You are on page 1of 2

5 ситуации во кои никако не би смееле да носите шминка

Дерматолозите ни открија дека носењето шминка во некои ситуации може да биде


опасно.
Ако сте една од оние жени кои ставаат коректор и маскара кога одите во теретана – тогаш
ова е совршена статија за вас. Важно е да знаете дека носењето шминка може да биде
штетно за вашата кожа, па прочитајте во кои ситуации никако не смеете да носите шминка
доколку сакате да го ја задржите здравата кожа на лицето.
После micro-needling третман
Како што и самото име сугерира, ова е неинтензивна постапка при која се користат ситни
игли за пробивање на кожата како би се поттикнало производството на колаген.
Резултатот е глатка, тонирана кожа со малку видливи белези и брчки.
После оваа постапка се појавуваат отворени рани на кожата, на кои им се потребни
неколку часа да се затворат. Дерматолозите ги советуваат пациентите да не нанесуваат
шминка најмалку пола ден или шест до осум часа затоа што мораат да допуштат кожата
да се врати во нормала, но и да се избегнат било какви инфекции.
Во теретана
Балзам за усни, гел за веѓи или коректор смеете да ставате кога одите во теретана, но
пудра никако. Доколку носите пудра додека се потите, ќе создадете кал на лицето кое ќе
резултира со затнати пори.
После пливање
Носењето шминка додека пливате не е најлошата работа која можете да си ја направите
на вашата кожа. Шминката и тоа како може да ве заштите од хлорот во базенот и
другите средства за чистење. Она што се случува со вашето лице кога ќе излезете од
водата, може да ви предизвика проблеми. Шминката помешана со хлор, нечистотија и
бактерии кои стојат на вашето лице може да доведат до воспаление. Поради тоа,
марамчињата и средството за чистење на шминката секогаш имајте ги при рака.
Кога ќе ти се воспали лицето
Се разбудивте, се погледнавте во лице и видовте дека лицето ви е воспалено? Да, сите
ние тоа сме го поминале и сме се обиделе да го замаскираме со шминка. Но, тоа не е
паметно. Дерматолозите велат дека во тие ситуации мораме да го пуштиме лицето да
дише, да го чистиме со вода и да го хидратизираме, но никако не смееме да носиме
шминка која уште повеќе ќе го зголеми воспалението.
По ласерско отстранување на влакненцата
Доколку сте ги отстраниле влакненцата од лицето со ласер, би требало да ѝ дозволите на
кожата еден до два дена да диши слободно, пред да ѝ нанесете шминка. Кожата тогаш
е чувствителна, а со прекривањето со било каков производ може да ги затвори вашите
пори.

You might also like