Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 29

Универзитет " Св.

Кирил и Методиј" - Скопје


Филозофски факултет- Скопје
Постдипломски студии

Тема: Воспитна програма во функција на


намалување на насилствата во училиштата
1.Вовед……………………………………………………3
2.Причини за занемарување на воспитната работа
во училиштата ………………………………………….4
3. Воспитната функција на училиштето…………….6
3.1 Перспективи……………………………………….10
4.Користење на светските искуства………………...13
5.Воспитна програма во функција на намалување
на насилствата во училиштa………………………...15
5.1 Што се животни вештини?....................................17
6.Развивање на заедништво,взаемност,меѓусебно
разбирање и кооперативност……..............................23
6.1Развивање на културни навики и потреби……..24
6.2Примена на стратегии,вештини и техники за
ефикасно менаџирање со проблемите во
училиштето…………………………………………….25
6.3Интензивирање на соработката меѓу родителите
и училиштето…………………………………………..26
7.Заклучок………………………………………….......28
8.Користена литература…………………………........29

1. Вовед

Постојат различни определби на поимот воспитна работа во


педагогијата.Овој поим и термин понекогаш се врзува за воспитанието
во потесна смисла,односно за развој на способностите и особините на

2
личноста.Друг пат под воспитна работа се подразбира мисловното
воспитание.
Во педагошката литература можат да се сретнат интерпретации
според кои целокупната дејност во училиштето се дели на:наставна и
останата дејност.Воспитната работа според таквите согледувања ја
претставува,споредната активност во која спаѓа целокупната
воннаставна дејност.
Споменатите определби на воспитната работа имаат неколку
заеднички слабости:1)одвојување на воспитанието од единствениот
воспитно-образовен процес,
2)еднострано врзување на воспитната работа со воспитанието во
потесна смисла и разбирање на единството на целокупната воспитно-
образовна структура на институциите(училиштата)во кои воспитанието
се организира и остварува.
Воспитната работа според педагошката литература,како и во
нормативните документи кои се однесуваат на образованието, е
иманентна (многу значајна)дејност и неделива од образовната
компонента.Таа се остварува во единствениот воспитно-образовен
процес-низ сите форми на наставна дејност:редовна
настава,дополнителна,додатна настава,
како и низ сите форми на воннаставна дејност(слободните активности,
општествено корисната работа и др.)
Сведоци сме на се повеќе занемарување на воспитната работа или
воспитната функција во училиштата,а за сметка на тоа доаѓа до
предимензионирање на образовната компонента.Тоа е голем хендикеп
на нашиот воспитно-образовен процес,уште повеќе што времето во кое
живееме е полно со предизвици од секаков вид,а кои мошне негативно
се одразуваат на младата генерација.

2.Причини за занемарување на воспитната работа


во училиштата

Воспитната и образовната дејност треба да се интегрирани во


единствен процес бидејќи училиштето не е само воспитна ниту пак

3
само образовна институција туку претставува воспитно-образовна
институција.Во последно време сведоци се сме на се поголемо и се
подрастично занемарување на воспитната функција во
училиштата.Бројни автори енергично укажуваат на настанатата
состојба која се карактеризира со вредносна,морална и воспитна кризаа
на општеството,а притоа се повеќе се посочува училиштето како
институција која не може да излезе во пресрет на потребите на
општеството и потребите на ученикот во денешно време.За
неостварување на воспитната улога на училиштата постојат голем број
причини.Различни педагози,наведуваат различни причини,групирајќи
ги на различен начин.Така на пример,хрватскиот педагог Перо
Шимлеша причините ги дели на две групи:
1)надворешни и
2)внатрешни1
Како надворешни причини се вбројуваат длабоките промени во
семејството.Денешното семејство се разликува од некогашното
традиционално семејство во неколку работи:Во традиционалното
семејство живееле и по неколку генерации,тоа претставува макро
семејство.Пред се се почитувал зборот на најстариот член на
семејството,најчесто бил вработен таткото и сл.Воспитната функција
во рамки на семејството многу полесно се остварувало и била негова
главна грижа.Денешното современо семејство е микро семејство.Тоа се
соочува со низа промени во поглед на традиционалното.Во
современото семејство и двајцата родители се вработени, живеат во
урбана средина и сл. Поради моралната и вредносната криза која го
зафати општеството во целина,воспитната функција станува многу
покомплексна и потешка за остварување,што секако се рефлектираше и
во семејството,родителите почесто немаат време за децата,од различни
причини: трка за поголем профит или пак борба за гола егзистенција
што доведува до наметнување на воспитната грижа и воспитната
функција на училиштето,а која порано ја остварувало
семејството.Постои сфаќање дека доволно е детето да се праќа на
училиште и грижата околу неговото воспитување и образување ја
препуштаат исклучиво на училиштето.Се почесто доаѓа до воспитен
вакум,кој многу негативно се одразува врз младите поколенија кои се
изложени на најразлични влијанија.
Училиштето пак во услови на транзицијата,се најдени во затекната
состојба,неподготвени да ја преземат на себе целокупната воспитна
1
Р.Попова-Коскарова,Методика на воспитна работа-интерна скрипта на предавања на студенти од
педагошкиот факултет,Скопје,2006,стр4

