Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 68

З А П И С Н И К БРОЈ 11

Од 11-та редовна седница на Советот на општина Виница, одржана на ден


29.08.2022 година (понеделник), во општинската сала за седници 4-ти кат во
зградата на Локалната самоуправа Виница, со почеток во 11,15 часот.
Седницата ја отвори и водеше Претседателот на Советот на општина Виница
Ацо Ѓорѓиевски.
Од 15 советници на Советот на општина Виница, присуствуваа сите 15 и тоа:
Саше Апостолов, Гоце Милевски, Сашко Митев, Марија Манасиева, Александар
Јованов, Зоран Ристовски, Ацо Ѓорѓиевски, Венцо Вуинов, Марија Миланова, Весна
Спасова, Сашко Дончев, Ацо Митев, Дино Иванов, Дивна Анастасова и Ратко
Даневски.
На седницата присуствуваа и следните претставници: Градоначалникот на
општина Виница Миле Петков, Секретарот на општина Виница Гоце Алексов,
Помошник Раководителот на Секторот за урбанизам, комунални дејности, заштита
на животната средина и природата Благој Стаменков, Командирот на ПС Виница
Љупчо Петров, директорот на ООУ „Славчо Стојменски“-Виница Горан Иванов,
в.д.директорот на ООУ „Гоце Делчев“-Виница Мара Јованова, в.д.директорот на
ООУ „Кочо Рацин“-с.Блатец, Виница Иванка Спасовска, в.д.директорт на ООУ
„Никола Парапунов“-с.Драгобраште, Виница Дејан Михајлов, директорот на СОУ
„Ванчо Прке“-Виница Тихомир Тасев, в.д.директорот на ОЈУДГ Детска градинка
„Гоце Делчев“-Виница Милка Стаменкова, директорот на Локален Археолошки и
историски Музеј „Теракота“-Виница Сара Даневска, директорот на ОУ Дом на
култура „Тошо Арсов“-Виница Благица Стојановска, книговодителот во ЈОУ
Библиотека „Ванчо Прке“-Виница Дафина Алексова, Раководителот на одделението
за финансиски прашања Јулија Манасиева.
Пред утврдувањето на Дневниот ред за 11-та редовна седница на Советот,
Претседателот на Советот отвори расправа по Записникот од 9-та редовна седница
на Советот одржана на ден 31.05.2022 година и Записникот од 10-та редовна
седница на Советот одржана на ден 27.06.2022 година.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата и ги стави на усвојување Записниците од 9-та и 10-та редовна седница на
Советот.
Со 14 гласа ЗА, од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, нема
присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Записникот од 9-та редовна
седница одржана на ден 31.05.2022 година.
Со 14 гласа ЗА, од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, нема
присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Записникот од 10-та редовна
седница одржана на ден 27.06.2022 година.

За работа на Советот на оваа седница, Претседателот на Советот го предложи


следниот:
2

ПРЕДЛОГ - ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место


стопански комплекс - Фарма за одгледување на стока и придружни објекти на КП
2331/2, КП 2292, КП 2296/1, КП 2296/2, КП 2298/1, КП 2333/1 и КП 2333/2 КО
Пекљани, Општина Виница;
2.Предлог-Одлука за дополнување на Програмата за работа во областа на
располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМакедонија на
подрачјето на општина Виница за 2022 година;
3.Барање од Александар Колишев од Виница за повлекување на Одлука за
изработка на УП (Предлог-Одлука за поништување на Одлука за пристапување кон
изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план број 09-1045 од
27.12.2021 година);
4.Извештај за работа на ПС Виница за првото полугодие на 2022 година;
5.Годишен извештај за работата на ООУ „Славчо Стојменски“ - Виница за
учебната 2021/2022 година;
6.Годишна Програма за работа на ООУ „Славчо Стојменски“ - Виница за
учебната 2022/2023 година;
7.Годишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ - Виница за учебната
2021/2022 година;
8.Годишна Програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ - Виница за учебната
2022/2023 година;
9.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ
„Гоце Делчев“-Виница;
10.Годишен извештај за работата на ООУ „Кочо Рацин“ - с.Блатец, Виница за
учебната 2021/2022 година;
11.Годишна Програма за работа на ООУ „Кочо Рацин“ - с.Блатец, Виница за
учебната 2022/2023 година;
12.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ
„Кочо Рацин“- с.Блатец, Виница;
13.Годишен извештај за работата на ООУ „Никола Парапунов“ - с.Драгобраште,
Виница во учебната 2021/2022 година;
14.Годишна Програма за работа на ООУ „Никола Парапунов“ - с.Драгобраште,
Виница за учебната 2022/2023 година;
15.Годишен извештај за работата на СОУ „Ванчо Прке“-Виница за учебната
2021/2022 година;
16.Барање Согласност за формирање на паралелки со помал број ученици од
законски утврдениот број за учебна 2022/2023 година во СОУ „Ванчо Прке“-
Виница;
17.Барање Согласност на измена на Годишен план за вработување за 2023
година на СОУ „Ванчо Прке“-Виница;
18.Годишен извештај за работата на ОЈУДГ Детска градинка „Гоце Делчев“-
Виница за периодот 2021/2022 година;
19.Годишна Програма за работа на ОЈУДГ Детска градинка „Гоце Делчев“-
Виница за периодот 2022/2023 година;
20.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на
ОЈУДГ „Гоце Делчев“ - Виница;
21.Барање за донесување на Одлука за утврдување на работното време на
ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница;
3

22.Барање Согласност за формирање на групи со поголем и помал број на деца


во ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница;
23.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на
Локален Археолошки и историски Музеј „Теракота“ - Виница;
24.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ
Дом на културата „Тошо Арсов“ - Виница;
25.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ЈОУ
Библиотека „Ванчо Прке“ - Виница;
26.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ЈП за
комунални работи „Солидарност“ - Виница;
27.Информација за распределба на средства за корисници на правото на
гарантирана минимална помош, за временски период од 01.01.2022 година заклучно
до 31.07.2022 година;
28.Извештај за здравствена безбедност на водата во с.Виничка Кршла,
с.Калиманци, с.Трсино, с.Трстија, с.Крушево, с.Драгобраште, с.Пекљани, с.Градец,
с.Лески (Известување за неисправна анализа на вода во с.Крушево, с.Трсино,
с.Трстија);
29.Барање од Макпрогрес ДОО Виница, Подружница Хотел ресторан
Александар Парк, за продолжување на работното време, поради организирање на
корпоративна прослава за вработените по повод 32 години постоење на Макпрогрес
и 20 години од „Vincinni“ (Предлог-Одлука за продолжување на работното време);
30.Барање од Ѓунеј Исмаилов од Виница на финансиски средства, за санирање
на штета на опожарена куќа;
31.Барање од Весна Стоилова од Виница на финансиски средства, за лекување;
32.Барање од Димче и Менче Маркови од Виница на финансиски средства, за
лекување на нивниот син;
33.Барање од Ибраим Салиов од Виница на финансиски средства, за санирање
на штета од временски непогоди на семејна куќа;
34.Барање од Слободанка Богданова од Виница, на финансиски средства за
санирање на штета на опожарена куќа;
35.Барање од Евгена Димитрова од с.Јакимово, Виница на финансиски
средства, за лекување;
36.Барање од ФА „Китка“-с.Истибања, Виница на дополнителни финансиски
средства;
37.Барање од ФК Слога-1934 Виница, на дополнителни финансиски средства;
38.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Игор Петров од с.Истибања,
Виница;
39.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Спасој Николов од с.Истибања,
Виница;
40.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Љубомир Јованов од с.Истибања,
Виница;
41.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Васко Јангелов од с.Истибања,
Виница;
42.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Илчо Димитров од с.Истибања,
Виница;
4

43.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен


статус на бесправно изграден објект на Барателот Киро Темелков од с.Истибања,
Виница;
44.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Гоце Стојмиров од с.Истибања,
Виница;
45.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Методи Стоилов од с.Истибања,
Виница;
46.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Киро Ристов од с.Блатец, Виница;
47.Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Виница за
извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022
година (втор квартал);
48.Квартален извештај за достасани ненамирени обврски на општина Виница за
квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година (втор квартал);
49.Квартален извештај за промените на состојбата на секое задолжување на
општините и Јавните претпријатија основани од општините (втор квартал);
50.Предлог-Буџет за изменување и дополнување на буџетот на општина Виница
за 2022 година (Ребаланс на буџетот);
51.Предлог-Одлука за намера за користење на структурна обврзница;
52.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на
општина Виница;
53.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на
празникот на општина Виница 30-ти август;
54.Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските
објекти на подрачјето на општина Виница на ден 28 и 30 август;
55.Советнички прашања.

Претседателот на Советот отвори расправа по предложениот Дневен ред.

Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: Предлог-Дневниот ред ќе претрпи измени


што го имавме на координација. Ќе имаме повлекување на точките и тоа 15-та точка
Годишен извештај за работата на СОУ „Ванчо Прке“-Виница за учебната 2021/2022
година, 26-та точка Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023
година на ЈП за комунални работи „Солидарност“ - Виница и 51-ва точка Предлог-
Одлука за намера за користење на структурна обврзница и додавање на 3 точки пред
Советнички прашања и тоа:
1.Барање од легални авто такси превозници за промена на тарифник.
2.Извештај за извршена самоевалуација за работа на ООУ „Кочо Рацин“-
с.Блатец, Виница за период 2020-2022 година;
3.Извештај за здравствена безбедност на водата во с.Лаки, с.Липец;

Бидејќи никој друг не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја


затвори расправата и го стави на усвојување следниот предлог Дневен ред за работа
на 11-та редовна седница:
ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место


стопански комплекс - Фарма за одгледување на стока и придружни објекти на КП
5

2331/2, КП 2292, КП 2296/1, КП 2296/2, КП 2298/1, КП 2333/1 и КП 2333/2 КО


Пекљани, Општина Виница;
2.Предлог-Одлука за дополнување на Програмата за работа во областа на
располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМакедонија на
подрачјето на општина Виница за 2022 година;
3.Барање од Александар Колишев од Виница за повлекување на Одлука за
изработка на УП (Предлог-Одлука за поништување на Одлука за пристапување кон
изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план број 09-1045 од
27.12.2021 година);
4.Извештај за работа на ПС Виница за првото полугодие на 2022 година;
5.Годишен извештај за работата на ООУ „Славчо Стојменски“ - Виница за
учебната 2021/2022 година;
6.Годишна Програма за работа на ООУ „Славчо Стојменски“ - Виница за
учебната 2022/2023 година;
7.Годишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ - Виница за учебната
2021/2022 година;
8.Годишна Програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ - Виница за учебната
2022/2023 година;
9.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ
„Гоце Делчев“-Виница;
10.Годишен извештај за работата на ООУ „Кочо Рацин“ - с.Блатец, Виница за
учебната 2021/2022 година;
11.Годишна Програма за работа на ООУ „Кочо Рацин“ - с.Блатец, Виница за
учебната 2022/2023 година;
12.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ
„Кочо Рацин“- с.Блатец, Виница;
13.Годишен извештај за работата на ООУ „Никола Парапунов“ - с.Драгобраште,
Виница во учебната 2021/2022 година;
14.Годишна Програма за работа на ООУ „Никола Парапунов“ - с.Драгобраште,
Виница за учебната 2022/2023 година;
15.Барање Согласност за формирање на паралелки со помал број ученици од
законски утврдениот број за учебна 2022/2023 година во СОУ „Ванчо Прке“-
Виница;
16.Барање Согласност на измена на Годишен план за вработување за 2023
година на СОУ „Ванчо Прке“-Виница;
17.Годишен извештај за работата на ОЈУДГ Детска градинка „Гоце Делчев“-
Виница за периодот 2021/2022 година;
18.Годишна Програма за работа на ОЈУДГ Детска градинка „Гоце Делчев“-
Виница за периодот 2022/2023 година;
19.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на
ОЈУДГ „Гоце Делчев“ - Виница;
20.Барање за донесување на Одлука за утврдување на работното време на
ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница;
21.Барање Согласност за формирање на групи со поголем и помал број на деца
во ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница;
22.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на
Локален Археолошки и историски Музеј „Теракота“ - Виница;
23.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ
Дом на културата „Тошо Арсов“ - Виница;
6

24.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ЈОУ


Библиотека „Ванчо Прке“ - Виница;
25.Информација за распределба на средства за корисници на правото на
гарантирана минимална помош, за временски период од 01.01.2022 година заклучно
до 31.07.2022 година;
26.Извештај за здравствена безбедност на водата во с.Виничка Кршла,
с.Калиманци, с.Трсино, с.Трстија, с.Крушево, с.Драгобраште, с.Пекљани, с.Градец,
с.Лески (Известување за неисправна анализа на вода во с.Крушево, с.Трсино,
с.Трстија);
27.Барање од Макпрогрес ДОО Виница, Подружница Хотел ресторан
Александар Парк, за продолжување на работното време, поради организирање на
корпоративна прослава за вработените по повод 32 години постоење на Макпрогрес
и 20 години од „Vincinni“ (Предлог-Одлука за продолжување на работното време);
28.Барање од Ѓунеј Исмаилов од Виница на финансиски средства, за санирање
на штета на опожарена куќа;
29.Барање од Весна Стоилова од Виница на финансиски средства, за лекување;
30.Барање од Димче и Менче Маркови од Виница на финансиски средства, за
лекување на нивниот син;
31.Барање од Ибраим Салиов од Виница на финансиски средства, за санирање
на штета од временски непогоди на семејна куќа;
32.Барање од Слободанка Богданова од Виница, на финансиски средства за
санирање на штета на опожарена куќа;
33.Барање од Евгена Димитрова од с.Јакимово, Виница на финансиски
средства, за лекување;
34.Барање од ФА „Китка“-с.Истибања, Виница на дополнителни финансиски
средства;
35.Барање од ФК Слога-1934 Виница, на дополнителни финансиски средства;
36.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Игор Петров од с.Истибања,
Виница;
37.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Спасој Николов од с.Истибања,
Виница;
38.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Љубомир Јованов од с.Истибања,
Виница;
39.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Васко Јангелов од с.Истибања,
Виница;
40.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Илчо Димитров од с.Истибања,
Виница;
41.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Киро Темелков од с.Истибања,
Виница;
42.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Гоце Стојмиров од с.Истибања,
Виница;
7

43.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен


статус на бесправно изграден објект на Барателот Методи Стоилов од с.Истибања,
Виница;
44.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен
статус на бесправно изграден објект на Барателот Киро Ристов од с.Блатец, Виница;
45.Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Виница за
извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022
година (втор квартал);
46.Квартален извештај за достасани ненамирени обврски на општина Виница за
квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година (втор квартал);
47.Квартален извештај за промените на состојбата на секое задолжување на
општините и Јавните претпријатија основани од општините (втор квартал);
48.Предлог-Буџет за изменување и дополнување на буџетот на општина Виница
за 2022 година (Ребаланс на буџетот);
49.Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на
општина Виница;
50.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на
празникот на општина Виница 30-ти август;
51.Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските
објекти на подрачјето на општина Виница на ден 28 и 30 август;
52.Барање од легални авто такси превозници за промена на тарифник.
53.Извештај за извршена самоевалуација за работа на ООУ „Кочо Рацин“-
с.Блатец, Виница за период 2020-2022 година;
54.Извештај за здравствена безбедност на водата во с.Лаки, с.Липец;
55.Советнички прашања.

Советник Дино Иванов: Јас сакам во името на младите на општина Виница, во


името на сите граѓани, 50-та и 51-ва точка да се повлечат од Дневниот ред и сите
концерти по можност да се тргнат бидејќи знаеме што се случи во градот вчера и
претходниот ден. И мислам дека морално и етички е да се направи тоа, па и водејќи
се по примерот на Македонска Каменица, да се тргнат тие точки.
Советник Зоран Ристовски: На предлог на 7 советници и тоа: Јас Зоран Ристовски,
Марија Манасиева, Гоце Милевски, Венцо Вуинов, Ацо Митев, Дино Иванов и
Весна Спасова, за кои писмено сакаме да Ве известиме, предлагаме еднократна
финансиска помош за сите првачиња запишани во новата учебна 2022/2023 година
од по 5.000,00 денари, за да помогнеме на родителите, да дадеме и стимул на
дечињата затоа што знаеме дека од година во година првачињата се намалуваат,
училиштата се празнат. Мислам дека редно е да размислиме како Совет за прв пат
да донесеме одлука, со која ќе помогнеме на отприлика 120 семејства, отприлика
сумата е околу 600.000,00 денари, тоа што го имам извлечено како неофицијални
бројки од училиштето затоа што тие бројки се и неофицијални претпоставувам дека
ќе има и уписи и исписи до самиот старт. Така да предлагам до актуелното
мнозинство ако има расположение да како што спомнав да бидеме прв Совет во
општина Виница каде што ќе почне да дава еднократна финансиска помош на сите
првачиња на територија на општина Виница. Оваа идеја, веќе следиме сите дека
неколку општини ја следат и почнуват да ја практикуват. Така да според Нас не е
лошо да се размисли да од некаде започнеме и Ние, а можеби помошта не е многу
голема ама секако ќе биде добредојдена за околу 120 семејства.
Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: За предлогот на Дино, идеме по примерот
на Каменица меѓутоа Јас ќе го кажам моето лично мислење, бидејќи тоа е веќе
8

затечена работа треба да направиме пауза да се одлучиме. Мое лично мислење, Јас
сочуствувам со луѓето, мислам со загинатите и повредените меѓутоа тоа беше пред 3
дена, денеска е четврти ден. Имав поставено прашање од страна на неутрални
граѓани што би направиле за оваа ситуација. И имаше поделени мислења, некои беа
за да се одложат сите активности, а други беа против, со образложение и тие
сочуствуват за несреќата меѓутоа не значи дека ако се случи таква несреќа дека
треба за сите да одложуваме манифестациите. Сега Јас конкретно за мене, истото го
мислам, пак ќе кажам сочуствувам со луѓето, со фамилиите за ситуацијата меѓутоа и
да прогласиме и 3 дена жалост, тоа е веќе поминато. Утре на 30 е веќе четврти ден.
А претходно што беше трките за Чупино, маратонски трки 32 км, 16, 32 и 62 ли
беше или 60 км. тоа беше планирано поодамна и организирано и ако требаше да се
одложи тоа требаше да се одложи меѓутоа има тука и меѓународни тркачи што не
може да се одложи. Малку е затечена ситуацијата, не знам Јас ќе го кажам моето
мислење, Јас мислам дека не треба да се одложи пошто ќе бидеме неправедни према
сите други што починале и имало починати, а имало такви манифестации. Да не
излезе сега дека тука шириме популизам за тие точки по мене малку е незгодно и
непријатно е и мислам дека треба да се одржи таа манифестација пошто веќе тоа е
се организирано.
Во 11,30 часот е направена пауза за координација по предлогот од советникот
Дино Иванов.
Седницата продолжи со работа во 11,40 часот.
Претседателот на Советот Ацо Ѓорѓиевски го стави на гласање предлогот од
советникот Дино Иванов за повлекување на 50-та и 51-ва точка од Дневниот ред.
Со 7 гласа ЗА и 7 гласа ВОЗДРЖАНИ, од присутните 14 советници, 1 советник
не е присутен, предлогот не е усвоен.
По ова се премина на предлогот од 7-те советници, предложен од советникот
Зоран Ристовски.
За збор се јави советникот Александар Јованов: Најпрвин ќе кажам моето мислење
за предлогот, кое сосема се сложува со заложбите кои моментално ги правиме
заедно со советничката група и Градоначалникот за поддршка на одредени групи
граѓани. Имено овој период освен Ребалансот на буџетот, подготуваме и Програма и
буџет за 2023 година, во кој ќе бидат внесени на Наш предлог 3 мерки. Една од тие е
поддршка на првачињата. Точната сума се уште ја немаме утврдено, но со Нашиот
предлог, тоа ќе биде од 01.01.2023 година односно за наредната учебна година.
Покрај ова, има ќе најавам уште 2 мерки, едната е стипендии за социјално загрозени
семејства и втората е поддршка за секое новороднче во општина Виница. Затоа
предлагам овие 3 точки да бидат внесени во буџетот за 2023 година бидејќи сега во
Ребалансот немаме предвидено средства за поддршка на оваа категорија.
Советник Зоран Ристовски: Благодарам на дискусијата на колегата Александар од
мнозинството, знам дека нема планирано пари во Ребалансот меѓутоа можело да се
испланират. Прво да ја поздравам одлуката и ќе ја подржиме и наредна година 2023
година, ако е во интерес на граѓаните. Инаку само во една ставка можеше да се
пренаменат парите и тоа од ставката за дезинфекција, дезинсекција, каде што
потрошивме само нецели 1.000 евра, а бевме планирале околу 700 и нешто. Можеше
да се направи пренамена на парите меѓутоа одлуката е Ваша, одлучува
мнозинството така да ако не помине овој предлог на Нас советниците од
опозицијата, одговорноста си е кај владеачкото мнозинство, а Ние за поддршка ќе
бидеме секојпат тука, ќе бидеме на истата говорница и догодина.
Советник Венцо Вуинов: Во однос на оваа точка, најпрво колегата не го разбрав
кога рече од 01.01.2023 година бидејќи првачињата почнуваат од септември.
9

Со новиот буџет од 1 септември, одговори советникот Алксандар Јованов.


Советник Венцо Вуинов: Ве слушнав дека рековте од 01.01.2023 година, малку
забуна кај мене настана дали тоа значи дека првачињата ќе добијат на 01.01.2023
година таква помош еднократна или за наредниве првачиња. Значи оваа генерација
првачиња нема да добие. Јас сепак мислам бидејќи има решение ако сакаме Ние
како Совет да помогнеме и на оваа генерација првачиња, имаме решение. Ако во
случај буџетот не предвидел такви средства за 2022 година, Ние можеме да
донесеме овде како Совет одлука, ми даде идеја и колегата Александар, да со мало
задоцнување од 01.01.2023 година, ја исплатиме и оваа генерација првачиња. Кога
веќе идејата потекнува заклучно со оваа генерација, ако се има волја можеме да
донесеме и таква одлука со мало задоцнување сепак и оваа генерација првачиња да
може да добие од оваа еднократна парична помош.
Советник Дино Иванов: Која е на пример причината да не се прифати предлогот на
Зоран парите да се пренаменат од таа ставка?
Претседателот на Советот Ацо Ѓорѓиевски одговори: Јас причина не знам, не сум го
изготвувал Ребалансот на буџетот, тие пари сигурно се некаде префрлени друго
место. Се сеќавам кога имаше проблем за плаќањето кога повлековме 2 милиони
денари за струјата да се плати меѓутоа тие пари од сите ставки се стават да се вратат
пак тие 2 милиони денари за улици и патишта од таа ставка што беше предложен
буџетот за 2022 година. Мислам дека е така.
Советник Дино Иванов: Јас како што можев да видам во Ребалансот е ставено,
паушално зборувам 4 милиони, а од тие се искористени 1 милион. Која е причината
овие да се додадат на улици и патишта од оваа ставка?
Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: Пак ќе кажам, Јас не сум го правил
Ребалансот, не сум економист и не можам во таа проблематика да се впуштам. Тука
не е Градоначалникот, тука не се присутните што ќе одговорат соодветно на таа
проблематика.
Советник Гоце Милевски: Тука треба да ги разграничиме работите, предлогот на
Зоран е јасен. Ние предлагаме група на советници да се доделат средства на
првачињата за оваа година. Ако сте Вие сакале да помогнете на првачињата требало
во претходниот буџет да донесете одлука. За наредниот буџет Вие што ќе си
предлагате и Ние имаме Наши мерки кои ќе ги предложиме. Александар не дава
предлог ништо тука, тој само образложува што би било кога би било за следниот
буџет. Јас ќе бидам пресреќен сите да имаме предлози во следниот буџет за доброто
на граѓаните, не само за тие категории кои што ги спомна Александар туку за сите.
Ќе имаме сега дискусии во наредните точки и за реализацијата на буџетот за првото
полугодие и за Ребалансот на буџетот, ќе кажеме сите кој што имаме да кажеме, а за
наредниот буџет кога ќе дојде ред да планираме, ќе се каже за што да се наменуват
средствата. Значи предлогот на Зоран е тој, да го ставиме на гласање, ако помине да
се изнајде начин да се одобрат тие средства, а за наредниот буџет веќе може друго
да се планира.
Претседателот на Советот Ацо Ѓорѓиевски го стави на гласање предлогот од
советникот Зоран Ристовски за еднократна финансиска помош за сите првачиња
запишани во новата учебна 2022/2023 година од по 5.000,00 денари, да се додаде
како точка на Дневен ред.
Со 7 гласа ЗА и 7 гласа ВОЗДРЖАНИ, од присутните 14 советници, 1 советник
не е присутен, предлогот не е усвоен.
10

По исцрпување на дискусијата по предложениот Дневен ред, Претседателот на


Советот го стави на гласање предлог-Дневниот ред за работа на 11-та седница на
Советот, со дополнетите 3 точки и повлекување на 15-та точка Годишен извештај за
работата на СОУ „Ванчо Прке“-Виница за учебната 2021/2022 година, 26-та точка
Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ЈП за
комунални работи „Солидарност“ - Виница и 51-та точка Предлог-Одлука за намера
за користење на структурна обврзница, од Дневниот ред.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 9 гласа ЗА и 5 гласа
ВОЗДРЖАНИ, нема присутни советници кои не гласале, Советот го усвои предлог-
Дневниот ред за работа на 11-та седница на Советот.

