Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 22

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ” – СКОПЈЕ

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ


Институт за Безбедност, одбрана и мир

Семинарска работа по предметот : Хумана безбедност

ТЕМА: ПРОЦЕНТ НА СИРОМАШТИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА


МАКЕДОНИЈА

Студенти: Ивана Митиќ , Маријана Миладиноска


Бр. на индекс: 25518/21; 10800/21 Проф. д-р: Марина Митревска

Скопје, февруари, 2022


СОДРЖИНА:

1. ВОВЕД……………………………………………………………………….... 3
2. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМОТ СИРОМАШТИЈА И РИЗИКОТ ОД
СИРОМАШТИЈА…………………………….………………………………. 4
3. ДЕФИНИРАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА……………………………………………………………….. 7
4. КАРАКТЕРИСТИКИ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА…………………………………………..……….
8
5. ИНДЕКСИ НА СИРОМАШТИЈА…………………………………………..
11
6. РЕЛАТИВНА СИРОМАШТИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2017 ДО 2020……………………… 12
7. ОПШТА СОСТОЈБА НА СИРОМАШТИЈАТА И ВЛИЈАНИЕТО НА
КОВИД-19………………………………………………………………...…. 14
8. СТРАТЕГИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА……………………………….... 16

8.1. Секторски политики во функција на намалување на сиромаштијата…....


16

8.2. Системски мерки и активности за намалување на сиромаштијата….…...


18

9. ЗАКЛУЧОК………………………………………………………………….. 20
10.КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА……………………………….………………
21

2
Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

1. ВОВЕД

Основна цел и предмет на хуманата безбедност е поврзана со прашањето за


зачувување на човековата бебзедност и зголемување на квалитетот на живот на луѓето.
Со текот на времето се помалку грижа се посветува на квалитетот на животот на
луѓето.

Дека парите го вртат светот е позната работа од најстарите времиња. Но,


познато е дека и сиромаштијата била константно присутна во човековата историја,
само што нејзиното значење низ времето се менувало. Додека порано, иако повеќето
луѓе биле сиромашни и на таа појава се гледало како на нормална појава, денес
позицијата на сиромашност е неприфатлива и е постојан предизвик за изнаоѓање
начин за нејзино искоренување. Причини за ваквата промена на гледиштата има
повеќе, но
меѓу нив можеби најважна е моралната, според која “сите човекови суштества се
еднакви и треба да бидат овластени не само со политичките и со граѓанските права,
туку и со социјалните права и потреби како што се храна, засолниште, образование и
лична безбедност”.

Сиромаштијата претставува еден од најзначајните развојни проблеми, и е тесно


поврзана со квалитетот на живот на луѓето. Сиромаштијата е проблем со кој се
соочуваат многу економии во светот, а посебно помалку развиените земји и
посттразиционите земји, како што е Република Северна Македонија. Актуелноста на
темата произлегува од се поголемото внимание кое му се посветува на човековиот
развој, но уште повеќе од проблемот на сиромаштија и квалитет на живот со кои се

3
соочува Република Северна Македонија. Република Северна Македонија е ставена
пред предизвикот како да оствари економски раст, но во исто време, да ја намали
сиромаштијата и да го зголеми квалитетот на живот на Македонските граѓани.

Крајна цел на секоја економија е намалување на сиромаштијата како најтежок


проблем со кој се соочува развојната економија и создавање на услови за зголемување
на квалитетот на живот и остварување поголем животен стандард на луѓето.
Република Северна Македонија е земја која се соочува со релативно висока стапка на
сиромаштија и низок животен стандард. Националната стратегија за намалување на
сиромаштијата треба да овозможи конкретни мерки и активности за решавање на овој
проблем.

Методолошкиот приод на истражувањето во овој труд треба да резултира во


теоретски и практични сознанија кои ќе овозможат подобро разбирање на концептот
на сиромаштијата. Во исто време, истражувањето треба да резултира со конкретни
мерки и активности за намалување на сиромаштијата во Република Северна
Македонија.

За поголема прегледност на материјалот што ќе биде елабориран во овој


семинарски труд, податоците ќе бидат презентирани во графикон, а текстот ќе биде
илустриран со слики.

2. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМОТ СИРОМАШТИЈА И РИЗИКОТ ОД


СИРОМАШТИЈА

За обработка на овој семинарски труд неопходно е прво да се осврнеме на


дефинирање на поимот сиромаштија. Во теоријата постојат многу несогласувања за
начинот на дефинирањето на сиромаштијата, односно што во суштина претставува
сиромаштијата. Исто така, постојат и многу несогласувања во врска со причините и
решенијата за намалување на сиромаштијата. Во практика сите овие прашања за

4
Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

дефинирањето, мерењето, причината и решението се меѓусебно поврзани, и


разбирањето на сиромаштијата бара прифаќање на таа нивна меѓусебна поврзаност.

Потребата од дефиниција всушност е прифатена од повеќето големи


истаржувачи и критичари на сиромаштијата. Постојат повеќе дефиниции за поимот
сиромаштија. Во продолжение ќе се задржиме на неколку дефиниции кои ние ги
сметавме за најинтересни:

 „Сиромаштојата претставува сериозно нарушување на можноста на луѓето да


изберат композиција на добра и услуги која ќе им ја зголеми благосостојбата“.
Правата дефиниција која ја издвоивме е дефиницијата на Harold Watts, тој
сиромаштијата ја става во контекст на неможноста на луѓето да располагаат со
определени добра и услуги.

 Според Martin Ravalliоn, сиромаштијата е поврзана со минималното ниво на


животен стандард : „Во едно општество постои сиромаштија кога едно или повеќе
лица го немаат потребното ниво на економска благосостојба , со кое би можеле да
го достигнат минималното ниво на животен стандард“.

 Peter Townsend, пак, сиромаштијата ја дефинира на следниов начин: „Лицата,


домаќинствата и групите лица се сметаат за сиромашни доколку се соочуваат со
недостаток на средства неопходни за задоволување на нивните потреби, како и
доколку не се во можност да партиципираат во општествените текови“. Бидејќи
нивниот доход е под просечниот расположлив доход, тие се исклучени од
основниот модел на живеење, обичаи и активности.

 Како најважна дифиниција би сакале да ја издвоиме дефиницијата на


Статистичката служба на Европската Унија – Еуростат, ја користи следнава
дефиниција за сиромаштија: „ Како сиромашни се сметаат лицата, домаќинствата и
групите лица, чии ресурси (материјални,култрни и социјални) се наоѓаат на такво
ниво кое ги ислучува од минимално прифатливиот начин на живеење во земјата во

5
која што живеат“. Од оваа дефниција можеме да дојдеме до заклучок дека покрај
сиромаштјата, тука е и социјалното исклучување

Во основа постојат најмалку три причини поради кои е потребно да се мери степенот
на сиромаштија во една земја, а тие причини се: 1

1. Избор на соодветна стратегија на економски раст;


2. Утврдувањето на структурата на јавната потрошувачка, и
3. Насочување на интервенциите во делот на економската и социјалата политика.

Линијата на сиромаштија е дефинирана како ниво на животен стандард


што треба да се достигне за едно лице/домаќинство да не биде класификувано како
сиромашно. Релативна линија на сиромаштија е релативен стандард на опстојување
определен како неопходно ниво на трошоци. Врз основа на утврдените нивоа на
линијата на сиромаштија е пресметан процентот на лица чии трошоци се под нивото
од 70% од медијалниот еквивалентен трошок. Субјективна линија на сиромаштија е
субјективен стандард на опстојување врз база на мислењата изразени од целата
популација за нивото на приходите неопходни за да се избегне сиромаштијата.

Најголем број од дебатите за сиромаштијата биле особено насочени кон утврдување на


основната разлика која наводно постои помеѓу апсолутната или екстремната
сиромаштија и релативната сиромаштија.

Сиромаштијата општо е поделена на два вида:

 Апсолутна (екстремна) сиромаштија, и


 Релативна сиромаштија .

Апсолутна или екстремна сиромаштија се однесува на недостаток на


основни потреби за опстанок, како што се недостаток на храна, чиста вода за пиење
или соодветни услови за домување, недостаток на облека, лекови и сл. Се
определува преку границата на преживување, и е прифатен во општеството со низок
приход и не развиена економија (земјите од Третиот свет).

