дело на творечкиот анонимус, ja чини
да биде достојна да послужи како инспирација за идни согледувања - заради искреност на
изразот, високиот квалитет на утилитарна функција, заради организацијата на просторот,
структурата и конструкцијата и обликовно-естетскиот израз.

Оишши белези на сшрумичкаша архиилекшура

Природните географско-климатски услови на Струмица предизвикале специфично


формирање на архитектонската концепција на станбената куќа во овој крај.
Жешките и долги лета со многу сонце императивно наметнале потреба од специ-
фично зонирање на станбените единици во зони и создавање на тампонски изолационен
простор. Тоа значело создавање на таков простор во куќата кој ќе биде истовремено сенко-
вит и продувлив, што значи отворен, но и препокриен од горната страна и доволно голем за
да може да се користи за повеќе потреби - престој, лесна работа, одгледување на свилена
64 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

буба, спиење, како и комуникација со одаите. Таков простор бил отворениот чардак. Меѓу-
тоа отвореноста на чардакот само од една страна (предната) не била доволна да обезбеди
свежина на воздухот, па затоа се одело кон негово отворање од две до три страни, со што се
обезбедува потребниот продув, а со тоа и пониска температура.
На тој начин, чардакот добива издолжена форма: може да се протега по должината
на целата куќа или да се раздвојува во повеќе краци кои се вовираат помеѓу одаите како би
излегле на некој спротивен фронт, а со тоа да го обезбедат нужниот продув.
Еден просторен дел од чардакот обично се издига на повисоко ниво - „софа“, и тој
служел за седење (престој, примање на гости и сл.). Тој дел може да е исфрлен понапред од
општата контура на објектот.
Од истите причини и на долното приземно ниво се појавува отворен трем што го
придржува катот со столбови.
Според тоа прва зона претставува чардакот и тремот и таа зона обезбедува изола-
ција. Втората зона е станбениот дел.
Тој скоро редовно е повлечен зад чардачниот тампон и сите прозорци кои ги освет-
луваат одделните негови простории се ориентирани кон него. Тоа значи дека преку нив не
може да влезе директно жешкото сонце, туку само разладениот воздух. На тој начин се
обезбедувале подобри услови за живеење во станбенито дел, кои природните услови во да-
деното подрачје не можеле да ги дадат. Такви услови всушност биле неопходни за создава-
ње на нормално живеалиште.
Врз основа на ваквите потреби се развила специфична организациона шема на
функциите, што подразбира економски дел во приземјето и станбен дел на првиот па дури и
на вториот кат.
Најпроста и мошне застапена композициска шема на основата е линеарната во која
просториите (економски и станбени) се наредени по права линија еднододруго.
Наведнати локации сместени на падините на амфитеатарот, предизвикале појава на
повеќе влезови во куќата од различни нивоа, а со тоа и појава на изменета линеарна компо-
зиција во која, помеѓу одаите (во средината), се јавува продор од задната страна кој се споју-
ва со чардакот. Тој продор може да претставува ходничен простор или кујна која на овој
начин добива централна позиција. Така, линеарната композиција се претвора во симетрич-
на, која може да е подредена на една или на две оски на симетрија.
Организацијата на функциите на станот (на кат) кај ваквата композициска шема е
следна: во предниот дел ориентиран кон чардакот се наоѓаат две одаи, а назад се сместени
тајни одаи таканаречени „јатакл’ци“. Јатакл’кот всушност претставува еден вид остава за
гардероба, постелнина и сл. Тој е мала одаја а не долап и е директно поврзан со одајата во
која се живее.
Кујната (мутвак) која има средишна позиција е опремена со огниште, мијалник и
ниши или долапи за сместување на садовите. Кујната во примерот на струмичката куќа нај-
често претставува работна просторија.
Уште еден вид на композициска шема на основата е карактеристична за струмичка-
та куќа. Тоа е еден вид централна композиција. Во неа чардакот има аголна позиција но со
еден свој дел - „потон“, се завлекува помеѓу одаите кои кружат околу него и на тој начин се
создава комуникациски јазол. Потонот на овој начин е изолиран дел во рамките на чарда-
кот. При ваквата композициска шема кујната се сместува при дното на куќниот простор и
има северна или северозападна изложеност, што е сосема логично заради функциите кои се
одвиваат во неа и заради жешката клима. Оваа кујна директно е поврзана со еден помал
простор таканаречен „килер“, кој служел како остава и бил во нејзина функција.
Кај сите споменати композициски шеми основен белег е тоа што сите одаи се освет-
луваат преку чардакот. За нивно осончување може да се појави по некој бочен прозорец ди-
ректно на фасадите. Исклучок во оваа смисла претставувала „предната одаја“ која има двој-

ИСТОРИЈА НА КУЈТГУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


CT AP ATА СТРУМИЧК A КУЌА - АРХИТЕКТУРА ШТО ИСЧЕЗНУВА 65

на аголна ориентација (кон чардакот и спротивно од него) и најчесто може да е осветлена


дури и со осум до десет прозорци.
Главно, струмичката куќа се вбројува во високите куќи, што е обусловено од зако-
сениот терен. Таа се развива на приземје и еден кат и приземје и два ката. Освен тоа, таа во
основата е мошне издолжена. По својата подолга страна може да е поставена паралелно на
изохипсите но и нормално на нив (што е многу чест случај). Оттука и појавата на повеќе
влезови во неа. Секој од нив е поврзан со секое ново катно ниво. Заради косиот терен само
една (предната) фасада на куќата се развива низ сите катови, додека двете бочни фасади се
редуцираат постепено за по еден кат, онака како што расте теренот, а задната е развиена
само низ еден кат (последниот). Оваа појава е чиста рефлексија од основата: во приземје,
површината на куќата во основата е најредуцирана (приближно 1/3 до 1/2 од површината на
целата куќа). Катот или се зголемува двојно или за 1/3 за да го достигне на најгорното ниво
својот максимум.
Зрелоста и чистотата на организационата шема кај куќите градени во почетокот на
XIX век (околу 1820 год.), како и отсуството на нејзината еволутивност кај други куќи гра-
дени во ист манир но во средината и кон крајот на XIX век, покажуваат дека архитектурата
на струмичката куќа својот ран период го имала многу порано - не во XIX век, туку во
XVIII а можеби и порано. За жал такви стари и зачувани објекти денес не постојат.
Просторно обемната структура на струмичката куќа е пред се одбележана со отво-
реноста на чардакот и со начинот на неговата обработка. Лачното поврзување на столбови-
те од чардакот и тремот е можеби најмаркантна форма според која ќе се препознае стру-
мичката куќа преку просторно обемната структура. Мора да се одбележи и следното: стру-
мичката куќа градена во XIX век е редок пример, каде што дошло до успешно соединување
на старото изразено преку домашната градителска традиција и новото изразено преку
импортирани европски форми што во овој период не била ретка појава. Тоа се пиластри,
извиени покривни венци, извиени косници и слично.
Преку овие композициски елементи, како и според белезите на основата, струмич-
ката куќа се вбројува во редот на строго персонализирани стилски групи во рамките на ма-
кедонската архитектура од XIX век - исто како крушевската, охридската, велешката. Сил-
но одбележана со логичноста во разрешувањето на функциите, а во зависност од фактори-
те на објективната содржина и нивна изреченост во формата и обвивката, како и стилската
индивидуализација постигнати преку изразните елементи, придонесува оваа архитектура да
импонира.
На улица „Тодор Чучков“ се наоѓала една од најубавите куќи во Струмица, која во
себе ги носи највпечатливите (во обликована смисла) карактеристики на старата струмичка
архитектура. Тоа е куќата на Евтерпи Барсова.
Тоа е висока куќа која се развива со приземје и два ката. Впечатокот за нагласена
височина произлегува и од позицијата на куќата во однос на уличниот потег. Имено кон
улицата таа е ориентирана со својата потесна страна. Инверзните односи на мала широчина
на фронтот и голема височина создаваат оптичка лага за нагласени димензии. Кон тоа при-
донесуваат и релативно малите димензии на околните објекти и нивната скромна обликов-
ност во споредба со нагласената и со креативен замав обработена просторна структура од
куќата на Барсова.
Теренот на кој е положена куќата има нагласен пад, така што трите катни нивоа
(п+2) се појавуваат само на источната страна (кон улицата), додека на западната постои
само еден (последен) кат. Во врска со тоа, во куќата постојат и влезови од две различни
нивоа: два на најдолното ниво (едно директно од улицата и друго, бочно, од дворот) и трет
влез, од западната страна, кој води директно на најгорниот кат.
Приземјето претставува една чиста и едноставна шема со јасна ортогонална подел-
ба на функциите: пространа влезна партија - „гизентија“ - поплочена со камени плочи, во
која се сместени скалите кои водат на катот. Поради закосеноста на теренот, влезот од дво-

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


66 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

рот на куќата во гизентијата се наоѓа на повисока кота, па оттука е појавата на подна дени-
велација, во вид на мало чардаче, изведено во бондрук. Тенденцијата за естетски нагласено
обликување на куќата се пројавува уште во овој простор, иако тој има сосема споредна уло-
га - комуникација. Таа е изразена преку ритмизацијата на прозорците од визбата, насочени
кон гизентијата, преку необично обликуваната ограда на чардачето од скалите итн.
Друг простор во приземјето претставува „избата“ која служела за чување на разни
продукти.
Приземјето е масивна градба изведена во камен по обемот на куќата. Внатрешниот
преграден ѕид кој ja разграничува визбата од гизентијата е бондручен.
На првиот кат, исцело граден во бондрук, се развива станот. Околу чардакот, кој
има аголна позиција, кружат одаите што го сочинуваат живеалиштето. Поделбата на прос-
торот е ортогонална. Во дното на куќата (на западниот крај) со северна ориентација се
наоѓа кујна опремена со огниште (оџак), водник и отворени ниши (долапи) за одложување
на садови. Просторот на кујната директно е поврзан со „килерот“ - остава, што како про-
ектантска постапка е сосема логична со оглед на функционалната меѓусебна зависност.
Факторот клима (мошне жешка) се одразил во ваквиот избор на позицијата на кујната, ки-
лерот и задната одаја - тоа е најстудената (северозападн) страна на куќата.
Оттука и другите одаи, исто како и „задната одаја“, со своите прозорци се ориенти-
рани кон засенчениот и продувен чардак, а не директно кон надвор. Исклучок во таа смисла
претставува „предната“ одаја што има двојна ориентираност - и кон улицата, покрај онаа
кон чардакот.
Чардакот е голем простор (8 х 5 м) и по површина претставува приближно полови-
на од целокупната површина на катот или две третини од површината на станбените про-
стории. Жешката клима била од одлучувачко значење за неговата отвореност, а специфич-
ното обликување на отворите помеѓу столбовите во вид на прозорци, веројатно произлегло
од потребата да се создаде што поголема сенка. Бочните отвори заедно со оние на челната
фасада овозможувале двонасочно воздушно струење, со што се создавал продув во чарда-
кот, а со тоа и снижување на високата (летна) температура.
Вториот кат има идентичен распоред на просториите со оној од првиот кат, со таа
разлика што на местото од „килерот“ овде се појавува влез од горната улица.
Во просторно-обликовната структура, објектот се карактеризира со силна компакт-
ност и стегнатост. Надворешното обликување претставува ретко успешно измирување на
локалната традиција во градителскиот израз (лачни отвори кај чардакот, дрвени опшиви кај
прозорците и нивно ритмизирање во тројки, конструктивен систем), со импонирани евро-
пеизми (барокно класицистичко обликување на покривниот венец, повиена форма на раби-
цирани косници, појава на пиластри по фасадите, масивност на општиот волумен).
По принцип на композициско спротивставување на различни архитектонски форми
(лачни отвори наспроти строго правилно правоаголни прозорски отвори) се постигнала не-
обична обликовна хармонизација, а нивното репетирање двапати (на првиот и вториот кат)
по фасадите и уште неколку пати во ентериерот на куќата довело до постигнување на вон-
редно просторно и обликовно единство.
На улица „Партизанска“ се наоѓала куќата на Кочо Галев. Таа е градена околу
1810-1820 година.
Наклонетиот терен го предизвикал специфичното развивање на куќниот простор
по вертикала: во приземниот, површински редуциран дел, се сместени тремот и визбата; ка-
тот кој стои над приземјето ja зголемува својата површина за околу 50% легнувајќи на по-
високите позиции на теренот. На тој начин и на катот може да му се пријде директно од те-
ренот и тоа од кај кујната, а корисната површина се зголемува онолку колку што е потреб-
но за организирање на станот.
Куќата е поставена слободно, среде сопствен двор. Влезот во него не се наоѓа ди-
ректно на улицата, туку на бочниот ограден ѕид кој со ѕидот од соседот создал уличен џеб, a

ИСТОРИЛА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


СТАРАТА СТРУМИЧКА КУЌА - АРХИТЕКТУРА ШТО ИСЧЕЗНУВА 67

со тоа и извесна дискретност во преодот од јавниот кон приватниот простор. Штом ќе се


стигне во куќниот двор преминот кон затворен простор станува неосетен. Тремот, на чии
столбови се носи катот, е отворен од предната страна, а малото растојание од неговото не-
материјално чело до дворникот ограден со ѕид ja чини неговата граница недефинирана.
Оваа неосетна преодност од отворено кон затворено преку создавање на полуотворен про-
стор е особено нагласена и со отвореноста на тремот од горната страна (во пределот на ска-
лите) каде што извесен дел од чардакот има галериска позиција во однос на приземниот
трем.
Приодот во затворените економски простории - „изби“, е преку еден вовлечен крак
на тремот и се случува дури во дното на куќата.
На катот организацијата на станот е по иста шема како и во претходно опишаната
куќа (Барсова). Имено, чардакот има аголна позиција, но со јасно издвоен просторен крак
за комуникациско поврзување со одаите (задна одаја, кујна и предна одаја). Тој крак има
централна позиција, покриен е и оттука го hoch името „потон“. Делот на чардакот кој слу-
жи за престој е одново раздвоен на два дела: еден дел е издигнат - „софа“, а другиот е на-
полно отворен, непокриен и галериски виси над тремот. Тој дел се вика „јазл’к“.
Кујната има станбен карактер: во неа, судејќи според пространоста, не само што се
готвело туку и се престојувало. Таа има директен влез од задната страна на дворот, а се ос-
ветлува преку прозорци ориентирани кон чардакот, со кој има директна комуникација. Куј-
ната, како што често се случува кај струмичката куќа, поседува килер - остава за продукти
и садови.
Симетрична поставеност во однос на кујната има „задната одаја“ - голем простор
во форма на буквата „Г“- „Предната одаја“, како што укажува нејзиниот назив, е експонира-
на кон напред и е раскошно осветлена со шест прозорци (три од нив гледаат кон чардакот).
Богатството на просторот на оваа одаја не произлегува само од остварената врска со
екстериерот преку многубројните прозорци, туку и од внимателно обработените опшиви
околу прозорците; по ѕидовите и раскошната таваница изработена во длабок рез.
Просторно обемната структура ja карактеризира богатството на слободен простор,
произлезено од пространиот чардак, кој необично навлегува во затворените делови на ку-
ќата, од тремот во приземјето кој се перплетува со дворното пространство, од силната раз-
движеност на масите и покривите итн.
Куќата на Ристо Стамболиев била изградена во 1860 година. Според своите обли-
ковни карактеристики овој објект јасно се наредува во струмичката стилска група, но спо-
ред карактеристиките на основата таа навистина претставува необична творба.
Во основа има форма на буквата „Г“, и тоа во приземјето и катот, за да се претвори
на вториот кат скоро во правоаголно решение со одвај забележителен испад кон напред
како остаток од првобитната форма. Имено, објектот во вертикалното развивање има не-
вообичаена форма и поставка: приземјето и катот имаат редуцирана површина заради зако-
сеноста на теренот, а вториот кат, доаѓајќи до определена кота каде што се појавува терен-
ско израмнување, се проширува скоро за една третина од целокупната површина.
На тој начин, приземјето е економски дел на куќата и тоа е дефинирано со отворен
трем зад кој се наоѓа летна одаја и една „изба“ на нешто повисоко ниво од тремот. На катот
се стигнува преку скалите кои се сместени во тремот. Тука просторот на чардакот ja добива
необичната форма „T“, протегајќи се покрај двете едноподруго наредени одаи и попреку на
нив, но со строга ориентираност на тој крак кон југ (тоа е обусловено и од теренот). Подот
во тој крак е нешто подигнат, со што се создава т.н. „софа“.
На следниот кат е развиен комплетен и раскошен стан со четири одаи, кујна, „ки-
лер“ и дводелен чардак кон кого се ориентирани прозорците од сите простории, со што се
постигнало преплетување на нивниот простор со чардачниот.
Ако карактеристиките на обвивката на оваа куќа се анализираат само преку фасад-
ните проекции, би се добил погрешен впечаток заради тоа што тие дејствуваат релативно
скромно. Причината за тоа е сегментната содржина која тие ja искажуваат.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


68 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Меѓутоа, основна карактеристика на овој објект и неговата обвивка е надвореш-


ниот простор кој таа го зафаќа и внесува во внатрешноста. Во таа смисла, нејзината форма
во вид на буквата „Г“, заедно со оградниот ѕид од улицата создава атриумски простор кој се
наметнува како јадро. По малку како во ренесансните палати, каде што галериите владеат
со внатрешниот двор, и во примерот на оваа куќа отворените чардаци (заедно со тремот) се
простираат низ три ката и владеат со дворот. Оваа асоцијација ja прави посилна и лачната
форма на меѓустолбните растојанија.
Може уште еднаш да се одбележи дека оваа куќа претставува редок пример на рас-
кошно зафатен надворешен простор во пазувите на затворен простор.
Куќата која се наоѓала на улица „Стив Наумов“ бр. 49 била градена во средината на
XIX век за турско семејство по име Афукшир. Подоцна таа преминала во сопственост на
христијани - браќата Ванчо и Асен Аџикотарови.
Локацијата на куќата е во подножјето на Цареви Кули, односно на ридестиот амфи-
театрално поставен предел. Тука теренот е доста закосен, така што разликата во котата на
нивото на улицата и нивото при влезот во куќата е 3,80 м, а просторот на самата куќа
совладува денивелација од приближно 4,20 м.
Куќата е сместена среде сопствен доста голем двор, ограден со камени ѕидови.
Уличната ограда ja сочинуваат високата порта до која е потпрен нужникот и ѕидовите од
шталата. Позицијата на куќата и помошните простории во дворот подлежат на принципите
според кои се градени сите муслимански објекти во Македонија: аголна поставеност на
влезната порта во однос на дворот, нужник во близина на улицата за да се овозможи брз
одвод на отпадните води во канализациониот канал кој поминува по улицата, централна по-
зиција на куќата (а повлечена од улицата), богато и високо зеленило во дворот итн.
Како повеќето куќи градени во овој дел на градот, заради падот на теренот куќата
има два влеза: еден главен во приземјето, а другиот директно од теренот, спореден на
првиот кат.
Организационата шема е наполно симетрична и припаѓа на еден од основните, до-
ста застапени во Струмица типови на основи. Таа подразбира средишно поставен трем во
високото приземје и симетричен распоред на просториите лево и десно од него: две одаи
опремени со амам, долап и јатакл’к и уште по едно одајче и мутвак (симетрично на одајче-
то), сместени во дното на куќата.
Мутвакот претставува работна кујна во која е сместена чешма со пивка вода. За од-
бележување е дека уште кога куќата била градена, мутвакот бил снабден со вода од град-
скиот водовод (изведен од керамички цевки). Водата била донесувана од месноста Сулје,
под Цареви Кули, каде што се наоѓал и најстариот извор со пивка вода во Струмица. Со
ваквата вода, освен мијалникот во мутвакот, бил снабдуван и амамот, што секако зборува
за еден висок стандард на живеење.
Катот има скоро идентичен распоред, со таа разлика што овде ги нема вградените
елементи од покуќнината. На тој начин, катот во распределбата на просториите подлегнува
на две оски на симетрија. Влезот на ова ниво претставува еден вид капиџик и се користел
само во исклучителни случаи.
Во поглед на конструкцијата, таа е во манирот на традиционалното: камен во при-
земјето и тоа само на северозападната страна (како од причини за топлинска заштита, така
и како потпорни ѕидови во услови на наклонет терен). Другите две страни во приземјето и
целиот кат се изведени во бондручна конструкција.
Надворешното обликување, исто така и основата, ja рефлектира симетричноста.
Централниот простор (со тремот и чардакот на катот) се исфрлени пред општата маса на
куќата. Тој дел е обработен со такви композициски елементи, кои по својата форма се
чисто струмички - лачно обликување на архитравната партија, убаво обликуван покривен
венец, специфична обработка на столбовите и оградата од чардакот и слично.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


CTAP ATА СГРУМИЧКА КУЌА - АРХИТЕКТУРА ШТО ИСЧЕЗНУВА 69

Куќата на Назиф-бег е изградена во 1820 година. Овој бег покрај оваа куќа поседу-
вал уште неколку други, кои се истакнувале по својата убавина и биле познати под името
Назифови конаци. И оваа куќа е сместена во амфитеатралниот дел на градот на улицата
„Стив Наумов“
Куќата, иако има сопствен двор, е поставена на уличната линија и со својата рас-
кошна убавина секако дека претставува ретко доживување во амбиентот на улицата.
Приодот во неа не е директен од улицата, туку од дворот (бочно), во кој се влегува
преку две симетрично поставени (во однос на куќата) порти сместени на оградниот ѕид.
Основата на објектот подлегнува на две оски на симетрија (на катот) со некои не-
значителни отстапувања.
Приземјето има два влеза, поставени на северната и јужната страна. Главниот влез
се наоѓа на северната страна и преку него се доаѓа во пространата гизентија, која е во фор-
ма на буквата „Г“. Во гизентијата се сместени скалите за катот, а од неа се влегува во три
„изби“ (голема визба, сундурма и мала визба), како и во една друга одаја поврзана со остава.
Таа одаја може да се претпостави дека претставувала летна кујна - мутвак, што е вооби-
чаено за муслиманската функционална шема. Во сундурмата, која зафаќа една третина од
површината на приземјето, се влегува од дворот и во него се сместени други скали кои во-
дат на катот.
На тој начин со катот се комуницира од три различни позиции - две скалишни и
трета, влез од дворот на западната страна.
Секоја од нив е поставена во некаков вид ветробрански простор кој бил правен од
причина за топлинска заштита. Така во основата на катот се појавуваат три ходнички (вет-
робрански) краци ангажирани со комуникации, а четвртиот крак заедно со централниот
(пресечницата на четирите крака) е ангажиран со горната гизентија. Во аглите се сместени
четири одаи, од кои едната е кујна и во неа е сместен амаџик со претпростор.
На источната страна горната гизентија завршува со балкон - лоѓија, кој уште
еднаш, веројатно од формалистичка побуда, е репетиран во ист облик и димензија, од север-
ната страна.
Така, во просторниот волумен на куќата се формирале две идентични фасади (на
катовите) чие заемно дејство ja зголемува силата со која зрачи објектот. Таа сила ja потен-
цира и еркерски надвиснатиот кат кон улицата, чија тежина по целата должина на куќата е
прифатена со убаво обликувани косници. Тие заедно со други елементи сочинуваат ликовно
единство во целокупната композиција на фасадата. Тоа се: лачната повиеност на покрив-
ниот венец во пределот на лоѓиите, убавата профилација на покривниот венец, структурата
на оградата од лоѓиите и сл.
Како во основата, така и во фасадите (северната и источната) владее тотална симе-
трија, како во целината, така и во поедините делови (централниот дел со лоѓија има своја
оска на симетрија, а бочните крила со по три прозорци имаат засебна оска, но сите заедно
една заедничка).
Крутоста, која е често карактеристична за симетричните објекти, овде се избегнала
поради мекоста на обликовните линии (венец, лоѓија, косници, ограда), како и поради јас-
ната одвоеност на каменото приземје над кое бондручниот кат се расцветува.
На приближно квадратна основа, врз рамен терен е развиена една од куќите кои по
своите архитектонски белези (организација на простор и обликување) претставува типично
струмичко решение.
Куќата има приземје и кат. Во предниот дел на приземјето се наоѓа отворен трем на
столбови, во чиј засенчен простор се сместени скалите што водат на катот и еден голем ам-
бар. Од трем от се влегува во пространа визба чија релативно ниска температура (што било
важно заради одржување на свежината на продуктите) ja обезбедувале дебелите камени ѕи-
дови.

АРХИТЕКТУ РAT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


70 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Ha катот е реализирана скромна програма на станот: две одаи и простран чардак.


Едната одаја е доста голема, осветлена е од двете страни со големи прозорци (седум на
број) и таа веројатно служела како станбена кујна, бидејќи во неа е сместена батерија со ка-
мин и длабоки долапи (можеби и амамџик). Преку оваа одаја се влегувало во „тајна одаја“
(јатакл’к). Целиот ѕид кој ги преградува овие два простории е дрвен панел со вонредно уба-
ва обработка во длабок рез. Со својата убавина особено се истакнуваат капаците преку кои
станува достапен просторот на „тајната одаја“. По должината на двата ѕида со прозорци се
сместени широки миндери. Таванот е исто така обработен со големо внимание - со раскош-
но резбарена таваница, во која геометриските и флоралните мотиви се преплетуваат на та-
ков начин што сочинуваат необично хармонизирана целост.
Чардакот, кој по површина зазема повеќе од една третина од целокупната површи-
на на катот, е наполно отворен (од сите три страни), со што се обезбедувал провев во жеш-
ките лета. Неговата едноставна концепција, со издолжена форма и со специфично поставе-
ни скали (во вид на буквата „Г“) во средината на просторот, го раздвојуваат на два дела: за
комуникациска врска со одаите и за одмор.
Исто како и одајата, така и чардакот е обработен со голем осет за убаво. Тука е то-
карена оградата кај скалите, како и прекрасно обработена таваница.
Се заклучува дека иако се работело за мал објект, со мошне скромна програма, гра-
дителот пројавил голема креативност.
Просторниот волумен го карактеризираат особенсоти на поедините просторни
единици: транспарентност преку отвореноста на тремот и чардакот, одмерена динамична
покренатост преку меѓусебно смолкнатите волумени на големата одаја и чардакот, а соод-
ветно на нив и на покривите, префинетост на изразот преку обработката на венецот, огра-
дата, столбовите итн.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ДЕБАРСКИТЕ КУЌИ ОД XIX ВЕК

„Ако ироиадне Сшамбол, Дебар иак ќ е г о соѕида,


а ако пропадне Дебар ни Стамбол не ќе може da 2 о обнови

Народната поговорка „Ако пропадне Стамбол, Дебар пак ќе го соѕида, а ако про-
падне Дебар ни Стамбол не ќе може да го обнови“, јасно укажува на една интензивна гра-
дежна активност што се развивала во Дебарско во минатото, како и на улогата која таа ja
имала во развојот на архитектурата на Балканот, особено во текот на XIX век. Градбите во
Дебар и по селата во Дебарско се најубедливи примери за тоа, а посебно куќите за живее-
ње, кои претставуваат извонредни примери на функционални и естетски остварувања.
Како што е познато во Дебар и Дебарско, покрај другите занаети, посебно бил раз-
виен ѕидарскиот занает, како и уметничките занаети, копаничарскиот и зографскиот, што
давало можност за изградба и декорирање на разновидни објекти. Така, мајсторите од Де-
барско учествувале во градбата и декорирањето на голем број цркви, џамии, конаци и куќи
за живеење, како и други видови објекти и ja формирале познатата „Дебарска школа“.
Мајсторите-градители, копаничарите и зографите освен од Дебар биле и од негова-
та околина, од Жупа Дебарска, од Поле Дебарско и од Дримкол Дебарски, како и од Рекан-
ската област. Но, бидејќи Дебар во тоа време бил центар и познат град на Балканот, мајсто-
рите се нарекувале дебрани, а и самата школа, по градот Дебар, го добила и своето име -
„Дебарска школа“. Така, познати се мајсторите од мијачките села Галичник, Лазарополе,
Гари, Осој, Битуше, потоа од селата Рајчица, Елевци, Баништа, Луково, кои освен во Дебар
и Дебарско работеле и низ цела Македонија, особено во Егејска Македонија, во Солун, Се-
рез, Драма, Кавала, Бер, како и во другите земји на Балканот. Во Бугарија работеле во Со-
фија, Видин, Лом, Пловдив, Варна и во други градови; во Србија - во Белград, Смедерево,
Нови Сад, Лесковец, Косовска Митровица; во Романија - во Браила и во Албанија - во
Драч.1 Насекаде тие се афирмирале како добри градители, а честопати и самите Турци им
доверувале градби на џамии, теќиња, касарни, беговски конаци, мостови и друго. Оттука
произлегува и значењето на Дебарската школа во формирањето и развојот на архитектон-
ското творештво на Балканот.
Но, исто така, од значење е да споменеме дека мајсторите од Дебарско имале голе-
ма улога и врз развојот на архитектурата во Македонија, како и во формирањето на други
градителски школи. Имено, со познатите преселувања на населението од Дебарско во XVIII
век, многу мајстори се населиле во селата Папрадиште и Ореше во Велешко, каде што се
развила познатата Велешка школа, во која главна улога имале градителите од фамилијата1
1 Б. Pycnh, Поље Дебарско, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, књ. 7, Скопје,
1954, стр. 130, 152; истиот, Жупа Дебарска, посебно издание на Филозофскиот факултет, КЊ. 4,
Скопје, 1957, стр. 52; К. Томовски, ДејносШа на мајсторите-Градители, копаничари и зографи од с.
Лазарополе во XIX и X X век, Историја, бр. 1, Скопје, 1969, стр. 221—227.
72 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Рензовски-Дамјанови,2 кои во овие краишта дошле од селото Тресонче, потоа во селото


Смилево и во Крушево.
Со градителство, резба и иконопис се занимавале цели фамилии од Дебарско, а за-
наетот се предавал од колено на колено. Мајсторите групирани во тајфи оделе како печал-
бари, како што веќе наведовме, низ целиот Балкан и изведувале значајни објекти за тоа
време, извршувајќи ги едновремено и градежните работи и декорацијата. Меѓутоа, потешко
можат да се наведат објектите кои тие ги граделе, бидејќи мошне ретко оставале натписи
со имиња на мајсторите-градители. Но, врз основа на зачуваните натписи, и тоа псоебно во
црквите, од досегашните проучувања и испитувања можеме да ги наведеме имињата на по-
веќето мајстори од Дебар и Дебарско, како и нивните дела.
Така, на пример, устабашијата Алекси (1760-1850) од Дебарско градел објекти во
Мелничко, а работел и на обновата на конаците во Рилскиот манастир.3 Крсте Дебрали од
село Лазарополе, исто така во првата половина на XIX век, работел врз обновувањето на
конаците на Рилскиот манастир.4 Познат градител од почетокот на XIX век е и мајсторот
Велјан од селото Селце, Дебарско. Тој ги изградил познатите конаци на Махмуд-паша во
Скадар, а градел и во Охрид. Од неговите ученици се истакнувал мајсторот Кипро од село
Росоки.5 Мирче Деспотов (1802-1889), мајстор-градител и копаничар, во Дебар ги изградил
касарните, потоа ja изградил и декорирал во резба Јени џамијата, според него наречена
„Мирче џамиси“. Тој со мајсторот Алексо Черепнајкоски градел и беговски конаци во Де-
бар. Во Тетово Мирче Деспотов ги изградил и Хаки-пашините конаци. И неговиот син
Алекси Мирчев (1835-1899) исто така бил мајстор.6 Тодор Петков од селото Гари
(1814-1899) ja изградил познатата куќа на браќата Робевци во Охрид,7 едно од најмаркант-
ните остварувања на народното градителство во Македонија. И познатиот преродбеник
Ѓорѓи Пулевски (1838-1894) од селото Галичник бил мајстор-градител. Во својот „Речник
од четиријезика“ тој се потпишува како „архитекта од Галичник окружије дибранско“.8 Ме-
ѓутоа, засега се уште не се познати неговите градби.
Устабашијата Аврам Гулибеговски од селото Лазарополе со својата тајфа работел
во Серез и Серско, а неговите синови Петре и Крсте го продолжиле ѕидарскиот занает.9
Познати се и мајсторите Станчо Марков Дебралија, кој работел во Ловешко, Христо Кос-
тов градел во Пловдивско, Серафим Јосифов Дебралија, во Ќустендилско, потоа устабаши-
јата Кара Иван од Галичник101работел на утврдувањето на Видин, Блаже Јовевски градел во
Албанија и други.
Ова е само дел од богатото творештво на мајсторите-градители од Дебарско.11
Значајно остварување на мајсторите од „Дебарската школа“ претставува, несомне-
но, и старата архитектура во Дебар, а посебно дебарската куќа од XIX век.
2 К. Томовски, Велешките мајстори и зографи eo XIX и X X век, Културно наследство,
Скопје, 1959; истиот, Мајстор Андреја Дамјанов (1813-1878), Скопје, 1966.
3 А. Василиев, Б^лГарски вмзрожденски маисмори, Софил, 1969, стр. 673.
4 А. Василиев, op. cit., стр. 245.
лIbid., стр. 261-262.
6 С. Томоски, Македонска народна архитектура, Скопје, 1960, стр. 43; А. Василиев, op. cit.,

7 А. Василиев, op. cit., стр. 242.


8 Г. Пулевски, Речник од четири језика, Београд, 18.
9 К. Томовски, Дејноста на мајсторите-Градители, копаничари и зографи од с Лазаропо-
ле..., стр. 224.
10А. Василиев, op. cit., стр. 231,258, 264.
11 Освен наведените за дебарските мајстори пишувале и: Г. Козаров, Маистор Никола
Фичев, Софин, 1953; И. Иванчев, Насебкр и неГовите књци, Софил, 1957; X. Р. Христов, Г. Стиков,
Кр. Мијатев, Le monstere de Rila, Sofia, 1958; N. Муотеотгоу^оу то арког|ико тоу stop цаг|со?ихкг| етл
ßepoux, a e r ia l 1960. 1 1

ИСТОРИЈА HA КУЛТУРАТА HA МАКЕДОНИЈA


ДЕБ АРСКИТЕ КУЌИ ОД XIX ВЕК 73

Развој и урбано-архишекшонски каракшерисшики на Дебар

Градот Дебар како населба се споменува повеќепати во средниот век. Покасно го


споменуваат и патеписците Хаџи Калфа, Ами Буе, Хан, Кнчов и други. Пред крајот на XIX
век Дебар имал околу 15.000 жители и бил познат град. Тогаш, како и во првите децении на
XIX век се населува и албанско население, а во текот на тој век се развива како познат за-
наетчиски и трговски центар во европскиот дел на Отоманската империја. Во тоа време во
него живееле и многу богати бегови и аги кои својата моќ и богатство ги манифестирале,
меѓу останатото, и со изградба на беговски конаци.
Дебар, како и другите градови во Македонија, е поделен на повеќе реони, таканаре-
чени маала, кои служеле за живеење, и дел кој служел за производствено-трговска и опште-
ствена дејност - чаршија. Така, Дебар има 11 маала кои го зафаќаат горниот, ридест дел од
населбата и долниот дел кој се развива во рамнина. Најстаро е Варош маалото кое го зафа-
ќа северниот дел на градот, потоа Вакуф маалото, Будулец, Бајрам-бег маало, Инќар маа-
ло, Цинцаровци, Кодра маало, Тукварци, Долно маало, Маназјар и Вџен маало.
Поодделни, пак, делови на маалата ги носат имињата на фамилиите кои живееле во
нив, како на пример: Симоновци, Аџиматовци, Врлаковци, или пак Дацовци, Панчевци и
други.
Македонското население највеќе било населено на ридестиот дел, во Варош маало-
то, потоа во Будулец, во Тикварци, додека Инќар маалото, Бајрам-беговото маало, Маназ-
јар и Долно маало биле населени претежно со албанско население. Ромите, пак, ги населу-
вале маалата Вакуф и Вџен.
Во маалата биле групирани куќите за живеење, но во нив се наоѓаат и други објекти
неопходни за задоволување на основните потреби на населението, а тоа се верските објек-
ти, црква или џамија, и чешми со чиста вода.
Занаетчиството, кое било мошне развиено, а посебно се негувал кујунџискиот, тер-
зискиот, казанџискиот, пушкарскиот и опинчарскиот занает, како и трговијата, се одвивале
во чаршијата. Тука се групирани повеќе занаетчиски и трговски работилници и дуќани, а се
наоѓаат и други општествени објекти, како што се анот, амамот, џамијата, пазарот и друго,
така што се формирал и посебен економски и општествен центар на градот.
Улиците во самите маала се доста тесни, калдрмисани, оградени со ѕидови од дворо-
вите на куќите, кои заедно со портите, донекаде, ja формираат архитектурата на улиците.
Помалите улици - „сокаци“, се влеваат во нешто поголеми, главни за одделни маала улици,
кои, пак, се влеваат или надоврзуваат во чаршијата.
Главната градска артерија околу која е групирана и чаршијата всушност претста-
вува ’рбетник на кој се надоврзуваат главните улици од маалата и таа го дели градот на два
дела.
Во градот, како што наведовме, се наоѓаат и повеќе општествени објекти од рели-
гиозен и профан карактер. Тие, со својата архитектура, волумен и местоположба претста-
вуваат и одредени акценти во просторната композиција на населбата. Витките минариња
покрај кубусите на џамијата, на пример, претставуваат посебен естетски израз на контраст-
но компонирање, кое на градот му дава специфична силуета.
Ке ги наведеме и неколкуте општествени објекти: црквата Св. Богородица изграде-
на во 1872 година, двете цркви посветени на св. Петка и црквите Св. Никола и Св. Недела,
потоа џамиите Инќар џамија, Теќе џамија, Будулец џамија, Бајрам-бег џамија и Јени џамија
(денес не постои), теќето, остатоците од стариот амам, анот и повеќе чешми, како на при-
мер, чешмата Анчоец, Глабока чешма, чешмата Демче и други.
Куќите за живеење, меѓутоа, претставуваат најголем дел од објектите што го фор-
мираат градот.12 Тие се издигаат една врз друга со слободни погледи, со правилна ориента-

12 Старите дебарски куќи не се посебно проучувани. На нив се задржуваат во рамките на раз-


гледувањето на Македонската народна архитектура: С. Томоски, Македонска народна архитектура,
Скопје, 1960, стр. 42-45 и табла XI-XV; Д. Грабријан, Македонска куќа, Љубљана, 1955.

АРХИТЕКТУ РAT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНША


74 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

ција во однос на инсолацијата. Тоа е град со надвиснати куќи во ридот и куќи во рамницата,
сето вклопено во зеленило. Дебар е град со извонредна положба на куќите - секоја куќа
има своја одредена местоположба поврзана со теренот што ja чини неговата панорама мош-
не разиграна во една спонтано настаната композиција на игра на бели кубуси, зеленило и
минариња. Тоа, всушност, претставува и вистинска уметност, уметност во пласманот и по-
ложбата на куќата, во композицијата, контрастот и вклопувањето во пејзажот, толку свој-
ствена на нашиот народен мајстор.
Дебар е, значи, град кој се развива на ридест терен и во рамница. Ова го диктира и
мошне различниот пласман и положбата на куќите. Тие во рамницата имаат поголеми дво-
рови, обично со поправилни форми и бавчи со зеленило. Куќите, пак, на ридот се со помали
дворови, со неправилни форми, терасовидно поставени и со различна местоположба. И кај
едните и кај другите куќи дворовите се оградени со високи ѕидови, а единствена врска поме-
ѓу дворот и сокакот е влезната порта. Ова повеќе е застапено кај муслиманските куќи зара-
ди заштита од несаканите погледи од улицата и непречено одвивање на животот во куќата
и дворот.
Куќата е обично повлечена во дното на дворот, а пред неа се развива слободната
површина на дворот, обично калдрмисана, а делумно обработена како бавча. Во самиот
двор се наоѓаат и други помошни објекти: летна кујна - „мутвак“, пералница, дрварник и
клозет. Во некои дворови има и бунар, додека луѓето повеќе се снабдуваат со вода од
чешми што порано ги имало повеќе.
Но има и муслимански куќи, обично на средниот сталеж, кои се наоѓаат во збиен no­
pe док, поставени на улицата еднадодруга. Во овие случаи, приземјето спрема улицата е без
отвори, а на катот отворите се заштитени со ситни дрвени крстосани решетки „харем ка-
фези“.
Дебарските куќи, меѓутоа, по организацијата на просторот, по применетите кон-
струкции и естетскиот израз претставуваат значајно остварување во рамките на народната
архитектура во Македонија - дело на нашите стари мајстори-градители, поради што ним ќе
им го посветиме нашето внимание.

Развој и функција на сшанбенаша илошш

Најзначајни остварувања кај дебарските куќи претставуваат, секако, беговските


конаци од кои некои и до денес се зачувани. Старите куќи на македонското население глав-
но се урнати, така што вниманието ќе ни биде ориентирано кон разгледувањето на мусли-
манските куќи, посебно на беговските конаци, објекти со извонредни архитектонски и ли-
ковни квалитети.
Кај беговските конаци и воопшто кај муслимансктие куќи во Дебар доаѓаат до
израз и извесни специфичности во споредба со муслиманските куќи од другите градови во
Македонија. Тие главно ja задржале функционалната шема на основите што ja среќаваме
кај муслиманските куќи, со јасно изразена симетрија, со одвојување на помошните просто-
рии од куќата во дворот, со воведување на санитарни простории за одржување на личната
хигиена. Но, постојат и специфики кои се карактеристични за дебарската куќа. Во Дебар,
имено, наидуваме и на пооригинални архитектонски концепции. Честопати се нарушува
симетричното групирање на просториите и се создава асиметрична основа што се одразува
и при обликувањето на фасадите. Потоа, дебарските конаци, за разлика од другите конаци
во Македонија, се издигаат и на два ката. Сето ова дебарската куќа ja чини оригинална, што
претставува и посебен придонес на „Дебарската школа“ во нашето народно градителство.
Дебарските куќи според решението на основите можеме да ги поделиме главно во
две групи: со симетрични и со асиметрични основи.
Куќите со симетрично решена основа имаат јасна композиција на основата која се
повторува со извесни нијанси кај повеќето објекти. Тие се со приземје и кат, или со призем-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНША


ДЕБ АРСКИТЕ КУЌИ ОД XIX ВЕК 75

je и два ката. Во централниот дел на приземјето кај овие објекти се наоѓа отворен трем про-
должен на предната страна со столбови што ги носат горните катови. Лево и десно од тре-
мот се наоѓа по едно одделение за чување на продукти и една станбена просторија. На ка-
тот во централниот дел се наоѓа затворен чардак кој со својата предна страна испаѓа за
околу 2,50 м од главната ѕидна рамнина, а неговата предна страна е полигонално решена.
Лево и десно од чардакот се наоѓа по една просторија кои служат како станбени простории,
за престој и спиење.
Кај куќите со приземје и два ката задржан е истиот распоред на просториите, со тоа
што на вториот кат во централниот дел пак се наоѓа затворен чардак исфрлен од предната
страна над чардакот од првиот кат, со издигнат под, со миндери, наречен „шанишан“, кој
служел за одмор и уживање. Кај овие конаци чардакот од првиот кат е рамен, додека чарда-
кот на вториот кат е полигонално решен од предната страна. Објектите завршуваат со по-
крив покриен со ќерамиди, со истурена стреа како завршен елемент.
Вака симетрично и едноставно конципираната основа јасно се изразува и на самата
фасада. Исфрлениот централен дел, тремот и чардакот, ja нагласуваат симетријата и ja збо-
гатуваат просторната пластика на објектите.
Според овој принцип решени се конаците на Амет-ага Џемаилче, на улица „Брат-
ство и Единство“ бр. 31, на Мунир Џемаилче, на улица „Црни Дрим“ бр. 26 и други. Истата
диспозиција на просториите, само со различна големина на просториите на едната страна од
централно поставениот чардак, условува асиметричност во решението на основата, како на
пример кај конакот на Ејуп Граждани, на улица „29 Ноември“ бр. 33.13
Има и други решенија на основи кои се симетрично решени. Кај овие куќи во пред-
ниот дел на приземјето се развива затворен трем, а на катот затворен чардак. Во централ-
ниот дел и тремот и чардакот излегуваат од рамнината на ѕидот и ja нагласуваат самата си-
метрија. Во задниот дел на куќата, во приземјето и на катот, се наоѓаат по две еднадодруго
поставени станбени простории. Според овој принцип решена е куќата на Хаџи Абдураман,
на улица „29 Ноември“ бр. 7.
Среќаваме и поинаков вид на симетрично решени основи, на пример со по два стра-
нично исфрлени еркери, додека централниот дел е нешто вовлечен, односно ja продолжува
рамнината на ѕидот од приземјето. На вакви решенија наидуваме и кај куќите поставени во
збиен поредок, со што во катовите ги проширувале самите станбени простории.
Кај поодделни куќи е напуштено симетричното решение на основите, посебно на
катот, но со обработката на фасадата донекаде се постигнува симетрично решение, односно
се чувствува тенденцијата за симетричност. Така, на пример, кај овие куќи, кои се инаку со
приземје и кат, приземјето е решено симетрично со централно поставен затворен трем и со
по една просторија, лево и десно од тремот. На катот, пак, се напушта симетричното реше-
ние на основата, со тоа што се задржува една соба и чардак, кој го зафаќа поголемиот дел
од основата на катот. Чардакот е затворен и има исфрлен доксат, па со композицијата на
прозорците и со обликувањето на доксатот се тежнее да се постигне симетричност во про-
сторот, визуелно достигнато со групацијата на прозорците. Ваков пример наоѓаме кај куќа-
та на Сурија Бунучију, на улица „JHA“ бр. 25. Денес не е зачувана во првобитниот изглед.
Но, покрај овие решенија среќаваме и куќи со послободни, асиметрични решенија
на основите. Кај овие куќи чардакот може да се развива во целата предна должина на куќа-
та, или, пак, да зафаќа дел од предната страна на куќата, обично две третини. Овде и распо-
редот на просториите е нешто послободен. Овие куќи се со приземје и кат и имаат отворени
или затворени чардаци. Со ваква концепција на основата е куќата на Јашар Даци, на улица
„Црни Дрим“ бр. 32, со отворен чардак и трем во приземјето, и куќата на Мехмед Златку, на
улица „Здравко Чочковски“ бр. 228, со затворен чардак, како и некои други.
Со уште посмела асиметричност во решавањето на основите и просторната пласти-
ка доаѓа до израз, на пример, куќата на Абдул Керим, на улица „Лиман Каба“ бр. 22, каде
13 Овде, како и понатаму во текстот, наведени се имињата на поранешните или сегашните
сопственици на куќите.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


76 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

што со испуштање на еркерите е постигната асиметричност и пластична разиграност на


фасадите, или, пак, куќата на Едип Љанго, на улица „Амди Љеш“ бр. 15, во чие приземје е
инкорпорирана и продавница.
И во организацијата на станбената плошт во дебарската куќа постојат извесни спе-
цифики. Како што е познато, самата организација на станбената плошт претставува одраз
на човековиот начин на живеење, менталитет, религиозни сфаќања и воопшто на култура-
та. И во концепцијата и во организацијата на просторот во дебарските куќи овие принципи
имаат значителна улога. Собите, на пример, имаат поеластична улога. Тие служат за пре-
стој, прием и за спиење. Почесто се издигнати на катот, но ги среќаваме поставени и во при-
земјето, покрај оние на катот, со што е овозможено посебен прием за мажи и за жени. Со-
бите имаат и свој „амам“, обработен како еден вид плакар. Тој е вѕидан и со „сергенот“ фор-
мира една целина. Амамот е поставен на агол помеѓу два ѕида, така што му е обезбедена и
директна вентилација. Значи, уредите за одржување на хигиената, во овој случај амамите во
собите, укажуваат на висок степен на развиток на хигиената иако е поттикната од религи-
озни побуди. Овие објекти умешно се компонирани во просторот и практично изведени, не
нарушувајќи го единството на просторот во собите.
Готвењето преку лето е одвоено од куќата, во дворот, во летната кујна, со што е из-
бегнато загревање на станбените простории во и онака жешките лета. Зимската кујна се
наоѓа во приземјето и служи истовремено и за престој.
Чардакот зазема добар дел од катот и има повеќекратна намена, и тоа за работа,
одмор, спиење, а служи и за комуникација. Решаван е најчесто во неколку нивоа, во три и во
четири различни нивоа. Разиграноста на нивоата на подовите во чардакот е поврзана и со
неговата функција и различното однесување на човекот во просторот. Тие различно се по-
дигаат во зависност дали човекот лежи, седи или стои. Издигнатите делови наречени „ша-
нишан“ служат и за спиење преку летото во тој случај тие се поголеми. Тие служат и за
одмор и уживање со поглед кон бавчата. Тогаш тие имаат и миндери од кои некои се ориен-
тирани кон исток, на кои луѓето седат крст-нозе и пијат кафе во утринските часови. Поста-
веноста на овие издигнати делови е различна и кај асиметричните решенија се доста сло-
бодно компонирани, создавајќи игра во просторот подредена на потребата на човекот, што
дава и посебен одраз и во решавањето на фасадите кои искрено ja одразуваат самата функ-
ција. Издигнатите делови на чардакот се надвишуваат и во самата фасада и ja збогатуваат
нејзината пластика. Чинам дека чардакот со вака слободно создадени композиции во про-
сторот по хоризонтала и по вертикала во дебарските куќи ja достигна својата кулминација.
Тремот во приземјето може да биде отворен и затворен. И тој има повеќе функции,
служи за работа, одмор и за комуникација - хоризонтална и вертикална. Отворените тремо-
ви претставуваат всушност врска со бавчата. Тие се поплочени со камени плочи и во нив,
може да се каже, просто навлегува самата бавча. Под неговата сенка во жешките летни де-
нови се работело и одмарало. Во некои пак тремови среќаваме и „амбар“ за чување на зрне-
ста храна, така што тремот добил и делумна функција на економска просторија. Амбарите
во тремовите се обработени така што можат да служат и за седење, односно за одмор, што
претставува пак едно практично решение.
Од санитарните простории среќаваме, како што наведовме, „амами“ скоро во секоја
соба, потоа „абдесана“ - водник надвиснат над чардакот за миење на садови и за миење на
луѓето и клозет кој најчесто е поставен надвор од куќата, во дворот. Поретко среќаваме
клозет и во куќата на кат надвиснат во дворот.
Значи, во дебарските куќи во решавањето на станбената плошт се постигнати доста
практични функционални решенија. Постигната е диференцијација во групирањето на
просториите. Така, на пример, економските простории го зафаќаат подрумот или пак во
куќите без подрум тие се групирани во дворот, а можат да зафатат и дел од приземјето на
куќата. Станбените простории се на катот, а делумно и во приземјето, додека домаќинските
простории - кујната, најчесто во приземјето, а летната кујна, пак, во дворот. Според тоа
живеењето главно се одвива „на високо“, одвоено од земјата, што секако има и поголеми
предности од живеењето во приземјето.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЛА


ДЕБАРСКИТЕ КУЌИ ОД XIX ВЕК 77

Просториите се богато осветлени и осончени што е постигнато со поставување на по-


веќе прозорци, по три и четири во една просторија, претежно со ориентација кон југоисток.
Застапеноста на санитариите во дебарската куќа претставува, за она време, високо
хигиенско ниво на живеење, функционално извонредно решени, а вградената покуќнина, на
која посебно ќе се задржиме, овозможува непречено користење на просториите.
Сето тоа ja чини дебарската куќа функционална, практична и удобна за живеење.
Таа е проектирана за човекот на кого му овозможува висок станбен стандард, што говори и
за развојот на станбената култура во минатото во Македонија, која може да ja оцениме
како мошне висока.
Функционалната концепција на основите на куќите дава одраз и врз формирањето
на фасадите. Таа, всушност, наговестува што се се случува со внатрешниот простор. Плас-
тичноста во обликувањето на фасадите доаѓа до израз и во симетричните и во асиметрични-
те решенија. Самото моделирање на фасадите е израз како на функционалната концепција,
така и на применетата конструкција која е погодна за создавање на една игра на масите во
просторот. Со испуштање на еркери и доксати оформена е една богата пластично облику-
вана фасада.
Компонирањето на прозорските отвори во посебни групации и нивното ритмичко
поврзување даваат силен впечаток во обликувањето на фасадите, кое доаѓа до израз особе-
но кај објектите со затворени чардаци кои се развиваат по целата должина на објектот.
Силната хоризонтална нагласеност е постигната особено на куќата на Мехмед Златку, која
е потенцирана и со ипуштањето на катот.
Длабоката сенка на тремот и отворените чардаци ja чинат дебарската куќа и возду-
шеста, а заедно со прозорските отвори формираат и контрастни ефекти кон бело обоените
фасадни површини.
Во архитектурата на дебарските куќи, како кај оние со поедноставни основи, така и
кај оние со поразвиени, во нивното просторно обликување е постигната максимална хармо-
нија во односите на масите, во компонирањето и формата на отворите, во деталите и нивна-
та обработка.