1-ва точка од Дневниот ред е Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички


план вон населено место стопански комплекс - Фарма за одгледување на стока и
придружни објекти на КП 2331/2, КП 2292, КП 2296/1, КП 2296/2, КП 2298/1, КП
2333/1 и КП 2333/2 КО Пекљани, Општина Виница.
Претседателот на Советот Ацо Ѓорѓиевски, Претседател и на Комисијата за
урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата,
истакна: По оваа точка, Ние на Комисијата на 26.08. ја разгледувавме и по
излагањето на претставникот од Општинската администрација, донесовме
едногласно да се усвои оваа точка на Советот. Сега давам збор на Благој Стаменков
да се произнесе по оваа точка.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 1 од Дневниот ред.
Помошник Раководителот на Секторот за урбанизам, комунални дејности, заштита
на животната средина и природата Благој Стаменков, истакна: Ова е Предлог-
Одлука која ни е потребна за донесување на овој план што се работи за свињарската
фарма во Пекљани. Планот е во финална фаза и наскоро ќе биде донесен по
Барањето на инвеститорот како што беа изработени сите работи од фирмата.
Податоците да не Ви ги читам, сите ја имате Одлуката, ако има нешто друго,
повелете.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 1 и ја стави на гласање Предлог-Одлуката за донесување на Урбанистички
план вон населено место стопански комплекс - Фарма за одгледување на стока и
придружни објекти на КП 2331/2, КП 2292, КП 2296/1, КП 2296/2, КП 2298/1, КП
2333/1 и КП 2333/2 КО Пекљани, Општина Виница.
Од присутните 13 советници, 2 советници не се присутни, со 13 гласа ЗА, нема
присутни советници кои не гласаат, Советот донесе Одлука за донесување на
Урбанистички план вон населено место стопански комплекс - Фарма за одгледување
на стока и придружни објекти на КП 2331/2, КП 2292, КП 2296/1, КП 2296/2, КП
2298/1, КП 2333/1 и КП 2333/2 КО Пекљани, Општина Виница.
2-ра точка од Дневниот ред е Предлог-Одлука за дополнување на Програмата за
работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на
РСМакедонија на подрачјето на општина Виница за 2022 година.
Претседателот на Советот Ацо Ѓорѓиевски, Претседател и на Комисијата за
урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата,
истакна: Исто така на оваа Комисија разгледавме и со излагањето исто така на
претставникот од општина Виница Благој Стаменков, Комисијата гласаше и со 5
гласа ЗА, донесовме со препорака на Советот да биде донесена оваа точка.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 2 од Дневниот ред.
Помошник Раководителот на Секторот за урбанизам, комунални дејности, заштита
на животната средина и природата Благој Стаменков, истакна: Се работи за парцела
11

што е дел од планот за Јакимово. Парцелата е со шифра А1 за домување на станбени


куќи и со оваа Одлука Ние ќе можеме да ја ставиме, да ја објавиме за јавно
наддавање да може да ја продаде општината да се изгради тој плац. Условите се
предвидени, тука напишани се во точката кои ќе според закон за градење, ако имате
нешто повелете.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 2 и ја стави на гласање Предлог-Одлуката за дополнување на
Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во
сопственост на РСМакедонија на подрачјето на општина Виница за 2022 година.
Од присутните 13 советници, 2 советници не се присутни, со 13 гласа ЗА, нема
присутни советници кои не гласале, Советот донесе Одлука за дополнување на
Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во
сопственост на РСМакедонија на подрачјето на општина Виница за 2022 година.
3-та точка од Дневниот ред е Барање од Александар Колишев од Виница за
повлекување на Одлука за изработка на УП (Предлог-Одлука за поништување на
Одлука за пристапување кон изработка на Урбанистички проект вон опфат на
урбанистички план број 09-1045 од 27.12.2021 година).
Претседателот на Советот Ацо Ѓорѓиевски, Претседател и на Комисијата за
урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата,
истакна: Исто така и оваа точка ја разгледавме на Комисија на 26.08. и по
излагањето на претставник од општина Виница Благој Стаменков, Комисијата
гласаше со 5 гласа ЗА и препорачуваме на Советот да биде усвоена.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 3 од Дневниот ред.
Помошник Раководителот на Секторот за урбанизам, комунални дејности, заштита
на животната средина и природата Благој Стаменков, истакна: Оваа Одлука е по
Барање на инвеститорот на планот, која е причината не знам, меѓутоа Ние мора да ја
завршиме процедурата пошто работиме во систем сега за донесување на плановите
и мора да завршиме со Нашите активности таму.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 3 и ја стави на гласање Предлог-Одлуката за поништување на
Одлука за пристапување кон изработка на Урбанистички проект вон опфат на
урбанистички план број 09-1045 од 27.12.2021 година.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 14 гласа ЗА, нема
присутни советници кои не гласале, Советот донесе Одлука за поништување на
Одлука за пристапување кон изработка на Урбанистички проект вон опфат на
урбанистички план број 09-1045 од 27.12.2021 година.
4-та точка од Дневниот ред е Извештај за работа на ПС Виница за првото
полугодие на 2022 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општетствени дејности Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности,
Извештајот за работа на ПС Виница за првото полугодие на 2022 година,
Командирот на ПС Виница, од оправдани причини беше отсутен, сега е тука на
Совет ќе Ви излага. Ние со 4 гласа ЗА, разгледавме и предлагаме на Советот да биде
усвоен.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 4 од Дневниот ред.
Командирот на ПС Виница Љупчо Петров, истакна: Во делот на Извештајот го
имате сите добиено, бројките се дадени таму, Јас многу не би се задржал околу
бројките од причина што тие бројки ако земеме да ги анализираме ќе ни треба цел
12

ден. Едно мое согледување во делот на безбедносната состојба во градот, а имајќи


во предвид дека првото полугодие Ние сме често во некоја криза од Ковид до
свински чуми, до се, ангажманот ни е до сега зголемен. Помина сезоната со Нашите
од дијаспората што велиме што ни беа тука, имаше сами гледавме дека на
подрачјето имаше доста население. Целиот овој период го поминавме релативно
добро од причина што немавме па и Ние многу луѓе на располагање, но погледнато
од тоа што ги Јас имам податоците, мислам дека состојбата е релативно добра.
Состојбата по бројките од Извештајот се слични со претходните години, Јас мислам
дека еве константно неколку години последно дека таа состојба е горе доле иста.
Немаме некои посебни проблеми во делот на јавниот ред и мир, таа бројка може да
се појави некој процент плус или минус ама генерално погледнато на подрачјето
немаме проблеми со јавниот ред и мир. Сообраќајот иста е состојбата, тоа ќе биде во
текот на наредниот Извештај имаме, последно ни се случуват некои... тоа е факт,
имаме сообраќајни незгоди со смртни последици што лани сме ги немале, а сега
причините ќе работиме и Ние ќе ги анализираме ама од увидите и понатамошната
постапка ќе биде утврдено. Во делот на криминалитетот, состојбата е доста добра,
Јас и претходниот пат реков, имаше забелешка од одредени советници тука, дека тој
процент е низок во делот на откривачката дејност. Мислам дека е ова подобрено и
тоа доста подобрено, процентите се таму во Извештајот да не ги Јас кажувам, имаме
доста добра реализација во делот на класичниот криминалитет. Во делот на
кривичните дела посебно на кражбите и тешките кражби, така да мислам тој тренд
ќе продолжи и понатаму. Одредени проблеми од материјално техничка природа, во
делот на кадровска екипираност, мислам дека не е тема на денешниот Извештај и
мислам дека нема потреба Јас тука да давам некое значење посебно. Од причина
Ние сме во секој случај Министерство кое Централната ни е Врховна команда на
некој начин и мораме да постапуваме по тие нивни насоки, инструкции, телеграми,
правилници. Јас не би должел многу од причина што наредниот пат најверојатно ќе
сум во пензија, така не верувам дека догодина ќе имаме прилика да се гледаме во
ваков состав.
Советник Дино Иванов: Јас додека е тука Командирот, сакам да апелирам нешто.
Малку мислам дека во градот има така да не речам дивеање со автомобили особено
по Булеварот и има 2 улици што се многу голем проблем во градот, тоа е од „Кул“ и
„Гала“ нагоре цело време е паркирана и кај Книжарата „Кутлеш“ кај „Централ“ и
таа улица е цело време паркирана, таму нема шанси да се разминеш.
Командирот Љупчо Петров одговори: Забелешката ти е на место, мислам на таа
тема сме дискутирале Јас сум веќе 6-та година тука присутен на Советот и во делот
на сообраќајот е проблем. Можеме да најдеме и кај Нас маана, Јас не велам дека
нема. Ама голем дел од проблемот е од објективни причини, од причина што
сообраќајната инфраструктура на Виница е направена од како е градот не
знам.....Возилата секоја година константно ни се зголемуват, што значи дека таа
бројка е се понагоре и понагоре. Јас еве да Ви кажам пример сега кога беа Нашите
од странство, едноставно Ние немавме човечки капацитети да можеме да го
покриеме тоа целото, со тие луѓе со кои располагавме Ние, Ние не можеме да го
покриеме. А паркинг местата ги знаеме, да не зборуваме колку се паркинг места,
застој немало. А во делот на казнувањето на прекршоците, во тој дел точно немам
извадено ама да Ви кажам право за тие поединци за кои зборувате мислам дека
целта не е на денешниот Извештај Јас со име и со презиме да кажувам. Ама на
одредени лица за кои Ние еве знаеме, ќе поминат со кола или мотор, еве некој да
дојде да рече дека го интересира, да му извадам дека за еден или двајца што ги знам
за кои мислите, само во таа година сигурно имат барем 30-40 казни во тој дел.
13

Имаме сега Ние и во делот на ноќно техничките средства се подобруват од причина


што веќе имаме радари за ноќно снимање и сите сте ги приметиле. Нема веќе такви
прекршоци санкционирани со многу големи пречекорувања. Фативме еден на 109 во
11 часот на автобуската, што е стварно дивеење, ама не е оставено да се
несанкционира. Техничките средства во делот на радарите сега се направени, еве и
мене да ме фатат и мене ме сопирале за брзо возење и мене ми пишаа казна. Има
проблем со тие со возилата во делот на поголема бучава што стварат. Стандардот е
многу дигнат високо за возилата, мислам дека е 104 децибела. И сите тие возила
што велиме што Ние сме ги носеле на технички средства поминуват, велат дека
едноставно стандардот е толку и може да го управува. А со паркингот ќе биде
проблем мислам и во перспектива, Наше е санкционирањето ама делот на
инфраструктурата мислам дека Полицијата нема моќ, нема надлежност, едноставно
не можеме нешто посебно да направиме.
На прашањето од советникот Венцо Вуинов: Најпрво сакам да прашам колку
вработени моментално има ПС Виница, отприлика, точен број не може, Командирот
Љупчо Петров одговори: Бројот на вработените е систематизиран и степенуван како
строго доверлива категорија и Јас како бројка не можам да Ви кажам. Сакам да Ви
кажам дека таа бројка по последната систематизација, Ние сме пополнети некаде
околу 60 %. Дали таа систематизација ќе оди понатаму или нема да оди, тоа го
работи Министерството, ги носи тие акти на систематизација преку Владата, Ние
сме само последни преку Нас се извршува.
Советник Венцо Вуинов: Забелешката што ја даде колегата Дино и Јас ја имам, Ние
сме ја спомнувале неколку пати на Совет, не знам дали последниот пат можеби Ваш
колега присуствуваше исто му спомнавме зборуваме низ градот, по улиците каде
што се движат дечињата, каде што се движат старите луѓе па и останатите. Имаме
сограѓани кои што не се совесни и возат со многу голема брзина. Во ред е ако се
вози околу 40-50 ама забележуваме и коли кои што возат многу повеќе и
стартување. Тука ќе мора пак апелираме и Ние како Совет сме и должни тоа да го
апелираме, да наложите на Вашите вработени да се ангажирате околу тој дел и да се
преземат поригорозни мерки. Јас го разбирам тоа и се надевам дека е така дека
едните исти можеби постојано ги прават тие работи, тоа несовесно возење, но
сигурно имате и Вие некои можности за некои строги санкции да речам, не знам
можеби има можност и за одземање на возило или не знам што како. Инаку се јавив
за збор за да, чисто ме мотивираше оваа несреќа што се случи пред некој ден во
Виница бидејќи тоа не е прв пат и се случува слушаме во Нашата околина во
истокот на Македонија често се случува. Знаеме сведоци сме колку често во Кочани
се случува, колку често во Виница, во Делчево, Берово, Штип, Радовиш, многу
често слушаме. Пред извесно време, еден Наш сограѓанин кој што живее во Италија,
на истата тема разговаравме и тој кажа дека во регион близу Алпите имало исто
такви проблеми. Млади луѓе кои што добиваат после 18 години или како е кај нив,
не сум точно информиран возачка дозвола и навечер лудуваат сигурно под дејство
на алкохол и правеле проблеми и постојано имало смртни последици кај тие млади
деца. Тоа ја всушност вознемирило јавноста во тој регион во Италија, светнала
црвената сијаличка и веднаш се собрале одговорните луѓе, претпоставувам
Полиција, можеби Градоначалници и.т.н. и решиле да преземат одредена мерка. Ова
чисто го кажувам како еден потик или една сугестија што би можело да пренесете
Вие на своите претпоставени. Таму се донело одлука од страна на тој регион, на
регионот кој што бил засегнат да речеме од одредена дата, од тогаш натаму да
речеме секој млад кој што ќе вози автомобил кој не е дозволено за почетници имаме
до кои киловати може да се вози и ако во случај е истовремено и пијан и не знам
14

таму со други карактеристики, да му се одземе возилото и човекот што ми ја


раскажуваше ситуацијата, ми рече дека плаќале огромни суми, за Италија се тие
големи суми 30 илјади евра казна. Верувајте таа санкција имала резултат и кажа
дека веднаш после неколку викенди или месеци да речеме, ситуацијата се
нормализирала и немало повеќе инциденти со смртни последици. Така да чисто ова
го давам како една идеја, не мора овде да се преслика кај На, но сигурно дека може
за да не слушаме и да не сме сведоци на вакви несакани дејства што се случуваат и
последици од возење на млади луѓе навечер обично тоа се случува навечер, знаеме
дека многу ретко се случува преку ден.
Командир Љупчо Петров: Повеќе е некоја констатација, Јас ќе се согласам со Вас во
овој дел. Во делот на санкциите не можеме Ние ништо да направиме од причина
што санкционирањето е во некоја друга свера. Законските решенија ги носи друга
институција, Ние само постапуваме. Во делот на предлогот, евентуално одземање на
возило или некоја друга санкција забрана за управување, тоа е регулирано со закон
сега за сега нема таква можност. За возач почетник и за возило поголемо од 77
киловата е направено за тие почетниците, казната е 200 евра. Што значи дека има и
такви казни, така да не викаме дека нема. Во делот на препораката Ваша, мислам
дека има кај Нас и оддел за превенција дека може и нешто да се направи и во тој дел
ама од друга страна еве Јас лично од мое искуство гледајќи ги пошто ги следам
казните, немаме Ние во последно време, точно е дека има ама Ние безбедноста е
субјективно доживување, многу пати. Ние на пример секој ден сме со тие проблеми,
на пример многу полесно Јас ќе поднесам убиство и тешка сообраќајна несреќа
пошто е секој ден. Вие сте сите граѓани, сите сме граѓани, ќе го видите да, ама
Полицијата е таа бројка, не можеме Ние да бидеме присутни едноставно на сите
места каде може да се извршуват прекршоци. Така да таа проблематика е и во делот
на тие последиците од сообраќајните незгоди, сега е во овој период точно да ама
некогаш многу пати може да се случи од една сообраќајка да има и повеќе жртви и
било и ќе биде. Но воглавно генерално погледнато, во делот на сообраќајните
незгоди, не е којзнае колку загрижувачка состојбата, имало со смртни последици,
тешки телесни повреди, ќе има и понатаму. Наше е во делот да преземаме и тоа ќе
си продолжи и мислам дека ќе може да се направи некое подобрување во тој дел.
Советник Сашко Митев: Со оглед на тоа дека наскоро почнува учебната година, ќе
имаме распределба исто на сообраќајни полицајци на местата раскрсниците долу
каде што има многу раздвиженост наутро, комбиња тие ред работи, да се регулира
тоа.
Командир Љупчо Петров: На ниво на Министерство откако се случија тие некои
други инциденти, со тиме мислам дека беше со некои ученици беше по Скопје е
воведена оперативна акција дозвола и во тој дел имаме преземено и преземаме во
последно време доста мерки. Во делот на контрола на јавен превоз кој што вршат
превоз на патници и на ученици. За учениците знам дека е 1 септември, правило е и
пракса е секоја година на почетокот ангажманот е Наш, Ние секогаш во почетокот
еве мислам дека тоа не е цела година ама пред школите секако ќе имаме полицајци,
во делот на некои покажувања таму, насоки кои треба да ги преземат, едноставно од
воспитен аспект према учениците, а од друга страна и преземање евентуално и на
санкции према несовесни возачи или други некои. Така да овој дел со почнување на
школската година ќе оди, а и во делот на таа оперативната акција дозвола која што
се спроведува, мислам дека и ќе продолжат активностите пошто ни е уште на сила.
Така да мислам дека тука нема да има проблем барем сега, Ние немаме можности да
покриваме цело време ама барем во почетниот период на школската година и во
15

текот на со другите активности кои ни се предвидени и планирани, мислам дека во


делот на безбедноста на учениците ќе одговориме како што треба.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 4 и го стави на гласање Извештајот за работа на ПС Виница за
првото полугодие на 2022 година.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 14 гласа ЗА, нема
присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Извештајот за работа на ПС
Виница за првото полугодие на 2022 година.
5-та точка од Дневниот ред е Годишен извештај за работата на ООУ „Славчо
Стојменски“ - Виница за учебната 2021/2022 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности, беше
разгледан Годишниот извештај за работата на ООУ „Славчо Стојменски“ - Виница
за учебната 2021/2022 година и со 4 гласа ЗА, предлагаме на Советот да биде
усвоен.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 5 од Дневниот ред.
Советникот Сашко Митев праша: Имам прашање до директорот, дали се во план во
наредната учебна година, да го осветлат игралиштето, Спортската сала и дали ќе
одат учениците во две смени?
Директорот на ООУ „Славчо Стојменски“-Виница, Горан Иванов одговори:
Прашањата се однесуват повеќе за Годишната Програма, ова е Годишен извештај,
но не е проблем. Ние, Јас и на Комисијата кажав, како училиште имаме поднесено
неколку проекти. Еден од тие проекти кој што го изработуваме сега е комплетно да
се игралиштата спортските, комплетно да ги реновираме. Тука има дете на вработен
во општината, има освоено прво место на натпревар по кинески, беше и на
промоција во Кинеската амбасада, имаме конатакти со Кинеската амбасада, тимови
од школото и амбасадата веќе работат и ќе почнеме да го изработуваме проектот.
Тоа е проект за игралиштата, комплетно и да ги заградиме со ограда и долу подлога
да се стави и кошови и голови позади каде е паркингот да се направи за децата како
лулашки и со рефлектори да се осветли. Тоа е проект кој што го правиме и ќе го
поднесеме, до 1 јануари треба да го поднесеме до Кинеската амбасада за тој дел. И
второто прашање, беше дали ќе одат во една смена, да, градежните активности се
при крај, сметам Јас дека утре ќе завршат, училници се поделени, надворешен
простор, тераса е адаптиран, училиштето е подготвено, во новите училници се
ставени нови табли, проектори, телевизори. Комплет се се опремени училниците се
поделени и од 1 септември петнаесет за осум почнуваме сите со едносменско
работење. Уште малку има од градежните работи, но очекувам дека до утре најкасно
ќе завршат. Како и секоја година, училиштето на крај на учебна година, изготвува
Извештај, Годишен извештај, во кој се вметнати сите резултати од реализацијата на
воспитно образовната работа која што е планирана со Наставниот план и Програма.
Во Извештајот комплетно се вметнати комплет сите активности и сите резултати на
училиштето, почнувајќи од податоци за училиштето, број на вработени, број на
ученици, па до видови на настава, задолжителна настава, изборна настава,
дополнителна настава, додатни настави, работа со деца со посебни потреби, работа
со талентирани деца. Комплетно е вметнато таму она што е, неколку работи кои што
се карактеристични, може да ги набројам, а тоа го знаеме сите, проблем на државата
дека бројот на деца се константно намалува. Успехот во споредба со претходната
година е малку помал, изостаноците на учениците во споредба со претходната
16

година се малку помали. Сето тоа сме го ставиле како негативна страна кое што е
вметнато во Годишната Програма оваа година која што ќе треба да се поработи
малку повеќе на тоа. Друго се комплетно е во Извештајот ставено таму, ако има
прашање поврзано со Извештајот, може да прашате да одговорам.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 5 и го стави на гласање Годишниот извештај за работата на
ООУ „Славчо Стојменски“ - Виница за учебната 2021/2022 година.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Годишниот извештај за работата на ООУ „Славчо
Стојменски“ - Виница за учебната 2021/2022 година.
6-та точка од Дневниот ред е Годишна Програма за работа на ООУ „Славчо
Стојменски“ - Виница за учебната 2022/2023 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности, беше
разгледана Годишна Програма за работа на ООУ „Славчо Стојменски“ - Виница за
учебната 2022/2023 година и со 4 гласа ЗА, предлагаме на Советот да биде усвоена.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 6 од Дневниот ред.
Директорот на ООУ „Славчо Стојменски“-Виница Горан Иванов, истакна: Врз
основа на указите, препораките, нормативите, правилниците на Министерството,
врз основа на Статутот на училиштето, секоја година изработуваме Годишна
Програма. Во Годишната Програма ги вметнуваме сите активности кои што
планираме да ги реализираме во текот на учебната година. Годишната Програма Ви
е презентирана, во Годишната Програма се наведени се она што треба да се
реализира, оној педагошки дел што е наставата, ученици, задолжителни,
незадолжителни, го имате. Ако има прашање, можам да одговорам, Јас можам само
да кажам, тоа и на Комисијата го кажав оние што се Планови како Планови на
училиштето кои што Ние планираме во наредниот период да ги реализираме, а тоа е
дека еве кажавме дека од 1 септември стартуваме со една смена, со едносменско
работење, а тоа е голем проект за училиштето затоа што заштедуваме електрична
енергија, заштедуваме топлотна енергија и најбитното го задоволуваме оној
психолошки ефект на вработените пошто знаеме дека добар дел од вработените беа
незадоволни затоа што што се одат во иста смена. Пред некоја година имаше обид
да се направи двосменско работење, знаеме како заврши еве сега со овој проект што
го правиме, го решаваме и тој проблем. Друга работа е училиштето е вклучено во
проект, тоа е проект на Светска банка, проект во кој се влезени 80 училишта каде
што ќе се снабдуват училиштата со информатичка опрема, компјутери и клима
уреди и инсталацијата електрична зголемување за интернет. Тоа е проект на Светска
банка, веќе е влезено училиштето, екипи од Министерството за образование и наука
веќе беа во училиштето, скенирана е инсталацијата, очекуваме до Нова година да
добиеме компјутери, клими, не знам тие ќе направат проценка што може да донират
за училиштето. Меѓутоа важно во 80 училишта во Државата, влезено е и Нашето
училиште. Втор проект во кој што училиштето веќе е влезено и тој ќе се реализира,
тоа е исто на Светска банка, тоа е проект за деца со посебни потреби и училиштето е
веќе влезено, екипи од Министерството за образование и наука беа во училиштето,
скенирано е направен е проект, испратени, после Нова година очекуваме треба да ги
реновират вецињата доле и горе во училишната зграда со тоа што ќе се направи
посебна кабина за деца со посебни потреби и посебна пристапна рампа. До 10 август
имаше Повик на Минситерството за образование и наука, Ние имаме изработено
17

добар проект и тоа од Проектанско биро, проект кој што е за фасадата на


училиштето, поднесен е до Министерството, очекуваме за месец дена да се отварат
тие Понуди, очекуваме дека ќе ја добиеме и тој проект за комплетно обновување на
фасадата на училиштето со 10 мм. термоизолациона фасада. За Кинеската амбасада
веќе го кажав тоа и тоа треба да го поднесеме до 1 јануари. Друго, училиштето
комплетно сега летото имаше јавни набавки каде што комплетно опрема таму каде
што имаше потреба од наставниците комплетно обезбедена опрема и за прво,
одделение и за второ и за четврто и за петто според новата концепција, кабинет по
музичко комплетно ново опремен, кабинетот по хемија не е уште требаше да го
поврзат на водоводна инсталација меѓутоа очекуваме до крајот на септември дека ќе
го завршиме и тоа. Училиштето е подготвено, познавајќи ги материјалните средства,
познавајќи ги човечките, професионалните средства, не се сомневам односно сум
сигурен Програмата која што ни е планирана, успешно ќе ја реализираме.
Советник Александар Јованов: На страна 3 во Програмата се вели дека и оваа
година ќе работи две смени.
Директорот Горан Иванов одговори: Програмата е правена пред распустот,
Програмата е подложна на промени.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 6 и ја стави на гласање Годишната Програма за работа на ООУ
„Славчо Стојменски“ - Виница за учебната 2022/2023 година.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот ја усвои Годишната Програма за работа на ООУ „Славчо
Стојменски“ - Виница за учебната 2022/2023 година.
7-ма точка од Дневниот ред е Годишен извештај за работата на ООУ „Гоце
Делчев“ - Виница за учебната 2021/2022 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности, беше
разгледан Годишниот извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ - Виница за
учебната 2021/2022 година и со 4 гласа ЗА, предлагаме на Советот да биде усвоен.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 7 од Дневниот ред.
В.д.директорот на ООУ „Гоце Делчев“-Виница, Мара Јованова, истакна: Годишниот
извештај за работата на училиштето е документ кој ги содржи сите поважни
информации за учебната 2021/2022 година. Реализација на наставата според
задолжителните и изборните предмети, реализација на додатна и дополнителна
настава, слободните ученички активности и воннаставните активности, учество и
постигнување на учениците на општински, регионални и државни натпревари,
постигањата на учениците по паралелки и наставни предмети односно успехот на
учениците, поведението, редовноста, изостаноците на учениците и осипување на
учениците. Тоа е накусо што е дадено во Годишниот извештај за работата на
Нашето училиште за учебната 2021/2022 година.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 7 и го стави на гласање Годишниот извештај за работата на
ООУ „Гоце Делчев“ - Виница за учебната 2021/2022 година.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Годишниот извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ -
Виница за учебната 2021/2022 година.
18

8-ма точка од Дневниот ред е Годишна Програма за работа на ООУ „Гоце


Делчев“ - Виница за учебната 2022/2023 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности беше
разгледана Годишната Програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ - Виница за
учебната 2022/2023 година и со 4 гласа ЗА, предлагаме на Советот да биде усвоена.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 8 од Дневниот ред.
В.д.директорот на ООУ „Гоце Делчев“-Виница, Мара Јованова, истакна: Во
изготвувањето на Годишната Програма за работа на училиштето за учебната
2022/2023 година, учествуваа стручните служби и поголем дел од наставниците. На
почетокот во Годишната Програма за работа, се дадени просторните услови како во
Централното така и во Подрачните училишта, ресурси односно наставни средства со
кои што располага училиштето и во Централното и во Подрачните училишта во
с.Јакимово и с.Истибања, понатаму податоци за вработените, податоци за учениците
всушност структурата на учениците. Дадени се подрачјата на приоритети и цели за
учебната 2022/2023 година, проекти што се реализираат во училиштето, а тоа се
пред се проекти кои што се поврзани со воспитно образовната дејност, а проекти
кои се однесуваат за реконструкција се следниве: Подобрување на електричната
инсталација и подобрување на училиштето со ајти опрема. Тоа се проекти во кои
што сме влезени како училиште во учебната 2022/2023 година и исто така како
училиште на Јавниот повик од Министерството за образование и наука
аплициравме, поднесовме проект за реконструкција на кровот во ПУ с.Јакимово.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 8 и ја стави на гласање Годишната Програма за работа на ООУ
„Гоце Делчев“ - Виница за учебната 2022/2023 година.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот ја усвои Годишната Програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ -
Виница за учебната 2022/2023 година.
9-та точка од Дневниот ред е Барање Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на ООУ „Гоце Делчев“-Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за статут и
прописи, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за статут и
прописи, истакна: На Комисијата за статут и прописи беше разгледано Барањето
Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година во ООУ „Гоце Делчев“-
Виница. Комисијата со 4 гласа ЗА, предлага на Советот да биде усвоено.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 9 од Дневниот ред.
В.д.директорот на ООУ „Гоце Делчев“-Виница, Мара Јованова, истакна: Годишниот
план за вработување за 2023 година и Барањето Согласност од Вас како Совет, Ви е
доставен. Табела 1 под А моментално вработени во институцијата се 13, планирани
пензионирања под Б се 3, но планирани нови вработувања се 4. Зошто 4, затоа што
еден од вработените со Изјава го напушти работното место. Во Табела 4 имаме и
други пензионирања во 2023 година, тоа е на 13.02.2023 година сметководител и
20.10.2023 година секретарот во училиштето. Тоа се вработувањата кои што се
планирани во 2023 година.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 9 и го стави на гласање Барањето Согласност на Годишен план
за вработување за 2023 година на ООУ „Гоце Делчев“-Виница.
19

Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не


гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за давање Согласност на
Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Гоце Делчев“-Виница.
10-та точка од Дневниот ред е Годишен извештај за работата на ООУ „Кочо
Рацин“ - с.Блатец, Виница за учебната 2021/2022 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности, Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности беше
разгледан Годишниот извештај за работата на ООУ „Кочо Рацин“ - с.Блатец,
Виница за учебната 2021/2022 година и со 5 гласа ЗА, предлагам да биде усвоен.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 10 од Дневниот ред.
В.д.директорот на ООУ „Кочо Рацин“-с.Блатец, Виница, Иванка Спасовска,
истакна: За Годишниот извештај за работата на училиштето во учебната 2021/2022
година, ООУ „Кочо Рацин“-Блатец, според законот за основно образование изготви
Извештај како документ кој ја презентира состојбата на училиштето и реализацијата
на целокупната дејност во училиштето во 2021/2022 година. Сето тоа е сработено,
наведено во Годишниот извештај, сето е трнаспарентно изнесено на фејзбук
страната на училиштето, каде што е запознаена и пошироката јавност. Ако имате
нешто дополнително, можете слободно да прашате.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 10 и го стави на гласање Годишниот извештај за работата на ООУ „Кочо
Рацин“ - с.Блатец, Виница за учебната 2021/2022 година.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 14 гласа ЗА, нема
присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Годишниот извештај за
работата на ООУ „Кочо Рацин“ - с.Блатец, Виница за учебната 2021/2022 година.
11-та точка од Дневниот ред е Годишна Програма за работа на ООУ „Кочо
Рацин“ - с.Блатец, Виница за учебната 2022/2023 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности, Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности беше
разгледана Годишната Програма за работа на ООУ „Кочо Рацин“ - с.Блатец, Виница
за учебната 2022/2023 година и со 3 гласа ЗА, 2 гласа ВОЗДРЖАНИ и 0 ПРОТИВ,
предлагам да биде усвоена.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 11 од Дневниот ред.
В.д.директорот на ООУ „Кочо Рацин“-с.Блатец, Виница, Иванка Спасовска,
истакна: Годишната Програма за 2022/2023 година, беше изготвена според законот
за основно образование, законот за наставници и стручни соработници, законот за
работни односи и законот за јавни набавки и закон за организација, Правилници,
подзаконски акти, по укажување од Министерството за образование и наука, Бирото
за развој на образование. Доколку имате нешто да прашате, можете слободно да
прашате. Јас сакам само да напоменам за кровната конструкција имаме веќе
изработено проект кој беше претходно најавен од претходната директорка и сега
според нејзините најави, Ние го изработивме проектот, конкуриравме на МОН и ги
чекаме резултатите да видиме дали ќе ни одобрат средства. Доколку не ни одобрат,
Ние со Наши средства ќе си ја извршиме реконструкцијата на кровната
конструкција.
20

По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата


по точка 11 и ја стави на гласање Годишната Програма за работа на ООУ „Кочо
Рацин“ - с.Блатец, Виница за учебната 2022/2023 година.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот ја усвои Годишната Програма за работа на ООУ „Кочо Рацин“ -
с.Блатец, Виница за учебната 2022/2023 година.
12-та точка од Дневниот ред е Барање Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на ООУ „Кочо Рацин“- с.Блатец, Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за статут и
прописи, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за статут и
прописи, истакна: На Комисијата беше разгледано Барањето Согласност на
Годишен план за вработување во ООУ „Кочо Рацин“-с.Блатец, Комисијата со 5
гласа ЗА, предлага на Советот да биде усвоено.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 12 од Дневниот ред.
В.д.директорот на ООУ „Кочо Рацин“-с.Блатец, Виница Иванка Спасовска:
Секретарот на училиштето го изложи Годишниот план за вработување, ако има
потреба ќе одговарам на прашањата.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 12 и го стави на гласање Барањето Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на ООУ „Кочо Рацин“- с.Блатец, Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за давање Согласност на
Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Кочо Рацин“-с.Блатец,
Виница.
По оваа точка е разгледана 53-та точка од Дневниот ред Извештај за извршена
самоевалуација за работа на ООУ „Кочо Рацин“-с.Блатец, Виница за период 2020-
2022 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности, Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности
Извештајот за извршена самоевалуација за работа на ООУ „Кочо Рацин“-с.Блатец,
Виница, бидејќи подоцна беше доставен материјалот, не ја разгледавме и оставаме
на Советот да одлучи.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 53 од Дневниот ред.
В.д.директорот на ООУ „Кочо Рацин“-с.Блатец, Виница, Иванка Спасовска,
истакна: Самоевалуацијата на училиштето е процес на систематско и постојано
следење, анализирање и вреднување, со едноставна цел унапредување и
обезбедување на квалитетот во работата на училиштето. За да се изготви
самоевалуацијата, се користеше насоки од законот за основно образование,
индикатори за квалитетот на работата на училиштето изготвени од МОН и ДПИ. Во
самоевалуацијата е наведено предлогот од претходната директорка за
реконструкција на кровната конструкција и така Ние почнавме со изготвување на
проектот за реконструкција на кровната конструкција на Централното училиште во
Блатец. Ако имате други прашања, слободно прашајте.
Советничка Марија Манасиева: Бидејќи целта на самоевалуацијата е и
констатирање на фактичката состојба на училиштето и детектирање на клучните
јаки и слаби страни, би сакала да Ве прашам кои се тие јаки според евалуацијата,
21

кои се слаби и како Вие како раководно лице планирате да пристапите кон
подобрување на клучните слаби страни.
В.д.директорот Иванка Спасовска одговори: Јаките страни на училиштето,
претходната директорка има изготвено неколку јаки страни каде што
реконструираше влезот на училиштето, го опреми училиштето со LCD проектори,
со техничката поддршка, а Ние се стремиме како училиште да го реконструираме
кровната конструкција на Централното училиште каде што мислиме дека е во
критична состојба.
Советничка Марија Манасиева: Го поздравувам ангажманот и успесите на
претходната директорка во поглед на инфраструктурните подобрувања на
училиштето. Конкретно за Вас ми е прашањето имате клучни слаби страни, како
недоволни обуки за наставниците, за деца со посебни потреби бидејќи „Кочо
Рацин“-Блатец беше многу познато до скоро. Потоа имате недостаток на соработка
со бизнис заедницата и останати клучни страни. Сакам да Ве замолам да ги наведете
клучните слаби страни и да образложите на Советот на општина Виница како
планирате да се справите со нив.
В.д.директорот Иванка Спасовска одговори: Целта на самоевалуацијата е
наставниот кадар да извршиме поголема обука спрема наставниот кадар за работа со
деца со посебни образовни потреби, да ја овозможиме соработката со бизнис
секторот, да го појачаме за да можеме што повеќе да собереме финансиски средства
за да можеме да го реконструираме ПУ во с.Липец.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 53 и го стави на гласање Извештајот за извршена самоевалуација за работа
на ООУ „Кочо Рацин“-с.Блатец, Виница за период 2020-2022 година.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Извештајот за извршена самоевалуација за работа на ООУ
„Кочо Рацин“-с.Блатец, Виница за период 2020-2022 година.
13-та точка од Дневниот ред е Годишен извештај за работата на ООУ „Никола
Парапунов“ - с.Драгобраште, Виница во учебната 2021/2022 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности, Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности, беше
разгледан Годишниот извештај за работата на ООУ „Никола Парапунов“ -
с.Драгобраште, Виница во учебната 2021/2022 година и со 5 гласа ЗА, предлагаме на
Советот да биде усвоен.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 13 од Дневниот ред.
В.д.директорот на ООУ „Никола Парапунов“-с.Драгобраше, Виница Дејан Михајлов
истакна: Беше доставен Годишниот извештај за работата на ООУ „Никола
Парапунов“ - с.Драгобраште, усвоен е, Јас сум в.д.дитектор, ако имате некои
прашања, повелете.
Советник Зоран Ристовски: Со оглед на тоа дека сум вработен во ООУ „Никола
Парапунов“, по оваа точка ќе се изземам од гласање.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 13 и го стави на гласање Годишниот извештај за работата на ООУ „Никола
Парапунов“ - с.Драгобраште, Виница во учебната 2021/2022 година.
Од присутните 15 советници, со 14 гласа ЗА, 1 присутен советник (Зоран
Ристовски) се иззема од гласање, Советот го усвои Годишниот извештај за работата
на ООУ „Никола Парапунов“ - с.Драгобраште, Виница во учебната 2021/2022
година
22

14-та точка од Дневниот ред е Годишна Програма за работа на ООУ „Никола


Парапунов“ - с.Драгобраште, Виница за учебната 2022/2023 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности, Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности, беше
разгледана Годишната Програма за работа на ООУ „Никола Парапунов“ -
с.Драгобраште, Виница за учебната 2022/2023 година. Со 3 гласа ЗА, 2 гласа
ВОЗДРЖАНИ и ниту еден ПРОТИВ, предлагам на Советот да биде усвоена.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 14 од Дневниот ред.
Советник Зоран Ристовски: И по оваа точка, сакам да најавам дека ќе се изземам од
гласање.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 14 и ја стави на гласање Годишната Програма за работа на ООУ „Никола
Парапунов“ - с.Драгобраште, Виница за учебната 2022/2023 година.
Од присутните 15 советници, со 14 гласа ЗА, 1 присутен советник (Зоран
Ристовски) се иззема од гласање, Советот ја усвои Годишната Програма за работа на
ООУ „Никола Парапунов“ - с.Драгобраште, Виница за учебната 2022/2023 година.
По оваа точка е разгледана 35-та точка од Дневниот ред Барање од ФК Слога-
1934 Виница, на дополнителни финансиски средства.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање,
буџет и локален економски развој, истакна: Комисијата за финансирање и буџет на
26.08. ја одржа 10-та седница, меѓу другото разговараше и за оваа точка, за
дополнителни финансиски средства на ФК Слога -1934. Со предлог Ребалансот на
буџетот што ќе разговараме некоја точка понатаму, можеме да видиме дека на оваа
ставка има ставено дополнително 1.000.000,00 денари за финансирање на
Спортските клубови, па предлагам тие 1.000.000,00 денари сите да бидат доделени
на Слога. Со 5 гласа ЗА, Комисијата го има истиот став.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 35 од Дневниот ред.
Советник Дино Иванов: Се убаво што се прави за спортот, ама некако имам
мислење и други граѓани и Јас го делам истото мислење дека и сега и пред 4 години,
некако многу пари одат на контото на Слога, а многу проблеми во градот не се
решени.
Претседателот на ФК Слога -1934 Виница, Дејан Михајлов одговори: Дополнителни
средства бараме, од тие 1.000.000,00 денари ако ни ги изгласате, 500.000,00 денари
ќе одат за котизација, за натпревари само за да се натпреварува сениорската екипа
во единствена Втора Македонска фудбалска лига, 100.000,00 денари ќе одат за
котизација за младинските екипи. Моментално во Слога тренират преку 130 деца и
за да не може само да тренират, мора да се натпреваруват во лиги, за тие лиги
секогаш мора да се плаќа. Тоа се плаќа се на Федерацијата, тие 100.000,00 денари
котизација одат на Федерациајта за да може младите деца да се натпреваруват.
Посебно тука имаме трошкови за превоз на прва екипа, превоз на младински
категории, хранарина за прва екипа, сместување. Спортот не е евтина работа
меѓутоа е претставник на Виница и Виница како град, ја имаме само Слога.
Моментално се натреваруваме во лига каде што има екипи брендови Вардар,
Пелистер, Гостивар, Охрид, Тетекс. Така да мислам дека треба да се помогне колку
може на Слога. Во текот на неделата ќе објавиме спонзорство со 2 фирми, Управата
23

активно работи потпомогната и од сите други граѓани, за да се изнајде решение да


не зависиме само од Локалната самоуправа туку и преку спонзорски договори и
реклами да се обезбедат прилично задоволителен број на финансиски средства за
функционирањето на клубот.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 35 и го стави на гласање предлогот од Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, за одобрување на финансиски
средства во висина од 1.000.000,00 денари.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои предлогот и донесе Одлука за одобрување на
дополнителни финансиски средства во висина од 1.000.000,00 денари на ФК Слога-
1934 Виница, за реализирање на активности во 2022 година.
15-та точка од Дневниот ред е Барање Согласност за формирање на паралелки
со помал број ученици од законски утврдениот број за учебна 2022/2023 година во
СОУ „Ванчо Прке“-Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница беше разгледано Барањето за фомирање на
помали и поголеми групи и со 5 гласа ЗА, предлагам да биде усвоен на Советот.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 15 од Дневниот ред.
Директорот на СОУ „Ванчо Прке“-Виница, Тихомир Тасев, истакна: За СОУ „Ванчо
Прке“-Виница, Ние според огласот распишавме оглас за 7 паралелки. Меѓутоа
Министерство за образование со допис не извести дека ќе скратат по една паралелка
во гимназиско и во стручно образование. Со дополнителни информации
претходната недела бевме известени дека со ново Барање за добивање на
Согласност, тоа што го имаме добиено од 27.07. бараме Согласности да бидат
раздвоени односно да тие 2 паралелки кои што ги имаме споено од 3 гимназиски на
2, да бидат раздвоени и стручните бидејќи прехранбената и текстилната беа
поврзани, да бидат раздвоени. Тоа Барање го бевме доставиле претходната недела и
чекаме одговор. Се до овој момент официјално го немаме добиено, со контакти со
Министерството тоа е денеска одлучено и испратено, но се уште го немаме Ние
добиено. Ние бараме Согласност за 7 паралелки бидејќи со 5 паралелки ќе имаме
голем проблем бидејќи поголем дел од наставниците кои што се вработени ќе
останат без часови. Во овој момент официјално ја немаме добиено таа Согласност,
малку се наоѓаме во безизлезна ситуација бидејќи не е исто 5 паралелки и 7
паралелки. Ако изгубиме сега 2 паралелки, ќе имаме голем проблем не само оваа
година и понатаму. Ветено е и како што имам информации и рекоа дека е испратено
денеска бидејќи таа Согласност, Ние Барањето претходната недела го имаме
доставено, чекаме одговор, денеска ако е пратено и архивирано најверојатно до утре
ќе стигне, ама сега... Таа е таа реална состојба.
Советничка Марија Манасиева: Јас како вработена во училиштето, ќе се изземам од
гласање ама сакам да потенцирам мислам дека дојде до забуна бидејќи Јас сум член
во оваа Комисија, Претседателот на Комисијата всушност реферираше за точката
помали и поголеми групи во градинките, а не за паралелките. Оваа точка воопшто
не беше на Комисија, не беше гласана на Комисија, корекција да се направи на тоа.
Советник Сашко Дончев: Да, дојде до мала грешка сакам да се извинам, малку ја
смешавме точката. Имаше 2 точки за „Ванчо Прке“, тие не беа разгледани, мислев
дека ќе бидат повлечени, беа оставени за Совет да се разгледа.
24

Точката е повлечена од Дневниот ред бидејќи се уште нема добиено


Согласност од Министерството за образование.
16-та точка од Дневниот ред е Барање Согласност на измена на Годишен план
за вработување за 2023 година на СОУ „Ванчо Прке“-Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за статут и
прописи, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за статут и
прописи, истакна: На Комисијата беше разгледано Барањето Согласност за измена
на Годишен план за вработување за 2023 година на СОУ „Ванчо Прке“-Виница. Во
дискусија со директорот, заклучивме дека барање на директорот било да достават
измена на Годишен план за вработување за 2022 година, а материјалите беа за 2023
година. Затоа на Комисијата беше оваа точка да биде повлечена и доколку треба да
се разговара за 2022 да биде дополнително доставено денес на Советот.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 16 од Дневниот ред.
Директорот на СОУ „Ванчо Прке“-Виница, Тихомир Тасев, истакна: Мало
појаснување и Јас и Комисијата малку дојдовме во заблуда бидејќи тие Годишниот
план за вработување за 2022 година е завршен. Тој Годишен план е за 2023 година,
има еден служител кој сака да оди во меѓувреме со Изјава во пензија, оваа година не
може за 2022. Фактички во 2023 година ќе биде таа измена, добро е напишано, за
2023 е измената, за дополнително уште еден технички персонал. Се е добро
напишано бидејќи Ние се консултиравме и со Министерство за информатичко
општество, малку се комплицирани како да Ви кажам, со тие Согласности,
добивање и измени. Ова е само измена на Годишниот план за вработување за 2023
година.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 16 и го стави на гласање Барањето Согласност на измена на Годишен план
за вработување за 2023 година на СОУ „Ванчо Прке“-Виница.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 13 гласа ЗА, 1
присутен советник (советничка Марија Манасиева) се иззема од гласање, Советот го
усвои Барањето и донесе Одлука за давање Согласност на измена на Годишен план
за вработување за 2023 година на СОУ „Ванчо Прке“-Виница.
Директор Тихомир Тасев: Околу Извештајот и Програмата, имаше точка, според
законот за средно образование до 31 август, доставува средното, не е како во
основните, бидејќи Ние до пред 2 дена веќе имавме матура, Извештајот и
Програмата уште не ни се усвоени, а законски до 31 август треба да ги доставиме па
во септември на таа седница, ќе бидат разгледани Извештајот и Програмата на СОУ
„Ванчо Прке“-Виница.
17-та точка од Дневниот ред е Годишен извештај за работата на ОЈУДГ Детска
градинка „Гоце Делчев“-Виница за периодот 2021/2022 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности, Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности, беше
разгледан Годишниот извештај за работата на ОЈУДГ Детска градинка „Гоце
Делчев“-Виница за периодот 2021/2022 година. Со 3 гласа ЗА, 2 гласа
ВОЗДРЖАНИ и 0 ПРОТИВ, предлагаме на Советот да биде усвоен.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 17 од Дневниот ред.
В.д.директорот на Детската градинка „Гоце Делчев“-Виница, Милка Стаменкова,
истакна: Извештајот за Програмата за работа на Детската градинка „Гоце Делчев“-
25

Виница за периодот 2021/2022 година. Ќе се осврнам за Извештајот на директорот,


Извештајот се состои од повеќе делови: Извештај на логопед, на музички педагог,
Извештај на педагог и Извештај на воспитувачите. Другите Извештаи ги имате во
прилог, сигурно се надевам дека ги имате погледнато, Јас ќе се осврнам за
Извештајот на директорот. Од покрупните финансиски проекти, од сопствени
средства целосно се заменети надворешното осветлување во објект 1 и објект 2,
поставување на ламинат со термо и хидроизолација во сите занимални во
градинката, бидејќи епоксидот беше целосно издигнат и целосно се заменети сите
електрични табли на електрична енергија бидејќи имавме пожар во градинката.
Обновување и крпење на постоечките котли за готвење храна на пареа,
дополнително купување на прибор за јадење и готвење, набавка на бела техника,
машини за перење, машини за сушење, бојлери и.т.н. Во меѓувреме сите други
тековни проблеми ги решававме, од невремето имавме таваните во детската
градинка во објект 2 беа паднати и тие се санирани. Ако имате нешто да ме прашате,
слободно прашајте ме.
Советничка Марија Манасиева: Би сакала да се осврнам малку од Извештајот на
здравствената заштита т.е.превентивата за здравствена заштита. Колку таа се
спроведува, дали сметате дека беше успешно спроведена, ако имаше резултат како
епидемија коксаки во градинката. Во градинката оваа година се случиле пожар,
кренат епоксид, епидемија на коксаки меѓу децата и.т.н. Моето второ прашање од
Извештајот се однесува на 27-ма страница број 59 од вработените. Сакам да Ве
прашам како в.д.директор, дали сметате дека е оправдано и правилно работење на
еден в.д.директор да оди против законски, со тоа што ќе вработува луѓе кои што
немаат Лиценца за негователи и детска грижа.
В.д.директорот Милка Стаменкова одговори: Почитувана советничка Марија
Манасиева, кога станува збор за епоксивниот под што беше издиган, епоксивниот
под како што кажав на Комисијата, беше поставен пред една година, за истиот беше
дадено 2 милиони денари, целиот беше издиган и сега тоа е на глава на
в.д.директорката. Целиот тој се санира и се е во непречен ред. Кога станува збор за
пожарот, не беше тоа пожар, тоа беше мала интервенција од страна на мајстор.
Моравме да ги смениме електричните осигурувачи за заштита на децата затоа што
тоа не беше правено од како е отворена градинката. За коксаки, навремено беше
известено Јавното здравје, беше направена дезинфекција од Наша страна и од нивна
страна, така да тоа се санираше на време. За вработените без Лиценца, Ние немаме
доволно кадар, известена е инспекторката од труд и социјална политика, дека истата
што е вработена во Блатец, мислам дека за таму се однесува, известена е
Министерката за труд и социјална политика дека немаме кадар и таа е поднела да
полага за Лиценца во февруари, но за жал се уште не е викната и Јас морам по
известување на нив, да постапам како што треба.
Советник Гоце Милевски: Сега една работа не ми е јасна, дали Ви е дало
Министерството налог да ја запослите без Лиценца?
В.д.директорот Милка Стаменкова одговори: Не Министерството не ни е дало, Ние
ја прашавме инспекторката.
Советник Гоце Милевски: Сега една работа е Вие да тврдите дека немате кадар, па
земате на свое да си запослите лице кое што нема Лиценца, а после велите дека во
договор со Министерството, тоа Ви одобрило и сте ги послушале нив и сте
вработиле лице кое што не е соодветно односно нема Лиценца.
В.д.директор Милка Стаменкова: Јас пред малку како што кажа Гоце, дека
инспекторката во труд и социјална политика е известена за истото и Јас не можам
децата да ги оставам на цедило, со тоа што некој си игра со судбината на децата и не
26

дава да се полага за Лиценца веќе цела година. Нема кој да ги чува децата,
родителите реагират и кој и да е на тоа место, секој така ќе постапи.
Советник Гоце Милевски: Не е сериозна оваа работа директорке. Немате одобрение,
а запослувате лице кое што не е соодветно и нема Лиценца. Треба да си направите
распоред внатре во институцијата. Ако е така како Вие што велите, Ние сега
можевме и на претходниот директор да му усвоиме Барањето за паралелките, а нема
Согласност од Министерството. Мислам дека не е во ред тоа така.
В.д.директор Милка Стаменкова: Кај Нас не е со согласност на Министерството, кај
Нас вработената е на Договор на дело. Не е ниту осигурана туку е на Договор на
дело, како вршител на дејноста привремено додека се најде или некој со Лиценца да
излезе или додека таа земе Лиценца. Јас децата морам да ги згрижам, не можам да
ги оставам на патот.
Советничката Марија Манасиева праша: Директорке, дали Вие пред тој потег
воопшто се консултиравте со надлежни од Министерството како да постапите во
таков случај или на своја рака го решивте тоа, како што решивте и да објавите кој ќе
биде следен кадар вработен во градинката, а за тоа нема Оглас, ниту известување, а
веќе беше објавено дека Даниела Даневска од 1 септември ќе води група во
градинката и беше истакнато дури доста храбро на двете градинки. Значи Вие
донесувате некои одлуки според ова, на своја рака кои што се косат со законот, кои
што воопшто не се со согласност со прописите.
На прашањето, д.д.директорот Милка Стаменкова одговори: Јас како директорка,
морам да планирам кој ќе тргне на работа, таа мора да има Лиценца за работа и
мора предвреме, Јас не сум со натприродна моќ како што кажавте Вие. Јас морам да
знам кој ќе ми тргне на мене на работа и таа истата да биде со соодветно
образование и со Лиценца за работа. Во истиот ден кога се објавени групите, таа во
градинката го потпиша Договорот со целосни документации и се во ред. Истата таа
особа Даниела Даневска, работеше во градинката 5 години и е со соодветно
образование, Вие штом веќе почнавме така, Вие ја нападивте од работа и примавте
несоодветен кадар со несоодветно образование. Сега дали директорката ќе има
натприродна моќ да види понатаму што ќе се случува.
Советничка Марија Манасиева: Г-ѓо директорке, Вие само што кажавте дека Вие до
сега сте имале кадар кој што сте можеле да го вработите на местото на Емилија, а
Вие сте зеле некој без Лиценца. Вие сте ја имале Даниела која што била со искуство,
но Вие сте решиле да земете некој без Лиценца.
В.д.директор Милка Стаменкова: На Даниела Даневска Лиценцата и излезе пред 2
месеци со продолжување. И истото ако не сте запознаени, да Ве запознаам Даниела
Даневска е неговател, а Емилија Димитровска е воспитувач, има многу разлика.
Советник Сашко Дончев: Јас мислам директорката убаво објасни дека е запознаен
инспектор за труд и социјална политика. Што Ние објаснуваме, како, зошто. Си има
инспектор, ако нешто не е во ред, ќе си постапи. Популизам тука мислам малку да
го намалиме.
В.д.директор Милка Стаменкова: По увид на Министерката за труд и социјална
политика, таа беше кај Нас во август. Бидејќи и самата согледа дека навистина нема
во Блатец, кој да ги учи децата, ни даде можност на истата Емилија воспитувач во
Блатец и даде во можност до ноември, декември да се стекне со Лиценца. Тоа ми
стои со Записник, ама да ми кажевте Марија зошто тоа го нема на Дневен ред, ќе бев
повеќе спремана со документи, со Записници од Министерката, од инспекторката.
Советничка Марија Манасиева: Би апелирала до директорката најпрвин, пред да
стане да побара збор и да го почитува Претседавачот на Советот, како што правиме
сите Ние тука. Друго, не сметам дека сум должна да Ве известам како советник
27

избран од граѓаните на општина Виница, за што сакам да дискутирам со Вас. Друго,


Вие во вашиот Годишен извештај ја доставувате листата на тие вработени и треба да
дојдете подготвени овде, да дискутирате и да стоите зад тоа на што имате ставено
потпис.
В.д.директор Милка Стаменкова: Не дека не бев подготвена, Записникот требаше да
го земам. Во Записникот убаво стои и запиши Претседателе, на наредната седница
ќе го донесам. Ајде кажи ти Марија Манасиева, на мое место да си ти, дали ќе ги
оставиш децата во Блатец на патот зошто воспитувачката нема Лиценца, а до
Министерството цела година има поднесено и нема право да полага.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 17 и го стави на гласање Годишниот извештај за работата на ОЈУДГ Детска
градинка „Гоце Делчев“-Виница за периодот 2021/2022 година.
Од присутните 15 советници, со 8 гласа ЗА и 7 гласа ПРОТИВ, нема присутни
советници кои не гласале, Советот го усвои Годишниот извештај за работата на
ОЈУДГ Детска градинка „Гоце Делчев“-Виница за периодот 2021/2022 година.
18-та точка од Дневниот ред е Годишна Програма за работа на ОЈУДГ Детска
градинка „Гоце Делчев“-Виница за периодот 2022/2023 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности, Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности, беше
разгледана Годишната Програма за работа на ОЈУДГ Детска градинка „Гоце
Делчев“-Виница за периодот 2022/2023 година и со 3 гласа ЗА, 2 гласа
ВОЗДРЖАНИ и ниту еден ПРОТИВ, предлагаме на Советот да биде усвоена.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 18 од Дневниот ред.
В.д.директорот на Детската градинка „Гоце Делчев“-Виница, Милка Стаменкова,
истакна: Исто така што кажав што пишува во Извештајот, мора да го предвидиме во
Програмата. Во Програмата исто така има работа на воспитниот кадар, работа на
стручната служба и работа на директорот. Пак ќе се осврнам на работата на
директорот за тековната 2022/2023 година. Целосно реновирање на вецињата во
старата градинка, бидејќи се вон работа, во двата објекти јасленот дел ќе правиме
тераси заградени, покриени, со мек под за дечињата од јаслите да излезат надвор на
чист воздух и тековни други проекти што ги има во Програмата што мислам дека сте
ги прочитале.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 18 и ја стави на гласање Годишната Програма за работа на ОЈУДГ Детска
градинка „Гоце Делчев“-Виница за периодот 2022/2023 година.
Од присутните 15 советници, со 8 гласа ЗА, 6 гласа ПРОТИВ и 1 глас
ВОЗДРЖАН, нема присутни советници кои не гласале, Советот ја усвои Годишната
Програма за работа на ОЈУДГ Детска градинка „Гоце Делчев“-Виница за периодот
2022/2023 година.
19-та точка од Дневниот ред е Барање Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на ОЈУДГ „Гоце Делчев“ - Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за статут и
прописи Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за статут и
прописи, истакна: На Комисијата беше разгледан Годишниот план за вработување
за 2023 година во Детска градинка „Гоце Делчев“ - Виница. Комисијата со 3 гласа
ЗА и 2 гласа ВОЗДРЖАНИ, предлага на Советот да биде усвоено.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 19 од Дневниот ред.
28