1
Димитар Ефтимоски., (2003): Економси развој,– Скопје, стр.302.

6
Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

Другиот е концептот на релативна сиромаштија и значи “недостаток од


ресурси на определени поединци, семејства и групи да практикуваат определен режим
на исхрана, да учествуваат во определени општествени активности и да живеат во
животни услови кои што се вообичаени за општествата на коишто им припаѓаат”. Се
нарекува социјално отуѓување и е карактеристичен за државите со висок животен

стандард (САД, Европа).2

Ризикот од сиромаштија може да се должи на ниските примања,


материјалното лишување и невработеноста.

Слободно може да се каже дека сиромав е оној кој не располага со доволно средства за
задоволување на некои основни потреби - има помалку отколку другите во иста
заедница. Да се биде сиромав во богато општество можеби не е исто што и да се биде
сиромав во сиромашно општество, но некои карактеристики се заеднички за сите
сиромашни, без разлика каде живеат и на кој економски и социјален степен се наоѓа
конкретното општество.

Во продолжение на овој семинарски труд за процент на сиромаштијата во Република


Северна Македонија посебно ќе се задржиме на карактеристиките на сиромаштијата
и кои се политики кои треба да бидат преземени за намалување на нивото на
сиромаштијата преку студијата на случај за Република Северна Македонија. Но, треба
да знаеме дека секоја земја применува различни економски и социјални политики во
зависност од економската развиеност, достигнатиот степен на човековиот развој и
ефикасноста на системот на социјална заштита, се со цел намалување на
сиромаштијата.

3. ДЕФИНИРАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА


МАКЕДОНИЈА

2
Pate Alcock, Understanding Poverty, Palgrave Macmillan,2006, p.40.

7
Една од најчесто користените дефиниции за сиромаштија е дефиницијата
на статистичката служба на ЕУ – Еуростат (која ја спомнавме претходно), која
сиромаштијата ја дефинира на следниов начин: „Како сиромашни се сметаат лица,
семејства и групи на лица чии ресурси (материјални, културни и социјални) се на
такво ниво кое ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење во
земјата во која што живеат“. Оваа дефиниција укажува на потребата при мерење на
сиромаштијата и утврдувањето на минималниот животен стандард, да се земат во
предвид специфичностите на секоја конкретна земја.

Сиромаштијата е мултидимензионален проблем кој покрај економските,


вклучува и социјални, политички и културни прашања. Затоа, намалувањето на
сиромаштијата не може да се базира едноставно на економските политики, туку на
комплексни добро координирани мерки од повеќе области. Сепак, економскиот раст
е најзначајниот фактор кој влијае на сиромаштијата. Долгорочниот економски раст
директно ја намалува сиромаштијата преку креирање на нови работни места и
пораст на реалниот доход (per capita). Но, не помалку значајни се индиректните
ефекти од економскиот раст. Порастот на производството (БДП) ги зголемува
средствата што државата ги прибира преку буџетот, со тоа се зголемува јавната
потрошувачка и средствата наменети за зголемување на нивото на човековиот
развој и квалитетот на живот и намалување на сиромаштијата. Овде спаѓаат
инвестициите на државата во здравствениот и образовниот систем, инфраструктура,
социјални програми, генерирање на нови работни места, итн. Истовремено,
зголемување на економската развиеност на земјата создава можности за развој на
демократското општество и елиминирање на социјалната исклученост од полови,
културни, традиционални, етички и религиозни причини.

Оттука, Република Северна Македонија како земја која се соочува со


висока стапка на сиромаштија, преку мерките и активностите кои и стојат на
располагање треба да се насочи кон остварување на долгорочен одржлив економски
раст.

8
Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

4. КАРАКТЕРИСТИКИ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА


СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Мерењето на сиромаштијата во подолг временски период со примена на


релативниот и субјективниот метод овозможија идентификување на основните
профили на сиромаштија, ризични групи на населението и причините кои водат кон
зголемување на стапката на сиромаштија во Република Северна Македонија.
Мерењето, и анализата на сиромаштијата според двојниот метод, при тоа користејќи
ги информациите за оние поединци кои користат социјална помош овозможија да
се идентификуваат три основни групи на сиромашни домаќинства:

 Традиционални сиромашни. Во оваа група спаѓаат руралните,


земјоделските домаќинства, кои се групи со најголем ризик да преминат под
линијата на сиромаштија. Главни карактеристики на оваа група се: ниско
ниво на образование на членовите на овие домаќинства и релативно мал
економски потенцијал затоа што главен извор на средства претставува
доходот кои го остваруваат од земјоделските активности.