Консшрукции и архишекшонски дешали

Конструктивниот склоп на дебарските куќи, примената на конструкциите, употре-


бата на градежниот материјал и неговата обработка се слични како и кај куќите во другите
градови во Македонија.14
Градени со природен материјал кој се наоѓа во близината на градот, а тоа се дрвото,
каменот, плитарот а како покрив ќерамидата, и со примена на примитивни технички сред-
ства, народниот мајстор и во дебарските куќи ja покажал својата градителска вештина, ло-
гиката во примената на конструктивните елементи, во функционалноста на самата конструк-
ција, како и во естетското обликување на конструкцијата и на архитектонските детали.
Дрвото како градежен материјал најмногу се употребувало обработено како греди,
штици и летви и служело за изведување на конструкциите на ѕидовите, на меѓукатните кон-
струкции, за покривните конструкции, таваните, подовите, скалите, вратите, прозорците,
опшивите и друго.
Каменот е употребуван при градење на темелните ѕидови и на ѕидовите на приземје-
то, делумно или по целата висина, додека плитарот е употребуван за исполнување и за гра-
дење на масивните ѕидови.
Ќерамидите поставени преку подлога од штици служеле како единствен материјал
за покривање на куќите.
14 К. Томовски, За конструкциите во народната архитектура во Македонија, Годишен
зборник на Техничкиот факултет, Скопје, 1959-1961.

АРХИТЕКТУР AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


78 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Железото е употребувано помалку, и тоа за решетките на прозорците, за оградите


на надворешните скали и како оков на вратите.
Во градбата на дебарските куќи е применета мешана конструкција: масивна и ске-
летна.
Масивно се изведени ѕидовите во приземјето, како и северниот ѕид низ целата виси-
на на куќата. Останатите ѕидови на катот се градени во дрвена „бондрук“ конструкција од
дрвен скелет на кој од надворешната и внатрешната страна се наковани делкани штички
врз кои е нафрлуван малтер, а помеѓу нив останувал воздушен простор. Дебелината на вак-
виот ѕид изнесувала околу 22 см и претставувал лесна и практична конструкција со добри
изолациони својства, термички и звучни.15 Но има куќи кај кои бондручната конструкција е
исполнета со плитар што конструкцијата на ѕидот ja чини нешто потешка.
Како носечки конструктивни елементи се употребувани и дрвените столпци кај тре-
мовите и чардаците.
Меѓукатната конструкција е изведувана од дрвени греди, нешто погусто поставени,
над кои се наковувани штици кои го формирале подот, а на истите греди се поставувани и
таваните кои се различно обработени, најчесто дрвени, од едноставни штици до богато де-
корирани во резба.
Покривните конструкции се различно решавани при што преовладувал системот на
столица.
Скалите се дрвени и камени. Дрвените скали обично се поставени во длабочината
на тремот и на чардакот. Честопати кај куќите со приземје и два ката скалите во приземјето
се поставени надвор, покрај ѕидот, и тоа изработени од камен.
Прозорците се групирани по три и по четири во една просторија кај затворените
чардаци и се поставени во низа едендодруго, формирајќи силен хоризонтален потег. Така,
на пример, на куќата на Мехмед Златку во чардакот се поставени 14 прозорци едендодруго,
формирајќи една стаклена завеса, елемент кој подоцна ќе го прифати современата архитек-
тура.
Отворањето на прозорците најчесто е решено по системот „гиљотина“, односно
вертикално влечење, со што се овозможува непречено користење на просторот покрај про-
зорците каде што обично се поставени „миндерите“ за седење. За заштита на прозорците на
приземјето и на првиот кат се поставувани железни решетки по целата висина на отворите,
а кај некои куќи прозорците се заштитени и со дрвени капаци, обично со хоризонтално вле-
чење. Прозорците на вториот кат се заштитени со решетки до половината, и тоа со желез-
ни или со дрвени решетки, обработени како еден вид на балустради. Среќаваме и решетки
обработени во вид на дрвени мрежи од крстовидно поставени летвички, таканаречени „ха-
рем кафези“. Овие решетки се поставувани на куќи кои се на улица, заради заштита од по-
гледи.
Покрај заштитната функција решетките имаат и извесна декоративна улога. Нивна-
та обработка е различна, од едноставна, до примена на декоративни барокни елементи.
И рамките на прозорците ja збогатуваат второстепената пластика. Но, рамките,
всушност, имаат чисто конструктивна улога, за да ja заштитат и сокријат фугата помеѓу
касата на прозорецот и ѕидот. Збогатени со профилации и форми, особено во горниот дел
каде што среќаваме и извесни барокни форми, рамките имаат и декоративна улога.
Кога сме веќе кај опшивите, ќе наведеме дека со штици се опшиваат и ќошињата на
ѕидовите, челата на меѓукатните конструкции, стреите, пак од слични конструктивни потре-
би. Опшивите, од друга страна, учествуваат и како елементи за расчленување на фасадата.
Тие јасно ги издвојуваат катовите и со својата природна боја и патина чинат контраст на бе-
ло обоените фасадни површини, ефекти кои ренесансата ги оствари во друг материјал.

15 Како, на пример, кај куќите во Охрид и Струга.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ДЕБ АРСКИТЕ КУЌИ ОД XIX ВЕК 79

Вратите во дебарската куќа побудуваат посебен интерес, особено според начинот


на нивната обработка.16 Тие се состојат од крило и рамка. Крилото, всушност, претставува
дел од вратата што дава можност за декоративно обработување, а најчесто е поделено на
три дела од кои двата горни се обработени подекоративно. Обработката на крилото е со
комбинација на помали и поголеми правоаголни табли, профилации и декоративна резба.
Рамките, пак, се украсуваат во горниот дел со профилирана штица, честопати украсена во
резба.
Како пример за обработка на врата ќе ja наведеме вратата од куќата на Ејуп Граж-
дани. Со две хоризонтално поставени штички крилото на оваа врата е поделено на три по-
лиња; во горното поле е формиран квадрат во кој се поставени штички во облик на кукаст
крст, а централниот дел е украсен со резба во вид на стилизиран цвет; средниот дел е фор-
миран од правоаголна штичка украсена пак со цвет изведен во резба, а долниот дел е фор-
миран од две правоаголни штички вертикално поставени. Рамката во горниот дел завршува
со барокна форма и со два стилизирани цвета изведени во резба.
Во однос, пак, на техниката на изработката на вратите во дебарските куќи, тие
главно се правени како столарски со исполна, или како врати со подлога на кои се накову-
ваат штички.
Влезните порти на дворните огради или на самите куќи се двокрилни дрвени врати.
И во нивната обработка во горните делови е застапена резбана декорација.

Вградена иокуќнина

Покуќнината во дебарската куќа има посебно значење, во прв ред функционално и


естетско, во организацијата и во оформувањето на просториите. Таа е строго архитектон-
ска, вѕидана во просториите, стандардна по начинот на изведувањето. Таа претставува сос-
тавен функционален дел во одредени простории, а начинот на нивното вградување овозмо-
жува целосно и непречено користење на просторот. Од вградената покуќнина среќаваме:
„сергени“, „долапи“, „миндери“, „рафтови“, „оџаци“ и друго.
Вградената покуќнина е обично групирана на една страна во просторијата, и тоа
најчесто откај влезот, така што се формира и еден мал претпростор пред собите што прет-
ставува добра термичка и звучна изолација. Така, на една страна во собите се наоѓаат наре-
дени еден до друг: амамот, за кој рековме дека е обработен во вид на плакар, потоа една по-
лукружна ниша наречена „михраб“, која во минатото веројатно го означувал „кибла“ праве-
цот за молење, а сега служи за чување на ситни предмети од стакло и керамика, и серген.
Вака групирана покуќнина среќаваме во скоро секоја дебарска куќа и тоа во по две соби.
Висината на целата групација се издига, најчесто, до висината на вратите, односно рафтови-
те, со тоа што само полукружната ниша се развива нешто повисоко.
Сергените функционално и декоративно се поделени во два дела. Горниот дел е
всушност самиот серген со двокрилни врати, кои се декоративно обработени најчесто во
резба или во боена декорација. Долниот дел е поедноставно обработен, од вертикално по-
ставени правоаголни табли.
Долапите, обично по два во просториите, се поставени од двете страни на „оџакот“
и се состојат од два дела. Горниот дел, кој всушност го претставува долапот, е со двокрилни
врати, а долниот дел кој зазема една третина од висината на долапот е отворен и служи за
оставање на поситни предмети. И кај долапите вратите се обработени декоративно во резба.
Од вградената покуќнина ќе ги споменеме и „миндерите“ за седење. Тие се развива-
ат покрај ѕидовите и тоа на трите страни на собата, а се наоѓаат на чардаците. Изведени се
16 На слична обработка на врати наидуваме и во куќите во другите градови во Македонија,
види С. Томоски, Македонска народна архитектура, Скопје, 1960, како и кај куќите во Србија и
Бугарија, види С. НенадовиК, Типови врата у народној архитектури, Зборник заштите споменика
културе, књ. XVII, Београд, 1966; Н. Попов, Б^лгарски врати и порти, Софил, 1954.

АРХИТЕКТУ Р AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


80 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

од дрвена конструкција, опковани со штици и на нив се поставуваат душеци и перници. Чес-


топати шуплината во миндерите, на погодни места, служи и како остава, а во чардаците во
некои куќи ги користат и како „амбари“
Оџаците, камините, се полуотворени и се наоѓаат во масивниот ѕид. Горниот дел на
оџакот е исфрлен и полукружно решен со барокни форми и декоративно е обработен.
Абдесана, водник, претставува коритце изведено од штици и обложено со лимари-
на, обично виси од чардакот и служи, како што веќе наведовме, за миење на раце и лице
како и на садови.
Среќаваме и други видови на вградена покуќнина, вешто компонирани во пооддел-
ни делови на куќата, најчесто како долапи за разни намени. Така, на пример, во подрумот
среќаваме долап за чување на храна, всушност служи и како ладилник. Потоа, во шуплина-
та на скалите во приземјето, која е затворена и има врата, најчесто се чуваат дрва за дневна
употреба, а помали долапчиња наоѓаме и на други места.
Вградената покуќнина во куќата, како што видовме, е повеќекратно корисна. На-
родниот мајстор на мошне вешт и духовит начин го користел просторот за нејзиното поста-
вување, односно вградување. Да се прашаме, што се плакарите во современата архитекту-
ра. Тие не се ништо ново и ништо друго освен имитирање на старото, она што нашата стара
станбена архитектура го има решено уште во минатото. Тоа нашите мајстори го увиделе и
го примениле како мошне корисно и практично од потребата за слободно користење на
просторот.
И навистина, колку човекот се чувствува слободен во движењето во просториите,
колку е единствен просторот речиси без потреба од подвижна покуќнина, колку е прегле-
ден, сето тоа благодарение на вградената покуќнина.

Декорашивна обрабошка

Декоративната обработка во просториите на дебарската куќа е богато застапена и


тоа во резба и боена декорација.17 Слободно може да се каже дека дебарската куќа претста-
вува највисок дострел во декоративната обработка на ентериерот во Македонија. Тоа се
должи на развиениот вкус и потреба на нарачателот, а секако и на улогата на мајсторите
копаничари и зографи од овие краишта, а кои всушност и ja изведувале декорацијата во де-
барските куќи. Тоа се копаничарите и зографите од селата Галичник, Осој, Тресонче, Биту-
ше, Требиште, Лазарополе истите оние кои ja формирале Дебарската резбарска и иконо-
писна школа. Од испитувањата на теренот констатиравме дека резбата во дебарските куќи
е дело на мајсторите од наведените села, кои покрај црквената резба - изработка на иконо-
стаси и друг црковен инвентар, работеле и на резбата во профаната архитектура.
Така, во дебарските куќи во резба се обработувани таваните, вратите, сергените и
долапите, па дури и влезните порти.
Во самата резба преовладуваат декорациите со вегетабилни мотиви, стилизирани
лисја и цветови, со елементи на барок и рококо, обработени како плитка и длабока резба.
Таваните се обично најдекоративно обработениот дел во просториите, а се состојат
во два основни дела: рамка што го обиколува таванот и таканаречено „огледало“ - површи-
ната на таванот. Според начинот на обработката во дебарските куќи среќаваме неколку
вида дрвени тавани.
17 На декоративна обработка наидуваме и во некои други беговски конаци во Македонија,
како на пример во конакот на Авзи-паша во Бардовци крај Скопје, денес не постои. Види: Б. КојиН,
Конаци и чифлик Авзи паше код Скопља, Зборник заштите споменика културе, књ. IV-V, Београд,
1955, стр. 223-242. Потоа во беговскиот конак во Тафталиџе во Скопје, денес не постои. Во Егејска
Македонија, меѓутоа, наидуваме на куќи со богат декоративно обработен ентериер. Види: N. Моу^е-
олоуХу, хо ат&отрко хоу ѕ on раг|аАаг| exrj ßspoia абкда, та аркдика хдг eiaxiexae. ©cssa^orji-
ка, 1964.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ДЕБАРСКИТЕ КУЌИ ОД XIX ВЕК 81

Наједноставниот начин на обработка на таванот е со еднакви штици со профилира-


на лајсна во споевите.
Друг вид на обработка на таваните е со квадратни полиња формирани од профили-
рани лајсни, кој е нешто подекоративен и го среќаваме најчесто кај таваните на чардаците.
Во третата група би спаѓале таваните богато обработени во резба. Овие тавани
обично се обработени во квадратни полиња со декорирани лајсни, а во четирите агли се
наоѓаат триаголни елементи декоративно обработени во резба со цветови од трендафили.
Најдекоративно обработен дел на таванот е централно поставената розета која има кружна
форма декорирана со лисја и цветови во подлабока резба. Самата розета е вглавена, обич-
но, во профилирана рамка во форма на осумаголник, кој чини премин помеѓу кружната
форма на розетата и квадратните полиња на таванот. Честопати квадратните полиња на та-
ванот се боени во неколку бои.
Поретко среќаваме тавани обработени во вид на кубе кое во горниот дел е обрабо-
тено во резба, како, на пр^мер, во куќата на Мехмед Златку. Така, овој резбан дел има
кружна форма формирана од кружно поставени профилирани штици, со богато обработена
розета, со висулка каде што се закачува ламбата, и десет полиња формирани од радијално
поставени профилирани штички. И розетата и полињата се декорирани во резба со вегета-
билни мотиви. Останатата површина на кубето е малтерисана и боена така што се добива
извонреден впечаток од комбинацијата на резбаното дрво во природна боја и малтерисана-
та површина.
Во резба се обработени и вратите од сергените и долапите. И тие се декорирани во
плитка резба со вегетабилни мотиви. Така, вратите на долапите, на пример, можат да бидат
поделени во три полиња, а може и крилото во целата висина да биде обработено во еден мо-
тив. Како елемент за мотив во резбаната декорација на вратите од долапите е најчесто
претставено цвеќето во вази со различни форми.
Вратите на сергените со профилирани штички се поделени на повеќе полиња, најче-
сто триаголни и квадратни кои се обработени во резба.
Нешто помалку резбарска декорација се применува и при обработката на вратите и
на влезните порти.18

Боена декорација

Во дебарските куќи боената декорација е исто така доста застапена, и тоа: боење на
ѕидните површини и боење на дрвенаријата - таваните, вратите на сергените, долапите и
друго.
Декорирањето на ѕидните површини доаѓа до израз во собите и во чардаците. Ѕид-
ните површини во просториите над миндерите се обработени како и кај куќите во другите
градови во Македонија. Тие се поделени во правоаголни полиња со профилирани штици
кои во горниот дел се поврзани со рафтови. Но, карактеристично за дебарските куќи е бое-
њето на ѕидните површини помеѓу рамките. Додека во старите куќи во Македонија ѕидните
површини помеѓу рамките се варосани, со што се формираат контрастни ефекти на бело и
темно со патината на дрвото, во дебарските куќи овие површини се боени и декорирани нај-
често со вегетабилни мотиви, и тоа цвеќиња поставени во ваза или крошна обиколена во
горниот дел со драпирани пердиња. Под самите тавани на ѕидовите се среќаваат и декора-
ции со други мотиви, како на пример: дрвја, овошје, најчесто лубеници и грозје.
Во дебарските куќи се среќаваат и тавани кои се малтерисани и боени. Во декори-
рањето на овие тавани пак се употребувани растителни мотиви, цвеќиња и лисја. Боената
декорација е застапена и во декорирањето на „оџаците“ во горните делови.
18 За резбата во Македонија види кај Т. ВукановиВ, КопаничарсШво код Мијака, Годишњак
Музеја Јужне Србије, књ. I, Скопље, 1941; А. Василиев, Бњлгарски вт^зрожденски маистори, Софил,
1960, и друга литература која главно се однесува на црковната резба.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


82 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Декорирањето на дрвенаријата доаѓа до израз, како што спомнавме, и во боењето


на дрвените тавани. Така, кај таваните обработени со квадратни полиња, секое поле може
да биде боено во различна боја: жолта, сина, црвена, зелена и бела, поставени во слободни
комбинации што предизвикува богат колоритен ефект. Во некои куќи боена е и самата рез-
ба на вратите од сергените и долапите, а некаде, пак, тие се декорирани само во боена деко-
рација, со мотив цвеќе во ваза, или само цвеќе.
Ваквата декоративна обработка го прави ентериерот на дебарската куќа полихро-
мен што одговара и на вкусот на нарачателите.
Инаку мајсторите кои ги изработувале овие декорации, според испитувањата на те-
ренот, се зографите од Дебарско, односно од Дебарската зографска школа, чија дејност нај-
веќе ja следиме во црквите при обработката на стенописот и иконописот.
Покрај елементите на внатрешната декорација што досега ги наведовме, ќе ги спо-
менеме и килимите кои го покривале целиот под во просториите, потоа прекривките, бели-
те чаршафи со чипки по миндерите и перниците, белите пердиња, коишто го дополнуваат
ентериерот. Сето тоа заедно претставува едно посебно естетско чувство, плод на развиени-
от вкус и усет на мајсторите-градители, копаничари и зографи, а и на самите сопственици.
Така е создаден еден не само удобен туку и облагороден простор во кој човекот во минато-
то бидејќи бил повеќе ориентиран кон семејниот живот во куќата, истиот требало да му овоз-
можи и поголема удобност и пријатно чувство. Во дебарската куќа сето ова е постигнато.
Боената декорација на фасадите не доаѓа до израз, макар што имало и поодделни
куќи со декорирани симсови. Инаку, како што наведовме, ѕидните фасадни површини се бо-
јадисувани бело, а дрвото ja задржало својата природна боја.

Одделни објекгми

Куќата на Ејуп Граждани се наоѓа на улица „29 Ноември“ бр. 33. Градена е околу
1870 година, а е поставена во дното на дворот и ja зафаќа целата ширина на парцелата.
Сите прозорски отвори во просториите се поставени на предниот ѕид, така што се ориенти-
рани кон дворот со југоисточна ориентација, додека другите три ѕида се полни, без прозор-
ски отвори. Куќата има приземје и два ката и е речиси симетрично решена со тоа што пот-
полната симетричност е нарушена со нешто поголемите димензии на собите од левата стра-
на на средниот истурен дел.
Во приземјето е сместен отворен трем кој го зафаќа средниот дел на основата, со
дрвени скали поставени во длабочината на тремот. Десно од тремот е сместен подрумот, a
лево соба. На првиот кат освен преку внатрешните скали се доаѓа и преку надворешни ска-
ли, кои водат во затворен чардак кој се развива над тремот, а лево и десно од него се наоѓа
по една соба. Вториот кат има ист распоред како и првиот, со тоа што чардакот е исфрлен
над рамнината од првиот кат и е полигонално решен со издигнат дел - „шанишан“, за 0,40 м
од подот на чардакот. Сите страни на овој истурен дел се затворени со прозорци поставени
едендодруг, и тоа пет од предната страна и по два од бочните страни.
Архитектонската обработка на собите на првиот кат е побогата. Декоративно се
обработени вратите од амамите, сергените и долапите, а со својата обработка во резба по-
себно се истакнува таванот од левата соба на првиот кат. Просториите на вториот кат се
поскромно обработени, а една соба не е ни завршена.19
Куќата на Хаџи Абдураман се наоѓа на улица „29 ноември“ бр. 7. Градена е околу
1870 година. Поставена е сред поплочен двор и пред неа се наоѓа бавча одвоена со ограда.
Ориентацијата на поголемиот дел од станбените простории е југоисточна. Куќата е на при-

19 Едната соба на вториот кат не е завршена. Оваа појава ja сретнавме во неколку беговски
куќи. Според кажувањето на постари луѓе тоа доаѓа од верувањето дека на човекот не му треба да му
биде се во ред и дека само кај господ може да биде се во ред.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ДЕБ АРСКИТЕ КУЌИ ОД XIX ВЕК 83

земје и кат, симетрично решена. Во приземјето, на целата предна страна се наоѓа затворен
трем со испуштен централен дел каде што се наоѓаат влезовите. Левиот крај на тремот има
„шанишан“, а на десната страна се поставени скалите, така што средниот дел на тремот е
слободен и од него се влегува во две простории - соби, кои имаат посебни групации со амам
и серген поставени на ѕидот од страната на влезот.
На катот распоредот се повторува со тоа што чардакот има три нивоа со централно
исфрлен доксат.
Прозорците во собите се групирани по четири, ритмички распоредени, додека во
тремот и чардакот прозорците се групирани по три.
Од зачуваните детали може да се види дека и оваа куќа во ентериерот била архи-
тектонски побогато обработена, меѓутоа по земјотресот куќата е недоволно стручно попра-
вена така што загубила доста од оригиналното.
Куќата на Сурија Бунучију се наоѓа на улица „JHA“ бр. 25. Градена е околу 1860 го-
дина, a no земјотресот е потполно преѕидана поради што го загубила својот изглед. Но, за-
ради интересната основа и зачуваната документација ќе се задржиме и на неа.
Поставена е во мошне издолжен двор кој во задниот дел е нешто проширен и де-
лумно обработен како бавча, каде што се наоѓа и самата куќа. Таа е развиена по целата ши-
рина на дворот и има југоисточна ориентација. Зградата е на приземје и кат со приближно
симетрична фасада и асиметрична основа на катот.
Во југозападниот дел на куќата е сместен подрумот, а во приземјето има затворен
трем кој има централна положба и е исфрлен за околу 2 м од површината на предниот ѕид.
Лево се наоѓа кујна, а десно соба. На катот, до кој се доаѓа преку скали, поставени во длабо-
чината на тремот, се наоѓа само една соба и затворен чардак, со доксат со прозорци од сите
три страни.
За архитектонската обработка не може нешто повеќе да се каже. Собата на катот,
меѓутоа, секако била побогато обработена, а имала полукружна ниша со релјефни декорации
во гипс, долапчиња декорирани со резба и миндер. Прозорците на оваа соба биле групирани
во група по четири и се наоѓале на два ѕида што обезбедувало максимално осветлување.
Куќата на Јашар Даци се наоѓа на улица „Црни Дрим“ бр. 32. Повлечена е во двор и
ja зафаќа целата негова ширина. Ориентацијата на станбените простории е југоисточна и
југозападна. Куќата има приземје и кат и спаѓа во групата објекти што асиметрично се ре-
шени, со отворен трем и чардак. Така, еден дел од приземјето на предната страна е решен
како отворен трем со издигнат дел за 0,90 м од подот до кого се доаѓа со мали скали и служи
како „амбар“ и како „шанишан“. Од тремот се влегува во соба и кујна која е поврзана со
остава. На катот целиот преден дел е отворен чардак обработен во четири нивоа со „шани-
шан“. Од чардакот се влегува во две простории, една поголема и една помала.
Собата на катот е архитектонски богато обработена. Таа има амам, серген и де-
корирани долапи, потоа таван во резба, „оџак“, а ѕидните површини се декорирани во боена
декорација. Слично била обработена и собата во приземјето, но таа денес е оштетена.
И во обработката на фасадата е посветено внимание, и тоа посебно на следните де-
тали - балустради покрај полните површини, профилациите, опшивите и бело боените ѕид-
ни површини, кои, главно, се вовлечени зад чардакот и тремот.
Куќата на Абдул Керим се наоѓа на улица „Лиман Каба“ бр. 22. Според натписот во
собата на приземјето - „1891“, може да заклучиме дека во таа година е декорирана самата
просторија, инаку куќата најверојатно е изградена порано. Лоцирана е во двор, а еден дел
од тремот и чардакот е урнат. Асиметрично е решена и има подрум, приземје и кат.
Во приземјето, во предниот дел, се наоѓа трем и три простории од кои, по својата
архитектонска обработка, особено се истакнува гостинската соба со групација на амам, сер-
ген, со оџак и миндери од трите страни на собата, со богата боена декорација и резба.

АРХИТЕКТУ РAT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


84 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Скалите кои водат на катот не се поставени како обично во тремот, туку во еден
мал простор помеѓу тремот и собата и преку нив се искачуваме на чардакот. Самиот чардак
е голем, затворен со низа прозорци и има четири различни нивоа, така што едниот издигнат
дел се користи и како амбар. Од него се влегува во две простории.
Оваа куќа се одликува со богата декоративна обработка на просториите, со боена
резба, како и со боена декорација по ѕидовите.
И просторната пластика на оваа куќа е богато моделирана, а групирањето на про-
зорските отвори и обработката на опшивите, како и други архитектонски детали на фасади-
те го чинат овој објект посебно интересен.
Куќата по земјотресот е обновена со исклучок на еден дел од тремот и чардакот
што е и назначено во приложените основи.
Куќата на Абе Каба се наоѓа на улица „1 мај“ бр. 12. Градена е околу 1860 година.
Ситуирана е во длабочината на дворот кој има правоаголна основа, со бавча, бунар и по-
мошни простории. Ориентацијата е југоисточна.
Куќата има подрум во висина на теренот, високо приземје и кат. Асиметрично е ре-
шена со оригинална архитектонска концепција, која се манифестира во решението на осно-
вата и во обликувањето на фасадите. Така, во овој објект скалите се вклопени во малку по-
влечениот ѕид во приземјето во однос на катот, од кој се влегува во претсобјето кое директ-
но е поврзано со три простории. Катот е решен со чардак во целиот преден дел, со подови
од четири различни нивоа, а од чардакот се влегува во две простории.
Со оригналната концепција на основите е овозможена и оригинална композиција на
самата фасада. Така, чардакот по целата ширина на фасадата има лачно завршени отвори, a
денивелацијата на подот се одразува и врз самата фасада со фриз обработен во штици. Не-
симетрично поставениот фронтон во завршницата држи извесна рамнотежа со несиметрич-
но поставените скали.
За жал овој објект е нестручно поправан по земјотресот, така што ja загубил своја-
та оригиналност и изглед. Зачуваната документација, меѓутоа, може да послужи при евен-
туална реконструкција што овој објект и го заслужува.
Куќата на Едип Љанго се наоѓа на улица „Амди Љеш“ бр. 15. Со еден дел таа е по-
ставена на уличната линија со дуќан во приземјето. Инаку поголемиот дел од станбените
простории се ориентирани кон дворот, главно југоисточно изложени. Има приземје и кат и
спаѓа во групата на симетрично решени куќи со оригинална концепција на основата. Така,
во приземјето спрема дворот се наоѓа отворен трем кој зазема две третини од ширината на
куќата, потоа соба и кујна, како и посебен премин што ги поврзува станбените простории со
дуќанот. На катот се развива отворен чардак по целата ширина на куќата, со четири раз-
лични нивоа и три станбени простории и клозет.
Просториите на катот се осветлуваат со по четири групирани прозорци коишто
формираат правоаголник, а во приземјето со по три групирани прозорци кои претставуваат
посебен акцент во обработката на фасадите.
За архитектонската обработка на просториите не може нешто посебно да се изнесе,
бидејќи куќата е доста оштетена и тешко пристапна. Но, од зачуваните долапи, ниши и
слични елементи може да заклучиме дека и оваа куќа била обработена во ентериерот.
Фасадите кон дворот, а посебно јужната фасада е поразиграна - со тремот, чарда-
кот, балконот и фасадните платна со групирани прозорци, и претставува посебен третман
во композицијата, како и онаа спрема улицата со исфрлање на катот и со групирање на про-
зорските отвори, што претставува контраст спрема полното ѕидно платно од куќата и од
дворната ограда.
Сегашната положба на старите куќи во Дебар, во поголем број случаи, е лоша. По-
веќето од нив се дотраени и беа оштетени во земјотресот во 1968 година. Но, денес, еден по-
мал дел од нив е реконструиран со материјална помош од заедницата и учество на сопстве-
ниците така што тие го добиле својот првобитен изглед. За жал има и објекти кои се не-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИ.ЈА


ДЕБАРСКИТЕ КУЌИ ОД XIX ВЕК 85

стручно преправани така што ja загубиле својата физиономија и архитектонските каракте-


ристики.
Нужно е и понатаму да се преземаат потребни мерки за заштита на дебарските
куќи, како од натамошното пропаѓање, така и за нивна реконструкција и одржување. Исто
така и на некои од покарактеристичните објекти кои со преправки ja загубиле, како што
наведовме, својата физиономија, би требало спрема зачуваната документација да се изврши
нивно реконструирање.
Дебарските куќи во својот станбен комфор и со внесување на извесни објекти што
го диктира современиот живот можат и понатаму да се користат како станбени згради кои
ќе му овозможат добри услови за живеење и на денешниот човек. На тој начин старите
дебарски куќи ќе се вклучат во современиот живот на градот.
Сето ова би требало да се изведува според проекти и стручен надзор на соодветни
стручни организации, бидејќи дебарските куќи како што наведовме понапред, претставу-
ваат достигања од посебен интерес за нашето народно градителство. Тие не само што ja
афирмираат „Дебарската школа“, туку воопшто го афирмираат народното градителство на
Македонија.

АРХИТЕКТУР AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


СТАРАТА ТЕТОВСКА КУЌА

Старите тетовски куќи се дел од традиционалната архитектура која се уште делум-


но е зачувана во градовите и другите населени места ширум Македонија. Подложни на ис-
чезнување и трансформација овие градби во Тетово ги има се помалку, па оваа студија, по-
крај основната - научна содржина, има и документациски карактер и претставува обид ка-
рактеристичните стари објекти да се зачуваат од заборав.
Обработениот материјал е селекција од поголемиот фонд снимени куќи во Тетово,
со цел да се добие увид во најкарактеристичните белези со кои се одликува оваа градска
архитектура, како што е и дефинирано со насловот на студијава. Главното внимание авто-
рите го посветиле на начинот на кој е организирана старата тетовска куќа (функционален
аспект) и на карактеристиките во нејзиното архитектонско обликување. Во смисла на пооп-
стојно проникнување во овие компоненти, еден дел од студијата е посветен на една недо-
волно истражена област - на модуларно-пропорциските анализи, кои ja откриваат
постапката во компонирањето на старата куќа (основа, фасади, детали) што ja применувал
мајсторот-градител.
Старите тетовски куќи кои се земени во анализата, временски и припаѓаат на вто-
рата половина на XIX век (поточно, на крајот на векот) и на првите години од нашиот век.
Значи, староста им се движи најмногу до околу 100 години. Впрочем, оваа старосна граница
се однесува, главно, и на сите други стари куќи од традиционалната архитектура во Македо-
нија. Бидејќи низа од постоечките стари куќи во Тетово претрпеле драстични трансформа-
ции (особено со интервенциите врз фасадите), во студијава куќите се претставени во нивна-
та автохтона состојба, што се должи на внимателната анализа на авторите и зачуваната ста-
ра фотодокументација.
Како што е тоа случај и кај другите македонски градови, традиционалната архитек-
тура од станбен карактер била реализирана во две насоки - куќи за живеење на македон-
ското и на муслиманското население. Иако ги граделе домашни, македонски градители,
програмската содржина била различна. Начинот на домувањето, битовите карактеристики,
социјалните и политичките аспекти, па и материјалните можности на сопствениците, биле
пресудни во определувањето на општата физиономија на куќите за живеење кај овие две
категории објекти. Во студијава се обработени старите тетовски куќи во сопственост на Ma­
xe донското население, додека во вториот дел ќе бидат претставени старите муслимански
куќи.
He навлегувајќи овој пат во толкувањето на муслиманските стари куќи за живеење,
потребно е да се каже дека во Тетово (покрај Дебар) биле изградени (а делумно се и зачува-
ни) архитектонски најквалитетните муслимански објекти за домување, главно беговски ку-
ќи, наречени и „беговски конаци“. И додека овие куќи биле лоцирани на рамниот терен од
градот, по сила на околностите куќите за живеење на македонското население се наоѓаат
главно на падините на планината, значи на стрмниот терен, а изградени се во погуста урба-
на структура, што во многу нешто ja определило и нивната содржина и изглед.
88 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Според д-р Антоние Николовски (Споменици на културата на Македонија) како и


според некои други историски извори, за Тетово се знае дека во средниот век било мала
населба и дека во XVII век градот настрадал од пожар, па, речиси, низ следните 100 години
за него нема пишувани документи. За Тетово пишувале географот Хаџи Калфа (XVII век),
Пуквил (средина на XIX век), изнесувајќи и некои податоци за архитектурата на тогашното
Тетово, но за градската станбена архитектура од тоа време (како и за другите градови)
малку се знае.
Студијата се потпира, главно, врз проучувањата на старите куќи на самиот локали-
тет, врз анализата на старата фотодокументација и архитектонските снимки, врз компари-
рањето и делумно врз исказите на најстарите сопственици на куќите. Со анализата на сите
овие искуства, добиено е спознавање за суштината на архитектурата на старата тетовска
куќа, која во синтезна форма е изложена во студијава. Со безначајни толеранции, таа е мак-
симално објективизирана и дава увид во нејзините битни карактеристики, иако се вклопува
во контекстот на заедничките белези на традиционалното градителство во Македонија од
втората половина на минатиот и самиот почеток на нашиот век.
Селектираните и обработени примери на стари куќи потекнуваат од градската зона
на падините на Шара, каде што се наоѓа и најголемиот број македонски куќи во Тетово. Во
локалитетот „Два бреста“, во улиците „Гоце Делчев“, „Тодор Циповски“, „Шарпланинска“,
„Косовска“, „Велешка“, „Истра“ и др., се уште се наоѓаат интересни куќи, кои со својата
организираност на станот и архитектонската обработка претставуваат изворни показатели
за некогашното сфаќање на архитектонскиот простор, кој се одликувал со осмислен трет-
ман, базиран врз аспектите на градежното искуство, целисходно употребените градежни
материјали, практичноста во процесот на домувањето и антропоморфноста, но секогаш и
со присутниот сензибилитет за хармоничност на формите, култивираниот детаљ и ликовни-
те валери.
Суштината на студијава (покрај анализата на општоважечките карактеристики на
староградската архитектура) е во обидот да се изнајдат некои заеднички именители за ста-
рата тетовска куќа и да се дофати нејзината архитектонска персоналност. Анализата на
локациските параметри, организираноста на програмската содржина, архитектонските и
ликовните аспекти, како и на модуларните пропорциски истражувања укажува за постое-
њето на определени компоненти, преку кои, со голема сигурност, може да егзистира поимот
архитектура на старата тетовска куќа.

Анализа на иоедини куќи

Куќата на улица „Гоце Делчев“ бр. 113, сопственост на Тодор Митрушевски е изгра-
дена во почетокот на овој век и е зачувана, главно, во нејзината автентична состојба. Таа и
припаѓа на онаа група стари куќи кои излегуваат на уличниот фронт, а од двете страни се
потпира врз соседните објекти.
Ваквата положба (со два слепи ѕида) ja определила внатрешната организираност на
куќниот простор, како и архитектониката на двете слободни фасади. Имено, за да се овоз-
можи осветлувањето, по длабочината на просторот се јавуваат само две простории - одаја и
одаја или одаја и чардак.
Објектот има визба, приземје и два ката, а тоа, всушност, е и максимален број на ка-
тови кај старите тетовски куќи. Приземјето е дефинирано со простран, по форма прекршен
ајат, од кој се влегува во една просторија за домашна економија и во „куќичето“ во дното на
габаритот. Во ајатот се наоѓаат скали за горните катови и скали кои водат кон визба, кои се
покриени со дрвен капак. На ова ниво, како и кај двата ката, успешно се омекнува аголот на
одајата со закосување на ѕидот под агол од 45°, каде што се поместува вратата. Визбата е
едноставен простор под одајата и делот од ајатот. На првиот кат чардакот се протега по це-
лата должина на куќата и има свое продолжение во балконот кон улицата. Од чардакот се

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


CTAP AT A TETOBCKA КУЌА
89

влегува во една одаја и одајче (кујна?) - помала просторија која е свртена кон дворот и де-
лумно осветлена преку чардакот. Вториот кат има само чардак со балкон и одаја. Површин-
ски чардакот има форма на буквата „Г“ и доминира како простор, бидејќи е проширен над
одајчето од првиот кат. Рационализирајќи го просторот, градителот скалите ги поставил во
самиот агол на чардакот.
Сета архитектонска експресија е сконцентрирана врз уличната фасада, која внима-
телно е обработена. Тесниот фронт на објектот не бил пречка да се досегне ликовно јасен и
привлечен архитектонски мотив. Акцентот е во мотивот по вертикала: порта, балкон, бал-
кон фронтон (нешто изместен од оската). Кон таа ликовно „погуста“ архитектонска содр-
жина се надоврзуваат и поедноставни фасадни партии, определени со прозорци од три одаи
и со меѓукатните, длабоко профилирани венци. Плитките пиластри на двата ката, како и
споменатите венци (па и балконите со железна ограда), се белези на помодните влијанија во
архитектурата на градската куќа од почетокот на овој век и немаат континуитет со градеж-
ната традиција во рамките на народната архитектура.
Во пространиот двор со зеленило, повлечен од улицата (улица „Шарпланинска“ бр.
8), е сместена питорескната куќа на Петре Геров Карајанко, изградена во почетокот на овој
век. Со приземје и кат и еден „белведере“, објектот од двете страни се потпира врз соседни-
те куќи и се отвора кон дворното пространство само со една фасада.
Соседните куќи, како и дворот, ja определиле контурата на габаритот, кој има тра-
пезовидна форма, што повлекло неправилни контури на повеќето од просториите. Па и во
организацијата на станот владее извесна лежерност, која, пак, создава пријатно чувство во
доживувањето на куќниот простор. Отворениот трем (ајатот) лесно контактира со двор-
ниот амбиент, а неговите контури, иако неправилни, ограничуваат живописен и привлечен
простор. Кон ова се приклучуваат и ненаметливо поставените скали кои водат кон катот.
Двете визби (наречени така иако се на нивото на теренот) и една поголема летна кујна, за-
едно со ајатот, го сочинуваат приземјето. Лесниот бондручен кат има две одаи, претсобје и
мала темна просторија (остава), но најатрактивен е малиот чардак, кој излегува кон надвор,
во вид на балкон. Токму врз тој чардак и балконот, во поткровјето се наоѓа сликовит види-
ковец, отворен кон дворот и подалечните визури, а зад него се наоѓа една мала просторија.
Во летните денови овој простор (наречен „баба финга“) е исклучително пријатен, како за
релаксација и одмор, така и за спиење. Релативно малата содржина на станот, иако навидум
инцидентно организирана, резултирала во мошне привлечен куќен амбиент.
Во архитектониката на оваа куќа се среќаваме со мотив кој почесто е застапен кај
старите куќи во Тетово (особено на слободни локации): отворен трем во приземјето, чардак
(во овој случај отворен) на катот и видиковец на вториот кат (или пак чардак), со завршни-
ца во вид на триаголен фронтон. Архитектонските елементи на катовите волуменски се из-
дадени пред општиот фасаден фронт. На овој мотив посебна привлечност му дава перфори-
раноста на балконските огради и лесната конструкција од дрвени греди, диреци и косници.
Старата голема куќа на ул. „Гоце Делчев“ бр. 46 (градена пред крајот на минатиот
век) е слободно стоечки објект поставен во длабочината на широкиот двор. Куќата се одли-
кува со нагласена аксијална композиција, потенцирана и со исфрлениот дел од чардакот на
катот. Според функционалната шема на основите и тектониката, таа и припаѓа на оној вид
објекти кои во Тетово се среќаваат на рамниот терен во слободна локација.
Приземјето и катот имаат идентична организациска матрица и идентични големини
на просториите. Во аксијалата на приземјето се наоѓа тремот, отворен кон дворниот прос-
тор и од него се пристапува во четирите одаи и во кујната. Двете скали (лево и десно покрај
ѕидовите) водат кон чардакот, кој, исто така, е отворен кон дворот и со една третина од сво-
јата должина е извлечен пред фасадниот фронт. Ваквата организираност на куќната содр-
жина (идентични простории лево и десно од оската, две скали и др.) укажува дека се работи
за два стана, односно станува збор за братска куќа.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


90 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Општата аксијалност во компонирањето на објектот е спроведено доследно. Имено,


влезната фасада одразува симетричност во својата глобална слика, како во масите, така и
преку одделни архитектонски елементи. Но, исто така, и одделните партии сами за себе се
аксијални композиции: тремот и чардакот со средниот столб, двете скали и вратата од куј-
ните, како и левото или десното ѕидно платно кои се двојно симетрични. Дури и фасадните
платна од другите три фасади аксијално се компонирани.
Куќата на ул. „Гоце Делчев“ бр. 117 е изградена околу 1900 година и има приземје и
кат. Се наоѓа среде месноста „Три бреста“ и ja зафаќа аголната локација помеѓу спомената-
та улица и тесниот стрмен сокак, кој се искачува кон падините на Шара.
Организацијата на куќата е типична за оној вид објекти кои излегуваат на уличната
линија. Од улицата се влегува во ајатот низ двокрилна порта, а тој се надоврзува на дворот.
Кај овој објект на самиот агол во приземјето се наоѓа мал дуќан, а зад него и една одаја со
прозорци отворени кон дворот и ајатот. Покрај ѕидот на одајата, а во движната линија од
портата, поставени се еднокраки дрвени скали на кат.
Скалите излегуваат на чардакот кој има испрекршена форма, следејќи ja диспозици-
јата на просториите на катот (две одаи, одајче и кујна). Кај сите овие простории вратите се
поставени мошне вешто, така што за нив се ангажира минимум од корисната ѕидна површи-
на. Дел од чардакот кон улицата е исфрлен пред фасадното платно и е оформен доксат со
издигнато подно ниво, на кое се пристапува преку полукружно оформени скали.
Куќата кон улицата има нешто повисоко приземје (теренот паѓа на таа страна), кое
е изградено од кршен камен и малтерисано, а катот е од бондрук, исфрлен еркерски, без
косници. Се забележува тенденцијата за создавање симетрична архитектонска композиција
на катот, иако оската на симетријата е изместена, така што левиот и десниот дел на фасад-
ното платно во однос на доксатот не се со исти димензии. Всушност, се настојувало со пор-
тите и доксатот да се создаде еден мотив, како централен параметар во архитектурата на
уличната фасада. За одбележување се коректно обработените дрвени опшиви околу про-
зорците и по рабовите на катниот корпус.
Дворната фасада е поскромна: едно покомпактно ѕидно платно со прозорци од одаи-
те и транспарентна содржина на ајатот и чардакот на катот, со погледи кон цветната бавча.
На улицата „Тодор Циповски“ бр. 105 се наоѓа стара куќа (1880) со подрум, приземје
и два ката, сопственост на Младен Јаневски (порано на Олга Аврамовска). Поставена на
аголот од две улици, доминира со својот хабитус во околниот простор, а според својот из-
глед како да се изделува од вообичаената архитектоника на старите тетовски куќи, особено
во „конфигурацијата“ на волуменот.
Лоцирана на експонирано место, куќата, освен функцијата на станот, во приземјето
имала фурна и дуќан, од кои и денес останале дрвените ќепенци. Во карактеристичниот за-
творен трем - двор (ајат) се влегува низ двокрилната порта (ајатот се наоѓа надвор од ма-
тичниот корпус) и во него се наоѓаат скали за горните катови, скали за во визбата и ин-
терниот влез во фурната. Првиот кат има четири простории (чардак, две одаи и кујна) кои
се идентични по површина и форма. Вториот кат кој од двете страни (кон улиците) е исфр-
лен еркерски е организиран поинаку. Во него доминира пространиот чардак кој зафаќа ско-
ро две третини од површината, а тука се и една мала одаја и кујна. Чардакот со двокрилна
врата е поврзан со балконот, свртен кон улицата. Инаку, тоа е затворен тип на чардак. Виз-
бата е интегрален простор во форма на буквата „Г“.
Фасадата кон улицата „Тодор Циповски“ е најмаркантна архитектонска партија.
Иако силуетно (поради еркерското исфрлување на вториот кат) не е симетрична, направен
е обид тоа да се постигне. Се потенцира аксијалниот мотив (вратата на фурната во призем-
јето, опшивната штица на првиот кат и мотивот на балконот со вратата на вториот кат), кој
условува впечаток за симетријата на целата фасада. Југоисточната фасада не е архитектон-
ски убедлива и нема единство во изразот. Другите два фронта на објектот се блокирани со
соседните куќи.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


CTAP ATA TETOBCKA КУЌА 91

Една од тетовските куќи чија физиономија е дефинирана со уличниот фронт и со


долепените соседни куќи е и старата куќа од крајот на XIX век на ул. „Гоце Делчев“ бр. 119,
сопственост на Јоше Алексовски. Тоа е пространа куќа со мала визба, приземје и кат.
Низ големата двокрилна порта се влегува во широк ајат од кој се приоѓа до кујната
(од лева страна) и две простории со мала остава (од десна страна). Една од тие одаи има
врата кон дворот. Мошне импресивен впечаток остава поплочениот ајат и откриената кон-
струкција (столбови, греди, штици) на катот. Еднокраки дрвени скали водат кон катот. По-
крај кујната се издига дрвена платформа за седење и одмор во летните денови.
На катот доминира чардакот кој кон улицата е затворен, а кон дворот се отвора и
визуелно и физички контактира со дворната градина. Лево и десно се поместени четири
убаво опремени одаи со мусандри и дрвени тавани и една помала (осветлена) остава.
Иако квалитетно опремена во ентериерот, куќата нема еквивалент во надворешна-
та архитектонска обработка, особено кон улицата. Нешто исфрлениот кат врз приземјето
има едноставно ѕидно платно со редица прозорски отвори поставени во ритамот 3-2-3-2,
додека приземната партија е неартикулирана. Поинтересна архитектонска секвенца е двор-
ната фасада. Длабокиот засенчен ајат и чардакот на катот со профилирани архитектонски
детали имаат привлечна содржина, иако автохтониот изглед (впрочем како и кај уличната
фасада) денес е изменет со вметнување на несоодветни прозорци.
Старата куќа на улицата „Гоце Делчев“ бр. 39 (1880), сопственост на Бранко Митру-
шевски, е впечатлива градба, иако нејзината надворешна состојба е изменета со несоодвет-
на интервенција, со која ja загубила некогашната експресивност. Од една страна се потпира
на соседната куќа, додека другите три фронта се свртени кон улицата, сопствениот мал
двор и дворот на соседот. Ваквата констелација има одраз и врз организираноста на станот.
Објектот има визба, приземје и кат. Приземјето се состои од типично оформен ајат
(двокрилна порта кон улицата, скали кон визбата и за катот и влез во приземните простори
- кујната и една одаја), кој контактира со малиот поплочен двор. Основата на приземјето,
како и визбата имаат неправилни контури диктирани од уличната траса, а катот, донекаде,
е коригиран и се добиени поправилни простории. Чардакот (затворен) исцело го наткрива
ајатот, а до него има две одаи и една мала остава.
Интересен детаљ во чардакот е полукружната ниша чиј волумен конзолно излегува
на дворната фасада, а привлечно дејствуваат убаво оформените врати и некои од дрвените
тавани.
Куќата се одликува со интересна фасадна пластика кон улицата. Имено, врз неу-
трално третираното приземје, деловите од чардакот, одајата и оставата (поради коректура-
та на просторот со еркерското исфрлување во триаголна форма), формираат раздвижена
фасадна обвивка, со што се овозможува продолжена визура низ улицата, со што наедно е
создадена и мошне привлечна архитектонска секвенца на објектот. За одбележување е дека
и соседниот објект (од другата страна на улицата) обликовно е третиран на ист начин во
катната партија, па се создадени, условно речено, куќи „близнаци“.
Куќата на ул. „Велешка“ (на аголот помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Велешка“) е
една од оние стари тетовски куќи (изградена во 1896 година) која со својата архитектоника
доловува привлечна и сликовита целина. Нејзините широки чардаци доминираат со убавите
визури кон градската панорама и остваруваат вистински контакт помеѓу ентериерот и ек-
стериерот. Сопственост е на Блага Апостоловска.
Приземјето и двата ката имаат слична матрица на основите: надолжните ѕидови ги
одделуваат тремот и чардаците од затворените простории зад нив. Јасната и лесна тектони-
ка на објектот резултирала во привлечен архитектонски мотив. Приземјето има трем (де-
лумно ангажиран за „кујниче“ и бања) а преку него се влегува во пространа визба. Првиот
кат има голем чардак (низ целиот фронт на куќата), една одаја и кујна. Овие простории се
осветлени преку бочните ѕидови и преку чардакот. Вториот кат, освен чардакот, содржи
две одаи и помеѓу нив една помала просторија - „оџаклија“. Оваа програмска содржина на

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


92 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

станот најголемите квалитети ги има во чардаците, кои со поливалентната функција имаат


важна улога во домувањето.
Архитектонско-естетската компонента на објектот е неговата најголема вредност.
Едноставно но убаво е обликувана дворната фасада, како во глобалниот план, така и во од-
делни обликовни секвенци. Лесните столбови со профилиран греден систем, дрвената огра-
да на чардаците, истурените делови од чардакот во аксијалата на фасадата и триаголниот
фронтон како нивна завршница по вертикала, дрвените скали кои ja менуваат својата траса
и една општа проѕирност на овие простори, оддаваат впечаток на ненаметливост во компо-
нирањето, човекомерност и нагласена привлечност и интимност. Забележлив е и извесен
континуитет во композицијата со надоврзување на камената дворна ограда кон исто така
каменото приземје и тоа на некој начин (со портата и високото дворно зеленило) станува
нераскинлив дел од куќата.
Токму на она место каде што се завршува визурата од улицата „Кленоец“, на улица-
та „Истра“ бр. 31-а стои малку необична куќа, сопственост на Горе Стрезовски. Стрмниот
терен и неправилната локација на аголна позиција условиле малку необична градба од при-
земје и кат, со неправилна основа и жива тектонска структура.
Од улицата се влегува во тесен трем издигнат поради стрмниот терен за повеќе од
метар и од тоа ниво се пристапува во една одаја и кујна, кои имаат неправилни контури.
Стрмните дрвени скали се искачуваат на чардакот, од кој се влегува во две одаи. Чардакот
и една одаја еркерски се издадени врз приземјето, со цел, донекаде, да се изврши коректура
и да се зголеми корисниот станбен простор.
Ваквата содржина на куќата, составена од четири простории и чардак, спаѓа во по-
скромните станбени капацитети на старите куќи во Тетово. Архитектонското обликување
на куќата не подлегнува на некои однапред утврдени принципи, туку ги следи закономер-
ностите кои произлегле од локацијата и конфигурацијата на теренот (а во врска со тоа и од
концепцијата на основите). Заради тоа, општиот изглед на куќата не се вклопува во некои
од заедничките архитектонски белези на старите тетовски куќи и дејствува необврзно и до-
некаде анахроно. И, доколку ваквата констатација може да се смета како објективна, исто
толку егзистира фактот за создадена необична и привлечна примарна пластика (со издаде-
ните и вовлечените волумени) на објектот, која дејствува живописно и динамично.
На улицата „Гоце Делчев“ бр. 222 се наоѓа интересна стара куќа, сопственост на
Ратка Димитрова. Тоа е објект чија станбена содржина се развива во мошне тесен простор
(уличниот фронт на куќата е околу пет метри), но организационата шема на станот и при
такви услови успешно е спроведена, а добиена е и мошне привлечна, складна архитектура
на уличната фасада. Куќата е изградена во втората половина на XIX век. Куќата се развива
на три рамништа: визба, приземје и кат. Теренот кој паѓа кон дворот овозможил во задниот
дел на објектот (од источната страна) да се оформи визба со влез од страна на дворот. На
нивото на приземјето се наоѓа трем (ајат) кој се протега низ целиот објект по длабочина, a
од него се влегува во кујната и преку скалите се оди на катот. Катот, како и во повеќето ку-
ќи кои се изградени во густа структура на уличниот потег, има издолжен чардак (во овој
случај тесен поради мал простор), отворен кон улицата и дворот и од него се влегува во две
одаи и една мала остава. Убаво и рационално, во една целина, поврзани се скалите, долапот,
оставата и мал претпростор, заземајќи минимум простор на и така малата станбена повр-
шина на катот.
Надворешниот изглед на објектот се експонира само преку две фасади кон дворот и
кон улицата. Дворната фасада е едноставна и не поседува некои архитектонски квалитети,
додека уличната фасада, иако е компонирана со малку архитектонски елементи, поседува
одмерен и привлечен архитектонски графизам. Постигнат е хармоничен сооднос на полни и
транспарентни партии на фасадата: портата, прозорците и продорот на чардакот складно
проникнуваат со белината на ѕидното платно, а нагласената стреа го завршува овој, би мо-
жело да се каже, мондирајановски мотив. Интересно е да се одбележи дека парапетот кај
чардакот е изведен како полна површина и претставува продолжение на катното ѕидно
платно, што поретко се среќава кај старите куќи (најчесто е тоа дрвена ограда).

