You are on page 1of 1

Изборот на долната облека навистина многу открива за вас

Стилот кој го преферирате и изборот на долна облека во голема мера го одразува вашиот
карактер.
Склоноста кон тоа да носите удобна, секси или некоја друга долна облека, ги открива
вашите афинитети, како и тоа колку уживате во сексот. Иако повеќето жени поседуваат
долна облека за сите прилики, од оној резервираниот за спиење, за „оние“ денови,
пријатни прошетки и акција во спалната соба, во оваа прилика ќе се осврнеме на тоа во
која облека вие најдобро се чувствувате.
Црна чипкаста долна облека
Вие сте личност која знае што сака и како тоа да го добие. Го опишува вашиот силен
карактер и истечен стил. Не се менувате поради никого и не сте слеп поборник на
трендовите. Доминантни сте во врската и на партнерот му ставате до знаење што може да
очекува од вас. Уживате во својата долна облека, и ја бирате со голема љубов и внимание.
Бела едноставна долна облека
Вие сте всушност романтична душа. Некој кој ги негува нежните чувства и тежнее кон
складен однос во врската/ верувате во себе, но не го наметнувате својот став на другите.
Толерантни сте и знаете на кој начин да им пристапите на другите. Вашата грижлива
природа се прикажува во сите аспекти од вашето делување.
Црвена секси долна облека
Бојата на страста, копнежот и водењето љубов. Сакате да сте во центарот на вниманието
кад и да се појавите. Ви се допаѓаат аплаузите и пофалбите. Своите најдобри страни ги
искажувате и користите до максимум. Обожавате да ги заведувате сите околу себе и
уживате во машките воздишки.
Нежни розови тонови на долна облека
Вас ве одликува љубовта кон животот и неговите убавини. Вие сте личност со
авантуристички дух и спремни сте секогаш да одите чекор понатаму. Неуморни сте и
посакувате да искусите сè што ви нуди животот. Популарни сте во друштвото, токму
поради вашата недопирлива страна.

You might also like