4
улога поради многубројните влијанија,а пред се динамичното темпо со
кое се одвиваат промените во секојдневниот живот и во сите сегменти
на општеството,како и поради големата деструкција на вредносниот
сисатем.Наместо да ги почитува и уважува промените кои се случуваат
секојдневно училиштето се однесува како ништо да не се случува.
Училиштето е неподготвено да одговори на современите потреби на
децата и на предизвиците на новото време.
Од внатрешните причини како најсуштествени се издвојуваат:
Хипертрофијата на образовната компонента во наставата,а за сметка на
тоа занемарување на воспитните и формално-функционалните задачи
на наставата.Причините за предимензионирањето на образовните
задачи во наставата се многубројни,а како најсуштествени се
издвојуваат преобемните наставни програми за кои наставниците се
жалат дека имаат голем материјал за реализирање,па оттука не
останува време за воспитната компонента.Меѓутоа причините лежат и
во неоспособеноста на наставникот за воспитна функција,бидејќи таа е
доста комплексна и деликатна и затоа што претпоставува дека може да
воспитува само кој и самиот е воспитан.Горенаведените внатрешни
причини упатуваат на сознанието дека во нашето училиште е силно из-
разена интелектуалната компонента,за сметка на тоа се занемарува
социо-емоционалниот развој на учениците.И покрај извесни настоува-
ња нашето училиште не може да се ослободи од формирање ученик-
енциклопедист по принципот колку повеќе-толку подобро,наместо
обратно помалку,но поквалитетно.Оптовареноста на учениците е кон-
стантен проблем и наместо да се работи интензивно во таа насока,кон-
тинурано се зголемува фондот на часовите и се додаваат нови наставни
предмети.Се поставува прашање:Која е функцијата на училиштето во
денешното време?Прашањето е се поактуелно бидејќи во современото
општество постојат и паралелни програми за образование,кои понеко-
гаш даваат и повеќе знаења отколку самото училиште.Или со други
зборови,училиштето веќе не е единствено место за стекнување на
знаења и формирање на навики и умеења.Постоењeто на тнр.паралелни
програми за образование е реалност која треба да се уважува.Затоа
училиштето треба да се сврти кон воспитната компонента,кон
развивање на други аспекти од развојот на личност,а посебно
социјално-моралниот и мотивационо-волевиот бидејќи тоа е се повеќе
неопходно во време кога семејството не е во позиција да се остварува
воспитната функција на соодветен начин.

5
З.Јурковиќ ги наведува следниве причини за неостварување на
воспитната работа на училиштето.2
1)пренагласена интелектуалистичка ориентација(трупање мноштво на
знаења по принципот на енциклопедизам),занемарување на работата со
младите во слободно време(Училиштето во овој поглед не организира
никакви форми на воннаставни активности кои се повеќе стануваат
формалност,авторитарните односи во училиштето(крути хиерархиски
односи на позиција наставник-ученик) како и застарените методи на
работата;
2)одвојување на воспитната и образовната функција;
3)неприфаќање на етичките вредности од страна на наставниците;
4)методичкото образование за воспитна функција на наставниците е
недоволно,а факт е дека воспитните задачи знатно повеќе зависат од
личноста на наставникот.
Проф.Никола Поткоњак од белградскиот универзитет,причината за
занемарување и неостварување на воспитната функција на училиштата
ја гледа пред се во наставниците,во нивното образование и работа.
3
Наставникот пред се треба да биде добар познавач на својата струка,да
биде перманентно во тек со новите достигнувања,мора да ја сака
својата професија,да ги сака учениците со кои работи,да ја почитува
нивната личност,да поседува одредени педагошко-психолошки
сознанија,да биде комуникативен и др.Тој пред се е воспитувач на
младата генерација и знаењето кое го поседува треба да биде само
средство со чија помош тој ќе ги воспитува своите ученици.

3.Воспитната функција на училиштето

Мошне сложен и есенцијален проблем претставува воспитната


функција на училиштето бидејќи преку воспитната функција се
прекршуваат:општествениот живот,општествената противречност,
социјалниот, функционирањето на семејството моралниот аспект од
општественото живеење,интернационалното,но и функционалното
воспитно влијание врз младите, улогата на наставникот.Училиштето се
дефинира како воспитно-образовна институција,што претпоставува
дека воспитната и образовната компонента се интегрирани,но во
2
Исто како предходното,стр 6
3
Исто како предходното,стр 6

6
практиката веќе подолго време е евидентно значително нарушување на
тоа единство, односно сериозно запоставување и занемарување на
воспитната функција во училиштата што многу негативно се
рефлектира врз младите од сите аспекти во животот.
Во нашите училишта, веќе долго време изразито се нагласува и до
определен степен се фаворизира само стекнувањето на знаењата,одно-
сно образовната компонента,а воспитната е составена на
маргините.Голем број наставници својот позив го сваќаат многу
еднострано,во смисла дека пренесувањето и утврдувањето на знаењата
претставува најважната и единствена задача на училиштето.
Секојдневно сме сведоци на насилства во училницата,на агресивно и
асоцијално однесување,меѓусебна нетрпеливост,зачестени отсуства од
часови,непочитување на наставниците и уште многу други негативни
појави.Постојано се евидентираат насилни однесувања во основните и
средните училишта,од типот:„Тепачка во училиштето”, „Ученик
повредил со нож друг ученик” и слично.
Учениците се се понезадоволни од училиштето како
институција,но и од општеството во целина,а тоа го манифестираат на
многу несоодветен начин.Во такви ситуации,се почесто и семејството и
училиштето,односно родителите и наставниците се немоќни да излезат
во пресрет на потребите на младите и општеството.И едните и другите
иако се подеднакво одговоррни,многу пати си ја префрлаат
одговорноста меѓусебно обвинувајќи се.Тоа во никој случај не ги
оправдува и не ги иззема од одговорност заедничките субјекти во
воспитвањето на децата.
Соодветна загриженост покажува и светската организација за
децата-УНИЦЕФ за зголеменото насилство на нашите училишта а под
кое се подразбира:вознемирување,полово насилство,тепачки и
слично.Во нивните најнови студии или информации,се потенцира дека
насилството се случува во рамки на училиштето.
Таквата состојба според УНИЦЕФ е резултат на недостиг на свест и
воспитни активности како во рамките на редовната настава,така и
преку екстракурикуларните активности,кои треба да се промовираат
насилна комуникација и надминување на конфликтите,преку нивното
конструктивно решавање.Наставниците и училиштето се должни да
обезбедат сигурна средина која ќе обезбедува развој и самодоверба кај
децата.Од тие причини,се најавуваат и одредени конкретни активности
или подобро познати како проекти кои би требало да помогнат преку
превенција на насилството во училиштата,а за таа цел се планира обука

