Professional Documents
Culture Documents
Визуелен Идентитет и Комерцијална Дестинктивност
Визуелен Идентитет и Комерцијална Дестинктивност
2. Исто како што личниот идентиет не прави уникатни, така и идентитетот на еден бренд е тоа што
го издвојува од сите други, и ја обликува една компанија.
Но, што всушност е идентитет на бренд?
Каква врска има тоа со дизајнот?
И како да обликуваме идентитет кој што ја носи една компанија на следното ниво?
- Идентитет на бренд е збир на сите елементи што ги создава една компанија за да ја покжае
вистинската слика на своите потрошувачи.
Терминот брендирање се однесува на маркетинг практика на активно обликување на
карактеристичен бренд.
* Брендот е перцепција на комапнија во очите на светот. *
3. Развивање на дизајнот
Пред да започнеме да го креираме дизајнот, треба да почнеме од соновата и да се заклучат
основите на дизајнерската структура.
1*. Типографија
2*. Колорна Палета
3*. Форми
4*. Лого
5*. Пакување
6*. Промо материјал (стикери, флаери...)
4. Една од најголемите пречки за растечките фирми е тоа што повеќето потенцијални клиенти не
ги знаат и како резултат на тоа не разсмилуваат за нив во момент на купување.
За да се надмине оваа пречка, многу често се фокусураме на самиот производ – правејќи го што е
можно по пожелен и поефикасен. Ако го изградиме така, клиентите сами ќе дојдат. Во некој
совршен свет, фокусирањето само на производот би било доволно за да се изгради свест и да
привлече клиенти. Но, во реалниот свет, огромната конкуренција значи дека не можеме да
очекуваме луѓето да слушнат и да го бараат сами произоводот, без разлика колку е добар.
Графичките дизајнери и консултантите за дизајн на брендови истражувале со децении за
однесувањето и психологијата на луѓето, како се одлучуваат за одреден бренд. И заклучиле дека
одлуките за купување ретко се засноваат на внимателно разгледување на карактеристиките на
производот. Туку тие одлуки се прават брзо и несвесно, при што клиентите во голема мера се
одлучиваат за производ пто најбрзо се истакнува.
Затоа е битно да го *завиткаме* производот во јасно претпознатлив бренд – тој не само што ќе
*отскокнува* од конкуренцијата туку и служи како непогрешлива врска до производот во
размислувањата на клиентите. Ова ги зголемува шансите производот да биде забележан и на крај
купен.
-Комерцијални придобивки
Секој дестинктивен бренд има две важни комеријцални придобивки. Прво, лесно и брзо им доаѓа
на ум на клиентите, што ја прави поголема веројатноста да се купи.
Второ, дестинктивноста ја подобрува ефикасноста на комуникациите.
Медијата – без разлика на форматот се скап и вреден реурс.
Примери: