Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Тема: Веб дневници

Наставна содржина: Поим за веб дневници - блогови и негова примена. Креирање и


уредување на блог

Прочитајте ја лекцијата Веб дневници од стр 1 до стр 9 во учебникот.


Напишете краток план во тетратките за блог и негова примена. Истражете на
Интернет различни блогови од тема мода, спорт, музика, храна, патување. Запишете
ги нивните адреси и имиња во тетратката.
Може да се обидете да креирате свој блог со тема, содржина по ваш избор.

Блог (англиски: blog, претставува кованица од зборовите web и log) претставува


мрежно место на кое се објавуваат датумски определени објави со редовен ритам и
се прикажани во обратен хронолошки редослед (најновиот најгоре).

Работењето со блог се нарекува блогирање или разговорно, „блогерај“. Блоговите


обично се дело на еден поединец, а повремено и на една мала група и често се
тематските определени на еден предмет.

Многу блогови овозможуваат коментирање на одредена тема, а други


функционираат повеќе како лични онлајн дневници, а некои други функционираат
повеќе како онлајн бренд реклами на одреден поединец или компанија. Типичен
блог комбинира текст, слики и линкови до други блогови, други веб страница и
други медиуми во врска со темата која е претставена.

Способноста на читателите за оставање на коментари во интерактивен формат е


важен дел на многу блогови. Повеќето блогови се главно текстуални, иако некои се
фокусираат на уметноста (уметнички блог), фотографии (фотоблог), видео (видео
блогирање или vlogging), музика (MP3 блог) , и аудио (podcasting).

Иако не е задолжително, повеќето добри и квалитетни блогови се интерактивни


дозволувајќи им на посетителите да остават коментари, па дури и пораки едни на
други, а со тоа ја добиваат интерактивноста што ги разликува од други статички
мрежни места. Во таа смисла, на блогирањето може да се гледа како форма на
социјално вмрежување. Всушност, блогерите не само што произведуваат содржина
која ја објавуваат на нивните блогови, туку исто така имаат изградени социјални
односи со своите читатели и други блогери.

Појавата и растот на блогови во доцните 1990-ти се совпадна со доаѓањето на


семрежни алатки за издавање кои го олеснија објавувањето на содржини од страна
на нетехнички корисници. (Претходно било потребно познавање на технологии како
HTML и FTP за да се напишат содржини на веб.)
Кодексот на однесување на блогери е предлог на Тим О’Рајли и е предложен поради
закани упатени до блогерот Кети Сиера. Идејата за кодексот за првпат била најавена
од страна на BBC News, кој го цитирал О’Рајли велејќи: “Јас мислам дека нам ни
треба некаков код на однесување за тоа што е прифатливо однесување, се надевам
дека нема да дојде преку било кој вид на пропис туку дека ќе дојде преку
само-регулатива.”

O’Reilly и други имаа листа од седум идеи:

1. Преземете ја одговорноста не само за своите зборови, туку и за


коментарите кои се овозможени на вашиот блог.
2. Етикетирајте го вашето ниво на толеранција за навредливи коментари.
3. Размислете за елиминирање на анонимни коментари.
4. Игнорирајте тролови
5. Разговарајте офлајн и разговарајте директно или најдете посредник кој
може да го стори тоа.
6. Ако знаете некој што се однесува лошо, кажете им го тоа.
7. Немој ништо да кажувате онлајн ако не би рекле во лице.

Постапка за креирање на веб дневник

Блоговите на Интеренет се многу популарни. Една од причините е едноставниот


начин за нивно креирање и одржување.
Креирањето на блогот обично се состои од неколку чекори. Најчесто она што треба
да се направи за да се креира блог е да се пополни онлајн формулар со неколку
едноставни прашања за:
• e-mail адреса,
• лозинка,
• име на блогот,
• тема на блогот и сл.
По ова веќе може да се напише првиот текст, да се публикува и веднаш новиот блог
и содржините во него ќе „заживеат“ на Интернет.
На Интеренет има голем број на блог хостови – компјутери сервери кои преку свои
веб сајтови нудат помош за креирање на блогот и негово сместување за достапност
на Интернет.
Популарни веб сајтови кои овозможуваат бесплатно креирање и поставување на
блогови се:

1. WordPress.org – best blogging platform


2. WordPress.com – best free blogging platform
3. Blogger – best platform by Google
4. Wix – best for beginners
5. Squarespace – premium all-in-one blogging site
6. Weebly – best drag and drop platform
7. Medium – best platform for simple interface
8. Typepad – best for businesses and journalists
9. Tumblr – best microblogging platform
10. Postach.Io – easiest platform for mobile posting
11. Ghost – best WordPress alternative
12. Movable Type – best for small and medium-sized businesses
13. Svbtle – best minimalist designs and functions
Како и следниве:

www.blog.com,
www.blogger.com,
www.blog.com.mk

Публикување на веб дневник

Публикувањето се прави по креирањето и хостирањето на веб дневникот. Тоа значи


останатите да дознаат за него, да ја знаат неговата адреса и да го читаат и оставаат
коментари.
Најчесто самиот сопственик на блогот треба да им каже за блогот на своите
пријатели и колеги. При праќање на е-mail на крајот од пораката може да се постави
линк до блогот. Може да се направи договор со останати блогери за заемно ставање
линкови кон блоговите итн.

You might also like