7
на наставниот кадар и педагошко-психолошката служба во сите
основни училишта во нашата земја.
Се поставуваат прашањата:Што прави училиштето? Што се
случува со училиштето во воспитен поглед?
Реформи и промени што се случуваат во школскиот систем кај
нас,од поодамна,но и сегашниве,се насочени претежно кон инте-
лектуалната сфера.Се кратат или додаваат часови,се променуваат
наставните планови и програми,се додаваат нови наставни
предмети,било задолжителни или изборни и се се врти во тој круг.
Како ништо да не се променува во воспитната насока од страна на
надлежните институции.
Најзначајните карактеристики на денешното училиште се:
-Преовладување на меморирањето,складирањето на информации,а
запоставување на учење како да се учи и како самостојно да се доаѓа до
знаењата и истите да бидат применливи.
-Зачестени насилни и агресивни однесувања на учениците,голема
нетрпеливост,нетолеранција,непочитување,отсуство на взаемност,бега-
ње од часови,меѓусебни навреди,пушење,користење на алхохол и дро-
га,уништување на школски инвентар,непристојни изрази упатени кон
наставниците и сл.
-Преовладување на интелектуалната и запоставување на
социоемоцијаната сфера на личноста.
-Зачестени насилни и агресивни однесувања на учениците,голема
нетрпеливост,нетолеранција,непочитување,отсуство на взаемност,бега-
ње од часови,меѓусебни навреди,пушење,користење на алхохол и дро-
га,уништување на школски инвентар,непристојни изрази упатени кон
наставниците и сл.
- -Ставање акцент на информации и факти кои треба да се
усвојат,запомнат,репродуцираат и на тој начин се пренагласува
рационалната компонента,а се стеснува можноста за духовен развој.
-Акцентот се става на содржината која се се прима во готова
форма,а се запоставува будењето на духот,љубопитноста,
креативноста,учењето низ исражување.
-Комуницирање преку низок степен на интеракциска поврзаност што
подразбира акциско-реакциски степен или комуникација која се одвива
преку поставување на прашања од страна на наставникот или давање
одговор од страна на учениците,без можност за водење на вистински
хуман и конструктивен диалог,кој претставува највисок степен на
интеракциска поврзаност во комуникацијата.

8
- Крути хиерархиски односи на релација наставник-ученик,а уште
повеќе професор-ученик,без емоции,и со голема рамнодушност во тој
поглед. -Негрижа на учелиштето како учениците го користат своето
слободно време
-Преовладување на негативни емоции кои не можат да бидат осова
за здрава и зрела личност.
-Запоставување на внатрешната мотивација и нагласување на
надворешноста
-Занемарување на екстракурикуларните активности(слободните
активности)
-Учење согледано како резултат,а не како процес.Се се сведува на
оценката како единствено мерило за знаење, но и клуч за успешност и
напредување.
Училиштето е немоќно да се справи со потребите на учениците во
сегашно време.Како треба да се делува во оваа насока?
Училиштата се обврзани да изработат годишни програми каде ќе ја
планираат воспитната мисија преку разни предавања,посебни
денови(еколошки,и сл.),но тоа не е доволно.Како да е ставено на
хартија,многу декларативно и без конкретна реализација.
Како конкретен пример,ќе анализраме една програма за воспитна
функција во едно скопско училиште,каде целокупната активност во
воспитен поглед е планирана преку разновидни форми:4Годишен план
за работа на слободните активности на училиштето,односно
училишните секции,како и преку годишниот план за соработка со
локалната средина и културната дејност на учениците,годишен план за
работа на подмладокот на Црвениот Крст,Годишен план за
производствена и друга општествено-корисна работа,како и Годишен
план за работа на заедницата на учениците.Со мали измени,речиси сите
училишта во нашата Република на ваков начин и со исти и слични
содржини ја планираат и програмираат воспитната работа како
составен дел од воспитно-образовниот процес во училиштата.
Прецизно се разработени содржините на активностите,времето на
реализацијата како и носителите.Кога ќе се анализира Годишната
програма за воспитно делување,се добива впечаток дека училиштето
посветува особено внимание на планирањето,програмирањето и
реализацијата на воспитна функција.За илустрација,ќе наведеме некои
содржини:организирање на солидарна акција "Денар за своето
другарче",Акција за собирање на стара облека,одбележување на
"недела на гладните","Недела за грижа на стари лица",Предавање за
4
Р.Попова-Коскарова,Воспитната функција на училиштата,Просветно дело,2009,стр40

9
разни болести,како заразна жолтица,исхрана во зима,реферат за Борба
против алхохолизмот,пушењето и наркоманијата,Како да им
помогнеме на другарчињата,Правилно користење на зимскиот
распуст,Односот кон вработените,Солидарна акција Твојата насмевка
огледало на твојата среќа,едукативно предавање:"Ајде да селектираме-
рециклираме" и сл.5
Што забележуваме во оваа воспитна програма?Прецизно
програмирани содржини во текот на целата учебна година,кои
опфаќаат различна проблематика,со солидарни акции,грижа како да се
користи слободното време, градење на еколошка култура за зачувување
на животната средина до најразлични предавања за разни болести и
пороци.Формата постои,содржините со извесно дополнување можат да
се сметаат за солидни,но сепак ништо не функционира.И покрај
таквото прецизно планирање и програмирање,воспитната функција е на
маргините.Но каде е проблемот?Всушност,проблемот е во суштинската
реализација.Не е доволно само нешто формално да се испланира,туку
најважна е самата реализација,односно остварувањата на програмата за
воспитно делвање.