 Ново осиромашени домаќинства. Текот на транзицијата во Република


Северна Македонија предизвика многу општествено – економски промени
кои, од своја страна, создадоа многу нови социјални категории и го потикнаа
процестот на социјална стратификација. Економските и социјалните
последици од транзицијата ги почуваствуваа и дел од домаќинставта кои
живеат во урбаните средини. Како домаќинства кои токму во тој период се
соочија со намалување на нивниот животен стандард и квалитет на живот се:
домаќинствата без ниту еден вработен, домаќинства со вработени членови,
но кои не ги добиваат своите приноси на време и повеќечлени домаќинства
чии што примања се недоволни да ги задоволат нивните основни потреби.

 Хронично сиромашни. Најранливите групи од населението: старите лица.


неспособните, институцинализираните лица, и земјоделките домаќинства без

9
било каков постојан доход, може да се дефинираат како хронично сиромашни
лица/ домаќинства. Тоа се најчесто домаќинства/поединци кои не примаат
доход и живеат под линијата на сиромаштијата во подолг временски период.

Заедички карактеристики на сиромашните лица се:

1. Ниско ниво на образование. Најголем дел од членовите на сиромашните


семејства се со незавршено основно образование, или само со основно образование.
Ова е особено изразено кај руралните домаќинства, што предизвикува
дополнителен ризик да се најдат под линијата на сиромаштијата, а на подолг рок да
се соочуваат со ризикот од продлабочување на нивната сиромаштија.

2. Ризичен економски статус на пазарот на труд. Најголем дел од сиромашните


лица кои не се вработени, во суштина се невработени во подолг временски период
или, доколку се вработени, имаат несигурна иднина во поглед на работното место и
добивањето на доход во континуитет. Голем дел од нив се вработени во
неформалниот сектор што не го намалува ризикот од понатамошно
осиромашување.
Последица од несигурниот статус на пазарот на трудот се посилно изразени во
помалите урбани средини и рурални области.
Основна причина е што пазарот на трудот во овие средини е ограничен и
нефлесибилен. Истовремено помали се можностите за преквалификација на
сиромашните лица како начин за нивно прилагодување на потребите на пазарот на
трудот, односно на побарувачката за работна сила.

3. Лоши услови за живеење. Сиромашните лица, а пред сé традиционално и


хронично сиромашните, живеат во многу лоши станбени услови. Ова е најмногу
изразено во руралните области и приградските населби во поголемите урбани
средини.

4. Лоша здравствена сосотојба. Ниското ниво на образование, недоволно


квалитетната здравствена заштита која што е карактеристична во Република

10
Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

Северна
Македонија, лошите услови за живеење и пред сé долгорочната сиромаштија
влијаат
за лошата здравствена сосотојба на поголем дел од сиромашните лица.

5. Социјална правда/неправда. Освен квантитативните, мерливи карактеристики на


сиромашните лица/домаќинства, забележителни се и квалитативните
карактеристики на сиромаштијата. Чуството на социјална неправда заради
зголемување на сиромаштијата, исклученоста од економско-општествените текови
и перзистентната сиромаштија е препознатлива за најголем дел од сиромашните
домаќинства.
5. ИНДЕКСИ НА СИРОМАШТИЈА

За мерење на сиромаштијата и за нејзино анализирање се пресметуваат:


главен збирен индекс (head count index), индекс на длабочина на сиромаштијата
(poverty gap) и индекс на острина на сиромаштијата (poverty severity index).

Head count index (главен збирен индекс) е индекс кој го покажува


процентот на населението што живее под линијата на сиромаштија (тоа можат да
бидат домаќинства или поедници во зависност од избраната мерна единица). Овој
индекс преставува главен индикатор на сиромаштијата и покажува колкав дел од
вкупното население живее во сиромаштија.

