Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Шеф на држава

 Шеф на држава е индивидуален или колективен орган кој ја претставува


државата во земјата и во странство.

1.Според начинот на организација шефот на државата може да биде:

а) индивидуален орган (крал, цар, султан, претседател, итн) 

б) колективен орган (претседателство)

2.Начин на кој шефот на државата доаѓа на функција:

а) по наследен пат

б)по пат на избори

Овластување на внатрешен план Овластување на надворешен план


Раководи со вооружените сили Ја претставува државата во меѓународни
односи
Доделува мандат за состав на владата Склучува меѓународни договори
Прогласува закони Именува амбасадори и други
претставници во странство
Именува или учествува во именување на Прима акредитивни писма на странските
високи државни функционери дипломати
Доделува одликувања Учествува во создавањето и
спроведувањето на надворешната
политика
Дава помилување

3.Обликот на владеење се определува според начинот на кој шефот на државата


доаѓа на оваа функција и според  неговиот правно-политички статус.

4.Според  обликот на владеење државите се делат на: 

а) монархија

б) република 

5.Монархија

Карактеристики:

- Едно лице ја врши функцијата шеф на држава (монос-власт на еден).


- На функцијата шеф на држава доаѓа по наследен пат
- Останува на  функцијата шеф на држава до крајот на својот живот
-Во минатото монархиите биле апсолутистички. Целата власт била во рацете на
монархот и не постоел правен акт со кој таа би се ограничила.

-Денешните современи монархии се ограничени, односно уставни и


парламентарни. Во  повеќето од нив монархот има симболична (церемонијална)
улога. Тој владее, но не управува. Исклучок се монархиите каде монархот има
голема моќ како на пример Брунеи, Саудиска Арабија и др.

6.Република

Карактеристики:

- Функцијата шеф на држава може да ја врши едно лице или повеќе лица
- На функцијата шефот на државата доаѓа по пат на избори
- На функцијата шеф на држава останува определен мандат (може да биде
сменет и пред истекот на мандатот)

-Претседателска (президентска) – Претседателот на државата има засилена


извршна функција. Тој е шеф на држава и претседател на влада односно тој ги
назначува министрите. Претседателот се избира од страна на народот или народот
избира тело (електори) што го избира претседателот.

-Парламентарна- Претседателот има намалена извршна функција. Тој е избран од


страна на Парламентот. Претседателот го доделува мандатот за состав на владата
на претставникот на онаа партија или партии кои имаат мнозинство во
законодавниот орган. Владата ја избира Собранието.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Политички систем –поим и видови

 Под поимот политички систем се подразбира начинот на кој е организирана


највисоката власт во државата, односно тој го определува односот меѓу
државниот апарат и народот.

1.Поделба на политичките системи:

а) недемократски

б) демократски

2.Во групата на недемократски системи се вбројуваат:

- автократија

- тоталитаризам
- деспотизам

- тиранија

- диктатура

- олигархија

- аристократија

3.Видови демократија:

а) посредна (претставничка)

б) непосредна

Недемократски политички системи Демократски политички системи


Власта е во рацете на едно лице или на Владеење на народот (на
мала група луѓе мнозинството)
Власта е неограничена, Постои поделба на власта
неконтролирана и неодговорна
Власта користи сила и принуда за Власта е одговорна и подлежи на
спроведување на своето владеење контрола
Се ограничуваат или целосно не се Се почитуваат и се гарантираат
почитуваат човековите права и правата човековите слободи и права
на малцинствата
Се забранува критика и демонстрации Се спроведуваат слободни и фер
против носителите на власта избори
Нема независно судство Постои политички плурализам
Се применува владеење на правото

4.Владеење на правото

Демократијата е неразделно поврзана со владеењето на правото. Во најопшта


смисла владеењето на правото значи власт што е ограничена и контролирана со
правото. Владеење на правото значи дека никој не е над законите, дека власта е
подведена под исти закони како и поединците и сите имаат исти права што се
заштитени од злоупотреби.

5.Корупција

- Еден од најтешките облици на загрозување на правната држава е корупцијата.