3.1 Перспективи

Доаѓаме до прашањето кое се однесува на перспективите,односно како


воспитната функција да стане приоритет на современото училиште,кое
стои исправено пред предизвиците на 21 век и е целосно одговорно за
својата улога во општеството и за потребите на учениците.На тие
проблеми треба да им се посвети големо значење и да претставуваат
приритет во улогата на современото училиште.
Современото училиште треба да -развива емпатија, солидарност,
другарство,кооперативност заедништво и меѓусебно разбирање,одно-
сно взаемна помош, и сето тоа во духот на педагогијата и
заедништвото
-применува современи стратегии,вештини и техники за ефикасно
менаџирање со проблематичното однесување на учениците
-развива културни навики и потреби,
-развива еколошка култура и свест за зачувување на животната
средина,
5
Исто како предходното,стр40

10
-да ја интензивира соработката со родителите
- превентивно делување против пороците на денешницата
-развивање на програми за разрешување на конфликти и насилства
во училиштата

Потребна е соодветна обука на наставниците и нивно


оспособување за успешно реализирање на воспитната функција,но и
вреднување не само на знаењето,туку и на целкоупното однесување на
учениците.
-промена на програмската структура за работа на училиштето
Во текот на иницијално образование наставниците треба да добијат
соодветна обука,но и понатаму преку разновидни форми на стручен и
професионален континуиран развој за успешно воспитно
делување.Современото општество бара современ наставник кој колку
што успешно ќе образува,исто толку успешно и ќе воспитува.
Наставниците во реализирањето на воспитната компонента се
соочуваат со низа потешкотии,кои произлегуваат од самата нејзина
природа,наспроти образовната фунјкција.Познато е дека процесот на
образование се остварува преку определени содржини кои се најчесто и
конкретни факти,кои што пак лесно се операционализираат и
претвораат во образовни цели како што треба да се постигнат низ
наставниот процес.
Воспитанието се остварува преку определени содржини кои што во
исто време се и содржини на образованието.Многу човечки и
општествени вредности ќе се прифаќаат и откриваат од страна на
учениците толку успешно,колку што истите се на најдобар начин
откриени,протолкувани и поврзани со детското искуство,секако,со
помош на наставникот.
Наставниците не можат да бидат успешни доколку ја запостават
воспитната функција иако солидни во предметот што го предаваат.
Современиот наставник е должен многу поголемо внимание да посвети
на остварувањето на воспитните задачи,бидејќи само на тој начин може
да придонесе да се оспособат луѓето да бидат корисни членови на
општеството,а не само машини кои умеат да го репродуцираат
наученото.Од современиот денешен наставник се бара да развива кај
учениците:морални вредности,да развива механизми на групен живот и
работа,да развива чувства за припадност кон колективнивот или
групата,да развива еколошка свест,патриотски чувства,колаборативни
односи,но и самодоверба,да го потикнува социо-емоционалниот развој,
внатрешната мотивација и уште многу др.

11
Вториот аспект во овој контекст се однесува на барањето за
изнаоѓање модели за вреднување на однесувањето на
учениците.Досега,но и со најновите концепциски промени,целокупната
енергија е насочена кон оценување или следење и вреднување на
постигнувањата на учениците,пред се од когнитивен аспект.Или
наједноставно кажано,сеуште се оценува само знаењето.Наставниците
многу малку или воопшто не посветуваат внимание на др.аспекти,кои
се многу позначајни за правилно формирање на детската
личност,како :формирање на хумани и со морален кредибилитет
личности,социјалниот развој,односно развивање на механизми на
групен живот и работа,,социјалното однесување,фор-мирање
навики,формирање на култура на живеење и др.На овој план,потребни
се се големи промени.Не е доволно само да се нотира на пр.примерно
поведение.Што се подразбира под тоа?Третиот аспект се однесува на
промена на програмската структура за работа на училиштето.Првото
прашање во овој контекст е прашањето:Колку вистински се
реализираат екстракурикуларните активности,или добро познатите
слободни или вон наставнички активности.И тука,сознанијата говорат
дека тие активности иако се дел од програмата на училиштето,могу
малку или воопшто не се реализираат.Нашите училишта не живеат со
целодневна активност од типот на активности кои ги имаат голем број
европски земји,како Франција,Шведска, Англија, Германија и др.Со
завршувањето на редовната настава кај нив не завршува и работниот
ден во училиштето.Учениците имаат можност да избираат
најразновидни активности според нивните желби и интереси,а за
успешната реализација се грижат на слободното време на децата.Зошто
тоа да не може да се прави и во нашите училишта?Има многу млади
луѓе,па дури и студенти од завршните години кои на тој начин
добиваат можност да ја остварат својата практична активност,кои
можат да бидат помошници на наставниците да помогнат во
развивањето на креативните способности на учениците,а пред се во
функционалното користење на слободното време.
Реализацијата на содржините преку форми од типот:предавања и
реферати кои се уште многу наши училишта ги практикуваат,треба да
се напушта,бидејќи многу често учениците тоа што го слушаат преку
разгласните страници во училилниците,не го разбираат доволно или
пак ако не е придружено со разговор околу темата,истото останува
само пасивно восприемање на нештата,без емоционално доживување и
без можност да стане дел од нивното однесување.Затоа нашата
препорака е дека од корен треба да се менува начинот на кој се

12
реализираат содржините како дел од Годишната програма за воспитна
функција.За успешна реализација,треба успешна подготовка на
наставникот,како на другите субјекти во училиштето,а пред се на
педагошко-психолошката служба.