Poverty gap (индекс на длабочина на сиромаштија) може да се дефинира


како среден пропорционален недостаток на доход за целата популација (наместо на
сите сиромашни домаќинства или поединци). Индексот на длабочина на сиромаштија
може да се толкува како минимален износ на доход што е неопходен за да се острани
сиромаштијата во однос на минималниот износ на националниот доход потребен за да
се избегне сиромаштијата кога дистрибуцијата на доходот би била еднакво
дистрибуирана, односно сите луѓе би добивале еднаков дел од БДП.

11
Poverty severity index (острина на сиромаштијата) ја зема во предвид
дистрибуцијата на сиромаштија тргнувајќи од интервалите на доход што го
остваруваат сиромашните домаќинства.

6. РЕЛАТИВНА СИРОМАШТИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА


МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2017 ДО 2020

12
Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

Стапката на сиромаштија во државата во 2019 годинаспоред Државниот завод за


статистика изнесува 21,9.3

Таа е идентична со онаа од 2018 година, што значи дека и понатаму секој
петти жител на државата е сиромашен, односно дека стандардот во претходните
години (2018/19) тапкал во место. Во 2017 година, пак, сиромашни биле 22,2 процента
од населението. Изразено во бројки, под прагот на сиромаштија живееле 455.600 лица.
Проценките на Светска банка се дека оваа бројка сега е драстично зголемена поради
корона-кризата.

Во однос на 2018 година сиромаштијата е зголемена кај жените, и тоа од 22 на


22,5 проценти, додека кај мажите од 21,8 проценти е намалена на 21,4 проценти.
Најсиромашни се семејствата со двајца возрасни и три и повеќе издржувани деца.
Дури 45,3 проценти од нив живеат под прагот на сиромаштијата, а веднаш зад нив се
самохраните родители со издржувани деца, од кои за сиромашни се сметаат 42,8
проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на


сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца
лани изнесувала 19,5 отсто, стапката на сиромашни вработени лица е 8,8, а стапката на
сиромашни пензионери е 7,8 отсто. Најмала стапка на сиромаштија е измерена кај
лицата од 65 години и над таа возраст кои живеат сами – 3,2 процента.

Џини коефициентот, кој е мерка за нееднаквоста во распределбата на


приходите во 2019 година изнесува 30,8 отсто. Во 2017 година џини индексот
изнесувал 32,5, а во 2018 година 31,9 проценти. Овој пад укажува и на намалување на
нееднаквоста на распределбата на доходот во државата. Колку индексот е помал,
толку е порамномерно распределен доходот меѓу населението.

Во продолжение ќе ја претставиме структурата на релативната сиромаштија на


домаќинствата според местото на живеење во 2020 година.

3
Државен завод за статистика на Република Македонија

13
2020

23%

40%

37%

Останати урбани средини Рурални средини Скопје

Графикон 1. Структурата на релативната сиромаштија на домаќинствата


според местото на живеење, по реиони во 2020 година

На графиконот.1 е прикажана структурата на релативната сиромаштија на


домаќинствата според местото на живеење, односно според одредени региони.

Од графичкиот приказ може да констатираме дека најголем процент од


сиромашните во Република Северна Македонија во анализираниот период се појавува
во малите урбани и рурални средини, и тоа 40 и 37% , респективно.

Во Скопје, како посебен регион стапката на сиромаштија е значително помала, се


движи околу 23%.4

Тоа е причина, пред сé, на можноста за образование на младата популација и


поголемата побарувачка за работна сила која се нуди во главниот град, како главен
економски центар на Република Северна Македонија. Во последните неколку години е
забележана уште поголема концентрација на економските активности во главниот

4
Државен завод за статистика на Република Македонија

14
Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

град, што предизвикува голем број од младата популација од малите урбани и рурални
средини, кои имаат повисоко ниво на образование и квалификации да се населуваат во
Скопје. Најголем процент од сиромашните лица се лица кои немаат никакво
образование и тој процент во анализираниот период уште повеќе се зголемува. Лицата
кои немаат стакнато никакво образование не се во состојба да остваруваат минимални
средства и приходи за егзистенција. Стекнувањето на повисоко ниво на образование ја

намалува сиромаштијата. Оваа анализа недвосмислено ни ја покажува врската што


постои меѓу образованието и сиромаштијата.

