Автобиографија

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

“Автобиографија” од Григор Прличев

Еднаш Анастас серезлијата доктор грк кој насекаде со восхит ги фалеше


моите успеси и кој бесплатно ме лекуваше ме виде во чаршијата како седам на
еден камен премрзнат од студ и в скут ги држев десетина јајца за продавање.
Ми рече по грчки стани. Станав. Колку пари ги продаваш. По три пари. Тој ми ги
плати по пет пари. Никогаш да не седиш на камен. Разбра ли? Разбрав.
Заколни се. И се заколнав. Јас имам 4 сина но тебе те почитувам повеќе. Не
сакам да те лекувам пак. Не ги жалам трудот и лековите, туку ти го жалам
здравјето. Илјада подароци пред неговата сенка иако мразеше се што е
бугарско. Секако дека животот не ми беше за завидување, но имав и други
средства. Во јуни и јули после ручекот продавав црници. Се натпреваруваше
светот кој побрзо да купи. Многупати турците не ги оставаа христијаните да
купат, и така секогаш на време стигнував на училиште. Еден ден, ужасен ден 3
јули 1840 година мајка ми падна од црницата. И денес кога ќе го спомнам тој
настан трескави морници чувствувам по плеќите, по моите бедра
неподносливи болежни чувства како да ми се топи лојот. До бога вриснав кога
ја видов мајка ми спрострена полу мртва. Нема ништо рече таа. Си ја
подисправи главата и си го виде средниот прст на десната рака исчашен
помеѓу вториот и првиот зглоб и грозно искривен. Иако беше дури како пијана
од паѓањето таа почна да го тегне искривениот прст со сета сила додека
коските не и скрцнаа и не се наместија во физиолошката состојба. Сега немај
гајле рече таа. Притрчаа сосетките ја фатија под мишките ја одведоа дома и
после и ги употребија сите средства што им беа прирака за да и олеснат на
пациентката. Никогаш во мојот живот не сум бил толку тажен како тој ден.
Постојано и бев до постелата. Очите постојано ми беа во нејзиното лице
вперени. Мајка ми ја чувствуваше мојата болка можеби повеќе од својата и
болно се насмевнуваше. И тоа ќе помине синко, нашата моренка е
благословена. Таа е нашиот ангел христов, јас ја почитувам како ништо во
светов. Многумина паднаа од неа но никој не се убил. Иван, и тој падна дури од
највисокото и ми покажа една гранка од огромното дрво но ми го чуваше
Господ, не пострада. Не гледаш ли колку жени доаѓаат секој ден и земаат од
нејзината кора за лек против секаков пришт. По неколку дена мајка ми оздраве
и почна да работи како и обично. Како утеха на нашите минати несреќи Митре
Миладинов дојде да учителствува во Охрид. Тој се смести во дедовата куќа
заедно со својата млада невеста. Меѓу десетината учители кои се променија за
време на моето учење во Охрид ниту еден не се покажа толку корисен за
учениците како Миладинов. Тој во секоја постапка имаше нешто привлечно.
Зборот од устата му течеше како мед. Свештен оган му гореше во очите. Тој
знаеше дека треба да не учи на грчки, поинаку не можеше ни да се мисли. Но
еве како тој не учеше. Донеси вода и потоа на грчки. До неговото доаѓање
речиси ништо не знааевме од аритметика. По негов совет постарите ученици
земавме по 3 огромни тома од лескиконот на а гази, се собиравме кај мене
дома и го преведувавме плутарх на новогрчки. Боже мој колку широк беше
нашиот ум. Кај миладинов го запознавме италијанскиот јазик. За шест месеци
го преведовме првиот том на телемах. Испитите станаа какви што не биле
дотогаш. Насекаде се пренесе гласот за цутењето на охридското училиште. Од
многу градови и гратчиња на Македонија и од најзападните делови на Албанија
се слеваа ученици во Охрид за да учат кај Миладинов, но сите му се лутеа
затоа што мрсеше, не постеше. Една годин си спомнувам стигна глад. Мајка ми
необично тажна ми предложи да одам на занает. Тогаш се расплакав никако не
ми се сакаше да го оставам училиштето само што почнав да се насладувам на
недостижните хомерови убавини. Мајко нели е подобро да одам кај зарчевци.
Оди синко, и отидов

You might also like