4.Користење на светските искуства

Ние како земја,која настојува со последните концепциски измени да


ги следи некои високо развиени земји во светот,тоа треба да го правиме
и на полето на воспитното дејствување.Светските искуства во врска со
воспитната програма се добредојдени.
Во САД на дисциплинските проблеми се посветува многу повеќе
внимание,отколку на самиот успех што се постигнуа во
училиштата.6Целокупната просветна власт заедно со раководствата на
училиштата и наставниот кадар,се трудат да изнајдат стратегија која би
помогнала учениците во американските училишта да се однесуваат
поодговорно и подисциплинирано.Мерките кои се преземаат во
американските училишта,а кои се однесуваат на воспитните
проблеми,се следниве:превентивни активности,односно училиштата се
задолжени да применуваат превентивни програми за обука на
учениците,со цел тие да стекнат знаење,вештини и вредности кои го
спречуваат насилството во училиштата.Се преземаат мерки во
подобрување на школската безбедност и подобрување на училишната
клима.
Во Англија секое училиште задолжително изработува програма за
антирасистичко делување,каде се наведуваат и основните принципи на
школскиот систем:идентитет,општество и квалитет.7 Сите
ученици,како и нивните родители се запознаваат со таа програма.
Запознавање не е формално туку суштинско.Не е доволно да им се рече
не правете го тоа,туку низ главните принципи врз кои се заснова
англискиот курикулум,се развиваат вредностите и се градат ставови
кои помагаат да се надмине дискриминацијата,како и предрасудите во
поглед на другиот.

6
Исто како предходното,стр43
7
Исто како предходното,стр43

13
Во Норвешка поголем акцент се става на емпатијата,отколку на
дисциплина и надворешна контрола.Кај нив се подржува ненаметливо
управување со класот .Во случај кога се работи со проблематични
ученици,повеќето наставници обично користатстратегија за
комбиниање на постапките и моделите.Повеќе се користи пофалбата за
позитивно однесување,комбинирано со опомена за негативното,со тоа
што секогаш предност се дава на пофалбата.
Во Финска,во училиштата посебно се практикува емпатиското
комуницирање,што во наједноставна форма кажано,претставува
соживување со другиот8.За емпатијата да стане дел од
однесувањата,неминовно е практикување,односно нејзино вежбање низ
воспитно-образовниот систем.Во текот на една недела се спроведува
тнр.недела на емпатијата каде учениците практично вежбаат развивање
на емпатиски способности.За да се утврдат колку можат емпатиските
способности да се развијат преку вежбање,формирани се контролна и
експериментална група.Експерименталната група вежбала емпатиско
комуницирање и била ставана во проблемски ситуации каде била
неопходна примена на емпатијата,со цел,формалното однесување да се
замени со вистинското,човечко однесување и чувствување.
По една недела интензивно партиципирање во ситуации каде
учениците се ставалево улога на поставување себе си во кожата на
другиот,кај експерименталната група биле видливо забележани
резултати на емпатиско комуницирање,отколку кај контролната.
Резултатите всушност покажале дека со свесно,интенционално
делување и активно учество,можно е да се влијае на развој на
емпатијата.Посебно се развивале:емоционално прифаќање,емаптиско
слушање и меѓусебно разбирање.Посочениот пример е уште еден
релевантен доказ дека емпатијата не може да се развива без вежбање
или само со теоретско предавање и информации.
Емпатијата,као и др.вредности кај учениците,можат единствено да
се развијат низ организирани форми на делување во училиштето,низ
практични ситуации,со вежбање и практикување на реални ситации.

8
Исто како предходното,стр43

14
5..Воспитна програма во функција на
намалување на насилствата во училиштата

Училиштата се обврзани да изработат годишни програми каде ќе ја


планираат воспитната мисија преку разни предавања,посебни
денови(еколошки,и сл.).Веќе 3години како во воспитнита програма на
сите училишта е вклучена програмата за животни вештини.
Наставната програма по животни вештини има за цел да придонесе за
личниот,емоцијалниот и социјаниот развој на учениците,на тој начин
го помага развојот на психосоцијаните вештини,оспособувајќи ги
учениците за успешно справување со предизвиците на секојдневниот
живот.Психосоцијаните вештини имаат важна улога во промовирање
на здравјето на учениците во целина-во обезбедување на нивната
физичка,ментална и социјана добросостојба.
Во II и III одделение ,програмата по животни вештини се реализира
со еден час неделно (36часа годишно) на часовите на одделенска
заедница.Во I одделение наставникот ја реализира програмата
интегрирано со другите наставни предмети.
Наставната програма опфаќа три развојни периоди со по три
оделенија ,за да се остави простор за флексибилен приод во
реализација на целите и да се одговори на потребите на учениците и
актуелните животни ситуации9.Во сите три периоди се птврдуваат
истите пет програмски теми (1,Јас:Личен развој;2Јас и ти:
Интерперсонални односи;3.Јас и другите:Општествени односи;4.Јас и
здравјето:Здраво живеење;Јас и околината:Однос со надворешната
средина),но дефинирани на различни нивоа и преку различни цели на
наставата и различни очекувани резултати.
Дефинираните цели на секоја тема посветени на образованието за
животни вештини се дадени глобално и со конзистентна структура
условена од восраста на учениците,нивните можности за
прифаќање,разбирање и воочување на појавите,односите и личното
учество во настаните од секојдневниот живот.10 Развојните цели се
разликуваат за секој период,при што не се конкретизирани на ниво на
одделение,затоа што акцентот е ставен на постигнување на

9
http://www.bro.gov.mk/docs/osnovno-obrazovanie/zivotni_vestini.pdf
10
http://www.bro.gov.mk/docs/osnovno-obrazovanie/zivotni_vestini.pdf