В.д.директорот на Детската градинка „Гоце Делчев“-Виница, Милка Стаменкова,


истакна: Моментално вработени во институцијата освен даватели на услуги, овде
спаѓаат хигиеничар и технички персонал и администрација се 14, од кои 13 се
македонци и 1 ромка. Предвидени вработувања во систематизација за 2023 година,
имаме за хигиеничар и материјален книговодител.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 19 и го стави на гласање Барањето Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на ОЈУДГ „Гоце Делчев“ - Виница.
Од присутните 15 советници, со 8 гласа ЗА и 7 гласа ПРОТИВ, нема присутни
советници кои не гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за давање
Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ОЈУДГ „Гоце
Делчев“ - Виница.
20-та точка од Дневниот ред е Барање за донесување на Одлука за утврдување на
работното време на ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности, Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности, беше
разгледано Барањето за донесување Одлука за утврдување на работното време на
Детска градинка „Гоце Делчев“-Виница и со 5 гласа ЗА, предлагам да биде усвоен.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 20 од Дневниот ред.
В.д.директорот на Детската градинка „Гоце Делчев“-Виница, Милка Стаменкова,
истакна: Работното време во објект 1 и објект 2 во градинките започнува од 5:30 до
17:30 часот, работното време во Блатец, Истибања и просториите во с.Трсино -
програма за целодневен престој, започнува од 6:30 до 15:30 часот и работното време
на ран детски развој „Поточиња“ во с.Лески, започнува од 7:00 до 13:00 часот, но
истото не е во употреба.
Советник Зоран Ристовски: Благодарам на излагањето на директорката, моето
прашање се однесува поконкретно, во ред е работното веме целокупно меѓутоа
сакам да прашам директорке, во каква ситуација ни е градинката во Трсино, ќе
дадеме ли напор да останеме да работиме и оваа година пошто од вработените таму
не ми стигнуваат добри сигнали. Има најава за помал број на дечиња па дали Вие со
вработените сте во контакт и дали со Ваша поддршка и со поддршка на Локалната
самоуправа, ќе успееме да ја задржиме односно да не ја затвориме градинката.
На прашањето, в.д.директорот Милка Стаменкова, одговори: Многу убаво прашање,
во Трсино моментално бројката на децата е 3. Нон стоп сум во координација со
вработените во градинката во с.Трсино, ништо не можат да ни кажат моментално.
Таму како по некоја пракса на 1 септември децата одат во градинка како што
мислам дека сте запознаени и Вие. Правиме целосно напори, родителски средби,
последниот пат кога имавме приредба и со родителите се видовме. Да се надеваме
дека бројот на децата ќе се зголеми.
Претседателот на Советот Ацо Ѓорѓиевски праша: А ако не се зголеми?
В.д.директорот Милка Стаменкова одговори: Мислите ако остане на бројка 3. Ќе
бараме некое друго решение.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 20 и го стави на гласање Барањето за донесување на Одлука за утврдување
на работното време на ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за утврдување на работното
време на ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница.
29

21-ва точка од Дневниот ред е Барање Согласност за формирање на групи со


поголем и помал број на деца во ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности, Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности,
Барањето Согласност за формирање на групи со поголем и помал број на деца во
Детска градинка „Гоце Делчев“-Виница, беше разгледано и со 5 гласа ЗА,
предлагаме на Советот да биде усвоено.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 21 од Дневниот ред.
В.д.директорот на Детската градинка „Гоце Делчев“-Виница, Милка Стаменкова,
истакна: Поради зголемениот интерес на деца за сместување во градинката, различни
проекти и проектот инклузија на деца роми во установата, бараме од Вас од Советот
да се зголеми бројката на деца пропишано по Програмата од Министерството за труд
и социјална политика, а истовремено и за помала.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 21 и го стави на гласање Барањето Согласност за формирање на групи со
поголем и помал број на деца во ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за давање Согласност за
формирање на групи со поголем и помал број на деца во ОЈУДГ „Гоце Делчев“-
Виница.
22-ра точка од Дневниот ред е Барање Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на Локален Археолошки и историски Музеј „Теракота“
- Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за статут и
прописи Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за статут и
прописи, истакна: На Комисијата беше разгледано Барањето за Согласност за
Годишниот план за вработување за 2023 година на Локален Археолошки и
историски Музеј „Теракота“, со 3 гласа ЗА и 2 гласа ВОЗДРЖАНИ, предлагаме на
Советот да биде усвоено.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 22 од Дневниот ред.
Директорот на Локалниот Археолошки и историски Музеј „Теракота“ - Виница,
Сара Даневска, истакна: Јас и претходниот пат кажав пред Комисијата, дека
Локалниот Археолошки и историски Музеј „Теракота“ од Виница, за наредната
2023 година има потреба од едно ново вработување на позиција документатор.
Според Правилникот за внатрешната организација на работата на Музејот, нели
реков дека се утврдува обемот, работата, работните задачи и потребниот број на
извршители. Во Нашиот Музеј досега имаме 2 Виши кустоси, 2 кустоси и сметаме
дека ни е потребно едно ново вработување документатор.
На прашањето од Претседателот на Советот Ацо Ѓорѓиевски: Мое прашање
конкретно ако можете да образложите пластично што значи документатор,
директорот Сара Даневска одговори: Документатор во документацијата се состои од
заштита на спомениците, евидентирање, формирање досие. Документаторот врши
обработка на документацијата, апликации, информации, извештаи, осврти,
програми и други видови стручно аналитички материјали во врска со
документацијата за културното наследство и дава релевантни информации за
културното наследство и неговата заштита, користење врз основа на
30

расположливата документација и податоците за неа. Тоа е накратко која е


функцијата на документаторот.
Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: А дали до сега имаше такво лице или не?
Директорот Сара Даневска одговори: До сега немаше такво лице, Ние како колектив,
сите заедно со координација сите тие работи ги вршиме.
Советник Зоран Ристовски: Благодарам на излагањето на директорката на Музеј
„Теракота“. Во Барањето кое го имат доставено до Нас, а верувам дека сите
советници Ние го имаме разгледано, стои дека им треба лице на работно место
документатор. Прво да го кажам мојот личен став е дека нема да ја поддржам
одлуката па кој и да бил директор на институцијата и кој и да го предлага. Мое лично
размислување е дека таму се 4 заедно со директорката стручна 5, 5 стручни кадри и
сметам дека е сосема доволно да ја покриват институцијата. Така да не верувам дека
и граѓаните на општина Виница ќе сакаат да немаме каде да седиме, а да земаме
плата. Не знам дали е планирано и дали има стручно лице и кои услови ќе треба да ги
исполнува лицето кое е планирано да се вработи меѓутоа сметам дека 5 стручни лица
сите како колектив во мал Музеј во општина Виница, сметам дека сосема е доволно.
Тоа е лично мое размислување, а нека одлучи мнозинството на Совет.
Советник Дино Иванов: Конкретно за Музејот има еден муабет во градот, вели има
повеќе вработени од теракотни икони. И сега со ова вработување, ќе се докаже дека
тоа е точно и сто посто ќе е точно. Или треба да се шири Музејот или треба да се
најде некое друго решение. Друго Јас не гледам.
Советник Венцо Вуинов: Пред колку нема 2 седници на Советот, Ние веќе
вработивме едно лице во Музејот, а знаеме дека пред тоа имаше вработено 4 и сите
обврски си ги завршуваа луѓето. Немало проблем, немало побарувачка. Сега бараме
после уште една седница пак ново вработување. Ако продолжиме со овој тренд на
вработување, до крајот на Нашиот мандат, во Музејот не знам колку вработувања ќе
имаме. Мислам дека не е во ред, граѓаните гледаат, слушаат, постојано да ја полниме
државната администрација, треба да бидеме рационални, треба да видиме колку таму
се потребни вработувања. Штом функционирал Музејот со 4 вработувања, биле
доволно 4, сега имаме 5, па сега сакаме 6 да имаме. После 2 месеци уште двајца да се
вработат. Тоа не е во ред. Претседателе, мислам дека вакви иницијативи не треба да
се поддржуваат. Има таму работи на кои што треба вработените од Музејот да си се
посветат. Тоа се заштита на веќе откриените археолошки наоѓалишта. Тие се
руинираат, Ние гледаме да вдомуваме луѓе во Музејот, кој што не знам што ќе
работат. Не е во ред ваква иницијатива, разговараме постојано и неофицијално дека
ни е пренаполнета администрацијата и сега, добро кажа некој од колегите претходни
таму може ќе нема места каде да се соберат луѓето. Не дај боже Корона да фати пак,
посилен бран, ќе се испозаразат сите. Треба да бидеме рационални, вработивме пред
еден месец човек таму, сега повторно бараме. Ако го тераме тој тренд, Јас не знам
каде ќе стигнеме.
Советник Александар Јованов: Во делот од излагањето на колегите ќе се согласам.
Но треба да знаеме дека и тие вработени имат своја стручност. Кој и да излезе на
Калето, ќе види дека Калето е во жална позиција. Состојбата сега што е на Калето е
ниту документирано како што треба, ниту е заштитено вработувањата и ова место
мислам дека треба да го поддржиме, за да го заштитиме тоа наследство, не е доволно
само археолозите да го истражат и да го остават така, да пропаѓа на забот на времето.
Тоа Дино што го рече и Јас сум го слушнал ама сум го слушал во Домот на култура.
Работата на Домот на култура, ако ги споредиме и Археолошкиот Музеј е огромна.
Домот на култура имаше неколку настани мали оваа година и сега гледам пак барат
уште едно вработување со огромна плата, било кој од другите во администрација
31

дупло поголема плата. А таму каде што треба сега во Музејот, бараме да не го
поддржиме. Така да мојот став е тоа, вработувањата да бидат соодветни на тоа што
се бара, рационално да се искористат вработувањата.
Советник Венцо Вуинов: Не се согласувам со колегата Александар, ако веќе се
грижи за Калето, Ние треба да вработиме некое обезбедување. Воопшто нема логика
тоа што го зборува колегата. Тие барат повторно админситрацијата да се полни.
Рековме, до сега беа 4 до пред месец и пол два кога беше вработувањето. Беа 4
вработени и беспрекорно си функционираше, знаеме дека Музејот си работеше супер
и имаме пофалби. Освен некои забелешки што луѓето и се обидоа да направат нешто,
се ставаа и камери и не знам таму осветлување ама имаме несовесни граѓани и пак
ништо не допринесовме со тоа. Сепак може таа иницијатива повторно да се обнови.
Функционираше Музејот со четворица луѓе, сега имаме 5 луѓе во Музејот, за месец
дена бараме уште едно вработување, не е во ред. Луѓето верувајте секој ден
комуницираме, луѓето се веќе запрепастени колку се вработува во администрацијата.
Затоа бегат, затоа немаме по 3 деца во Трсино и не знам колку во „Славчо
Стојменски“ првооделенчиња, затоа е таква состојбата. Ние ако дозволуваме, Ние
како тело кое што треба да се грижи за тие работи, ако дозволуваме да си се
постојано во државна администрација вработуваат и никој не сака друго да работи,
Наша е вината, не е на другите вината. Ние сме тие што ќе одлучиме сега дали ќе има
вработување во Музејот документатор или не знам некој да седи на некое столче,
нема друг, Ние сме. Не се согласувам дека е потребно сега документатор да се
вработи. Ако треба да го зачуваме Калето, треба да вработуваме обезбедување некој,
а не документатор. Воопшто не држи вода тоа образложение. Постојано и постојано
во државната администрација се вработува и нема рационална потреба од тоа. Да
има, во ред, некаде по школи слушавме, градинка, одобруваме каде што треба да се
вработи некој. Ама таму каде што не треба да се вработи, не можам да разберам. И
сега ајде ќе гласаме Ние, само за да нечии интереси ги задоволуваме тука.
Советник Александар Јованов: Колеги, треба да разликуваме нешто, едно е
адинистративна работа во канцаларија, да седи некој да работи на компјутер или да
пиша нешто, а друго е дејноста што ја обавува Музејот. Музејот не е целата дејност
да седи во Музејот и да покажува тоа е тоа, тоа. Основната работа на Музејот е на
терен. Како што кажавме Виница има многу Археолошки локалитети. Ако не се
работи тоа на терен, нема зошто да постои Музејот. Тоа ќе биде само историја, една
книга историја да дадеме и да читат децата.
Советник Зоран Ристовски: Мојата реплика е спрема колегата Александар. Мислам
дека во суштина сите сакаме исто да кажеме ама веројатно позициите лева и десна
страна ни наложуват да кажуваме нешто сосема друго. Да бидам конкретно јасен и
да не излезе дека сме против Годишниот план на новата директорка во Музејот, ако
се вратиме на неколку точки поназад, поминаа Годишни планови на директори и од
една и од друга страна. Да се гласа за хигиеничар или за професор по математика, да
не ги оставиме децата, ќе се согласам дека треба да гласаме. Во делот на тоа дека
конкретно треба лице документатор, по сите систематизации во било која
институција, тука од Нас колегите има и правници и добро ги знаат работите.
Систематизацијата е растеглива работа, таа систематизација може да гласи и за Музеј
во Карпош, може да гласи и Музеј во Битола, со 5 пати повеќе жители од Виница. И
меѓу другото кога потпишуваме Ние Договори за работа, кога земаме Решенија за
работа, меѓу обврските кои ти следуват спрема твоето образование е должен лицето,
дали е женско или машко, независно, да работи и други одговорности по налог на
раководното лице. Ако има четворица вработени заедно со директорката 5, сметам
дека Нашиот Музеј може да биде сосема добро и доволно покриен.
32

Советник Гоце Милевски: Дел од работата што сакав да ја кажам, ја кажа колегата
Зоран. Кај сите вработени во јавната администрација, стои на крајот покрај
задолженијата кои што ги има, согласно Решенијата за работа, дека работи и други
работи. Значи Раководителот оставено му е можност, затоа се вика и Раководител да
ја распореди работата на луѓето кои што може да го поднесат тој товар. Друга
работа, колегата Александар кажа дека еве сега наредна точка е Домот на културата,
се бара да се вработи лице кое што има огромна сума за плата и.т.н. Зошто не
зборувавме Ние кога се донесуваше буџетот за 2022 година, така? Погледнете го
буџетот, 12 милиони е за плати до овој квартал за полугодието. До крајот ќе стигне
25 милиони за плати и надоместоци. Ако се грижите така, треба да се грижите и за
тоа. Колку има вработувања до сега, колку има унапредувања до сега, дали се
потребни или не. Кварталниот извештај стои назад, ќе го погледнеме убаво. За
вработувањата се согласувам дека треба да се намалат и Ние нема да ги поддржиме
нити на Музејот, нити на Домот на култура, нити на библиотека.
Советник Венцо Вуинов: Јас би сакал да се обратам овој пат до јавноста. Нашата
советничка група нема да поддржува повеќе нерационални вработувања во
администрацијата. Ние тоа го дискутираме и сме решени да тој став го застапуваме
во текот на целиот мандат.
Советник Сашко Дончев: Реплика до колегата Венцо. Јас мислам дека и Нашата
советничка група, не поддржува нерационални вработувања. Ние сметаме, всушност
стручните служби сметаат дека тоа вработување е рационално, нема од Нас никој
тука ни архитект, ни археолог, ни не знам што.
Советник Венцо Вуинов: Само да го потсетам колегата, пред месец и пол вработивме
во таа институција еден човек. Веќе имаше вработено 4 луѓе таму, тоа се со новиот 5
и сега се бара шести. Ако сте влегле во Музејот, Јас имам влезено, таму има се на се
30 квадрати, столови мислам дека нема доволно за сите.
Советник Дино Иванов: На Комисија беше за Музејот 3 ЗА, гласаа колегите од
другата страна, Ние бевме Воздржани. На Домот на културата, Ние гласавме ЗА, тие
беа Против. Па сега ќе видиме, иста е ситуацијата, ќе видиме како ќе се покажете.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 22 и го стави на гласање Барањето Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на Локален Археолошки и историски Музеј „Теракота“
- Виница.
Од присутните 15 советници, со 8 гласа ЗА и 7 гласа ПРОТИВ, нема присутни
советници кои не гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за давање
Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на Локален
Археолошки и историски Музеј „Теракота“ - Виница.
23-та точка од Дневниот ред е Барање Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на ОУ Дом на културата „Тошо Арсов“ - Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за статут и
прописи Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за статут и
прописи, истакна: Прво да одговорам на прозивките. Пред да ги донесеме Ние
ставовите за некоја одлука, добро се консултираме, дали со раководниот кадар во
институцијата, дали со други стручни луѓе, не донесуваме ниту една одлука од
ракав. За тоа разговарано е и со директорите претходните за кои претходно ги
донесовме одлуките, добро образложиле која е причината за тој став за
побарувањето за вработувања. Така да тоа што го кажеме Ние, сигурно тврдам дека
е издржано. Што се однесува на оваа точка на Барањето Согласност на Годишен
33

план за вработување на Дом на култура „Тошо Арсов“- Виница, ставот на


Комисијата е 2 гласа ЗА и 3 гласа ПРОТИВ.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 23 од Дневниот ред.
Советник Венцо Вуинов: Сакам да Ве информирам дека и за оваа точка, го
споделувам истиот став што го кажав пред малку. Не поддржувам вработување во
администрацијата особено нерационални. Сега не можам да разберам, нека ми
објаснат колегите од позицијата, од власта, како дојдоа до заклучок дека во Музејот е
потребно вработување, а овде не е потребно вработување. Или тоа е по аршини, каде
можеме да вработиме Наш човек, а каде што не можеме Наш човек да вработиме, не
може тогаш да се гласа За. Еве колегата кој што пред малку дискутираше, нека ни
објасни зошто е така тоа сега. И јавноста нека цени, дали имаат исти аршини за обете
работи. Или сме за вработување во државна администрација или сме против
вработување во државна администрација.
Директорот на ОУ Дом на културата „Тошо Арсов“-Виница, Благица Стојановска,
истакна: Почитувани присутни, ОУ Дом на култура „Тошо Арсов“-Виница, за
наредната 2023 година, предвиде едно ново вработување на работна позиција
стручен соработник за драмска уметност.
Советник Александар Јованов: Како што кажав и на претходното излагање, најмалку
се водиме од тоа дали некој директор е од Нашата политичка партија или не. Како
што знаете до сега поддржавме Планот за вработување на „Славчо Стојменски“,
„Ванчо Прке“, „Гоце Делчев“, таму каде што директорите се од другата политичка
опција. Образложението беше добро, го прифативме. Сега не гледам добро
образложение затоа нема да го прифатиме.
Советник Сашко Дончев: Реплика до колегата Венцо. Тој рече дека нивната
советничка група нема да прифати нерационални вработувања, а на Комисијата за
статут, нивните колеги од опозицијата гласаа ЗА, двајцата колеги. Не знам која и е
координацијата. Исто и неговото прашање, ќе го поставам Јас, како за една установа
Против, а за друга установа За, каде што очигледно директорите се од различна
политичка партија.
Советник Венцо Вуинов: Најпрво сите тука знаеме дека Комисијата само предлага на
Советот, Комисијата не донесува одлука што ќе биде изгласано. Комисијата само
предлага, битно е на Советот кој како ќе гласа и тоа ќе го видиме. Јас кажав Ние
гласавме за школите и за градинката бидејќи таму сметаме дека е потребен кадар и е
неопходно. Но таму каде што не е потребен кадар и не е неопходно и ги знаеме
добро приликите какви се, сите ги знаеме не треба да се правиме како ноеви со
главата во песок. Знаеме дали е превработено или не е превработено, а многу добро
знаат и граѓаните дали е превработено или не е превработено. Тука немаме потреба
да се објаснуваме. Знаеме дека било која институција, секое вработување е веќе
одвише, секое вработување. Јас ја разбирам желбата секој да дојде до вработување,
секој да се вработи и на убаво работно место, како и да го наречам. Но верувајте,
граѓаните реагираат на тоа. Граѓаните не сакаат повеќе да ги полниме државните
институции, а одговорот нивни за тоа што Ние ги полниме државните институции, го
гледаме секој ден. Со првачињата, со луѓето, видовме како изгледаше Виница сега
летово, а како изгледа сега веќе Виница. Граѓаните си заминаа од тука токму поради
тоа што недобро се менаџираат работиве. И Ние треба да бидеме барем една мала
капка од морето што ќе допринесе за да тоа не се случува. И Јас сметам дека сум на
вистинската страна со тоа што не дозволувам да во одредени институции каде што
нема потреба. 4 вработени до сега супер си ја вршеле работата, сега имаме 6 и не
знам уште колку ќе бараме. А претходно си ја вршеле супер работата. Нема да бидам
на таа страна никогаш.
34

Совететник Зоран Ристовски: Јас и на претходната точка кај Музеј „Теракота“,


кажав зошто сум против односно зошто лично нема да дадам поддршка. Колегата
Александар кажа дека не гледаме политика затоа што на претходните точки поминаа
условно кажано директори од двете политички ориентации. Не гледам резон и не
гледам објаснување зошто во Музеј треба шесто вработување како документатор, а
нема каде да седиме, а нема потреба што Јас исто мислам дека нема потреба за
некаков си драмски уметник на Дом на култура на територија на општина Виница
каде што ако не се лажам и таму се 5 постојано вработени. Така да треба да ги
гледаме работите и од двете страни и малку посериозно. Од една страна кажуваме
дека во Музеј ни треба документатор, вработените 5 немат простор да книжат и да
вработуват, а во Дом на култура не треба. Јас сметам дека и таму и таму не треба да
се вработува затоа што знаеме дека со последните законски измени и синдикат на
културата, платите во културата се енормно покачени и мислам дека реакциите од
цела општина ќе бидат насочени према Нас затоа што Ние даваме зелено или црвено
светло за вработувања. Така да Јас кажав и на претходната точка и сега дека сметам
дека тие вработувања во моментот не ни се потребни во кризна година.
Советничка Марија Манасиева: Точно е дека Ние како Комисија дадовме пас ова да
продолжи на Совет, оваа точка но поентата на советничката група е да се направи
добра координација и посебно да се избегне лицемерието кое што чувствувам дека ќе
следи по гласањето за оваа точка. Имено Ние како советничка група, детално ја
разгледавме работата на Домот на културата и свативме дека со искуството кое што
го има директорката можно е тоа да се менаџира успешно како и до сега и да остане
истиот број на вработени. Затоа веќе го начнавме Нашиот став по ова прашање, нема
да бидеме лицемерни, нема да бараме вработување во Музеј или да бидеме против
вработување во Музеј, а да бараме во Дом на култура или обратно. Апелирам до сите
колеги да размислат за својот став. Се работи за групниот и за нивниот индивидуален
став овде и за ставовите кои што ги бранат и застапуваат пред се на граѓаните на
Виница.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 23 и го стави на гласање Барањето Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на ОУ Дом на културата „Тошо Арсов“ - Виница.
Од присутните 13 советници, 2 советници не се присутни, со 8 гласа ПРОТИВ и
5 гласа ВОЗДРЖАНИ, нема присутни советници кои не гласале, Советот не го
усвои Барањето Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ
Дом на културата „Тошо Арсов“ - Виница.
24-та точка од Дневниот ред е Барање Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ - Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за статут и
прописи Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за статут и
прописи, истакна: На Комисијата беше разгледан и овој Годишен план за
вработување на Библиотеката „Ванчо Прке“- Виница, во кој има предвидено две
пензионирања и две вработувања. Ставот на Комисијата е со 5 гласа ЗА, да го
поддржиме.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 24 од Дневниот ред.
Книговодителот во ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“-Виница Дафина Алексова,
истакна: Планот за вработување во Библиотека „Ванчо Прке“-Виница, за 2023
година, ја има следната состојба: две пензионирања и паралелно на тоа две нови
вработувања. Две вработувања на работно место библиотекар и административен
службеник, со таа разлика што пензионирањето на библиотекар е со средно
35

образование додека планирањето што го имаме за 2023 година вработување е со


високо образование, од аспект на тоа што во Библиотека „Ванчо Прке“-Виница, до
сега немаме ниедно работно место со високо образование библиотекар. Додека
работното место административен службеник е со високо образование
пензионирањето, а исто така мора и новото вработување да е со високо образование
со 240 кредити.
Советник Дино Иванов: Јас сакам само една голема благодарност да изразам до
Градоначалникот што го овозможи ова и народот да гледа, да цени каков театар има
тука.
Советничка Марија Манасиева: За вработувањата во Библиотеката, пред се треба да
ја имаме предвид ситуацијата и на општината и на сите кризи кои што поминуват.
Ама пред да биде гласањето, Јас сакам да потсетам дека и Ние влеговме и во
дигитална ера, каде што многу книги се веќе дигитални, каде што многу услуги
можат да бидат овозможени и преку надворешни компании, а не преку исклучително
внатрешни вработени. Да се погледне пак вкупниот број на вработени, реалната
потреба од работно место овде, а не само партиски интереси.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 24 и го стави на гласање Барањето Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ - Виница.
Од присутните 15 советници, со 8 гласа ЗА и 7 гласа ВОЗДРЖАНИ, нема
присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за
давање Согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ЈОУ
Библиотека „Ванчо Прке“ - Виница.
25-та точка од Дневниот ред е Информација за распределба на средства за
корисници на правото на гарантирана минимална помош, за временски период од
01.01.2022 година заклучно до 31.07.2022 година.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за опшествени дејности,
истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности, Информацијата за
распределба на средства за корисници на право на гарантирана минимална помош,
за временски период од 01.01.2022 година заклучно до 31.07.2022 година, беше
разгледана, дискутиравме, тоа е само Информација, имавме претставник. Не беше
директорот, беше вработена Емилија од Центарот за социјална работа, разгледавме.
Во Виница ситуацијата прилично добра што ни беше изложено, еден мал проблем
според мене и што малку подискутиравме на Комисијата е тоа што корисниците на
гарантирана минимална социјална помош, тие имаат право ако од Заводот за
вработување им биде понудена работа, тие дека морат да прифатат, дека до три пати
ако не прифатат тие ја губат минималната загаранирана социјална помош, дека до
сега ниеден не е исклучен. Тоа дека се толерира и мислам дека малку треба и на таа
страна, веќе долги години тоа се толерира дека треба малку нешто да се размислува,
некојпат и казната е добра опомена. Друго имаше прашање, сега нема претставник,
дека во скоро време ќе има социјална зграда, кои се критериумите за социјална
зграда, беа љубезни и ни одговорија дека уште нема објавено Оглас, воглавно тоа.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 25 од Дневниот ред.
Советничка Марија Манасиева: Ова точка е Информација и Ние по неа не гласаме,
присуствував на Комисијата, Ние навистина имавме добра и плодна дискусија со
претставникот од Центарот за социјални работи Емилија. Таа објасни дека во Виница
има само 262 корисници на социјална помош. Тоа е навистина малку и многу
помалку од сите градови во регионот, тоа се должи на добрата економска развиеност
36