Секоја држава која настојува да ја намали сиромаштијата треба да се насочи


кон подобрување на квалитетот на образовниот систем, односно создавање на услови
за стекнување на повисоко ниво на образование. Преку реформите кои се реализираат
во образовниот систем, Владата на Република Северна Македонија настојува да го
подобри квалитетот на образованието со цел намалување на високата стапка на
сиромаштија.

7. ОПШТА СОСТОЈБА НА СИРОМАШТИЈАТА И ВЛИЈАНИЕТО НА


КОВИД-19

Епидемијата со корона вирусот ѓи стави земјата и економијата во тешки борби,


напаѓајќи го здравјето и животот на граѓаните. Иако здравствената криза е најголем
проблем, оваа криза ја разниша и економијата ширум светот, а и кај нас. Најпогодни се
луѓето кои живеат во сиромаштија и социјална ранливост.

Последните анализи на Светската банка велат дека „Комбираниот ефект на пониски


примања и пониските парични трансфери како резултат на КОВИД-19 веројатно ќе ја
зголемат сиромаштијата на нивоата пред 2017 година или дури и пред 2015 година, во
зависност од времетраењето на кризата“. 5

5
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/near/files/update-on-the-republic-of-
north-
macedonia.pdf

15
Постојат симулации дека стапката на сиромаштија се зголемила на околу 20-23% во
2020 година споредено од 17% во 2019, а од 55.000 до 130.000 Македонци (во
зависност од времетраењето на кризата) ќе западнат во сиромаштија. Пред
пандемијата, сирромаштијата беше на само 4% кај работниците во најпогодените
сектори, но се проценува дека стапката ќе достигне до околу 8-15%.

Направени се проценки дека влијанието на епидемијата на вирусот најверојатно ќе се


разликува по распределбата на приходот, приходите ќе паднат за околу 5-8%, кај оние
од најнизок квинтил, и од 7-13% или повеќе за остатокот од населението. Притоа
повеќе од 75% од оние кои најверојатно ќе паднат во сиромаштија во моментов не се
опфатени со ниту една програма за социјална заштита. За жал пандемијата ќе не врати
на почетокот, но сега со нова група на сиромашни лица, оние кои порано живееа во
ризик од сромаштија.

8. СТРАТЕГИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО


РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

8.1. Секторски политики во функција на намалување на сиромаштијата

Појавата на продлабочување на сиромаштијата во Република Северна Македонија


егзистира паралелно со осварувањето на структурните реформи во економијата.

16
Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

Остварувањето на економскиот раст, не подразбира автоматски намалување на


стапката на сиромаштијата. Како доказ на ова е високата стапка на раст постигната во
периодот од 1998 до 2000 година кога наместо намалување, забележано е зголемување
на релативнаата сиромаштија за 1.9 %.6 Oва воопшто не треба да не изненадува.
Кунзенцовата хипотеза потврдува дека во иницијалните фази на развој се зголемува
нееднаквоста во дистрибуцијата на доходот (богатите стануваат побогати, додека пак
сиромашните уште повеќе осиромашуваат), но во понатамошните фази таквата
разлика во дистрибуцијата на доходот се намалува со зголемување на
инвестиционалните активности и со остварувањето на нови работни места.
Намалувањето на сиромаштијата на краток рок, во овие фази од развојот е можно
единствено преку насочување на раст кој создава нови вработувања и таргетирање на
најзагрозените групи на население.

Во продолжение ќе бидат наведени секторски политики во фнкција на


намалување на сиромаштијата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на
Република Северна Македонија.

Тие секторски политики се:

Индустрија и индустриска политика. Транзицијата придружена со процесот на


приватизација на компаниите во државна сопственост имаа за последица зголемување
на невработеноста во големите индустриски центри. Тоа создаде поволна површина за

прогресивно зголемување на сиромаштијата во урбаните подрачја. Затоа,


индустриската политика во рамките на своите програми за надминување на
ограничувањата и креирање на нови работни места треба да биде насочена кон
најранливите групи на невработени квалификувани индустриски работници.
Проектите за создавње на мали занаетчиски работилници од типот на фамилијарни
бизниси поддржани од Светската Банка преку програмата на IFC, придонесоа за
креирање на нови работни места (самовработување). Индустриската политика на
Република Македонија треба да биде насочена кон зголемување на конкурентноста на
македонските производи, како би се зголемил извозот од една страна, и привлекување
6
www.finance.gov.mk