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


СТАРАТА ТЕТОВСКА КУЌА 93

Старата куќа на ул. „Косовска“ бр. 15 (изградена кон крајот на минатиот век), соп-
ственост е на Ангелина Серафимовска. Објектот е изграден на стрмен терен, а спаѓа во
оној вид објекти кои излегуваат на уличната линија, но влезот им е од кај дворот, поради
што изостанува карактеристичниот покриен ајат. И куќата во приземјето има стандарден
трем.
Објектот е составен од приземје и кат и се карактеризира со едноставна организа-
циона шема, во која доминираат тремот и чардакот, поставени во аголот на куќата. Во ма-
сивното приземје тремот подлабоко навлегува во куќата и од него се влегува во економски-
те простории - две визби и кујна. Преку дрвени скали се искачува на катот каде што се H a o ­
ra чардак и три одаи. Чардакот ja открива контурата на тремот од приземјето, а со еден свој
дел (издигнат за една скала) продира во длабочината на катот, овозможувајќи влегување во
двете повлечени одаи. Чардакот делумно е затворен а делумно отворен.
Архитектурата на куќата се експонира, главно, преку дворната (југозападна) фаса-
да и во општи црти, на некој начин, е архаична. He постојат рафинирани архитектонски
елементи со кои се одликува стандардната градска куќа, но таа пленува со едноставен лико-
вен третман кој буквално произлегува од нејзината содржинска концепција. Конструктив-
ниот состав, примарната и секундарната пластика, архитектонските детали и обработката -
се е тука и читливо и непретенциозно.
Куќата на ул. „Гоце Делчев“ бр. 122 е изградена пред крајот на XIX век и има изме-
нет изглед во однос на првобитната состојба. Имено, дел од фасадата свртена кон дворот, и
тоа на позицијата на чардакот, по се изгледа дека бил отворен, така што и во графичкиот
приказ на куќата е претставен како отворен чардак. Објектот е повлечен во дворот и со
еден свој ѕид се допира до соседната куќа.
Приземјето (изградено масивно во камен) содржи ајат во кој се влегува низ лачно
завршена порта (ретко присутен мотив), а од него се пристапува кон визба и преку скалите
на катот. Дел од скалите во ајатот имаат закриена форма. Основата на катот е еластично
организирана и на тоа ниво постојат две одаи, кујна и чардак. Чардакот, во својот поголем
дел, има правилна (правоаголна) форма, а делумно се завлекува меѓу одаите како неправи-
лен простор. Една од одаите е проширена со дополнителен простор чиј под е издигнат за
петнаесет сантиметри, а е осветлен со еден прозорец, единствен на таа фасада. Веројатно
служел за одмор и спиење.
Едноставниот и неубедлив волумен на куќата архитектонски е највпечатлив од
дворната фасада. Ниското приземје (оттука впечатокот куќата како да е „притисната“ од-
горе) има влезна порта и два прозорци од ајатот, додека катната фасада поседува обмис-
лена ликовна композиција оформена со три елегантни прозорци поставени во серија врз
компактно бело ѕидно платно со „контрапункт“ во темниот простор на отворениот чардак.
За одбележување е убавата обработка на вратите и прозорците.
На ул. „Гоце Делчев“ бр. 18 се наоѓа стара куќа (изградена во 1886 година) сопстве-
ност на Душко Дојчиновски, која со соседниот објект има заеднички покрив. Навидум неу-
бедливиот изглед од улицата (како и оној кон дворот), всушност затвора мошне интересно
организиран простор на станот.
Куќата, гледано од улицата, има приземје и кат, но теренот што паѓа кон дворот
овозможува интерполирање на визба и тоа по целата должина на објектот. Приземјето има
типичен ајат со масивна двокрилна порта кон улицата, а од другата страна се надоврзува со
дворното пространство. Падот на теренот условил подот на ајатот да биде каскадно изве-
ден, со што е обезбедено удобно движење. Преку чардакот, кој се оформува во просторот
на ајатот, се влегува во кујната и едната одаја. Катот, пак, содржи чардак со балкон кон
улицата, две поголеми и една помала одаја.
Најуспешно обликуван простор е чардакот на нивото приближно исто со уличната
кота. Имено, скалите за овој чардак и другите за на кат, заедно со платформата на чарда-
кот од приземјето чинат интересна композиција во затворениот простор на ајатот. Присут-
на е далечната асоцијација на дворното пространство (со стариот конак и трпезариите) во

АРХИТЕКТУ Р AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


94 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски. Овој чардак е осветлен со два прозорци од
страната на дворот. Чардакот на катот (кој е и најголем простор на ова ниво) кон улицата
има балкон со железна ограда, но тој, како и другите елементи на уличната фасада (портата
и прозорците), не оформуваат некоја забележлива ликовна композиција на фасадното плат-
но. Таа дејствува неартикулирано и е под нивото на внатрешните просторни квалитети.
Таму каде што ул. „Гоце Делчев“ во почетокот на својата траса се проширува, лоци-
рана е интересна куќа, сопственост на Јованка Самоиловска, изградена кон крајот на мина-
тиот век. Покрај куќата се наоѓа сосема мал двор, преку кој се влегува во објектот кој има
приземје и кат.
Во габаритот, чии димензии се приближно 7 х 8 м, организиран е стан од седум стан-
бени единици со мошне рационално искористен простор. Во приземјето се наоѓа трем
(ајат), со удобни скали за на кат, и од него се влегува во кујната па во визбата. Необично е
решен средишниот дел на приземјето каде што се собираат ѕидовите од гореспоменатите
три простории. Со дрвените скали се доаѓа на чардакот од катот. Поставен во јужниот агол
од катот, свртен кон дворот и делумно кон улицата, има исфрлен доксат со поиздигнат под.
Од чардакот се влегува во трите одаи со концентрирана позиција на вратите, што е постиг-
нато со „засечување“ на аглите на одаите.
Куќата припаѓа на оној вид објекти во кои и дворната ограда како и портата уче-
ствуваат во дефинирањето на нејзиниот изглед од страна на улицата. Во овој случај мошне
успешно (всушност, уличната фасада нема некоја впечатлива пластика) експресијата е до-
ловена со „течењето“ на ѕидното платно од објектот кон дворната ограда, а на тој фон се
експонираат прозорците и портата и занимливата секвенца на малиот еркер од чардакот и
доксатот, потпрен со профилирана конзола. Рустичната структура на покривните ќерамиди
и онаа со која е покриена дворната ограда, на успешен начин, од горната страна, ja завршу-
ваат контурата на уличната фасада.

Дисиозиција на куќаша на релација улица-куќа-двор

Старите тетовски куќи, зачувани најмногу во западниот дел на градот (под падините
на Шара), создаваат згусната урбана структура, определена со уличните потези, ориентира-
ни, главно, во правецот север-југ. На овие подолги улични правци се надоврзуваат напреч-
но поставените сокаци, потесни и стрмни.
Уличните потези, конфигурацијата на теренот, ориентацијата и големината на ло-
кацијата биле основни параметри во определување на диспозицијата на куќата во рамките
на локацијата. Иако кај тетовските куќи, кога станува збор за диспозицијата на куќата, по-
стојат разновидни варијанти, со елиминирањето на помалку битните специфичности, можно
е да се дефинираат неколку основни видови на лоцираност на куќите на релација улица-ку-
ќа-двор.
Често среќавана констелација се однесува на куќата која е изградена на уличната
линија и од двете страни е допрена до соседните куќи, така што има само две фасади - кон
улицата и кон дворот.
Во ваков случај дворот најчесто е широк колку и фронтот на куќата, а менлива е
само неговата длабочина. Двокрилната порта овозможува комотно да се влезе во ајатот
(тремот) кој се надоврзува на дворното пространство.
Доколку трасата на улицата ги следи изохипсите на теренот во правецот север-југ
(а тоа е чест случај), тогаш дворот, зависно од неговата длабочина, има помал или поголем
пад кон куќата или од куќата, во зависност од која страна на улицата е изградена куќата.
Ваквата структура и стрмнина на теренот е присутна и во ајатот, така што овој пад понеко-
гаш се регулира со каскадно оформени платформи.
Дворот најчесто е со мала површина и во него се наоѓа некој од помалите помошни
објекти од економски карактер, доколку визбата не ja презела целосно таа функција. Цвет-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЛA


CTA PAT A TETOBCKA КУЌА 95

ната градина и високото зеленило се маркантни белези на дворот кај старите тетовски ку-
ќи, па иако најчесто се одгледувани на мали дворни површини, претставуваат вистински
украс и наедно создаваат пријатен микроклимат.
Една подваријанта на претходната ситуациона шема е куќата лоцирана на агол од
две улици на кои излегува со два фасадни фронта, а со другите два (или со едниот) се допи-
ра до соседните објекти. Општата диспозиција во локацијата е слична како во претходниот
случај (влезна порта - ајат - двор), со таа разлика што ајатот честопати е странично поста-
вен (доколку куќата се допира до соседната со дворнито фронт), за да се обезбеди контакт
со дворот.
Поповолно локациски услови имаат куќите кои имаат двор кон улицата. Всушност,
во куќата се влегува од дворот, па тремот (ајат) е отворен само кон него. Зградата може да
ги има слободни сите фасади, но најчесто со еден или два фронта е допрена до сосендите.
Ваквите куќи имаат камена дворна ограда и порта, кои заедно со самата куќа создаваат
интегрална ликовна целина, мошне впечатлива и привлечна. Тука, на катот, се јавува про-
стран отворен чардак (често со доксат) кој остварува тактилна врска со дворниот амбиент.
Цветната бавча, дрвјата, а особено лозницата (не ретко и таа е присутна), мошне активно
се вклучени во општата слика на ансамблот, кој недвојбено е мошне живописен, но, пред се,
пријатен и удобен.
Таму каде што стрмниот терен полека преоѓа во рамна површина се среќава нова
ситуациона шема, прилагодена кон поинакви конфигурациони услови. Имено, рамниот те-
рен овозможил нови решенија во куќната локација, па ансамблот, иако изгубил од простор-
ната динамичност, добил некои други квалитети. Пред се дворот честопати, е поголем
отколку кај куќите кои се лоцирани на стрмниот терен, па оттука произлегла и можноста
куќата да биде слободно поставена во дворот. Најчесто, таа е повлечена во дното на дворот,
а пред неа се јавува цветна бавча со високо зеленило. Па и самата куќа добива поинакви ка-
рактеристики во организираноста на станот и во обликувањето во споредба со претходно
спомнатите. Преовладува симетрична композиција на куќата, која слободно се отвора (со
тремот, чардакот и прозорците) кон дворното пространство.
Во овие зони (со рамен терен) постои еден интересен мотив кој го збогатува двор-
ниот амбиент и го чини мошне привлечен. Имено, низ некои дворови (надоврзувајќи се од
двор во двор) се провлекува јаз со истечна вода, која некогаш имала забележлива улога, по-
веќе отколку што е тоа само сликовитост.
Најскромни амбиентални квалитети имаат куќите без дворови. Кај нив оваа важна
компонента во домувањето е елиминирана поради немање простор, бидејќи станува збор за
куќи кои се изградени на мошне тесен простор, на стрмен терен. Тие куќи во неколку густи
групации се лоцирани на повисоките позиции - на самиот раб на градот, кон планината.

Оишши иринциии на ирограмскаша организираносш на куќаша

Следејќи ja претходната анализа на поедините куќи во градот, може да се добие


општа претстава за старата тетовска куќа. Исто така, од неа произлегуваат и општите
принципи на нејзината оформеност кои ги определуваат нејзините специфичности.
По својата програма, тетовската куќа има сосема развиена содржина на градска ку-
ќа, со категорична поделба на три функционални групи кои ги задоволуваат потребите за
работа, одмор и прием. Реализацијата на оваа поделба е доследно спроведена во сите куќи и
тоа по вертикала. Според тоа, тетовската куќа скоро никогаш не се јавува како приземен
објект, туку со приземје и еден или два ката. Во масивно изградената приземна партија сме-
стени се просториите за домашна економија кои се состојат од една голема или две помали
визби, кои служат за сместување на огрев, алати и прехранбени артикли. Исто така, ка-
рактеристично за тетовската куќа е што во приземната партија, скоро редовно, се поставу-
ва и кујната.

АРХИТЕКТУ РAT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


96 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Доколку се јави кујна на катот, тогаш онаа во приземјето добива улога на исклучиво
летна кујна и најчесто има помали димензии, од што произлегло и нејзиното име „кујниче“.
Честопати, поради поголема стрмнина на теренот, или со цел да се добие поголема
станбена површина, се јавуваат и сутеренски простории во кои се сместуваат визбите, a
приземјето добива станбена функција или се искористува за сместување на дуќан и негови
помошни простории.
Влезната партија на куќата се наоѓа во приземјето и таа секогаш опфаќа голема по-
вршина под името трем, ајат или двор, кој претставува полуотворен простор. Страната на
неговата оптовареност е во зависност од локациската одреденост на куќата. Доколку куќа-
та со својата предна фасада се наоѓа директно на уличниот фронт, тогаш е сосема логично
ајатот да биде затворен од таа страна, а се отвора кон спротивната - кон дворот. На тој на-
чин од екстериерот (улица) се влегува во куќниот ентериер, кој нема свој завршеток по дла-
бочина, бидејќи завршува во екстериерот (двор, градина).
Ако пак куќата е слободно поставена среде поголем двор или дворот се наоѓа пред
неа, тогаш ајатот е отворен од предната страна и затворен од задната. Во овој случај прео-
дот од дворниот екстериер кон куќниот ентериер е незабележлив. Она што важи и за двата
случаи е фактот што ајатот претставува дворно продолжение кон куќата или куќно продол-
жение кон дворот. Токму заради својата особеност тремот понекогаш ja восприема функци-
јата не само за комуникација туку и на простор во кој се организира пријатен одмор или
полесна работа, со што, донекаде, се поклопува со функцијата на чардакот, кој обично е
сместен на катот.
Тремот понекогаш е во пад или решен каскадно, следејќи го падот на теренот и
дворната површина.
Првиот кат е простор каде што се одвива животот на семејството. Негов фокус е
чардакот околу кого се редат одаите. Како што беше понапред споменато, тука се наоѓа и
попространа станбена кујна. Доколку се појави и уште еден кат, што не е редок случај, то-
гаш првиот кат ja има улогата на зимски стан, а најгорниот е летен стан и простор за прием
и репрезентација.
Кај некои куќи, кои денес се зачувани во многу мал број (а старите фотографии
укажуваат на тоа дека ги имало во поголем број), на најгорното ниво, кое може да биде тре-
то или дури и четврто, над просторот на чардакот се јавува само една просторија во вид на
видиковец - т.н. „баба финга“.
Врската на приземјето со катовите се остварува со дрвени скали, кои, редовно, се
еднокраки и кои имаат таква позиција во просторот што овозможува максимална заштеда
на просторот и најдобро функционирање. Тие поаѓаат од ајатот во приземјето, а излегуваат
во чардакот на катот.
Во вертикалното совладување на просторот кај некои куќи, скалишниот крак се
прекинува на одредено место, за да би се створил подест од кој се влегува во кујната и ода-
јата на зимскиот стан, па потоа повторно продолжува кон катот, задржувајќи го истиот пра-
вец на движење, или се прекршува.
Ваквите разрешувања создаваат од тремот атрактивен простор во кој се јавуваат
отворени галерии, преку кои се пристапува во одаите.
Ајатот и чардакот се главни јадра околу кои се организира целокупната функцио-
нална шема на тетовската куќа. Притоа, тие се нераздвојно поврзани простори: и комуника-
циски и по позицијата во куќата и по отвореноста кон надворешниот простор. Анализите на
куќите покажуваат дека позицијата на ајатот во приземјето ja обусловува позицијата на
чардакот на катот. Исто така, и правецот кон кој е отворен ајатот многу често се повторува
и кај чардакот. Овие два простора скоро редовно се еднакви и по површина.
Во зависност од сето претходно може да се издвојат четири до пет типа на простор-
на организираност на куќата од кои произлегуваат неколку подваријанти, а кои многу пове-
ќе се видливи во надворешното обликување на објектот отколку во внатрешната организа-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЛА


CTAP ATA TETOBCKA КУЌА 97

ција. Она што e веднаш видливо е тоа што функционалната шема, како карактеристичен
тип, е во директна зависност од локацијата на која куќата е поставена, односно од нејзината
ситуација. Во делот од градот каде што стрмнината на шарпланинските падини е најголема
(улицата „Гоце Делчев“ и целиот градски појас над неа) се јавуваат од 2 до 3 типа на куќи.
Тоа се куќи кои директно излегуваат на улицата и чии дворови се наоѓаат од задната страна.
Онаму каде што фронтот по кој се развива куќата е поширок, се јавува симетрично
решение со централно поставен ајат во приземјето и чардак на катот. Лево и десно од аја-
тот се поставуваат визбите, а на катот од чардакот најчесто се влегува во четири одаи од
кои едната е кујна.
Следната варијанта е онаа каде што локацијата е потесна и нема доволно простор
за реализирање на побогата содржина. Тука чардакот и ајатот се поставени странично, распо-
ложувајќи се по целата длабочина на куќата. Ајатот е отворен кон задната дворна партија, a
чардакот може да е двострано отворен, само кон улицата или кон дворот.
Како подваријанта на овој тип куќа се оние куќи каде што еден дел од приземната
партија се ангажира за душан. Меѓутоа, тенденцијата за подредувањето кон основниот тип
се огледува во тоа што содржината на катот како и позицијата на ајатот, неговата отворе-
ност и сл., остануваат непроменети.
Третиот тип организација се јавува таму каде што нема двор поради фланкираноста
на објектот со соседи. Во тој случај тремот и чардакот се сместуваат на еден од аглите на
куќата, а станбениот дел се расположува во вид на буквата „Г“-
Се чини дека еден од примерите каде што куќата најмногу го експонира она што се
означува како тетовски белег, е оној ако дворот се наоѓа пред куќата, широк колку што е и
таа. Влезот во куќата е преку дворниот простор. Тука се чувствува извесна тенденција за
симетричност не само во организацијата, туку и во обликувањето на куќата. Чардакот на
катот го зазема целиот фронт на куќата и во неговата длабока сенка се наоѓаат простори-
ите за живеење. Многу често овој тип на куќи подразбира приземје и два ката, при што на
првиот кат се наоѓа зимскиот стан, а на вториот летниот стан. Честопати, чардакот има
доксит на средината, со што како да се стреми да ja нагласи нејзината симетричност иако во
распределбата на просториите, таа, секогаш, не е строго запазена. Потенцирањето на оваа
постапка е изразено со појавата на триаголен фронтон во фасадното третирање на објектот.
Куќа со „баба финга“ е чисто тетовска варијанта на отворена куќа чардаклија, со
присуство на посилно исфрлени доксати. Вакви куќи, веројатно, имало повеќе, но денес ги
има во мал број, а нивната експресивност е силна. Најдоминантен елемент во оваа шема
претставува видиковецот - „баба финга“ во поткровјето.
Уште еден тип, кој може да се смета за исклучително тетовска појава, се слободно по-
ставените куќи, кои се среќаваат под улицата „Гоце Делчев“, каде што теренот има помали
падови, а со поретки исклучоци и во горниот дел на градот. Овие куќи се стремат кон си-
метрично решение. Тие подразбираат централно поставен трем и чардак, но кој не ja опфа-
ќа целата длабочина на куќата, и кој остава доста голем простор за распределување на
затворениот станбен простор. Во сутерен со помала катна височина се поставуваат визбите,
а куќата има уште два ката. Нагласувањето на симетричноста, како во основата, така и во
фасадата, оди и преку поставување на неколку скали во оската на објектот, кон нивото на
приземјето со што куќата добива извесен репрезентативен изглед. Чардакот може да е
отворен, со продолжение во доксат, или затворен, кога се јавува мал балкон.
Подваријанта на овој тип претставуваат братските куќи, кои, од своја страна, сосема
ретко се среќаваат во христијанскиот дел на Тетово. Тука, до крајна мера, се искриста-
лизирало симетричното решение на куќата, кое доследно е спроведено и во основата и во
надворешното обликување. Притоа, се формираат два наполно идентични стана.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


КРАТОВСКА КУЌА - СОДРЖИНА И ФУНКЦИЈА

Најголем развоен степен и архитектонски дострел е достигнат при граѓанската куќа


градена за трговци и занаетчии, како и за богатите бегови.
Куќите се индивидуални - за една фамилија, а поретко за две фамилии, т.н. братски
куќи.
Кратовските куќи најчесто се слободно поставени по падините, во мал двор ограден
со ѕидови, следејќи ja конфигурацијата на теренот, со меандрирање по хоризонтала, со што
се добиваат слободни визури. Во маалата, кои се надоврзуваат кон средиштето на населба-
та, се среќава погуста изграденост со куќи поставени еднододруго на улична линија, како на
пример на улицата „Црн Врв“ или пак на брегот на Табачка и Манцина Река, каде што ку-
ќите се издигаат од карпите со кои органски се поврзани. Ова се одразува и во просторната
композиција и во хоризонталната диспозиција на куќите. Така, куќите во зоните со позгу-
стена изграденост најчесто имаат приземје и два ката и се слободно решавани во основата
со цел во ограничениот простор да се постигне најзадоволително решение. Од друга страна,
пак, кај слободно поставените куќи, кои се асиметрично решавани, се чувствува и определе-
на шема на решавање на основите. Тие куќи може да бидат и со приземје и кат или пак со
сутерен, приземје и кат. По периферните краишта на маалата куќите, обично на доселени-
ци од околните села, се поедноставни во програмата и во архитектонскиот израз.
Во дворовите на куќите што обично имаат неправилна основа, покрај куќата се нао-
ѓаат и други помали објекти, како што се летна кујна, казанџилница (за варење ракија), по-
тоа нужник - але. Понекаде во дворот се среќава и чешма. Исто така, од помошните објек-
ти може да бидат групирани, на пример, летна кујна и казанџилница или пак некој од нив да
биде вклопен во тремот, на пример, амбар, казанџилница. Цвеќето, лозата и понекое овош-
но дрво го оживуваат дворот и прават пријатен кат за одмор и работа.
По формата на основите, куќите се со квадратна, правоаголна и прекршена основа.
Слободно поставените куќи имаат најчесто правилна основа, додека стеснетото градилиш-
те и потребата од простор често диктирале примена на неправилна форма на основите, што
се одразило и во општата просторна композиција на куќите.
Инаку, по својата програма, кратовските куќи имаат развиена содржина со нужните
простории за задоволување на потребите од работа, одмор и прием. Тоа се следниве групи
простории: стопански, домаќински, станбени, санитарни и простории за комуникации.
Стопанските простории ги сочинуваат: визби (заемник) - една или две; домаќинските - куј-
на, летна кујна; станбените - одаи за престој, спални, гостинска одаја и чардак; санитарните
- бањи (амами), нужник (але), водник (кухињич); комуникациите - трем, чардак.
Просториите се групирани, според нивната намена, во посебни целини што се меѓу-
себно поврзани со вертикални и хоризонтални комуникации. Така, кај зградите на приземје
и кат, во приземјето обично се наоѓаат тремот - отворен или затворен, визбите и кујните.
100 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Ha катот се чардакот и одаите, од кои една е за прием, т.н. голема одаја, а една или
две помали простории - спални соби. Како пример ќе ja наведеме куќата на Глигорови на
ул. „Црн Врв“ бр. 65. Но кај куќите со приземје и кат може да се сретнат и такви решенија
кај кои во приземјето, покрај тремот, се сместени само стопанските простории, а кујната е
сместена на катот до станбените простории со кои оформува една функционална целина,
како на пример кај куќата на Манасови на ул. „Арсо Трајчев“ бр. 4.
Кај куќите со приземје и два ката, во приземјето се сместени тремот и визбите. На
првиот кат се наоѓаат чардакот, кујната, зимската одаја и една помала просторија - одајче.
На втриот кат се чардакот, големата одаја и уште една или две простории што служат како
спални соби. Како пример на двокатни куќи каде што го следиме спомнатиот распоред на
просториите ќе ги наведеме куќата на Павле Бидиков на ул. „Црн Врв“ бр. 80 и куќата на
Топукови на ул. „Белградска“ бр. 1.
Тремот, како што спомнавме, може да биде отворен или затворен. Кај куќите во зо-
ните на погуста изграденост тој има и улога на двор. Затоа често тремот го викаат и двор.
Покрај основната функција, како простор за комуникација во тремот може понекогаш да
биде сместен и нужникот, казанџилницата или амбарот. Значи, тремот често има и улога на
стопански простор. Неговата форма и размери се различни, во зависност од теренот и од
диспозицијата на куќите.
Чардак е составен дел на секоја кратовска куќа. Го среќаваме како отворен или
како затворен. Неговата намена е повеќекратна - како простор за комуникации, одмор и
работа. Често чардакот има истурен дел - доксат - со издигнат под, каде што се формира
простор за седење.
Анализирајќи ги кратовските куќи можевме да констатираме различна положба на
чардакот и во основата и, воопшто, различна форма на чардаците. Најчеста е онаа кога
чардакот го зазема средишниот простор и се протега во форма на буквата Г, со доксат на
предната страна. Инаку, чардакот може да го зафати и предниот дел од основата на катот,
може да биде бочно поставен или пак слободно воден, често и со неправилна форма, обично
кај куќите со прекршена основа.
Кујната е, како што спомнавме, сместена во приземјето или на катот. Покрај кујна-
та се среќава мокра батерија за миење садови - „кухињич“, која може да биде и во самата
кујна. Во кујната се сместени огништето за готвење храна и долапи за чување садови и друг
прибор. Во некои куќи од кујната директно се влегува и во нужникот. Летната кујна ja сре-
ќаваме во дворот, така што во топлите лета е избегнато загревање на просториите во сама-
та куќа.
Посебен интерес во кратовските куќи претставуваат санитарните простории. Под
влијание на муслиманите, во куќите среќаваме бањи - „амамлик“. Тие се наоѓаат до огни-
штата и имаат подигнат под за затоплување.
Водникот, за кој веќе стана збор, може да се појави во кујната, покрај кујната и
како посебен мал простор пред нужникот.
Нужникот во кратовските куќи често се среќава во склопот на станот или објектот.
Може да биде поставен до кујната, со посебен влез од просторот каде што е сместен водни-
кот, или пак, како што наведовме, со влегување од кујната. Го среќаваме на чардакот или
крај скалите. Вакво сместување на санитарниот јазол во склопот на станот поретко се сре-
ќава во другите градови. Нужникот може да биде сместен и во тремот или пак во дворот до
влезот, што е инаку најчеста појава во Македонија.
Станбените простории ги претставуваат собите — одаи. Тие често и еластично се
употребуваат. Иста просторија може да служи за дневен престој и да се преуредува за спие-
ње. Тоа најчесто доаѓа до израз во собите на првиот кат, кај зимската одаја на пример.
Приемна просторија - голема одаја - самиот назив укажува дека просторијава е со
поголеми димензии, таа е пристапна откај чардакот.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


КРАТОВСКА КУЌА - СОДРЖИНА И ФУНКЦИЈА 101

Станбените простории се опремени со вградена покуќнина, најчесто групирана на


една страна од просторијата. Тоа се мусандри, долапи, миндери.
Покуќнината е мошне функционална и овозможува непречено користење на про-
сторот.
Просторот во кратовските куќи е изразито функционално решен.
Диференцирањето на просториите според нивната намена, нивното групирање и по-
врзување, како и флексибилноста во нивното користење е една од најзначајните одлики на
кратовските куќи. Димензионирањето на просториите е според нивната намена, а внатреш-
ната опрема - покуќнината - овозможува максимално користење на просториите, при што
материјалот од кој се изработени - дрвото, му дава на ентериерот посебна топлина.
Постоењето на бања, една или две во куќата, обезбедува одржување на личната хи-
гиена. И поставувањето на нужникот во склопот на станот е исто така муслиманско влија-
ние.
Поставувањето на повеќе прозорци овозможува добро проветрување и осветлување
на просториите, па според тоа куќите ги имале сите предуслови за хигиенско живеење и
одржување.
Сето ова ни дава слобода да констатираме дека кратовската куќа од минатиот век,
всушност, ги решила основните проблеми во организирањето на станбениот простор и по-
нудила релативно висок станбен стандард, односно дека кратовците имале развиена станбе-
на култура.
Внатрешната содржина на одделни куќи се одразува и врз надворешниот изглед.
Куќите со прекршени основи имале поразвиена просторна пластика. Исфрлувањето на ка-
товите ja збогатува архитектонската пластика, а доксатите, кои најчесто завршуваат со
триаголен фронтон, ja потенцираат просторната пластика. Камената ѕидарија во приземје-
то органски се поврзува со карпата од која поникнува. Ритамот на дрвените косници и ис-
фрлената стреа ja збогатуваат архитектониката на објектот. Односот на полното и празно-
то, големината на прозорците, нивното групирање укажуваат на логичен соодност меѓу
функцијата на определени простории и обликувањето на надворешноста на куќите.
Контрастните ефекти на рустичното приземје и малтерисаните катови се изразени
низ примената на материјалите, нивната обработка и колорит.
Ништо не му е препуштено на случајот, се е логичен одраз на функцијата и на кон-
струкцијата кои народниот мајстор толку успешно ги обединил во една архитектонска це-
лина.
Логичноста, доследно спроведена во функционалните решенија на куќите, е приме-
нета и во употребата на конструкцијата и градежниот материјал, на кои одделно ќе се освр-
неме.
Куќите на Турците, наспроти некои свои специфики, благодарение на месните тра-
диции и учеството на македонски мајстори во нивната градба, се под нивно силно влијание,
што се гледа во архитектонскиот израз, во конструкцијата и материјалите, во единството на
деталите и во внатрешната обработка. Но, исто така, во кратовските куќи се присутни и му-
слимански влијанија, кои доаѓаат до израз особено во санитарните простории, како што се
бањите и нужникот во склопот на станот, што укажува на заемни влијанија.
Но, како типичен пример од муслиманската станбена архитектура во Кратово ќе го
наведеме Сарајот.
Комплексот на Сарајот, изграден за Јашир-бег во втората половина на XIX век, де-
нес делумно зачуван, се наоѓа меѓу Грофчански и Сарајски мост, на левиот брег од Табачка
Река.
Според катастарскиот план на Кратово и според раскажувањата на постари луѓе,
може да се согледа содржината на комплексот на Јашир-беговиот сарај. Врз нивна основа
ќе се обидеме да ja прикажеме и неговата реконструкција.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


102 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Сарајот се состоел од повеќе објекти, меѓу кои се истакнувале зградата на саламла-


кот и зградата на харемлакот. Меѓу двете згради постоеле објекти што најверојатно служе-
ле како помошни згради. Целиот комплекс бил ограден со ѕидови, а во дворот се наоѓале и
чешма, кладенец и зеленило.
Од целиот комплекс е зачувана само зградата на селамлакот, и тоа во доста лоша
состојба.
Овој објект е со богата програма изразена низ содржината на катот. На катот се
приоѓа преку надворешни скали, а постои и топла врска со приземјето, каде што биле сме-
стени шталата и визбата. Дел од приземјето, со пристап од дворот, се користел за живеење,
најверојатно за прислугата.
Одаите на катот се поставени лево или десно од чардакот, кој се протега низ сре-
дишниот дел на објектот и завршува со доксат истурен накај Табачка Река. Некои одаи
имале и бања.
Надворешноста на објектот се одликува со развиена просторна пластика, со истуре-
ни доксати што завршуваат со полукружен фронтон.
Забележлива е и определена ритмиката на прозорците од катот кои се групирани
по два, три и четири. Посебно импресионира архитектурата на зградата спрема Табачка
Река, на чиј брег се надоврзуваат приземните ѕидови градени од камен, кои високо се
издигаат над реката.
Куќите на христијанското и муслиманското население, како што веќе наведовме, ги
граделе мајстори-Македонци. Оттука произлегува и единството во архитектонскиот израз
кој се потпира врз традицијата.
Мајсторите-ѕидари доаѓале од блиското село Шлегово, како и од Кривопаланечко.
Мајсторите биле специјализирани за одделни занаетчиски работи. Така, на пример, за изве-
дување на покривните конструкции доаѓале мајстори од селата Опила и Крилатица. Резби-
те, пак, ги изведувале мајстори од Дебарско, каде што овој уметнички занает бил посебно
развиен.
Мајсторите групирани во тајфи, и покрај својата анонимност (досега не сретнавме
означување на имиња на градителите на куќите), успеале да создадат објекти што претста-
вуваат висок дострел во областа на станбената архитектура од минатиот век.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНША


БИТОЛСКАТА КУЌА КОН КРАЈОТ НА ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ

Битола, голем и богат град на Отоманската империја, со важен стратешки гарнизон


на аскер наменет за смирување на вечно побунетите народи на Балканот, бил значаен
трговски центар и место за размена на производите. Во него се слевале производи и од Ис-
ток и од Запад. Тоа е град чие население било сочинето од најшироколик мозаик на нации:
Грци, Цинцари, Евреи, Шиптари, Турци, Македонци. Тој град „на кој му давале печат тур-
ското стопанство, грчката култура и цинцарската вештина“ има своја бурна историја. Во
осцилациите помеѓу процутите и паѓањата, словенските македонски маси, често во малцин-
ство, гладни, обесправени, некултурни и, за време на турскиот период на владеење, изложе-
ни на најразлични врбувања, сепак останаа онаа незаобиколна и неуништлива основа што
стана носител на неговиот развиток.
Погодните предности од геополитичката положба на градот во Отоманската импе-
рија - на важен трговски центар на големи области: корчанската, охридско-преспанската,
дебарската и прилепската, кој повремено стануваше и важно административно средиште
дури и на румелискиот вилает, беа нарушени со воспоставувањето на новите граници по
ослободувањето. Тоа веднаш се одрази и врз бројот на населението: од 60.000 жители,
колку што изнесуваше бројот на населението и големината на градот во периодот на него-
виот најголем процут кон крајот на XIX век, по првото ослободување опаѓа на под 30.000.
Оваа втора бројка не е многу надмината ниту денеска. Меѓутоа, неуништливите
природни богатства на неговата заднина и традиционално претприемливиот дух на негово-
то население, сигурно ќе станат солидна основа за натамошниот развиток на градот и по-
крај неговата денешна периферна положба.

Сшарошо јадро

Ако податоците за џамиите што ги дава Ј. Хаџи-Васиљевиќ*1 се точни, тогаш може


приближно да се утврди и најстарото јадро на градбите. Зашто, ако џамијата Азрети-Иса на
Битпазар првобитно била црквата Св. Воскресение, Скршената џамија - црквата Св. Нико-
ла, џамијата на Овчиот пазар - црквата на Св. Апостоли, а Сунгур-чауш џамијата била ма-
настир, тогаш веројатно просторот околу нив е најстариот дел на градот, создаден уште
пред турското освојување. Тоа е приближно и денешниот центар. Меѓутоа, постоењето на
многу стари џамии, расфрлани по целото денешно ткиво на градот, сведочи дека градот,
веднаш по освојувањето од страна на Турците, бил силно колонизиран и дека уште рано мо-
рал да ja има речиси својата денешна површина, освен, се разбира, неспорно новите делови
од градот, како Смилевскиот Баир и Јени Мале на исток, Михаџир Мале на запад и некои
S m estaj, r a z v o j o b lik a i o sn o ve b ito ljsk e kuce p r i koncu turske v la d a v in e , Univerzitet u Beogradu, Zbornik
Arhitektonskog fakulteta, III knjiga, 1956/1957.
1J. Hadzi-Vasiljevic, Grad Bitolj, 1911.
104 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

јужни делови од градот. Турците развиле град од другата страна на Драгор, на косината на
Баирот и под него, а од десната страна на реката во рамнината помеѓу Драгор и Курдере, од
центарот кон запад.
Интересно е дека во нашите јужни градови речиси не се чувствува органската хие-
рархија центар - периферија. Вистина е дека во центарот се наоѓаат најголемите џамии, но
и во периферијата, односно во оддалечените делови од градот, исто така има куќи на бога-
таши (од феудален тип). Во сите делови на периферијата има и џамии, па така за тие градо-
ви, како и за Битола, повеќе може да се каже дека се збир на еднакво вредни елементи -
маала (освен чаршијата), отколку динамична целина со правец на опаѓање од центарот
спрема периферијата.
Општо земено, односите во еден голем град со трговски карактер каков што беше
Битола, стихијата на купопродажбата и делењето на парцелите, влијаело на нерамномер-
носта, односно на неправилниот развој на ткивото на градот. Дури, ситнењето на парцелите
често ja нарушувало и законитоста на ориентацијата на куќите, на која во турско време
толку многу се внимавало. Но, во сместувањето и ориентацијата на куќите во Битола сепак
можат да се уочат и определени постапки.

Каракшерисшики на смесшувањешо на зградише

Ако правецот на улицата е исток-запад, тогаш кај длабоките парцели, на северната


страна на улицата, зградите се повлекуваат од уличната линија во дворовите, а куќата се
потпира на западниот раб на парцелата така што се добива простор и од исток и од југ.
Куќите, пак, на јужната страна на улицата во истиот правец на градот се сместуваат на самата
улична линија, со два задолжителни издадени делови на катот (еркери) спрема улицата (на
северната страна) и со голем средишен отворен трем од дворот (кон југ). Интересно е дека
куќите со два испади на катот, што е посебна карактеристика на архитектурата на Битола,
во целиот град се речиси секогаш со таа своја страна свртени кон север.
Ако парцелите се тесни и релативно плитки, тогаш куќите на северната страна на
улицата во правец исток-запад се ситуираат во дното на парцелата, на сите три граници, a
самата зграда добива трем долж целата дворна - јужна фасада.
Ако улицата е во правец север-југ, нејзината источна страна се гради на линијата,
за позади да се добие двор спрема исток, а западната страна на улицата од истата ориента-
ција се гради повлечено во длабочина на дворот, за повторно пред зградата да се добие про-
стор ориентиран кон исток. За целата јужна половина од градот е карактеристично дека
уличните фасади секогаш се полни со отвори, па дури и северните улични понои. Целосно-
то отсуство на отвори на куќите од страна на улицата, каков што е, на пример, обичајот во
Пеќ, во Битола одвај може да се сретне и тоа кај одделни големи куќи во северниот дел на
градот, на Баирот. Изолацијата на внатрешниот живот на куќата се постигнува само со
дрвени мрежи на прозорците. И според ова, куќите на Битола имаат градски, граѓански ка-
рактер.

Блокови

И покрај неправилноста и произволноста на уличната мрежа надвор од центарот на


градот, одделни улици во западниот дел образуваат речиси правилни блокови. Паралелно
со Драгор, во правец исток-запад, улиците „Охридска“, „Цар Самоил“ и „Клековец“ фор-
мираат речиси ортогонални блокови. П росечната длабочини на блоковите помеѓу улицата
„Цар Самоил“ и улицата „Клековец“ е 60 до 80 метри, додека длабочината на блоковите no-
Mery „Охридската“ и улицата „Цар Самоил“ е 140 метри. Попречните улици: „Мавровска“,
„Др. Таносвија“, улицата „Стив Наумов“ и некои ќорсокаци го делат овој појас во речиси
квадратни блокови со димензии 140 х 140 м. За денешните поими и стандарди за величината
на парцелите ова се претерани димензии, зашто се појавува проблемот за приод кон цен-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


БИТОЛСКАТА КУЌА КОН КРАЈОТ НА ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ 105

тарот на блокот. Но, во турскиот период, огромните и од улицата изолирани средишни


простори на ваквите блокови биле наменети за сместување на домовите на најбогатите
(феудален тип). Приодот кон овие дворци бил или преку дворовите на нивните селамлуци
или по посебно направени, приватни ќорсокаци. Меѓутоа, пазарната стихија веднаш остави
свој печат и врз ваквите супер-блокови: имено, започна делењето на парцелите. Особено се
исечени и намалени парцелите на ќошињата, како најистакнати и најлесно пристапни места
во блоковите. Но, додека парцелите по ќошовите, а подоцна и по целата периферија се ситне-
ле, средината на блоковите останувала неискористена и речиси празна, зашто немала пристап.
Во големината на парцелите не може да се проследи некоја законитост. Тие се мош-
не нееднакви. На пример, ако би ни се сторила стандардна ширината на парцелата од 20 м и
длабочина од околу 40 м соседните парцели веќе имаат длабочина од 50 м, а некои пак немаат
ниту една третина од широчината од 20 м. На спротивната страна на истата улица („Цар
Самоил“) се појавува сосема понаков модел на величините: 14 х 30, 8 X 30 (блокот помеѓу
улицата „Клековец“, „Ѓорѓи Наумов“ и ,Д ар Самоил“). Почетокот на улицата „Караманди“
како да има стандардна широчина на парцелите од 12,5 м, но при нејзиниот крај, особено во
нејзиниот ќорсокак величината на парцелите е сведена на најцрн минимум од 5 х 10 м.
Целосната слобода на купопродажбата и неограниченоста на цепкањето на парце-
лите довело до неуедначеност на нивните големини, до нивна деформација, па, во определе-
ни делови од градот, и до неподобност за градење. Но, многу е веројатно дека некогаш била
пропишана една стандардна величина. Нејзините димензии, обликот и мерната единица
(дали метар, аршин или некоја друга мерка) треба да се пронајдат во старите документи или
во изјавите на старите луѓе.

Тииови на куќи

Сите постари куќи во Битола во основа претставуваат, повеќе или помалку, развие-
на диспозиција на две основни шеми: првата - основа со попречен ходник и негово продол-
жување кон отворен и истакнат трем спрема југ (со простории од двете страни на ходникот)
и втората - основа со надолжен периферен отворен трем и на него надоврзани простории
во низа.
Цртежот и распоредот на просторот на зградата од првиот тип секогаш е симетри-
чен. Развојот, пак, на типот со надолжен трем застанува на шемата на основата со изразито
асиметричен цртеж, претставен во облик на буквата L.
Тоа што би можело да претставува трет тип на куќите на Битола, имено големите и
солидни згради во центарот, со европски изглед и со целосен градско-граѓански карактер е
само псевдо-класицистички надворешен облик на основната битолска шема на основата на
првиот тип. Тоа се згради со попречен ходник, со скали и влез на двата негови краја и со
станбени простории од двете страни на ходникот. Двата вообичаени издадени делови
спрема улицата на основниот тип и тука често се повторуваат со два класично обработени
еркери, а дворниот, голем и отворен средишен трем тука закржлавува во централен балкон.
Фасадата е секогаш мошне солидно изведена, жолто обоена, со редица пиластари, профили,
венци и облигатни жалузини на издолжените прозорци. Значи, во основа, тоа се згради од
првата шема, само што се облечени во европско руво. Овие згради, чиј надворешен облик
се обликувал со увезеното влијание од Запад, немаат своја балканска изворност и затоа не
се во жижата на нашиот интерес и за нив тука нема да стане збор.

Симешрична шема

Наједноставна шема на основата на битолската зграда е мала симетрична ниска ку-


ќичка со многу издаден и од нивото на теренот подигнат трем, кој влегува во основата на
зградата во облик на ниша. На неа, понатаму, се надоврзува централниот простор, а од две-
те негови страни има по една соба. Оваа основна шема има форма на буквата Т, односно на

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


106 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

издолжен паралелограм со израсток во средината (трем) со попречна поделба на три про-


стори. Таа има изразито симетрична основа и маса. Секогаш е сместена повлечено од ули-
цата и ориентирана спрема југ или спрема исток. Има само едно, јужно лице. Сите други
фасади и се слепи.
Следниот степен на развој на оваа шема е зголемување на длабочината и трансфор-
мација на издолжениот паралелограм кон квадрат и зголемување на височината со додава-
ње на еден кат. Во основата сега се наоѓа поизразена попречна поделеност во три тракта.
Особено очигледен е попречниот карактер на средниот дел - на ходникот. Меѓутоа, зголе-
мувањето на длабочината на основата даде можност и за надолжна поделба на двата бочни
тракта, па сега се добива петоделен простор. Централниот отворен и издаден трем сега
добива и скали за катот од страната на дворот. Оваа варијанта се применува речиси редовно, a
зградата се поставува на регулационата линија. Уличната страна и е ориентирана спрема
север, а поретко спрема запад. Сега, кога со едната страна излегува на улица, таа, северната
страна на куќата, пластично се обработува. Двете бочни соби се прошируваат со два испади
(еркери) над приземјето, потпирајќи се врз низа консоли. Тоа е основниот облик, типичната
маса, на станбената зграда на кат на куќите во Битола во блиското минато на XIX век и за
времето на турското владеење од нашиов век.
Оваа варијанта се усовршува и понатаму. Покрај зголемувањето на димензиите, се
збогатува и диспозицијата со воведување на нови простори. Зградата сега постигнува таква
длабочина што станало возможно да се добие и среден тракт во продолжен правец. На тој
начин зградата станува тротрактна и во двата правца: во попречниот и во продолжниот. Ова
е, се чини, максималната можност за развој на оваа симетрична шема. Во средните просто-
рии, од двете страни на попречниот ходник, сместени се помошни простории (во основите
на нашите конаци тие се нарекуваат оџаклии), за ложење, помошни кујни, простории за
миење или за сместување на помошните скали. Всушност, ваквиот развиен тип на зграда е
битолска варијанта на познатиот тип на згради на Балканот „со ходник во форма на крст“.
Определени деформации се настанати и во масата. Големиот издаден дел на средниот трем
во приземјето и на катот сега станал незначителен. Во извесни примери од него останал
само незначително издаден балкон, а поизразени стануваат влезната ниша доле и лоѓијата
rope. Овој среден, сега вовлечен дел на зградата, на покривот се нагласува со тимпан.
И конечно, овој тип застанува во својот развој. Основата станала речиси чист квадрат.
Попречниот ходник е стеснет, на него од двете страни се потпира низа од по три простории
од кои средните се секогаш помошни или за комуникација. Ваква шема на основата имаат
речиси сите големи згради во центарот на градот со европски надворешен изглед. Ниските
и за мерката на човекот прилагодени простори на основните шеми од овој тип тука се
дехуманизирани со претерани мерки на височината на собите: од 3, 3,60 и 4 метри, а згра-
дите ja загубиле човечката мерка и блискоста, станале огромни и ладни, поединечни и не-
здружени.

Асимешрична шема

Интересен е и развојот на битолската зграда со надолжен трем. Тој не се одвиваше


по пат на органско растење, туку со додавање. Се чини дека шемата на двоќелискиот орга-
низам на надолжниот трем е постара и попримитивна од првиот тип со три ќелии. Секако
дека тој втор тип не претставува специфичност на Битола, но изгледа дека токму во неа е
особено изразен за Битола типичниот распоред на вградените елемнти на опремата.
Пронајдените примери на куќи од овој тип секогаш се на кат. За разлика од прет-
ходните, нивото на основното приземје тука е на ниво на теренот. Карактеристични се и ма-
лите катни височини на овие згради: приземјето е од 1,80 до 2,20 метри, а катот од 2,20 до
2,50 метри. Основниот тип секогаш е сместен во дното на тесна парцела и заграден од трите
страни. Ориентацијата на тремот е речиси секогаш кон југ или кон исток, а само во исклу-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


БИТОЈ1СК AT A КУЌА KOH KPAJOT HA ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ 107

чителни случаи кон запад. Распоредот во приземјето и на катот е речиси идентичен, како да
станува збор за два стана во една куќа.
Развојот на основата на зградата од овој тип се изведува со додавање. Најпрвин, по-
крај двата простора, покрај тремот се додава уште еден, но самиот трем не се продолжува
туку додадениот простор добива поголема длабочина, така што во него се влегува од бочна-
та страна на тремот. На овој начин, од надолжниот карактер на основната шема, се добива
една несиметричност.
Оваа несиметричност доаѓа до конечен израз во понатамошниот развој на основата,
кога во следната етапа се додава уште еден простор, но не во надолжната насока, туку во
правец на кракот на буквата L, така што сега се добива изразено асиметрична шема на
цртежот на буквата L.
Ова е шемата на најстарите слободни турски куќи на Битола (на улицата „Караор-
ман“) и на старите вградени македонски куќи на улицата „Караманди“. Само што надво-
решната фасада на оваа последната е обликувана на вообичаен битолски начин, со два
издадени делови на катот. Значи, однадвор е симетрична.
Интересно е сместувањето и масата на зградите во улицата „Цар Самоил“ бр. 264,
која во својата основа има изразена шема на продолжен трем, но чие сместување на регула-
ционата линија барало пластично обликување и на јужната, т.е. на уличната фасада. Заним-
ливо е дека тука е реализирана замислата на „прекинат“ горен трем.
Тоа би биле двете претпоставени линии на развојот на битолската куќа од периодот
на турското владеење. Раното европско влијание врз архитектурата на Битола (можеби
уште од првата половина на минатиот век), се изразило само во надворешниот изглед и
обработка на фасадата, за жал само со репризно имитирање на не толку многу соодветните
француски примери. Влијанието на богатите Грци и Цинцари не се одразило благотворно
на архитектурата на Битола, бидејќи дејствувало повеќе како притисок на надарените бал-
кански мајстори на сила да ги имитираат европските примери. Познато е дека сите мајстори
секогаш правеле синтеза на лице место, прилагодувајќи се спрема дадените услови и оста-
нувале свои (оригинални). Најмногу што можеле да направат во Битола е тоа што на ова
надворешно „европско“ руво речиси секогаш му давале балканска диспозиција на основата
и на опремата. За жал, мајсторите во Битола од средината на минатиот век веќе не биле во
таква среќна ситуација за да можат да прават синтеза на домашните услови и традиции и на
европското влијание и на новите сфаќања на лице место. Затоа, овие солидно градени би-
толски згради со „европска“ надворешност, од гледна точка на нашето истражување на бал-
канското, не претставуваат некој интерес, бидејќи често се невкусен и, во суштина, неуме-
сен увезен манир. Со ова, се разбира, не сакаме да ja намалиме нивната културно-историска
вредност и локалниот интерес што оваа архитектура секако го има.
Но, мошне интересен е еден друг факт: ние денес се наоѓаме во мошне слична си-
туација во каква се наоѓаа мајсторите на Битола во времето на нејзиниот процут, на крајот
на турскиот период. Мислам дека не треба пак да се повторува еднаш веќе направената
грешка во Битола, насилно неорганско и неумесно имитирање на остварувањата на другите
народи, зашто сепак постои една разлика. Додека тогашните инвеститори, богатите Грци и
Цинцари, по секоја цена сакале „европски“ изглед на своите куќи и вршеле пресија врз
мајсторите на кои им бил поблизок нивниот балкански начин, денес токму архитектите се
оние кои сакаат со сила да ги имитираат, односно да излезат од рамките на постојните усло-
ви, можности и добрите традиции. Лекот против оваа појава е само во запознавањето на го-
лемите архитектонски балкански традиции. Примената на домашните принципи што се со-
криени во таа традиција во нашите нови дела, ќе ги направат истовремено и современи и ка-
рактеристични. Со тоа тие дела ќе станат и автентични.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИ.ТА


108 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Консшрукција

Основните материјали на битолската куќа, како впрочем и на целата балканска


архитектура се: печен и непечен камен, печена и непечена земја и дрвото. Со овие три ос-
новни најпримитивни материјали се правени вистински гравури во конструкцијата и во пла-
стиката. Посебност на конструкцијата на битолската архитектура е надорешната дотера-
ност. На пример, настрешницата е речиси секогаш обложена со даски од надворешната
страна. Дрвените косници на кои се потпираат издадените делови (еркерите) редовно се
маскирани и измоделирани со облоги од даски и со малтер во консолите. Рамките на про-
зорците се секогаш опшиени со дрвен первајс, со истакнати профилирани горни делови,
исто како и аглите на фасадите, кои се опшиени со даски. Во битолската куќа е зголемена и
употребата на железо во облик на фини тенки железни мрежи или парапети на прозорците,
балустри на скалите и огради на балконите. Два или три ѕида на куќата (северниот, запад-
ниот бочен и попречниот), редовно се со масивна структура со дебелина од 60 до 80 см, било
да се ѕидани од камен или од керпич. Јужниот и источниот ѕид се секогаш лесни тенки
прегради со дебелина од 16 до 22 см, со решеткаста структура и со редица прозорски отво-
ри. Врзивниот материјал, малтерот, е чудна смеса од вар, песок и земја. Ова додавање на
земја во варта било потребно заради оспособување на малтерот за да се зафати за земјаени-
те ѕидови од керпич. На фасадите преовладува жолтата боја. Покривната конструкција ре-
довно ja сочинува неекономична столица со мноштво греди, но нагибот на покривот е мош-
не благ: 18°, 22° до 26°.