15
очекуваните резултати на крајот од развојниот период,без оглед на тоа
во кое одделение се реализирани наставните цели.
За да се реализираат целите на програмата на животни
вештини,знаењата,вештините и ставовите треба да се стекнуваат и
практикуваат првенствено во секојдневниот училишен живот,преку
личните и колективните искуства на учениците,користејќи
методологија ориентирана кон детето како интерактивна и
партиципативна единка во средината во која живее и учи.
На сите деца,без оглед на потеклото и способностите,им требаат
вештини што ќе им овозможат да ги користат своите знаења за да
практикуваат здрави облици на однесување да ги избегнуваат оние што
се закана за нивното лично,емоционално и социјано здравје.Таквите
вештини че им помогнат да бидат зрели,активни и одговорни личности
во едно граѓанско и мултикултурно општество.
Образованието за животни вештини е насочено кон внесување
промени во однесувањето преку стекнување определени
знаењеа,ставови и вештини кои им помагаат на децата да изберат и да
практикуваат здраво однесување,место само да учат што значи тоа.
Основната задача на образованието за животни вештини е да го
претвори знањето во однесување,па затоа секоја програма за животни
вештини треба да нуди балансиран однос меѓу:(1)знаења и информации
(2)ставови и вредности и (3)вештини.
Образованието за животни вештини се базира на партиципативни
методи на учење и поучување,што ги прави децата активни учесници
во процесот на учењето,наместо да ги третира како пасивни примаци
на информации.
Образованието за животни вештини поаѓа од базичната премиса дека
стекнувањето животни вештини е право на секое дете.Тоа го прави
релевантно на потребите на децата од секоја возраст и флексибилно да
одговори на реалните предизвици од секојдневниот живот на
децата.Образованието за животни вештини зема предвид дека
однесувањето на поединецот зависи од различни фактори,кои
произлегуваат како од семејството,училиштето и пошироката
заедница,така и од индивидуалните фактори во кои спаѓаат
знаењата,ставовите,вештините и особините на личноста.Заради
тоа,образованието за животни вештини не спроведува изолирано од
другите извори на влијанија,туку напротив,настојува да ја зајакне
единката како дел од заедницата да може да се справи со предизвиците
кои произлегуваат од влијанијата на срединта во која опстојува.

16
5.1 Што се животни вештини?

Терминот животни вештини се однесува на голема група психосо-


цијани вештини,чија цел е да придонесат за личниот,емоцијаниот и
социјаниот развој на децата и да обезбедат физичка,ментална и
социјана добросостојба на децата.Мнгу е тешко да се направи список
на сите можни животни вежтини,но вообилаено е како најважни да се
сметаат:
1.Свест за себе
-Свест за спостевните вредности(самодовреба,позитивна слика за себе)
-Свест за спствени слабости (реалистични очекувања,реална слика за
себе)
-Свест за правата и одговорностите
-Јасна слика за вредностите
-Мотивираност за грижа за себе си
2.Конуникациски вештини
-ефективна и соодветна вербална и невербална комуникација
-способност за изразување
-асертивност
-активно слушање
-способност за птеговарање
3.Вештини за донесување одлуки
-донесување одлуки со полна свесност за факторите што влијаат врз
мислењето и изборот
-донесување одлуки засновани на точна проценка на ситацијата
-поставување реалистични цели
-планирање на сопствените постапки со земање предвид на можните
последици
-преземање одговорност за сопствените постапки
-подготвеност за менување на одлуките заради прилагодување на нови
ситуации
4.Креативно мислење
-позитивно мислење
-активно учење(потреба за барање нови знаења)
-способност за себе-изразување

17
-идентификување на алтернативни можности
-смислување оригинални решенија на проблеми
5.Справување со емоции кај себе и кај другите
-поврзување на емоциите со доживувањата,мислењето и однесувањето
-справување со фрустрации,лутина,здодевност,тага,страв и анксиозност
-справување со силни емоции кај другите
6.Емпатичност
-грижа за другите
-толеранција на разлики
-почитување на другите
-дружељубивост
7.Интерперсонални вештини
-соработливост
-подготвеност за тимска работа
-формирање и прекинување пријателства
-препознавање ма границите џа соодветно интерперсонално
однесување
8.Вештини за решавање проблеми
-идентикување на проблемите и причините за нивното јавување
-точна проценка на активностите што можат да се преземат за
решавање на проблемите
-идентификување каде може да се бара помош кога се има проблем и
барање помош
-подготвеност за компромис
-подготвеност за учество во групно решавање проблеми
9Критичко мислење
-спознавање на социјаните и културните влијанија врз
ставовите,вредностите и однесувањето(вклучувајќи го и врсничкиот
притисок и влијание на медиумите)
-свесност за нееднаквост,неправда и предрасуди
-свест за улогата на одговорен граѓанин
10.Справување со стрес
-справување со ситуации на кои не може да се влијае
-развивање стратегии за справување со загуба,одбивање,критикување
-справување со употреба на психотропни супстанци
-менаџирање на времето
Кои животни вештини ќе бидат нагласени на кои ќе им се посвети по-
големо внимание во процесот на образованието зависи од темата и од
содржината што се пренесува од реалната животна ситуација во
училиштето и во пошироката околина и како најважно од потребите на