- Корупција претставува злоупотреба на службената положба (моќта од страна


на висок функционер, работно место, од позиција на социјална и економска
хиерархија) за остварување на каква било незаконска лична корист, односно
добивка или корист за друг. 

- Формите на корупција се разликуваат, а вклучуваат: поткупување, изнуда,


протекции, непотизам, покровителство, мито и проневера на пари.

- Корупцијата може да биде поделена по дејности и да биде: политичка,


полициска, правна, корупција во образовниот систем, итн.

6.Поделба на власта

-законодавна власт(парламент, собрание)

-извршна власт(влада,шеф на државата)

-судска власт(судови)

Собранието носи закони

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Демократија

1.Поимот демократија доаѓа од грчките зборови demos (народ) и kratein (да се


владее) што директно преведено значи владеење на народот.

Почетоците на демократијата се поврзани со создавањето на грчкиот полис (град-


држава). Демократијата во тој период била непосредна (директна) односно сите
што имале право да одлучуваат тоа го правеле со лично изјаснување во народните
собранија. Во тоа време како граѓани со право на одлучување биле третирани само
слободните полнолетни мажи. Жените, робовите и странците немале право на
глас.

2. Видови демократија

Постојат два основни вида демократија:

А) посредна (претставничка)

Б) непосредна

3. Посредна (претставничка) демократија е вид на демократија во која граѓаните


избираат претставници кои во името на народот донесуваат одлуки.

граѓани – избори – преставници – одлучуваат во името на граѓаните

4. Основни институции на претставничката демократија се:


А) слободни избори

Б) претставничко тело

5.Избирачкото право може да биде:

А)активно (право да гласаш и да избереш некого) и

Б) пасивно избирачко право (право да бидеш избран за претставник)

6.Мандат- Претставниците се избираат за определен временски период односно


мандат.

Видови мандати:

А)претставнички - избраните претставници не се одговорни за својата работа пред


избирачите и не може да бидат отповикани пред истекот на мандатот за кој се
избрани.

Б) императивен – избраните претставниците се одговорни за својата работа пред


избирачите и може да бидат отповикани во секој момент во текот на мандатот.

7. Видови изборни системи:

А) мнозински - победува кандидат што ќе освои најголем број на гласови.

Б) пропорционален - секоја политичка партија добива пратенички места во


парламентот пропорционално на бројот на гласовите што ги добила партијата на
изборите.

В) комбиниран- дел од претставниците се избираат прелу мнозинскиот изборен


систем, а дел преку пропорционалниот систем.

8. Непосредна демократија е вид на демократија во која народот сам


(непосредно) одлучува за прашања од заедничкото живеење.

-Референдум е облик на непосредна демократија каде граѓаните со општо гласање


се изјаснуват дали се ЗА или ПРОТИВ некоја одлука.

-Граѓанска иницијатива - граѓаните имаат уставно право да предложат нов правен


акт или промена (ревидирање) на веќе донесен акт. На пример 10.000 избирачи
може да предложат донесување на закон, 150.000 избирачи измена на Уставот.

-Право на вето - се применува на веќе донесен правен акт. На пример закон.


Граѓаните имаат две можности да го прифатат или да го оспорат донесениот акт.
Доколку го оспорат станува збор за вето.
-Право на отповикување – право на граѓаните во текот на траењето на мандатот на
нивниот претставник да му го одземат правото на претставување.(императивен)

-Собир на граѓани – право на сите полнолетни граѓани на определена заедница


сами да одлучуваат за прашања од нивен заеднички интерес, а кои имаат локално
значење.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Државно уредување

1.Под државно уредување се подразбира начинот на кој се уредени односите меѓу


централните и нецентралните (локални) органи на власта во државата.

2.Според обликот на државно уредување се разликуваат:

А) единствена (унитарна) држава

Б) сложена држава

3.Централни и нецентрални органи

-Централни органи се органи чија надлежност се простира на целата државна


територија.

-Нецентрални органи се органи кои имаат надлежност само на одделни делови од


државната територија.