Оирема

Секоја постара битолска куќа е опремена со редица фиксни уреди. Мебел, во де-
нешната смисла на зборот, т.е. подвижни работи, речиси и да нема. Се, освен ниските трка-
лезни маси, е фиксирано на своето место. Во кујната: камин за варење и мијалник за миење
на садовите со одводна цевка за водата. Во клозетот: грижливо изработени стапалки и пот-
пирка на дрвената шолја со бакарен ѓум за миење по користењето. Ходниците и горните
тремови секогаш имаат посебно истакнати и издигнати делови за седење и камини за варе-
ње кафе. Собите претставуваат само празни простории, послани со ќилими. За сите потре-
би за живеењето, за одмор или за забава, во нив се направени посебни функционални и
фиксирани делови: длабоки вградени ормари - „мусандри“, за постелнината, затворени до-
лапи во масивните ѕидови за сместување на поситните работи, долж сите ѕидови, под тава-
нот, полици - рафтови за сместување на садовите и на украсите, а долж предниот ѕид ниски,
послани миндерлаци. За загревање имаат посебни ѕидани печки, а што е најинтерсно, многу
стари битолски печки имаат т.н. „цуг“ за поекономично искористување на топлотните гасо-
ви. И конечно, секоја спална соба има и свое купатило - амамчик, до печката со под со на-
гиб, за истекување на водата која се вади со цевки, со ниша за сместување на садовите, лон-
ците и казанот во ѕиданата печка за загревање на водата. Овие фиксни уреди: купатилото,
печката и мусандрата секогаш се поврзани во појас, покрај средниот ѕид, наспроти прозор-
ците, во една целина која претставува и декор на собата. Меѓутоа, ботолската куќа има и
своја карактеристика во сместувањето на овие фиксни уреди. Имено, мошне често, особено
во типот на куќи со продолжен трем, овие уреди се фиксирани во собата на посебен начин,
во форма на буквата L и се поврзани со влезот во собата. Прво се влегува во кујната, па од
неа во дегажманот - тампон простор и дури потоа во собата. Овој дегажман е поврзан во
појас со вградениот ормар мусандра, со купатилото и со печката и заедно сочинуваат
посебен дел од собата што е обложена со дрво. Печката е лончана, едноставна и без канал.
Заѕиданиот казан во подножјето на печката, од страна на амамчикот, се загрева директно
од пламенот на печката. Печката, се ложи од каминот во соседната просторија - од кујната.
Принципот на фиксни уреди денес повторно стана современ. Конкретната диспози-
ција на тие уреди во старите куќи на Битола е во потполност функционална. Според тие ка-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


БИТОЛСКATА КУЌА KOH КРАЈОТ HA ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ 109

рактеристики, старите битолски куќи имаат својства на современите, зашто функционал-


носта е и денешниот основен стремеж при конципирањето на становите.

Примери

Куќата во улицата Цар Самоил, бр. 210. Според обликот, структурата и диспо-
зицијата за оваа куќа може да се каже дека претставува модел на мала битолска куќа од
симетричен тип, но која се уште нема во целост градски, односно граѓански карактер. Таа е
сместена повлечено во длабоката парцела со димензии 20 х 40 м, на северната страна на
улицата, во парвец исток-запад, така што главното лице што е свртено спрема југ е изоли-
рано од улицата со предниот двор. Покрај уличната линија се сместени споредни згради,
летната кујна и шталите (денес веќе надвор од употреба), со влезната капија. Линијата на
задниот дел од куќата истовремено ja чини преградата на парцелата, зад која се наоѓа друг
двор, односно градина или овоштарник. Вообичаено тука е сместена и преградата за суше-
ње на тутунот. И двата дела од дворот се засадени со овошни дрвја: сливи, дуњи, јаболки
или дудинки.
Овој тип на куќа редовно е ориентиран спрема југ или исток, а другата фасада е без
отвори. Понекогаш од средниот дел има и отвор спрема задниот двор. Подот на зградата е
подигнат над теренот за околу 80 до 1,30 м и под централниот дел од куќата вообичаено е
сместен подрум. Предното, јужно пано на зградата го сочинува тенок ѕид со редица отвори.
И средината е издаден, отворен издигнат трем, кој во облик на ниша ja засекува масата на
куќата. Во таа ниша е сместен главниот влез со два прозора за осветлување на централниот
дел на зградата. Од секоја страна од средишниот простор, пак, е сместена по една соба. По-
крај задниот, северен масивен ѕид се потпрени стандардните уреди: мусандрата или сараќа-
ната и печката. Вдолж целиот преден ѕид, под прозорците, има миндерлаци. Во некои при-
мери на згради од овој тип, предниот и издаден трем е затворен со големи прозорци.
Основните карактеристики на овој тип се малите димензии (13 х 6 м) и симетрична-
та диспозиција на просторот, на опремата и на масата. Двата внатрешни попречни ѕида
обично се масивни, како и задниот северен или бочните ѕидови. Во нив се сместени долапи-
те и каналите за оџакот.
Куќата на Ристо Трајковски во улицата Цар Самоил бр. 159. Шемата на оваа куќа
го претставува следниот степен на развој на куќата од симетричен тип: развој во височина,
на катот, и во длабочина, со зголемување на бројот на просториите. И нејзината шема на
масата е структурно типична. Куќата е сместена покрај улицата, во правец исток-запад од
нејзината долна страна, т.е. така што нејзиното лице е изложено спрема север. Бидејќи про-
сторите изложени спрема север се помалку вредни, тие не се ниту заштитени од улицата со
повлекување, па сега зградата е сместена на самата регулациона линија. На тој начин оста-
нал поголем простор пред лицето на зградата изложено спрема југ. Овој пат зградата е
вградена во редица, што е исто така типично. Парцелата е со димензии 16 х 30 м.
Зградата ги има основните карактеристики на претходниот тип: симетрична диспо-
зиција и издаден трем кон дворот. Но, сега е развиена пластиката и на северната фасада,
затоа што таа се наоѓа на уличната линија. Интересно е тоа дека и таа северна страна на ку-
ќата е грижливо измоделирана, без оглед на северната ориентација, и опремена со многу-
бројни прозорци. Прашањето на влезот е решено со пасажен додаток на една ламела на
основната симетрична маса на зградата. На катот, над влезниот пасаж, на јужната страна е
сместена соба, а на северната, спрема улицата, просториите на нужникот. Оваа придодадена
ламела само малку ja деформира во принцип и во основа се уште симетричната диспозиција
и масата. Од средниот, издаден дел на дворната страна има влез во просториите на призем-
јето, каде што се сместени скалите за катот, а се е отворено. Од централниот простор на
долната основа се влегува во по една соба на секоја страна. На десната страна, поради зго-
лемената длабочина е добиен уште еден помал простор на страната на улицата, за остава.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


110 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Основата на катот сега е зголемена со издадени делови на два еркера. Со тоа е до-
биена можност за нова поделба на површината: на пет простории. Длабочината на централ-
ниот простор во кој се влегува од горниот отворен трем е намалена со нишата и е стеснета,
така што добила карактер на зголемен ходник кој комуницира со четирите соби. Поголеми
димензии им се дадени на собите што се ориентирани спрема југ. Куќата, иако изградена во
редица и со многу функционални диспозиции, сепак не ги постигнала сите можности на гра-
ѓанска удобност поради отворениот трем и скалите. Карактеристиките на овој тип се што е
најчесто сместена на јужната страна на улицата во правец исток-запад, т.е. што уличната
фасада му е ориентирана кон север, а дворната кон југ и што и двете фасади се мошне пла-
стично обликувани.
Куќата во Воденичка улица. Оваа куќа го претставува понатамошниот развој на
шемата од симетричен тип на битолската зграда на кат. Сега таа е вградена само од едната
страна. Приодот е од слободната страна. Уличното лице е ориентирано кон северозапад.
Издолжената шема кај претходниот тип сега се претворила речиси во квадрат, а скалите од
тремот се пренесени во средишниот простор, кој сега претставува ходник во вистинската
смисла на зборот. Средниот издаден дел од јужната страна во приземјето останал трем, а на
катот целиот тој издаден дел е затворен со големи прозорци, од таванот до подот. Централ-
ниот дел на зградата и тука е стеснет и со тоа уште повеќе му е нагласен карактерот на гла-
вен попречен комуникациски простор на кој се потпираат сите станбени простори во згра-
дата. Сега, кога длабочината на зградата е зголемена (11 х 8 м) просторите од двете страни
на ходникот, и на приземјето и на катот, се поделени со среден ѕид. Во приземјето, спрема
улицата, се сместени кујната и оставата, а од страната на дворот има по една соба. На катот,
пак, од предниот ходник се влегува во четири соби и во продолжение на ходникот во облик
на затворен трем со полукружен издаден дел.
Шемата на зградата претставува усовршен тип на битолската куќа со симетрична
основа, сега целосно функционално развиен и просторно добро обликуван.
Куќата во улицата Стив Наумов бр. 98. Со својата обработка и опрема таа прет-
ставува вистински тип на голема богата градска палата или дворец. Зградата е слободна.
Ориентирана е кон југоисток, со задниот дел потпрена на северозападната граница. Симе-
тричниот тип со попречен централен ходник тука е поделен во три тракта. Сега ги нема
двата издадени делови од задната страна, бидејќи зградата не е сместена на уличната лини-
ја. Задната страна сега е сосема затворена. Промени настанале и во масата. Отпаднал и го-
лемиот издаден дел на предниот горен трем. Зградата има три влеза и две скали за катот.
Според опремата на просторот со вградените уреди и на приземјето и на катот изгледа дека
сите простории биле главно соби. Целиот централен простор е огромен ходник со мону-
ментални скали. Средниот дел на десниот тракт се споредни скали, а средниот простор на
левиот дел е оџак, сарачана или кујна. Трите долни соби се опремени со печки, со амам и со
вградени ормари, додека четвртата има само вградени ормари. Изгледа дека ниту една од
собите на катот немала печка. Сите имаат вградени ормари, а двете предни и амами. Овие
предни соби биле раскошни и огромни салони - чардаци, наменети за користење во лето.
Средниот, незначително издаден дел на ходникот е фасадно заграден со големи прозорци.
Сите прозорци на долниот дел од катот се заштитени со железни мрежи. Висината на при-
земјето е 2,55 м, а на катот 3,55 м. Нивото на приземјето е подигнато од тлото за 1,35 м.
Само под централниот дел има подрум, вкопан во теренот за 0,60 м.
Зградата е со вонредно солидна структура и мошне грижливо изведена. Таа е поста-
ра од сто години, но е мошне добро зачувана. Нејзините огромни димензии и начинот на
сместувањето и даваат изглед на дворец. Во надворешната обработка, според измалниот ве-
нец и тимпанот над средниот дел од фасадата потсетува на куќите на Крушево. Веројатно ja
граделе мајстори Цинцари. Зградата е украсена со таваници, балустради, дрвени шмбрални
и со железни мрежи. Според масата и обработката оддава впечаток на ренесансна палата.
Според староста, зачуваноста, изразноста, украсеноста и според типот, оваа куќа претставу-
ва значаен споменик на станбената култура на Битола.

ИСТОРИЈА НА КУЈТГУРАТА НА МАКЕДОНИ.ТА


БИТОЛСКАТА КУЌА КОН КРАЈОТ НА ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ 111

Зградата на улица Ленинова бр. 57 ja претставува завршната фаза во развојот на


битолската куќа од симетричен тип. Тоа е вистински тип на градска граѓанска куќа, созда-
дена со развојот на домашната основа и маса. Понатамошната фаза на развојот на овој тип
е европеизација на нејизиното лице.
Зградата ги има сите карактеристики на градската битолска куќа: подигнато при-
земје за 1,15 м над теренот, вкопан подрум и подреденост, според обработката и според ма-
сата, на приземјето и на горниот кат. Сега веќе е отпадната и вообичаената нискост на ку-
ќите од балкански тип. Горните издадени делови сега се издигнати над тротоарот за еден и
половина кат. Куќата е целосно затворена. Нема повеќе поврзаност на внатрешните со на-
дворешните простори, што беа толку добро изразени кај тремовите. Зградате е речиси со
квадратна основа, со средишен попречен ходник во кој се влегува директно од улицата и со
посебен влез од спротивната страна, од дворот. Сместувањето на зградата на аголот дал по-
себни можности за обликување на нејзината маса. Како што е вообичаено, таа има два
еркера од предната улична северна страна. Но, во случајов, нејзината маса е збогатена со
уште два еркера на источната страна, спрема улицата. Јужната страна, кон градината, е
опремена со еден закржлавен трем: за 1,55 м издаден балкон што се држи на столбови. На
западната страна бил придодаден нужник, што е сега срушен. Сите овие издадени делови се
потпираат на грижливо измоделирани консоли. Зградата е трократна и во надолжна и во
попречна насока. Скалите сега не се сместени во ходникот, туку во средниот дел на левиот
тракт, а на спротивната западна страна, во соодветниот простор е сместена кујната. Двете
простории во приземјето, сместени на северната страна, се магацини или соби за прислуга-
та, а двете простории кон бавчата се соби. На катот, пак, сите четири агли се соби, средина-
та на левиот и на десниот тракт се скали и горна кујна која комуницира со нужникот во из-
дадениот дел. Надворешната архитектура е измазнета. Приземниот ѕид е изработен од ка-
мен со фуги што се издадени спрема надвор. И оваа зграда е направена под веќе забележи-
телно европско влијание, но и диспозицијата и масата се уште и се балкански.
Зградата во улицата Кузман Јосифовски бр. 31 го претставува вториот основен
тип на станбените згради на Битола: типот со продолжен трем. Основната шема на овој тип
е само како дел од некоја поголема шема. Овој тип се применува кај тесни и релативно
плитки парцели, ориентирани кон југ или кон исток. Според тоа, тој е секогаш вграден од
три страни, а просториите му се освтелени само од едната страна, преку тремот. Куќите од
овој тип се триделни: трем со скали и на него надолжно потпрени две простории. Ѕидот no-
M e r y тие две простории е масивен и во него се сместени камините, оџаците и долапите.
Основата на оваа зграда е мошне изразена шема. Првиот, десен влезен простор е помал од
левиот, кој е соба. Во оваа соба се влегува на еден мошне типичен начин. Сосема на дното
на средниот ѕид има врата која низ еден дегажман води во соседната соба. Овој дегажман е
дел од појасот на собата што е направен со преградата за вградените уреди, т.е. мусандра.
Овој влез-ормар и печката се сместени во облик на буквата L, што е многу типично за Би-
тола. Со надворешните скали во тремот се доаѓа во ист таков горен трем со ист распоред и
големина на просториите на катот. Височината на долниот кат е 1,90 м, а на горниот 2,45 м.
Балустрадата на оградата е направена од едноставни пармаци. Зградата е мошне руинирана
и мора да е многу стара. Основата и е с о речиси квадратни димензии: 10 х 9 м (со тремот).
Основата на зградата во улицата Кузман Јосифовски бр. 29 е проширување на ше-
мата од типот на претходната зграда. Тука, на двете простории покрај тремот на основниот
прототип е додадена уште една соба. Зградата е сместена во дното на парцелата и сочинува
еден блок со масата на претходно опишаната куќа. Таа е ориентирана кон запад. Од тремот
во приземјето се влегува во простор кој можеби служел како кујна. Од двете страни на овој
простор има по една соба. Десната соба е во издадениот дел, но овој издаден дел не ja до-
стигнува целата длабочина на тремот. Диспозицијата на катот е иста. Височината на долни-
от простор е 2,20 м, а височината на горниот 2,50 м. Зградата е интересна како една алка во
развојот на типот на битолската куќа со продолжен трем.
Зградата во улицата Кузман Јосифовски бр. 33 е само поединечен случај. Тој е ка-
рактеристичен како маса: издаден и истакнат кубус на катот над хоризонталата на призем-

АРХИТЕКТУ РAT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


112 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

јето. Оваа љубопитна издаденост на масата на катот и нејзиното ритмичко повторување е


типична пластика на градските паноа на јужните градови на Балканот.
Диспозицијата на просторот е чудна. Прво се влегува во ходник со скали за катот.
Од него, преку дегажманот се влегува во просторот - соба, која има и директен влез од дво-
рот. Од ходникот се влегува во соба која би можела да биде кујна, зашто тоа е единствената
соба со камин, т.е. со можност за греење. Катот е подигнат само врз еден дел од основата и
во него, покрај горниот ходник, има еден светол простор за летна соба или салон.
В очи паѓа неправилноста на основата која е само делумно условена со обликот на
парцелата. Ова, всушност, манифестира еден ad hoc начин на решавање на лице место.

Заклучок

Недамнешното минато на турскиот период не оставило траги само во заостанатоста


на целата поробена земја. Таа, низ целата окупирана територија рашири и определени архи-
тектонски категории со високи вредности, меѓу кои нашиот интерес посебно го побудува
категоријата на станот: типот на балканската куќа. Поробените балкански нации својот
гение го зачувале и го манифестирале во делата на своите анонимни неимари во безбројни-
те скромни споменици со нивен дух - народните куќи на Балканот. Оваа архитектура се мо-
дифицира во различни услови, добивајќи национални или локални нијанси. Архитектурата
на Битола се разликува од архитектурата на Охрид или на Пеќ, значи, таа има и свои локал-
ни карактеристики.2 Тие локални карактеристики на одделни градови на југот се и нивни
карактеристични физиономии. И градот Битола има своја изразита физиономија меѓу гра-
довите на Македонија. Оваа негова физиономија ja сочинува збирот на одделни облици на
куќите, начинот на нивното сместување и нивниот взаемен однос.
Типот на битолската куќа имал два развојни прваца. Преку симетричната шема и
шемата со продолжен трем, до изразито асиметрична диспозиција. Конечно, се оформил во
тип со изразито градски и граѓански карактер. Пластичните карактеристики на тој стандар-
ден облик на битолската куќа се: маста на катот со два издадени дела спрема улицата и со
средишен трем или со вовлечена лоѓија кон дворот. Карактеристични се и редицата консо-
ли на кои се потпираат симетричните издадени делови на надворешната фасада. Оваа стан-
дардна маса на зградата на Битола кон крајот на XIX век под влијание на запад добива псев-
докласицистички облик. Така е граден целиот центар на градот. Значајно е и тоа дека дис-
позиционата шема на основата на таквата зграда сепак останала домашна, а „европско
одело“ добила само однадвор. Жално е што мајсторите, притоа, при судирот на двете влија-
нија, не се обиделе да направат синтеза, свои сопствени модели. Затоа овие многубројни, со-
лидно градени куќи во центарот на Битола со европско руво, претставуваат само културно-
историски, локален интерес.
Принципиелноста на сместувањето, доследноста во ориентацијата, функционално-
ста на диспозицијата и стандардизацијата на внатрешното уредување се општи карактерис-
тики на балканската архитектура, па и на битолската куќа. Тоа се карактеристики што и де-
нес го привлекуваат вниманието, зашто истите, со победата на современите стремежи во
архитектурата, станале цели и на нашето современо градење. И затоа, студирањето и по-
знавањето на овие траги од минатото се основна претпоставка, цврст темел и извор на ин-
спирација за нашите идни потфати во архитектурата. Ова познавање на карактеристиките
на типовите на куќите на Битола и на нејзиното сместување станува неопходно и за поната-
мош ниот развој и изградба на градот.3

2 Jovan Krunic, Oblici киса Ohrida, Kicenica, Galicnika i Kruseva kao karakteristicne nijanse izraza
narodne arhitekture Makedonije, Zbornik radova Arhitektonskog fakulteta, Beograd, 1951/2.
3 Собирањето на материјалот e направено на две патувања, во 1950 и во 1955 година.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЛА


КОНАЦИТЕ И ЧИФЛИГОТ НА АВЗИ-ПАША
ВО БАРДОВЦИ КАЈ СКОПЈЕ

Првпат во Бардовци бев во 1930 година. Тогаш, заедно со тогашниот сопственик,


потомокот на Авзи-паша, поминав цело претпладне во конаците, ja скицирав основната дис-
позиција на комплексот и направив неколку фотографии. Вторпат во Бардовци бев во летото
1940 со група студенти на архитектура на IV година од Белград. Престојувавме цел ден и
под мое раководство, поделени во групи, го снимивме комплексот, селамлакот и поважните
споредни згради. Обработениот материјал се наоѓаше во зградата на Техничкиот факултет
за време на војната. По ослободувањето пронајден е само еден дел од тој материјал и тој,
заедно со моите лични белешки со податоци од литературата, ни послужи како подлога за
оваа студија. Тогаш направените фотографии, за жал, не се комплетни. Во план ни беше след-
ната година да ги фотографираме и конструктивните детали и различните уреди и да извр-
шиме контрола на претходната работа. Војната не спречи во оваа намера.
Во годините 1930 и 1940 главните згради конструктивно беа зачувани, но ненаселени и
напуштени. Од некои помошни згради беа останати само урнатини поради оштетувањата наста-
нати за време на Балканските војни и Првата светска војна. Во 1947 година главните згради
беа урнати и запалени од Германците при напуштањето на Скопје во 1944 година. Цело-
купната конструкција на покривот и катот на конаците беше пропадната во приземјето.
Чифлигот не страдал во војните и се зачувал се до 1947 година во своите оригинални
облици.
Литературата во која се наоѓаат податоци за чифлигот и конаците во Бардовци и за
нивниот основач Авзи-паша е следната:
1. А Grisebach, Reise durch Rumelien und nach Brussa im Jahre 1839, II Band, Göttingen, 1841;
2. Стојан НоваковиН, Балканска питања, издање Задужбине Коларца, Београд, 1906;
3. Јован ЦвијгЉ, Основе географије и геологије Македоније и Старе Србије, књига I,
Београд, 1906;
4. Јован Хаџи-ВасиљевиК, Скопље и његова околина, Београд, 1930;
5. Leonard Schulze Jena, Makedonien, Leipzig, 1927;
6. Atlantis, Zürich, VIII Jahrgang, Heft 7, Juli 1936.
Bo рамнината крај Лепенец, на 8 километри од Скопје, покрај патот Скопје-Тетово,
во првата половина на XIX век Авзи-паша го изградил чифлигот1 Бардовци со конаци и со
селска населба. Содржината на комплексот од конаци и на населбата била типична за
градби од овој вид, но по големината, облиците и обработката тие претставувале објекти од
исклучително значење. Меѓу многуте конаци со слична намена, како на пашата и другите

1 Чифлиг е населба на полскиот имот на феудалниот господар во кој главни елементи биле:
живеалиштето на господарот, куќите на селаните-чифчии и економските згради. Чифлици имало во
целото Турско царство, но особено биле развиени во рамнинските, земјоделски краишта.
114 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

повидни Турци во Македонија, на Космет и во Босна, така и српските од времето на кнез


Милош, бардовечките по пропорциите биле најголеми, по обработката - најбогати и по стил-
ската разработеност - последно достигнување на балканската профана архитектура. Немаме
доволно материјал за да можеме со сигурност да го оцениме значењето на бардовечките конаци
на просторот на целото некогашно Турско царство, но секако и без тоа тие имаат многу видно
место во архитектонското творештво на XVIII и XIX век.
Селската населба на чифлигот во Бардовци е значајна по тоа што покажува извесни
тежнеења за нови урбанистички диспозиции во поставувањето на целината. Таа се одликува
со отворен систем на изградба, додека многу други чифлици имаат затворени облици ориен-
тирани кон една централна точка: кон живеалиштето на господарот.
Точното време на градење не ни е познато ниту за конаците ниту за населбата. Тоа
се датира секако во првата половина на XIX век, и тоа најверојатно меѓу 1830 и 1845 година,
бидејќи Авзи станал скопски паша околу 1820, а го напуштил Скопје во 1845 година. Пода-
токот кој го доби Стојан Новаковиќ од Т. X. Микиќ, синот на некогашниот управник на
Авзи-пашиниот имот во Бардовци, поткрепен и со кажувањето на луѓето од Бардовци дека
конаците се градени меѓу 1850 и 1860 година,2 - не може да биде точен бидејќи Ј. X. Васи-
љевиќ наведува дека Авзи го напуштил Скопје веќе во 1845 а набргу потоа и умрел.3
Уривањето на бардовечките конаци значи голема загуба бидејќи тие претставувале
еден од највидните споменици на станбената архитектура на Балканскиот Полуостров, раз-
виени до монументален израз во целината и во деталите, а од времето на феудалното опште-
ствено уредување кое во Турција се зачувало и во XIX век.

Целокупната населба во Бардовци се состоела од два основни дела: селска населба


и конаци. Населбата и денес постои. Таа се состои од две улици по чија должина од двете
страни се поставени вкупно 25 куќи со двор и дворно место и со разни помошни згради.
Куќите се поставени правилно по должината на одредена линија со типични форми, како за
парцелите така и за куќите. Едната од улиците е поважна и низ неа се пристапува кон глав-
ниот влез во комплексот од конаци.
Низ целата населба преку јазови е спроведена истечна вода од Лепенец. Таа тече
низ улиците, а може да се пренасочи и низ дворовите и бавчите. Ова богатство со жива вода
веројатно била една од причините овде да се изгради чифлигот.
Планската диспозиција на населбата и издвоеноста на конаците од населбата прет-
ставувале значителен развоен степен во градењето чифлички населби. Во тоа се огледа
релативно високото културно ниво на основачот на чифлигот Авзи-паша и неговиот рела-
тивно правилен однос кон своите селани-чифчии. Тој со новата диспозиција на населбата
настојувал да им даде на семејствата подобри услови за индивидуален живот од оние што ги
имале во населбите од затворен тип, во кои непосредната потчинетост на селаните кон
господарот на земјата се одразувала и материјално. Издвојувањето на конаците од кругот
на селските куќи, исто така, означува иста тенденција. Непозната ни е деталната биографија на
Авзи-паша за да можеме да заклучиме како дошло до ваква диспозиција во бардовечката
населба. Во негово време (1790-1845) плански изградените селски населби биле нормална,
одамна развиена појава во Војводина. Во времето кога Авзи го градел својот чифлиг и кнез
Милош во Србија правел обиди за планско основање на населби. Можеби тој ги знаел тие
населби или бил само известен за нив или и самиот дошол на идеја за плански распоред на
куќите по еден нов систем, за разлика од вообичаениот за чифлиците.
Комплексот од конаци лежи на околу 100 метри оддалеченост од најблискиот сел-
ски двор. Тој претставувал засебно селиште потполно организирано за живеење на госпо-
2 Стојан Новаковик, н. д., стр. 114.
3 Ј. X. ВасиљевиН, н. д., стр. 480.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИ.ТА


КОНАЦИТЕ И ЧИФЛИГОТ НА АВЗИ-ПАША ВО БАРДОВЦИ КА.Т СКОПЈЕ 115

дарот со целото семејство, прислугата, чуварите, придружбата и со сите елементи кои одго-
варале на начинот на живеење и општествената функција на Авзи-паша.
Целиот комплекс остава впечаток на тврдина, бидејќи целосно бил заграден со ѕи-
дови од камен високи околу 5 метри. Осум кули биле распоредени долж ѕидовите од надво-
решната страна, така што од нив можело да се брани од евентуални напаѓачи. Но, тие кули
биле наменети само за стражарење и одбрана, а не биле утврдени живеалишта во кои гос-
подарот би се повлекувал во случај на опасност. Улога на ваква кула за последна одбрана
имала специјалната зграда во средиштето на комплексот. Вкупната површина на комплек-
сот оградена со ѕидовите изнесува околу 1,7 хектари. Таа е преградена на три дела со ѕи-
дови со иста висина како и надворешните ѕидови. Средниот дел е најголем и покрива околу
0,7 хектари, западниот дел покрива околу 0,5 хектари и источниот околу 0,5 хектари.
Делењето на комплексот е типично за поразвиеното муслиманско живеалиште: во
средниот дел се наоѓа селамлакот, т.е. зградата за мажите, а во источниот дел е харемла-
кот, т.е. зградата во која живеат женските членови на семејството и децата. Во западниот
дел се издвоени коњушници, со оглед на нивната големина, инаку во помалите комплекси
тие се наоѓаат во делот на селамлакот некаде покрај влезот. Во секој двор се наоѓаат и
неколку помошни згради. Низ женскиот двор поминувала истечната вода, а вода за пиење
се спроведувала преку подземните канали до главната зграда.
Помеѓу двете главни станбени згради, селамлакот и харемлакот, на самиот прегра-
ден ѕид се наоѓала гореспомнатата зграда која служела како просторија за чување оружје и
ризница. Таа имала облик на кула изградена од камен, со повеќе простории во приземјето и
на катот. Освен како просторија за чување оружје, ризница и утврдено живеалиште, таа слу-
жела и како допирна точка меѓу селамлакот и харемлакот, бидејќи специјални дрвени, затво-
рени мостови, во висина на првиот кат, воделе на едната и на другата страна. Со тоа била
овозможена интимна врска меѓу двете главни згради, потполно изолирана и непосредна.
Женскиот двор бил најуреден, со многу цвеќиња и дрвја. Во него била издвоена со
ниска ограда источната страна за специјален овоштарник. Машкиот двор бил помалку уре-
ден, бидејќи покрај него поминувал и колскиот сообраќај.
Во комплексот постојат повеќе влезови, но најважен е оној кој води во машкиот
двор кон селамлакот. Над него има мал покрив кој е најдобро обработен. На економскиот
двор и на овоштарникот исто така постојат рамки за врати специјално обработени. Во по-
задината постојат уште три мали влезови на надворешните ѕидови. Нивната обработка и
положба покажуваат дека не постоеле во оригиналот, туку дека се отворени дополнително
кога во конаците престанало да се живее. Толку големиот број на влезови во комплексот не
би бил во сообразност со карактерот на утврдено живеалиште какво што било Бардовци.
На преградните ѕидови помеѓу одделните дворови, исто така, се вградени големи рамки за
врати специјално обработени.
Околината на комплексот и селската населба биле полни со зеленило. Изобилството на
истечна вода ja одржувала свежината на бавчата и овоштарникот. Долж јазовите се нижеле
тополи и ja дополнувале типичната слика на македонските селски населби.
Конаците на селамлакот и харемлакот биле практично идентични. Диспозицијата
на основите, надворешното обликување, внатрешната обработка, уредите, па и самата го-
лемина, не се разликувале во ништо освен во некои детали. Поголема разлика гледаме на
покривот на харемлакот. Тука во центарот се издигала мала куличка, целата обработена во
стакло и која служела како белведере (видик) и теферич за жените. (Слична куличка постои и
денес на конакот на кнегињата Љубица во Белград.) Положбата во дворот и ориентацијата
исто така биле идентични. Овде ќе го прикажеме само селамлакот.
Основната композиција на зградата била потполно симетрична. Се состоела од при-
земје и кат без визба. Обата етажи имале ист распоред на просториите, но катот сепак бил
поважен, а се забележ увал и според поголемата височина, како и во обработката на вна-
трешните уреди и декорацијата. Во центарот на композицијата се истакнува голем елипсо-
виден хол, кој се проширува по оската од едната страна со трем-галерија на главната фа-

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


116 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

сада, а на другата страна со широка вдлабнатина во која се сместени скалите и која завршува со
чардак на спротивната фасада. Оваа низа од средишни простории, поврзани во композициска
целина по должината на оската на симетрија, ja дели зградата на два еднакви дела. Покрај
неа се поставени четири главни соби, две споредни соби и две оџаклии. На катот до фасад-
ната соба се наоѓаат уште и два килери. Интересно е дека овие килери биле поделени во
двата етажи, така што над првиот кат во овие простории се јавува и некаков вид на мезанин. За
горното ниво не постоеле постојани скали. Овој мезанин секако служел како скривница.
Во приземјето сите соби биле наменети за живеење. Секоја имала типични уреди
како во подобрите муслимански куќи, поставени на внатрешниот ѕид, и тоа: огниште, мам-
џик, долап и одвоен пристап во собата. Огништето е палено од надвор, и тоа за двете фа-
садни од оџаклиите, а за двете соби на бочните ѕидови од холот. Освен овие уреди секоја
соба имала и посебни вентилациски ниши во кои гореле свеќи и ламби.
На катот просториите биле наменети за дневен престој и прием, бидејќи во него-
вите соби ги нема спомнатите типични уреди за спални соби. Во четирите главни соби се по-
ставени богато украсени големи камини.
Ѕидовите на приземјето се градени од кршен камен во варов малтер со дебелина од
65-70 см. Ѕидовите на катот се во дрвен бондрук со полнетица од печени тули. Ѕидовите на
приземјето не биле малтерисани, туку само дерсовани, додека ѕидовите на катот биле цело-
сно малтерисани. Таваните и покривната конструкција биле од дрвен материјал, а покривот
бил од ќерамиди, значително пошироки и поплитки од обично.4
Еркерското проширување на основата на првиот кат на бочната фасада за килер и
делумно за оџаклијата е потпирано со по два дрвени столба.
Општата просторна диспозиција, елементите на надворешното обликување, уредите и
внатрешната архитектура, начинот на изградба, сето тоа во бардовечките конаци е типично
за балканската профана архитектура од почетокот на XIX век и за функционалната намена
на зградата, т.е. за конаците на истакнатите богати луѓе, властодршци и моќни феудални
господари. Слични примери гледаме во конаците на кнегињата Љубица во Белград и на
кнезот Милош во Топчидер, кои се градени нешто порано од Бардовци. Стојан Новаковиќ,
споредувајќи ги овие конаци со тогаш постоечките во Србија, правилно уочил дека се слични но
дека се нешто поголеми од Милошевите а помали од конаците на нишкиот паша, чија основа из-
гледа била издолжен правоаголник.5
Меѓутоа конаците во Бардовци имаат свои специфични стилски белези изразени
особено во некои композициски облици и во декорацијата. Во тој поглед се истакнува ори-
гиналниот елипсовиден облик на холот, потоа неговата широка поврзаност со галеријата на
главната фасада која логично го следи обликот на холот. Кај другите конаци холот е функ-
ционално сличен и служи за поврзување на сите обемно поставени простории, но тој секогаш е
многуаголен, повеќе или помалу со разгранет облик. Во композицијата на Бардовци ста-
риот мајстор успеал на овој простор да му даде единствен во целина облик, задржувајќи ja
правилно неговата функција. Овде исто така особено успеала поврзаноста на овој хол со
надворешноста преку широката галерија, а не само преку чардакот или ќошињата. Ваквото
повеќе типично решение мајсторот го задржал на задната фасада, каде што е сместен оби-
чен кружен чардак. Со светлосни продори на двете надолжни фасади холот е и одлично
осветлен, иако е поставен централно. Со својот облик и димензии тој изгледа и како свечен,
а не само како комуникациски простор.
На главната фасада на бардовечките конаци оригинално е што ги нема вообичае-
ните катни еркери и што оскиниот мотив, трем-галеријата, е вовлечен а не испакнат (исту-
рен). Па сепак, гледано во целина, тоа изгледа типично, бидејќи двата основни бочни бло-
кови цврсто го врамуваат широкиот централен мотив. He помалку типично изгледаат во
4 Стојан НоваковиН, н. д., стр. 104.
5 Стојан НоваковиН, н. д., стр. 100 и 106. За нишкиот конак немаме зачувани податоци освен
една фотографија која само делумно го прикажува.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИ.ТА


КОНАЦИТЕ И ЧИФЛИГОТ НА АВЗИ-ПАША ВО БАРДОВЦИ KA.T СКОПЈЕ 117

главната силуета страничните еркери. Стилската чистота ja нарушува појавата на тимпа-


нонот. Тој неоспорно е туѓ и нелогичен додаток, а е дојден под влијание на електичката западна
архитектура, која во тоа време постепено се ширела кон исток.
Површинската декорација во внатрешноста на првиот кат и на надворешните фа-
сади била богато обработена со боја. Ѕидовите на главните соби биле прекриени со гипс,
изделени во паноа и украсени. Стојан Новаковиќ вака ja опишува боената декорација: „Ѕи-
довите се обоени. На одделни платна се насликани (без било каква особена вештина) некои
градови и предели. Вратите исто така се обоени, и одделни табли се закитени со насликани
венци и китки цвеќе“.6 Столбовите во холот биле насликани, слични на вистинските стол-
бови во галеријата, во нивната намера да се засили впечатокот за целината на холот.
Меѓутоа, таваните биле од дрво со богата профилација.
Камините во собите и чешмата во холот биле изградени од мермер и гипс, богато
профилирани и обоени.
За мајсторите-градители на Бардовци засега немаме податоци. Главниот мајстор
секако бил домашен човек Балканец или евентуално од Мала Азија. Тоа може со сигурност
да се тврди, бидејќи композициското сфаќање, обликовниот израз, конструктивниот систем,
сето тоа е карактеристично за балканската профана архитектура. Некои претпоставки дека
мајсторите биле Италијанци, кои се базираат, имено, на податоци од Гризебах, не се оправ-
дани, бидејќи тој во описот на Бардовци никаде не зборува за мајсторите. Доколку некои
странци учествувале во изградбата, тоа можеле да бидат само некои декоратери, молери
„без било каква вештина“, како што вели Новаковиќ и кои на бардовечката архитектура не
оставиле некој видлив печат ниту придонеле за било што битно во нејзиниот израз.
Бардовечките конаци се типичен претставник на крајните развојни достигнувања на
балканската профана архитектура со монументален израз. На нив дури се чувствува и поче-
токот на декаденцијата на барокниот карактер, кој дошол до израз главно во декорацијата.
Во оваа барокно-декадентна одлика на архитектурата на Бардовци спаѓа и структурно не-
логичниот тимпанон на главната фасада, мотив кој бил повторен и на исчезнатата куличка
на покривот на харемлакот.7 Но тоа што е најтипично во композицијата на старата балкан-
ска архитектура, - нејзината едноставност и чистота со целосно задовлување на одреден
начин на живот, рационалната диспозиција на поголемиот број простории без ниеден повр-
зувачки елемент, - сето тоа во Бардовци е зачувано и разработено функционално и обли-
кувано до стилска перфекција.
Авзи-паша, сопственикот на бардовечкиот чифлиг и конаците, роден е во 1792, а умрел
набргу по 1845 година. Тој припаѓал на едно моќно и многу богато семејство во своето
време. Гризебах кажува дека во 1839 се сметало дека Авзи-паша спаѓа меѓу најбогатите
луѓе во Турското царство. Во 1845 година бил принуден да го напушти Скопје и да се пресели во
Цариград. Авзи-паша му припаѓал на арбанашкото братство на Реџ Љок кој се јавува околу
1745 година како господар на Тетово и неговата околина. Турската државна власт била
многу несигурна во централните и северните краишта на Балканскиот Полуостров во текот
на XVIII век, па во такви услови Реџ Љок повеќе по насилен пат се поставил за управник на
Тетовскиот пашалук, а во неговата област влегувало и Скопје со околината. Авзи-паша е
правнук на Реџ Љок, основачот на „наследното“ пашување на неговото семејство во Тетов-
ската и во Скопската област. Имал четири браќа, од кои најстариот Абдурахман бил госпо-
дар на Тетово, а останатите биле високи државни службеници и офицери. Авзи-паша со
своите војнички заслуги од раната младост и со поволната функција во Цариград го добил и
формално Скопскиот пашалук на управување околу 1820 година.8
Богатството на семејството главно се состоело во земјишни имоти. Во тек на сто
години тоа успеало со насилно одземање и со принудно откупување од црквите и од хрис-
6Стојан НоваковиН, н. д., стр. 103.
7 Јован ЦвијиН, н. д., цртеж на страна 120.
8 Ј. X. ВасиљевиН, н. д., страни 473 до 479.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


118 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

тијаните, со женидби со богати девојки, да концентрира големи имоти во сите краишта на


Пашалукот. Така имале многу чифлици, а еден од нив е и Бардовци.
Според податоците на Гризебах, Авзи-паша бил образован човек.9 Ja познавал и
грчката класика преку арапските дела. Бил со мал раст и со нежно здравје. Постојано живеел во
конакот во Скопскиот град. Конаците во Бардовци му служеле да може во лето во нив да најде
почист воздух и поголема ладовина. За време на Гризебаховата посета, во јули 1830, во харем-
лакот на Бардовци живееле четирите жени на Авзи-паша со над 30 слугинки, „робинки“, a
во селамлакот многубројна машка послуга, придружба, стража и сл. Изгледа дека самиот
Авзи-паша не живеел тука постојано, туку само поминувал извесно време преку денот
поради одмор.
Според сеќавањата на народот, а и според некои документи, Авзи-паша бил прави-
чен спрема луѓето без разлика на верската припадност, бил благ спрема своите селани-
чифчии. Освен тоа тој бил следбеник на политиката на султанот Махмуд, која тежнеела да
заведе аграрни и други реформи, иако успевал да ги избегне кога лично го тангирале. Со
извесно позитивно државничко однесување, како поседник, сепак се трудел со разни сред-
ства да го зголеми имотот и одделните целини да ги заокружи. Така успеал само во чифли-
гот Бардовци и во чифлигот Ново Село, кој се наоѓа во непосредна близина и со претход-
ниот прави речиси едно големо стопанство, да концентрира околу 1.800 хектари најплодна обра-
ботлива земја. Ако се има предвид дека ова е само еден дел од неговиот имот, тогаш може
да се разбере дека за Авзи-паша не претставувало проблем да ги изгради бардовечките конаци
во пропорции и обработка какви што биле. Исто така разбирливо е и неговото настојување
да постои покрај конаците и чифличка населба која ќе се одликува со некои реформи, барем во
обликот и структурата ако не и во суштината на општествено-економските односи.
Конаците и чифличката населба во Бардовци се обработени од повеќе автори. Нај-
стар е описот на Гризебах од 1839 година. За жал, тој е краток, бидејќи патникот не влегол
во самата населба ниту пак ги видел конаците од близу, туку само ги посматрал од патот за
Тетово. Неговиот опис внесува и нејасност во поглед на датирањето на конаците, бидејќи
гласи вака: „Од овде се гледа, десно од патот, еден голем чифлиг на паша, во кој токму сега
се наоѓа пашиниот харем. Тоа е една голема, до половина со дрвја скриена вила, од која се
издигаат во висина бројни, со олово покриени, слични на манастири, запци“.101(Zinnen во
оригинал, според Стојан Новаковиќ: „врвови на покриви“. Zinnen се запци на крајните огради на
средновековните тврдински кули и оградни ѕидови меѓу кои се наоѓаат прорези за дејство со
оружје.) Доколку се однесува на познатите конаци во Бардовци, овој опис е неточен. Стојан
Новаковиќ претпоставува дека Гризебах го видел „постариот двор“, т.е. кулата која постоела
некаде во чифлигот пред градењето на новите конаци.11 Меѓутоа, сепак не е веројатно дека
Авзи-паша од 1839 до 1845 го урнал стариот конак и изградил нови, кога веќе ja претчув-
ствувал непостојаноста на својата функција. Многу е пооправдана претпоставката дека Гри-
зебах не уочил добро дека постоеле два конака а не една „голема вила“, и дека од големиот
број високи оџаци со архитектонски обработени завршетоци (а во целиот комплекс ги имало
над 40) претпоставил дека се „Zinnen“.
Стојан Новаковиќ ги посетил конаците и чифлигот во јули 1905 година и оставил
доста детален опис во наведеното дело. Неговото научничко око правилно ги согледало
облиците и функцијата на конаците иако овде се работело за еден објект на материјалната
култура не така близок на неговите вообичаени студии. И по стручното согледување на
предметот, немаме нешто битно да измениме во дадениот опис од Новаковиќ.12
Овој опис до некаде ни дава податоци и за историјата на зградата. Од него гледаме
дека веќе во 1905 година конаците биле ненаселени и запуштени: „сега дворот е напуштен и

9 Гризебах, н. д., страни 230 и натаму.


10 Гризебах, н.д., стр. 241.
11 Стојан НоваковиН, н. д., стр. 113 и 114.
12 Стојан НоваковиН, н. д., стр. 101 до 104.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


КОНАЦИТЕ И ЧИФЛИГОТ НА АВЗИ-ПАША ВО БАРДОВЦИ КА.Т СКОПЈЕ 119

покуќнината од него однесена, но се уште не е расипан и се е токму така што семејство


лесно може повторно да се всели за неколку дена“. Од мостот што ги поврзувал двете главни
згради постоел само еден крак, а другиот, кон харемлакот, тогаш веќе го немало, останале
само траги. Во тоа време на харемлакот се уште постоела куличката за теферич. Но иако нена-
селен и запуштен, комплексот бил чуван и затворен. Така било и по Првата светска војна.
Цвииќ го опишал Бардовци во антропогеографските набљудувања на Скопската кот-
лина, но само индиректно.13 Тој го прикажува како „поинаков тип на скопски чифлици кај
кои беговските кули и куќите се малку подалеку од чифлигот и тие тогаш се за миг големи
инсталации, како што се господските уредени на ориентален начин“... Од овој вид „чифли-
гот Бардовци е најубав и најбогат чифлиг во овој крај“. Покрај малата со рака нацртана
скица на комплексот од конаци, каде што за првпат со нацрт се претставува неговата диспози-
ција, со Цвииќевиот опис е и првата слика на харемлакот. Таа е непотполна бидејќи не е прет-
ставено целото десно крило на зградата, иако постоело се до Втората светска војна, но затоа
претставува единствен документ на кој гледаме како изгледала куличката „финга“ на покривот.
Германецот д-р Леонард Шулце-Јена, професор по географија на универзитетот во
Марбург, оставил подетален опис на чифличката населба Бардовци во наведениот дел за
Македонија. Тој за време на Првата светска војна бил во германската воена геодетска служба,
па тогаш собрал материјал за својот труд. За комплексот од конаци дал само две фотогра-
фии, од кои едната е значајна по тоа што покажува дека куличката на харемлакот постоела
уште и во текот на Првата светска војна. Од краткиот опис гледаме дека конаците и пона-
таму се ненаселени и напуштени. При крајот Шулце наведува дека Авзи-паша го присвоил
Бардовци во 1830 година и дека потоа „ги населил овде своите чифчии“ и изградил конаци.
Јован Хаџи-Василевиќ во наведената опширна студија: „Скопје и неговата околина“, врз
основа на детални проучувања направени пред Првата светска војна, дал најмногу податоци
за семејството на Авзи-паша и антропографски приказ на чифличката населба. За жал и
овде останува нејасно времето на основањето на денешната населба, бидејќи се наведува,
според преданието на жителите, дека го преселил таткото на Авзи-паша од старото Селиште, a
веднаш потоа тврди дека го основал самиот Авзи-паша. Василевиќ не ги опишува конаците,
повикувајќи се на веќе објавените описи од Гризебах, Новаковиќ и Цвииќ. Тој, изгледа, не
го знаел трудот на Шулце-Јена, бидејќи не зазема никаков став кон неговите историски пода-
тоци за Авзи-паша и Бардовци.14
Швајцарската ревија „Атлантис“ во јулскиот број за 1936 година дава неколку добри
фотографии и краток опис на селските чифлички куќи, без било какви нови податоци.
Приказот за бардовечките конаци не би бил целосен без давање некои податоци за
општите услови кои довеле до нивно градење, општите концепции и обликовниот израз; би
останало нејасно зошто и како Авзи-паша и неговиот мајстор постигнал кулминациска точка во
развојот на монументалната балканска профана архитектура, - зошто овој развој е преки-
нат и таа архитектура задушена.
Чифлиг-конаците во Бардовци се типичен архитектонско-рурален израз на феудал-
ното општествено-економско уредување во Турското царство од тоа време. Во примарниот
облик чифлигот и конакот на господарот правеле една затворена целина, со диспозиција
која јасно ги олицетворела и односите на селаните кон господарот: по периферијата на ком-
позицијата се нижеле бедни живеалишта, а во центарот се издигал конак од кој сопствени-
кот можел да види што се случува во чифлигот и чифчиите постојано да го имаат пред очи,
како свој господар. Побогатите сопственици не живееле постојано во чифлигот, туку доа-
ѓале таму да го поминат летото и да го земат својот дел од приходот кога се собирала лет-
нината, а најмоќните не се интересирале за своите чифлици непосредно. Нив на имотите ги
заменувале управници, ќаи, кои тогаш живееле во конакот, односно во кулата, а господа-
рите ги издвојувале своите сараи надвор од кругот на чифлигот, не сакајќи да имаат по-

13 Јован ЦвијиН, н. д., страни 119 и 120.