18
самите ученицу.Без оглед во кој контекст е ставено,образованието за
животни вештини треба да промовира позитивни вредности и да ги
применува вештините за задоволување на конкретни потреби на
децата.
Кога се работи за образование за животни вештини,не е доволно да се
определи кои се вештините кои децата треба да ги совла-даат,туку и
кои наставни методи ќе се користат.Како ќе се поучува е подеднакво
важно со тоа што ќе се учи.Тоа значи дека наставата насочена кон
стекнување животни вештини треба да се засновува на активни методи
и пристапи што овозможуваат децата да учат низ
искуство,практикувајќи ги овие вештини.Во таквото учење клучна е
улогата на наставникот-од него/неа зависи дали образованието за
животни вештини ќе се сведе на пренесување знаења за тоа како би
требало да се поставува во определени ситации или пак ќе опфати и
стекнување на вештини што ќе му овозможат на детето да постапува на
соодветен начин кога ќе се најде во конкретна ситуација.
Некои од темите кои се обработуваат во животните
вештини:Работилница V-2.2:Оштетувања во училницата11
Материјали:-прибор за пишување
Главна активност
Учениците се делат во парови.секој пар добива задача во следните
пет минути да открие што е можно повеќе оштетувања на инвентарот
во училницата и на училницата воопшто.Барем еден од парот бележи се
што ќе најдат.По истекот на петте минути,паровите се спојуваат во
групи по шест и прават една заедничка листа.Наставникот ги повикува
сите заедно да направат една заедничка листа на табла.
Дискусија
-Кои нешта се најоштетените во нашата училница?
-Какви се оштетувања имаме?(кршења,чкртања,виткања...)
-На што се должи тоа?Кој е одговорен за таквите оштетувања?
-Чија е училницата и на кого најмногу му треба и му користи?
-Како може секој од нас индивидуално да придонесе тоа да не се
случува во иднина?
-Што може да се направи доколку видиме дека некое дете чкрта по
клупата замислено,најверојатно и несвесно дека го прави тоа?
-А што кога ќе видиме дека некое дете или деца свесно и намерно
прават штета?
Завршна активност
11
Прирачник за образование за животни вештини од до одделение основно училиште,Биро за развој
на образование,2008,стр.302

19
Се дефинира одредена патека низ училницата која поминува помеѓу
клупи,столици и покрај шкафови и друг инвентар.Секое дете треба да
помине внимателно,при тоа внимавајќи да не се допре до ниту едно
нешто од инвентарот.
Заклучок Кај нас е многу ниска свеста за одговорност за "заедничките
добра".Важно е децата да стекнат увид дека доколку тие прават штета
во просторот во кој тие самите престојуваат,тоа директно себеси си го
прават.Важно е децата да се охрабруваат да реагираат кога гледаат дека
некој прави штета.

I-Тема:Јас-Личен развој12
Работилница:Од грешките се учи
Материјали:учебници
работен лист за наставникот:Каратистот Марко
работен лист за учениците:три продолженија на приказната за
каратистот Марко
Воведна активност:Кажете им на децата да земат еден учебник,да го
стават на главата и без да го држат со рацете најбрзо што можат да се
движат низ просторот,притоа внимавајќи да не им падне
учебникот.Побарајте од нив да запомнат колку пати им паднал
учебникот од глава и колку најмногу чекори успеале да направат без да
им падне.По неколку минути прекинте ја активноста и поразговарајте
со децата за нивните доживувања.
Дискусија
1.Колку пати ви падна учебникот?
2.Дали некој направи повеќе од 10 чекори без да му падне учебникот?
3.Како се чуствувате?
4.Што научивте дека треба да правите за да не ви паѓа учебникот?
5.Дали сакате повторно да пробате?
Воведна активност
Побарајте од децата повторно да ја изведат активноста,но овој пат
кажете им дека моѓат да го искористат она што го научиле во
предходниот пат.По неколку минути прекинте ја активноста и
повторно поразговарајте прашувајќи ги:
Дискусија: 1.Што беше разликата меѓу првиот и вториот пат?
2.Зошто е добро повторно да се проба?
3.Како се чуствувате сега?
Главна активност
12
Прирачник за образование за животни вештини од Iдо III одделение основно училиште,Биро за
развој на образование,2008,стр28

20
Децата седат во круг и наставничката им ја чита од работниот лист за
Каратистот Марко.Откако ќе ја прочитате приказната кажете им на
децата дека приказната се прекинува и дека ќе им понудите три
различни продолженија на приказната.Поделете ги децата во три групи
и дајте и на секоја група по еден работен лист Продолженија на
приказната.Откако ќе ги прочитаат,побарајте да поразговараат за
продолженијата и да го одберат она продолжение што мислат дека е
најдобро за Марко.Потоа треба да изберат по едно известувач од секоја
група која ќе го презентира изборот на групата и ќе објасни зошто
групата смета дека тоа е надобро.
Работен лист за наставникот:Каратистот Марко Марко е мочето што е
вљубено во каратето.Тој тренира карате и постојано низ дома ги
повторува движењата.Повеќе вежба со рацете
Работен лист за наставникот:Каратистот Марко Марко е момче што е
вљубен во каратето.Тој тренира карате и постојано низ дома ги
повторува движењата.Повеќе вежба со рацете,нозете малку го мрзи да
гу мести во правилна положба.Мечтае да стане светски првак.Оваа
недела по прв пат ќе учествува на натпревар и многу е возбуден поради
тоа.Посакува да освои златен медал и да биде подобар од својот Дамјан
кој исто така ќе учествува.Марко малку е излезен од " форма" деновиве
затоа што е болен и не тренира редовно,но сепак си мисли дека ќе
победи.Дојде и денот на натпреварот.Се му беше ново и
непознато.Вежбаше прв и многу концентрирано и сигурно ја изведе
вежбата и го победи првиот противник. " Супер" си рече. " Ова не било
тешко сигурно ќе победам. " Го победи и вториот противник,но веќе
почна да се уморува,нозете почнаа да го подзаболуваат и не можеше
правилно да се мести.Кога се натпреваруваше со третиот противник
направи неколку грешки со нозете,но сепак победи.Во финалето веќе
нозете го болеја и изгуби.Освои второ место и сите му честитаа,но тој
беше многу разочаран и тажен.Со никого не сакаше да зборува,а
најмалку со Дамјан кој освои златен медал.
Работен лист за учениците:Три продолженија на приказната за
каратистот Марко
Продолжение 1
Марко веднаш си отиде дома,со никого не разговараше и долго
плачеше.Беше разочаран во себе и си мислеше дека не го " бива "
каратист.Потоа реши никогаш повеќе да не учествува на натпревари
затоа што му беше страв дека повторно ќе изгуби.Дури и реши да се
откаже од тренирањето карате воопшто.Не можеше да си прости за