17
на СДИ од друга страна. Странските директни инвестиции имаа голем број предности.
Некои од тие предности се: создавање на нови работни места, нова технологија,
зголемување на продуктивноста, зголемување на извозот, итн. Сите тие предности
имаат позитивни ефекти бидејќи најважно од сé ја зголемуваат стапката на
вработеност и ја намалуваат стапката на сиромаштија, како еден од најголемите
проблеми со кој се соочува македонската економија

Земјоделство и земјоделска политика. Некои истражувања покажуваат дека во


Република Северна Македонија сиромаштијата е најчеста кај руралното население во
ридско планинските подрачја. Проектите на Владата на Република Северна
Македонија насочени кон земјоделството се токму фокусирани за надминување на
проблемите и ограничувањата кои се јавуваат во овој сектор. Еден од најголемите
приоритети на земјоделската политика треба да биде насочена кон поттикнувањена
преработувачката индустрија. Таквите настојувања би овозможиле зголемување на
извозните цени за земјоделските производи на странските пазари, со што ќе се
подобрат економските преформанси на земјоделството од една страна, а од друга
страна ќе се подобри платниот баланс на Република Северна Македонија.

Услуги и политики во услужниот сектор. Секторот на услугите можеби


преставува најуспешниот дел од целиот процес на транзицијата во Република Северна
Македонија. Услужниот сектор одигра важна улога во креирањето на работни места во
процесот на транзицијата, апсорбирајќи значаен дел од работната сила која останала
без работа во процесот на приватизација и преструктурирање на претпијатијата во
државна сопственост. Динамиката на развој на услужниот сектор во периодот кој
престои најмногу ќе зависи од општиот економски раст и развој на Република Северна
Македонија и зголемувањето на куповната моќ на населението. За разлика од
равиените земји каде поголем дел од услугите кои се купуваат на пазарот на услуги, во
Република Македонија сеуште немаат добиено комерцијална вредност, односно се
произведуваат и консумираат во рамките на домаќинството. Тоа е резултат, пред сé, на
релативно нискиот животен стандард во однос на развиените земји и достигнатото

18
Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

ниво на економски и човеков развој. На тој начин таквите услуги не придонесуваат за


зголемување на БДП на Република Северна Македонија.7

Инвестиции во инфраструктура- повисок квалитет на живот. Јавните


инфраструктурни инвестицииво секое населено место во Република Севена
Македонија можат да имаат значителни ефекти врз подобрувањето на квалитетот на
живот на населението, а со тоа и намалување на високата стапка на сиромаштија.
Инфраструктурата има неколку важни значења, за привлекување на странските
инвестиции потребно е изградба на квалитетна инфрастуктура. Како што напоменавме
претходно, квалитетната инфраструктура е значајна за зголрмување на нивото на
човековиот развој. Еден од основните приоритети за зголемување на квалитетот на
живот е токму подобрувањето на квалиетот на инфрастриктурата, на кој начин би се
подобрила општата благосостојба и квалитетот на јавните услуги. Подобрувањето на
инфраструктурата е можно преку инвестиции на државата, стимулирање на странски
капитал во форма на концесии, директни вложувања, концесионални кредити во
развој на инфраструктурата и др.

8.2. Системски мерки и активности за намалување на сиромаштијата

Република Северна Македонија треба да го насочи својот напор кон успешно


реализирање на системските мерки и активности кои ќе водат кон намалување на
стапката на сиромаштија. Поради економските и политичките проблеми низ кои
поминува Република Северна Македонија низ сите овие години, државата се соочува
со се поголеми ограничувања во борбата со сиромаштијата како проблем кој се повеќе
се актуелизира поради неговата нагорна тенденција.

Поради тоа, треба да се направат напори за зајакнување на капацитетот на


релевантните државни институции, со цел нивно оспособување да обезбедат прецизна
анализа, за природата и обемот на сиромаштијата во Република Северна Македонија,
да го помогнат подготвувањето на политиките и мерките и да ги оценат можните

7
Добрата и услугите кои се проиведуваат во рамките на домаќинствата и не добиваат
пазарна вредност не
се евидентираат во БДП.

