Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

Насоки за подобро снимање на видео предавање

Во овој документ може да прочитате неколку технички совети, упатства и корисни


информации за правење ефективни видео записи од вашата наставна практика.

1. Опрема

Препорачуваме да ја имате следнава опрема за да направите видео записот:


 Компјутер или лаптоп (со инсталиран Microsoft Office – PowerPoint)
 Инсталиран софтвер за снимање на видео - OBS, линк за симнување:
https://obsproject.com/
 Видео камера (може и онаа која веќе ја имате со лаптопот)
 Надворешен микрофон за подобар аудио звук (незадолжително)

2. Позиционирање на телото

Проверете дали главата, рамената и лактите ви се во рамката на видео предавањето. Треба


да дозволите малку простор над главата, под лактите и од секоја страна. Доколку покажувате
со вашите раце во видео предавањето, проверете дали во снимката имате доволно место за
приказ на рацете. Секогаш може да отидете малку поназад за на видеото да се гледа
поголем простор околу вас.

3. Одберете ја позадината

Препорачуваме да бидете пред светла позадина, со што помалку елементи и предмети.


Внимавајте вашата позадина да не е шарена и да нема многу предмети и елементи кои би
го одвлекле вниманието на учениците. Најдобро е да бидете пред бела чиста позадина.

4. Осветлување

Користете светилки за осветлување соодветни за просторијата. Внимавајте да имате повеќе


светлина пред вас отколку зад вас, во спротивно ќе бидете во сенка на видео снимката.
Одбегнете снимање пред или позади сончев прозорец или други извори на светлина.
Доколку е предмногу светло во вашата просторија, може е подобро да ги затворите на
ролетните од прозорците.
5. Вашиот изглед

Препорачуваме да носите контрастна облека со силна боја за најдобар изглед пред


камерата. Исто така, препорачуваме да внимавате косата да не ви биде пред лицето, или
најдобро да ја соберете, поради сенката што ќе се гледа на видеото.

*Додека снимате, обидете се да заборавите дека камерата е пред вас и да поучувате


како што обично правите. Обидете се да не воведувате нови рутини или практики со кои
учениците не се запознати, туку бидете природни.

6. Осветлен и претпознатлив курсор (маус) за покажување во видео предавање

Препорачуваме да користите “highlighted cursor” односно обоен, истакнат курсор кога ќе ги


држите своите предавања со помош на PowerPoint. Специфично, препорачуваме да го
симнете од овој линк: http://www.pointerfocus.com/

*Напомена: Ве замолуваме да го минимизирате програмот пред да го снимате видеото, за


да не смета во екранот. Погледнете го упатството подолу за како да го направите тоа.

За како да го инсталирате, може да го погледнете ова видео: https://youtu.be/FtKh68Y-jyg

Подесувања во OBS софтвер, проверка пред снимање

Препорачуваме да ги направите следните подесувања во вашиот OBS програм пред да


започнете со снимање.

1. За да ги отворите подесувањата (Settings)


потребно е да кликнете во горниот лев ќош, на
копчето Files.
2. Потоа треба да кликнете на копчето – Settings. Со ова ќе
ви се отворат подесувањата.

Подесување на локација за зачувување на видео записите

1. Oд левата страна, одберете го делот Output (маркиран со црвена коцка на


фотографијата)
2. Кај делот Recording, со клик на копчето Browse ќе ви се отворат можностите за
селекција на фолдер
Подесување на формат за снимање и квалитет на снимка

Селектирајте MP4 и High Quality, Medium File Size

Подесување на резолуција за видео

1. Во Settings, прво го одбирате делот Video (лево), маркиран со црвено


2. Потоа, во делот на Output (Scaled Resolution) одбирате 1920 х 1080 како ваша
резолуција

Техничка поддршка:
Александар Лазовски, СмартАп
Aleksandar.lazovski@innovationlab.mk, 078/434-236

You might also like