Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 6

УНИВЕРЗИТЕТ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ - СКОПЈЕ

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

Есеј по предметот:
Социологија на етничките групи

Тема:

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА


БУГАРИЈА
МЕЃУДРЖАВНИТЕ ОДНОСИ И СОРАБОТКА ВО ОСТВАРУВАЊЕ
НА НЕЗАВИСНОСТА НА Р.МАКЕДИНИЈА

Студент: Горан Стојановски бр. на индекс 22095/10

Ментор: Проф.Др Константин Миновски

Скопје, 2014

1|Страна
Комунистичкиот режим во Бугарија во 1989 година беше заменет со повеќе
партиски систем и процесот на демократија во бугарското општество беше започнат.
Бугарската позиција во однос на македонскиот народ, нација и јазик не се промени.
Новите власти цврсто се држеа на ставот дека нема македонски јазик, род и нација,
односно Македонците се дел од бугарската нација и тие живеат во Бугарија

Југословенската делегација во 1990 година на Конференцијата на ОБСЕ во


Копенхаген постави барање за признавање на македонските национални малцинства во
Бугарија и Грција. На ова прашање, бугарскиот амбасадор одговори со прашање – „што се
случило со бугарското население од 1.200.000 на територијата на СР Македонија во 1945
година. Како подршка на бугарската државна позиција на Конференцијата настапи
бугарската политичка партија ВМРО – СМД која беше претставена како невладина
организација што претставува 1.500.000 бегалци односно Бугари и нивни потомци од
Вардарска и Егејска Македонија. Оваа организација настапи со контра барање – да се
запре денационализирањето на Бугарија во Македонија и да се признаат правата на
бугарското мнозинство во СРМакедонија. Мемоарот насловен: Меморандум, светот треба
да ја знае вистината за Македонија, со датум 19 јуни 1990 година, Софија беше предаден
на учесниците на Конференцијата. Бугарија во 1991 година внимателно ја следеше кризата
во Југославија, процесот на нејзиното распаѓање и покажа интерес околу ориентацијата на
Република Македонија. Претседателот Киро Глигоров го прими бугарскиот амбасадор во
Белград – Марко Марков во мај, истата година. Во овој период владата на Грција бараше
свикување на Балканска конференција на која заинтересираните ќе се договорат за Р.
Македонија. Ваквиот предлог беше одбиен од страна на Бугарија и Романија, бидејќи
Р.Македонија немаше да учествува. Повторно во 1991 година беше иницирана тројна
средба од страна Грција за случувањата на Балканот со покана до Бугарија и Југославија
во Атина, а подоцна проширена и со покана до Романија. Единствената цел на оваа средба
беше одлучувањето на судбината на Р.Македонија од страна на соседните држави.
Бугарија го откажа своето учество во комбинациите на Грција против Р.Македонија, за
кое беше објавено посебно соопштение од страна на кабинетот на претседателот на
Бугарија.

2|Страна
На 14 септември во 1991 година во Софија отпатува претседателот на владата Никола
Кљусев. Главното прашање на кое се разговараше на средбите со претседатело на
бугарската влада Димитар Попов и со претседателот Жељу Желев беше конференцијата
иницирана од Грција. Ставот дека Бугарија одбива да учествува во било какви разговори и
договори за Македонија беше потврден од бугарските државници. Бугарија беше таа што
го спречи нејзиното одржување со своето неучество, односно планираната Конференција
не се одржи. Прашањето за признавање на независна Р.Македонија остана неразрешено по
одлуката на Советот на министрите за надворешни работи на државите членки за
признавање на независноста на Босна и Херцеговина. Бугарија беше силно загрижена за
понатамошниот развиток на состојбите на Балканот бидејќи во Софија пристигнуваа
информации дека Грција и СР Југославија се договарале да создадат конфедерација во кое
не било дефинирано местотот на Р. Македонија. Особено бил присутен стравот дека
можна е поделба на Р.Македонија меѓу Грција и СР Југославија. Во таква ситуација,
Р.Бугарија се одлучува да ја признае независноста на Р.Македонија. На 15 јануари истиот
ден беше донесена одлуката за признавање на независноста на Босна и Херцеговина и по
добивањето на тоа, претседателот на Р. Бугарија – Жељу Желев го објави признавањето и
суверенитетот на Р.Македонија. Ова соопштение за јавноста беше одговорот на Бугарија
на писмото на претседателот Глигоров до шефовите на државите и властите од 2 декември
1991 година, кое содржеше апел за признавање на државната независност на
Р.Македонија. По соопштението следуваше и писмо на претседателот Желев со поддршка
на независноста на Р.Македонија. Во врска со признавањето, Глигоров во својата книга
пишува: „Бугарската влада многу мудро го срочи своето соопштение, говорејќи дека ги
признава реалностите, избејнувајќи да каже чија е оваа држава Македонија, дека тоа е
држава на македонскиот народ, а не на некое население што живее овде. Бугарија пред
официјалното признавање на Р.Македонија како независна држава, имаше изградена
стратешка позиција: ја признава државата, а нема да ја признава автохтоноста на
македонската нација“. Објавувањето на извештајот на европската Бадинтерова комисија
дека Р.Македонија ги исполнува сите услови за признавање на државната независност
беше адут повеќе за владата на Р.Бугарија за донесената (15 јануари) одлука за
признавање на Р.Македонија како суверена држава, под нејзиното уставно име.