14 Ј. X. Васиљеви!!, н. д., страна 279.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


120 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

близок контакт со селаните. Така е образуван типот на чифлиг во кој функцијата на госпо-
даровиот конак ja изгубил својата првобитна смисла и тие станале главно вили (куќи во кои
се живее преку лето). Бардовци - како чифлиг на еден од помоќните, побогатите и рела-
тивно поучените паши, отишол најдалеку во таа еволуција и диференцијација. Во него се
гледа и одредено поголемо отстапување од дотогаш вообичаената чиста феудална концеп-
ција за концентрација на селаните во една затворена целина, под постојан, често многу груб,
надзор од страна на сопственикот - односно управникот. Авзи-паша не само што потполно
ги одвоил своите конаци поради своја удобност, туку и на самата чифличка населба и дал
нов вид во отворениот систем, со што ги скршил старите окови и донекаде ги обележил новите
тенденции во односот селанец-господар. А потребите за нови односи јасно се покажувале
во тоа време во Турција, под влијание на општествената еволуција на Европа и по се поголемото
интересирање на другите држави за тешката судбина на христијаните-селани во Турција.
Така Бардовци, гледано во целина, претставувал краен израз на еволуцијата на феу-
далното турско уредување кога во него почнале да се наметнуваат и реформи. Но поради
целокупната состојба во царството - па и под влијание на танзиматот - феудалното уреду-
вање не можело понатаму да се развива. Напротив, тоа се повеќе пропаѓало, се распаѓало,
па и чифлиците и чифличките конаци не се развивале понатаму. Поради тоа и чифлигот
Бардовци може да се смета како краен степен во рзвојот, кулминациска точка, кој веќе
укажал и на потребата дека аграрните односи и нивните одрази мораат да се менуваат.
На архитектурата на конаците ги гледаме во извесна мера истите настојувања. Струк-
турата на комплексот, содржината на зградата и првостепеното обликување ги задржале
сите основни одлики на муслиманскиот начин на живеење, но тие се и развиени до крајни
размери. Во секундарните одлики се гледа јасното тежнеење да се внесат некои новини, пов-
торно под влијание на Запад. Функцијата и угледот на Авзи-паша барале, а неговите големи
средства овозможиле, во Бардовци да биде остварен високо разработен израз на дотогаш со
векови развиваната балканска архитектура.
Бардовечките конаци меѓу спомениците на оваа профана архитектура биле значајни и
по тоа што претставувале израз на лична семејна станбена култура, додека другите конаци,
како на нишкиот паша и конаците на Обреновиќ, повеќе биле дворци во кои најмногу живееле
државните функционери, но каде што ги извршувале и своите управни функции.
Од средината на XIX век оваа архитектура паѓа во декаденција и нагло гасне, бидејќи е
потисната од влијанијата од Запад. Оваа општа културна еволуција одела со полесно темпо
во Турција отколку во Србија низ XIX век, но сепак завршила прво со Младотурскиот преврат
во 1908 година, а потоа со Кемаловата револуција во 1921 година. Со тоа дефинитивно се
загубени сите подлоги за понатамошна еволуција на балканската архитектура, а Бардовци
останува како нејзин краен дострел во централните покраини на Балканскиот Полуостров.
Евентуалната конструкција на бардовечките конаци би претставувала тежок про-
блем бидејќи немаме целосни податоци за некои елементи кои за нив биле карактери-
стични. Од материјалот што го објавуваме овде, се гледа дека нашата екипа не стигнала се
да фотографира детално. Врз база на остатоците на теренот и врз база на овој материјал би
можело со доволна стручност да се изврши реконструкција на зградите, така што би се обновиле
просториите и облиците во својот оригинал, - но не би можеле со доволна сигурност да ги
репродуцираме внатрешните уреди, декорацијата, покуќнината, покривната конструкција и
мостот за поврзување на двата конаци. (За мостот немаме други податоци освен за пра-
вецот во кој одел.)
*

Во ваква ситуација се поставува начелното прашање за целта на евентуалната ре-


конструкција, а потоа и проблемот за можноста да се постигне одредена цел. Наше мислење е
дека целта на реконструкцијата би била да се репродуцира еден културен споменик со намера во
него да се обележи во природни размери и во самиот амбиент на неговото постоење, одре-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


КОНАЦИТЕ И ЧИФЛИГОТ НА АВЗИ-ПАША ВО БАРДОВЦИ КАЈ СКОПЈЕ 121

дено архитектонско достигнување. Строго научно посматрано, ваквата намера не може да


се постигне во потполност поради понапред наведените причини. Но, доколку намерата се
посматра пошироко, надвор од рамките само на научниот интерес, тогаш реконструкцијата,
во која би се репродуцирало она што е сигурно познато и во која само делумно би се назна-
чило она што е несигурно (декорацијата и уредите), т.е. не во целина, туку само на одредени
површини со изречна назнака на лице место дека дадената репродукција не е апсолутно
верна туку е само во својот општ карактер, таквата реконструкција би им дала на домаш-
ните и на странските заинтересирани лица доволно точна претпоставка за некогашниот спо-
меник. Таквата реконструкција секако би била оправдана, бидејќи во своите најважни еле-
менти и како општа слика би била верен одраз на исчезнатиот културен споменик.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


ЕКСПРЕСИЈА HA ЕНТЕРИЕРОТ

Архишекшонскише и ликовнише квалишеши на сшараша


македонска куќа за живеење имаат свој еквивалент во ентериерната содржина

Староградската куќа за живеење од XIX век во Македонија е обликовно и естетски


наполно дефинирана градба. Голем е бројот на факторите што зеле учество во нејзиното
определување, но еден од основните е вековното усовршување на градежната постапка. Тоа
довело до расчистување на изразните средства и до селективно развивање на основните
форми до ниво на стандарди, до апсолутна контрола во употребениот материјал, на кон-
струкцијата и произведената форма. Во тој сеопфатен процес е изразено длабоко поимање
на функцијата во сите правци: во организација на просторот, во надворешно обликување,
во димензионирање на просторот во чијашто основа лежи човекот, како мерка во користе-
њето на можностите на конструкцијата.
Сите параметри што j a валоризираат архитектонската зрелост на оваа творба - M a­
x e донската куќа - на соодветен начин се присутни и во експресивноста на нејзиниот енте-
риер. Терминот експресивност не j a одразува само естетиката на ентериерот, туку и множе-
ство практично решени проблеми внатре, во куќата, логичното размислување за употреб-
ливоста на ентериерните содржини, човекомерноста и хуманизираноста на просторот.
Сликата на ентериерот од куќата што го одразува битот на македонското семејство
од XIX век е градена низ хармонично расчленување на одделните елементи што го сочину-
ваат и низ нивно правилно поврзување или спротивставување во општиот ритам. Секој еле-
мент од ентериерот задоволува строго определени практични потреби на сопственикот и,
во сообразност со тоа, е обликуван со соодветна архитектонско-уметничка форма. Затоа
ентериерот, како и декорот во него, се одликуваат со присуство на префинето чувство за
целисходност и естетика, носејќи притоа силни белези на здрава и реалистична народна
уметност.
Написот е обид да се доловат вистините за ентериерот во старата македонска куќа
за живеење.

Консшрукшивниош сосшав на куќаша неиосредно учесшво


во дефинирањето на ентериерната поставка

Со цел правилно да се протолкуваат повеќестепените корелати во ентериерната со-


држина, потребно е да се осознаат некои основни карактеристики на конструктивниот со-
став кај старите куќи, кои директно или индиректно имаат импликации во поставката на
ентериерот.
124 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Конструктивниот состав на старата куќа за живеење е непосредно поврзан со при-


родата на градежните материјали. Каменот и дрвото се во основата на сите градежни по-
стапки. Од нив е извлечен максимумот и се создадени најцелисходни решенија на сите нивоа
- во конструкцијата, во обликувањето и, секако, во ентериерот. Со долгогодишното иску-
ство сите проблеми во градењето биле усовршени и најлогично разрешени. Меѓутоа, усовр-
шените и секогаш исти конструктивни постапки, што е многу важно, не довеле до типиза-
ција на формата што би ja уназадило архитектурата. Напротив, тие довеле до појава на ти-
пизирани контруктивни постапки, користени во процесот на раѓање на формата, која секо-
гаш е резултат на посебни услови. Со совршено организираните форми се оперирало преку
голем број варијанти што понудиле разновидни решенија.
Старата куќа за домување подразбира матичен волумен, составен од приземје и кат
или од приземје и два ката. Камената ѕидарија во приземните или сутеренските партии на
куќата не се одразува толку во концепцијата на ентириерот. Всушност, и самата функцио-
нална определеност на просториите во приземните партии - за економски потреби - не по-
ставува барања за посебно ентериерно уредување. Тука единствено се појавуваат разновид-
ни ниши, камарчиња и долапчиња, пробиени во дебелата камена маса. Освен што претста-
вуваат израз на рационално искористен простор и функционално напрегање на конструк-
тивниот елемент, тие имаат строго определена намена, па затоа ja олеснуваат ориентација-
та во просторот и вршат рационална систематизација на движењата. Брашното е складира-
но во специјални сандаци, до нив се „ношвите“ - специјална форма на сандак за месење леб,
а лево и десно во ѕидот се камарчиња за масолниче, прибор за месење, прибор за приготву-
вање зимница и сл. Се е изградено и обликувано со примарните облици и со единствена цел
да се одговори на намената.
Меѓутоа, бондручниот систем (скелет од дрвени столбови и греди) на катот експли-
цитно влијаел врз целокупната ентериерна содржина. Локацијата на прозореките отвори,
вратите, елементите од вградената покуќнина и сл. - непосредно се зависни од бондручната
конструкција. Должинските и висинските димензии, исто така. Всушност, постои тесна за-
емна врска меѓу конструктивниот состав на куќата во катовите, надворешната архитекто-
ника и ентериерната определеност на просторот. Како што системот на бондручната кон-
струкција го дефинира екстериерниот графизам на катот преку ритамот на прозорците и
полните ѕидни платна, создадени од ритамот на бондручните столбови, преку опшивките на
прозорските отвори и по рабовите на фасадното платно, така тој се рефлектира и во енте-
риерот.
Целата опрема е непосредно вѕидана во просторот преку конструкцијата: долапите,
сергените, минсофите, мусандрите, камините, полиците и се друго. И натаму, третманот на
ѕидната површина, како ентерирна определеност, произлегува од конструкцијата. Судирот
на дрвените површини со малтерисаните ѕидни платна се прекрива со профилирана лајсна,
кај таванските површини исто така, како и во често применуваната парцелација на ѕидните
површини со хоризонтални и вертикални штици, кои локациски се поклопуваат со древните
бондручни столбови и греди, токму поради можни деформации на малтерот на тие места.
Дури и во најситните детали се останува доследно на позитивните објективистички
принципи, без форсирање на материјалот или дека напоредно со решавање на техничките и
архитектонско-конструктивните задачи, мајсторот не го потценувал и уметничко-декора-
тивниот украс на елементите од системот на ентериерот. А тој е секогаш во директна за-
висност од функционалното значење на елементот што се украсува.
Ваквата синхронизираност на функционалните и естетските компоненти резултира-
ла во високи ентериерни квалитети. И кога тие се валоризираат, остануваат постојано ва-
жечките константи: комплетно дефиниран ентериерен простор, употребливост на содржи-
ната, хармонизираност на ентериерните елементи и нивната човекомерност, хуманизира-
ност на просторот и интимност. Едноставно кажано - човекот пријатно се чувствува во ода-
јата на старата куќа за живеење.

ИСТОРИЈА НА КУЈГГУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ЕКСПРЕСИЈА HA ЕНТЕРИЕРОТ 125

Сшеиенош на обрабошкаша на еншериерош е дикишран


од наменските карактеристики на просториите

Општата слика на ентериерот претставува функционална и ликовна синтеза на по-


веќе ентериерни елементи, помеѓу кои доминира ентериерната обвивка (ѕидни површини,
таван), но ваквото детерминирање овозможува анализа на одделни ентериерни содржини
што го појаснуваат внатрешниот простор.
Подлабокото проникнување во концепцијата на ентериерот, впрочем како и во
општата архитектоника на старата куќа, открива цел еден систем во обликовната постапка,
чиишто исходишта се најчесто во практичното разрешување на проблемите. Но тоа е мате-
рија што бара одделна студија.
Степенот на декоративна обработка варира во зависност од намената на простории-
те, со констатација дека во „куќата“ и другите секундарни простории вградената покуќнина,
таваните и ѕидовите се поскромно обработени, експонирајќи ja пред се својата основна упо-
требна вредност. Најчесто е во прашање столарскиот начин на обработка со едноставен ли-
неарен графизам и профилирани згорнини, определени со геометриски форми. Вниманието
во декоративната обработка максимално е свртено кон ентериерот на одаите. Во овие про-
стори на старата куќа се среќаваат мошне интересни и убави концепции на вградената по-
куќнина, тавани, ѕидови и сл. Тука е застапен широк дијапазон на варијанти во ликовната
интерпретација. Разновидноста на ликовните форми, рафинманот на деталите и хармонич-
носта на композицијата, претставуваат потврда за богатата имагинација на стариот мајстор
чијашто дејност длабоко навлегла и во сферата на уметничкото.
Поимашните сопственици имале можности побогато да ги опремат своите просто-
рии за живеење дури и во резба, која и тогаш била на висока цена. Резбата прима и ажурен
карактер, а ваквите примери најчесто се среќаваат во побогатите куќи во Охрид и Дебар,
што не е случајност, бидејќи во овие градови дејствувале познатите копаничарски школи
кои зад себе оставиле многубројни квалитетни дела.

Обрабошкаша на ѕиднише згорнини чесшо е сироведена


со опшивни штици или со боена декорација

Ѕидните површини во одаите се малтерисани и бело обоени. Поретко се среќаваат


ѕидови декорирани со полихромни мотиви. Ова е повеќе карактеристично за старите мусли-
мански куќи на поимашните сопственици. Во ентериерот на старата христијанска куќа се
присутни две хроматски компоненти - белото (ѕидовите) и кафеавото (елементи од дрво).
Ликовната содржина на ѕидовите во одајата е дефинирана со прозорските отвори,
со вратите и вградената покуќнина. Нивниот графизам го определува и целиот ентериерен
лик на одајата. Во ритмичката смена на белите ѕидни партии и темните дрвени елементи на
прозорците и вратите е создадена хармонизирана ентериерна композиција. Притоа, сериоз-
носта - како и високото ниво на осмисленост во организационото поставување на елемен-
тите - е изразено преку извонредно рационални и функционални решенија.
Комплетно обработените ентериери подразбираат „парцелација“ на ѕидната повр-
шина со растер на дрвени профилирани штици. На некој начин, ова е продолжение на про-
зорските опшивки по ѕидовите во одајата. Имено, од долниот раб на прозорската рамка (на
нивото на парапетот) е поставена хоризонтална, профилирана штица по обемните ѕидови
на одајата, како и под таванот на нивото од горниот раб на прозорската рамка или нешто
подолу. Таа прима форма на плитка полица, врз која се поместуваат садови и декоративни
предмети. Ѕидната површина меѓу овие две хоризонтални штици е расчленета со вертикал-
ни профилирани штици на повеќе полиња, така што се формираат бели правоаголни пане-
ли вдолж ѕидните платна.
Темните дрвени координати можат (во некои делови) да имаат закривена форма.
Тоа не е формалност, туку елегантно совладување на висинските разлики на хоризонтални-

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


126 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

те штици во горната зона, со што се обезбедува и овде континуирано поврзување на енте-


риерните елементи вдолж сите четири ѕидови со сличн постапка како и во долната хоризон-
тална зона.
Во периодот кога во ентериерот е внесен европскиот дел од мебелот - столот, хо-
ризонталната штица во височина на прозорските парапети, добива улога да го заштитува
ѕидот од оштетување при допир со потпирката на столот.
Освен практичната оправданост во поставувањето на овие штици, до израз дошла,
пред се, констрктивистичката логика на стариот мајстор. Јасно сознавајќи дека малтерот не
стои на рамна дрвена подлога, ja одбегнал оваа слабост. Затоа, вертикалните штици најче-
сто се поклопуваат со местоположбата на бондручните столбови и греди, токму на осетли-
вите места каде што малтерот се допира со дрвото. На тој начин, формите едноставно и ло-
гично произлегуваат од нуждата, лишувајќи го просторот од секаква декоративна лага.
Функционалното и естетското тука нашле синтеза, како впрочем и во низа други, не
само ентериерни содржини. Ваквиот третман во обработката на ѕидните површини, едно-
ставен и елегантен, резултиран во мошне привлечна ентериерна компонента, која успешно
кореспондира со таванската и подната површина, како и со вградената покуќнина. Досегна-
то е целосно единство во архитектонскиот израз и е создаден сликовит ентериерен мотив.
Исконскиот стремеж на човекот да создаде пријатен амбиент во својот дом наоѓа
одраз и во боената декорација во ентериерните ѕидни површини. Во распонот од едноставни
мотиви до посложени композиции, кои прераснуваат во арабеска, вткаени се човековиот
сензибилитет кон убавото и претензии за репрезентативност.
Ваквиот третман во обработката на ѕидот во ентериерот најмногу е присутен во му-
слиманските куќи на поимашните сопственици, што не значи дека е правило без исклучок,
бидејќи боената декорација се среќава и во македонските стари куќи.
Преовладуваат растителни мотиви, натурално третирани или стилизирани. Компо-
нирани во китки (во ваза), гирланди или фризови, цветните мотиви ги исполнуваат ѕидните
површини, деловите од таванот и ѕидните ниши - „чичеклаци“.
Се сликаат и птици, што како мотив кореспондира со растителниот свет, но човеч-
ката фигура или пејзажот се сосем ретки. Насликаните вази со цвеќиња се дополнети со,
исто така, сликани пердиња, па ѕидниот панел асоцира на прозорски отвор. Се настојува да
се оформи единство на ликовниот израз, а дијапазонот во интерпретацијата е широк. Ара-
беските се појавуваат како контурни граници за мотивот и најчесто ги следат архитектон-
ските форми.
И покрај настојувањето да се збогати декоративната содржина на ентериерот, бое-
ните мотиви често го оптоваруваат просторот и го нарушуваат константниот ред, опреде-
лен со убедливиот архитектонски графизам.
Во боената декорација преовладуваат нијансите на зелената и сината боја дополне-
ти со детали од топли тонови. Техниката на живописот е „ал-секо“ - нанесување на бои врз
сув малтер. По својата природа непостојан, овој живопис во повеќе случаи е добро зачуван,
па и денес изгледа свежо.
Познато е дека поимашните сопственици, за осликување на ентериерот, често ги
ангажирале тогаш најпознатите зографи, што го зголемува авторитетот на оваа декоратив-
на ентериерна компонента. Присуството на живопис во старата куќа за живеење и како
естетски не секогаш адекватен, укажува за широкиот дијапазон во интерпретацијата на ен-
териерните содржини.

Врашише, иако се иред се функционални елемениги,


во ентериерниот простор внесуваат ликовни валери

Во ентериерот на старата куќа постојат определени структурални елементи кои,


освен чисто утилитарно, несомнено имаат и естетско значење. Тоа се прозорците и вратите

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈ A


ЕКСПРЕСИЈА HA ЕНТЕРИЕРОТ 127

кои со својата убавина и складни пропорции, произлезени од рафинирано прочистена и над-


градена градежна постапка, претставуваат вистински украс во куќата. Тие прават една
складна целина со специфично уредениот ентериер, го дополнуваат и облагородуваат и му
даваат определен израз со извесно обележје на стил.
Вратите и прозорците, пред се, се функционални компоненти во содржината на ку-
ќата, кои обезбедуваат контакти меѓу просториите и меѓу ентериерот и екстериерот.
Низ вратата се влегува во просторија, таа е врска меѓу два простора, во крајна кон-
секвенца - елемент на комуникација. Но, вратата е и показател за видот на просторијата во
која се влегува. Контактот со посвечените простории се остварува преку побогато обрабо-
тени врати, додека стандардните простории имаат врати со поедноставна концепција.
Вратите се површински елементи во ѕидовите на куќата. Својата естетска компо-
нента ja остваруваат преку пластични форми, а се работи, всушност, за сосем плитка плас-
тика. Таа се сведува на декоративно украсување со примена на геометриски слики, како
што се квадратот, правоаголникот, триаголникот и трапезот. Овие геометриски слики се
главни елементи на композицијата. Меѓутоа, не е исклучена употребата на кругот и полу-
кругот, со чијашто помош се обликуваат разновидни розети што се појавуваат како центра-
лен мотив околу кој се развива геометрискиот декоративен третман на одделни делови од
крилото на вратата. Ваквото обликување со помошта на геометриски слики укажува на тоа
дека мајсторот сосем сигурно работи и употребува определени пропорциски правила што ja
потврдува неговата висока творечка култура. Довратниците и надвратниците исто така се
украсени со столарски профили, а исклучително убаво изгледаат кога се обработени со рез-
барени детали.
Анализата укажува за логичната и практичната поставка на вратите во однос на
просторот, со идеја за нивна функционалност и економисување на просторот. Вратата нај-
често се комбинира со вградената покуќнина и со неа претставува комплетна целина - про-
сторна и ликовна. Доколку е вклопена во батеријата од вградената покуќнина, над вратата
(во рамнината на вградената покуќнина) се прави дрвено „перде“, кое е богато декоративно
обработено. На тој начин се добива специфично просторно решение, според кое во просто-
рот се влегува преку претпростор. Тоа овозможува дискретен влез во просторијата, нена-
рушување на внатрешната организација и единство на просторот.
Пленува тенденцијата кон усогласување на димензиите на вратите со човековите
мерки. И најмалку вредната врата што води во подрумските простории во своите димензии
има антропоморфна оправданост. А на катот каде што се нижат влезовите во просториите
за живеење, освен антропоморфноста присутен е стремежот за задоволување на извесна
естетика. Таа се реализира преку ограничување на висината на вратите со една заедничка
хоризонтална завршница - опшивка, која континуирано тече поврзувајќи ги сите врати во
дадениот простор на иста висина на која се наоѓа завршницата на прозорците и системот од
вградени долапи.
Еднакво грижливата обработка, како на конструкцијата така и на композициската
проблематика, на овој начин создала од вратите вистински ремек-дела на столарскиот и
резбарскиот занает од XIX век.

Ришамош, ироиорциише и обликувањешо на ирозорцише


претставуваат маркантни белези во ентериерот на старата куќа

И прозорците се превосходно функционални елементи во содржината на една куќа,


Со нив се обезбедени осветлувањето, осончувањето, како и визуелните контакти со надво-
решноста. Меѓутоа, со нивната форма, обработка и ритмичност, во внатрешниот простор
се внесуваат и ликовни валери, преку кои се комплетира општата слика на ентериерот.
Со оглед дека се работи за површински елементи со безначајно учество на третата
димензија, естетската компонента се дефинира, главно, преку нивниот графизам. Тонали-

А РХИТЕКТУ РAT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


128 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

тетната игра на светли и темни партии (застаклени - светли и дрвени - темни) може да
биде исклучително убаво.
Ритмиката на полните и транспарентните делови, определена пред се од идејата за
фасада, се пресликува и во ентериерот. Особено се впечатливи прозорците во низа, кои соз-
даваат континуирана светла лента, парцелирана со тенки дрвени (вертикални хоризонтал-
ни) елементи. Бројот и големината на прозорците студиозно произлегува од намената на
просторот за кој служат. Во каменото приземје на економската група тие се минимални и
сведени само на отвор без крила и преградени со железни шипки. Во станбената група каде
што животот се одвива без потреба од широки врски со екстериерот, тие се сведени на ра-
ционални димензии што ja задоволуваат потребата од светлина и вентилација. А во репре-
зентативната група простории, каде што човекот во ослободното време апсолутно се повр-
зува со надворешниот свет, бројот на прозорците се зголемува до максимум, а нивните ди-
мензии стануваат наднормални. Тука тие добиваат и целосен обликовен израз.
Односот меѓу широчината и височината на прозорецот најчесто спаѓа во редот на
проверени пропорциски односи. Неретко се застапени прозорци со димензии по „златен
пресек“, односно каде што широчината влегува двапати во височината или некоја друга
комбинација. Застапеноста на пропорциските системи во обликувањето и димензионирање-
то на овој елемент донекаде го разрешува прашањето за тоа од каде произлегува такво чув-
ство на хармоничност во просторот на старата куќа.
Но, стремежот на хармонично усогласување не се задоволил само преку запазување
на геометриски пропорциски системи во димензионирањето. Карактеристичните мерки по-
кажуваат и една целисходна постапка за максимално задоволување на функционалните по-
треби на човекот како корисник. Задоволувањето на тие потреби е изразено преку човеко-
мерни димензии, при што крајната позиција на прозорецот скоро никогаш не е поголема од
човековиот дофат. На тој начин, човекот со испружена рака се јавува како контрола на
искористеноста на елементите во просторот.
Системот на бондручната конструкција овозможил еластичност во поставувањето
на прозорците, а изборот во ритамот „полно-празно“ покажува широк дијапазон. Растерот
на прозорските површини е разновиден, со општа тенденција за помали застаклени површи-
ни во составот на крилот. Дрвените профили се тенки и елегантни. Се среќава и збогатува-
ње на оваа содржина со интерполација на дрвени коленетки со капители помеѓу прозорците
и со профилирани аркади.
Системот на отворање на прозорските крила е разновиден, но шибер-прозорците се
функционално најоправдани и често применливи. Тие не го ангажираат просторот, а овоз-
можуваат непречено и удобно седење на минсофите, кои се поставени во парапетот под
нив. Практичното и удобното се соединиле на едно место.
Понекаде ќе се наиде и на вертикално суперпонирање на прозорците. Имено, врз
примарните прозорски отвори се поставуваат декоративно обработени натсветла, со што се
зголемува интензитетот на светлината, а ентериерниот простор се збогатува со нова содр-
жина.
Со декортивните пердиња - платнени и волнени (бели и обоени) - се комплетира
општиот впечаток за елеганција на оваа ентериерна партија. Се на се, по пат на логика и
практичност, досегнати се и високи естетски вредности.

Таванска иовршина во одаише - ликовен иредизвик


за народниот мајстор-Градител

Таванот како дел од ентериерната обвивка секогаш бил активна компонента во


обработката на ентериерот. Низ сите периоди на развојниот пат на архитектурата, таванот
бил предизвик за градителот и мајсторот-уметник својата творечка дејност да ja сосредото-
чи и кон обработка на оваа површина од внатрешниот простор.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА HA МАКЕДОНИ.ТA


ЕКСПРЕСИЈА HA ЕНТЕРИЕРОТ 729

Таванот во старата македонска куќа има широк распон во третманот на обработка


- од наједноставна концепција до мошне квалитетни и сложени решенија со високи ликовни
содржини.
Досегашните квалитети во обработката на таванот одат паралелно со соодветните
вредности на другите ентериерни елементи, како и со општите вредности на објектот. При-
тоа, таванот претставува примарен елемент во нејзиното внатрешно обликување. Во него
мајсторот-уметник се изразил со извонредна артистичка сигурност. Големите архитектон-
ски и декоративни можности, што му ги нудела таванската површина, тој успешно ги иско-
ристил со еден сериозен и вдахновен приод кон оваа проблематика, непогрешливо ги ком-
бинирал одделните елементи во складна композиција и вешто ги стилизирал природните
форми.
Со зачудувачка ликовна хармонија, компонирани се фризовите од геометризирани
и растителни мотиви со стилизирани сонца, ѕвезди и китки цвеќиња. Интимно и топло во
дрвото е трансформиран еден свет од природата. Во контекстот на содржината на таванот,
во декоративната обработка и мотивот се присутни идеите и стремежите на творецот,
вткаени како трајни вредности од едно време во кои живеел и творел.
Дијапазонот во обработката на таванот е голем - од наједноставни, сведени на реду-
циран, но елегантен линеаризам, до мошне богати, со низа разновидни елементи, сложени
во хармонична ликовна целина.
Таванот често е пластично издигнат преку две или три површини една врз друга,
вешто поврзани со декоративни премини. Декоративниот опус опфаќа разновидно обрабо-
тени квадрати, ромбови, многуаголници и комбинирани геометриски фигури составени во
избалансирани растери. Нивното комбинирање со заоблени и кружни форми укажува на
обидот за „омекнување“ на апстрактните контури и површини.
Ликовната идеја народниот мајстор ja развива и реализира со разновидна постапка,
но секогаш вешто и сигурно. Истата доследност ja пројавува и во техничката обработка.
Едноставните мотиви, изразени со редуцирана форма и материјал, пленуваат исто како и
виртуозно резбарените секвенци на таванот. А кога се работи за резбата, неговиот однос
кон формата и композицијата е на највисоко рамниште. Мошне пластично и убедливо обра-
ботена, таа прима и ажурен карактер.
Раскошните централни мотиви во таванските композиции останале ненадминати
ентериерни компоненти во македонската куќа и показател за надареноста на народните
творци, за нивниот истенчен дух и осет за ликовна мерка.
Во исползувањето на мотивите и нивната стилска обработка, таванот во македон-
ската куќа е создаден, главно, во духот на домашната архитектонска традиција и со белези
карактеристични за нашето поднебје. Понекогаш ќе се сретнат и стилски влијанија од рене-
сансата, барокот или исламската уметност, но и тогаш се чувствува индивидуалното. При-
родниот мајстор никогаш не бил подложен на догми и шаблони - тој реализирал искрена и
вдахновена уметност, а тоа е една од највредните компоненти во неговото творештво.
Во однос на материјалите од кои се обработувани, таваните во македонската куќа
можат да се поделат во три групи: дрвени, комбинирани и малтерисувани. Најмногу се за-
стапени првите две групи, додека малтерисувани тавани со пластична декорација поретко се
среќаваат и не се типични за христијанската традиционална архитектура. И дрвените и ком-
бинираните тавани покажуваат изобилство на варијанти во начинот на компонирање. Рас-
понот во нивната содржина и естетика е исполнет со вонредни примери во куќите ширум
Македонија. Кај сите нив, во композициона смисла, можат да се издиференцираат неколку
составни елементи: преодна партија од вертикални ѕидни згорнини кон хоризонталата на
таванот, рамката што ja дефинира контурата на обработената таванска површина, таванско
„огледало“ и централен декоративен мотив.
Најинтересниот дел од таванот е огледалото. Тоа е основна површина за обработка,
каде што мајсторот-уметник максимално ги испробал своите творечки можности. Таван-

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


130 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

ското огледало најчесто е исполнето со растер од еднакви геометриски фигури - квадрат,


правоаголник и сл. Со разновидни ротации и преклопувања на овие основни геометриски
слики се добива целата композиција на таванот. Притоа, најчесто применуван метод на
компони-рање е сукцесивна геометриска поделба на основниот квадрат на третини, со што
на едноставен начин се добива централното поле за розета со осмоаголна форма. Друг на-
чин на компонирање на мотивот на таванот е со употреба на кругот и негова геометриска
поделба на 8, 10, 16 делови, односно на осмоаголници, десетоаголници и шеснаесетоа-
голници. Ваквата декорација се остварува со помош на профилирани летви.
Во фокусот на огледалната површина се аплицира централен богато декориран мо-
тив. Тоа е најчесто стилизирано сонце, ѕвезда или некоја розета со геометризирани или ве-
гетабилни форми.
Контурата на централниот мотив органски ja следи формата на огледалото, сле-
вајќи се со неа во единствена ликовна целина. Исто така рамката и другите елементи на та-
ванот синхронизирано се поврзуваат со внатрешната содржина. Иследувањето на богатото
наследство на овој вид естетска опрема во куќата зборува за богатото познавање и искуство
на полето на композицијата и употребата на метрично и геометриско пропорционирање
како основни средства на методот на компонирање.
Со исклучителни квалитети се одликуваат таваните во старите дебарски и охридски
куќи, што не е случајност, бидејќи во овие градови дејствувале прочуените резбарски школи.
Општо земено, кај таваните во старите куќи се констатираат повеќекратните вред-
ности: високиот дострел во ликовното компонирање, широкиот избор на мотиви, рафинма-
нот во обработката и експресивноста во изразот.

Денивелирањешо на иоднише иовршини


активно Го валоризира просторот

Како контрапункт на раздвижениот таван, со множество декоративни детали стои


подната хоризонтала. Таа е едноставно сфатена и во таа смисла третирана. Врз дрвените
греди од меѓукатната конструкција се заковани штици што одат попреку во еден оптимален
димензионален ритам од 15 до 20 см.
Во просторот за секојдневниот живот, „куќата“, подот не поднесува никакви проме-
ни во однос на својата хоризонталност. Единствено денивелирање може да предизвика при-
суството на миндерите, доколку се појават и во овој простор. Тие се сфатени како составен
дел од подната конструкција, па затоа се изведуваат заедно со неа. Ширината од 60 до 75 см
е во согласност со димензиите на човековото тело во седечка положба. Исто така, и висина-
та има своја антропоморфна оправданост.
Декоративната композиција на вака едноставно третираната подна површина се из-
разила преку богатите килими со кои таа се покрива. Топлите тонови на придушената црве-
на боја, како и богатството на стилизирана орнаментика, претставуваат колористички ак-
цент во ентериерната содржина.
Својата трансформација подот ja доживува на чардакот. Таму, тој оддеднаш се раз-
движува, изменувајќи ja хоризонталноста на одните линии. Желбата за експонирање кон
екстериерот, преточена во појавата на еркерот на чардакот, се нагласува и со подигање на
подот токму во тие делови што ja носат таа функција - доксатите. Тоа понекогаш како да
не е доволно ако се појави само еднаш. Особено кај отворените чардаци настанува суперпо-
нирање на нивоата во една возбудлива градација. Дополнета со низа огради што се појаву-
ваат како неминовна заштита поради висинските разлики, оваа градација го претвора про-
сторот во вистинска атракција.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ЕКСПРЕСИЈА HA ЕНТЕРИЕРОТ 131

Ушилишарносша и ликовнише содржини на вграденаша иокуќнина,


високи дострели на традиционалната архитектура

Основниот белег на македонскиот ентериер лежи во неговиот архитектонски израз,


дефиниран според тектонските и ликовните компоненти на вградената покуќнина како и
преку ликовните содржини на таванот, прозорците, вратите итн., значи според фиксните
елементи на ентериерот. Токму во ова се наоѓаат и основните карактеристики и квалитети
на ентериерот во старата македонска куќа за живеење. Притоа сите елементи што ги со-
држи ентериерот синхрониски се надоврзуваат еднонадруго, создавајќи единство на функ-
цијата и формата во внатрешните простори и обезбедувајќи континуирано преточување на
еден елемент во друг. Мошне забележителна и, можеби, најсуштествена компонента во
ентериерните содржини е вградена покуќнина. Би се рекло дека таа, покрај таванот, прет-
ставува нејзин најмаркантен белег и неделив дел од одајата. Изникната поради силата на из-
весни битови потреби, во текот на времето и под опитните раце на мајсторите таа се пре-
творила во високо естетизиран декоративен елемент. Пленува општата концепција на сис-
темот од вградени долапи што е во тесна заемна врска со структурата на куќата, а начинот
на кој се компонираат неговите елементи во однос на просторот, како и постапката во ко-
ристењето, претставува врвен израз на едноставноста и практичноста. Групирани во „бате-
рија“, вдолж цел еден ѕид, елементите на вградената покуќнина заземаат минимум користен
простор на одајата, а даваат максимални можности за сместување на секојдневните упо-
требни предмети, облеката и постелнината, како и се она што преку денот не мора и не тре-
ба да е експонирано.
Според тоа, при разработката на ѕидната површина со системот на вградена покуќ-
нина, основна била идејата за целосна изграденост на внатрешниот простор, сообразно со
функцијата на секое катче и на секој елемент од ентериерот. Во процесот на реализацијата
на таа идеја, внатрешниот простор е решаван со извонредно коси одни линии, кои ги танги-
раат ѕидовите. Со тоа се обезбедува правилна врска меѓу одделните елементи и се исчисту-
ва централниот простор од излишно движење. Ова укажува на зрел творечки поглед во нај-
сложените проблеми на просторното изградување на старата куќа и длабоко познавање на
народниот бит.
Ликовната компонента на вградената покуќнина го анимира просторот во кој при-
јатно се престојува. Повеќе или помалку декоративно обработена, заедно со таванот и дру-
гите елементи, таа создава ентериерна целина мошне впечатлива и ликовно детерминирана.
Навидум редуцирана на најнеопходното, куќната опрема ги задоволува сите потре-
би во домашниот живот на мошне рационален и практичен начин. Подвижните елементи на
куќната опрема (за готвење, јадење, спиење и др.), по нивната употреба повторно се вра-
ќаат во просторите на вградената покуќнина (долапи, сергени, мусандри), а просторијата
понатаму адекватно се користи преку својата елементарна ентериерна поставка.
Со анализата на содржината во просторот на „куќата“, во која се готви, се јаде и
престојува, може да се издиференцираат некои основни компоненти, речиси редовно при-
сутни. Тоа е пред се, огништето - отворено или затворено, во вид на камин - за готвење и
греење. Во најстарите куќи (најчесто во селските) огништето е поставено слободно во „ку-
ќата“, која прима функција на кујна и дневен престој. Димните гасови се прифаќаат и ели-
минираат со некој вид аспиратор, наречен „черен“, кој се надоврзува на оџакот. Во градска-
та куќа огништето е поместено на надворешниот ѕид, така што димниот канал е видлив на
фасадата и со својата најчесто впечатлива обработка активно учествува во нејзиното обли-
кување. Лево и десно од него се поставуваат прозорци, а програмската содржина се компле-
тира со поставување постели - миндери, на подот под прозорците. Натамошниот функцио-
нален и програмски ред се дополнува со ѕидни ниши оформени како полици или мали дола-
пи кои непосредно се користат за кујнските потреби.
За миење садови служи „водник“ („хима“) - камено корито, вградено во прозорски-
от парапет или во ѕидна ниша, која од горната страна има полици за садови. Покомплетна

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


132 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

програмска содржина на овој простор подрзбира и присуство на други елементи од вграде-


ната покуќнина.
Осмисленоста во користењето на елементите на овој вид покуќнина подразбира
определено висинско зонирање со јасна цел да се изврши лесна организација и систематиза-
ција на работите што се вршат. Долната зона претставува ниво на работна површина каде
што се врши подготовка на храната, готвење, миење садови и слично, додека горната зона
врши контрола на искористеноста на просторот, со тоа што над неа не се поставува ника-
ков елемент за практична и секојдневна употреба. Конечната висинска дистанца на оваа 30-
H a е човекомерна и се наоѓа на висина од испружена човекова рака, односно дофат. Ова е
само еден од показателите што укажуваат на тоа дека основниот модул, според кој се ди-
мензионирал просторот и се организирале елементите во него, е човекот.
На спротивната страна од батеријата на вградената покуќнина, во границите на па-
рапетниот ѕид од прозорците, поставени се миндери или минсофи - фиксни издигнати под-
логи за одмор и седење. Површината за седење, поточно потпирките со перници, се на ни-
вото на долниот прозорски раб, така што од оваа висинска позиција се овозможува непре-
чено поврзување со светот надвор од куќата: убава панорама, контакти со улицата, со сосе-
дите. Миндерите се направени од едноставна дрвена конструкција, врз која се поставуваат
душеци исполнети со слама. Тие се покриени со волнени покривк, дополнети со перници за
поудобно седење. Се среќаваат одаи во кои миндерите се поставени вдолж сите слободни
ѕидови. На нивото на миндерите, поточно на нивото на долниот раб од прозорската рамка,
се наоѓа дрвена штица, која со напречно поставени штици и споменатата горна штица, соз-
даваат еден привлечен мотив што има и свое функционално оправдување.
Системот на вградената покуќнина, со својата богато декорирана обвивка, колорис-
тички и декоративно наполно се поврзува со таванот, со декоративно обработените врати и
резбаните „пердиња“ над нив, со декоративните опшивки над прозорците и со камините во
еден високовреден и осмислен композициски систем, во кој се е подредено на човекот и на
неговото мерило. Притоа, присутни се и определени постапки со цел за нагласување на
композицијата. Убаво обликуваната ниша на „чичеклакот“, во која се става ваза со цвеќе,
декоративно обработена стоечка ламба или некој друг предмет, зазема централно место во
композицијата. Ова место може да го ангажира „џамлакот“ со уџерињата лево и десно од
него, кој служи за сместување прибор од стакло, а нивните складно профилирани контури
мајсторски се извлечени од барокот или од ориенталската арабеска. Наместо споменатите
елементи, централното место (како што е порано кажано), може да го заземе каминот, кој
е обликуван со хармонично профилирани пластични елементи, внесувајќи во ентериерот
нота на отменост.
Декоративното дрвено пано на системот долапи инвентивно е поделено на три хо-
ризонтални зони. Крилата на одделните функционални елементи се расчленети најчесто со
геометриски фигури (правоаголник, квадрат, триаголник, ромб и сл.), и се редат според
определени хармонични законитости, условени од различни фактори. Притоа, разновид-
носта во декорацијата на обвивката е користена за да се потцрта хоризонталното расчле-
нување. Долното поле е изработувано од едноставни табли со правоаголна или квадратна
форма. Средното поле е најбогато декорирано, сообразно со приматот што го има во функ-
цијата. Тука е сконцентрирано целото внимание на мајсторот. На височина од човековиот
поглед е организиран композицискиот центар на целата декоративна столарска профила-
ција, вршено е степенување на површината на крилата, а како дополнение на украсувањето
во аглите се уфрлаат резбани мотиви од стилизирани цветови и листови. Третото хоризон-
тално поле, онаму каде што се појавува, во декоративното обликување е сфатено како фриз
што треба да врши обединување со таванот.
За одбележување е често присутниот ликовен лајтмотив во обработката на вратата
и вградената покуќнина, со што се постигнува единството во ликовниот израз на целата
згорнина од батеријата.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ЕКСПРЕСИЈА HA ЕНТЕРИЕРОТ 133

Таа синхроност во ликовната интерпретација продолжува, често, и во обработката


на таванот, односно слични мотиви се среќаваат кај пердето над вратата, кај долапите и му-
сандрите и на таванот. Ваквата постапка навестува стил и здрав уметнички ред во формира-
њето на ентериерот.
Се заклучува дека ентериерот во старата македонска куќа својата експресивност ja
должи пред се на јасниот и доследен архитектонски израз, а елементите на вградената по-
куќнина, доведени до функционална и ликовна перфекција, спаѓаат во најмаркантните
ентериерни содржини на старата куќа.

Еншериернише елеменши, со дизајнош, королиигош и иред се со својаша


практичност, создаваат пријатна атмосфера во куќниот простор

Создаденото единство на ентериерниот простор не е нарушено со присуството на


подвижната опрема која е сведена на минимум неопходни елементи, како што се икона, сли-
ки, ламби, мангал, килим и сл. Затоа ентериерот е компактен и секогаш зрачи со констант-
ни вредности.
Мечтите на Македонецот за национална и религиозна слобода нашле одраз во вклу-
чувањето на иконата во куќниот ентериер. Иконата, дополнета со кандило, претставува до
минимум сведени религиозни реликвии со чијашто помош се вршела секојдневната молит-
ва. Оваа мала, но за човекот од тоа време важна групација понекогаш може да биде вклопе-
на во батеријата на вградената покуќнина, и тоа само тогаш кога е поставена на источниот
ѕид. Меѓутоа, многу почесто, веројатно поради неможност да се зачува оваа религиозно
обусловена ориентација, иконата се поставува самостојно во оној агол од собата што го за-
доволува основниот услов.
Во побогатите куќи рамката на иконата е обработена во резбана техника со мотиви
од црковниот дрворез. Композицискиот центар на резбаната рамка се наоѓа во средината на
горниот дел? каде што се поставува крстот. Околу него, најчесто, се развива симетрична
композиција од растителни мотиви: цвеќе, листови и рајски птици. Можна е примена како
на ажурна техника, така и на плитка резба.
Личното богатство на градската интелектуална аристократија и нејзините контакти
со градовите на Европа, нашле одраз, покрај другото, и во амбиции за репрезентативност.
Тие се изразиле во богатата уметничка опрема на просториите за прием на гости. Оттука,
кон крајот на XIX век, по ѕидовите на македонските побогати куќи ќе се најдат и семејни
фотографии, производи на европската индустрија, стакло и порцелан, како и убаво декори-
рани петролеумски ламби кои се закачуваат на таванот.
Исто така, се појавуваат и манифестации на чиста култура, како што се присуство
на библиотека во куќата, музички инструменти, уметнички слики, па дури и сликарски пор-
трети. Овие појави на европеизирано ентериерно уредување особено се карактеристични за
Крушево, Битола и Охрид, каде што контактите со Европа биле многу засилени.
Ако загревањето на просториите за секојдневно живеење се вршело со отворени
ложишта - камини, во репрезентативните простории оваа појава е поретка. Наместо нив,
карактеристично е присуството на подвижно ложиште, како составен дел на малиот број
подвижна покуќнина. Тоа е мангалот. Тој претставува посебен вид кујунџиски производ од
бакарна ламарина, збогатен со многу декорација. Подлогата во која се сместува бакарниот
сад за жар е дрвена, и исто така со особено внимание декорирана.
Елементот што донекаде влијаел врз третманот на ѕидната површина е ламбата за
осветлување. Петролејот бил основен извор на вештачка светлина. Во врска со тоа, и не-
колкуте видови ламби биле петролеумски. За практична секојдневна употреба постоела
ламба што се закачувала на ѕид, но била подвижна. Нејзината позиција на ѕидот не е произ-
волна, туку на точно определено место близу до најексплоатираниот простор во вечерните
часови. Дури и нејзината висинска позиција е строго пресметана - на дофат од рака. За по-

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


134 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

времено осветлување на приодите до одделенијата на домашната економија се употребува-


ло „гасолниче“ - петролеумска светилка без стакло што лесно се палела и гасела.
Килимот активно учествува во општата слика на ентериерот. Тој не служи само за
покривање на подот, туку и за покривање на лежиштето, миндерот, па дури и за естетско
збогатување на ѕидот покрај лежиштето. Од предодредена намена, сосем логично произле-
гуваат големината и формата на ткаенината. „Батал“ е килим за покривање на подот, „мин-
дер“ за миндерите и минсофите, „седмак“ најчесто за лежиштето, но може да се сретне и на
подот.
Како што во Јапонија татами-рогозината модуларно го контролира растењето на
просторот во хоризонтален план, бројот на „пафтите“ во македонскиот батал зависи од го-
лемината на одајата, па оттука произлегува неговото модуларно значење и пропорција.
Хармониското усогласување на боите подлегнува на канонизирани постапки, но кои
не ja ограничувале креативната фантазија на ткајачката. Една боја е основна гама - најче-
сто придушено црвена, додека другите се застапени како дополнителни со голема деликат-
ност и чувство за мерка. Урамнотежената композиција произлегува од комбинација на мали
мотиви од стилизирани цветои, птици и животни (жаби, зајаци, кучиња). He е запоставена
ни човечката фигура, особено женската. Овие мотиви, кои се поставени во полето на кили-
мот, цврсто се збиваат со бордура сочинета од поинакви мотиви.
Импресионира извонредниот осет за симетрија и рамнотежа на композицијата, a
воздржаноста во колоритот и меѓусебната потчинетост на мотивите ja даваат општата ме-
кост и благородност на килимот. Сето тоа директно се одразува врз целата атмосфера во
просторот.
Ткаените или везени пердиња, како и извонредните мотиви на тантелите поставени
на потпирките од минсофите, го прават уште побогат овој простор, украсен со човекова ра-
ка, за човекови потреби.

Основнаша функција на скалише - комуникацијаша ио вершикала,


е дополнета и со ликовни содржини

Во содржината на ентериерот се присутни и скалите. Тие се превосходно функцио-


нална компонента во куќата; но бидејќи се работи за просторен елемент, лоцираноста на
скалите, нивната експонираност и обликување се важни фактори во доживувањето на про-
сторот. Народниот мајстор-градител пројавил широк дијапазон во третманот на скалите.
Како што ги организира вешто на минимум простор, така може да им даде и репрезентати-
вен карактер. Редовно се работи за дрвени скали и не постои нивно изолирање во некој од-
делен скалишен простор. Тие се активно вклучени во општиот простор на куќата и се инте-
грален дел од севкупната ентериерна содржина.
Еластичноста во поставувањето на скалите во просторот, каде што од кат до кат
(особено во чардаците) по потреба ja менуваат својата траса и форма, предизвикува чув-
ство на раздвиженост во просторот и збогатување на неговата содржина. Мошне лесно и
ненаметливо изгледаат кога неколкупати се прекршуваат и формираат мали подести и
платформи, следејќи ги движечките текови во просторот. Но, преку нив се доловува и ре-
презентативноста на ентериерниот простор, а тоа најчесто се постигнува со акцијалната
композиција на скалите во чардакот. Ваквите скали (обично со три крака) најчесто се сре-
ќаваат во симетричните концепции на основата, а најдобрите примери се застапени во ста-
рите куќи на Круш ево и Кратово.
Потенцираната аксијала продолжува и во просторот на чардакот со симетрична
ритмичност на прозорците или со двокрилна врата преку која се излегува на балканот.
Во секој случај, пленуваат слободата и разновидноста во третманот на скалите,
како и умеењето основната функција - комуницирањето по вертикала - да се дополни и со

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ЕКСПРЕСИЈА HA ЕНТЕРИЕРОТ 135

други содржини. Така, под скалишниот крак вешто се формира долапот со „камарчиња“ от-
страна, а кај излезниот крак во чардакот дел од скалишната ограда е премостен со дрвена
табла, која прима функција за оставање на приборот за послужување и сл.
Со својата ликовна содржина, кај скалите се експонира оградата - парапетот. Меѓу-
тоа, освен кај скалите, огради, а со нив и столбови, се појавуваат и на други места, при што
играат важна улога во формирањето како на фасадите, така и на ентериерот. Разновидна е
обработката на овој скалишен елемент и се движи во распон од наједноставни потези на
дрвени летви, па до барокизирани профили на пармаци изработени во токарска техника.
Декоративната обработка ja потенцир архитектурата на куќата и зборува за префинетото
чувство за естетика, изразено преку множеството идеи за форми, мотиви и цели композиции.

Просшорош на чардакош ирешсшавува една од најиривлечнише


содржини во старата македонска куќа за живеење

Просторот за живеење во куќата не се наоѓа само во собите и кујната, туку тој мо-
же да се развие на едно многу пошироко подрачје чијашто завршница се наоѓа на катовите.
Тој простор за живеење почнува кај портата, па продолжува низ дворот до тремот во при-
земјето, за да заврши на катот во чардакот - тој фокус околу кој се создава целата концеп-
ција на станот. Тој е појдовна и завршна точка во процесот на домувањето. Простор е за ко-
муникација, за работа, за одмор и разонода, простор во кој во летните жешки ноќи може да
се спие, простор каде што се одвиваат семјни прослави, свадби и др.
Практичното разрешување на проблемите што произлегуваат од жештина, прего-
лема осонченост, спарност или студ, ветар и влага, довело до градежна реализација на два
основни типа чардаци: отворен во топлите краишта и затворен во постудените. Притоа,
полната афирмација овој простор ja има таму каде што се појавува како отворен, при што
добива широк дијапазон на варијантни решенија поврзани со функцијата, содржината, фор-
мата, волуменот и обликувањето. Но, и затворениот чардак не заостанува во тој поглед. Тој
најчесто добива репрезентативна функција, со убаво и богато разрешен ентериер, со голем
број прозорци што овозможуваат преточување на ентериерот кон екстериерот и обратно.
Но битен фактор на определеноста на обата типа чардаци е отвореноста кон убави визури и
јужна ориентација. Во потрага по овие детерминанти, чардакот не подлегнува на крути ше-
ми во основата, туку се експонира што повеќе кон екстериерот преку еркерите, се продол-
жува преку ходниците до оддалечени простории, вклучувајќи го и аголот на куќата во сво-
јот состав, ги пречекорува камените огради од куќите, барајќи го своето место во динамич-
ната улична кулиса. Неговиот внатрешен простор постојано се расчленува, се шири и стес-
нува, барајќи продор на светлина, сонце и воздух, како и надворешни содржини. Веќе само-
то тоа е доволна привилегија за човекот-корисник. А дополнителните компоненти што го
прават овој простор уште попленителен се преточени во естетски осмислени и рафинирано
обработени детали што ja следат функционалната содржина.
Динамичната раздвиженост на просторот не произлегува само од меандрирањето на
ѕидовите од просториите, околу кои се провлекува чардакот, туку и од денивелирањето на
подната површина. Имено, многубројните функции на чардакот не се одвиваат на едно ни-
во, туку на повеќе, со што истовремено се врши и просторно диференцирање и организира-
ње во експлоатацијата на просторот. Комуникациите меѓу просториите се сведени на едно
ниво, доксатот како простор за уживање се подигнува на повисоко ниво, минсофата како
составен дел од подот е уште повисока, па од неа се има апсолутна визура кон широко отво-
рената панорама.
Столбовите и оградите се плетат околу минсофите, скалите и оградите се плетат
околу минсофите, скалите, доксатите или се самостојно поставени во вид на прегради. Де-
коративно обработени со безброј варијанти мотиви, преку столбовите се надоврзуваат на
архитравно или лачно завршени горни партии на меѓустолбниот отвор. Често дополнети со

A РХ ИТЕКТУР AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


136 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

профилации и необични опшивки, донесуваат белези на европски барок. Таванот, како за-
вршница на третата димензија, може да биде дематеријализиран со искрен продор кон чати-
јата, што произлегува од желбата за подобра вентилација (кај отворените чардаци) и, веро-
јатно, од лошата материјална состојба на сопственикот. Но, на оваа хоризонтална површи-
на алтернативно може да се постави и хармонија на деталите и целината. Така таванот,
оградите, парапетите и подовите, столбовите и прозорците остануваат на позиција на при-
марни елементи во внатрешното обликување на ентериерот на чардакот.
И покрај тоа што чардакот, освен архитектонскиот украс, нема други дополнителни
елементи, тој дејствува мошне богато. А тоа произлегува од ѕидовите кои се прекршуваат
од групациите на батерии врати, чијашто природна патина контрастира со белите ѕидови,
од богато украсените претпростори наменети за сместување на вратите, од низата столбо-
ви, огради, минсофи и парапети; потоа, од структурата на подовите, од отворените тавани
низ кои се гледа чатијата.
Тоа е богатство што произлегува од можноста погледите да летаат на сите страни:
низ вратите во собите меѓу столбовите или прозорците кон надворешниот свет, покрај ска-
лите и оградите надолу во тремот и нагоре кон горниот чардак и преку ходниците во некои
оддалечени простории.
*

Силно изразениот стремеж за координирано усогласување на можностите што ги


давала конструкцијата преку ѕидната површина, императивите на специфичното домување
од XIX век, како и уметничките стремежи на мајсторот-градител, го создале исклучител-
ниот ентериер на старата куќа. Тој е создаден со силен творечки замав, со вештина и умеш-
ност за пропорција и харминично обединување на елементите во процесот на усовршување
на градителската техника. Убавата форма секогаш е тесно поврзана со конструкцијата и
функционално битовата компонента. Декоративната разработка на одделните елементи од
ентериерот не е никогаш бесцелна игра, туку строго обмислен и докрај доведен творечки
процес. Притоа, естетските реализации се извлечени со сосем скромни средства и материја-
ли. А љубовта на македонскиот човек кон орнаменталниот украс и бојата, пројавени толку
силно во носијата, килимите и грнчарството, го задолжувале мајсторот да ги збогатува
архитектонскиот простор и детаљот на него. Токму тоа и овозможило раѓање на високоар-
тистички и силно емоционални архитектонски дела со потцртан народен карактер.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


СЕЛСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА

Македонските села како рурални и архитектонски остварувања од минатото, со сво-


јата архитектура, која главно потекнува од XIX и почетокот на XX век, во новосоздадените
општествено-економски односи по ослободувањето доживуваат големи промени кои се од
битно значење за натамошниот развој, стагнација, опаѓање или пак изумирање. Така, во послед-
ниве две децении некои села се сосема иселени и напуштени, некои сосема урнати а има села
кои во својот брз развој го уриваат старото градејќи ново. Во сите наведени случаи страда
старата архитектура, која, меѓутоа, има одредени архитектонски вредности, поради кои таа
треба да се зачува, таму каде што има можности, и да се вклопи во современиот живот.
Селските населби претставуваат најдиректен израз на животот и работата на села-
нецот, во услови на екстензивно стопанисување. Тие, како спонтано настанати агломерации,
имаат своја функционална и естетска вредност, базирана врз логичниот пристап во разре-
шувањето на проблемите сврзани со теренот, функцијата и материјалот1.
Селата во Македонија главно спаѓаат во збиениот тип села, што ги дефинира една
стегната рурална структура, создадена не само поради теренските услови туку и поради за-
едничката одбрана и користењето на земјата за обработка. Ги среќаваме во планинските,
ридските и рамничарските населби. Тие имаат свои маала, слободно трасирана улична мре-
жа и проширувања, кои доаѓаат до израз во средишниот дел на селото „сред село“ покрај
црквата, џамијата или чешмата, како место за заедничко собирање. Потоа, полузбиен тип,
додека разбиениот тип на села поретко се среќава. Во нив има помали групации од куќи на
одделни домаќинства, расеани по атарот.
Чифчиските населби се градени најчесто во рамниците, на имотите на богатите паши и
бегови и имаат затворена диспозиција, а куќите во чифлиците се наредени до обемните ѕи-
дови на населбата (село Пакошево, Скопско). Покасно, во XIX век се појавуваат и отворени
диспозиции со поставување на чифчиските куќи во низа (село Ореовец крај Струга).
1 За селската архитектура во Македонија ja наведувам следната литература: Ј. КруниК, Об-
лици народних кука Охрида, Киченице, Галичника и Крушева као карактеристичне нијансе израза
народне архитектуре Македоније, Зборник Архитектонског факултета, Београд 1951-52, 64-78; В.
Русиќ, Малесија, Зборник на Филозофски факултет, Скопје 1953; Б. Русиќ, Поле Дебарско, Годишен
зборник на Филозофскиот факултет, Скопје 1954; В. Русиќ, Жупа Дебарска, Скопје 1957; Б. Којиќ,
Сеоска архитектура и руризам, Београд, 1958; С. Томоски, Македонска народна архитектура,
Скопје 1960; К. Томовски, За конструкциите во народната архитектура, Годишен зборник на
Техничкиот факултет, кн. 4, Скопје 1961, 67-71; К. Томовски, Покуќнината во старата селска куќа
во Македонија, Годишен зборник на Техничкиот факултет, кн. 5, Скопје 1963, 33-47; К. Томовски,
Село Долно Водно, Годишен зборник на Архитектонско-градежниот факултет, кн. 8, Скопје 1968,
35-45; К. Томовски, Р. Волињец, Стари објекти во село Лешок, Скопје 1970; К. Tomovski, Architecture
in Macedonia in the ninetteenth century, La Macedoine et les Macedoines dans le pase, Институт за национална
историја, Скопје 1970; К. Томовски, Народна архитектура во Преспа, Годишен зборник на Архи-
тектонско-градежниот факултет, кн. 9-10, Скопје 1972, 47-84; Р. Волињец, Село Битуше, Годишен
зборник на Архитектонско-градежниот факултет, кн. 9-10, Скопје 1972,117-133.
138 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Кај планинските села особено импресионира поврзаноста на објектите со теренот.