на градот и секако е резултат и на доброто функционирање на Агенцијата за


вработување која што функционира овде и во поглед на посредувањата, во поглед на
грантови и во поглед на сите проекти кои што ги овозможува.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 25, бидејќи е Информација, Советот не гласа.
На предлог на Претседателот на Советот, направена е пауза во 13,55 часот.
Седницата продолжи со работа во 14,15 часот.
26-та точка од Дневниот ред е Извештај за здравствена безбедност на водата во
с.Виничка Кршла, с.Калиманци, с.Трсино, с.Трстија, с.Крушево, с.Драгобраште,
с.Пекљани, с.Градец, с.Лески (Известување за неисправна анализа на вода во
с.Крушево, с.Трсино, с.Трстија).
Претседателот на Советот Ацо Ѓорѓиевски, Претседател и на Комисијата за
урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата,
истакна: На Комисијата ги разгледавме овие Извештаи. Виничка Кршла одговара за
пиење, Калиманци предозирано малку повеќе од нормала за хлор, Трсино не
одговара хемиски со калиум перманганат, а бактериолошки одговара, Трстија не
одговара ни хемиски, ни бактериолошки со калиум перманганатот и бактериите,
Крушево не е исправна исто таму, Драгобраште одговара, Пекљани одговара,
Градец одговара, Лески одговара. Кога се дојдени резултатите, веќе од општината
имат известено до тие места и преку „Солидарност“ да се закачи табла дека не е
исправна водата и Ние тоа може да направиме, повеќе не може да направиме. Што
се однесува пошто ќе ја споиме 54-та точка што се договоривме, за исправност на
водата во Лаки и Липец. И таму водата е неисправна за пиење бактериолошки,
хемиски е во ред. Разговаравме на Комисијата, констатиравме дека е таква,
изгласано е и препорачуваме на Советот да биде усвоено, со тие назнаки за да се
поправа, да се става хлор, да се третира водата да биде исправна и.т.н.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 26 и 54 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 26 и 54 и го стави на гласање Извештајот за здравствена
безбедност на водата во с.Виничка Кршла, с.Калиманци, с.Трсино, с.Трстија,
с.Крушево, с.Драгобраште, с.Пекљани, с.Градец, с.Лески, с.Лаки, с.Липец.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 14 гласа ЗА, нема
присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Извештајот за здравствена
безбедност на водата во с.Виничка Кршла, с.Калиманци, с.Трсино, с.Трстија,
с.Крушево, с.Драгобраште, с.Пекљани, с.Градец, с.Лески, с.Лаки, с.Липец.
27-ма точка од Дневниот ред е Барање од Макпрогрес ДОО Виница,
Подружница Хотел ресторан Александар Парк, за продолжување на работното
време, поради организирање на корпоративна прослава за вработените по повод 32
години постоење на Макпрогрес и 20 години од „Vincinni“ (Предлог-Одлука за
продолжување на работното време).
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комисијата за општествени дејности,
Барањето од Макпрогрес ДОО Виница, Подружница Хотел ресторан Александар
Парк, за продолжување на работното време, поради организирање на корпоративна
прослава за вработените по повод 32 години постоење на Макпрогрес и 20 години
од „Vincinni“ (Предлог-Одлука за продолжување на работното време), со 5 гласа ЗА,
предлагаме на Советот на општина Виница да биде усвоен.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 27 од Дневниот ред.
37

Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори


расправата по точка 27 и го стави на гласање Барањето од Макпрогрес ДОО Виница,
Подружница Хотел ресторан Александар Парк, за продолжување на работното
време, поради организирање на корпоративна прослава за вработените по повод 32
години постоење на Макпрогрес и 20 години од „Vincinni“.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 14 гласа ЗА, нема
присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за
продолжување на работното време, со која работното време на Макпрогрес ДОО
Виница, Подружница Хотел Александар Парк - Виница, на ден 10.09.2022 година
(сабота) спрема 11.09.2022 година (недела), се продолжува за два часа покасно
односно до 03:00 часот по полноќ.
28-ма точка од Дневниот ред е Барање од Ѓунеј Исмаилов од Виница на
финансиски средства, за санирање на штета на опожарена куќа.
Бидејќи моментално не беше присутен Претседателот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, да го изнесе ставот на Комисијата,
членот на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој, Гоце
Милевски, истакна: Ние го разгледавме Барањето на Ѓунеј Исмаилов, немаше
поткрепа од Записници од Полиција. Немаше никаква документација и затоа го
одбивме неговото Барање затоа што само е напишал дека има санирање на штета на
опожарена куќа, а нема ништо ниту Записници од увид во состојбата. Затоа го
одбивме едногласно.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 28 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 28 и го стави на гласање Барањето од Ѓунеј Исмаилов од
Виница на финансиски средства, за санирање на штета на опожарена куќа.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 14 гласа ПРОТИВ,
нема присутни советници кои не гласале, Советот не го усвои Барањето од Ѓунеј
Исмаилов од Виница на финансиски средства, за санирање на штета на опожарена
куќа, поради некомплетна документација.
29-та точка од Дневниот ред е Барање од Весна Стоилова од Виница на
финансиски средства, за лекување.
Членот на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој, Гоце
Милевски, истакна: Весна Стоилова бара финансиски средства за лекување.
Согласно Правилникот кој што го донесовме на Совет, одлучивме да се додели
еднократна помош од 15.000,00 денари.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 29 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 29 и го стави на гласање Барањето од Весна Стоилова од
Виница на финансиски средства, за лекување и предлогот од Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, за одобрување на финансиски
средства во висина од 15.000,00 денари.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 14 гласа ЗА, нема
присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Барањето и предлогот и
донесе Одлука за одобрување на финансиски средства на Весна Стоилова од Виница
за лекување, во висина од 15.000,00 денари.
30-та точка од Дневниот ред е Барање од Димче и Менче Маркови од Виница на
финансиски средства, за лекување на нивниот син.
Членот на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој, Гоце
Милевски, истакна: И ова Барање го разгледавме на Комисија, тука се работи за
лекување на мало дете кое што е неопходно да се изврши со зафат во странство,
38

така да Комисијата одлучи согласно Правилникот да доделиме и тука 15.000,00


денари, да помогнеме да се подобри здравствената состојба.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 30 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 30 и го стави на гласање Барањето од Димче и Менче Маркови
од Виница на финансиски средства, за лекување на нивниот син и предлогот од
Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој, за одобрување на
финансиски средства во висина од 15.000,00 денари.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 14 гласа ЗА, нема
присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Барањето и предлогот и
донесе Одлука за одобрување на финансиски средства на Димче и Менче Маркови
од Виница на финансиски средства, за лекување на нивниот син, во висина од
15.000,00 денари.
31-ва точка од Дневниот ред е Барање од Ибраим Салиов од Виница на
финансиски средства, за санирање на штета од временски непогоди на семејна куќа.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање,
буџет и локален економски развој, истакна: Барањето од Ибраим Салиов, став на
Комисијата да биде препратено до општинската Комисија за утврдување на штети.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 31 од Дневниот ред.
Советник Гоце Милевски: Само да појаснам, од Барателот имаше само слики. Ние
не можеме да утврдиме за што станува збор затоа го препративме до општинската
Комисијата, да излезе да ја утврди фактичката состојба и да ни даде повратна
информација. Не сме го одбиле, само го препративме да се утврди фактичката
состојба.
Бидејќи никој друг не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 31 и го стави на гласање предлогот од Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, за препраќање на Барањето до
Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од временски
непогоди и други несреќи при општина Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои предлогот за препраќање на Барањето до Комисијата за
процена и утврдување на висината на штета настаната од временски непогоди и
други несреќи при општина Виница.
32-ра точка од Дневниот ред е Барање од Слободанка Богданова од Виница, на
финансиски средства за санирање на штета на опожарена куќа.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање,
буџет и локален економски развој, истакна: Ова Барање беше разгледано на
Комисијата и според Правилникот за финансиски средства, предлагаме со 5 гласа
ЗА, да бидат доделени 20.000,00 денари.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 32 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 32 и го стави на гласање Барањето од Слободанка Богданова од
Виница, на финансиски средства за санирање на штета на опожарена куќа и
предлогот од Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој, за
одобрување на финансиски средства во висина од 20.000,00 денари.
39

Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не


гласале, Советот го усвои Барањето и предлогот и донесе Одлука за одобрување на
финансиски средства на Слободанка Богданова од Виница, за санирање на штета на
опожарена куќа, во висина од 20.000,00 денари.
33-та точка од Дневниот ред е Барање од Евгена Димитрова од с.Јакимово,
Виница на финансиски средства, за лекување.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање,
буџет и локален економски развој, истакна: И ова Барање беше разгледано, според
Правилникот, предлагаме со 5 гласа ЗА, да бидат доделени 6.000,00 денари.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 33 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 33 и го стави на гласање Барањето од Евгена Димитрова од
с.Јакимово, Виница на финансиски средства, за лекување и предлогот од Комисијата
за финансирање, буџет и локален економски развој, за одобрување на финансиски
средства во висина од 6.000,00 денари.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и предлогот и донесе Одлука за одобрување на
финансиски средства на Евгена Димитрова од с.Јакимово, Виница, за лекување, во
висина од 6.000,00 денари.
34-та точка од Дневниот ред е Барање од ФА „Китка“-с.Истибања, Виница на
дополнителни финансиски средства.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање,
буџет и локален економски развој, истакна: Со оглед на тоа што на Комисијата
немаше претставник од ФА „Китка“, Комисијата немаше став и оставаме на Советот
да донесе одлука.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 34 од Дневниот ред.
Градоначалник Миле Петков: Во Барањето е напишано тука дека се тоа за
покривање на стари долгови. Тој има доста активности сега следува „Истибањско
здравоживо“, па и Ние често ги ангажираме за било кои прослави што се вели
настапуват без приговор, така да мислам дека ако не сите барем дел од овие
средства треба да се одобрат затоа што навистина им се малку. Не се покриват, со
тие што ги одобривме за оваа година околу 500.000,00 ги покриват ланските
долгови. Така да, да одлучиме колку мислите 250.000,00 не верувам затоа што ќе
биде терет и на буџетот ама по тоа што го имаме на располагање во буџетот, Јас
мислам дека 100.000,00 барем можеме да им одобриме, за да се покрие барем колку
толку „Истибањското здравоживо“.
Советничка Марија Манасиева. Ние кога имавме проблем со непојавување и на
Комисија и на Совет, сите заедно донесовме одлука дека Советот треба да се
испочитува, Претседавачот, функцијата Градоначалник, секретар. Ако Ние сега
направиме преседан самите себе се негираме. Не е момент дали се јавил на
секретарот пред 2 часа дека е за Штип, имаше можност да дојде на Комисија, ниту
таму немаше известување. Искрено сметам дека е непочитување н Советот. Да биде
оставено за следната седница.
Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: И Јас се согласувам, мислам дека за да
бидеме доследни према она што е кажано и Јас се согласувам и апелирам до сите
други што ќе поднесуват такво Барање, барем да испочитува или Комисија или
40

Совет. И да се јави на време пошто Ние не сме да не можеме да ги разбереме


работите.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 34 и го стави на гласање предлогот од советничката Марија Манасиева да
се повлече од Дневниот ред и истата да се разгледа во месец септември.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои предлогот за повлекување на точката.
36-та точка од Дневниот ред е Рaзгледување и донесување на Одлука по Барање
зас утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Игор
Петров од с.Истибања, Виница.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 36 од Дневниот ред.
Помошник Раководителот на Секторот за урбанизам, комунални дејности, заштита
на животната средина и природата Благој Стаменков, истакна: Ние и на Комисијата
што беше во петокот, едногласно се изгласаа сите Барања. Ова е процедура што мора
да помине на Совет поради тоа што нема планови, конкретно сега е за Истибања и за
Блатец. Вие ги имате материјалите кај Вас, ако имате нешто нејасно или прашања да
прашате, па ќе коментираме за предметите посебно.
Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски, Претседател и на Комисијата за
урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата,
истакна: За сите тие предмети за легализациите, тоа се вон УП, за сите тие исто
важи. Го прашавме таму дали има пречки некои правни и по процедура, рече дека
нема тоа мора да помине како форма преку Советот пошто нема УП и беа сите тие
изгласани едногласно.
Претставник Благој Стаменков: Тие објекти во иднина кога ќе се донесуват
плановите, ќе бидат вметнати во планот.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 36 и го стави на гласање Барањето за утврдување правен статус на
бесправно изграден објект на Барателот Игор Петров од с.Истибања, Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за утврдување на потреба од
донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект
надвор од плански опфат на с.Истибања, Виница.
37-ма точка од Дневниот ред е Разгледување и донесување на Одлука по
Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот
Спасој Николов од с.Истибања, Виница.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 37 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 37 и го стави на гласање Барањето за утврдување правен статус
на бесправно изграден објект на Барателот Спасој Николов од с.Истибања, Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за утврдување на потреба од
донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект
надвор од плански опфат на с.Истибања, Виница.
38-ма точка од Дневниот ред е Разгледување и донесување на Одлука по
Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот
Љубомир Јованов од с.Истибања, Виница.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 38 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 38 и го стави на гласање Барањето за утврдување правен статус
41

на бесправно изграден објект на Барателот Љубомир Јованов од с.Истибања,


Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за утврдување на потреба од
донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект
надвор од плански опфат на с.Истибања, Виница.
39-та точка од Дневниот ред е Разгледување и донесување на Одлука по Барање
за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Васко
Јангелов од с.Истибања, Виница.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 39 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 39 и го стави на гласање Барањето за утврдување правен статус
на бесправно изграден објект на Барателот Васко Јангелов од с.Истибања, Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за утврдување на потреба од
донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект
надвор од плански опфат на с.Истибања, Виница.
40-та точка од Дневниот ред е Разгледување и донесување на Одлука по Барање
за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Илчо
Димитров од с.Истибања, Виница.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 40 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 40 и го стави на гласање Барањето за утврдување правен статус
на бесправно изграден објект на Барателот Илчо Димитров од с.Истибања, Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за утврдување на потреба од
донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект
надвор од плански опфат на с.Истибања, Виница.
41-ва точка од Дневниот ред е Разгледување и донесување на Одлука по Барање
за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Киро
Темелков од с.Истибања, Виница.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 41 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 41 и го стави на гласање Барањето за утврдување правен статус
на бесправно изграден објект на Барателот Киро Темелков од с.Истибања, Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за утврдување на потреба од
донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект
надвор од плански опфат на с.Истибања, Виница.
42-ра точка од Дневниот ред е Разгледување и донесување на Одлука по Барање
за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Гоце
Стојмиров од с.Истибања, Виница.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 42 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 42 и го стави на гласање Барањето за утврдување правен статус
на бесправно изграден објект на Барателот Гоце Стојмиров од с.Истибања, Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за утврдување на потреба од
донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект
надвор од плански опфат на с.Истибања, Виница.
42

43-та точка од Дневниот ред е Разгледување и донесување на Одлука по Барање


за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Методи
Стоилов од с.Истибања, Виница.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 43 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 43 и го стави на гласање Барањето за утврдување правен статус
на бесправно изграден објект на Барателот Методи Стоилов од с.Истибања, Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за утврдување на потреба од
донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект
надвор од плански опфат на с.Истибања, Виница.
44-та точка од Дневниот ред е Разгледување и донесување на Одлука по Барање
за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Киро
Ристов од с.Блатец, Виница.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 44 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 44 и го стави на гласање Барањето за утврдување правен статус
на бесправно изграден објект на Барателот Киро Ристов од с.Блатец, Виница.
Од присутните 15 советници, со 15 гласа ЗА, нема присутни советници кои не
гласале, Советот го усвои Барањето и донесе Одлука за утврдување на потреба од
донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект
надвор од плански опфат на с.Блатец, Виница.
45-та точка од Дневниот ред е Квартален извештај за извршување на Буџетот на
општина Виница за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022
година до 30.06.2022 година (втор квартал).
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање,
буџет и локален економски развој, истакна: На Комисијата за финансирање и буџет,
беше разгледан Кварталниот извештај на буџетот на општина Виница, имаше
претставник од Секторот за финансии, беше добро образложен и ставот на
Комисијата е со 3 гласа ЗА и 2 гласа ПРОТИВ, да го поддржиме.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 45 од Дневниот ред.
Појаснување даде Раководителот на одделението за финансиски прашања Јулија
Манасиева: Заклучно со 30.06.2022 година, вкупните приходи во буџетот на
општина Виница се остварени во износ од 154.872.000,00 денари или во проценти
48,60 % од вкупно планираните. Во делот на основниот буџет, приходите се
остварени во износ од 44.247.000,00 денари или скоро 42 % во однос на
планираните. Кај даночните приходи имаме остварување од 20.246.000,00 денари
или 42 %, неданочните приходи се остварени 30,5 %, кај трансферите имаме
остварување од 20.927.000,00 денари или тоа е 52 % во однос на планираните, во кој
што влегува и пренесениот вишок од претходната година во износ од 2.592.000,00
денари. И капиталните приходи се остварени во износ од 2.202.000,00 денари или
15,3 %. Кај дотациите имаме остварување од 103.218.000,00 денари или
остварувањето е скоро 52 % во однос на планираните, самофинансирачките
активности се остварени во износ од 6.120.000,00 денари или 53 % и кај донациите
има остварување од 1.286.000,00 денари или 68 %. Вкупните расходи пак на буџетот
се остварени во износ од 133.439.000,00 денари или во проценти 42 % во однос на
планираните. Кај основниот буџет имаме остварување од 39 %, кај дотациите 44,89
%, самофинансирачките активности се остварени 15 % во однос на планираните и
43

донациите 43 %. Во делот на тековно оперативните расходи, овие расходи се


остварени во износ од 125.273.000,00 денари, што претставува остварување од 45 %
во однос на планираните, а капиталните расходи се остварени во износ од
8.166.000,00 денари или остварување од 20,7 % во однос на планираните. Тоа би
било накратко околу реализацијата на приходите и расходите заклучно со 30 јуни.
Советник Гоце Милевски: Благодарам на претставникот од општината за деталното
излагање. Како што зборувавме и претходните седници, кога станува збор за
бројките, бројките се немилосрдни и тие кажуват многу за реалната состојба во која
што се наоѓаме. Можете повторно да ме ставите на страната како го кажувам ова
околу бројките слободно. Гледаме дека приходите на основниот буџет се остварени
во износ од 44 милиони или скоро 42 %. Имаме вишок на приходи од претходната
година кој што се пренесуваат во оваа во износ од 13.300.000,00 денари. Ако го
одземеме тоа, Ние во суштина ќе видиме дека имаме приходи од 31 милион. Тоа се
однесува заклучно со вториот квартал или за 6 месеци од оваа година. Ова е нешто
што е најмалку во последните 5 години, кога станува збор за приходите на
основниот буџет. Расходите, кога зборуваме за расходната страна на основниот
буџет, се остварени во износ од 41 милион денари или тоа е 39 %. Уште кога се
донесуваше буџетот за оваа година, Ние неколку пати напоменавме дека овој е
нереален буџет и не е остварлив, а најмалку е пак развоен буџет. Тоа ќе го видиме и
после пооделно и на другите ставки, а дополнително ќе коментираме и за
Ребалансот на буџетот кој што го предлагате. Ако се оди со оваа реализација на
буџетот, која е помалку фактички од 40 % до крајот на годината ако се оди со ова
темпо, Ние ќе имаме реализација помалку од 80 %. Што значи дека тоа нема да биде
успешна година за локалната општина и за реализацијата на проектите. А за проекти
и самите Вие знаете, а гледат и граѓаните колку се реализирани од Програмата за
улици, патишта и градежно земјиште и од Вашата изборна Програма која што ја
имате зацртано за оваа и за наредните години. Само за споредба, буџетите од
претходните години кога беше локалната власт предводена од СДСМ изнесуваа
минимално 90 милиони или максимално до 101 милион и остварувањето беше над
80 % во секоја година. А дополнително сега предлагате со Ребаланс на буџетот,
буџетот да се зголеми на 108 милиони. Како ќе го реализирате тоа, на кој начин,
само Вие си знаете. Дополнително тука имаме зголемување на приходите по основ
на зголемените ставки за плаќање на јавните површини од угостителите.
Дополнително ќе бараме од Вас Градоначалник да ми кажете до каде е со таа
состојба, колку имаме приберени средства и дали од угостителите сите ги плаќат на
време тие средства. Најбитната работа од сето ова се капиталните расходи. Една
локална власт има основна цел да ги задоволува потребите и барањата на граѓаните.
Што значи тоа? Ако сме Ние донеле Програма за развој за 2022 година, Ние уште
при донесувањето кажавме дека ќе ја поддржиме Програмата и ако и таму се
гледаше дека има паушално ставани ставки за улици. Еве на пример „Славчо
Стојменски“ беше ставена 2 милиони, ако може некој да ја направи за 2 милиони,
нека дојде нека каже. Ние до сега оваа година и самите бројки покажуват дека
немаме никаква реализација на страна на капиталните расходи. Дополнително во
самиот Ребаланс на буџетот кога ќе дојде збор, Вие ги намалувате истите за да
зголемите ставките на плати на администрацијата. Кога сме веќе кај платите на
администрацијата, во самиот буџет, во самиот Извештај за вториот квартал, се гледа
дека до сега платите за администрацијата, изнесуват 11.100.000,00 денари,
дополнително со овие што ги имате за Договор на дело односно за привремени
вработувања на 900.000,00, значи платите одат на 12.500.000,00 денари. Со ова
темпо и дополнително со вработувањата кои што ги предвидувате со измените на
44

Плановите за вработувања, значи платата до крајот на годината ќе ојде 25 милиони


денари. За споредба, да земеме средна година од владеањето на претходната власт,
вкупниот износ беше 13.800.000,00 денари. Тоа е за не малку дупло зголемени
средства за плати и надоместоци. И овие капитални расходи од 8 милиони денари,
што претставуват катастрофа 20 % за првото полугодие, еве кажете ми за кој Ваш
проект се реализирани? Со оглед на тоа дека сега пред краток период, Вие дури сега
почнавте со остварување на еден од најавените, тоа е поплочувањето на тротоарите
со бекатон плочки. Да не зборувам за населените места во општина Виница.
Коментарите по социјалните мрежи, доволно Ви дават порака на каде се одвива
работата.
Градоначалник Миле Петков: Советникот Гоце Милевски направи односно се обиде
да направи една споредба на Кварталниот извештај за оваа година, со некои
претходни години без некои прецизни податоци. За среќа, Јас имам податоци за сите
претходни 5 години и можам да дадам добра споредба, за да видиме каде сме и како
сме. Тој кажува за некаква реализација од 80, 90 % за буџет на крај на годината, сега
разговараме за Квартален извештај за втор квартал. Споредбата ја правиме со
Кварталниот извештај за втор квартал за секои години поединечно. Сега ова е Наш
прв Извештај што го разгледуваме, Јас како Градоначалник и Вие како советници во
првата година од Нашиот мандат. Најсоодветна ќе биде споредбата со првата година
од мандатот на претходниот Градоначалник и претходниот Совет. Па да почнам со
ред. Вкупните приходи сега се околу 49 %, за разлика од 2018 година, кога биле
испод 43 %. Значи скоро 6 % сега имаме подобар приход на вкупниот приход на
буџетот. Од тоа основниот буџет, сега имаме 42 %, за разлика од пред 4 години кога
било 37 %, значи повторно 5 % повисок приход на основниот буџет. Кога сме кај
расходите, исто така сега имаме околу 42 %, за разлика од 2018 кога било 38 %.
Значи вкупните расходи сега се поголеми за 4 %. Во основниот буџет исто така има
разлика од 5 %, сега повеќе, па ако сакате и во делот на капиталните расходи за кои
што кажувате дека се многу ниски, сега имаме околу 21 %, за разлика од пред 4
години кога биле испод 10 % односно 9,96 %. Истото тоа може да се каже и за
наредните години, па да кажеме и за 2019 година, ако се одземе помошта која што
Локалната власт ја доби од Централната власт во износ од 23 милиони денари, за
покривање на долгови, ако се одземат тогаш 2019 ќе биде уште полоша од 2018 во
поглед на реализацијата на приходите и расходите на буџетот на општина Виница.
Па ако сакате и за 2020 година, бројките, сите ставки во делот на приходи и на
вкупните приходи и на вкупните расходи на основниот буџет па и на капиталните
расходи, сега се поголеми дури од третата година на владеењето на претходната
Локална власт и претходниот Совет во кој што Вие бевте мнозинство. Така да сите
овие споредби се неаргументирани што ги кажувате, бројките како што кажа се
немилосрдни и го покажуваат тоа. Искрено и Јас не сум многу задоволен затоа што
очекувам да биде тоа над 50 % пошто се работи за Полугодишен извештај. Сметам
дека може подобро и мора да биде подобро, но причините за тоа се Јас би рекол од
претходната Локална власт односно лошото раководење со општината во
претходните 4 години. Јас како Градоначалник наследив општина со вкупен долг од
околу 55 милиони денари и со празна каса 0 денари и плус тоа немаше оставено
проекти, готови проекти за да можеме веднаш да започнеме со реализација. Тој
хендикеп Ние претходните колку сме сега 10 месеци на власт, го искористивме за
изработка на проекти кои што веќе пристигнуваат за изработка. Ние знаете дека сега
има започнато со поплочување на улици и тротоари во износ од 4 милиони денари.
Овие денови треба да склучиме Договор за поплочување на улици и тротоари во
износ околу 9 милиони денари. Тоа се некаде околу 14 милиони денари, кои што во
45

наредните 3 месеци треба да бидат завршени. Значи вкупните, капиталните расходи


во наредниот период ќе бидат зголемени, со реализацијата на овие проекти, а
основната причина поради зошто е тоа така е поради немањето на проекти. Исто
така и во делот на приходите, можам да кажам дека причина е поради лошото
раководење на општината. За да ги зголемиме приходите, Ние мораме да имаме
основа за зголемување. Ние претходните години можат на прсти да се избројат
Урбанистичките планови кои што се донесени, кои што се основа за зголемување на
капиталните приходи. Ние во изминатиот период вложуваме огромни напори за да
се донесат Урбанистички планови и наскоро тоа ќе донесе резултати, со што ќе
бидат значително зголемени капиталните приходи, а со тоа нормално дека ќе има
реализација и на капиталните расходи. Тоа што кажа советникот Гоце во делот за,
имаше некои потпрашања, во такса за јавна површина да, можете да видите во
буџетот, во реализацијата дека таксата за јавна површина сега е поголема од било
кога. Ако имаме предвидено во буџетот 150.000,00 денари, сега се околу 850.000,00
денари. Значително зголемување на таксата за јавна површина. И точно е дека сите
што имат поднесено Барање имаат платено. Делот на зголемувањето во буџетот за
плата, не е поради нови вработувања туку поради зголемувањето на минималната
плата. Тоа е зголемени се дотациите и во градинката и во основните и во средното
училиште, така да делот во буџетот за зголемување на плата е токму поради
зголемувањето на минималната плата, а не поради некои нови вработувања затоа
што и ги нема. Толку сега за сега, ако има нешто дополнително може да
одговориме.
Советник Гоце Милевски: Не е точно Градоначалник дека овој Ви е прв Извештај,
ова е втор Извештај, имавме и Извештај во првиот квартал, во кој што исто тврдевте
дека зимото Ви е проблем за бројките немало можност да се работи низ градот. Тоа
Ви беше главното оправдување, истото Ви го Ние поставувавме, како што Ви го
поставуваме и сега. Која улица е започната да се гради или реновира во Виница или
населените места? Кажете една, не можете да кажете зошто нема. Еве сега е почнато
со бекатон после колку време. Основните плати на буџетот, не е точно дека не е
поради зголемувањето на вработените. Осум вработени имате од октомври до сега.
Осум нови вработувања и 5 унапредувања. Направете математика колку кошта
месечно за општината тоа средства дополнително. Тие не одат средства на
расходната страна односно одат во расходна страна ама во ветер, непотребно. А Вие
тука ни тврдевте дека со запослувањето на тие вработени ќе се подобри целокупната
состојба во општината, дека ќе имаме нови проекти ќе допринесат. Кои се тие нови
проекти? Јас зборувам конкретно, Ние имаме Програма за реализација за 2022
година, никој не го интересира колку имало вработени, кој што Вие тврдите дека ги
нема во суштина, а ги има. Правете споредба со 2018 година или долговите ги
кажувате на општината дека се зголемени. Не е точно тоа, дека биле зголемени
претходно сте наследиле долг. Долговите се намалени. За споредба 2017 колку е
било со 2021, ќе го видите дека е тоа намалено. А наоѓате маана тоа било со помош
од државната власт. Тоа е сто пати подобро него да земете кредити и позајмици во
износ од 12 милиони денари. И што е уште полошо нема ништо од тие средства. И
сега ќе мора да ги враќаме на рати колку таму следуват за плаќање. Велите дека
капиталните приходи и расходи ќе се зголемат, ќе Ве држиме за збор. Сега има за
месец и пол, година од Вашето владеење. Па ќе направиме споредба тогаш што е
изградено, кои улици се реновирани, кои улици се асфалтирани. Капиталните
расходи, овие 8 милиони се од претходно што е изградено и реновирано. Не е нешто
што Вие сте започнале. Сега ќе дојде за плочки, тоа што го кажувате ама тие
расходи се од претходната година. А дополнително ќе правиме споредби и
46