3|Страна
Првата држава што ја призна државната независност на Р.Македонија беше Бугарија.
Бугарскиот министер Стојан Ганев беше во посета на Атина непосредно при
донесувањето на одлуката за признавање. Грчката страна го поставила прашањето за
името на Р.Македонија при што бугарскиот министер го потврдил ставот дека Бугарија
нема да определува име на друга држава, односно дека го прифаќа уставното име на таа
држава. Заедничката декларација упатена до претседателите на државата, владата и
бугарското Народно собрание беше усвоена на 15 јануари од страна на ВМРО – Сојуз на
македонските друштва и Македонскиот научен институт. Со оваа декларација се поздрави
решението за признавање и се искажа „категорична поддршка“ со нагласување дека тој
документ и апелот на МНИ на 10 јануари „ги одразувале чувствата на Бугарите од
Македонија и на целиот бугарски народ“. Тоа не беше само став на таа политичка
организација, тоа беше став и на бугарското државно раководство. Со признавањето на
државата при истовремено негирање на посебноста на македонскиот народ, нација и јазик,
Бугарија ја обзани својата амбиција и се промовираше како покровителка на Р.Македонија
за заштита на националните интереси како нејзина историска задача. Заедно со бугарската
владина делегација учествуваше и делегацијата на ВМРО – СМД на Конференцијата на
ОБСЕ во Женева која беше одржана од 1-19 јули 1991 година. На Конференцијата беа
поднесени голем број на документи, меморандуми и други материјали. Меѓу тие
документи беше и Меморандум од јули 1991 година на Партијата за човекови права на
Македонија претставувана од Илија Илиевски од Струмица за докажување на бугарските
карактер на Македонија, дека нема македонски народ, туку Бугари во СРМакедонија. На
Конференцијата на ОБСЕ во Моска која беше одржана на 10 септември до 4 октомври во
1991 година, како и на претходните конференции, заедно со бугарската владина
делегација беше претставена и делегацијата на ВМРО – СМД. Партијата бараше
признавање на правата и слободите на браќата (Бугари) во Македонија. Тоа беше и
официјалната позиција на Р. Бугарија.

Бугарија продолжуваше да демонстира политика на наклонетост, односно


поддршка на Р.Македонија во процесот на нејзиното меѓународно признавање и
вклучување во меѓународните организации. Во јуни 1992 година Бугарската делегација на
состанокот на КЕБС со делегациите на повеќе други држави ја поддржа кандидатурата на
Р.Македонија за членство. Со тоа Бугарија тактизираше и вршеше суптилен притисок во
4|Страна
очекување отстапки по прашањето на македонската нација и јазикот, за прифаќање од
македонската страна заеднички етнички корени и заедничко историско минато. Со тоа
Бугарија постепно се чинеше дека ја надминува дотогашната амбиција околу прашањето
за идентитетот на македонскиот народ, како и македонскиот јазик. Се добиваше општ
впечаток дека Р.Бугарија се стреми кон менување на дотогашната позиција во однос на
Македонија и отварање на билатерални односи на нагласено пријателство и соработка.
Сепак, на Р.Бугарија и беа потребни две години од официјалното признавање на
независноста на Р.Македонија за да воспостави целосни дипломатски односи на
амбасадорско ниво. Тоа се случи на 20 декември 1993 година, откако истото го направија
државите од ЕУ.

5|Страна
БИБЛИОГРАФИЈА

- Миноски Михајло, Македонија и Бугарија: историски случувања, 2008 година, 2-ри


Август С, Штип

6|Страна

You might also like