АНТЕ ПОПОВСКИ 1

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

АНТЕ ПОПОВСКИ

Анте Поповски, роден е во селото Лазарополе –Скопје на 3 јуни 1931г,а умрел на


1 Октомври 2003г.
Познат е како поет, есеист , препејувач и публицист. Припаѓа на втората
генерација македонски поети .
За поезијата на Анте Поповски ,Ѓорѓи Старделов напишал:
,, Чудото на Антевата поезија е во тоа што таа кратковечност на заемното ,
во неа е преобразена во вечност , во вечни базични поетски градби на
вистината за трагичниот опстој на човекот во неговиот неизвесен земен
живот”
Животната дејност на Анте Поповски
Основното образование го завршил во родното село, гимназијата во Битола, а
Медицински факултет во Скопје и како лекар работел во Дебар. Но, него повеќе го
влечел пишаниот збор и вклучувањето во општествените текови.
-Бил член на Извршниот совет на Македонија,
-директор на весникот „Нова Македонија“ и „Вардар филм“ во Скопје,
-потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство,
- член на ДПМ (Друштво на писателите на Македонија) од 1956 година, а негов
претседател во два мандата
- претседател на Советот на СВП (Струшки вечери на поезијата) (1966/67 и
1978/79).
- член на МАНУ (Македонска академија на науките и уметностите)
За редовен член на МАНУ е избран на 10. V 2000 г. и член на Светската академија
на поезијата (2002).

Поповски е добитник на наградите:

 „Браќа Миладиновци“ за 1964 година за стихозбирката „Непокор“,


 „Браќа Миладиновци“ за 1995 година за стихозбирката „Провиденија“,
 „11 Октомври“ за 2002 година,
 „Кочо Рацин“,
 „Гоцева повелба“
 Меѓународната награда за најдобра песна „Premio Europa“.
ТВОРЕШТВО

Анте Поповски препеал од разни јазици видни поети од Балканот и од Европа,


меѓу нив и библиската „Песна над песните“. Застапен е во сите антологии на
македонската поезија, како и во Антологијата на светската поезија. Неговата
поезија е преведена на повеќе јазици во светот. Анте Поповски е еден од
најзначајните македонски поетски творци. Поет на епот и епопеите, на болните
македонски и старословенски тажачки и елегии, поет на македонските тајнописи и
родописи. на митскиот поетски говор вкоренет во источната, византиска и
христијанска македонска поетска традиција. Македонија и нејзината трагична
историска судбина е во средиштето на неговата поезија. Неа тој ја воздигнал во
мит.
За него, Македонија географски малата земја е културно и историски огромна,
библиска земја. Тој преку своите дела нè учи како да ја сакаме, како да ја
чувствуваме, и како да се гордееме со неа. 
Анте сметал дека македонскиот јазик, подигнат на степен на поезија ги исправа
сите историски неправди кон Македонија.
Тој пред се е поет на регионалното, пред универзалното, поет на својот народ, на
Македонија.
Делата на Анте Поповски
- Автор е на книгите: „Одблесоци“ (поезија, 1955), „Вардар“ (поезија, 1958),
„Самуил“ (поезија, 1963), „Непокор“ (поезија, 1964), „Камена“ (поезија, 1972),
„Тајнопис“ (поезија, 1975), „Љубопис“ (поезија, 1980), „Родопис“ (поезија,
1981), „Сина песна“ (поезија, 1984), „Глас од дамнина“ (публикација од
литературно-историски и поетолошки карактер, 1986), „Ненасловена“
(поезија, 1988), „Оковано време“ (статии и коментари, 1991), „Меѓу животот
и знаците“ (есеи, 1991), „Провиденија“ (поезија, 1995), „Окото, светлините“
(есеи, 1996) и последната, тестаменталната поема „Света песна“ (поезија,
2001).
- Составувач е на „Светата земја на зборот“, антологија на јидиш поезијата, и
на „Орфеј и Исус“ — библиски мотиви во современата македонска поезија
(2000).
- Преведувач на автори од светската поезија и есеистика.

Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција,


Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија.
Заклучок
Анте Поповски, во своите песни ја пренесува краткотрајноста на овоземното
постоење, ни ја пренесува горчината од сфаќањето на она кои сме во огромниот
простор на континуумот.
Книга „Света песна“ на Анте Поповски е книга што прилега на поетски сеопфат на
овој свет, на енциклопедија на духот, на поетска енциклопедија на темелните
прашања и идеи за опстанокот наш под вршникот небесен каква што е книгата за
Битието.
Книги на Анте не се читаат и откриваат одеднаш и наеднаш, туку дел по дел, пев
по пев, стих по стих. И се читаат по некој невидлив диктат на некоја виша
инстанца во нас во која не можеме да се посомневаме.“
Во секој стих и во секој наслов, поетот со трепет и надеж се наведнува над секоја
тема, оставајќи ни толку стихови во кои удира пулсот, а неговото поетско писмо се
движи во просторот меѓу стравот и надежта.
Неговата песна речиси никогаш не се оддалечува од природата и сведочи за
исконската поврзаност на човекот со елементарното, а неговите песни се
проткаени со свеста за заедништвото.

You might also like