понатаму, Ние нема да Ве оставиме на мира. Ќе бараме од Вас се да реализирате


што сте ветиле пред граѓаните. А да Ве потсетам за 2022, дури го имате и Лисец
предвидено.
Градоначалник Миле Петков: Јас кога спомнав дека ова е прв Извештај, мислев дека
прв Извештај за втор квартал, не дека имавме Ние Извештај ама за прв квартал, сега
споредбата ја правиме за втор квартал. Во делот на вработувањето и
унапредувањето, сите тие вработувања и унапредувања, беа во Планот за 2022 и
сите беа предвидени во основниот буџет. Сега овие разлика што се појавува во
делот е поради зголемувањето на платата. Не дека овие не беа планирани, тие беа
планирани уште кога се правеше основниот буџет. Што спомнавте за реализација на
улици да, склучени се Договори, веќе се прават очекуваме овие денови, утре други
ден да се донесе банкарска гаранција, веќе е изберен Изведувач за тендерот за
реконструкција на улици, во вредност од 9 милиони денари, така да ќе има
реализација на улици. Тоа се повеќе улици во Виница па и во населените места.
Исто така и поплочувањето, така да ќе има доста проекти за реализација до крајот
на годината.
Секретар на општина Гоце Алексов: Јас ќе зборувам само околу делот на
вработувањата затоа што веќе на неколку седници од истиот советник, слушаме
некои паушални изјави. 6 се вработувањата предвидени со Планот за вработување,
од кои две се веќе вработени биле тука само се унапредени на некои повисоки
работни места. Реално имаме 4 нови вработувања. 23 се вработувањата во четирите
години и пред покачувањето на минималната плата, бруто годишно 9.728.000,00
денари, се потрошени во претходните 4 години. 23 и 4 не е исто. И кога ќе се
кажува, да се кажува реално. И сите нови вработувања се високо образовани и
првиот пат и на првата седница кога присуствував, Ви кажав дека одделението за
инспекција ќе се дооформи затоа што ни фалат инспекциските служби и се
реализира тоа. Курир, одржувач на хигиена при четворица, заштита и спасување,
упатување на странки, тоа се работни места што Вие сте ги измислиле, не Ние и што
се непотребни во администрацијата. И кога ќе се зборува, треба да се зборува
реално. Бенефитот ќе го видиш скоро, затоа што на сите страни наидуваме на сопки.
Не сакаме да се жалиме, ама да зборуваш паушално и да кажуваш парите се
потрошија за 4, а 23 примавме, тоа било па да го заборавиме. Така ли треба? По
суми кога ќе излезеш кога ќе кажеш колку пари се потрошени за тие нови
вработувања, како Јас сега што излегувам и стојам зад овие бројки, тогаш ќе
зборуваме. А примавте 100 души можеш да кажеш, еве сега гледат на интернет ќе
речат 100 души примавме. Кажи ги, така се зборува, со аргументи. А за маркетинг,
за тоа можеме сите тука да продаваме прикаски.
Советник Гоце Милевски: Јас не знам што толку, убаво си пишува во Кварталниот
извештај, убаво е наведено каде одат парите. Што не е јасно секретаре, од
капиталните расходи 20 %? Што не е јасно од тоа? Вие самиот кажувате, знаете
колку коштат тие вработувања и унапредувања. Еве ќе земам споредба за еден на
пример, разликата на плата му е 200 и нешто евра месечно, од унапредување. А
претходно Вие не бевте тука, Ние разговараме за институциите, сите се согласуваме
дека треба да престане со тоа. И Јас тоа не го зборувам за Нашата советничка група
и за Вашата, зборувам за доброто на граѓаните. А дали Јас ќе видам или граѓаните
ќе видат, следи периодот натаму ќе видиме сите заедно. Тука пишува капитални
расходи 20 %, до крајот на годината колку ќе бидат ако одиме вака, 40 %. Колку
вработиле, вработиле, а грешка или добро направил претходниот Градоначалник.
Тој е изгубил. Ја ќе бидам пресреќен да на крајот на четирите години, кога ќе
направиме споредба со проектите кои што се изградени пред тоа и со проектите кои
47

ќе бидат од оваа Локална власт. Тогаш ќе излеземе на мегдан поново затоа што Ние
не сме излегле на изборите да кажуваме колку ќе вработиме или што ќе направиме.
Ние излеговме на избори со Програма, која што граѓаните очекуват да ја остварат и
реализират. А реализацијата на капиталните расходи е 20 %, а дополнително со
Ребалансот на буџетот ги намалувате капиталните расходи. Утре тоа ќе гледаме, тоа
ќе барат луѓето да видат, дали се закрпени дупките, колите ги упропастивме. И Вие
возете, сите возат. Ни вети Градоначалникот претходната седница дека за 2-3 дена
ќе бидат закрпени. Ништо не е закрпено, тоа е реалноста.
Секретар на општина Гоце Алексов: Ништо не кажа од тоа што прв пат кажа. Сега
ги изврте работите отиде накај капиталните инвестиции. Во делот на вработувањата
ти зборувам и парите потрошени за плати. Централната власт наметна на луѓето да
ги качиме од 15.000,00 минимална плата на 18.000,00, ама дотациите мислам
приходите на општината, а не ги зголеми со зголемување на приходите по основ на
ДДВ, што е основен приход за плата. Давачки ни наметнува Државата, а пари не
дава. Ние како општина по начинот на распределба на парите добиени по основ на
ДДВ, ако е реален, треба да сме една од најбогатите општини во Македонија. Ама
убаво е Централната власт да собира парите, а на Нас по општините како
сиромаштија да ни фрла по некоја корка. Се додека така функционираме како
Држава, нема да имаме јаки општини. Сега е Централната власт на една партија,
Локалната власт сме од друга партија и ќе не сече. Тоа ли треба да се случува и се
случува, за жал. За жал се случува. Кога зборуваме за вработените во тој дел, можам
слободно да кажам најповеќе е заштедено. Примани се само неопходните луѓе,
засилено е одделението за инспекција, другото е оставено.
Советник Гоце Милевски: Јас не знам Вие го читате ли Кварталниот извештај? Дали
сте го прочитале Кварталниот извештај? Сега ми тука кажувате, што не е исплатила
Државата спрема општината? За шесте месеци е 50 %, самиот Извештај го кажува
тоа. Се е исплатено, дури и преплатено е. И ЈП за државни патишта и ДДВ и улично
осветлување, се е исплатено од тоа што е предвидено. Толку е предвидено во
буџетот, толку е исплатено. Сега минималната плата ја кажувате како основ за
зголемувањето на платите, а самите кажувате дека вработувате со високо
образование. На колку се души минималната плата, а овие се се со високи плати.
Унапредувањата колку коштат? Еве неопходен бил градежен инспектор, се
согласуваме и Ние, предложивме и Ние да се запосли. Зошто мора да има
унапредување на некои од едно место па до таму на висока позиција. Тоа се кошта
пари. Место тие пари да се пренасочат, еве имаше предлог да се дадат на
првачињата, Ние ги трошиме за плати на администрацијата.
Секретар на општина Гоце Алексов: Изгледа не се разбираме или не сакаме. Велиш
Државата се што требало исплатила. Точно е ама на минимална плата од 15.000,00, а
разликата до 18.000,00, што ни ја наметна Државата на Нас, кој ќе исплати? Зошто
Државата не ги даде тие 50 евра плус на луѓето да ги дадеме, туку ни ги наметна на
Нас. Тоа забораваме нели или не ни одговара па нема да го кажеме. Точно тоа што
Државата како обврска го дава ама го дава за тој износ што бил предвиден на
01.01.2022 година. Може на Државата до Нова година ќе и текне уште еднаш да
качи минималната плата, кој ќе ја даде таа разлика? Ја праша ли Централната власт
Локалната власт дали ги има тие пари?
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 45 и го стави на гласање Кварталниот извештај за извршување на Буџетот
на општина Виница за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022
година до 30.06.2022 година (втор квартал).
48

Од присутните 15 советници, со 8 гласа ЗА и 7 гласа ПРОТИВ, нема присутни


советници кои не гласале, Советот го усвои Кварталниот извештај за извршување на
Буџетот на општина Виница за извештајниот период (кумулативно) за квартал од
01.01.2022 година до 30.06.2022 година (втор квартал).
46-та точка од Дневниот ред е Квартален извештај за достасани ненамирени
обврски на општина Виница за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година
(втор квартал).
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање и
буџет и локален економски развој, истакна: На Комисијата за финансирање и буџет,
беше разгледан Кварталниот извештај за доспеани ненамирени обврски на општина
Виница за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година. Ставот на Комисијата
е со 3 гласа ЗА и 2 гласа ПРОТИВ, да го поддржиме.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 46 од Дневниот ред.
Раководителот на одделението за финансиски прашања Јулија Манасиева, истакна:
Во Кварталниот извештај за доспеани ненамирени обврски, се искажани вупните
обврски на општина Виница, кои што не се исплатени заклучно со 30.06. и тие се во
износ од 29.950.000,00 денари, од кои што доспеани обврски, а неплатени до 30 дена
се 721.000,00, 3.206.000,00 се обврски до 60 дена, утужени обврски нема, а
неутужни обврски над 60 дена се 26.024.000,00 денари. Обврските кои што не се
доспеани заклучно со овој период изнесуваат 3.310.000,00 денари.
Советник Александар Јованов: Како што кажа и претставникот од финансии,
бројките сега кажуват нешто друго. Тука со оваа точка, можеме да видиме колку е
успешен Градоначалникот со својата работа. За да не зборувам напразно, ќе
искористам една информација од 30.10. што ни беше на Совет, во која со период на
споредба 30.10.2021 година, близу периодот кога Градоначалникот ја зема власта,
долгот на општина Виница во тој период беше 54.925.000,00 денари или во евра 839
илјади евра. Со овој Квартален извештај можеме да заклучиме дека имаме 26
милиони побарувања, 20 милиони кредити и 3.300.000,00 недоспеани или вкупно
49.514.015,00 денари. Тоа во евра е 810 илјади. Ако направиме разлика ќе видиме
дека Градоначалникот за 9 месеци успеал да го намали долгот на општина Виница
за 5.100.000,00 денари или 81 илјада евра. Ако го гледаме тоа во проценти, ќе
видиме дека долгот е намален за повеќе од 10 % само за 9 месеци, ќе покаже тоа
колку е домаќинско управувањето на општина Виница.
Советник Саше Апостолов: Би сакал да го прашам Градоначалникот, овие 81 илјада
евра или скоро 6 милиони денари, што го вративте долгот, дали имаше државна
помош како во претходната власт дека скоро 20 милиони беше помош од Државата.
И ќе се надоврзам на тоа што колегата Гоце го рече, дека било сто пати добро што
Државата ни дала тогаш 20 милиони. Тие пари беа пренаменети затоа што Државата
не успеа да ги пренамени во инвестиции односно во капитални инвестиции туку
беше катастрофална таа година за инвестициите на државно ниво. Тие пари не
знаеја како да ги пренаменат и ги дадоа да се Градоначалниците пораздужат. И дали
е точно дека претходната Локална власт со свои средства успеала да врати само 2
милиони во целите 4 години.
На прашањето, Градоначалник Миле Петков: Сите достасани, а неисплатени
обврски кои што пристигнуваат за наплата, Ние како општина ги враќаме од
буџетот на општина Виница. Немаме некоја помош од Централната власт по тој
основ, сите оврски се исплаќаат од буџетот на општина Виница.
49

Советник Венцо Вуинов: Мора да бидеме реални, Јас прво за бројките што ги кажа
колегата Александар, треба Јуле да ги потврди дали се баш така. Се е во ред, сите
Ние можеме да кажеме е океј е ако се враќа долгот, но треба да видиме како
функционира општината. Ние сме сведоци дека Комуналното претпријатие е во
катастрофална состојба, ѓубрето на сите ни стои. Јас неколку пати лично со колата и
со приколка одам на депонијата си го исфрлам ѓубрето. Ова искрено Ви го кажувам,
може да ги прашате тие стражарите таму дека со колата одам да фрлам ѓубре. Не е
се така, треба да се враќа долгот, но треба и да функционира и општината. Уште
една работа би сакал да кажам. Претходно Градоначалникот рече дека немало
проекти за реализација. Ние сите сме сведоци дека пазарот т.е. затворениот пазар се
стопираше со изградба. Градоначалникот се жалеше тогаш дека ќе нема средства и
не може да се продолжи со негова градба. Но имаме проект, ако има пари требало да
се вложува. Јас не можам да ја сватам, од обете страни нека биде не можам да
сватам кога еден Градоначалник ќе замине од другата опција Градоначалник да
него не му се симпатични проектите што се направени од претходната власт. Ако
било од друга политичка коиминенција, тоа за мене е несватливо, проектите треба
да се тераат. Народот има корист и од тие проекти и од овие проекти. Прво сакам
Јуле да ги потврди овие информации што ги кажа колегата Александар, дали долгот
е намален и за колку милиони. Тоа се веродостојни кога ќе каже и кога написмено
ќе ни ги даде на сите Нас тие информации. Исто така треба да бидеме реални дека
општината во овој момент заедно со КП, не е на ниво на задачата. Тука сме сите
сведоци. Настрана што колегата Гоце зборуваше за тој дел, не сакавме да се
повторуваме, капиталните инвестиции во колкав процент се реализирани. Мораме
да бидеме реални. Во ред е враќање на долг, но исто така прво е за мене
функционирање на општината како што треба. Ѓубрето мора да се исфрли, вода
мора да има на граѓаните, улиците треба да се како што треба, да нема кал, да нема
дупки. Тоа ќе се сервисира прво и ќе враќаме. Јас сум за враќање, немој погрешно
да ме сватите и ќе враќаме тогаш, мораме. А Ние сме сведоци дека одредени карики
на општината не функционираат. Градоначалниче, Јас и во Советнички прашања тоа
ќе го дискутирав, но сега бидејќи се отвори таа тема па го спомнав сега. Мора сите
алки на општината да функционираат. А секако кога Градоначалникот и ќе врати
некоја пара од долгот што го наследил, тоа си е во ред.
Претставник Јулија Манасиева: Информацијата која што ја барате можам да Ви ја
доставам на наредниот Совет или за кога сакате, сега усно Јас не можам да Ви
кажам. Јас можам усно да Ви ја кажам па Вие да соберете. Во К2 29.950.000,00 се
обврски, недоспеани во образложението ги имате дека се 3.310.000,00 и во К3
образецот, за првиот кредит обврската која останува е 3.047.000,00, а за вториот
кредит 17.442.000,00 денари. Сега во меѓувреме платени се по една рата од
кредитот, намалено е не е веќе 3 милиони туку 2.600.000,00 и не е 17.400.000,00
туку е 15.200.000,00, да речеме. А до 30.06. е оваа ситуација која што Ви ја кажав.
Советник Александар Јованов: Информациите што ги добив, пресметката сега ја
правив. Врз основа на точка 48 во образложението, каде е наведено дека имаме
побарување од 26 милиони, во наредна точка 49 каде се наведени кредитите,
соберено вкупно 17 и 3 се 20. И во образложението пак на 48 точка, има наведено
дека има 3.310.000,00 недоспеани. Сето тоа вкупно соберено 49.514.000,00 од сега
доставените материјали.
Советник Венцо Вуинов: Бројките што ги кажа колегата и бројките што ги кажа
претставникот на општината, не се баш поклопуваат. Јас грубо пресметав, над 50
милиони спомна бројка, а 49 е кај Вас. Инаку Градоначалниче Вие претходно не
бевте присутни овде, се отвори и малку жестока дискусија околу вработувањата во
50

Музејот. Треба да знаете, Ние се што е добро, Програма, проект, ќе поддржиме. Но


повторно вработување во администрацијата, мислам дека особено таму каде што
мислиме дека е превработено и не е рационално. Морам да Ви го кажам сега бидејќи
претходно немав можност, во Музејот се побара ново вработување, мнозинството го
изгласа, даде виза за тоа, но Јас лично и останатите бевме Против, бидејќи во
Музејот пред месец и пол се вработи еден вработен, сега се бара ново вработување.
А сметаме дека тоа не е во ред бидејќи таму нема просторни услови за толку луѓе да
се сместат, а не за понака за плати и.т.н.
Секретар на општина Гоце Алексов: Околу Музејот не е ново вработување, таму
имаме именување на функционер директор, тоа не е вработено лице. Тоа е лице
именувано, не е вработено во Музејот. Треба да правиме разлика и убаво знаете
дека е различно. А за плата е со најниска платата во споредба со другите 4
вработувања. Кога зборуваме за Извештајот, малку спомна за „Солидарност“, точно
е дека „Солидарност“ е проблем меѓутоа треба да ја прашате претходната власт,
како е можело 2018, 2019 и 2020 да даде 0 денари за извршените услуги од страна на
„Солидарност“ спрема општината. 0, а овие четири и пол месеци до дека сме барем
Јас и другите, над 3 милиони денари како Локална власт имаме исплатено спрема
ЈП „Солидарност“-Виница. Ако се сите Градоначалници плаќале како Ние што
плаќаме, ЈП „Солидарност“ немаше да биде во криза. 2018, 2019 и 2020 0, 2 и пол
милиони денари сме должни по тој основ само. Ако се исплатило тоа, немаше ни да
касне таа една плата што е, па да се надеваме дека со оваа структурната обврзница
што е, да ја надоместиме сега. Точно е има проблеми меѓутоа не се од Нас
проблемите. Не може 2 и пол години возилото во Радовиш да стои, да не се поправи,
а Ние тука да не можеме да најдеме возило да ни собере ѓубрето. И не може
последната година од владеењето на претходната гарнитура 27 луѓе да добијат
Решение во „Солидарност“. Кога зборуваме за „Солидарност“, треба сите да се
погледнеме уназад 30 години дека сме кривци за тоа што се случува таму. А оваа
Локална власт, вработените кога штрајкуваа Јас бев, јавно кажаа дека сме први што
се грижиме за нив. И мислам дека треба да сме реални некои работи. Има
потфрлувања, се согласувам ама дека .... зошто не зборувате Вие веќе за депонијата,
гори ли депонијата во Виница, да Ве прашам? Никој не го зборува, веќе тоа го
решивме, ќе го решиме и тоа, дајте ни време. Затоа мислам со „Солидарност“, треба
прво да си се погледнете самите што сте направиле со него, па да обвинувате друг
што прави. Тоа е добронамерно, треба сите да.... не е за фалба тоа што сме го Ние
платиле, луѓето го сработиле ама требало и претходно некој друг да си го плати
долгот. А не, директоре работи, денар да не дадеш. Реалноста е таа.
Советник Венцо Вуинов: Најпрво за вработувањето во Музејот. Во ред,
назначување на функционер, но сите тие трошат пари. Јас ќе разберам ако некој
рече дојди Јас ќе бидам функционер ама ќе работам без пари. Тогаш ќе Ви дадам
рака ама кога зема плата, веќе си е вработување. Оди на буџетот, граѓаните го
плаќаат, не го плаќаме ни Јас, ни секретарот, ни Градоначалникот од Наш џеб. Го
плаќаат граѓаните, да се разбереме Ние работиме со нивните пари. Втора работа,
Јас моето спомнување на „Солидарност“ беше во контекст колегата Александар
дека имаме раздолжување. Во контекст на тоа дека сметам дека треба прво да се
сервисираат обврските према граѓаните, како што реков собирање на ѓубре, вода,
некои основни тработи што ги вршат претпријатието на општината, а после тоа ако
можеме и тоа ќе го поздравиме, ако можеме да раздолжиме некоја пара. Во ред е
ама не се согласувам граѓаните да се дават во ѓубре, а Ние да речеме водиме
политика на популизам. Со тоа не се согласувам, затоа што Јас лично сум засегнат
од тоа.
51

Советничка Весна Спасова: Сакам да се надоврзам на колегата Венцо. Сега знаеме


дека „Солидарност“ не функционира, затрупани сме во ѓубре меѓутоа оваа година
сме сведоци на она што немаше авионско прскање на комарци и сме сведоци како
вработена во Здравствен дом, на многу убоди од инсекти, многу проблем со
инсекти, што Јас мислам дека за прв пат ќе си признаеме и тоа што беше речено
дека авионското прскање е неефикасно, ќе си признаеме дека е грешка и дека
авионското прскање ќе беше навистина ефикасно. Оваа година во тој дел е
катастрофа.
Секретар на општина Гоце Алексов: По ова изгледа лани комарците не не апеа, така
ли? Ама немаше авионско прскање и лани. Немаше, 2019 е последен пат и не е
платено. И друга работа што треба да ја знаете, Јавно здравје-Кочани, претходно не
сакав да се вклучам во точката, но тоа ќе биде наредно кога ќе прави повеќе
испитувања на водата, ќе треба да вика и претставник од општината. Затоа што тоа
Јавно здравје, на кој претходниот Градоначалник 4 години не платил, пред 2 недели
Нас не блокира, 260.000,00 денари ги плативме, затоа што некој друг не платил.
Мислам склучивме Договор за на рати. И последното прскање што беше во јули и за
тоа ни ги земаа парите, а некој 4 години го чекал. Е тоа е политика и тоа е
популизам, а знаете Вие убаво кој е директор на Јавно здравје Кочани. И да не сакам
веќе верувам дека намерно се прават некои работи и опструкции спрема општината.
Не е ни лани ни полани прскано авионско, а како за информација како општини се
залагаме да биде сега регионално прскање, проект се прави да биде прскањето на
ниво на источен регион во исто време. А оваа година авионско прскање имаме само
во Штип. Овој дел тука Нашиот е земјано затоа што е пропуштен периодот
февруари, март, кога требало да се прска против ларва. Мислам дека поубава од
оваа иницијатива нема, цел источен регион ќе вршиме прскање во исто време. Нема
општина по општина, тоа мислам дека е најдобро и не можеме да велиме Ние
прскаме денеска комарците отидоа во Кочани или од Кочани дојдоа кај Нас. Во исто
време ќе биде прскањето на цел регион.
Советник Зоран Ристовски: Пред неколку седници на Совет, некој од колегите
советници од одделението за финансии побара официјални бројки за долговите на
општината. Ако не се лажам беше и колегата Венцо. Јас како советник Јуле барам
од Вас, од твојот тим за нареден Совет да ми се приложат бројките на долг од 2017
преземање на власт и 2021 преземање на власт од Градоначалникот Миле Петков.
Пресеци да правиме на сред година, мислам дека не сме сериозни и нити е
економски, нити е коректно. Ќе ги видиме бројките јавно за долговите и ќе
разговараме. Затоа што две страни кажуват две различни приказни и јавноста мора
да знае целата вистина. Во делот на, се начна иако не сакав да бегам од темата, се
начна проблем со ЈП. Ако по излагањето на секретарот, крива била претходната
Локална власт, крив е некој 30 години. Ако веќе споредуваме 2021 во каква
ситуација е оставено ЈП, ќе споредиме малку и поназад 2009 директор на ЈП си
заминува од функција Орце Јордановски остава две плати плус. Ако сакате ќе ги
провериме бројките. Од 2009 година, настапува Игор Спасовски директор на ЈП, ако
не се лажам два мандати тера до 2017. Ќе ги видиме и тие бројки за колку е
задолжена и долговите се провлекуват и Јас разбирам дека и сега имаме проблеми
во ЈП и сите Ние тежнееме да ги решиме тие проблеми. Да се враќаме сега на
работните места во Музеј и култура за тие што генерално се согласивме дека не се
потребни ама се изгласаа како што се изгласаа мислам дека не е ни точка на Дневен
ред и само губиме на време и службите ги здржуваме повеќе од што треба.
Советник Сашко Дончев: Јас мислам дека сега бројките тоа се факт е, Александар
поднесе, тие се бројките, ќе видат Јулето кога ќе ги донесе. Колегата Венцо да, го
52

побара тој Извештај, толку е долгот, сега е намален, рече тогаш дека ќе се одважи
дека тој настојува долговите да се враќат раздолжена општина, сега ништо не сака,
ги врти работите на друга страна, се пуштат пари на ЈП, се плаќа за авионско
прскање пред 3-4 години. Сите Градоначалници до сега си земале, ништо не
плаќале, правено е на Нашата Локална власт, на Градоначалникот е сега оставено
долгови и долгови, не знам и претходниот Градоначалник Емил земал и тој кредити,
после 10 години друг да ги враќа. Другиот Градоначалник од СДСМ, ништо никаде
не плаќал, 3 години на „Солидарност“ ништо, година и пол стои камиончето за
отпад во Радовиш. И сега Вие решете веднаш. Еве 6 месеци минат, враќаме долгови,
решаваме, камиончето е спремно, депонијата е изгасена. Полека, колку треба. Тоа
не е магично стапче, Градоначалникот да заврши. Одважете се барем нешто кога е
добро не ги менувајте на друга страна работите, сега е тука долгот вратен.
Советник Венцо Вуинов: Се сеќавам убаво што сум кажал да, тоа беше на првите
седници, дали беше прва, втора, не знам точно ама се сеќавам што кажав. Дека ќе го
држиме за збор Градоначалникот, побарав тогаш од службите да ни донесат колку е
долгот во моментот за да знаеме и на крајот ќе го мериме по тоа и по реализацијата
на проектите и по вратениот долг ако не ја задолжи општината, по тоа ќе го мериме
и ќе го поздравиме ако биде така. Јас ништо не реков и сега не реков дека е нешто
лошо ако се вратат долгови, не кажав такво нешто. Само реков Градоначалниче во
овој момент општината према граѓаните не е баш како што треба со сервисирањето.
Тоа сме сите сведоци, мислам дека и од Вашата страна некој не би го негирал тоа.
Сите сме сведоци дека е така. Кажав, Јас лично сам си го носев неколку пати
ѓубрето си го фрлав во депонијата. А да, и се согласувам и со колегата Зоки и со
колегата Сашко, Јуле нека ни достави, па и претходниот Градоначалник. Затоа што
тоа е добра дискусија, Ние мораме да мериме кој како се однесувал во својот
мандат. Мене ќе ми биде многу драго актуелниот Градоначалник, ако на крај кога ќе
ќи споредиме бројките се како што треба. Ќе ми биде драго. Затоа во наредната
седница, донесете ни и ќе дискутираме често за тие бројки.
Советник Сашко Дончев: Јас не реков дека е се најсјајно, факт е ЈП имало проблем,
само Јас мислев дека нешто помалку, но еве им дават пари за да може да
функционира тоа ЈП. Без пари како ќе функционира. Вработените има да, работат
кај мене пред улицата, велат плата не сме земале како да работиме. Тонат во
долгови, имало штрајк се разговарало, луѓето се вратија на работа, сигурни се тие во
тоа што им е кажано, веруват на луѓето, сега ќе видиме натаму.
Советник Александар Јованов: Кажа и колегата Сашко дека никој не вели дека
цветаат рози во општината и дека е најдобро, но да ја видиме која е причината.
Кажав и тврдам на тоа дека сме вратиле 5 милиони денари. Ако тие 5 милиони
денари, не беа немаше став Градоначалникот да треба да ги врати, кажа и
секретарот претходно секојдневно доаѓаат неподмирени обврски. Центар за јавно
здравје блокира општината. Изведувачи што 3-4 години работеле улици, патишта,
тротоари и тие секојдневно доаѓат во општината. Ако не плати општината, ќе ја
блокират. Комуналното 3 милиони денари вратени за 9 години, а претходно 4
години 0 денари. Можел и Градоначалникот со тие 5 милиони денари да тера нови
проекти или да прави плус уште некои нови проекти за кои нема финансии, а ќе
реализира проекти и ќе остави тој долг на некој нареден Градоначалник во
задолжена општина. Со ова работење, го гледаме домаќинското работење на
Градоначалникот. Да го врати тоа што некој го е работил и се фали дека е завршено.
Никогаш претходниот Градоначалник не излезе да каже колку има долгови и сето
тоа што го работил дека е неплатено. Кажа сега и секретарот прскано е 2018 година
последен пат. Прскано е ама не е платено, долгот го плати сегашниот
53