4.Обележја на единствената (унитарна)држава се:

-Уставот е единствен (еден) и важи за целата државна територија

-Централните органи се носители на законодавната, извршната и судската власт

-Постои единствен судски систем кој се заснова врз исти основи и е единствен на
целата државна територија

-Не постојат двојни државни органи (собранија, влади, ..)

-Една меѓународна призната граница

-Една валута

-Едно државјанство

5.Сложената држава секогаш е составена од повеќе делови и се појавува во


следните облици:
А) федерација

Б) конфедерација

6.Федерација означува сојузна држава, која настанува врз доброволна основа меѓу
федералните единки кои може да се јават како држави (САД), републики,
покраини, региони, провинции и др.

7.Конфедерација означува сојуз од држави. Се создава со договор за остварување


на одредена цел.

Федерација(сојузна држава) Конфедерација(сојуз од држави)


Составена е од федерални единки: Членови на конфедерацијата се суверени
републики, покраини, провинции и сл. држави
Со сојузниот устав се разграничени Меѓународниот субјективитет е на
надлежностите и се определени државите членки
односите меѓу федерацијата и
федералните единки
Федералните единки може да имаат Нема заеднички законодавни, извршни и
свој устав, кој мора да биде во судски органи
согласност со сојузниот устав
Постојат сојузни органи кои се највисоки Највисок орган е конфедеративното
и донесуваат правни акти кои важат на собрание
целата територија на федерацијата.
Двојна организација на државната власт, Лабав сојуз
двојно законодавство, единствена
валута, меѓународно призната
единствена граница
Меѓународниот субјективитет е на
федерацијата
Цврст сојуз
Унитарна држава е онаа во која што целата власт е во рацете на централните
државни органи, кои имаат својство на суверни органи на целата власт.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Општествени норми

1.Општествените норми се правила за поведение што покажуваат како да се


однесуваат луѓето во дадена ситуација.

Општествените норми се појавуваат и постојат од појавата и постоењето на


човековиот организиран живот. Постоеле и во првобитната заедница.
Едноставноста, бројноста и сложеноста на правилата за однесување зависат од
самото општество. Но независно од тоа, заедничко за сите општества е нормите
што ги создава човекот спонтано или плански да се вообичаени за луѓето,
прифатливи и реално остварливи. Доколку не е така, пропишаните норми би биле
бесмислени и би останале неприменети во најголемиот број на случаи, бидејќи не
би можеле да влијаат врз однесувањето на човекот. Кога не би постоеле
општествените норми, тогаш сите луѓе би правеле само она што сакаат и така
набрзина би завладеал еден општ хаос во светот.

2. Реакционерни општествени норми и прогресивните општествени норми

-Прогресивните општествени норми го носат општеството кон развој

-Реакционерни општествени норми го забавуваат општествениот развој

Примери: задолжителен систематски преглед, задолжително средно образование,


забрана за користење Интернет, забрана за коцкање, забрана за пушење,
затворање на обложувалници.......

3. Природните закони се правила по кои се случуваат појавите во природата.


На пример закон за земјина тежа

Општествени норми Природни норми


Правила за однесување на луѓето Правила по кои се случуваат појавите во
природата
Ги создава општеството (организирано Не се создадено од никого, тие се
или дифузно) резулат на дејствување на природните
сили
Влијаат врз човековата свест и волја Дејствувааат независно од волјата на
(човекот може да ги почитува или човекот, често и спротивно
прекршува)
Имаат санкции Немаат санкции
Имаат цел (да се одбегне можниот Немаат цел
неред и да се заштити одредена
вредност)

4.Обичај

-Непишано општествено правило за поведение.

-Настанува спонтано, со долготрајно повторување на едно исто поведение.

-Санкции: осуда, бојкот, презир, потсмев, но може и построга како одземање на


живот на пример кај обичајот на крвната одмазда.
5.Морал

-Непишано правило за поведение

-Претстава за добро и зло

-Релативна и автономна општествена појава

-Санкции: надворешни (прекор, презир, бојкот, искажување на гадење кон


прекршителот) и внатрешна (грижа на совест)

6.Правна норма

-Пишано правило за поведение

-Го донесува и санкционира државата

-Санкцијата е однапред предвидена

-Хетерономна (општозадолжителна)

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

You might also like