Куќите слободно се поставуваат една врз друга и со своите волумени создаваат една дина-
мичка пластика во просторот. Од тука произлегува и нивната поврзаност со пејзажот и ам-
биенталната вредност, со извонредни панорамски изгледи, како што се, на пример, селата
Јанче, Гари, Галичник, Битуше и други. Ваквата диспозиција на куќите овозможува добива-
ње на слободни видици, добра инсолација и аерација, мошне важни чинители во руралното
формирање на просторот.
Основниот елемент во руралната структура на селото - стопанскиот двор со низа
стопански и помошни објекти, како што се на пример: амбари, кошеви, пондила, казарница
и други, најчесто се со неправилни форми, затворено или полуотворено решавани, имаат
одредено значење не само за функционалната организација на просторот туку тие претста-
вуваат свидетели за стопанската организираност во условите на екстензивното стопани-
сување. Функционалната поврзаност во диспозицијата на одделни објекти, според нивната
намена и слободните површини во средиштето на комплексот, за непречено одвивање на се-
којдневната работа, и како простор за комуникација, се главните одлики на овие групации.
Покрај куќите за живеење и разновидните стопански објекти, во селата се градат и
други објекти за задоволување на општите потреби на жителите, како што се: цркви, учи-
лишта, чешми, мостови и друго, како и објекти изградени надвор од селата, поврзани
главно со стопанисувањето. Значи е остварен еден мошне широк репертоар на разновидни
програмски и функционални содржини, во чие совладување народниот мајстор ja покажал
својата умешност во совладувањето на мошне сложените архитектонско-конструктивни и
естетски проблеми. Но, најзначајни архитектонски остварувања во селата, секако, претста-
вуваат старите куќи за живеење, во кои среќаваме извонредни функционални решенија прилаго-
дени на теренот, климата и програмската концепција.
Развојот на селската куќа го следиме од нејзините примитивни форми, од таканаре-
чената едноделна куќа, па се до развиените форми со збогатени програмски содржини, што
доаѓа до израз особено во XIX век.
Наједноставните форми на старата селска куќа се приземните едноделни куќи наре-
чени „поземнички“ или „надземници“, во која човекот и добитокот живееле во еден прос-
тор, преграден со лесна ниска ограда на „куќа“ со огниште. Тука се одвивал целокупниот
живот на семејството и „пондила“, „кед“ или „котар“ каде што се чувал добитокот. Овие ку-
ќи најчесто биле градени од плет, покриени со слама и потекнуваат уште од словенската ку-
ќа. Во вакви куќи се живеело во одделни подрачја се до крајот на XIX век а и денес се зачу-
вани одделни примери во Радовишко, Дојранско и во други подрачја.
Основата на селската куќа постепено се развива. Таа добива простории според на-
раснатите потреби и можности на селанецот. Се создава дводелната и троделната куќа. Се
појавува куќа на „високо“ - на еден и на два ката. Се врши и постепена диференцијација на
просториите за чување на добиток и економските простории, од просториите за живеење на
човекот. Овој развој на куќата го гледаме во село Нежилово, Велешко2.
Умешноста во градењето на селските куќи народниот мајстор особено ja изразил во
планинските села. Како пример ќе ги наведеме куќите од селата во Реканската област, како
што се селата: Галичник, Јанче, Лазарополе, Тресонче, Гари, Битуше и други, потоа во би-
толско: Смилево, Маловиште и други.
Галичките куќи, меѓутоа, импресионираат особено со својот архитектонски израз,
кој претставува највисок дострел во развојот на селската куќа. Галичник, со надморска ви-
сочина од 1400 метри, со изразито стрмен терен и остра клима услови градење на затворени
куќи, главно во камен и делумно во „бондрук“ конструкција, опшиена со штици, а покриена
е со камени плочи. Тоа се кубуси кои како некој кристал никнат од земјата и со својата ма-
сивност и рустичност формираат еден несекојдневен, специфичен, за овој драматичен пеј-
заж, впечаток.

2 Види: К. Томовски, Покуќнината во старата селска куќа во Македонија, Годишен зборник


на Техничкиот факултет, Скопје 1963.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИ.1А


СЕЛСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА 139

Стрмниот терен на кој е градена куќата и збиеноста на населбата услови куќата да


ги прифати и дел од стопанските и економските простории по еден покрив. Таа се развива
по вертикала, така што најчесто има трикатни височини. Притоа е користена конфигура-
цијата на теренот за вклопување на објектот во теренот, со користење на денивелации.
Така се создадени посебни влезови на ризични нивоа, што е овозможено и од диспозицијата
на куќите, коишто се поставени најчесто исправно на изохипсите. Во галичките куќи среќа-
ваме издиференцираност во функционалната композиција на просториите според нивната
намена, која е доследно спроведена. Во приземјето е сместен „тремот“ (за добиток), потоа
„клет“, на првиот кат „куќата“ и „одајче“, а на вториот кат одаи и затворен „чардак“.
Посебен интерес претставуваат куќите во Малешија, во Дримкол Дебарски и во
Жупа Дебарска. Тоа се „отворени куќи“ со приземје и кат „на високо“, со чардак и „телиз“
(испуштен до еден метар широк), надоврзан на чардакот кој води најчесто во нужник „але“
што е заштитен со штици „пардии“.
Отворени куќи - „куќи чардаклии“ со трем, „подчардак“, „ајат“ во приземјето и от-
ворен чардак на катот среќаваме во рамничарските и прибрдските села низ Македонија.
Во селата доста често се градат „братски куќи“ во кои живееле повеќе фамилии -
на двајца, тројца или повеќе браќа (пример: во Велебрдо на пет браќа), така што секоја фа-
милија има посебен стан, но куќата претставува единствена архитектонска целина.
Муслиманските куќи имаат извесни разлики диктирани, главно, од верските потреби.
Среќаваме посебни одаи за мажи, посебни за жени, потоа во спалните и во одајата за гости
бањи - „амамлак“, „амам“, „бањиче“ и мијалник „абдесана“. Особено се истакнуваат куќите
на чифликсајбиите и богатите паши и бегови, градени на нивните имоти, меѓу кои со своја-
та архитектура се истакнуваат конаците на Авзи-паша во село Бардовци, Скопско3.
Станбениот простор во селските куќи максимално се користи и со поставување на
вградена покуќнина како што се „мусандрите“, „долапите“, „миндерите“, полуотворени ог-
ништа и друго. Станбените простории се добро осветлени, најчесто ориентирани на југоис-
точната страна и имаат можност за добро проветрување и затоплување, а градени се во ме-
рилото на човекот. Сето ова говори за релативно висок станбен стандард и станбена
култура на Македонецот, особено кој живеел во планинските села.
Селските куќи, како и другите објекти, градени се од природен градежен материјал,
кој се наоѓал во непосредната околина (камен, дрво, земја, слама, трска и друго) и со прими-
тивни технички средства со кои се изведени сосема функционални конструкции, логични и
искрени по својата концепција. Во нив доаѓа до израз природниот градежен материјал со својата
структура и боја, во рустикална обработка, што претставува и посебна привлечност и естетски
израз. Тешкото приземје и лесниот кат, исфрлената стреа, ритамот на прозорците - односите
полно и празно, сенките и колоритот, се елементи кои доаѓаат до израз во оформувањето на на-
дворешниот изглед на куќите во единствена естетска композиција, која претставува логичен
израз на внатрешната концепција на куќата, применетата конструкција и материјалот.
Внатрешното уредување на селските куќи диктирано е пред се од желбата за задо-
волување на функционалноста на внатрешниот простор. Покрај веќе спомнатата вградена
покуќнина, составен дел во ентериерот претставува и подвижната покуќнина изработена од
дрво, која е сосем функционална и практична за користење, како што се: „троношците“,
„софрата“, „ношвите“, „ковчезите“, „водниците“ и други. Често некои од нив се и декорира-
ни во плитка резба.
Особен интерес во проучувањето на селската архитектура претставуваат и стопан-
ските објекти. Нив ги среќаваме, како што наведовме, во стопанските дворови, во селото и
во селскиот атар. Тие се разновидни, конципирани според својата функција, како што се, на
пример: воденици, валавици, казарници, фурни за печење сливи, потоа објекти поврзани со
сточарството „бачила“ и други.4
3 Б. КојиБ, Конаци и чифлик Авзи-паше у Бардовцу код Скопја, Зборник заштите споменика
културе, кн. IV-V, Београд 1955, 223-242.
4 Некои од овие објекти се на исчезнување, на пример: валавици, фурни за печење сливи и други.

АРХИТЕКТУ РAT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


140 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Во селата среќаваме и општествени објекти од религиозен и профан карактер. Гра-


дени се цркви5 и џамии, обично лоцирани во средиштето на селото. Во текот на XIX век по
селата се градат и обновуваат црквите кои најчесто имаат базиликална форма, еднокораб-
ни и трикорабни, со доста големи димензии. Такви се: Св. Богородица во Штипско Ново Се-
ло, црквите во село Царев Двор, Дрмени, во Наколец-Преспанско. Со централни решенија
се црквите во Лазарополе, Требиште и други. Формите на основите и на конструкциите на
црквите се темелат врз богатите традиции од средновековната македонска архитектура, ка-
ко и на современите архитектонски движења со присутни романтичарски тенденции, карак-
теристични и за архитектурите кај другите балкански народи.
Од интерес е да ги споменеме и селските училишта. Тие се сведоци на една жива
просветна дејност, а и со концепциите од архитектонско-проектантска страна дадени се ре-
шенија кои одговараат функционално на намената. Училниците што имаат приближно
квадратна форма се редат околу централно поставен ходник. Ке ги споменеме училиштата
во Ваташа6, во Магарево7, Владимирово, Теарце.
И поситните објекти, како што се, на пример, чешмите, претставуваат неразделен
мотив во селото, обично поставени во централното подрачје. Тие можат да бидат различно
обработувани и имаат често повеќекратна улога - водоснабдување на жителите, поила за
добитокот и место за прање на облека.
Вака разновидната селска архитектура претставува драгоцен сведок на минатото,
на културните вредности, стопанисувањето, што има не само архитектонско туку и истори-
ско и етнолошко значење и претставува израз на националната материјална култура.
Градителите на оваа архитектура се македонските мајстори градители8, од кои осо-
бено биле прочуени мајсторите од „Дебарската школа“ не само во Македонија туку и во
другите балкански земји: во Србија, Бугарија, Грција и Романија, како и во Мала Азија. На-
родната поговорка: „Ако пропадне Стамбол, Дебар пак ќе го соѕида, а ако пропадне Дебар,
ни Стамбол не ќе може да го обнови“ јасно укажува на можностите и значењето што го
имале мајсторите од дебарското подрачје.
Во последниве години проблемот на заштитата на селската архитектура се поставу-
ва со сета своја острина, особено во селата кои се иселуваат и каде куќите се подложени на
самоуривање или ги уриваат сопствениците за користење на градежниот материјал. Устано-
вите што работат на заштитата на спомениците на културата немаат можност да ги зашти-
тат ни позначајните објекти и локалитети. Под заштита на законот ставени се само одделни
куќи во селата Галичник и Јанче, додека некои посебни конзерваторско-реставраторски ин-
тервенции не се ни преземани.9
Што се треба да се зачува од богатото архитектонско наследство во селата, секако,
претставува посебен проблем. Извршувањето на валоризација по систематско теренско ре-
конструирање и проучување на сите видови објекти и рурални целини врз основа на истори-
ски, естетско-композициони и функционални вредности се налага како итна потреба, и тоа:
- валоризација на основната карактеристика на селото и неговата силуета;
- валоризација и заштита на амбиентални средини и ансамбли;

5 К. Tomovski, Architecture in Macedonia in the ninetteenth century, La Macedoine et... Скопје, 1970.
K. Томовски, Монументална христијанска архитектура во Преспа.
6 К. Томовски, Стара школа во село Ваташа, Зборник на Техничкиот факултет, кн. 1,
Скопје 1955-56,167-172.
7 С. Томовски, Македонска народна архитектура..., стр. 54, сл. 576.
ѕ К. Томовски, Велешките мајстори и зографи eo XIX и X X век, Културно наследство, Скоп-
је 1959. К. Томовски, Дејноста на мајсторите Градители, копаничари и зографи од с. Лазарополе во
XIX и X X век, Историја бр. 1, Скопје 1969, 221-227. К. Tomovski, The Master Builders of the "Debar Scho­
ol”, Macedonian Review, Vol. II, No 1, Skopje 1972, 62-66.
9 Освен неколку објекти, како што се, на пример, куќата во која била сместена парти-
занската печатница во село Битуше, родната куќа на Ѓорѓи Пулески во Галичник.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


СЕЛСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА 141

- на одделни групации, стопански дворови;


- станбени згради;
- стопански објекти и
- општествени објекти.
Истражувањето на споменичките вредности на селото би требало да се спроведува
тимски, со учество на стручњаци од различни области поврзани со проучувањето на селото
и селската архитектура, со што ќе се обезбеди комплексност во обработката. Ова како
методологија е обработено во рамките на нашата земја.101
Изработката на документацијата во областа на заштитата има повеќекратно значе-
ње. Со изработка на документација за селската архитектура-архитектонски снимања и фо-
тоснимања, досега повеќе се занимавал Институтот за народна архитектура при Архитек-
тонско-градежниот факултет во Скопје. Извршени се систематски снимања во селата во Ре-
ка, Скопско, Битолско, а снимени се објекти и во другите краишта на Македонија. Архитек-
тонски се снимени и обработени 319 објекти.11 Потоа Етнолошкиот музеј во Скопје има бо-
гата фотодокументација за селската архитектура, како и скици на најкарактеристични об-
јекти. Републичкиот Завод за заштита изработи фотодокументација за селата Јанче, архи-
тектонска документација за Галичник.12 Македонската академија на науките и уметностите
започна со прибирање на документација на архитектурата на јуручките села во Македонија.
Досега собраната документација има големо значење за проучувањето на селската архитек-
тура и може да послужи како основа за изработка на елаборати за реконструкции и рестав-
рации. Натамошното систематско прибирање на документацијата треба поорганизирано да
продолжи како би се сочувало барем во документација она што пропаѓа и пред нашите очи
го снемува.
Најзначајниот обид за заштита на ансамблите и објектите е приодот кон ревитали-
зација на одделни села базирано главно врз развојот на туризмот, терцијалните дејности,
развојот на автохтоните стопански гранки во одредените подрачја: сточарство, земјодел-
ство, овоштарство, занаети, како и отворање на нови погони. Ова е, изгледа, единствен можен
начин да се заштити архитектонското наследство во еден амбиент кој ќе служи не само за
одмор туку и за работа. Туризмот, покрај другите, може да има големо значење и да одигра
значајна културна улога.
Меѓутоа, секое село треба да се гледа како посебен жив организам. Новите услови
кои ќе се создадат во некој од нив ќе бараат и внесување на нешто ново, извесни помали
адаптации во куќите кои ќе бидат приспособени за живеење на современиот човек. Многу
нешто ќе мора да се сочува во својата изворна автентичност, кое ќе се однесува на извесни
карактеристични групации, одредено маало, улична траса, па се до самата куќа, водејќи
сметка за архитектонските, амбиенталните и историските вредности на ансамблот.
При сето ова значајно е да ги изнесеме и принципите кои, сметам, треба да се при-
менуваат при обновата на станбените објекти. Се тежи во целост да се запази надворешни-
от изглед на куќите, каде што е потребно, и со примена на реставрација. Внатрешниот прос-
тор би требало да ja задржи својата основна функционална диспозиција со уфрлања на пот-
ребни санитарни простории, инсталации и слично, за да се создаде потребен комфор за жи-
веење и одмор. Се инсистира, исто така, да не се прекине врската со некогашниот живот на
село, што се манифестира низ работата и живеењето на домородното население, со што ќе
се обезбеди потребниот континуитет, амбиент и атмосфера. На овој начин може да се обез-

10 Н. Пешиќ, О методи истраживања споменичких вредности сеоских целина, Зборник заш-


тите споменика културе, књ. XIX, Београд 1968,105-118.
11 На пример: во Скопско 45 објекта, Галичник 30, Битуше 11, Битолско 82, Велешко 19 и
други. Документацијата содржи за секој објект, во размер 1 : 50, карактеристични основи, пресеци,
фасади, а во поголем и размери, конструктивни детали од покуќнина и слично.
12 Според податоците добиени во Републичкиот завод за заштита на спомениците на култу-
рата Скопје.

АРХИТЕКТУР AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


142 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

беди обнова на куќите за индивидуално живеење или одмор. Поголеми објекти, меѓутоа,
може да добијат и друга намена, да се користат како културни објекти: музеи, збирки, спо-
мен куќи и слично, и да се користат како угостителски објекти, како депанданси на угости-
телски претпријатија, или како куќи за одмор на одделни стопански организации. Во оваа
смисла можат да се третираат и одредени групации од куќи во Галичник, Јанче, Лазарополе
и во други села.
Секако во обновените ансамбли ќе има потреба и од изградба на нови објекти од
општествен карактер, како извесни „пломбирања“, при што треба да се води сметка, особе-
но во однос на волуменот, како би се зачувало единството на историската агломерација.
Досегашната изградба на новите објекти во селата: станбените згради, вили и ви-
кендички не секогаш се најуспешно вклопени во амбиентот, често пати и со елементи на не-
соодветен архитектонски израз за ова наше поднебје. Тука архитектот-проектант треба да
најде одредена мерка - новото да го надоврзе на старото, создавајќи едно просторно и амбиен-
тално единство. Зашто, градејќи ново треба да го почитуваме старото, а традицијата секо-
гаш доаѓала до израз во создавањето на новото.
Негувањето на народните традиции, кои во селата се доста богати: обичаи, песни,
игри, потоа живописните носии, традиционалната кујна, ќе придонесат одделни краишта да
станат попривлечни за домашниот и странскиот туризам, што значително може да придоне-
се во ревитализацијата на одредени села и подрачја.
Се смета дека на овој начин ќе може да се заштитат барем еден дел од старите куќи
и одделни групации и амбиенти. Тоа е макотрпна и мошне одговорна работа која е условена
од повеќе фактори, пред се економски, но со заеднички залагања на општеството во цели-
на, на стопанските организации, разни фондации, туризмот, сопствениците на куќите, кои
на извесен начин треба да бидат стимулирани за одржување на старите куќи, како и над-
лежните служби за заштита, ќе може ова наше културно наследство да се зачува и за наред-
ните генерации. Во тоа, несомнено, сегашнава генерација има мошне значајна, и може сло-
бодно да се каже, пресудна улога.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИ.ТА


НАРОДНАТА АРХИТЕКТУРА ВО ПРЕСПА

При разгледувањето на архитектурата во Преспа, во оваа студија ќе се задржиме на


проучувањето на таканаречената народна архитектура, односно на селските куќи, како и
други видови објекти што се наоѓаат во составот на еден селско-стопански двор или надвор
од него, а се неразделно сврзани во секојдневната работа и животот на селанецот од овој крај.
Оваа архитектура систематски досега воопшто не е проучувана, а може да се каже
дека е скоро и непозната.1 Пропаѓањето, меѓутоа, на постарите селски куќи и други видови
објекти кои и така се зачувани во мал број, нивното уривање и преправање наложуваат
како неодложна потреба материјалот од теренот да се сними и проучи,12 бидејќи куќата од
оваа област претставува една неразделна нишка во развитокот на селската архитектура во
Македонија.
Под Преспа3 се подразбира подрачјето на Ресен и околината на Преспанско Езеро.
Таа претставува котлина од тектонски карактер на границата на кристалести шкрилци и на
гранитната маса од Пелагониската Област. Котлината е опкружена со високи планински
масиви и тоа: од исток со Пелистер и Нередска Планина, а од запад со Петринска Планина,
Галичица и Сува Гора, додека на северниот дел од котлината е Ресенската рамница. Преспа
се дели на Голема Преспа, која го опфаќа северниот дел и Преспанското Езеро, и Мала
Преспа, на јужниот дел со Малото Езеро (надвор од територијата на Р Македонија), како и
на Горна Преспа и Долна Преспа.
Во Горна Преспа спаѓаат селата: Козјак, Царев Двор, Горна Бела Црква, Долна
Бела Црква, Езерани, Подмочани, Грнчари, Горно Дупени, Лавци, Покрвеник, Дрмени,
Перово, Лескоец, Стење и други, како и неколку села северно од Ресен.

1 Б. Којиќ објавува основа и перспективна скица на една дводелна куќа од село Коњско и
една плевна. Б. Kojnh, Сеоска архитектура и руризам, Београд, 1958, стр. 77. Ј. Круниќ објавува една
фасада како архитектонска снимка, на куќа од селото Стење во статијата: Неке наше старе кон-
струкције и њихове форме, Архитектура 9-12, Загреб, 1951.
2 Архитектонското снимање и проучување на објектите на теренот се извршени во 1967
година со средствата на Фондот за научна работа на Архитектонско-градежниот факултет.
Материјалите за проучување се прибрани од 12 села, а при снимањето учествуваа како соработници,
инж. арх. Р. Волињец и апс. арх. В. Бошковски, кои ги изработија цртежите. Користени се и архитек-
тонски снимки од планотеката на Институтот за народна архитектура при Архитектонско-градеж-
ниот факултет. Целиот материјал е прибран од Преспанската котлина која се наоѓа на територијата
на Р Македонија.
3 Ќе ги наведеме историските, етнографските, географските и други трудови кои се однесу-
ваат на Преспа: К. Иречек, Историл на Бклгарите, Трново, 1860; Битолско, Преспа и Охридско,
Сборник за народни умотворенил, наука и книжнина, књ. LV, Софил, 1891; В. Кллгбчов, Македонил,
Софил, 1900; Ј. ЦвијиВ, Балканско полуострово, LI, Б еоград, 1922; К. КостиВ, Наши Градови на ју гу ,
Београд, 1922; Ј. Хаџи ВасиљевиБ, Ресен и његова околина, Братство XXI, Београд, 1927; Енциклопе-
дија Јуѓославије, књ. 6, Загреб, 1965.
144 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Во Долна Преспа спаѓаат селата: Рајци, Асамати, Претор, Курбиново, Сливница,


Крани, Арвати, Брајчино, Љубојно, Наколец, Штрбово, Долно Дупени и Коњско.
Преспанската котлина била населена уште во далечното минато. Тука живееле ста-
рите Скиртани во колиби направени над водата.4 Тука минувала и Виа Егнација, а во сред-
ниот век името Преспа со означување на истата област се споменува во X век кога тука
била и престолнината на македонскиот цар Самуил. Дека во периодот на средниот век на
ова подрачје се одвивал интензивен живот, сведочат и зачуваните цркви, како и остатоците
во урнатини од цркви и други објекти како што се, на пример, базиликалната црква Св.
Ахил, на истоимениот остров на Мала Преспа, од името на Самуил, потоа црквата во село
Герман од истиот период (на грчка територија), црквата Св. Ѓорѓи крај село Курбиново од
пред крајот на XII век, црквата Св. Богородица на островот Мал Град од XIV век (на ал-
банска територија), црквата Св. Петар на островот Голем Град и други.5
И поодделни села како, на пример, Наколец, Љубојно, Нивица (последново е на грч-
ка територија) се споменуваат во XIV век во повелбите на кралот Стефан Душан како при-
надлежности на манастирот Трескавец, во кои се наведува: „ривдрв np'fecn'k о т нлкодвцех“ •••
„л\ето)(в np'kcn'b aiobohn ^ свгт никодд “.6

Преспа како место ja споменуваат и повеќе патеписци како, на пример, патеписецот


на венецијанскиот пратеник JL Бернард во XVI век, потоа Хаџи Калфа, X. Пуквиљ и други,
a Ј. Г. Хан укажува дека во 1864 година не наишол на село под името Преспа.7 Нешто по-
касно во 1876 година и Јиричек бележи дека веќе не суштествувал градот Преспа.8
Многу стари села се потопени во крајбрежните плитки води поради осцилациите во
нивото на езерската вода.9 Така, и пред крајот на X и во почетокот на XI век нивото на
водата била пониска за 13 до 14 метри од денешнава, па се наоѓаат и трагите на потопените
населби. И во поново време во 1915 и 1916 година биле потопени селата Стење, Наколец и
Перово.101Селото Наколец, пак, поради наголемување на водата, трипати се поместувало се
подалеку од брегот, а првобитно било на самиот езерски брег.11 Така, скоро секое село има
и свое селиште или старо село. Меѓутоа, напуштањето на старите села не било условено
само поради осцилациите на езерската вода, туку, често, и поради спуштањето на населе-
нието од планинските предели поблиску кон езерото како, на пример, што е случајот со се-
лото Долно Дупени. Некои, пак, од селата биле опустошени во Првата светска војна па по-
вторно се обновувани како, на пример, селото Лескоец. Затоа и куќите во поодделни села
датираат од поново време, од почетокот на XX век, макар што во тие села се наоѓаат и по-
стари куќи, но во помал број.
Месното население се занимава со земјоделство, особено во северниот дел, во плод-
ната рамница околу селата Царев Двор и Дрмени, потоа со овоштарство, лозарство, сточар-
ство и риболов. Но сето тоа не било доволно развиено. Стопанството било од екстензивен
карактер, така што дел од населението својата егзистенција морале да ja бараат на печалба,
надвор од својата земја.
Самата географска положба, конфигурацијата на теренот, поднебјето, градежниот
материјал, како и самото занимање на селаните, неоспорно, битно влијаеле на формирање-
то на населбите, на селско-стопанските дворови, на куќите, воопшто на архитектурата во
Преспа.

4 К. Иречек, Исшорил на Б^лгарише, Трново, 1860, стр. 140.


5 За средновековната архитектура во Преспа пишувале повеќе автори: Г. Мије, М. Злоковиќ,
Р. Љубинковиќ, Г. Бошковиќ, Н. Муцопулос и други.
6 Ст. НоваковиН, Повеља краља Стефана Душана, Законски споменици српских држава
Средњ ег века..., според Ј. X. Васиљевиќ.
7 Ј. Г. Хан, Путовање кроз поречину Дрина и Вардара.
8 К. Јиричек, op. cit., стр. 249.
9 Ј. ЦвијиН, op. cit., стр. 184.
10 Енциклопедија Југославија, књ. 6, Загреб, 1965. Види: Преспанско Езеро.
11 Ј. X. ВасиљевиК, op. cit., стр. 45-46.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


НАРОДНАТА АРХИТЕКТУРА ВО ПРЕСПА 145

Селата во Преспанската котлина, со оглед на теренот на кој се развивале, можат да


се разделат во три групи, и тоа: села лоцирани крај самото езеро. како што се, на пример,
селата Коњско, Стење, Наколец и Асамати; потоа, во рамница, во северниот крај на котли-
ната, како што се селата: Царев Двор, Дрмени, Горна Бела Црква, Долна Бела Црква, Езе-
рани и други; и на падините на планините, како што се, на пример, селата: Брајчино, Арва-
ти, Лескоец и други.
Сите села во Преспанската котлина, без оглед на нивната местоположба, се од
збиен тип. Овој тип села, како што е познато, е развиен и во другите краишта на Македони-
ја, а се појавува како потреба од рационално користење на теренот за да се ослободи земја
за обработување, а го диктирала и потребата од заедничка одбрана, како и патријархалниот
начин на живеење во задругите.
Меѓутоа, во решавањето на самите агломерации, кои спонтано се формирани, се
чувствува извесна разлика и посебност за секое одделно село, кое, се разбира, е диктирано
и од самата конфигурација на теренот. Така, на пример, селата кои се наоѓаат на падините
на планините се со неправилен облик, со тесни и кривулести улички. Куќите во овие села се
поставени една над друга со слободни видици како, на пример, во селата Брајчино и Ле-
скоец. Кај селата пак во рамница се чувствува извесна правилност во решавањето на насел-
бите. Така, на пример, во селото Наколец формирана е една поширока улица со излез спре-
ма езерото и со едно проширување во централнито дел на селото во вид на плоштад во чија
близина се наоѓаат селската црква и џамијата, верски објекти во кои се собирал народот на
молитва. Формирање на центри има и во селата Царев Двор, Љубојно, Долно Дупени и дру-
ги, како средишта на населбите во кои се лоцирани објекти за заеднички потреби: продав-
ница, кафеана и слично.
Добар дел од селата се лоцирани крај потоци, или пак низ самите населби минува
истечна вода, која, покрај зеленилото кое е доста обилно, како и самиот амбиент во кој се
наоѓаат, овие села ги чини мошне живописни, особено селата Брајчино и Долно Дупени.

Сшоиански двор

Занимањето на населението, секако, битно влијаело врз формирање на објектите


кои биле тесно поврзани со работата и животот на селанецот. Покрај куќата за живеење,
наидуваме на низа објекти кои служеле за чување на храна за луѓето и добитокот, амбари,
гаждери (кошеви), плевни; потоа, објекти за добиток, аури, кочини, кокошарници; понекаде
сретнуваме и трло, уљарник и други објекти. Сите овие објекти групирани околу куќата за
живеење формираат посебни стопански дворови, чија големина и облик се во зависност од
конфигурацијата на теренот на кои се развиваат.
Стопанските дворови во селата во Преспанската котлина се збиено решавани, па се
одликуваат со поголема концентрација на објектите и работните површини. Честопати кај
позбиените села дворот нема ни околукуќница, додека кај селата во рамница, покрај дворот
се наоѓа и бавча за зеленчук или овоштарник.
Применетиот збиен тип на стопанските дворови во селата во Преспа се карактери-
зираат, покрај другото, и со лоцирање на објектите за добиток без строга диференцијација
од куќниот двор, односно без поделба на дворот на посебен куќен двор и посебен двор за
добиток. Зградите обично се наредени околу дворот периферно, слободно поставени спре-
ма теренот, со лице свртено спрема средишната површина која е слободна. Така, форми-
раат затворен збиен тип на стопански двор. Има, но нешто поретко, и отворен тип на збиен
стопански двор, со силна концентрација на објектите групирани во една целина, додека дру-
гиот дел од дворот е слободен, ограден со ниски ѕидови, отворен спрема околината.
Пред куќите во дворовите се наоѓа обично мала бавча за цвеќе, оградена со ниска
лесна ограда, бунар за вода и по некое дрво.
Во разгледувањето и анализирањето на организацијата на стопанските дворови ќе
се задржиме на неколку карактеристични примери во селата: Претор, Сливница, Долно Ду-
пени, Асамати, Царев Двор, Курбиново и Брајчино.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


146 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Дворош на Сшефановски Лазар во село Прешор

Овој стопански двор е изразит пример на збиен затворен двор без околукуќница, со
гумно поставено покрај дворот поврзано со засебна капија. Самиот двор има неправилна
форма и слободно е компониран спрема теренот. Објектите и самата куќа се поставени пе-
риферно, па е создадена поголема слободна површина за работа и комуникација со поод-
делните објекти. Забележлива е и функционалната поврзаност на поодделни групи објекти
кои чинат посебни целини, како, на пример: аур, плевна, кочина, кокошарник. Потоа има
сеница (трем) за чување на алати и машини, како посебна група. До самата куќа, пак, е по-
ставена сеница во која се сместени: амбар, фурна и летна кујна. Пред куќата е формирана
мала бавча со цвеќе, а скоро централно во дворот е поставен бунар. Сосема периферно е
лоциран нужникот.

Дворош на Лаиовски Владе, во село Сливница

Изразит пример на збиен затворен стопански двор со околукуќница. Централно по-


ставената слободна површина од трите страни е оградена со згради, а од четвртата со око-
лукуќница. Покрај куќата во дворот има две плевни, аур, кочина, фурна и гумно, а околу-
куќницата се состои од бавча со зеленчук и овоштарник.
Поради малата слободна површина на дворот, просторот одреден за гумно во одре-
дени периоди има и други намени, како трло, на пример, и затоа е ограден со лесна ограда.

Дворош на фамилијаша Макаровски во село Долно Дуиени

Куќата е поделена помеѓу два брата што барало и поделба на самиот двор. Таа е из-
вршена со низок ѕид од камен и со поставување на објектите. Плевната е тДка поставена
што формира приод кон помалиот двор. Инаку, да не било извршено делењето на самата
куќа, дворот би имал правилна основа. Во поголемиот двор се наоѓаат повеќе стопански
објекти, а помалиот не се развил како посебен стопански двор. Дворот ги содржи следниве
објекти: плевна, зимниче, кочина, фурна, нужник, а помалиот двор се користи како заеднич-
ко гумно и како простор за поставување на стогови за сено.
Покрај дворот, од неговата источна страна, се развива околукуќница со овоштар-
ник и бавча.

Дворош на Алија Сулејман во село Асамаши

Дворот е од збиен затворен тип. Со поставувањето на објектите, околукуќницата и


соседите е формиран слободен средишен простор со централно поставен бунар. Има две
фурни и неколку штали што произлегува од поделбата во фамилијата. Економските објек-
ти, главно, се групирани, а плевната е поставена помеѓу двете штали заради полесно опслу-
жување со храна. Нужникот и во овој комплекс е поставен периферно оддалечено од куќата.

Дворош на Ефшим Поиовски во село Царев Двор

Има куќи со дворови од затворен тип со помали димензии и нивната функција се


сведува, главно, на задоволување на најминималните потреби. Таков е примерот кај дворот
на Ефтим Поповски во село Царев Двор. Дворот претставува интересен пример на едно
стегнато решение. Самиот двор ja има ширината на куќата, а неговите оградни ѕидови прет-
ставуваат продолжение на ѕидовите од куќата. Куќата е приземна и едниот дел се користи

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


НАРОДНАТА АРХИТЕКТУРА ВО ПРЕСПА 147

како аур. Дел од дворот е покриен и формира трем во кој се сместени: фурна, пушилница за
месо и бунар. Предниот дел на дворот е слободен.

Дворош на Насшевски Панде во село Курбиново

Дворот е од отворен збиен тип со неправилна форма на основата, која е диктирана и


од двете улици помеѓу кои тој се наоѓа. Во предниот дел на дворот е сместена куќата и
фурната, со мала бавча со цвеќе пред самата куќа. Зад куќата е оформен стопанскиот двор
во чиј состав се наоѓа и мала околукуќница. Овде, со самиот распоред на куќите, е изврше-
на диференцијација на површините на стопанскиот и куќниот двор. Во стопанскиот двор,
прилепени на самата куќа, се наоѓаат следниве објекти: аур, плевна, зимница, а во непосред-
на близина е и гаждерот. Трлото е поставено веднаш до влезот за добитокот. Во задниот
дел на дворот е сместено гумното, а сосема периферно е лоциран нужникот. Во склопот на
дворот е и бавчата за зеленчук. Целиот двор, пак, е ограден со ниски ѕидови во камен.

Сшоиански двор во село Брајчино

Од интерес е да наведеме и еден полуотворен збиен стопански двор во кој се нао-


ѓаат само стопански објекти, кои по својата функционална композиција формираат един-
ствена архитектонска целина. Дворот се состои од аур, плевна и сеница за чување на коли.
Објектите се поставени периферно, со отворен преден дел спрема улицата. Целиот двор е
поплочен, а објектите се изградени од камен, дрво и се покриени со слама што дава една им-
пресивна слика.
Од гореизложеното за стопанските дворови се гледа дека нивното формирање е
резултат на потребите на селанецот за развивање на едно домашно стопанство. Она што е
битно, покрај другото, е и развиеното сознание за функционалното поврзување на објек-
тите според нивната намена во посебни групации, како и лоцирањето на поодделни објекти
во самите групации кое, исто така, е резултат на функцијата.
Рационалното користење на површините, како и приспособувањето кон конфигура-
цијата на теренот, исто така, е една од битните одлики на стопанските дворови, односно на
нивните градители. Селанецот успешно го совладува теренот. Тој објектите ги реди сло-
бодно спрема условите на теренот, создавајќи така една слободна компензација поврзана со
самиот терен. Овие композиции, иако се настанати спонтано, претставуваат одраз на една
логичност во нивното оформување, како во функционална смисла, така и во начинот на ко-
ристењето на теренот и на слободните површини.
Користењето на слободните површини, како што видовме, е рационално. Иако, нај-
често, слободниот простор е доста мал, поради веќе познати причини, во него се содржани
повеќе функции: тука се работи, служи како комуникација, некаде таму е сместено и гумно-
то. Малата бавча со цвеќе пред самата куќа е еден елемент кој на стопанските дворови им
дава и естетски акцент. Самото, пак, одгледување на цвеќето го облагородува човекот и
просторот во кој тој живее, па по тешката и напорна работа селанецот наоѓа, во кругот на
својот дом, кат за одмор.

СТАРИ СЕЛСКИ КУЌИ

Куќите во селата во Преспанската котлина, главно, се на приземје и кат.12 Призем-


ните згради поретко се сретнуваат; ги има во селата Коњско, Стење, Лескоец, Царев Двор и
други. Приземната едноделна и дводелна куќа претставува, всушност, најстар тип на згради

12 Разгледувањето по куќите не е дадено по поодделни села, туку се задржавме на каракте-


ристичните типови и форми на композициите на основите, почнувајќи од најстарата зачувана форма.

АРХИТЕКТУ Р AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


148 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

градени во овој крај, па затоа и најмалку се зачувани. Па сепак, разгледувајќи ги зачуваните


приземни згради во поодделни села можеме да го следиме и развојот на приземната куќа
почнувајќи од најстариот тип, едноделната куќа.
Едноделната куќа има правоаголна основа. Во неа луѓето и добитокот живееле во
една просторија разделена со ниска лесна ограда од плет или штички - во „куќа“ каде што
живееле луѓето и простор за добиток наречен „аур“ или „пондила“
Во „куќата“ во која се наоѓало огништето се одвивале, всушност, сите функции свр-
зани со животот на човекот. Тука се готвело, јадело, спиело и примало. Вакви едноделни
куќи, меѓутоа, денес многу ретко се среќаваат во Преспа. И оние кои се зачувани веќе не
служат за живеење. Според кажувањата на постари луѓе од Коњско и Лескоец, едноделни
куќи во нивните села, во минатото, имало повеќе, а и тие самите живееле во такви куќи.
Во селото Коњско, на пример, кое поради својата местоположба слабо се развива13
(единствена врска се одржува преку езерото и со козја стаза) најмногу се зачувани старите
куќи. Една од најстарите зачувани едноделни куќи во која живееле две фамилии. Затоа на
двата краја на зградата се поставени „куќите“ со посебни огнипгга, а во средниот дел е заед-
ничкиот простор за добитокот.
Дводелната приземна куќа е нешто повеќе зачувана. Овде среќаваме, главно, два
вида дводелни приземни згради. Во една група би спаѓале зградите во кои просторијата за
добитокот се наоѓа во составот на самиот објект. Тука веќе се врши диференцирање на про-
сториите за живеење на луѓето и на добитокот, преградени помеѓу себе со ѕид. Така, на
пример, во предниот дел се наоѓале просториите за живеење на луѓето, а во задниот дел
просторија за добитокот. Во куќата на Ефтим Поповски од село Царев Двор има во пред-
ниот дел „куќа“ и одаја, а во задниот дел аур кој има посебен влез од надвор, а и врска со
врата преку ходник со делот кој служел за живеење.
Има случаи на приземни дводелни куќи во кои поради конфигурацијата на теренот
аурот е поставен под еден дел од зградата. Во тој случај имаме веќе и диференцијација на
просториите по вертикала, кој тип ќе биде применет кај куќите со приземје и кат. Ваков
случај е прикажан на еден пример на куќа од селото Лескоец каде што во приземјето се
наоѓаат две простории - „куќа“ и одаја.
Но, има примери на дводелни приземни згради кои служеле само за живеење на лу-
ѓето, додека добитокот бил сместуван во посебни згради во рамките на стопанскиот двор,
или надвор од него.
Во дворовите, честопати, кога фамилијата се размножувала, се градени нешто по-
мали, пак дводелни згради, наречени кошари, кои служеле за живеење на младите. Таа се
состои од одаја која служела за спиење и „кошара“ која служела за чување на стари пред-
мети, храна и слично.
Дводелната куќа во предниот дел можела да има и трем кој служел како еден вид
заклон. Во него преку лето се работело и се одморало, а тука можел да биде сместен и ам-
барот, а и кошот.
Во поодделни села среќаваме и триделни приземни згради, но поретко, а тие потек-
нуваат од поново време, или пак станува збор за преправени стари згради. Обично се симет-
рично решени со мал трем пред централниот дел, како што е, на пример, куќата на Ефтим
Георгиевски во село Стење. Од еден мал, издигнат на неколку скали трем, се влегува во
еден претпростор наречен „салон“ кој има улога на простор за комуникација од каде што се
влегува во две бочно поставени одаи и во кујната која е со мали димензии, бидејќи презема
само дел од функцијата на „куќата“ од постарите згради, готвење и јадење.

13 Коњско и во минатото било мало село. Според патните белепжи објавени во 1891 год., во
селото имало две куќи во кои живеела една фамилија од 42 души. (Сборник за народни умотворенил,
наука и книжнина, књ. IV, Софил, 1891, стр. 30.) Нешто покасно, во 1900 година, Ј. Цвијиќ, во споме-
натото дело, бележи дека селото Коњско се состоело од една голема задруга од 100 членови кои жи-
вееле во три куќи и се занимавале, главно, со риболов. Покрај Коњско имало и други мали села.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


НАРОДНАТА АРХИТЕКТУРА ВО ПРЕСПА 149

Куќи на ириземје и каш

Во преспанските села, како што веќе наведовме, најмногу се градени куќи на при-
земје и кат. Овој вид куќи ги среќаваме како во рамничарските села, така и во селата кои се
наоѓаат на падините на планините. Постарите куќи од приземје и кат се куќите чардаклии,
но и кај нив наидуваме на различни решенија, особено изразени преку функцијата, па мо-
жат, главно, да се групираат во неколку вида.
Кај постариот тип на куќи чардаклии во приземјето се наоѓаат, покрај тремот и
„куќата“, ќералот и аурот, а на катот чардак и одаи. Кај овие куќи чардаклии се уште не е
извршена диференцијација на просторот во приземјето. Имено, тука се наоѓаат просто-
риите за живеење на луѓето и тие за добитокот. Како пример на овој вид куќи чардаклии ќе
ja наведеме куќата на Ристо Димевски во село Наколец.
Меѓутоа, има куќи чардаклии при кои е извршена диференцијација на просториите
за добитокот од тие за луѓето, по вертикала. Така, во овие куќи, во приземјето се наоѓа
тремот, најчеето по целата должина на зградата, во кој се сместени скалите. Од тремот се
влегува во аурот и во ќералот. На катот, над тремот се наоѓа чардакот, потоа „куќата“ и
одајата. Честопати, меѓутоа, поради проширување на семејството, крајните делови од чар-
дакот се преградуваат и се формираат мали простории - „одајчиња“. Истото може да се
појави и во тремот. Со преградување на дел од тремот се оформува просторија која нај-
често служи како ќерал. Овој тип на решение на куќи чардаклии ќе го илустрираме со куќа-
та на Никола Филиповски во село Наколец. Во оваа куќа во предниот дел на приземјето е
поставен трем, а во задниот дел е поместен ќерал и аур. На катот се наоѓаат чардак, „куќа“
и одаја, а нешто подоцна дел од чардакот е преграден и претворен во одајче. Помеѓу куќата
и одајата поместен е ходник од кој се влегува во нужникот кој е исфрлен кон надвор.
Куќата на Симо Теговски во село Брајчино на сличен начин е компонирана во сво-
јата основа. Но, со текот на времето, поради проширување на фамилијата и зголемените
потреби од простории извршени се преградувања во тремот и на чардакот. Така, во призем-
јето се наоѓаат трем, аур и ќерал, а подоцна поради укажаните потреби дел од тремот е
преграден и формирана е просторија која се користи како ќерал и тука е поместен и амба-
рот. На катот се наоѓаат чардакот, „куќата“, одајата и две одајчиња кои покасно се изграде-
ни со преградување на бочните страни на чардакот. Според тоа, во овој случај, чардакот е
смален и го зазема предниот централен дел.
Но, постојат и куќи чардаклии кои служеле исклучиво за живеење на луѓето, а до-
битокот е одвоен во посебна зграда во дворот или надвор од него. Кај овие куќи во призем-
јето се сместени „куќата“ и ќералот, а кај некои се сретнува и одајче. На катот се сместени
и чардакот и одаите. Како пример на ваков вид на куќа чардаклија ќе ja наведеме куќата на
фамилијата Макаровски во село Долно Дупени која подоцна е поделена помеѓу два брата.
Куќата чардаклија, значи, со оглед на користењето на просториите, ja среќаваме во
три вида. Се разбира, според положбата на чардакот и внатрешното решение на простории-
те се среќаваат многу различни решенија кои ќе ги прикажеме во поглавјето кое се однесу-
ва на анализата на станот.
Најраспространет облик на куќи на приземје и кат е со куќите симетрично решава-
ни. Тие, главно, се градени во поново време, пред крајот на XIX и во почетокот на XX век.
Кај овие куќи централно е поставен затворен трем во кој се поместени скалите,
бочно од едната страна е поставена „куќата“, а од другата страна, просторија со исти димен-
зии како „куќата“, која се користи како ќерал или како одаја. На катот над тремот се наоѓа
просторија наречена „салон“ од кој се влегува во одаите кои бочно се поставени. Самиот
трем и салонот различно се решавани по својата големина. Некаде сосема се тесни и служат
само како простор за комуникација, како, на пример, кај куќата на Панде Настевски во село
Курбиново. Некаде се решени пошироко, така што просторијата на катот служи и за пре-
стој, по што го добила и името „салон“. Вакво решение наоѓаме кај куќата на Лазар Стефа-
новски во село Претор. Некои од овие куќи на катот, на задната страна, имале и исфрлен

АРХИТЕКТУ Р AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


150 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

нужник (денес овие нужници не постојат), а во тремот на погодно место може да биде смес-
тен и амбарот.
Честопати, кај поодделни куќи од овој вид, пред „салонот“, кој простор некаде е на-
речен и „диванче“, во селата Сливница и Долно Дупени, на пример, се наоѓа балкон, како
што е, на пример, кај куќата на Крсте Мишевски во село Сливница. Кај оваа куќа тремот е
нешто поширок и во него е сместен и амбарот, а во приземјето се наоѓаат уште и „куќата“ и
ќералот. На катот се наоѓаат одаите и „диванче“ од кое се излегувало на балконот. Овој вид
куќи со балкон често се сретнуваат во селата Љубојно, Долно Дупени и други.
Од интерес е да го истакнеме, кога сме веќе кај куќата на Крсте Мишевски, и кори-
стењето на денивелацијата на теренот, така што куќата има два влеза, еден во приземјето
од предната страна и еден директно на катот во „диванчето“, од задната страна на зградата.
Ова би бил наједноставниот тип на куќи на приземје и кат и може да се каже, како
што веќе наведовме, најраспространет. Но, има куќи и со поразвиена основа, со исфрлање
на доксати на катот. И кај овие куќи е застапена симетричноста на композицијата, така што
доксатот го зазема централното место.
Овој вид куќи, служат за живеење на луѓето, додека добитокот е одвоен во посебни
згради.

Брашски куќи

Среќаваме, меѓутоа, и куќи на приземје и кат кои се користени од два брата кои
живеат одвоено со своите фамилии, наречени братски куќи, или делени куќи. Така, за овие
потреби, чеетопати поголемите стари куќи се делат на два дела, се разбира, со извесни пре-
правки, така што секој дел претставува функционално една засебна целина. Но, тие можат
да бидат и градени како братски куќи.
Првиот вид на братски куќи ќе го прикажеме со куќата на браќата Макаровски во
село Долно Дупени. Постојната куќа е поделена помеѓу два брата. Така, тремот, диванчето
и чардакот се преградени со ѕид на два дела. Секој дел претставува една посебна функцио-
нална целина која ги задоволуива потребите на секоја поодделна фамилија. Значи, во при-
земјето имаат посебен трем, скали, „куќа“ и одајче, а на катот диванче, чардак и одаи.
Делумно е зачувана и братската куќа од фамилијата Ивановски во село Лескоец.
Таа е градена како братска куќа, за два брата, и се состои од два еднакви дела кои форми-
раат единствена архитектонска целина. Во приземјето се наоѓа трем и „куќата“, а на катот
одаја и чардак.
И куќата на Амед Дулевски во село Асамати е градена како братска куќа. И таа се
состои од два еднакви дела, симетрично решени, со исти димензии и функција, но обликува-
ни во една целина.

