Ламанш

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Ламанш 

(француски: La Manche) или Англиски Канал (англиски: English Channel)


— проток на Атлантскиот Океан кој го одвојува островот Велика Британија од
северна Франција и го спојува Атлантскиот Океан со Северното Море. Долг е околу 563 км, а
широк околу 240 км. Доверскиот Проток е најјужниот дел на каналот, кој е широк само 34 км
(од Довер до ’ртот Гри Не) и се наоѓа на најисточниот дел на преминот. За време на Римското
Царство, преминот се нарекувал Oceanus Britannicus, а до 1549 година, „Британско Море“.
Ламанш отсекогаш бил природна одбрана од надворешни напади, меѓу другите и од Наполеон
I и Германија за време на Втората светска војна. Преку Ламанш се одвивале повеќе инвазии
(римското освојување на Британија, норманските освојувања и десантот во Нормандија).
Каналот е релативно плиток, со просечна длабочина од околу 120 м на најширокиот дел па сè
до 45 m во делот меѓу Довер и Кале. Каналските Острови се наоѓаат во теснецот, поблиску до
францускиот брег.
Во 1994 година под Ламанш е ископан железнички тунел долг 50 километри, што претставува
вториот по должина железнички тунел во светот. Овој тунел, наречен „Евротунел“, ги спојува
Черитон во Англија и Кале во Франција, а возовите кои минуваат низ него најчесто се на
релација Лондон - Париз - Брисел.

 Еуротунел помеѓу Британија и Франција, 50,5 км. Овој тунел кој во значителна должина минува под
нејтесниот дел на протокот Ла Манш е изграден во 1994 година. Се состои од три големи цевки, од
кои две се за возови (во двете насоки) а едната е од сигурносни причини. Модерните и ултра брзи
возови Еуростар, целото растојание низ тунелот го поминуваат за само 30 минути.

Каналот е густо населен на обата брега. Најважните пристанишни и одморалишни градови вкупно имаат
преку 3,5 милиони жители.

Препливувањето на каналот Ла Манш, кој ги поврзува Франција и Британија, е

предизвик за илјадници вљубеници во маратонското пливање. Овој подвиг

бара многу подготовки и волја, а не секому му успеало да го преплива каналот

што го дели југот на Англија со северот на Франција. Борбата со силните струи

и со брановите е за симнување капа.

На четворица Македонци досега им успеало да го препливаат Ла Манш, а од

нив само една е жена. Прв што успеал е Нико Нестор во 1959 година, следува

Атина Бојаџи, 10 години подоцна. Од поново време Ла Манш го има совладано

Томи Стефановски во 2009, а една година подоцна – Игор Димовски.

You might also like