Градоначалник. Да не ги спомнувам сите претходни проекти колку е релизирано. Во


точка 48 можете да направите разлика, да речеме од пред 3 месеци или пред 9
месеци во образложението на неподмирените обврски, стојат сите фирми на која
фирма колку должи. Со сегашната можете да видите колку од тие проекти се
платени од страна на овој Градоначалник.
Градоначалник Миле Петков: Во врска со дискусијата на советникот Венцо Вуинов,
во делот на проектите дека нема оставено проекти, а всушност има оставено проект
за градски пазар да, беше оставен тој проект и Ние ќе бевме многу среќни доколку и
не постоеше тој проект затоа што тој проект ни прави многу проблеми. Тој проект
беше донесен, знаете дека пред Локалните избори во 2021, да кажам на мускули. Без
некоја поширока расправа, без некоја поширока вклученост на стручни лица за тоа
како треба да изгледа тој проект за да се реализира. Ние фактички наследивме готов
проект со веќе изберен Изведувач, склучен Договор за изведба и на некој начин
мораше да продолжиме да се гради. Јас кога ја преземав функцијата, на пазарот
имаше само една голема дупка, немаше ништо, немаше ништо платено. Ние го
наследивме како проект без обезбедени финансиски средства со буџет од 30
милиони денари и мораше да го реализираме. Проектот за пазарот продолжува да се
гради, Ние склучивме Анекс на Договорот затоа што нереално е за една година да се
обезбедат 30 милиони денари од сопствениот буџет за да се изгради пазарот. Ако
тоа го направиме се друго треба да, ништо не треба да се прави. Дури и за тоа ќе
нема. Затоа склучивме Анекс на Договорот и веќе можете да забележите дека
пазарот веќе ако беше една голема дупка, сега веќе се издига на едно повисоко ниво.
Така да Јас мислам дека со Договорот што го склучивме, со Анексот, дека ќе
успееме да го реализираме. Тоа е навистина голем терет на општината, Ние до сега
сите достасани ситуации на време ги плаќаме, сега има достасана една ситуација
што треба да ја платиме во текот на овој месец. Така да Јас мислам дека пазарот ќе
успееме да го реализираме во рокот што е со Анекс на Договорот.
Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: Јас ќе кажам за пазарот, лично мое
мислење. Кога победивме во октомври месец, Јас бев прв да затрупаме тие дупки,
таму да си биде Плоштад. Во цел свет стар Плоштад си постои и таму сите згради се
направени да си биде тоа Плоштад. Сега таму се издига пазарот како нек, ако знаете
што е тоа, тоа е после вулкан кога излезе некоја карпа и стои. Таму не му е местото
на пазарот. Меѓутоа што било било и мора сега да се гради за пазарот. И второ,
неблагодарно е да се толку алудира на тој пазар, а да не се остави ни денар за да се
гради, а капитален објект се промовира пред изборите. Избори во октомври, а 12
јули се прави камен темелник што е земено цементот и арматурата на заем. Мислам
дека тоа не држи само тие озборувања и не знам дека не е реализирано од Локалната
самоуправа. Што се однесува до КП, има моменти кога нема веќе никој да даде на
заем пари за да се гради нешто. Мора да се врати долгот. Дојде момент на
Комуналното, тие дојдоа до зид и нема веќе каде да одат. Мора да се вратат парите
за да може да функционира. Ако до сега, пред малку што дискутираа колегите. 4
години, денар не е ставено во Комуналното, а само е земано. Дојде моментот кога
треба да се даде за да може да живеат и да работат. Навистина не е благодарно. Два
месеци или две и пол години камион да не биде сервисиран, се даде на сервис, а не
се плати да се донесе. И сега е проблем околу ѓубрарите, тие не сакат да работат
што е сосема нормално. Немат пари, сакат плата. И сега Ние дојдовме во ситуација
да не најдеме во цела општина ѓубрари кои сакат да си ја работат работата. А кажете
ми, ако нема ѓубрари, кој ќе собира, ако нема плата, кој ќе се нафати, нема. Мора да
се земе во предвид навремено плаќање и извршување на работата. Сега јавно ќе
кажам критика и на самите вработени од Комуналното. За мене недозволиво
54

градежна екипа да работи во денот само 2 часа, ништо повеќе, а чекаме Ние плата.
Исто за овој водовод кај Дончев, тоа е незамисливо. Беше краен датум крај
февруари, пролонгирано, крај март и сега ќе дојде уште малку крај февруари и пак
да не биде направено. Има вина и самите вработени. Има вина кај вработените
работниците, а и кај Раководителите. Се донесуват како не знам што да е, како да се
лутат. Тука нема лутење, плата Ние земаме за извршена работа, не за партиец, не за
клевета. Пластичен пример ќе кажам, конкретно кај Зоки. Тој ме најми мене да
ископам 10 метри канал и Јас не ги ископам и го терам Зоки да ми платиш. Епа не
може, треба сите да се удариме во глава и да бидеме Ние свесни. Ние пак ќе кажам,
земаме плата за извршена работа. Ништо повеќе и нема да ми се лутат и овие кои се
во Комуналното. Не може кој кога му текне да си крене дома, не може мора да се
заработи. Или била тешка работата на ѓубрарите. Во ред е, тешка е. Ама за таа
тешка работа се намалува со закон, еден час помалку ќе работиш, а не да да
работиш само 2 часа. За градежниците исто. Зошто не е приклучено водата на
новата линија, имало китки во дворовите, катастрофа од образложение. Нека ми
простат сите меѓутоа Јас сум човек сакам да се работи и секој да си заработи чесно
парата и толку. И да не наоѓаме маана на секој друг, прво да се погледнеме во
самите себе. Имам една изрека прочитано во вецето кај Лукоил пред Скопје,
пишува: „Сакам да се промени светот ама не Јас“. Епа не може, мора прво да
почнеме од себе па да промениме светот.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 46 и го стави на гласање Кварталниот извештај за достасани ненамирени
обврски на општина Виница за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година
(втор квартал).
Од присутните 15 советници, со 8 гласа ЗА и 7 гласа ПРОТИВ, нема присутни
советници кои не гласале, Советот го усвои Кварталниот извештај за достасани
ненамирени обврски на општина Виница за квартал од 01.01.2022 година до
30.06.2022 година (втор квартал).
47-ма точка од Дневниот ред е Квартален извештај за промените на состојбата
на секое задолжување на општините и Јавните претпријатија основани од
општините (втор квартал).
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање,
буџет и локален економски развој, истакна: На Комисија беше разгледан
Кварталниот извештај за промените на состојбата на секое задолжување на
општините и Јавните претпријатија основани од општините. Став на Комисијата е
со 5 гласа ЗА, да го поддржиме.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 47 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 47 и го стави на гласање Кварталниот извештај за промените на
состојбата на секое задолжување на општините и Јавните претпријатија основани од
општините (втор квартал).
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 14 гласа ЗА, нема
присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Кварталниот извештај за
промените на состојбата на секое задолжување на општините и Јавните
претпријатија основани од општините (втор квартал).
48-ма точка од Дневниот ред е Предлог-Буџет за изменување и дополнување на
буџетот на општина Виница за 2022 година (Ребаланс на буџетот).
55

Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за


финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов и
Претседателот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Марија
Миланова.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање,
буџет и локален економски развој, истакна: На Комисија беше разгледан Предлог-
Буџетот за изменување и дополнување на буџетот на општина Виница за 2022
година, немаше дискусија гласавме само со 3 гласа ЗА и 2 гласа ПРОТИВ,
предлагаме да биде усвоен.
Советничката Марија Миланова како Претседателот на Комисијата за еднакви
можности на жените и мажите, истакна: На првата Комисија за еднакви можности
на жените и мажите, со 2 гласа ЗА и 2 гласа ПРОТИВ, го предлагаме Ребалансот на
буџетот до Советот.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 48 од Дневниот ред.
Раководителот на одделението за финансиски прашања Јулија Манасиева, истакна:
Во Ребалансот на буџетот на општина Виница за 2022 година, се предлагаат
вкупните приходи и расходи да изнесуваат 332.057.000,00 денари, што претставува
зголемување од основниот буџет за 13.474.000,00 денари. Од овој износ 2.700.000,00
денари, се предлага зголемување кај основниот буџет и тој би изнесувал
108.300.000,00 денари. Тоа е границата за законски максимум за вкупниот буџет со
основниот буџет бидејќи тој се формира како резултат на согласно законот за
финансирање на ЕЛС, како резултат на максималниот износ на планирани
сопствени приходи, се зголемува за дотациите од ДДВ, се зголемува за пренесениот
вишок на приходи од претходната година и на тоа се додаваат трансферите кои што
општина Виница ќе ги добие како резултат на потпишаните Договори со некои од
Агенциите или од Министерствата. Во Нашиот конкретен случај, тоа се Договорот
за трансфер на средства со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и
руралниот развој за изработка на Урбанистичкиот план во с.Трсино и с.Лаки, во
износ од 1.721.000,00, Договорот со Министерството за локална самоуправа за
изградба на водоводна мрежа во с.Блатец 1.523.000,00 денари. Овој проект веќе
средствата се реализирани. И Договор со Министерството за локална самоуправа за
„Енергетска ефикасност, пристапни и безбедни јавни површини за сите“ во износ од
900.000,00 денари, кој што се однесува за осветлување на градскиот парк и
Стадионот во општина Виница. Во приходниот дел, даночните приходи се
зголемуваат за 1.365.000,00 денари, неданочните приходи за 200.000,00 денари,
капиталните приходи за 220.000,00 денари и трансферите и донациите за 915.000,00
денари. Во расходниот дел, имаме зголемување на тековно оперативните расходи за
4.950.000,00 денари, додека капиталните расходи се намалуваат за 2.250.000,00
денари. По Програми, можете во Посебниот дел да видите во кои Програми имаме
намалување, а во кои зголемување. Потребата од Ребаланс се наметна и како
резултат најмногу на зголемувањето на дотациите за единките корисници, со
усвојувањето на Ребалансот на Републичкиот буџет. Така да дотациите се
зголемуваат за 10.887.000,00 денари и тоа во областа на социјалната заштита, за
Детската градинка, дотацијата се зголемува за 3.852.000,00 денари, во областа на
културата за 2.335.000,00 денари, кај основното образование за 3.973.000,00 денари,
а во средното образование за 1.300.000,00 денари. Додека кај Против пожарната
заштита, која е наменета само за плата на пожарникарите, останува иста дотацијата
односно 4.600.000,00 нема зголемување иако има голема потреба од зголемени
средства. Кај самофинансирачките активности, кај донациите нема некои поголеми
промени, самофинансирачките активности се намалуваат за 220.000,00 денари, а
56

донациите се зголемуваат за 107.000,00 денари. Тоа би било накратко околу


Ребалансот на буџетот.
Советник Гоце Милевски: Јас и при првото излагање, кажав некои работи што се
однесуваат за Ребалансот на буџетот. Во суштина стојам на тоа, дека со тој процент
кој што го има и за претходниот за кварталот кој што претходно е изгласан, Ние не
можеме да го реализираме буџетот, а тука гледаме дека основниот буџет дури и го
зголемуваме. Со тоа што во расходниот дел ги намалуваме капиталните расходи, се
намалуват за 2.250.000,00 денари, а тука имаме ставки кои што еве на пример се
зголемуват, има во Потпрограмите Општинска администрација, изградба и
реконструкција на локални патишта и улици за 1.215.000,00 денари, а ги
намалување во ставките Ј80-други комунални услуги за 500.000,00 денари или тоа е
средства кои што беа предвидени за прскањето на комарците. Таму се реализирани
само 60.000,00 денари, а другите ги префрламе, намалуваме од таа ставка, ги
зголемуваме во Потпрограмите кои што се дадени понагоре. И го намалуваме во
изградба на системи за водоснабдување за 1.150.000,00 денари и изградба на
системи на одведување и пречистување на отпадни води за 2.750.000,00 денари.
Главната поента е дека ги намалуваме капиталните расходи, а ги зголемуваме
особено еве на пример во Општинската администрација и изградба, реконструкција
на локални патишта и улици за 1.215.000,00 денари. Како што се сеќавам, еднаш ги
скративме тие средства, па сега повторно ги враќаме. Меѓутоа од Кварталниот
извештај се гледа дека, еве на пример во ставка Реконструкција на улици и патишта
и автопати, од предвидените 3.500.000,00 денари, имаме реализација 0 денари.
Изградба на улици и патишта и автопати, од предвидени 6 милиони имаме
реализирано 2.400.000,00 денари. Ако може да ми појасните за каде станува збор
овие да се зголемат, за кои реконструкција на локални патишта и улици. За кои
станува збор Градоначалник од овие средства?
Секретар на општина Гоце Алексов: Ништо не скратуваме, тендерот беше 60.000,00
и ги исплативме парите. Тендерот е толку. Се јавија повеќе фирми, на таа сума што
беше предвидено, падна крајната цена на 60.000,00. Не сме Ние кратиле, луѓето си
понудија, наддаваа, намалуваа да дојдеме до цена од 60.000,00. Не сме ништо
скратувале, тоа е заштеда. Мислам дека е добра работа и треба да го пофалите затоа
што сме намалиле и сме платиле. А некој колку му рекле толку и не платил. Има
разлика, треба убаво да гледате и да видите. Исто како што беше тендерот за
изработка на техничка документација, предвидено 800.000,00, крајната цена е
200.000,00 и луѓето ги изработија тие проекти за 200.000,00 денари. Е тоа е
домаќинско.
Градоначалник Миле Петков: Во делот на зголемувањето на ставката за изградба и
реконструкција на улици, Ние имаме и сега неисплатени обврски од сега завршени
улици, кои што спомнав претходно дека очекуваме овие денови да склучиме нов
Договор за реконструкција на улици. Така да тука ќе ни требат дополнителни
средства од веќе предвидените во буџетот. Намалувањето на ставките кои што ги
спомнавте во делот за Ј80 и за изградба на системи за водоснабдување и системи за
одведување и пречистување на отпадни води, да. Тоа е од причина со донесувањето
на новиот закон за финансирање на ЕЛС, општините имаат можност да поднесат
Барање за издавање на структурна обврзница од страна на Министерство за
финансии. Според Нашите проценки тоа се работи за сума од околу, а тоа се работи
за застарени долгови на општините до 30.09.2021 година. Овие последните 3 ставки,
спаѓат во таа категорија и сметаме дека со издавањето на таа структурна обврзница,
дека ќе успееме сите овие долгови да ги подмириме со неа. А тие средства што се
планирани за враќање на тие стари долгови, да ги пренасочиме кон реализација на
57

нови проекти. Тоа се стари долгови, мислам дека имавте и точка на Дневен ред, која
што беше повлечена затоа што се уште не се донесени некои Правилници ама се
надевам дека до крајот на годината дека и тоа ќе се донесе. Тие не се намалуват туку
се на некој начин со одложено исплаќање до издавање на таа структурна обврзница,
за да може да ги исплатиме комплетно.
Советник Гоце Милевски: За кои улици?
Градоначалникот Миле Петков одговори: Улици се, улица во Виница „Ангел
Винички“ и крак од улица „Кирил и Методиј“, која што требаше лани да се заврши,
а не се заврши под чудни околности. Исто така имаме и две улици во Блатец и 2
улици во Градец и дел од трета улица во Градец. Тоа е по тој тендер. Вредноста е
некаде околу 7 и пол милиони без ДДВ, 8.670.000,00 денари со ДДВ. Тоа е по тој
тендер што треба овие денови да го склучиме Договорот, а рокот за реализација ќе
биде 3 месеци.
Советник Гоце Милевски: Набројавте за кои улици планирате овие средства, а до
каде е состојбата со улиците и сите други работи предвидени во Програмата за 2022
година. Конкретно е таму „Славчо Стојменски“, „Страшо Пинџур“, има и неколку
особено и за селата. И не ми кажавте што се случува со Е00 или Јулето не ја
подетално образложи за Општинската администрација, во кој дел е зголемувањето
на средствата за 1.300.000,00 денари.
Градоначалникот Миле Петков одговори: За улиците што ги спомна „Славчо
Стојменски“, „Страшо Пинџур“, изработени се проекти комплетно, веќе се издадени
Одобренија за градба. Тие се спремни за реализација, не се опфатени со овој тендер
ама веќе во наредниот тендер кога ќе биде распишан, ќе бидат опфатени и тие улици
и плус некои дополнителни улици за кои што веќе имаме изработено проекти. А
исто така во наредниот период ќе работиме и на изработка на проекти за нови, нови
улици по Виница и по населените места.
Претставник Јулија Манасиева: Во Програма Е0 Општинска администрација, има
зголемување кај сите речиси синтетички расходни конта. Така кај платите и
надоместоците, зголемување има за околу 500-600 илјади денари, кај стоки и услуги
исто така има зголемување, минимално кај материјали и ситен ивентар, кај поправки
и тековно одржување исто така за 70.000,00, кај договорните услуги има
зголемување за 160.000,00 денари и кај другите оперативни расходи за 100.000,00
денари и кај привремени вработувања за 350.000,00 денари. Кај разни трансфери
исто така зголемување за околу 85.000,00 денари.
Советник Гоце Милевски: 950.000,00 денари, се за плати и надоместоци и
привремени вработувања. Јас претходно кога спомнав за вработувањата од тие 8, Јас
мислам дека се 8 без разлика дали се под Агенција или се привремени вработувања.
Може да нема Оглас за тоа работно место ама пари одат за тие работни места, така
ли секретаре? Ние сега зборуваме за парите кои што се предвидени со Ребалансот на
буџетот. Тука конкретно е за оваа ставка. 950.000,00 денари од 1.300.000,00
Градоначалник Миле Петков: И претходно спомнавме кога разговаравме за буџетот,
бројката на вработени останува иста од почетокот на годината до сега, нема
зголемување на бројот на вработени како што спомнав и претходно. Зголемувањето
на ставката за плата и на Општинската администрација и преку Агенцијата е поради
зголемувањето на минималната плата. Кога се донесуваше буџетот на крајот на
претходната година, платата беше едно, сега е сосем друго затоа што тоа беше
некаде март, април кога се зголеми минималната плата. Сите овие што се
ангажирани и преку Агенцијата се со минимална плата. Освен тоа да кажам дека со
зголемувањето на платата за пожарникарите, платите скоро на сите пожарникари се
зголемени и тоа драстично, а дотацијата за пожарникарите апсолутно не е зголемена
58

за 0 денари. Се тоа излегува на трошок на општинскиот буџет. Така да нема некои


нови вработувања сега да велиме, се се случува поради зголемувањето на
минималната плата кое во меѓувреме се случи, од донесувањето на буџетот до
Ребалансот.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 48 и го стави на гласање Предлог-Буџетот за изменување и дополнување на
буџетот на општина Виница за 2022 година (Ребаланс на буџетот).
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 8 гласа ЗА и 6 гласа
ПРОТИВ, нема присутни советници кои не гласале, Советот го донесе Буџетот за
изменување и дополнување на буџетот на општина Виница за 2022 година
(Ребаланс на буџетот).
49-та точка од Дневниот ред е Барање Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на општина Виница.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за статут и
прописи, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за статут и
прописи, истакна: На Комисијата за статут и прописи, беше разгледано и
образложено од страна на секретарот, Годишниот план за вработување за 2023
година. Ставот на Комисијата е 3 гласа ЗА и 2 гласа ПРОТИВ.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 49 од Дневниот ред.
Појаснување даде секретарот на општина Виница, Гоце Алексов: Имаме законска
обврска Годишниот план за вработување до 30.08. да го поднесеме до
Министерството за информатичко општество и администрација. Во Годишниот
план за вработување, се предвидени 2 места движење на кадар, што значи
унапредување со интерен оглас. Едното е во Противпожарната единица, водич на
група, по основ на испразнето место со одење во пензија на еден од постоечките
пожарникари. По систематизација, Противпожарната единица мора да брои 14 лица
за да може да функционира, 3 смени плус една слободна секогаш. Ако не извршиме
унапредување на еден од постоечките пожарникари во водич на група, тогаш
вработените ќе бидат 13, не можат да функционират. Ние мора да извршиме
унапредување па дури после да планираме и вработување на ново лице, само за да
може да функционира. Се работи за лице кое оди по основ во пензија и има звање
водич на група. Тоа е малку повисоко ниво од основното, тоа е пожарникар
спасител. Може да имаме зголемување најминимално во делот на платата,
пресметката уште не ја знам. Тоа е унапредување за тоа. А второто унапредување е
Раководител на одделение за заштита на животната средина затоа што имаме
одделение кое што е едно од позначајните. Имаме 3 дејности што можеби во иднина
треба да се размислува и за поделување на тоа одделение затоа што се тука имаме
животна средина, комунални дејности и локален економски развој, што реално да
зборуваме нема допирни точки во тој дел. Тоа ќе биде интерен оглас на кој
вработените, секој од вработените може да конкурира, па ќе видиме дали ќе го
пополниме или не. Во делот на новите вработувања, исто имаме предвидено 3, тоа е
пожарникар спасител, што го зборував претходно за да може да иде овој
пожарникарот сегашниот спасител да иде на повисоко ниво пожарникар водич,
треба да биде ослободено тоа работно место и да се пополни. Второто место, тоа е
работник за одржување на јавно осветлување и советник за администрирање на
локални даноци. И на Комисијата и сега ќе Ви кажам, предвидените нови
вработувања не мора да значи дека и ќе бидат реализирани. Доказ за тоа Ви е
Измената на Годишниот план за вработување 2022 ако го погледнете што го
гласавме, ќе видите дека работното место работник за одржување на јавно
59

осветлување и советник за администрирање на локални даноци, Ние го имаме


предвидено за вработување и 2022 година ама нема да биде реализирано. Тие
работни места Ние веќе сме ги предвиделе 2022 меѓутоа според сегашните средства
со кои располагаме истите нема да бидат реализирани. Што значи дека и наредната
година ако општината се судира со финансиски проблеми, тие работни места не
мора да бидат реализирани. Тоа е ако сакате нешто да прашате, слободно.
Советничка Марија Манасиева: Секретаре, Јас имам едно техничко прашање затоа
што не сум сигурна дали е грешка или не, ако може да ми објасните. Во Табела 6 од
Годишниот план за вработување, вели дека вкупен број на нови вработувања се 2
нови вработувања, а подолу се наведени 3 работни позиции.
Секретарот на општината Гоце Алексов одговори дека е техничка грешка.
Советничка Марија Манасиева: Апелирам до сите советници, да не гласаат за ова
бидејќи е посочена грешката, Ние ќе се изземеме од гласање и свесно гласање за
Годишен план за вработување и измена со ваква грешка, ќе има соодветни
последици. Да биде доставен материјал како што треба, ја посочувам грешката.
Исто така зборувајќи за вработувањата, сакам само да прашам со колку вработувања
е наследено и започнато владеењето на моменталната Локална власт? Колку имало
вкупно вработени во Локалната самоуправа, дали е точен податокот дека тоа е 61
место? Додека според Годишниот план, Вие сакате тековната година да ја завршите
со 72 вработени. Па граѓаните Наши може да ја направат математиката за тоа каде
одат Нашите пари.
Секретарот на општината Гоце Алексов одговори: Годишен план за вработување за
2022 донесен на 30.08.2021 година, ако не се лажам 67 се вработени, не 61. 66
македонци, 1 ром. Од тоа 2021 за 2022, имате планирано 2 пензионирања што се
реализирани, одржувач на јавно осветлување и пожарникарот и 9 нови вработувања.
Вработувањата се намалени на 6 од тие 2 што се веќе вработени. 3 вработувања
помалку имаме планирано. Тоа е донесено на 30.08.2021 и треба да се однесува за
2022. Тоа е претходното. А дека ова техничката грешка за 2 и дека ќе сноси
последици некој, не. Еве сега го увидовме, фала на грешката што ни кажавте, ќе се
укаже во Записникот дека треба да се исправи Годишниот план за вработување, ќе
се преправи и ќе се испрати до МИО и ништо не е страшно. Убаво што ни кажавте.
Советничка Марија Манасиева: Ние не можеме да гласаме за грешка.
Секретар на општината Гоце Алексов Не, можете слободно да гласате кога сте ја
веќе виделе грешката и ќе влезе во Записник дека треба да бидат 3. А друго е што
Вие не сакате да гласате. Не не можете, не сакате, тоа е разлика.
Советник Александар Јованов: Колешката Марија го отвори прашањето колку биле
вработени на 31.10. сакам да прашам дали имате информација 2017 колку се биле
вработени? Тоа ми е поважно зошто сега знам дека се двајца или тројца вработени.
Разликата за 4 години колку се вработени во општина Виница.
Секретарот на општината Гоце Алексов одговори: Имотно-правни работи помлад
соработник, самостоен референт за упатување на граѓани и странки, Раководител на
одделение за општи работи, помлад соработник за заштита и спасување, возач,
работник за одржување на јавно осветлување, курир, работник за одржување на
хигиена, административна поддршка на одделение, помлад соработник за социјална
и здравствена заштита, помлад соработник за просторно и урбанистичко планирање,
УП, проекти и ГИС, комунално-оперативни работи, персонална евиденција, развој и
унапредување на процесот за унапредување со човечки службеници, пожарникар
спасител и пожарникар спасител возач на специјално возило.
А од октомври до сега колку вкупно, праша советникот Александар Јованов.
60