Муслиманска куќа

Муслиманската куќа во Преспа по нешто се разликува од христијанската. Таа е на


приземје и кат и симетрично е решена во основата. Во неа среќаваме две групации на про-
стории, за жени и за мажи, и простор за примање за машки гости, наречен „селамлук“ Во
спалните соби, кај муслиманските куќи, поставени се бањи, наречени „амамџици“ чија поја-
ва е сврзана со ритуалниот обред на капење на сопружниците. И нужникот најчесто е по-
ставен на кат, исфрлен на надвор, до кој се доаѓало обично од чардакот преку посебен ход-
ник. Чардакот кај муслиманските куќи најчесто е затворен, а и доколку е отворен, тој, до
извесна висина, е заштитен, обично со штици, од несаканите погледи од надвор.
Така, на пример, куќата на Сулејман Амедовски во село Царев Двор ги содржи сите
карактеристични елементи на муслиманска куќа. Во приземјето таа има отворен трем, куј-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


НАРОДНАТА АРХИТЕКТУРА ВО ПРЕСПА 151

на, аур, клет и две одаи, а на катот е чардакот. Имало четири одаи (едната одаја во предни-
от дел е урната). Две одаи имаат и „амамџици“. Едниот дел од зградата е за мажи „селам-
лук“.
Интересно е решена и братската муслиманска куќа на Амед Дулевски од село Аса-
мати. Како што веќе наведовме, таа се состои од два наполно еднакви дела. Во приземјето
секој дел има мал затворен трем од кој се влегувало во кујната и на катот. Во приземјето е
сместен и аурот, кој има посебен влез, а и врска преку ќералот со термот. На катот се наоѓа
затворен чардак од кој се влегувало во „селамлукот“ и во други две простории - одаи кои
служеле како спални и за прием на жени. Едната одаја е поврзана со еден мал простор кој,
секако, служел како „амамџик“.
Ова беа главните видови на решавање на основите на куќите во селата во Пре-
спанската котлина, кои формираат, како што видовме, неколку карактеристични типа кои
се појавуваат во повеќе села. Се разбира дека има и разни варијации во решавањето на
основите. Така, среќаваме цела низа на доста успешни функционални решенија кои произ-
легуваат пред се од животните потреби на селанецот.

Анализа на иоодделни иросшории и функционалнише решенија во куќише

Имајќи ги предвид изнесените видови во решавањето на куќите во селата во Пре-


спанската котлина, ќе извршиме анализа на поодделни простории, групи простории, нив-
ната функција и местоположба во композицијата на станот.
Кај куќите со приземје и кат, приземјето е, како што наведовме, во најголем број
случаи ангажирано за поместување на економски простории. Тука е шталата со посебен
влез и ќералот, или пак „куќата“, ќералот, а понекогаш и амбарот. На катот се чардакот и
одаите. Во овие случаи функционално јасно се издиференцирани две групи простории кои
помеѓу себе се поврзани по вертикала. Тоа се група на економски простории и простории за
дневен престој во приземјето и група простории за спиење на катот. Хоризонталната врска
помеѓу просториите е обезбедена преку тремот во приземјето, трем - „куќа“ - ќерал, амбар, а на
катот преку чардакот.
Чардакот покрај својата функција за комуникација служи и како простор за одмор,
спиење преку летото, како и за вршење на извесни работи преку летото. Неговата место-
положба во композицијата на основата на катот и неговата форма различно се решавани.
Најчесто се развива по должината на зградата и го зафаќа целиот преден дел. Во овој слу-
чај чардакот има издолжена, правоаголна форма. Со преградување на чардакот во еден од
страничните делови, со цел да се оформи една помала просторија, чардакот се скратува за
една третина и неговата форма е пак правоаголна. Со доградување на две простории од
бочните страни на чардакот, неговата површина значително се намалува, добива приближ-
но квадратна форма и зазема централно место во предниот дел на куќата. Во овие случаи
улогата на чардакот се сведува скоро исклучиво за задоволување на потребите за комуни-
кација и поврзување на одаите. Се разбира дека чардакот задржува и некои други свои
функции, но со намалени можности.
Чардакот може да го заземе и целиот централен дел на зградата со слободен поглед
од двете страни на објектот, предната и задната. Кај поодделни згради чардакот се појавува
и на бочната страна на објектот, односно од потесната страна на куќата, а може да се разви-
ва и од двете страни на зградата.
Поодделни простории се решавани и димензионирани соодветно на функцијата што
ja имаат. Така „куќата“ во едноделната зграда, која ги содржи сите функции на станот, е ре-
шавана правоаголно и нејзините димензии се нешто поголеми. Кај развиениот стан таа има
приближно квадратна форма. Во куќата се наоѓаат огништето, две камарчиња и полички за
чување на потребни предмети за подготвување на храна и јадење.

АРХИТЕКТУ Р AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


152 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Одаите за спиење имаат, исто така, приближно квадратна форма. Некои се снабде-
ни со полуотворени огништа, обликувани во вид на камини. Во поодделни куќи, обично кај
побогатите, се среќаваат и мусандри, а кај муслиманските куќи, како што наведовме, во
спалните се сместени и мали бањи - „амамџици“, што сведочи за развиеното сознание за
одржување на хигиената.
Нужникот најчесто е поставен оддалечен од куќата, во дворот. Но, има случаи кога
е поставен и во составот на зградата. Во зградата, како што веќе видовме, нужникот се
поставува исфрлен на надвор, на задната страна на објектот, со обезбедена топла врска
преку чардакот со посебен ходник, кој истовремено претставува и простор за изолација.
Од изложеното во поглед на функционалните решенија на поодделни групи просто-
рии и нивното меѓусебно поврзување може да се види дека мајсторот-селанец успеал да
оформи функционални целини соодветни на потребите за животот на селанецот. Во пого-
лем број случаи одвоен е дневниот престој од ноќниот што претставува израз на поразвиен
станбен стандард. Спроведена е и доследна логичност во поврзувањето на просториите,
нивното групирање во посебни целини, секако функционално оправдано. Сето тоа претста-
вува израз на осмислено компонирање на основата што, пак, е резултат на животното иску-
ство и градежните традиции кои кај нас биле мошне богати и развиени.

Консигрукции ирименеши во селскаша куќа

За градба на куќите се употребува месниот материјал: дрво, камен, керпич, трска,


слама. Градено е со примитивни технички средства: секира, чекан, мистрија и слично. При-
менетата конструкција, меѓутоа, е одраз на функцијата која и е наменета и сретнуваме
повеќе видови одредени конструкции различни по материјалот во кој се изведени.
Постарите куќи во село Коњско се градени во дрвена носечка конструкција со ѕидо-
ви од плет. Имено, конструкцијата која ja носи целата покривна конструкција, е изведена
посебно, од потсечени стебла кои се исфрлени надвор од ѕидната површина. Ѕидовите, пак,
се изведени од плет, малтерисани од внатрешната страна и тие се повлечени зад носечката
конструкција. Покривот кај овие куќи е од трска или од слама. Но, поради заштита од по-
жар, ѕидот во кој се наоѓа огништето, а тоа е обично напречниот ѕид, изведен е од плитар
или од камен. Овој вид конструкција е применет и на други видови објекти во селото Коњ-
ско и Стење.
Ѕидањето на ѕидови од камен е многу честа појава. Носечките ѕидови во приземјето
и на катот се ѕидани од камен, со поставување на дрвени појаси на одредени растојанија. Ка-
менот на фасадните ѕидови најчесто останува видлив - не се малтерисуваат фасадите. Пре-
градните ѕидови кај овие згради се ѕидани од плитар. На овој начин најчесто се градени ку-
ќите во селата: Претор, Курбиново, Сливница, Брајчино и други.
Има куќи кај кои е применета дрвената „бондрук“ конструкција. Приземјето кај
овие згради е градено од камен, а во бондрук е граден катот. Носечката конструкција на ка-
тот, значи, е изведена од дрво и таа е скелетна, а исполната е изведена од плитар.
Некаде, како, на пример, кај куќите во селото Наколец, плитарот се употребува и за
изградба на носечките ѕидови. Кај овие куќи само темелите и дел од приземјето во вид на
сокла се градени од камен, додека останатиот дел на приземјето и катот е граден од плитар.
Во тремовите и чардаците, во нивниот преден дел, носечката конструкција е изведе-
на од дрвени столпци кои завршуваат со дрвени седла над кои се поставува греда преку која
налегнува меѓукатната, односно покривната конструкција.
Меѓукатните и покривните конструкции се дрвени, а за покривање служат: ќерами-
ди, слама и трска.
Таваните честопати се необработени, така што е видлива самата меѓукатна кон-
струкција, најчесто во приземните простории и на чардакот. Во собите на катот таваните се
обработени, односно малтерисани.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


НАРОДНАТА АРХИТЕКТУРА ВО ПРЕСПА 153

Подовите во приземјето, а понекогаш и на катот, се изведени од земја, односно од


набиена глина, и тоа во тремот, „куќата“, ќералот и евентуално во одајата. На катот, најче-
сто, подовите се изведени од штици.
Скалите се еднокраки, изведени од дрво и тие се сместени во тремот.
Прозорските отвори се мали, еднократно е решена конструкцијата на прозорецот
од дрво, застаклени се и понекогаш, особено кај прозорците во приземните простории, се
заштитени со челични решетки. Вратите се изработени од дрво, и тоа влезната врата најче-
сто е двокрилна, а во внатрешните простории вратите се еднокрилни. Влезната врата во
стопанскиот двор посебно е нагласена. Таа е со поголеми димензии и двокрилно решена.
Обработката на оградите на чардаците и балконите најразлично се решавани. Изве-
дени се од штици со перфорации, така што формираат декоративен елемент во решавањето
на фасадата.
Во примената на конструктивните елементи и конструкциите воопшто, доаѓа до
израз логиката која народниот мајстор ja покажува како во поглед на прифатениот систем,
така и во поглед на применетиот материјал.
Конструкцијата на куќите од дрво и плет во Коњско, со посебно изведена носечка
конструкција, како посебен скелет кој е видлив, претставува израз на логично конципирана
конструкција, како примарен, носечки елемент.
Скелетен конструктивен систем применет е, како што наведовме, и кај куќите со
приземје и кат, и тоа само на катот во вид на дрвена „бондрук“ конструкција. Оваа кон-
струкција има многу предности над масивната ѕидна конструкција. Таа е полесна, поелас-
тична, поекономична и затоа народниот мајстор и ja применува.
Освен во примената на конструктивниот систем, и во многу други детали доаѓа до
израз досетливоста и умешноста на мајсторите. Соочен со проблемите, мајсторот нив ги
решава на лице место мошне целисходно и од материјал кој му стоел на располагање.
Значи, покрај застапената функционалност во решавањето на основите, и кон-
структивните решенија, заедно со естетските тенденции во обликувањето доаѓаат до свој
израз во формирањето на една архитектонска целина.
Обликувањето на објектите и обработката на фасадите едноставно се решавани кај
приземните објекти. Меѓутоа, кај објектите на приземје и кат, и тоа особено кај куќите чар-
даклии, самата концепција на основата диктирала и побогато просторно обликување и
обликување на фасадите, особено на предната. Тремот и чардакот секако се едни од битни-
те елементи и ja дефинираат композицијата на фасадата. Тие на објектите им даваат одре-
ден, лесен изглед и како темни површини претставуваат контрастни елементи на полните,
обично бело боени ѕидани површини.
Балконот се користи и како композиционен елемент во обликувањето на објектот.
Тој кај симетрично решените објекти го зазема централното место и заедно со двокрилната
влезна врата претставува одреден акцент кој ja потенцира самата симетрија. Куќите, пак,
кои имаат испуштен доксат на катот, имаат поразвиена просторна пластика. И доксатот
обично го зафаќа централното место во објектот, така што ja акцентира симетријата.
Обработката на оградите на чардаците со перфорации претставува декоративен еле-
мент кој естетски ги збогатува објектите, а цвеќето кое го среќаваме на прозорците и балконите
претставува посебен акцент, бидејќи со своите бои ги прави зградите уште поживописни.
Со примената, пак, на градежен материјал од непосредната близина од изградбата
на куќите постигната е врска со самиот пејсаж, така што куќите, поправо, се вклопени во
самиот пејсаж.

Уредување на иросшориише во куќише

Внатрешноста на куќите обично е скромно решавана, особено кај постарите приземни


куќи. Н о има и куќи кои побогато се обработувани, со вградена покуќнина, камини и слично.

АРХИТЕКТУ Р AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


154 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Секоја „куќа“ има огниште, кое во едноделната зграда било единствено на кое се
готвело, греело и сушело. Во некои постари куќи среќаваме отворени огништа; инаку нај-
често тие се полуотворени.
Огништата се поставени на еден од надворешните ѕидови, во средниот дел на ѕидот,
но немаат строго определено место во просторијата. Некогаш е поставено наспроти врата-
та, некогаш на бочниот ѕид, гледано од вратата, но не наидовме на случај огништето да би-
де поставено на ѕидот на кој се наоѓа вратата.
Кај отворените огништа, за прифаќање и спроведување на димот, помеѓу гредите од
покривната конструкција направена е една посебна конструкција од штици наречена „че-
рен“, а самото огниште е оградено со камења. За навалување на дрвата на ѕидот, поставува-
ни се неколку камења или тули и тоа место е наречено „кланик“. Кај полуотворените
огништа има испуст во горниот дел обично овално решен на кој се редат ситни предмети.
Од двете страни на огништето, обично симетрично, поставени се по една ниша -
„камарче“. Тие можат да бидат и нешто поголеми и затворени со вратичка - „долапи“. Над
нив е поставена и по една поличка.
Освен во „куќата“, полуотворени огништа, обработени во вид на камини, наоѓаме и
во одаите, пак поставени во обемните ѕидови кои се ѕидани од камен или од плитар.
Од вградената покуќнина во поодделни селски куќи наоѓаме мусандри. Тие заземаат
обично цел ѕид во одајата и тоа на спротивната страна од огништето. И во одаите, од двете
страни на огништето, се наоѓаат камарчиња или долапчиња. Одаите кои се решени со вгра-
дена покуќнина и полуотворено огниште се најпогодни за рационално користење на просто-
рот кој е сосема слободен.
Покрај вградената покуќнина, во куќите се наидува и на поодделни стари предмети
кои претставуваат подвижна покуќнина.14 Но, главно, старата покуќнина е заменета со но-
ва, индустриска. Затоа овде ќе ja прикажеме старата покуќнина онолку колку што можевме
на неа да наидеме во постарите куќи.
Старата покуќнина е изработена од дрво, со дрвени клинови се поврзувани пооддел-
ни делови, како и со меѓусебни дрвени врски. Обработени се со примитивни технички сред-
ства, од кои најчесто била применувана секирата.
Се седело на троножници, а се јадело на софра. Софрата има кружна форма, ниска
е, и по завршувањето на ручекот, се обесувала на ѕид.
За месење леб и чување брашно имале „ношви“, а погачи и баници меселе на „бљуд“
- кружна табла од штици.
За чување на нова облека имале дрвени ковчези, декоративно обработени во плит-
ка резба.
За спиење е во употреба кревет, изработен од дрво. Водата за пиење се чува во
стомни во посебен „водник“.
Имало и други поситни предмети кои биле во секојдневна употреба, како, на при-
мер: „соленик“ за чување на сол, „лажичарник“, „бутин“ за правење на масло, „пиралка“ за
перење, „весло“ или „лопата“ за ставање и вадење на леб, „штици“ за леб, „пепелашка“ за
чистење на фурната, „фурка“ за предење волна и други.
И при изработката на покуќнината, особено на подвижната, селанецот покажал
способност за практично решавање во создавањето на една функционална покуќнина, која
често, особено по своите форми, е блиска на современата.

СТОПАНСКИ ОБЈЕКТИ

Како што веќе наведовме, во составот на стопанските дворови се наоѓаат разни ви-
дови стопански објекти. Тоа се објекти во кои се чува добитокот, храната за добитокот,

14 За селската покуќнина види: К. Томовски, Покуќнината во старата селска куќа во Маке-


донија, Годишен зборник на Техничкиот факултет, кн. 5, Скопје, 1963.

ИСТОРША НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


НАРОДНАТА АРХИТЕКТУРА ВО ПРЕСПА 155

храната за фамилијата, објекти во кои се чува алат и машини и за други слични намени.
Некои од споменатите објекти се лоцирани во дворот, но можат да бидат и лоцирани надвор
од стопанскиот двор, во самата населба, или во нејзина близина, како што се, на пример:
водениците, улјарниците, а некои од нив и подалеку, во планините, на пример, бачилата.
Овде ќе се задржиме на некои од споменатите објекти што ги среќаваме во соста-
вот на стопанските дворови и ќе ги дадеме нивните функционални, конструктивни и други
карактеристики.

Аур

Аур е стопански објект кој служи за чување на добиток. Тој најчесто се среќава
како посебен објект во дворот, а понекогаш може да биде и во состав на некој друг објект,
на пример, со плевна или пак во приземниот дел на куќата за живеење.
Посебните објекти најчесто се лоцирани во близината на плевните за да се овозмо-
жи полесен дотур на храна. Аурот има правоаголен облик во основата. Внатре, на погодни
места покрај ѕидовите, се поставени јасли за ставање храна. Кај некои аури, во поретки слу-
чаи, среќаваме и трем пред самиот влез.
Аурите најчесто се ѕидани од камен или плитар и покриени се со слама, трска или
ќерамида. Во селата Коњско и Стење, меѓутоа, се уште има аури изградени од плет, внатре
обложени со кал. Конструкцијата кај овие аури е иста како и кај куќите, со исфрлена нана-
двор конструкција од ѕидната површина, која ja носи покривната конструкција.

Плевни

Плевните се наоѓаат најчесто во составот на дворот, а можат да бидат поставувани


надвор од дворот. Ова се прави, главно, поради претпазливост од пожар. Плевните служат
за чување храна за добитокот, а понекогаш се комбинирани и со аури и зимници (простор за
чување овци преку зима). Имаат правоаголна основа, најчесто се приземно решени или,
пак, се на приземје и кат. Најчесто се ѕидани од камен, покривани со слама или керамида.
Старите плевни кои се зачувани во Коњско и Стење се изградени со плет и се покриени со
трска или слама. Начинот на градењето е ист како и кај аурите во овие две села.
Истакнавме дека плевните можат да имаат и делови кои служеле за други намени,
како, на пример, аури. Како карактеристичен пример за ваква комбинација ќе ja наведеме
плевната на Коста Георгиевски во село Курбиново. Таа е решена на приземје и кат. Во при-
земјето се наоѓаат аур, зимница и посебен простор за јагниња. На катот во плевната се
влегува преку сеница (трем) кој е на нивото на теренот и служи за чување на овци во дожд-
ливо време. Плевната е ѕидана од камен, а предната страна на катот е изградена од стебла
поставени еднододруго, така што е овозможена и извесна циркулација на воздухот. Плевна-
та е градена во поново време.

Гаждер (кош)

За чување на пченка во кочан, градени се посебни мали објекти наречени гаждери.


Гаждерите се градени од плет и такви примери најмногу се зачувани во селата Коњско и
Стење. Тие се состојат од посебно изграден, односно исплетен кош во плет чиј завршеток има
облик на свод. Поставен е на четири меѓусебно поврзани греди издигнати на камења со што
е обезбедена вентилација и изолација од влага. Над вака изведен кош се поставува покрив-
ната конструкција носена од шест греди, обично стебла кои се поставени нешто подалеку од
кошот и на тој начин формираат еден вид трем околу кошот. Покриени се со трска или слама.
За уфрлање на пченката постои отвор од горната страна, а за вадење во долната страна.

АРХИТЕКТУ Р AT A HA ПОЧВАТА HA МАКЕДОНИЈА


156 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Честопати, во горенаведените села, во тремот на кошот се поставуваат и корупки


за чување на ’рж и јачмен.
Корупките претставуваат дел од постаро стебло, и тоа долниот дел од стеблото. Тие
обично се од исушени стебла, издлабени се и во долниот дел се прави отвор за испуштање
на зрнестата храна која се чува во корупката. Корупките можат да бидат високи и околу
1,80 м, а има и пониски.

Амбари

Амбарите најчесто се среќаваат во самите куќи, обично во тремот, потоа можат да


бидат сместени во посебни сеници или како посебни објекти. Служат за чување на зрнеста
храна и градени се од дрво.

Кокошарници

Кокошарниците се градени како посебни објекти во дворот. Интересни примери на


кокошарници наоѓаме во село Коњско изградени од плет или од дрвена конструкција. Тие
секогаш се издигнати од теренот, со што е обезбедена изолација од влага. Прикажаниот ко-
кошарник е од споменатото село, изведен од плет, со правоаголна решена основа, нешто из-
дигнат од теренот, а конструкцијата се носи од четири помеѓу себе поврзани греди.
Ќе наведеме уште два кокошарника од селото Коњско изградени од дрвена кон-
струкција. Едниот има облик на пирамида и е помал по димензиите од претходно опиша-
ниот. Кокошарникот, пак, е допрен до зградата и издигнат на поголема височина. Во сите
примери постигнати се основните барања за живеење на живината, иако со доста примитивни
средства. Во некои села, меѓутоа, кокошарниците се поставуваат во комбинација со кочини.
Во тие случаи кокошарникот е во горниот дел, а кочината во долниот, што претставува и
успешно користење и заштита на просторот.

Кочини

Кочините за чување на свињи се прават и како посебни објекти, а најчесто се ком-


бинирани со фурните. Во овој случај тие се наоѓаат во долниот дел од фурните, што прет-
ставува рационално користење на простор. За хранење на свињите се уште е во употреба
копанка, која претставува дел од издлабено стебло, еден вид корито.
Кога веќе ja споменавме фурната, ќе наведеме дека таа се гради како посебен об-
јект во дворот и служи за печење на леб, кој се меси во поголеми количества.

Сеница (шрем)

Во некои дворови како посебни објекти се наоѓаат сеници. Тие служат за чување на
коли,15 земјоделски алати и машини. Сеницата се поставува покрај оградниот ѕид, а покрив-
ната конструкција се носи од ред дрвени столбови наредени од предната страна и оградниот
ѕид.
Се среќаваат и друг вид сеници, односно со други функции, како што веќе наведов-
ме, за амбар; потоа тука се поставува и фурната, просторија за пушење на месо и друго, a
самата сеница претставува заклон за да може и во лоши временски услови непречено да се

15 Зачувани се и стари коли изработени од дрво. Месното население ги вика одар. Се разли-
куваат два вида коли. Мали коли кои служеле за носење на дрвја и гној (ѓубре од добитокот) и голе-
ми коли за носење слама, сено, снопје и слично.

ИСТОРИЛА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


НАРОДНАТА АРХИТЕКТУРА ВО ПРЕСПА 157

врши работата. Има и сеница за сушење тутун. Тие се отворени од сите страни и е овозмо-
жена слободна циркулација на воздухот.

Улишше

За чување на пчели се прават посебни мали објекти во вид на купи изведени од плет
и заштитени од надворешната страна со слама, наречени улишта. Повеќе улишта форми-
раат улјарник кој се наоѓа во рамките на дворот или надвор од него.
При лоцирањето на сите наведени објекти во голема мера е застапена функционал-
носта, како во нивното групирање, така и во самото решавање на поодделни објекти. Тоа се
гледа во самото решавање на просторот, во применетата конструкција, во изолацијата од
влага, топлотната заштита, обезбедувањето на потребна вентилација и слично.
И во овој вид објекти, кои се градени од самите селани од примитивен материјал,
доаѓа до израз остроумноста и снаодливоста на градителите, како во примената и изведу-
вањето на конструкцијата, така и во функционалните решенија.
Материјалот за градба на објектите, исто како и кај куќите, се користи од непосред-
ната близина. За столбовите во тремовите, аурите, гаждерите и другите објекти, обично се
земани стебла, скоро и необработени. Ист е случајот и со роговите и другите делови на по-
кривната конструкција. Друг градежен материјал е каменот, плитарот, трската и сламата.
Значи, применет е материјал кој се наоѓал под рака на мајсторот.
Објектите најчесто се малтерисани од надворешната страна, така што структурата
на ѕидот, граден од природен материјал, останува видлива, што објектите ги приближува и
до пејсажот.
*

Народната архитектура во Преспа е доста разновидна. Се разбира, куќата за жи-


веење е главниот архитектонски објект во која дошле до израз повеќето компоненти кои ja
оформуваат во една целина. Функционалната и конструктивната осмисленост е секако нај-
битниот архитектонски квалитет кој се манифестира во голем број куќ,и по селата во Пре-
спа. Типовите на основи, како и нивните варијации, говорат за една креативност, моќ за ими-
тирање, но и создавање на низа различни решенија соодветни на теренот и другите услови.
Естетскиот израз во рустикално оформените екстериери и ентериери е искрен одраз на
функцијата и применетата конструкција што доаѓа до израз во овие, инаку, скромни по своите
димензии објекти.
Целата Преспанска котлина формира една целина, во која во минатото се создава-
ло во рамките на општите архитектонски движења кои во тоа време владееле во Македо-
нија. И архитектурата која овде се развива претставува еден дел од тој општ развиток, но,
таа има и свои карактеристични белези донекаде ja оформуваат во една целина.
Традицијата е присутна. Едноделната куќа се потпира на словенската куќа. Засиле-
ната, пак, економска сила на селанецот постепено ja разви програмата во една побогата со-
држина, манифестирајќи го истовремено и станбениот стандард. Богатото градежно искус-
тво се чувствува и во архитектурата на ова подрачје што говори за меѓусебните влијанија
во формирањето на селската архитектура и руралните целини во Македонија.
Мајсторите кои ги граделе куќите и другите стопански и помошни објекти, според
испитувањата што ги извршивме на теренот, биле месни луѓе. Мајсторот-селанец градел за
потребите на своите соселани, ги познавал неговите потреби, начинот на живеењето, него-
вите желби, подџебјето и материјалот и создавал, како што веќе видовме, функционални по
својата намена објекти, кои се израз како на потребите и економската сила на селанецот,
така и на способностите на мајсторите-градители.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


158 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

СТАРАТА НАРОДНА АРХИТЕКТУРА


И СОВРЕМЕНИОТ РАЗВОЈ НА ПРЕСПА

Благодарејќи на погодните климатски услови и убавината на пејзажот, Преспа по


ослободувањето се разви во значаен туристички центар. Ова услови и изградба на лету-
валишта крај езерото, како што се Отешево, Царина, Претор, кои постепено го менуваат и
самиот пејзаж и на Преспа и даваат посебна содржина. Преспа, меѓутоа, како подрачје за
развој на туризмот има далеку поголеми можности што треба во иднина рационално да се
користат.
Селанецот, пак, од друга страна, веќе гради „модерни“ станови и ги опремува со ин-
дустриска покуќнина. Селата, особено оние кои се во близината на Ресен и комуникациите
како што се Јанковец, Болно и други, веќе го измениле својот лик.
Старата куќа, стопанските објекти, агломерациите од селско-стопански дворови,
меѓутоа, се уште се присутни во Преспа. Тие побудуваат интерес не само за проучување на
минатото и на развојот на куќата од овој крај, туку, тие, покрај објектите од средниот век,
претставуваат интерес за секој еден граѓанин. Старата народна архитектура во натамош-
ниот развој на Преспа ќе и даде една нова содржина преку која ќе се следи континуитетот
на живеењето и создавањето во овој крај. Затоа, при едно урбанистичко планирање на Пре-
спанската котлина во еден развиен туристички и рекреационен центар, овие моменти, без-
друго, треба да се земат под внимание. Тие на адекватен начин терба да бидат третирани и
решавани.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ГАЛИЧНИК - РУРАЛНО-АРХИТЕКТОНСКА СОДРЖИНА

Народниот гениј, кој ja создаде оваа архитектонска уба-


вина се роди во карпите на Реканското подрачје, во една тешко
пристапна, но живописна природа} полна со контрасти.

Регионот на речниот слив на Радика, познат под името Река, отсекогаш се одлику-
вал со своевидни особености во етнолошкиот состав на населението, во зачуваните обичаи
и традиции. Затвореноста на планинскиот предел и долгиот живот во посебни општествено-
историски услови создадоа и одредено културно-историско наследство, карактеристично за
ова подрачје.
Посебен интерес и значење, меѓу другото, побудува архитектонско творештво во
селата од Мала Река: Осој, Гари, Лазарополе, Тресонче, Селце, Росоки и Галичник, најголе-
мата рурална агломерација во овој крај. Истите геофизички услови, стопанската основа на
регионот - сточарството и печалбарството, потребата од заштита и безбедност во несигур-
ните животни услови во рамките на Османската империја, создадоа специфичен тип на
населби и куќи за живеење. Најизразит дострел во рурално-архитектонскиот развој е до-
стигнат во селото Галичник, каде што го следиме архитектонскио континуитет карактерис-
тичен за целиот регион.
За населувањето и формирањето на Галичник се битни два фактора: потребата од
сигурност и поволна природна база за развој на сточарското стопанство. Проблемот на си-
гурноста инстинктивно е решен во изборот на природниот планински амфитеатар далеку од
прометните патишта, невидлив за несаканиот гостин, а широко отворен за неговите жители
кон околниот пејзаж.
Галичник е планинско село од збиен тип. Куќите меѓусебно се приближуваат, а со
тоа и заедничката одбрана станува полесна. Најголем степен на изграденост селото бележи
кон крајот на XIX век, кога има и најголем број жители (повеќе од 3.000 жители). Со порас-
тот на населението се шири и населбата, иако просторот за ширење е релативно мал. Кон
север е ограничен со подносливиот лимит на надморската височина и тешките климатски
услови, а кон југ со неповолната топографска положба. Во однос на изложеноста на сонце-
то и влијанието на ветровите, изборот на местото било поволно. Од север селото е заштите-
но со високиот масив на планината Говедарник, додека кон југ тоа е отворено спрема долина-
та на реката Радика. И покрај острата планинска клима, Галичник има голем број сончеви
денови преку годината, што е реткост за села на оваа надморска височина (1.300-1.450 м).
Непосредната околина на Галичник е гола и каменита. Некогашната шума е исече-
на со ширењето на селото. Сигурно и тука треба да се додаде „стратешката“ причина за си-
гурноста и одбраната: никој не може да се приближи кон селото а да не биде забележан
уште од далеку.
160 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Постоењето на шуми на местото на населувањето се потврдува со називи на некои


месности кои сега се во состав на селото („пулев орман“), како и постоењето на букова шу-
ма „од спротија“, која е на иста надморска височина со селото.
Ретките грмушки и смреки, сивата боја на лишаите по карпите, ретките стебла на
дивите овошки наспроти густата изграденост на селото во масивниот амфитеатар на Би-
стра го прават пејзажот посебно драматичен.
Руралната структура на населбата претставува органско единство од повеќе ансам-
бли кои всушност претставуваат одделни маала поврзани во една целина. Според кажува-
њата, а кои можат да бидат и реална претпоставка, најстарите куќи биле подигнати во се-
гашното Чучка-маало, како и во Старо-маало, околу црквата Св. Петка. Овие два локали-
тета биле најпогодни за формирање на првобитната населба. Чучка-маало се развива на ре-
лативно рамен терен за градба и има добра позиција во однос на инсолацијата. Старото
маало имало најповолни микроклиматски услови поради најниската надморска височина.
Селото најверојатно се развивало едновремено во повеќе маала кои со нивното ширење се
поврзале во една целина. Сигурно е дека маалата, формирани во најсеверниот и највисо-
киот дел на селото, се формирани во најскоро време, како, на пример - Пеш-маало, Бунде-
леско маало. Во нив, главно, преовладува типот на куќата од пред крајот на XIX век, кога
Галичник добива завршна урбанистичко-архитектонска физиономија, која е зачувана главно
до денеска.
Местата за секојдневните контакти на луѓето во селото биле плоштадот пред црк-
вата Св. Петка и во селската чаршија формирна околу новата црква и чешмата Упија. Тоа
се места на собири и свадбени ора или на повремени пазаришта. Чаршијата ja сочинувале
помали занаетчиски дуќани и по некоја кафеана, и тоа се формира со поместувањето на се-
лото кон север. Центри на маалата стануваат маалските чешми и маалските плоштади.
Така, плоштадот на Чучка е традиционално место за маалски свечености и собири, место
каде што се претресуваат поважните дневни настани. Порано, веројатно, секое маало имало
и свои посебни гробишта.
Куќите обично немаат економски дворови или посебни економски згради поради
тоа што немале потреба од нив. Добитокот е на пасиштата на планината Бистра или во пото-
плите краишта во Повардарјето или во Солунско во зимските месеци. Добитокот кој служи
за исхрана на семејството како и храната за него се чува во тремот во составот на куќата.
Галичката куќа има релативно тесен двор, кој не се оградува, не постојат строги ме-
ѓи меѓу куќите. Се оградува понекоја тераса која служи како градина за редок зеленчук.
Селските градини, пак, биле надвор од селото, но тие подоцна се напуштени.
Куќата е обично поставена на изохипсите на теренот, но секогаш таа е органски
срасната со него. Ваквата диспозиција на куќата овозможува помали земјени работи и сло-
бодни видици. Присутна е и желбата за експонирање на куќите спрема соседот или потес-
ната селска агломерација со најрепрезентативниот дел на куќата, понекогаш и за сметка на
подобрата ориентација.
Уличната мрежа се формирала стихијно на места каде што густата изграденост тоа
го барала. Формираните „улици“ често се и калдрмисани, димензионирани со профил пого-
ден за минување на товарен коњ. Главниот прометен ’рбетник на селото претставува поте-
зот Пеш-маало - Стара црква.
Применетите рурални поставки на народниот мајстор во формирањето на населба-
та не се случајни. Тие се длабоко поврзани со потребите на човекот за безбеден живот, за
слободни видици, добра инсолација, општествени контакти. Решавањето на овие сложени
урбани и архитектонски содржини е базиран врз логиката и функционалноста во најголема
можна мера. Просторната композиција на Галичник, поврзана со драматичниот пејзаж, ка-
ко и архитектонскиот изглед на неговите куќи, силно дејствуваат во својата автохтоност.
Галичник всушност претставува еден просторно-архитектонски феномен, своевиден и не-
повторлив.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ГАЛИЧНИК - РУРАЛНО-АРХИТЕКТОНСКА СОДРЖИНА 161

Галичките куќи најчесто имаат приближно квадратна основа, поретко правоаголна,


а кај постарите куќи се среќаваат и прекршени основи. Тоа се всушност кубуси завршени со
пирамидален покрив, со поблаг нагиб, кои како некои кристали никнуваат од теренот и со
својата масивност и рустичност формираат еден специфичен израз. Посебниот архитектон-
ски израз е резултат на логичното прилагодување на куќите кон теренот и употребата на
расположливиот материјал. Овој тип на куќи изникнат од суровиот пејзаж по својот волу-
мен и структура претставува специфична варијанта на планинската куќа од Реканскиот
крај. Ова секако се должи и на економската моќ на населението, нивните врски со соседите,
особено оние со Грција, и моќта на најстарите градители своите стекнати сознанија да ги
прилагодуваат кон теренот и поднебјето.
Во развојот на галичката куќа разликуваме главно четири фази. Првобитните куќи
„сламеници“ припаѓаат на најстариот тип куќи. Подоцна, во текот на XIX век, куќите имаат
поразвиена програма. Овие куќи се градени со камен и бондрук конструкција, на катот
опшиена со штици. Горнито кат е исфрлен над долниот во вид на еркер, кој како мотив е
карактеристичен за куќите градени во овој период. Кон крајот на XIX век еркерите се губат
и честопати бондручната конструкција може да биде и домалтерисана и од надворешната
страна. Од почетокот на XX век во Втората светска војна куќите исцело се ѕидани во ка-
мен, задржувајќи ja речиси истата програма, со извесни модификации.
Кај постарите куќи се среќава поголема слобода во решавањето на основата, што е
одразено и во побогатата просторна пластика. Подоцна куќите добиваат речиси типична
основа, со употреба на исти просторни елементи, што дава белег на стандардизација, а це-
лиот волумен е сведен на чист кубус.
Стрмниот терен на кој е градена куќата и збиеноста на населбата услови куќата да
прифати под еден покрив и дел од стопанските и економските простории. Таа се развива по
вертикала, така што најчесто има три катни висини. Притоа е користена конфигурацијата
на теренот со што е овозможено создавање на посебни влезови на различни нивоа.
Во организацијата на внатрешниот простор извршена е јасна диференцијација на
просториите по својата намена, нивното групирање и заемно поврзување. Така, во призем-
јето се сместуваат економските простории, а на катовите станбените простории.
Со внатрешното решение на просторот галичката куќа ги задоволува условите за
удобен и хигиенски живот. Таа овозможува релативно висок, речиси градски стандард за
живеење. Просториите се пространи и светли, опремени со вградена покуќнина: мусандри,
долапи, миндери, кои се поставени по должината на ѕидовите на чардакот и во одајата за
прием. Така, одаите добиваат чиста корисна површина, со доволно воздух и сонце.
Првобитните куќи „сламеници“, кои се градени од кршен камен и покривани со
слама, според проучувањата на проф. С. Томоски, биле на приземје и кат. Во приземјето
бил поставен „трем“ - штала за добиток, а зад него обично два „клета“ - визби, наполно
вкопани во карпа. На катот биле поставени станбените одделенија. Првобитно „куќата“ ja
зазема речиси целата површина, со една мала просторија „одајче“ за чување на покуќнина-
та и мал чардак. Подоцна „куќата“ ja делеле со прегради и формирале, според потребата,
две до три простории. Некои од овие куќи биле зачувани до почетокот на XX век.
Со економското зајакнување на населението куќата добива поразвиена програма.
Таа обично е на три катни висини. Се издига во височина како кула за одбрана. Тоа се куќи
на богати печалбари кои стекнале богатство во туѓина и изградиле богати и репрезентатив-
ни куќи. Градена е од камен во двата долни ката и дрвена бондрук конструкција, опшиена
со штици во предниот дел на горниот кат. И овие куќи задржиле некои содржини од прет-
ходните. Така, во приземјето пак се задржува „тремот“ со псоебен влез од страна и еден до
два „клета“, кои се наполно темни. На предниот дел од катот, по целата ширина, се развива
затворен чардак кој служел за одржување на свадбени свечености, а лете и за спиење. На
катот е сместена и „куќата“ без таван, со видлива „чатија“, „одаја“ за спиење и за прием.
Во зависност од големината на семејството и нивната економска моќ, градени се
куќи и со побогата програма. Кај нив на катовите се појавува централно поставен ходник -

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


162 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

„гизентија“, на првиот кат „долна гизентија“, а на вториот кат „горна гизентија“. Покрај H e ­
ro се редат повеќе простории: „куќа“, помали и поголеми „одаи“, потоа „шарена одаја“, која
служела за прием, честопати со таван обработен во резба. Се среќава и „параклис“ —мала
просторија со икони, која служела за молење, што всушност претставува еден вид домашна
капела. Интересна е и појавата на просторот наречен „меѓувраќе“ - претпростор меѓу две
простории со посебен влез во секоја просторија, кој истовремено претставува и изолација.
Кај овие згради „куќата“ е на првиот кат, но можат да се сретнат и по две „куќи“, доколку
куќата е сопственост на повеќе браќа.
Кај поновите куќи, градени во почетокот на XX век, „куќата“ е поставена на првиот
кат, така што се формира издвоен простор за дневен престој и готвење, а на горниот кат се
сместени собите за спиење и прием. Овие куќи ja задржуваат истата диспозиција во однос
на теренот и конструкцијата, со тоа што бондручната конструкција на катот се заменува со
ѕидови од камен.
За градењето на галичките куќи е употребен локален материјал, кој може да се нај-
де во непосредната близина, а тоа се: каменот и дрвото. Нивната примена е сосема логична
и функционална и изразува еден локален белег. Со умешната комбинација на овие два
основни градежни материјала постигната е одредена хармонија во нивната структура и ко-
лорит.
Општата конструкција на куќите претставува комбинација на масивни камени ѕи-
дови и скелетна дрвена, таканаречена „бондрук“ конструкција, во една логична и строго
функционална композиција. Освен чардакот на катот, целата куќа е изградена од камен,
поврзан со хоризонтално поставени дрвени појаси - „кушаци“, видливи на фасадите.
Предниот дел на катот е изведен во дрвена бондручна конструкција, која се состои
од хоризонтални греди и вертикални „диреци“, зацврстени со покуси косо поставени греди -
„пајанди“. Исполнета е со плитар или со дробен камен и кал набиен меѓу заковани штички
- „цепеници“ Преку оваа конструкција од надворешна страна се поставува опшив од верти-
кално поставени штици - куќи.
Покривната конструкција - „чатијата“, е по системот на столици од дрвена граѓа, a
покривот од камени плочи.
Меѓукатните конструкции се дрвени. Подовите се од штици, а во „куќата“ од набие-
на земја поради заштита од пожар. Таваните се од штици или малтер, а над приземјето од
штици „цепеници“
Влезните врати се дрвени, еднокрилни или двокрилни, честопати обрабени со каме-
ни довратници од добро обработен делкан камен со полукружен завршеток или со рамна
камена греда, придржана со конзоли и мал прозорец над неа, поставен од конструктивни
причини за олеснување.
Прозорците се со различна големина. Во приземјето се мали и имаат обично желез-
ни решетки. На катот прозорците се на хоризонтално влечење со вовлекување на прозоре-
цот во ѕидната конструкција. Пред прозорците се поставуваат дрвени капаци со влечење
врз ист принцип како и кај прозорците. Ваквиот тип на прозорци диктира одреден ритам на
отвори и ѕидна маса.
„Оџакот“ може да биде слободно поставен во „куќата“ или почесто потпрен на еден
од ѕидовите. Отворените огништа од горната страна најчесто имаат една пирамидална кон-
струкција која го прифаќа чадот и го изведува низ „баџата“.
Во однос на изведбата на конструкциите и архитектонските детали доаѓа до израз
високиот степен на занаетчиска совршеност. Таа се манифестира во изведбата на порта-
лите во камен, во кованите дрвени порти, во оџаците, во вградената покуќнина, во таваните
и друго.
Архитектонското обликување на галичките куќи е одраз на нејзината функцио-
нална содржина, применетата конструкција и употребениот материјал. Таа е лишена од
формалистички ефекти и се потпира врз максимално прилагодување на природните услови:
кон специфичноста на теренот, камениот пејзаж, поднебјето.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


ГАЛИЧНИК - РУРАЛНО-АРХИТЕКТОНСКА СОДРЖИНА 163

Сите овие компоненти логично се координирани со извонредниот усет и вештата


рака на народниот мајстор од Река во создавањето на една силна архитектура со потенци-
ран волумен. Куќата е сведена, главно, на кубус со благ пирамидест покрив покриен со ка-
мени плочи. Стрмниот терен го условува вклопувањето на куќата во наклонот на теренот, a
начинот на кој е таа сместена во него ja одредува карактеристичната форма и структурата
на галичката куќа. Создадени се хармонични агломерации со разиграна динамична силуета,
кои ненаметливо го дополнуваат суровиот драматичен пејзаж во едно извонредно единство
на форми, структури и колорит.
Просторната пластика е развиена со еркерните исфрлувања кои висат над долните
катови. Движењето на ѕидните површини со поставување на ризалити - обично два крајни и
вовлечени портии, кое е присутно кај поновите куќи, ja отстрануваат монотонијата, ja по-
тенцираат вертикалата, но истовремено ja потенцираат и симетријата на предната фасада.
Ѕидните површини се расчленети со прозорски отвори и врати. Прозорците се јаву-
ваат на сите нивоа и се разликуваат по својата големина. Прозорците во приземјето - „маз-
галки“, се многу мали и прилегаат на пушкарници. На средниот кат прозорците се поголе-
ми, најчесто поставени во групации по два прозора. На горниот кат прозорците се уште по-
големи, поставени во одреден ритам на полно и празно, што е диктирано од системот на
конструкцијата на прозорците поставени пак во групации на два или три прозорци. Синхро-
низацијата на групациите или ритмиката на прозорците во однос на првиот и вториот кат
поретко се среќава. Северната фасада речиси е без прозорски отвори, што е сосема разбир-
ливо, а произлегува од неповолната ориентација и климатските услови.
И влезните порти, кои се најчесто бочно поставени, посебно за секое ниво, учеству-
ваат во расчленувањето на бочните фасади. Тие се секогаш асиметрични.
Присутните контрастни ефекти кај галичката куќа произлегуваат од логичната
концепција на конструкцијата и употребениот материјал. Приземјето и катот, изградени во
камен, дејствуваат силно, масивно. Тие ja носат полесната структура од вториот кат - бон-
дручната конструкција опшиена со штици, структурата на каменот, кој е донекаде порус-
тично обработен, контрастира на обработеното дрво или мазно малтерисаните ѕидни повр-
шини. И во колоритот на употребените материјали се присутни контрастни ефекти. При-
родната сивкаста боја на каменот и темната боја на дрвото и дава на оваа архитектура еден
карактеристичен колорит.
Галичките куќи се градени од домашни мајстори. Како што е познато, ѕидарскиот
занает бил мошне развиен кај населението од Река. Ѕидарството, покрај копаничарството и
зографството, се традиционален занает на Мијаците, кои се познати како вешти мајстори.
Тие граделе во повеќе балкански земји и надвор од нив.
Со помошта на мајсторите од Дримкол, посебно на каменоресците од Луково, по-
дигнати се куќи со високо градежно ниво во однос на конструкцијата и занаетчиската обра-
ботка. Тие мајстори, работејќи и надвор од својот крај, го пренесуваат во родните места
стекнатото богато градежно искуство.
Од некои зачувани договори за градба на куќи во Галичник се гледа дека веќе кон
крајот на XIX век владеел одреден задолжителен стандард и стил на градба. Во договорите
однапред се утврдувале сите обврски на стопанот и на мајсторската „тајфа“. Со него се
утврдуваат димензиите на куќата и одделни простории, бројот на катовите, катната височи-
на, функционалниот распоред и внатрешната обработка, па дури и бројот на делканите ка-
мења што ги врамуваат прозорските отвори. Договорот го прецизира и бројот на мајстори-
те и нивните помошници. Постоењето на вакви договори однапред условувало висок степен
на архитектонско-занаетчиска обработка на куќите, што се одразува и врз општата архи-
тектонска физиономија на селото.
Изнесувајќи ги архитектонско-руралните и други вредности на Галичник, кои носат
специфични белези на македонската народна архитектура, се наметнува и идејата за нивна
ревитализација. Се уште од неа зрачи некоја животна и градителска вистина, која има сила
со своето присуство да влијае и врз денешните услови, користејќи го принципот на синтеза
на старото и новото.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


АРХИТЕКТУРАТА HA СЕЛАТА ВО ГОРНА РЕКА

Горна Река ja зафаќа областа на горниот тек на реката Радика. Најсеверно село на
регионот е Бродец, на крајниот север на планината Кораб. На југ областа завршува со села-
та Врбјане и Сенце, под составот на Радика и Мавровска Река.
„Во Горна Река се собрале, пишува д-р Душан Недељковиќ, скоро сите балкански
етнички групи а ниедна од нив да не натегне и не постане доминантна или водечка.“
Ние денеска утврдуваме дека таа етнолошка разноликост дава посебно архитектон-
ско шаренило во селата на регионот, чии сопственици доаѓале од различни краеви, живееле
со векови во јазичен и верски дуализам, а донесувале различни начини на градење на нивни-
те домови.
„Во оваа област луѓето од една страна дошле како ситни сточари, од друга страна
вработени чобани, од трета како големи ќаи, од четврта како вооружени чувари, од петта
како качаци, од шеста како понизни печалбари, како ловџии, земјоделци, воденичари, вала-
вичари. И сите тие најдоа во Горна Река за себе погодна област: ситни сточари и големи ќаи
и трговци, кои со десетина илјади курбан-овни тргувале со Цариград и Мала Азија, нашле
тука одлични ливади за нивната стока. Со нив дошле чобани и вооружени чувари. Качаците
најдоа непристапна и тешко проодна бусија. Печалбари и разни бегалци од крвна освета
најдоа скришни места за нивните фамилии.“
На ваква социјална разноликост погодувала и географската средина. Сите населби
се наоѓаат и во природно изолирани клисури, од кои претежно и се состои областа на Горна
Река со нејзините населби. Во тие клисури сточарот гради куќа на еден начин, каде околу
домот групира и помошни објекти за стока и храна. Печалбарот од друга страна гради куќа
која треба да го потврди неговото стекнато богатство во долгите години поминати на пе-
чалба. На крајот оној кој се чува од освета и пљачка гради утврден стан во вид на кула.
Еден од најважните фактори за просторната диспозиција на селата од Горна Река,
како и за типот на куќата како основна клетка на заедницата, беше потребата за заштита и
безбедност.
Бидејќи оваа безбедност во минатото секојпат била недоволна, селските населби се
повлекуваат од прометните патишта, се кријат во скриени планински места, се развиваат во
тесни збиени групации. Како и сите планински села на Бистра и на Крчин и селата во Горна
Река се од збиен тип. Селото се развива во повеќе густо изградени маала на сродни фами-
лии.
Во селата не се зачувани поцелосни амбиентални јадра како целина, како што е тоа
во селата од Мала Река. Меѓутоа, земени посебно како единки, поодделните зачувани куќи
ги имаат сите вредни карактеристики како куќите во мијачките села: монументалност во
димензии, отвореност кон пејзажот, поврзаност со околината и пред се висок степен на за-
наетчиска ѕидарска вештина.
166 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Најстарите зачувани куќи од крајот на XVIII век претставуваат еден тип дрвени
куќи, со високо развиени покриви покриени со слама или дрво (шиндра) што им дава посеб-
на живописност. Овие објекти на времето биле ист тип на дом за живеење како и во другите
планински места во Македонија, па и во поширок регион на Балканот. Тоа што денеска ги
сретнуваме во Горна Река е затоа што тука најмногу се зачувале, поради големата затворе-
ност на регионот и географската непристапност. За разлика од обичните дрвени куќи, овој
тип на куќа делумно претставува бондручна дрвена конструкција со ѕидови од камен во при-
земјето, со богата игра на дрвени столбови на конструкцијата со повеќе дрвени хоризонтал-
ни серклажи.
Меѓутоа, иако сместени далеку на север каде културните и етничките влијанија те-
челе во правец запад-исток, начинот на градење, архитектонскиот стил доаѓа од југ, по ре-
ката Радика. Радика и нејзините села за целиот поширок регион давале од секојпат мајсто-
ри-градители на куќи, цркви, џамии. И во најсеверните села во Горна Река, во Бродец на
пример, сретнуваме куќи кои наполно се сродни со куќите од Галичко. Тоа е само затоа
што ги граделе исти мајстори и што се градени за исти потреби на сопствениците, печалба-
ри или сточари. Исти се и климатските и географските фактори, исти се изворите на гра-
дежни материјали. Иста била и историско-социјалната судбина, каде потребата од заштита
и одбрана раѓа ист тип на куќа наречен во Горна Река „кула“.
Меѓусебни влијанија и заеднички традиции во градење куќи не гледаме само во
сродноста во архитектурата на куќите за живеење туку и во градбата и декорирањето на
црквите. Црквата во Врбен ja декорирал зографот Јосиф Радинович од Лазарополе во 1834
година, а во црквата во Жужње сите икони ги изработил non Евгение од Галичник во 1870
година. Исто така во Нистрово го наоѓаме авторскиот потпис на зографскиот мајстор Сера-
фим од познатата зографска фамилија Фрчковци од Галичник.
Се уочува неверојатна сличност на обработка на камените влезни порти на куќите
во Галичник и на куќите од селата од Горна Река. Зачуваните примероци ja откриваат веле-
лепната порта на срушената куќа во Кракорница. Чести делкани мотиви над портите и од
страните се месечина со ѕвезди, сабји, геометриски мотиви, што веројатно е влијание на ви-
дени декоративни елементи од исламската архитектура од Блискиот Исток каде што се
одело на печлба. Каменоресците се веројатно истите мајстори „улуфи“ од Луково или од
струшките села кои се по тоа познати.
Структурата, обликот, начинот на градење, внатрешниот распоред, се е последица
на специјалните услови, во недостаток на организирана и цврста општествена безбедност во
време на Турската империја. Во време кога пушката била главно напаѓачко и одбранбено
оружје се градат куќи со масивни ѕидови од камен, со мали прозорци во вид на пушкарници.
И во случаи кога одбраната не е главна причина, малите прозорци на куќите каде преовла-
дува полна ѕидна маса се правени и од потреба за поефикасна заштита од острата клима.
Поразвиената куќа обично има 3 ката. Во приземјето, редовно полувкопано се нао-
ѓаат просториите за стока. На средниот кат живее фамилијата, а највисокиот кат содржи
гостински соби. На најгорниот кат куќата редовно има минимални еркери, кои повеќе се де-
коративен елемент на конструкцијата отколку поголемо освојување на просторот. Меѓутоа
дел од катот, гостинската соба или чардакот извадени се силно надвор од основната ѕидна
површина, со кое се сакало не само да се даде повеќе светлина, воздух и простор, туку да се
постигне и одреден надворешен архитектонски ефект.
По правило куќите немаат дрвен чардак на последниот кат како што е случај во
другите села по Радика, каде чардакот е од чиста дрвена конструкција и надворешна обло-
га. Веројатно дрвото не се покажало како отпорен материјал во случај на напад, оган или
слично. Дрвото лесно се запалува а големите прозорски отвори кои ги среќаваме кај чарда-
ците не даваат сигурна заштита.
Ѕидарскиот занает не го сретнуваме во горнореканскиот крај. Ретки се фамилиите
кои се занимаваат со градителство како што е тоа во соседните села околу манастирот Св.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