19
влијанија на мерките кои ќе бидат превземани за намалување на сиромаштијата и
подобрување на квалитетот на живот на македонските граѓани. Ова ќе му помогне на
населението подобро да ги разбере прашањата поврзани со сиромаштијата и
ефикасноста на превземените чекори за нејзино намалување.

Светската економска криза која неминовно ја зафати и Република Северна


Македонија со сите негативни ефекти која ги предизвикува, уште повеќе ја усложува и
така тешката состојба со која се соочува Република Северна Македонија во однос на
сиромаштијата и квалитетот на живот. Во таа насока треба да бидат превземени
адекватни мерки кои во најмала мера ќе ја ублажат состојбата во националната
економија која е предизвикана од светската економска криза. Намалуавње на вкупната
економска активност и зголемување на стапката на невработеност, директно
инплицира зголемување на сиромаштијата и намалување на квалитетот на живот на
населението.

9. ЗАКЛУЧОК

Човековиот развој претставува еден од најзначајните концепти на


развојната економија. Суштината на овој семинарски труд е сиромаштијата. Начинот
на кој се пристапува кон предметот на ова истражување е направен со цел да се

20
Процент на сиромаштија во Република Северна Македонија

обработи сиромаштијата како еден од најголемите проблеми во Република Северна


Македонија.

Сиромаштијата претставува еден од најзначајните развојни проблеми, овој проблем


е тесно поврзан со квалитетот на животот на луѓето. Најчесто користена дефиниција за
сиромаштија, е дефиницијата од Статистичката служба на Европската Унија-
Еуростат, која сиромаштијата ја дефинира на следниот налин: „Како сиромашни се
сметаат лицата, домаќинствата и групите лица чии ресурси (материјални, културни и
социјални) се на такво ниво кое ги исклучува од минимално прифатениот начин на
живеење во земјата во која живеат“. Сиромаштијата е проблем со кој се соочуваат
многу економии во светот, меѓу кои спаѓа и Република Северена Македонија.

Глобалната економска криза сериозно навлезе во сите пори на општественото


живеење, манифестирајки се преку намален обем на продажбата, стечај и ликвидација
на голем број стопански субјекти, зголемена стапка на невработеност, поскапување на
цените на основните животни продукти, електричната енергија, телефонот, парното и
комуналните услуги, слаб интерес на странски инвеститори, речиси никакви домашни
капитални инвестиции и др.. Крајниот ефект на сите овие нуспојави на кризата е
сиромаштија на голем дел од светската популацијата. Статистиката вели дека секој
четврти жител во земјава е сиромашен. Секој четврти граѓанин во земјава живее под
долниот праг на сиромаштијата. Според истражувањето на угледниот лондонски
„Економист“, Македонија е на врвот на листата според индексот на мизерија, меѓу 92
земји во светот, земајќи ги во предвид бројот на невработените и процентот на
инфлација. Ваквите поразителни бројќи, се сериозен сигнал за брзо дејствување и
превземање на решителни активни мерки за надминување на ваквата состојба како од
страна на законодавната и извршната власт, така и од страна на топ менаџментот на
водечките компании и од страна на бројните претприемачи во Република Северна
Македонија

10.КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

21
 Пит Алкок „Разбирање на сиромаштијата“- трето издание 2006, дел 1, глава 4
„Меѓународни аспекти“.
 Пит Алкок „Разбирање на сиромаштијата“- трето издание 2006, дел 2, глава 5
„Дефинирање на сиромаштијата“.
 Димитар Ефтимоски., (2003): Економси развој,– Скопје, стр.302.
 https://sustainabledevelopment.un.org/content/documents/
26388VNR_2020_Macedonia_Report.pdf
 https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/near/files/update-on-the-
republic-of-north-
macedonia.pdf
 Тенденциите на сиромаштијата и можностите за нејзино надминување, Научен
собир, Фондација “Фридрих Еберт”, канцеларија – Скопје, 18 и 19 декември
2000, Скопје.
 https://nezavisen.mk/unicef-kovid-19-ja-zasili-detskata-siromashtija-vo-zemjava/

22

You might also like