Секретарот на општината Гоце Алексов одговори: Толку напаѓаните Јас и Дарко и


уште двајца други, а двајца се унапредени, нови 4.
На прашањето од советничката Марија Манасиева колку привремени вработувања
има, секретарот на општината Гоце Алексов одговори: двајца нови и тројца
затечени. Да ги испадиме ли луѓето, ако сакате да ги испадиме, да знаат.
Градоначалник Миле Петков: Бројката на привремени остана иста од порано и сега.
Тие двајца што се нови за некои претходно што биле, не е зголемено.
Советник Дино Иванов: Штом си играме историчари, ајде па во 2009 да се вратиме,
па да видиме колку има од тогаш па до 2017. Штом правиме историја веќе.
Секретарот на општина Гоце Алексов одговори: 13 вработени 2009 Дино, ама
урбанизам, финансии, социјални дејности, тоа беа во други Министерства.
Државата ги даде со децентрализацијата тука. Драстично вработување има сега, по
име и презиме да не ги читаме, Јас не зборувам ништо напамет. Не е зголемено, не
правете фама нешто што нема.
Советник Зоран Ристовски: Од Ребалансот се знаеше дека ќе поминеме во гужва во
Годишниот план за општината. Јас не знам претходно не случајно кажав и на Јулето
од финансии да ни обезбеди бројки. Ако се сеќавате на трет, четврт Совет, не знам
точно која бројка беше на Совет, ја викавме Раководителот на одделение за човечки
ресурси да ни даде точна бројка на вработени 2017, 2021. Почнавме тука да ги
броиме, не сакавме со име, по позиција на работни места како нестручни. Ако Јас
лично се прашам 80 % се нестручни и многу малку има стручни и затоа вака
функционираме. Меѓутоа тоа е наталожен проблем многу години уназад. Други ми е
на мене прашањето, ако Раководителот на одделение за човечки ресурси кажува
дека од 2017 до 2021 нема вишок на вработени т.е. бројката останува иста како што
сега и новиот Градоначалник кажува еден се испразни, друг се донесе, тогаш Јас
мислам дека сме во заблуда нема потреба да ги броиме 23 или 25 колку и да се
вработило за 4 години затоа што бројката повторно од 2017, 2021 е иста. Јас ако
добро колешката Марија ја разбрав, дека таа алудира по нејзината математика дека
бројката како ќе порасне и затоа очекував оваа дискусија зошто би пораснала
бројката. А ако останува иста без разлика дали е од некој друг приман под Агенција
за вработување и се уште се држи, Јас побарав лично до Даниела да ми даде бројка и
пред сите Вас беше презентирано дека вишок т.е. повеќе вработени Ивица не е
предал за разлика од тоа што е преземал од Емил Дончев. Така да мислам дека треба
да ги викаме службите, Ние како советници имаме право да ги бараме сите
податоци, а не вака да кажуваме на едната страна што ни одговара, на другата
страна што ни одговара и ќе не фати 6 часот без плодна дискусија.
Советник Ацо Митев: И околу точката за вработувањата, вработувањата по
училиштата, вработувањето во Домот на културата, вработувањето во Музејот, па и
сега со разгледувањето на трите Извештаи К1, К2 и К3, не сакав намерно да
дискутирам. Генерално ако се разгледа без навлегување во детали и на Кварталните
извештаи и на задолжувањата и вработувањата како што слушаме дека биле толку
од претходната, па обвинувања дека се затечени толку, па зголемени, намалувања,
искрено да Ви кажам ме доведува во ситуација воопшто да не дискутираме за тие
работи. Било кој, ако некој во било кое време ги зголемувал средствата за јавна
администрација, за плати на администрацијата, а со тоа се намалувале расходите за
капитални инвестиции, не е добро, без разлика не е добро. Без разлика за која и
власт да се работи, оправдувањето дека тие вработувале, а овие сега вработуват ама
помалку од претходните, не држи вода. Дајте да се концентрираме на стварно
рационално трошење на приходите од граѓаните. И така се соочуваме и со
економски кризи, еве претстои зима, се очекува да имаме зголемени расходи заради
61

трошоците за греење, за енергија и.т.н. Ние да расправаме тука за вработувања дали


биле едно, дали биле две, дали биле пет, дали 10. Едно вработување е многу, еве во
сите документи кога ги разгледуваме Извештаите, стои колку ќе го кошта буџетот
едно вработување. Некаде дали околу 400.000,00, не знам унапредувањето кошта
околу 250.000,00 и.т.н. Мислам дека и Градоначалникот и актуелното мнозинство
треба повеќе да се концентрираме на многу порационално трошење на парите.
Поготово што се соочуваме со проблеми со ЈП, со функционирањето на општината
и.т.н. Апелирам до сите поготово до актуелното мнозинство, до Градоначалникот,
да се обраќа повеќе внимание на порационално трошење на парите. Мислам
добронамерна е критиката, не сакам да навлегувам во поедини детали има време да
разговараме и за поедини детали, се ближи и третиот квартал од оваа година, па ќе
следи претпоставувам една година од мандатот на актуелниот Градоначалник, пак
треба да се реферира тука, без да се обвинуваме претходно кој што направил и.т.н.
Имаме случаеви каде што не се поклопувала Државната власт со Локалната власт,
па имаме успешни Градоначалници. Имаме случаеви каде што наследиле големи
долгови, па актуелни Градоначалници успеале да санират голем дел од тие долгови.
Сепак да се концентрираме на проекти, без разлика дали тие проекти биле
планирани од оваа актуелна власт. Ако има готови проекти од претходната
гарнитура, ако веќе не треба да се дават трошоци на други проекти, а секако дека се
проекти важни за граѓаните, да се види што од тие проекти може да се искористи да
се реализира, а не да се анблок отфрлат па да се дават трошоци за нови проекти
и.т.н.
Секретар на општина Гоце Алексов: Ацо, криво ми е сега нешто што ќе кажам ама
изгледа имаш кратко памтење. На првата седница кога бев тука кога ја донесувавме
измената на Годишниот план, Ви кажав дека е срамно за општина Виница да има
одделение за инспекциски работи, а да нема ниеден инспектор. И реално
вработувањата што беа во изминатиот период се на инспектори. Вработување на
инспектор и вработување на покажувач на канцелариите, не е исто. Си бил
инспектор во општината и ја знаеш тежината на секое работно место. Зборуваме за
квалитет и за работни места што се нужни за општината и прием на луѓе што 90 %
се на места што се апсолутно непотребни. И следно што го кажав, одделението за
ревизија, што исто го имаме како одделение, а немаме ревизор и тоа е проблем. И
ако биде некогаш, најсреќен ќе бидам вработувањето да е во тоа одделение, тоа е
нужност. Не е нужност хигиеничар, а имаш 4 хигиеничари. Не е нужно курир, а
имаш 3 курири. Да зборуваме реално, дајте да примаме луѓе што ни требат, не луѓе
што не требат на работни места. Тоа е разликата, новите вработени се тоа.
Инспектор по сообраќај, градежен инспектор, се судруваме со хаос урбанистички во
Виница. Инспектор за заштита на животна средина, реките ни се загадени. Мислам
дека тежината на тие луѓе што се примани и она што е примано претходно, без да
навредам некој. Најмалку сакам да навредам меѓутоа за функционирање на
општината овие луѓе се многу поважни од тоа што е примано претходно. Зборуваме
како работно место, како личности може ни се допаѓат на мене, на Вас не Ви се
допаѓат, тоа е едно. Но тие луѓе се навистина потребни на општината. Затоа кога ќе
зборуваме 4 примани и 23, прво треба да видиме тие 23 места кои се. Апсолутно
непотребни. Најсреќен ќе сум бил да се веќе пополнети тие инспекторските места,
зошто 4 години да немаме инспектор сообраќаен во Виница, да немаме за животна
средина, да ни доаѓа пензионер градежен инспектор 70 години. Во пензија и ќе ја
викаме по потреба каде сакаме таму ќе ја праќаме. Така е правено. Тоа што се прима
е примано што е нужно за работење на општината. Ние допрва ќе се сретнуваме со
проблеми, урбанистите ни најавуват да ни заминат, архитекти, тоа што е основа на
62

оваа општина, незадоволни од ниските плати. Што ќе правиме, на кој начин ќе ги


задржиме, кога во приватниот сектор земат по 60-70 илјади денари. Ако не ги
унапредиме тие луѓе, нема никогаш да останат во општината, а ткивото на
општината, основата е урбанизамот. Тоа е првото и второто, сакам да се изврши
измена, технички пропуст, благодарам уште еднаш на Марија што ми укажа.
Технички пропуст е, од 2 бројката да се замени со 3 и да се изгласа Годишниот
план. Не е ништо страшно, не е ни гласано од Ваша страна, убаво што ни кажа, тоа е
од Наша страна пропуст, си признаваме грешката. Само да се исправи и ништо не е
страшно.
Советничка Марија Манасиева: Овој пат ќе се задржам само на техничкиот дел.
Бројката не е мала, сите сте свесни и гледате пред себе бројка 2, а треба да се гласа
за 3 места. Точката предлагам да биде повлечена и да бидат испратени точните
материјали за следната седница на Советот.
Секретар на општина Гоце Алексов: Прво, не сте ништо гласале по оваа точка. Ние
можеме сега да предложиме и 4 работни места. Бараме да се изврши измена и ништо
повеќе. И четврто работно место ако треба ќе додадеме пред да се гласа и не е
грешка. А правење фама од ништо, на крај МИО ќе каже. Еве ќе се изгласа дека е
техничка грешка, па Вие пишете Приговор до МИО дека не е во ред, па да видиме
кој е во право, може ли. Не е ништо страшно, моја сугестија е да се гласа прво да се
прифати дека е техничка грешка, да се исправи бројката 2 со 3 и да се гласа Планот.
А некој што смета дека не е во ред, има право да приговара, тоа не може да го
забраниме.
Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: Постојат технички грешки, постојат луѓе
кои ја увидат грешката, а постојат луѓе кои потврдат дека тоа било грешка. И на тоа
се осврнуваме и гласаме. Ние констатираме дека е грешка, треба да се исправи на
самото место, исправаме и после по таа грешка Ние гласаме дека е исправено.
Ништо не мени, дали е поднесено за 2 или 3, видуваме дека 3 треба да биде,
направено е превид и толку.
Градоначалник Миле Петков: Може да го гласате Планот директно со измената, со
едно гласање да помине.
Советник Александар Јованов: Не беше проблем да го гласаме Барањето од Слога
во кое бараат 1.700.000,00. Советот сега тоа го смени и имаме сега на 1 милион, не
бараме ново Барање. Сите други Барања ги изгласавме така, не гледам што е
проблемот. Советот прави промени. Ова е Предлог, во самите материјали горе
пишува Предлог, а решението го донесува Советот. За предлогот може да дискутира
Советот да направи промени во него. Промената е бројот 2 го менуваме со бројот 3
и донесуваме конечно решение.
Советничката Марија Манасиева побара да влезе во Записникот кој има гласано ЗА.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 49 и го стави на гласање Барањето Согласност на Годишен план за
вработување за 2023 година на општина Виница, со забелешка во табела 6, бројот 2
да се замени со бројот 3.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен ( Венцо Вуинов), со 8
гласа ЗА, (Саше Апостолов, Сашко Митев, Александар Јованов, Ацо Ѓорѓиевски,
Марија Миланова, Сашко Дончев, Дивна Анастасова и Ратко Даневски), 1 глас
ВОЗДРЖАН (Ацо Митев), 5 присутни советници не гласаат (Марија Манасиева,
Дино Иванов, Весна Спасова, Зоран Ристовски, Гоце Милевски), Советот го усвои
Барањето и донесе Одлука за давање Согласност на Годишен план за вработување
за 2023 година на општина Виница, со дадената забелешка.
63

50-та точка од Дневниот ред е Предлог-Одлука за одобрување на финансиски


средства за одбележување на празникот на општина Виница 30-ти август.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање,
буџет и локален економски развој, истакна: На Комисија беше разгледана оваа
Одлука бидејќи немаше доставено конкретно сума која е потребна за одбележување
на празникот, оставивме Советот да утврди.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 50 од Дневниот ред.
Советник Гоце Милевски: Кратко да запознаам, не беше тука Градоначалникот, Ние
како советничка група на почетокот на оваа седница, побаравме заради овие немили
случувања кои што ни се случија во градот со загинувањето на детето пред 2 дена,
сега имаше и друга сообраќајка. Побаравме, имавме и други иницијативи, дури и
поголеми прослави кои што имаа да речеме во Каменица имаа поголема прослава и
од Нас, Ние побаравме да се тргнат овие точки од Дневен ред двете. Беше донесена
одлука да стојат. Чисто да знаете дека Ние имавме иницијатива за повлекување на
овие точки. И бидејќи самите Ние како група побаравме да се тргнат од Дневен ред,
јасно е дека за овие 2 точки нема да гласаме затоа што ќе бидеме контрадикторни
едни со други.
Градоначалник Миле Петков: Најмалку сакам овој случај за фамилијата на ова дете,
да се користи за политички маркетинг од поединци на политички партии. Овој
трагичен настан се случи петокот према сабота во раните утрински часови.
Прославата, централниот настан кој што Ние планираме да го правиме, тоа е утре на
30 август, после 4 дена. Не може да се споредува настанот во Каменица со настанот
во Виница. Нашата прослава е фактички после 4 дена од трагичниот настан. Ден на
жалост кога се прогласува, се прогласува најмногу до 3 дена. Дали имаше потреба
или не, мислам дека овој трагичен случај не треба да се користи тука да расправаме
за нешто да ја вознемируваме фамилијата на детето. Така да, прославата е утре
после четврти ден, така да мислам дека немаше потреба воопшто да излегувате со
такво барање.
Советник Гоце Милевски: Мислам дека не е коректно да ме импутирате нешто што
не сум кажал. А најмалку сакам да го кажувате ова како да добиваме популистички
поени. Мислам не е коректно така. Ние како советничка група сме се состанале, сме
ги согледале работите како што се, сме дале предлог. Нити е популизам такви
работи, не е коректно да ми на мене префрлате за таква работа и на сите Нас. Како
што кажав, Ние ќе се воздржиме од гласање.
По исцрпување на дискусијата, Претседателот на Советот ја затвори расправата
по точка 50 и ја стави на гласање Предлог-Одлуката за одобрување на финансиски
средства за одбележување на празникот на општина Виница 30-ти август.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 8 гласа ЗА и 6 гласа
ВОЗДРЖАНИ, нема присутни советници кои не гласале, Советот донесе Одлука за
одобрување на финансиски средства за одбележување на празникот на општина
Виница 30-ти август, во висина од 400.000,00 денари.
51-ва точка од Дневниот ред е Предлог-Одлука за продолжување на работното
време на угостителските објекти на подрачјето на општина Виница на ден 28 и 30
август.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
општествени дејности, Сашко Дончев.
Советникот Сашко Дончев како Претседател на Комисијата за општествени
дејности, истакна: На 7-та седница на Комсијата за општествени дејности, беше
64

разгледана Предлог-Одлуката за продолжување на работното време на


угостителските објекти на подрачјето на општина Виница на ден 28 и 30 август и со
5 гласа ЗА, предлагаме на Советот да биде усвоено.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 51 од Дневниот ред.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 51 и ја стави на гласање Предлог-Одлуката за продолжување на
работното време на угостителските објекти на подрачјето на општина Виница на
ден 28 и 30 август.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 8 гласа ЗА и 6 гласа
ВОЗДРЖАНИ, нема присутни советници кои не гласале, Советот донесе Одлука за
продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на
општина Виница на ден 28 и 30 август, по повод празникот на општина Виница 30-
ти август денот на ослободувањето на Виница и 28-ми август денот на
ослободувањето на с.Блатец, со која работното време на угостителските објекти на
подрачјето на општина Виница, на 28-ми и 30-ти август 2022 година, се
продолжува за два часа покасно односно до 02:00 часот по полноќ.
52-ра точка од Дневниот ред е Барање од легални авто такси превозници за
промена на тарифник.
Претседателот на Советот му даде збор на претставникот на Комисијата за
финансирање, буџет и локален економски развој, Александар Јованов.
Советникот Александар Јованов како Претседател на Комисијата за финансирање,
буџет и локален економски развој, истакна: Бидејќи беше дополнување на Дневниот
ред, на Комисија немаше дискусија за оваа точка.
Претседателот на Советот отвори расправа по точка 52 од Дневниот ред.
Претседателот на Советот Ацо Ѓорѓиевски: Тоа е фактички истото Барање како што
беше претходната седница.
Бидејќи никој не се јави за дискусија, Претседателот на Советот ја затвори
расправата по точка 52 и го стави на гласање Барањето од легални авто такси
превозници за промена на тарифник.
Од присутните 14 советници, 1 советник не е присутен, со 8 гласа ЗА и 6 гласа
ВОЗДРЖАНИ, нема присутни советници кои не гласале, Советот го усвои Барањето
и донесе Одлука за измена на Одлука за дополнување на Одлука за уредување на
превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Виница.

55-та точка од Дневниот ред е Советнички прашања.

1.Советникот Дино Иванов, праша: Градоначалниче, на улица „Ванчо Прке“


водоводната цевка азбестната, кога планира да се замени и дали планира?
На прашањето, Градоначалникот Миле Петков, одговори: Да, запознаен сум точно е
на „Ванчо Прке“ не се заменети, дури водоводната линија на „Ванчо Прке“ не била
планирана претходно што било за реконструкција на цела Виница. За „Ванчо Прке“
има проект за асфалтирање, Ние сакавме да ја асфалтираме улицата ама причината
беше затоа што не беше сменета водоводната линија. Прво, треба да направиме сега
нов проект за реконструкција на водоводната линија и тоа ќе го направиме затоа
што имаме проект за асфалтирање, готов проект ама не можеме да го реализираме
токму заради таа водоводна линија. Јас мислам дека наредната година може да ја
смениме и тоа преку ЈП „Солидарност“.
2.Советникот Зоран Ристовски, праша: Моето советничко прашање до
Грдаоначалникот. До каде сме со исплата на Избирачките одбори, последното беше
дека се оди по некаков редослед. Со таа динамика како што се оди, реакциите ни се
65

големи од целото население, верувам дека сте свесни и Вие. Не сум бил Јас член на
Избирачки одбор меѓутоа од многу Избирачки одбори реакциите веќе се поголеми,
една година помина од изборите, кога ќе не платите, како ќе не платите. Колку и да
кажуваме дека се оди редоследно, како има пари така се исплаќа, сепак реакциите
од членовите на Избирачките одбори се големи и да не се лажеме дека за наредни
избори сите политички партии, а и самата администрација ќе е многу малку
мотивирана да излезе и да ни ги спроведуват било кои избори.
На прашањето, секретарот на општината Гоце Алексов одговори: По редослед се
оди. 319 на 4 Избирачки одбори се оваа недела парите префрлени на Општинска
изборна комисија до 319 заклучно. И пак ќе Ви кажам тоа претходно што го
зборував, Централната власт, Државната изборна комисија ги утврдува цените,
дневниците, надоместоците на членовите, а става таа иста обврска да ја исплаќа
Локалната власт. Мислам дека тоа треба да се реши на повисоко ниво. Ако Ние како
Локална власт ги организираме Локалните избори, Ние треба да изотцениме колку
треба да ги платиме тие луѓе. А не Ние ќе се правиме како Централна власт добри,
ќе утврдиме рака на срце високи износи и после Локалната власт нека плати, а згора
на тоа во буџетот за 2021 година, нема да предвидиме пари за Локални избори.
Ратата од кредитот платена овој месец, четири Избирачки одбори исплатени плус.
Знам дека доцниме, дека има реакции кај Нас доаѓат луѓето, а ред постои. Одиме
Избирачки одбор по Избирачки одбор, нема Наши, Ваши, тие, оние. Редот си оди.
3.Советник Гоце Милевски: Практиката на плаќањето на посматрачите не е
сега, отсекогаш е било така. И малку сега бараме да предвидиме средства во буџетот
за 2020 да бидат предвидени за 2021, нити знаеме колку ќе има кандидати, нити
знаеме колку ќе има посматрачи, колку ќе има политички партии на натпревар.
Секретар на општина Гоце Алексов: Зборуваме за 10 члена и заменици членови на
Избирачки одбори.
Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: Јас ќе Ви одговорам сум бил 10 години, 5
години заменик Претседател на ОИК, 5 години Претседател на ОИК. Не е дозволиво
на било кој власт, за редовни избори да не се предвиди во буџетот пари. Ако е
вонредни избори, може да не се биле предвидени пошто во моментот се избира, но
за редовни, мора да се предвиди. И тоа е утка на претходната власт што не е
предвидено пари во буџетот.
4.Советник Зоран Ристовски: Мислам дека прашањето мое, почнува да се
злоупотребува. Законот е дециден направен е како што е направен. Локални избори
се исплаќат на тој начин, Централни избори се исплаќат на друг. Мислам дека
колегата Гоце не сакаше да каже дека ДИК не знае колку ќе имат членови на
Избирачки одбори, тој згреши, не посматрачи, туку претпоставувам дека не знае за
колку круга изборни циклуси ќе се заврши и.т.н. Тоа се некои ситни пари што може
не се предвидени како што треба. Меѓутоа Ние сме тука во интерес на граѓаните и
треба на сите да излеземе да им кажеме дека ќе се соберат средства да се исплатат
што поскоро Избирачките одбори. Како е направено, што е направено, Ние не
можеме сега од општина Виница да сакаме да го промениме законот и да кажуваме
дека ДИК спроведува избори, а да ги плаќа општината. Плаќа и Каменица, плаќа и
Митко Јанчев во Кавадарци, плаќа и Струмица, плаќа и Илинден општина и.т.н.
Така да мислам дека беспредметно, моето прашање беше само со каква динамика
иде и дога би ги очистиле луѓето.
Градоначалникот Миле Петков, одговори: Забелешката на советникот Зоки е на
место, треба да бидат исплатени надоместоците за членовите на Избирачките
одбори. До сега се исплатени поголем дел, може 2/3 и повеќе, останува можеби
уште десетина Избирачки места, така да ќе ги исплатиме тоа ни е еден од
66

приоритетите што се вели за плаќање. Јас мислам дека септември па најкасно и


октомври да биде завршено со Избирачите одбори.
5.Советник Гоце Милевски: Не се разбравме со претходното прашање меѓутоа
Зоки дообјасни што ми беше целта на мојата реплика. Во суштина Јас чекав да стане
и Сашко докторот, имаме голем проблем доле кај нив тој дел со дождовните води.
Еве сега што ни се случи последниот пат, треба да видиме да се најде некој начин
таму да има решение затоа што навистина е многу голем проблем. Сега има потреба
дојдоа Противпожарната Нашата единица, дојдоа од Кочани, дојдоа доброволно
таму луѓе, Јас бев лично гледав како се справуват таму со тоа и од Наши од таму од
таа област луѓето сакат да се изнесе проблемот и да најдеме решение. Може требало
и до сега во смисла да се направи некој таму зафат пред да се асфлатират тие улици
или како меѓутоа треба да имаме предвид да го решаваме тоа. Начинот пак Ние
треба да го најдеме кој е.
Градоначалник Миле Петков: Го имаме тоа во предвид, бевме на лице место исто
така и Ние, видовме тоа не се случува прв пат во тој дел, тоа е критична точка. Кога
се работи атмосферската канализација за Виница, тој дел остана непокриен. Сега се
работи нов проект за атмосферска канализација и голем дел од тие атмосферски
води ќе бидат сопрени. Меѓутоа тоа ќе потрае можеби некој извесен период и затоа
сега веднаш после овие поплави, преземавме некои конкретни мерки со
„Солидарност“ за да се прочистат канали по улицата кои што постојат, улица „Кеј
30-ти август“, веќе постојни кои се затрупани со земја да се исчистат, а тие што се
до половин патот, да се прошират комплетно. Тоа е почнувајќи од мостот накај
Лески до улица „Димитар Герасимов Дидо“ неколку прекопи да се направат дури и
дел од водата да се пренасочи во Градечка река, таму каде што е кај Булеварчето
долу. Така да преземени се некокои мерки, се надевам дека нема да има такви
врнежи поројни. Инаку кога е нормално нема толку голем проблем ама сега со овие
зафати што се прават од страна на „Солидарност“, мислам дека ќе се покрие дел од
таа вишок вода. Тоа е привремено решение што се презема инаку со атмосферската
мислам ќе се реши голем дел.
6.Советник Александар Јованов: Поодамна е прашањето ама немаше до сега
Совет да имам прилика да го поставам. Прашањето е на „Мојата убава Виница“. Ќе
го читам како што е. Повторно го повикуваме советникот Александар Јованов
ВМРО-ДПМНЕ, да го праша Градоначалникот Миле Петков, дали е точна
информацијата дека откако ја покачи цената на закупнина на јавна површина од 5 на
10 денари, дали е точно дека само Кафе бар Стоп и Кафе Бар Жути, до денес не
поднеле Барање за измирување на трошоците спрема општина Виница, за закуп и
користење на јавните површини. Информацијата е од загрижен Вмровец.
Градоначалникот Миле Петков одговори: Тоа е најверојатно одамна прашање
поставено и Стоп и Бифе Жути, имат поднесено Барање и веќе имат платено за
користење на јавна површина. Тоа се виде и во буџетот дека приливот на средства
по тој основ се драстично зголемени за разлика од претходните години.
7.Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: Едно прашање од загрижени
Блатчани. Кога ќе почне реконструкцијата на патот Блатец-Детлово,
асфалтирањето?
Градоначалникот Миле Петков одговори: Блатец-Детлово патот, мислам дека тоа
беше прашање пред неколку седници. Веќе беше распишана јавна набавка и
изберена е фирма, сега следи период на Жалби за да биде конечна Одлуката, тоа се
решава во Министерство за транспорт и врски па после тоа ќе се склучи Договор за
изградба. Према тендерската документација, рокот за изградба е 4 месеци од
склучувањето на Договорот и воведувањето на работа. Ако се склучи во септември
67

ќе биде 4 месеци, ако се склучи во.....така да веќе е во завршна фаза прашање е на


денови, на месеци кога ќе се реализира тој проект.
8.Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: Второ прашање, до каде е со
изработка на проектот за Прочистителна станица во Блатец, за фекалиите?
Градоначалникот Миле Петков одговори: За тој беше распишано јавна набавка, Ние
имаме обезбедено средства од страна на Министерство за животна средина околу
400.000,00 денари за изработка на проект меѓутоа на таа јавна набавка се јави фирма
која што понуди многу ниска цена од 150.000,00 денари, што реално не е изводливо
за тие пари не може да направи таков проект, малку специфичен. Затоа што треба
некои специјални испитувања, тоа го мислам и во дополнителните прашања кои беа
поставени до фирмата, си призна дека направил грешка, превид и дека не може за
тие пари да го изведе. Беше поништена таа јавна набавка поради нереална понуда и
сега не е распишан, треба да се распише нова јавна набавка, па да видиме ќе се јави
некоја фирма со реални цени за да може да се покрие тоа што имаме обезбедено од
Министерство за животна средина па ако е нешто повеќе и Ние да кофинансираме.
9.Претседател на Советот Ацо Ѓорѓиевски: И трето прашање, до каде е со
изработка на Студијата на Блатешница за заштитна зона?
Градоначалникот Миле Петков одговори: Заштитни зони околу водоснабдиетлни
системи. Тука се донесе Одлука дека треба да се изработи Студија, Ние имаме
контакти со некои фирми кои што работат на таа проблематика. Може да се
изработи, не е распишана треба да распишеме јавна набавка за изработка на таа
Студија. Очекуваме овие денови да се распише и таа јавна набавка.
10.Советничка Марија Манасиева: Би сакала да поставам едно прашање до тој
што ќе може да ми одговори. Дали би можеле, претпоставувам дека тоа ќе биде
секретарот, да ми објасните, која е процедурата за унапредување на Раководител на
одделение во Раководител на сектор? Дали при тоа е потребен барем еден интерен
оглас во ЈП конкретно? Дали имате некакви сознанија?
Секретарот на општина Виница Гоце Алексов одговори: Интерен оглас секако треба
да постои, барем кај Нас за административните службеници, за јавни службеници,
тоа треба да се обратиш до таму, искрено не ми е познато.
Советничка Марија Манасиева: Немаме унапредување од Раководител на одделение
во Раководител на сектор, без никаков оглас.
Секретар на општина Виница Гоце Алексов: Кај Нас нема во општината.
Советничка Марија Манасиева: Во ЈКП?
Секретар на општина Виница Гоце Алексов: Не сум чул.
Советничка Марија Манасиева: Да го оставиме тоа на инспекциските служби.
Неколку забелешки и констатации до Градоначалникот, па потоа нека го каже
неговиот став. Има наводи за втор в.д.директор на ЈП, кај Нас кој што унапредува
луѓе ниту без интерен оглас. Има назначено партиски кадри кои што се предмет на
масовна петиција за психичко вознемирување на колеги и вработени. Имате
назначено партиски војници кои што ставаат идни Ваши потенцијални вработени на
зид на институција, а не се ниту дел од списокот на вработени таму. Имате в.д. кое
што не ги знае ниту клучните слаби страни на институцијата која што ја раководи, а
презентира само евалуација за тоа. Дадовме многу пари Ние за градење на Ваш тим,
дадоа граѓаните за унапредување на Вашата поддршка, а резултатот е ѓубре,
поплави во градот, нехигиена, незадоволни граѓани, зголемување на психичко
насилство и.т.н. Кое е Вашето мислење за изборот кој што го правите?
Градоначалникот Миле Петков одговори: Прво, со изборот на директорот, точно е
тоа е втор в.д. директор затоа што тој што беше прв, ја напушти Македонија отиде
во странство. Сега на крајот на месецот истекува мандатот, 6 месеци на

You might also like