А РХИТЕКТУ PAT A HA СЕЛАТА BO ГОРНА PEKA 167

Јован Бигорски. Ѕидари имало само во некоја фамилија во Врбјани, веројатно под влијание
на соседното село Жировница, село по традиција ѕидарско.
Меѓутоа онаа иста гордост која била видлива во однесувањето и богатата носија се
манифестира и во горнореканскиот начин на ѕидање куќи иако самите селани не се ѕидари.
He се тоа само цврсто ѕидани куќи, кои можат да заштитат луѓе и стока од арамиски напа-
ди, туку често гордо високи кули, ѕидани од најубав камен, редовно на неколку катови,
често со засводени прозорци и влезни порти, со кокетни баџи на покривите, а презриво за-
китени со многу пушкарници.
Сета многугодишна печалба била давана да се соѕида само што поголема и што
поубава „кула“. Куќата не се викала поинкау, туку „кула“, а сонот бил како да се соѕида нај-
голема „кула“ во Горна Река. За „кулите и песни се пееле, песни за кули од „девет ката“ и
врати од „дуката“. Од личното однесување, преку алиштата до куќата, се што е негово, на
горнореканецот, треба далеку да ги наткрилува сите други и да блеска во неговата раскош“
- бележи Душан Недељковиќ, опишувајќи ги обичаите на горнореканците уште пред 40
години.
Ако е просторот за живеење доказ на материјалните и економски можности, тогаш
човекот од Горна Река дава доказ дека во даден историски момент остварил високо ниво на
станбена архитектура и во надворешниот изглед на куќите и во нивната внатрешна содржина.
Брзото напуштање на селата, што како појава го имавме во сите планински села,
посебно во Западна Македонија, во регионот на Горна Река е отпочнат многу порано, a
интензивно од времето на Балканската војна. Во воениот виор наполно снема некои села,
како што се Трница, Реч, Штировица, Стрезимир. Од секојпат сточарски, селата немаа
услови за интензивно сточарење, пред се поради новите граници и несигурната безбедност
во од секојпат несигурниот регион. Немањето сигурен зимовник ни потребна исхрана на
стоката неповолно влијаеше на основното стопанско занимање на населението, кое почна
масовно да се иселува. Дел од населението што се оддаде на печалбарство, ситно сточар-
ство и трговија остана само привремено, за и тоа да се исели кога веќе немаше основа ни за
тие стопански гранки.
И напуштените села го изменија својот лик, не толку поради нови градби како што
тоа станува во селата кои се наоѓаат во близина на градовите и кои стопански се развиваат,
туку поради пропаѓање на дотраениот стар вид на куќи. Архитектонскиот изглед на селата
го откриваат малиот број зачувани, куќи кои само донекаде ja даваат илузијата на некогаш-
ната големина и богатство. Забележано е дека селото Бродец уште во Балканските војни
имало над двеста куќи, кои пред Втората светска војна паднале на неколку десетина, а дене-
ска во него живеат само неколку фамилии.
Во сите полунапуштени или скоро сосема напуштени села и најздраво градените
куќи во најскоро време ќе станат руини. Во некои села, најблиски до главните патишта или
врзани за нив (како што е Врбен на пример), во старото ткиво никнат и нови градби.
Кои се обидите што ме натераа да ja забележам сегашната состојба на затеченото
градителско наследство во некои села од Горна Река. Тоа е пред се чувството на неправда
што е направена кон оваа архитектура која ни порано ни сега не е никаде забележана. He се
извршени никакви архитектонски снимања, ниту обиди за било каква ревитализација.
Архитектонското наследство на нашата република е големо, ако не најбогато и нај-
разновидно од регионите со наша големина. Тоа можеше да се создаде само на терен кој е
географски разновиден, кој се наоѓа во различни климатски, етнички, економски влијанија,
а лежи на граница помеѓу историски и современи култури. Нашата република од секојпат ja
сечеа линии на голем промет. По патиштата врвеле војски, и туѓи и наши, врвеле народи,
трговија и робје. На ветрогон на такви влијанија била и Горна Река, чија природа, чија ис-
торија и чија архитектура возбудуваат.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


CEJIA И СЕЛСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МАЛЕШЕВО

Прикажувањето на селото и селската архитектура во Малешево на овој Симпозиум


го чиниме со желба да го запознаеме собиров со архитектонското наследство на ова под-
рачје кое, колку што ни е познато, е малку испитувано. Ова наследство, меѓутоа, претставува
една алка во рамките на архитектонското творештво во Македонија, со што добива и свое
одредено значење.
Малешево1 го зафаќа најисточниот дел на Република Македонија. Во него се истакну-
ваат две релјефни целини, Беровска или Малешевска Котлина и Малешевските Планини. Тоа е
подрачје богато со природни убавини, со борови шуми, ливади, речни клисури. Подрачје кое
импресионира со својата питомост и гостопримство на населението.
Населеноста на Малешево, според остатоците од материјалната култура ja следиме
во еден непрекинат континуитет уште од илирско-грчкото време и покасно, преку римското
и византиското, низ средновековието се до денес.
На подрачјето на Малешево се наоѓаат 16 населби обединети денес во единствена
територијална општина Берово. Слична била состојбата и во минатото, за време на турска-
та управа, кога нахијата ги опфаќала истите населби со седиште во Пехчево. Тоа се селата:
Русиново, Владимирово, Двориште, Ратево, Митрашинци, Црник, Панчарево, Будинарци,
Смојмирово, Робово, Умлено, Чифлик, негрево и Мачево.
Тоа се релативно млади населби, некои од нив формирани во XVII век, а некои се и
помлади и се оформуваат во XIX век12. Сите се од збиен тип, освен селото Панчарево, кое
припаѓа на полузбиениот тип, со поразредено поставени куќи. Поделени се на маала. Маа-
лата најчесто го носат името на прводоселениот род - основач на маалото.
Во овие спонтано настанати агломерации доаѓа до израз човековата моќ во компо-
нирањето на просторот за живеење и работа, со најосновните потреби - од куќата, преку

1 За Малешево упатуваме на следната литература: Ј. ЦвијиК, Основе за географију и геоло-


Гију Македоније и Старе Србије, Београд 1906.
М. Павловиќ, Малешево и Малешевци, Београд 1929.
М. Гарашанин, Д. Гарашанин, Археолошке белешке рекогносцирања у Источној Македони-
ји, Зборник на Штипскиот народен музеј I, Штип 1959.
3. Делиниколова, Народни ткаеници од Малешево, Зборник на Штипскиот народен музеј
III, Штип 1964.
Ј. MapKOBHh, Физичка Географија ЈуГославије, Београд 1963.
Ј. MapKOBHh, Географске областш СФР Југославије, Београд 1967.
В. Недков, Малешево, Географски видик, Скопје 1971.
2 Некои од селата за времето на војните беа изгорени, на пример Русиново во 1912, 1913 и
1944 година.
170 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

селскостопанскиот двор, училишната мрежа, маалото и потребните проширувања, особено


она наречено „сред село“, кое претставува и центар на општествениот живот. Тука ќе ja ис-
такнеме и правилната инсолација, како и изборот на теренот - погоден за градба, а и за сто-
панисување. Така, населбите во Беровската котлина обично се лоцирани на допирот на кот-
лината со планинските падини, што му овозможувало на населението непречено користење
на двете економски површини - котлината и планината.
Природните услови во ова подрачје овозможија да се развие сточарството, кое се
смета за најстара стопанска гранка, потоа пчеларство, овоштарство и земјоделството, се разбира
се во услови на едно екстензивно стопанисување.
Самиот начин на стопанисувањето, секако, битно влијае врз организирањето на жи-
вотот и работата на селанецот, што се одржува и во формирањето на руралните англомера-
ции, селско-стопанските дворови и „колибите“, како посебни ансамбли, расфрлени по пла-
нинските предели, што претставува реткост како во поглед на стопанска организација, така
и во просторно и архитектонско решение.
Така, во селско-стопанскиот двор, покрај куќата за живеење „кашќа“, се наоѓаат и
други објекти како што се: „кошари“ за крупен добиток, „слон“ за овци, „плевни“, „амбар“, „пле-
тар“ за чување пчели, „фурна“, „казарница“, „кочина“, „кокошарник“, а порано се среќавале
и фурни за сушење сливи, кои денес претставуваат реткост. (Наидовме на една фурна во селото
Црник.)
Куќите за живеење, по функционалната организација, конструкција и архитектон-
скиот израз, претставуваат најзначајни објекти. Тие во својот развој ги поминале сите фа-
зи3, а преовладуваат оние поразвиените, кои својата архитектонска концепција ja дефинира-
ле кон крајот на XIX и во почетокот на XX век.
Куќите од XIX век помалку се зачувани. Ретко наоѓаме на стари приземни згради
„на едно душеме“ Од зачуваните постари куќи може да се заклучи дека во Малешево пре-
овладувале спратните куќи со отворени чардаци, со надворешни скали, кои се редат во ти-
пот на таканаречените „куќи чардаклии“, што го формирал малешевскиот тип на куќи, кои
ги среќаваме и на подрачјето на Малешевските Планини во Пиринска Македонија4. По
некоја куќа од овој тип се зачувани во селата Ратево, Русиново, Црник. Но, повеќето од ку-
ќите, како што наведовме, се градени кон крајот на минатиот и во почетокот на XX век. Кај
овие куќи, кои се на приземје и кат, обично се повлекува едно стандардно решение, се разбира
во општите концепции, кое се карактеризира со изразита симетрија, што го формира и спе-
цифичниот надворешен изглед на куќите од ова подрачје.
Во функционалната диспозиција, кај овие куќи доследно е спроведена идејата на
групирање на просториите и нивното обвивање во посебни целини - економски во приземје-
то и станбени на катот. Така, во централниот дел на приземјето се наоѓа затворен трем „ге-
зентија“, кој повеќе служи за комуникација и поврзување на просториите и во него се по-
местени и скалите што водат на катот. Потоа во приземјето се наоѓа кујната „кашча“ и еден
или два „килера“. На катот, пак, во централниот дел по целата длабочина, се развива чар-
дак „софа“, кој е исфрлен на предната страна, каде што се формира „кошк“, кој во долниот
дел се користи и како „амбарче“. Од лева и десна страна на „софата“ се наоѓа по една или
две „одаи“, а покрај нив може да има и по една мала просторија како остава за постелнина и
друго - „килер“.
Се среќаваат и поразвиени форми на симетрично решени основи, при што чардакот
се развива во формата на „T“ или пак формира крстовидно решение со четири простории
симетрично распоредени помеѓу краковите на чардакот. Тоа се куќи со поголеми димензии

3 Најстарите едноделни и дводелни куќи биле градени во „плет“ и покривани со слама. Кај
старите куќи со приземје и кат, приземјето служело за чување на добиток, но покасно добитокот бил
издвоен во посебни згради во дворот - „кошара“, „слон“. Ј. Павловиќ, op. cit.
4 Г. Кожухатов, Народна К1?1ца в долините на реките Струма и Места през втората
половина на XIX век, Известие на БАН, кн. XIX, Софил 1966.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


СЕЛА И СЕЛСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МАЛЕШЕВО 171

а можат да имаат и трикратни височини, а градени се во втората и третата деценија на XX


век\
Во поглед на конструкции во градбата на куќите, е употребувана таканаречената
„бондрук“ дрвена конструкција за катовите, со исполна од „плет“ или од плитар, додека те-
мелите и приземните партии се градени со камен. Завршуваат со испуштени стреи и покрив
покриен со ќерамиди. Конструкциите се изведени од природен материјал и по своите кон-
цепции тие се функционални и рационални.
Постарите куќи со чардаци се одликуваат со послободна концепција на основата
што се одразува и во надворешното обликување на објектите. Кај нив просторната пласти-
ка е поразвиена, постои игра од исфрлени и вовлечени партии, отворените чардаци делува-
ат лесно. Се е изведено во една рустикална обработка, што претставува и посебна привлеч-
ност, на пример најстарата зачувана куќа во с. Ратово, сопственост на Поповски Јован и
Илија.
Поновите куќи, како што наведовме, се решавани во една поупростена шема - во
симетрична композиција на основата, својата внатрешна содржина ja изразуваат и во надво-
решниот изглед. Главен акцент во надворешното обликување претставува „кошкот“, со
својот волумен а и како елемент кој ja нагласува симетријата. „Кошкот“ може да биде отво-
рен, но почесто е затворен со прозорци, со два или три од предната страна и по еден од боч-
ните страни. Завршува со истурање на стреата, во некои села со тимпанон (с. Владимирово,
с. Русиново).
Посебно значење во селата претставуваат и објектите од општествен карактер, ка-
ко што се, на пример, црквите, училиштата и други.
Црквите кои се градени, главно, во XIX век, се решени како трикорабни базилики
со галерии - женски цркви. Тоа се објекти со поголеми димензии и по својот архитектонски
израз се вклопуваат во општите тенденции што се присутни во градбата на овој вид објекти
во Македонија. Ќе го истакнеме Беровскиот манастир Св. Архангел Михаил (1818 г.),
црквата Св. Спас во с. Владимирово (1842 г.), Успение Богородичино во с. Робово (1847 г.),
Св. Дванаесет Апостоли во с. Ратево (1885-1888 г.), Св. Ѓорѓи во с. Будинарци (1889 г.) и други.
Овие цркви претставуваат и интересни мотиви со селските агломерации. Тие се ис-
такнуваат со својот волумен и пластика како доминантни објекти. Со внатрешната содржи-
на пак тие имаат и одредено ликовно значење. Иконостасите, всушност претставуваат мали
галерии со дела на домашни зографи.
Од просветните објекти ќе го истакнеме ќелијното училиште во Беровскиот манас-
тир и училиштето во с. Владимирово.
„Колибите“ во Малешево претставуваат специфични објекти по својата намена и
функција. Меѓутоа, според нивната големина, организираност, материјалот и начинот на
градење тие немаат ништо заедничко со објектите кои под истото име се јавуваат и во дру-
гите краишта на нашата земја.
Немајќи доволно обработливи површини околу своите постојани населби, жителите
во Малешево се ориентирале кон усвојување на нови површини на поголеми надморски ви-
сочини, во шумовитите предели на планинските страни над своите постојани населби и ги
добивале имињата на односната населба, на пример: Ратевски, Русински, Смојмирски Коли-
би.
Малешевските „колиби“, всушност, претставуваат привремени живеалишта на зем-
јоделците. Лоцирани се над обработливите површини, на присојни места, заштитени од вет-
рови и други непогоди и во близина на изворска вода. Покрај колибата, која скоро и не се
разликува од куќите во постојаните населби, се наоѓаат и други објекти за чување на доби-

5 На пример куќата на фамилијата Радевски во с. Робово, потоа на фамилијата Таковци во с.


Умлени, градена 1920 година. Мајсторите-градители на куќите и другите објекти се од Малешево,
најповеќе од Смојмирово, Умлени, Берово. Малешевските мајстори граделе и во Пијанец. Види Ј.
ПавловиБ, op. cit. стр. 124.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


172 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

ток и добиточна храна, потоа, пчеларник и други. Во стопански поглед „колибите“ имаат
двојна намена, имено, тие се користат за потребите на земјоделството и сточарството.
Но, со се почестото и побројното вработување на младите по разни стопански гран-
ки, како и најновата појава на иселување кон поголемите градски центри во земјата или
одење на привремена работа во странство, се забележани појави на напуштање на некои ко-
либи и нивното постепено опаѓање.
*

Малешево, со својата умерено-континентална клима, со природните убавини, со


културно-историското минато изразено низ објектите од материјалната култура, богатство-
то на фолклорот (носии, игри, песни), историски настани од подалечното и поблиското ми-
нато, секако, претставува база за развиток на туризмот. Имено, со урбанизирањето на под-
рачјето, со неговиот економски развој, како и развојот на туризмот, ќе можат да се сочува-
ат вредностите и на старата селска архитектура. Претензиите на Малешево во иднина да
прерасне во туристички крај за планински туризам треба да не насочи кон размислување за
користење на напуштените „колиби“, како планински куќи за индивидуално користење и
како детски летувалишта, или како викендички за самите сопственици.
Потоа, треба да се заштитат постарите селски куќи кои сега се веќе напуштени. Тие
како интересни објекти од селската архитектура треба да се реставрираат и конзервираат,
со тоа што некоја од нив може да се уреди како објект за потребата на културата: музеј,
спомен-куќа, дом за културни активности на село и др., а другите можат да се користат за
живеење на нивните сопственици.
Интерес претставуваат и куќите градени кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
Повеќето од нив се релативно добро зачувани и претставуваат вредна станбена површина,
која со помали интервенции може да се користи и во иднина за живеење, се разбира, на едно
повисоко современо ниво. Сметаме дека е потребно и овие куќи да бидат заштитени, за да
се оневозможат неконтролираните интервенции на сопствениците. Со ова куќите би го за-
чувале својот изглед и архитектонски квалитети.
Покрај одделните објекти, би требало да се заштитат и одредени амбиенти во од-
делни села, кои имаат амбиентална вредност и истовремено да се води сметка при градење-
то на новите објекти во неведените англомерации, за да не се наруши нивната историска и
амбиентална вредност.
И угостителството, преку развојот на туризмот во Малешево може да одигра позитивна
културна улога до колку за своите потреби пристапи кон адаптирање на некои од старите
куќи или групации, создавајќи истовремено и потребен современ конфор во нивното корис-
тење.
При урбанизацијата на подрачјето и одделните населби, треба да се обрне посебно
внимание и на заштитата на старата селска архитектура, за да се истакнат нејзините вред-
ности и да се вклопи во новото, во една единствена урбана и архитектонска целина.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


СТАРИ ЧЕШМИ ВО МАКЕДОНИЈА

Увод

Проблемот на водоснабдувањето на населените места бил од секогаш еден од нај-


битните елементи во животот на луѓето во селата и градовите. Во различни временски пе-
риоди овој проблем бил решаван со помал или поголем успех, но дури во релативно поново
време е решен на задоволителен начин, со спроведување на модерна водоводна мрежа и
други придружни инсталации. Така, на пример, Скопје добива прв современ водовод под
притисок (секако мал по својот капацитет) дури во првата деценија на нашиот век.
Снабдувањето со вода на населените места во Македонија може да се следи уште од
доцноантичкиот период, во кое време се развиваат градовите, како што се: Скупи, Херак-
леа и Стоби (како повеќе проучени локалитети). За ова нешто сведочат многубројните
објекти, кои ja исползувале водата за својата функција, како што се градските чешми, ним-
феуми, бунари, терми, акведукти итн.
Стоби, на пример, во својата најразвиена фаза има неколку јавни бањи-терми со си-
те функционални елементи со што проблемот со водата наполно бил решен. Потоа, посто-
јат градски чешми од кои едната, во градскиот центар (пред некоја година е реконструирана
врз база на пронајдени фрагменти), се уште се наоѓа на местото каде што и порано постое-
ла. За успешно совладување на проблемот на исполнување на водата покажуваат и раскош-
ните нимфеуми во палатите и бунари во приватните куќи за живеење. Слично нешто се сре-
ќава и во градовите Хераклеа и Скупи.
По разурнувачкиот земјотрес од 518 година Скупи веќе не постои како населено ме-
сто; новиот град е изграден на неколку километри источно од старото Скупи, на местото на
денешното Скопје, околу градското Кале, со назив Јустинијана Прима, во времето на вла-
деењето на византискиот цар Јустинијан I. Тоа бил развиен град, со различни општествени
згради и куќи за живеење, а исто така и со решени комунални објекти. Постоеле јавни ба-
њи, фонтани, градски чешми итн. Од тие објекти, коишто водата ja ползувале за својата
функција, останал само големиот акведукт за донесување вода од изворите под Скопска
ЦрнаГора.
Во турско време, пред големиот пожар од 1689 година, кога Скопје имало околу
60.000 жители, водоснабдувањето се одвивало преку голем број градски чешми (преку 120)
и бунари во дворовите на куќите за живеење. Во овој период Јустинијановиот водовод се
уште бил во употреба со полн капацитет. Меѓутоа, по големиот пожар, оваа инсталација е
занемарена и жителите на Скопје се снабдувале со вода од бунари и изворски чешми. Во
осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век овој водовод повторно се активира, но со значително
помал капацитет, а во 1915 година целосно престанал со работење.
Во најново време, во Скопје малку останало од овие објекти за водоснабдување
така што сега одвај може да се најде по некоја чешма или само фрагментарни остатоци,
како од онаа под џамијата на Султан Мурат, од која останал само дел од архиволтата.
174 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Исто така, во поголемите градови во Македонија: Битола, Прилеп, Куманово, Тето-


во и други градови, малку останало од старите градски чешми, а некои од нив делумно или
наполно се изменети од својата првобитна архитектоника. Некои од нив добиле и нова
инсталација во склопот на новата градска водоводна мрежа. Повеќето од нив се запустени,
не се користат како водоснабдителни објекти и се подложни на уривање и пропаѓање.
Постојат, меѓутоа, и градови во кои се зачувани старите градски чешми кои и денес
функционираат било во својата првобитна состојба (со вода донесена од извори) или со
адаптација на градската водоводна мрежа. Архитектонската концепција им е зачувана во
својата изворна форма и тие се вистински украси во старите градски амбиенти. За пример
да го споменеме гратчето Кратово, кое и денес делумно се снабдува со вода од тие стари
чешми. Некои од нив се приклучени на градскиот водовод. Убави примери на стари градски
чешми среќаваме во Титов Велес, Крушево, Дебар и во некои други градови, од кои еден
број се уште е во употреба.
Многу често се среќаваат и чешми во дворовите на приватните куќи за живеење.
Тоа не се само едноставни, утилитарни објекти, туку творби со определени архитектонски
обликовни вредности.
Нашите села се места кои го зачувале традиционалниот однос кон чешмите, така
што тие и денес се во секојдневна употреба, а нивната изградба постојано е актуелна. По се-
лата низ Македонија постојат многу стари чешми кои, најчесто, се лоцирани во гравитацио-
ното средиште на селото, за да бидат рамноправно достапни за сите жители од селото. Чес-
топати тие се приспособени како поила за добиток, што исто така е суштествена потреба за
животот на село.
Убаво зачувани и одржувани чешми среќаваме во манастирските комплекси. Тие,
по правило, имаат извонредно квалитетна вода (Св. Пантелејмон - Скопско, Св. Јован Би-
горски - Дебарско итн.).
Исто така интересен вид чешми, отсекогаш градени и традиционално присутни, се
чешмите покрај патиштата за снабдување со вода за пиење на патниците. Помеѓу нив по-
стојат мошне интересни примероци вредни за одбележување, кои би требало да се зачуваат
со нужна поправка и одржување.
Постои еден вид убави и интересни објекти на територијата на Македонија кои ра-
ботат со вода, а тоа се шадрваните. Градени најмногу во турскиот период, некои од нив и де-
нес се зачувани, било во својата првобитна форма или преработени. Најчесто ги наоѓаме
покрај јавните објекти од тоа време, како: во атриумите на анови, во дворовите на џамии и
сл. Тие, со своите питорескни форми, со свежина на водата, биле украсни објекти, објекти
за уживање, но понекогаш имале и строго функционална содржина, како оние во дворовите
на џамиите коишто служат, пред се, за религиозни цели - за „земање абдест“ пред влегува-
њето во џамијата за молитва. Убави примероци на шадрвани наоѓаме во Скопје (Иса-бег
џамија, Куршумли-ан и др.) и еден извонредно обликуван во Тетово, во дворот на Арабати-
баба теќе.
Преку соодветните институции, кои се занимаваат со проблематиката за одржување
на овие објекти, потребно е да се преземат соодветните мерки за да се зачуваат овие мали,
но мошне интересни градби во урбаните средини на нашите градови и села, бидејќи тие по-
крај своето историско значење, имаат и забележителни архитектонски вредности. Среќно
решение тие и понатаму да живеат е да се продолжи нивното функционирање со нова водо-
водна мрежа, што некаде е и направено. Тие, како мали и живописни објекти секогаш из-
вонредно можат да се вклопат и во современите архитектонски ансамбли и на тој начин да
се создадат облагородени современи простори.
Овој материјал, снимен на терен и обработен преку архитектонски цртежи и фото-
графии, има за цел да даде мал прилог кон решавањето на овој проблем, што се вклопува во
општите усилби за зачувување на богатото наследство во нашата средина.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЛА


СТАРИ ЧЕШМИ ВО МАКЕДОНИЈА 175

З а доводош на вода

Доводот на вода до чешмите и другите објекти, коишто ja ползуваат водата за своја-


та функција, се врши на различни начини. Технички наједноставниот, а воедно и најцели-
сходниот метод потекнува уште од класичните епохи, а се применува и подоцна во доцно-
античкиот период. Тоа е доводот на вода од изворите до консументите преку системот на
цевки, кои по својот пат ги ползуваат и акведуктите, објекти за премостување на поголеми
теренски денивелации. Водата низ цевките се движи по гравитационен пат, со обезбеден по-
требен пад на трасата на цевките до резервоарите за вода. Оттаму таа се дистрибуира до
објектите за зафаќање вода, односно до чешмите, бањите и други објекти.
Овој систем бил во примена и во Јустинијана Прима, во времето на Јустинијан I,
кога е и сограден големиот акведукт покрај Скопје, па се до поново време. На овој начин и
во турскиот период се снабдувани со вода јавните објекти во Скопје, како што се: амамите,
џамиите, ановите и сл., а исто така и многубројните чешми во градот.
Овој начин на водоснабдување, како што се гледа во примерот на Скопје, е ползу-
ван во еден долг период и својата функција успешно ja извршил.
Секако, со време тој пропаѓал, изворите под Скопска Црна Гора се занемарени, цев-
ките и акведуктот дотраеле и така, еден интересен и ефикасен систем за снабдување со во-
да исчезнал, за да отстапи место на новите, помодерни системи.
Постојат и други начини за донесување на вода до чешмите, кои се поедноставни.
Тие, главно, служат за снабдување со вода на помал број чешми, секако зависно од капаци-
тетот на изворите.
Главно постојат два начина кои се во примена и тие по својата „технологија“ мошне
се едноставни, што претставува на свој начин и квалитет во постапката на водоснабдување-
то. Според начинот на доводот на водата постојат два вида чешми, условно наречени пол-
ски и градски чешми.
Првите, полските чешми, се градат по селата, манастирските комплекси, покрај па-
тиштата, а и во градовите. Вторите пак, почесто се градат во градовите и се поврзани најче-
сто на еден довод.
Полската чешма е објект што директно се снабдува со вода од изворот и е един-
ствен корисник на таа вода. Чешмата е лоцирана така што да може најефикасно да се ис-
ползува од жителите на селото или е покрај патот, за потребите на патниците. Овој тип
чешма, како што е спомнато, се среќава и во манастирските комплекси. Полската чешма е
ѕидан објект којшто во својата внатрешност има мал резервоар во кој се собира водата до-
ведена од изворот, а од него, преку куса цевка, најчесто наречена чепур, истечува надвор и
се прифаќа во садовите, односно преку корито, покрај чешмата, истечува надвор. Доводот
на водата е преку цевките вкопани во земја, кои водата ja носат од самиот извор. Тој може
да се наоѓа во непосредна близина на чешмата или пак нешто оддалечен, но секогаш на по-
високо ниво во однос на чешмата. Ова е неопходно за да може водата по природен пат да
тече низ цевките. Изворот е минимално обработен и е покриен со земја за да не дојде до за-
гадување на водата. Водата, од изворот до чешмата, се движи по гравитационен пат.
Цевките најчесто се керамички, наречени ќунци. Понекогаш тие можат да бидат и
од дрво, таканаречени букичиња, но вакви цевки се подложни на брзо пропаѓање и перма-
нентно одржување. Старата чешма во селото Љубанци во Скопска Црна Гора била снабду-
вана со вода од изворот надвор од селото преку дрвени цевки кои во 1936 година, според ка-
жувањето на селаните, биле сменети со керамички, а потоа се поставени метални, што од
своја страна кажува за развојот на техничката постапка во системот, зависно од времето и
можностите.
И самата техничка страна во системот на конструирањето на чешмите зборува за
едно високо сознание на народниот градител, наречен најчесто чешмаџија. Ова особено се
однесува на изведбата на резервоарот крај чешмата. Водата доаѓа преку цевката и се слева

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИ.ТА


176 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

во резервоарот, кој инаку е мал по димензии. Водата во резервоарот секогаш има констант-
но ниво (константен однос: довод-одвод) кое е над одводната цевка - чепурот, и секогаш
обезбедува рамномерно истечување на водата. Од нивото на одводната цевка до дното на
резервоарот постои висинска разлика од десетина сантиметри, што овозможува таложење
на песокот, така што низ чепурот истечува секогаш чиста, бистра вода. Самиот пак резер-
воар е достапен преку еден отвор кој може да се затвора (поради хигиенската безбедност) и
одвреме-навреме овозможува чистење на песочниот талог. Со ова е обезбедено одржување-
то на чистотата на водата за пиење. При дадената состојба и техничкото ниво, ова секако
претставува максимум во одржувањето на квалитетот на водата.
Вториот тип на чешми се градските чешми. Со оглед на тоа дека се работи за погу-
сто населени места, системот на доводот на вода има свои специфики, во смисла на обезбе-
дување на поголем број консументи со вода. Чешмите од овој вид се поставени по градските
улици и по дворовите на приватните куќи. Јавните градски чешми рамномерно се распоре-
дени по градот, по маалата, а се лоцирани на маркантни места: на крстосниците на улиците,
на плоштадите, покрај поголемите објекти од јавен карактер (цркви, џамии и сл.) и честопа-
ти носат мошне интересни, сликовити називи.
Кај овие чешми е интересно доведувањето на водата од изворот, со оглед дека се
работи за погуста мрежа на чешми, за кои не може одделно да се донесува водата. Постап-
ката е во следното: од изворот, кој може да биде и надвор од населеното место, водата со
цевките се донесува прво до еден резервоар. Изворот се каптира провизорно или подетал-
но, додека резервоарот редовно е соѕидан од камен и има контролна шахта за повремено
чистење од песочниот талог. Во однос на чешмите, тој е поместен на повисоко место, за да
се обезбеди потребен притисок, неопходен за правилно функционирање на системот. Таа
висинска разлика не е помала од три метри. Од резервоарот, преку мрежата на цевки, вода-
та се дистрибуира до самите чешми. Во некои случаи, во горниот дел на резервоарот постои
еден метален прстен кој служи како преливник и на него се интерполирани отвори, еден вид
дозиметри (некаде наречени драмови) од кои поаѓаат цевките до одделните чешми.
Овој систем најчесто се применува кога се работи за приватни чешми. Отворите во
металниот прстен различно се калибрирани, зависно од тоа колку кој од консументите сака
да добие вода и според тоа и парично надоместува. На тој начин е обезбедена контролата на
потрошувачката на вода, што е и денес во пракса преку современи водомери. Доколку соп-
ственикот нема материјални можности водата да ja доведе од резервоарот до својата чеш-
ма, тогаш може да се приклучи на веќе постојниот довод на некој сопственик, кој му одделу-
ва едно количество вода преку сличен дозиметар како што е оној во централниот резервоар.
Од резервоарот водата доаѓа до градските чешми од каде се ползува од градското
население. Според капацитетот на изворот или изворите и определен број чешми (во таа
зона) се снабдуваат со вода. Секако дека изворите со помал капацитет опслужуваат една
или помал број чешми.
Има случаи кога водата директно се ползува од изворот, без довод, а тоа е среќно
решение, со оглед дека се избегнува доводот со цевки, а коешто со себе повлекува соодвет-
ни трошоци. Честопати тоа се провизориуми во однос на обработката, т.е. изворот се обез-
бедува со ѕид од кршен камен и се поставува цевка за одвод на водата или, пак, со прирачни
средства, на пример со дрвени елементи, изворот се приспособува за снабдување со вода.
Надвор од населените места: по патиштата, во планините и сл., се ползуваат при-
родни извори, во нивната елементарна состојба, поретко обработени, и тие секогаш имаат
питка и студена вода, која служи и за луѓето и за добитокот.

Л оц и рањ е на чешми

Според местото каде се градат, чешмите можат да се систематизираат во повеќе


групи. Секако дека ова не е некој строго определен систем, но сепак се издиференцирани
неколку такви групации. Најмаркантна е, секако, градската чешма, како по бројот на објек-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА


СТАРИ ЧЕШМИ ВО МАКЕДОНИЈА 177

тите, така и по архитектонската содржина. Тие најчесто се убаво обработени, изградени од


цврст материјал и имаат свои определени архитектонски вредности во склопот на околниот
амбиент. Осмислено се лоцирани во населбата на тој начин што секоја од нив водоснабдува
определен реон во градот, така што не е многу оддалечена од консументите.
Местоположбата им е експонирана и пристапна: на плоштадите и уличните проши-
рувања во градот, на крстосниците на градските улици, покрај некои помаркантни објекти
во градот (цркви, џамии, училишта) итн. Старите градски организми редовно територијално
се поделени на определени реони - маала, коишто поседуваат свои специфичности и секој
од нив, покрај другите објекти од општествен карактер, имаат и чешми, т.н. маалски чешми.
Честопати се среќава изразот: „...кај чешмата во Долно маало“; или пак „...водата е од Ша-
рената чешма од Табачко маало“ и сл., што на убав начин кажува дека овој вид објекти де-
финира и определено место во градот, за нив е тесно врзан секојдневниот живот на жители-
те во еден град.
За пример да ги наведеме маалата во Кратово, со типични, мошне сликовити нази-
ви: „Средно маало“, „Скопско маало“, „Чаир“, „Аргилица“, „Табачко маало“, „Царина“,
„Долно маало“, „Брци“. Во секое од нив постојат по неколку чешми кои ги носат називите
на маалата или некој индивидуален назив. Слична структура среќаваме и во многу други
градови на Македонија. Во секој случај, маалата ги диференцираат чешмите, нивната ме-
стоположба, бројот и називите. Многу често постојат и групации на одделни објекти кои на
некој начин создаваат функционални целини во рамките на едно маало. Така, на пример, се
групираат чешма, фурна, дуќан и некој друг објект, кои формираат некој вид маалско јадро.
Покрај овие објекти се одвива секојдневниот живот на маалото. Тука се наоѓаат пријатели
и познати на разговор и договор; покрај чешмата се среќаваат комшиите, младите, со еден
збор, тоа е место каде се живее надвор од оној, домашниот живот.
На тој начин, чешмата станува, покрај својата утилитарна функција, и некој вид
ориентационен објект, белег на еден дел од градот. Чешмата може да биде поставена сло-
бодно во просторот, пристапна од сите страни, или пак потпрени на некој објект, достапна
само од предната страна, а честопати таа е вклопена - вградена во некој објект или ограда,
доколку местото не дозволува слободно лоцирање. Градските чешми имаат обично по една
или две цевки низ кои водата истечува. Со спроведување на водоводна мрежа под притисок
овие чешми најчесто се адаптираат со нова инсталација, но својата архитектонска вредност
и функција и натаму ja задржуваат во новите услови, што е еден од позитивните моменти во
однесувањето спрема овие објекти.
Следната групација на чешми се селските чешми. Со оглед на помалиот број жите-
ли во однос на градот, по селата среќаваме помал број чешми, така што понекогаш нивниот
капацитет не задоволува. Селските чешми се од животно значење за селското население и
нивниот однос спрема овој вид објекти има специфичен карактер. Чешмата, обично, е лоци-
рана во гравитационото подрачје на селото, на некој слободен простор и таа понекогаш има
повеќекратна функција. Така, покрај основната намена (за водоснабдување на луѓето), таа
служи и како поило за добиток, место каде што се перат здолништа и алишта и сл. Убав
пример на една таква чешма, со повеќе функции, е онаа во селото Побожје, Скопска Црна
Гора. На едно плато покрај чешмата се поставени камени плочи во круг, издигнати на по-
стаменти, каде жените перат. Доколку чешмите служат и како поило за добиток, а тоа е
најчест случај, тогаш се прават и со двојно опслужување: од една страна ja користат луѓето,
а од другата е поило, со корито за добитокот.
Чест е случајот водата од цевките да истечува во коритата странично поместени, за
да се оддалечи добитокот од чешмата.
Има многу селски чешми кои имаат голем прилив на вода, така што понекогаш
имаат и по неколку чепури, како што е таа во селото Побожје во Скопска Црна Гора.
Истата има дури пет одводни цевки, зад кои се формира цела рекичка.
Чешмата покрај патиштата исто така претставува забележителен објект од вонред-
на полза за патниците. Тие чешми секогаш се место каде што патниците застануваат, за да

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЛА


178 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

се одморат и освежат. Според начинот на доведувањето на водата тоа се полски чешми и


најчесто се убаво обработени, во архитектонсќа смисла.
Речиси нема позначаен пат во Македонија помеѓу две населени места, а покрај сво-
јата траса да нема по некоја чешма. Поради илустративноста ќе наведеме неколку примери:
на патот Неготино-Кавадарци кај селото Марена; на патот Титов Велес-Штип кај селото
Кадрифаково; на патот Куманово-Крува Паланка кај Страцин; на патот Титов Велес- При-
леп кај Плетвар итн. Такви чешми среќаваме и покрај патиштата што ги поврзуваат селата,
а служат и како поила за добитокот од околните пасишта и ниви. Градењето на чешми
покрај патиштата претставува една убава традиција, која би требало секогаш да се негува, a
постојните објекти од овој вид да се одржуваат.
Манастирските комплекси, како самостојни живеалишни ансамбли, во својот состав
секогаш имаат чешма или бунар. Тоа се таканаречените манастирски чешми. Покрај црква-
та, манастирските конаци и другите објекти, во средината на комплексот е поместена мана-
стирската чешма. Најчесто тоа е чешма со извонредно квалитетна вода, студена и питка,
што се должи и на поголемата надморска височина на која се ситуирани манастирските
ансамбли. Тоа се чешми со голем капацитет на вода која истечува од повеќе цевки. Секо-
гаш убаво архитектонски се обработени и привлечно дејствуваат. Често носат религиозни
симболи: крст, пригодни натписи и сл.
Уште еден вид чешми се среќаваат по нашите градови. Тоа се чешми кои се наоѓаат
по дворовите на приватните куќи. И тие чешми имаат извонредни архитектонски квалитети
и се вистински украси во интимните дворови на градската македонска куќа. Иако овие
чешми поретко се среќаваат во денешно време, сепак тие и сега постојат, било да се
активни или не. Прекрасни примероци на овие објекти по нашите градови можат да се срет-
нат и денес. Овие чешми обично се мали по своите димензии, но извонредно се обликувани
и украсени со пластична декорација. И тие понекогаш се приспособени за нова водоводна
инсталација.

М аш еријал и консш рукција

Материјалот за изградба на чешми е разновиден, зависно од месните можности, сте-


пенот на обработка и секако од материјалните можности. Најчесто применуван материјал е
каменот. Како постојан материјал, чешмите изградени од камен се и најдолго зачувани и
тоа се редовно и најстари објекти од овој вид. И денес, по десетици години, тие солидно се
зачувани објекти и импонираат со својот квалитет и обработка.
Каменот понекаде е рустично обработен, но почесто тоа се правилно изделкани
квадари, со фино обработени спојници. Се среќаваат и чешми изградени со камени блокови
со мошне големи димензии, кои во општиот склоп на ѕидот оставаат импозантен изглед ка-
ко познатите „киклопски“ ѕидови од постарите епохи. На овој начин е изградена веќе спом-
натата чешма во селото Побожје во Скопска Црна Гора.
Имаме и комбинации во градба со камен и тула, на тој начин што основната ѕидари-
ја е во камен, а резервоарот за воад е заѕидан со тула. Самиот резервоар може да биде изве-
ден на тој начин што во просторот за резервоарот, во неговиот долен дел, се поставува
вдлабен камен во вид на лонец од кој потоа водата истечува низ одводната цевка. Тоа е во-
едно и таложник, кој одвреме-навреме се чисти од наталожениот песок. Таков случај има-
ме, на пример, кај старата чешма во Дебар.
Водата која истечува низ цевката редовно се прифаќа во коритото од камен. Кори-
тата се различни по своите димензии, но скоро секогаш се изработени од еден камен моно-
лит. Тие се најчесто дотраени и според нивната состојба може да се констатира со сигур-
ност нивната старост. Во поново време многу од старите корита се сменети со бетонски, со
што е нарушена општата содржина на овие објекти.
За да се облагороди изгледот на чешмата делумно се употребува и мермерот, како
што е примерот кај големата градска чешма во Битола. На некои подобро обработени чеш-

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЛА


СТАРИ ЧЕШМИ ВО МАКЕДОНИ.ТА 179

ми постојат и метални апликации, особено околу одводните цевки, што им дава особено де-
коративен изглед (Големата чешма во Битола). Одводните цевки, чепурите, редовно се од
метал, едноставни или стилизирани во вид на животински челусти. Еден убав пример на таа
стилизација наоѓаме кај чешмата во манастирот Св. Пантелејмон, Скопско.
Доводот на водата од изворот до чешмата најчесто е со керамички цевки со фалцо-
ви, но имаме и метални цевки, кои се од поново време. Како што е порано спомнато, во упо-
треба биле и дрвени цевки, но тие ретко се зачувани со оглед на нивната непостојаност и се
заменети со керамички.
Во Струмица постоеле и повеќе артерски бунари, од кои денес е зачуван само еден
на периферијата на градот и се уште е во употреба. Однадвор тој не се разликува од други-
те чешми и единствено според профилот на цевката за одвод се гледа дека се работи за ар-
терски бунар. Водата се доведува на површина низ вертикално инсталирана цевка, долга по-
некогаш повеќе метри. Инаку, ѕидаријата на самиот објект е како и кај обичните чешми.
Чешмите однадвор понекогаш се малтерисувани и боени, но ваквата постапка збо-
рува дека се работи за промашена постапка од поново време.
Во однос на конструкцијата кај овие објекти немало многу проблеми за решавање.
Тоа се хоризонтално ѕидани кубуси, а само понекаде, над резервоарот, имаме изграден свод,
полуцилиндричен или сегментен.
Доколку во надворешните партии постојат некакви ниши и слично, тие се архитрав-
но завршени или со полукружен и прекршен лак. Полукружна или прекршена форма наоѓа-
ме и кај архиволтите, кои ги опфаќаат срдишните партии на чешмите.
Се среќаваат и чешми кај кои главниот корпус е изработен од еден единствен ка-
мен. Еден таков убав пример имаме на веќе споменатата чешма во дворот на една куќа во
Титов Велес. На надворешната страна на чешмата постои мошне убава пластична декора-
ција со натпис на сопственикот.
Градителите на чешми се домашни мајстори, најчесто наречени „чешмаџии“, специ-
јализирани за овој вид на градба, како за архитектонскиот дел, така и за доведување на во-
дата од изворот до чешмата. За квалитетот на нивната работа и високите вредности во ар-
хитектонската обработка кажуваат многубројните чешми во нашите села и градови, од кои
некои се стари повеќе од сто години, а и денес се во употреба.
Своите квалитети народниот градител, кој максимално ги пројавил во градбата на
куќите, со иста ангажираност ги внел и во обликувањето на чешмите, каде исто така п о
стигнал извонредни резултати.

Архишекшонска обрабошка

Широк е дијапазонот во однос на архитектонското обликување кај чешмите. Од нај-


едноставни форми, со утилитарен карактер па до раскошни барокизирани форми, народ-
ниот градител покажал голема инвенција во своето творештво. Речиси и да не можат да се
најдат две исти чешми, а на територијата на Македонија ги има на стотици.
Постојат редица чешми наједноставно обработени, во вид на едноставни кубуси, кај
кои само функцијата доаѓа до израз, а ги има и сосема провизорно обработени, колку да се
овозможи минимум хигиена и достапност за зафаќање на вода. Кај овие чешми и не може
да се зборува за некоја архитектура, така што тие остануваат само како евидентирани
објекти од оваа категорија.
По градовите можат да се сретнат чешми кои не се оформени како архитектонски
објекти, туку водата, преку цевката, истечува од некој друг објект, ѕидана ограда и сл. Еден
таков пример е чешмата Коџалица во Штип, инаку една од постарите чешми во градот. Ja
карактеризира голем проток на вода.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА


180 НАРОДНА АРХИТЕКТУРА

Во селата се среќаваат чешми кои исто така немаат изразена архитектура; повеќе
потсетуваат на потпирни ѕидови, оживеани со по некоја ниша, но и тие можат да изгледаат
мошне импресивно, како големата чешма во село Побожје во Скопска Црна Гора.
Многубројни се чешмите со едноставни форми, главно како правоаголни кубуси,
поставени по хоризонтала или вертикала, со по некој детаљ кој го оживува изгледот на
чешмата. Тоа се една до две ниши над цевката за одвод кои имаат и практична употреба: за
ставање садови за пиење вода и сл. Потоа, во горната партија може да се појави и издаден
завршеток во вид на венец или пак по рабовите на чешмата да постои плиток профил, кој
може, во горниот дел на чешмата, да заврши архитравно или во вид на полукружна или сег-
ментна архиволта. Архиволтата може да има и прекршена форма, како што е кај чешмата
во Дебар, наречена „Шавец“, позната и како „Глабока чешма“.
Оваа форма често се оживува на тој начин што некои делови на чешмата се изди-
гаат по вертикала, потенцирајќи го средишниот дел на чешмата, додека бочните партии
остануваат пониски. Општиот изглед на чешмата на тој начин се оживува, а формата ста-
нува подинамична. Овие надвишувања се во вид на трапез, триаголник или во некоја криво-
линиска форма. И тие обично се обрабени со еден венец, со едноставна или поразвиена про-
филација. Може да постојат и елементи од пластична декорација или други украсни елемен-
ти.
Ова нагласување на средишниот дел понекогаш е силно потенцирано, како на при-
мер на чешмата кај селото Кадрифаково, Штипско, каде бочните партии на чешмата силно
се издолжени и закосени, експонирајќи го средишниот дел од кој истечува водата. Овие
бочни делови имаат и своја практична намена, бидејќи покрај нив се потпрени корита како
поила за добиток.
Кај архитектонски поразвиените чешми особено внимание се обрнува на обработ-
ката на горната, завршна партија. Таа може да завршува со тимпани, полукружни, триагол-
ни или со сосема слободна форма. Површината на тимпанот е рамна или со ниша, а често-
пати исполнета со релјефна декорација. Исто така и контурата на чешмата е завршена со
профилиран венец.
Постојат многу чешми по населени места и надвор од нив кои имаат извонредна
архитектура, како просторна така и онаа од второстепен карактер. Со тоа се прават мали
ремек-дела од областа на оваа градба. Тие можат да имаат различни големини, но секогаш
убаво се обликувани и технички обработени. Така, на пример, малата чешма „Баљеза“ во
Тетово, една од најстарите чешми досега спомнати, има едноставни, складни пропорции и
еден убаво изведен натпис со пригодна содржина, кој самиот по себе е декоративен. Сето
ова, дополнето и со металните цевки за одвод, на чешмата и даваат еден питорескен изглед.
Сличен пример имаме кај чешмата во дворот на една приватна куќа во Титов Велес,
изработена од еден монолит и многу складно декорирана релјефна пластика.
Една од најимпозантните чешми во Македонија, секако, е старата чешма во Тетово
покрај Шарената џамија. Таа денес не е во употреба и постои опасност бргу да пропадне,
бидејќи некои свои делови веќе ги нема. Таа е нешто поголем објект од својот вид, но мону-
ментален по своите пропорции, со строги но убави пластични детали, кои на чешмата и да-
ваат достоинствен изглед. Чешмата стои слободно во просторот и складно се дополнува со
ансамблот џамија-турбе-мост.
Истите квалитети ги наоѓаме и кај старата чешма, голема по своите димензии, во
дворот на Арабати-баба теќе.
На еден друг начин, но со исто толку суптилни елементи, е обработена големата
чешма во Битола, која во својата содржина има нешто што е во склад со старата градска
архитектура во овој град. Чудесно се убави деталите од метал на оваа чешма.
Барокизирани елементи постојат и кај убавата чешма во Крушево, чии елементи во
горната партија, со својата игра во судирите на прави, закосени и криви линии, од оваа чеш-
ма прават вистински украс на плоштадот пред црквата.

ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИ.ТА


СТАРИ ЧЕШМИ ВО МАКЕДОНИЈА 181

Специфични китчести декоративни детали се појавуваат кај чешмата во Струмица,


така што целата структура на оваа чешма има изглед на некој барелјеф.
Во Дебар сретнуваме стари чешми кои немаат обработка во детали, но оставаат
еден впечаток на достоинственост и цврста архитектонска концепција. Такви се чешмата
„Шавец“ и чешмата „Демче“
Што се однесува на декорацијата на чешмите, таа е мошне разновидна и по мотиви-
те и по применетиот материјал, а исто така и според степенот на обработката. Најчест де-
коративен елемент е венецот кој ja завршува горната партија на чешмата или се јавува и
околу некои други елементи на чешмата, како што се ниши, релјефни партии итн. Венецот
може да биде едноставен, со упростена профилација или побогато решен со неколку делови
од торус, трохилус и разделени правоаголни профили. Завршниот венец редовно ja следи
горната контура на чешмата. Кај чешмата „Ашај-теќе“ во Штип во завршниот венец имаме
геометриски мотив од исламско потекло, кој често се среќава и во декоративната обработ-
ка на други објекти од јавен карактер.
Тимпаните или слободните површини под венецот имаат плитки или подлабоки ни-
ши или пак декорација во релјефна пластика, најчесто со стилизирани мотиви од растител-
но потекло. Овој простор честопати е ангажиран за натписи, во кои се одбележуваат годи-
ната на градењето, името на оној што ja градел чешмата или подолги текстови со пригодна
содржина.
Средната површина на чешмата ретко останува необработена. Таа е врамена со
профилирана лента, а внатре, околу цевката за одвод, се јавуваат пластични розети, поне-
когаш изработени во метал (чешмата во Битола). Оваа површина може да биде целосно
обработена, како кај чешмата во Титов Велес, која се наоѓа во дворот на една приватна
куќа, кај која мотивите од растително потекло се дополнети со година на градењето и име-
то на сопственикот. Целата плоча со овие мотиви е изработена од керамика (сопственикот
по занимање бил грнчар).
Горните партии на чешмите понекогаш се прифатени со две колонетки или пилас-
три од страна, ограничувајќи го средниот дел на чешмата, кој најчесто одделно се обработува.
Мотивите можат да имаат и симболичен карактер, како кај манастирските чешми,
каде се појавува крстот или полумесечината со ѕвезда кај чешмите градени во турскиот пе-
риод.
Често се применуваат едноставни мотиви со геометриски карактер и апстрактна со-
држина, а многу ретко се среќаваат претстави на човечки ликови или животни. И доколку
некаде постојат како декорација, тие се со упростени, шематизирани форми.
Коритата низ кои истечува водата најчсто се едноставни, но некаде тие имаат и про-
филација околу горниот раб, или пак се изведени во вид на стилизирана чашка од цвет.
Одводните цевки - чепурите, редовно се изработени од метал, едноставни или се
потпрени со профилирани конзолички, а среќаваме и стилизирани цевки во вид на животин-
ски челусти. Цевките во својата основа понекогаш се дополнети со метални апликации во
различна пластична обработка.
Чешмите можат да бидат слободно поставени во просторот или пак делумно анга-
жирани во некои други објекти. Во првиот случај сите четири страни се рамноправно архи-
тектонски третирани, или задната е поедноставна. Кај вториот случај чешмата има три фа-
сади, а доколку целосно е вградена во друг објект, останува обработена само видливата
страна на чешмата.

АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА МАКЕДОНИЈА

You might also like