21
направените грешки и мислеше дека ако се појави на тренинг,сите ќе
му се потсмеваат,а најмногу Дамјан.
Продолжение 2
Марко реши да не тагува и да не им покаже на другите дека му е
тешко.Почна да зборува дека не му било воопшто важно каков успех ќе
постигне и дека му досадило да се труди кога по трет пат требал да се
натпреварува и дека затоа грешел.Дури велеше дека ептен добро знае
карате и дека може секого да победи кога ќе посака,а денес баш и не му
се сакало да победува.Од толку многу зборување Марко почна и
самиот да си верува во тоа,па и си помисли дека нема потреба толку
често да тренира кога е толку добар.
Продолжение 3
Марко беше збунет од новото чувство кое го преплави.До сега не
знаеше за пораз,се му поаѓаше за рака и не правеше грешки.Секогаш
беше најдобар.Реши да поразговара за тоа со своите родители и со
другарите.Родителите му кажаа дека и тие иако се возрасни се случува
да направат грешки,понекогаш дури и во работа што многу им
значат,како што е воспитувањето на нивните деца.На Марко му беше
малку полесно кога слушна дека сите луѓе понекогаш грешат.Уште
еднаш во мислите се потсети на својата изведба за времето на
натпреварот.Сфато дека грешките што ги направи биле со нозете.За
среќа тие грешки можат да се поправат.Марко реши да продолжи да
оди на тренинзи и да вежба движења со нозете,а Дамјан да го замоли да
му покаже како најшравилно се прави тоа.Повторно посака да стене
светски првак,но сега знаеше и како да го направи тоа.

Работилница II-7.2:Напаѓачко однесување13


Материјали:
-работен лист за наставникот:Налутената Лиле
-работен лист за наставникот:Фудбал
-налепници или мали парчиња хартија и селотејп.
Воведна активност
Учениците се наредени во круг.Почнува еден ученик кој на
соученикот десно од со изменет глас и со налутена фаца му вели:
"Комшија,комшија,многу ти се лутам што ми ги прегази цвеќињата,ама
ќе се воздржам овој пат. "Соученикот без да се насмее ќе треба да
одговори на следниот начин:Извини комшија,не ги видов,ќе ти донесам
нови".Ако се насмее,првиот ученик продолжува понатаму со следниот
13
Прирачник за образование за животни вештини од до одделение основно училиште,Биро за развој
на образование,2008,стр 130

22
ученик кој е на ред.Активноста тече се додека не поминат сите
ученици.
Главна активност 1
Наставничката на учениците им го чита текстот од работниот лист
"Налутената Лиле".Потоа поведува дискусија во врска со опишаната
ситуација.

6.Развивање на заедништво,взаемност,меѓусебно
разбирање и кооперативност

Современото училиште треба да реализира програма за воспитно


делување,со која што ќе претставува своевиден приоритет на
училиштето.Во програмата посебно внимание треба да се посвети на
следниве аспекти.
Педагогијата на заедништвото добива се поголемо значење во
хуманистички ориентираниот курикулум.14Педагогијата на заедништво
ги развива на преден план механизмите на групен живот и работа,во
кои спаѓаат: солидарност,взаемност, љубов кон другиот,меѓусебно
почитување и разбирање, емпатија, толеранција,другарство и сл.
Првиот чекор во оваа насока е љубовта,како неопходна темелна
вредност,која го движи човекот кон создавање и остварување поголеми
цели и задачи.Во овој контекст,ќе се потсетиме на зборовите на
нобеловата Мајка Тереза,која многу пати истакнувала:,,Во светот е
поголема потреба за љубов,околку за леб”.15Оваа нејзина мисла јасно
говори дека иако потребата за леб е незаменлива и примарна,потребата
за љубов е исто така длабоко вкоренета во личноста на човекот и
неминовно треба да се посвети поголемо внимание,отколку што се
мисли.
Во контекст на погоре изнесеното говори и содржината на еден
постер кој осамнал во многу италјански градови пред неколку
години.На плакатот било прикажано моче во клошарска
облека,потпрено на ѕид и со отсутен поглед 16.Момчето носело плакат
на кој пишувало:„Гладен сум”.На друг постер бил прикажан човек кој

14
Современи тенденции во образованието,книга-3,IV Меѓународен научен собир,Охрид,Јуни
2008,стр24
15
Исто како предходното,стр25
16
Исто како предходното,стр25

23
се запира и му остава паричка на момчето.Пота,момчето го прикажува
целосниот натпис на плакатот. „Гладен сум за разбирање и љубов”.
Портретите носат јасна порака,а тоа е се поголема потреба за
љубов и разбирање,кои се издигаат на ниво на егзистенцијален
проблем.
Можеме да изведеме заклучок дека како основна задача на
основното училиште,а пред се на наставникот е да развие кај учениците
дека без почитување и љубов кон другиот,нема ниту леб за себе,а исто
така ниту правда,демократија,ниту држава и заедница.
Најчесто взаемна помош се јавува како последица на емпатичното
однесување во моменти на споделување на негативни чувства со
другиот и потребата да се помогне.
Потребно е наставникот да ја познава и да ја следи структурата на
моменталните емоции на своите ученици и да стимулира помош кон
одредени ученици на кои им е потребна од страна на другите кои
немаат такви проблеми.Да им помага во учењето,во решавање на
одделни задачи и проблеми,во моменти на одредена емоцијална
состојба.Наставникот така ќе ја поттикне социјализацијата во
одделението и воспитно ќе се влијае во создавањето позитивни
емоционални особини кај учениците.
Основната вредност на која се темели интерактивното учење е
кооперативност.Преку кооперативноста се развива одговорност,но и
чувство на взаемна зависност и меѓусебна соработка на членовите во
групата.Учениците треба да се стимулираат во групна и тандемска
работа,која ќе ги поттикне процесите на взаемно и активно
дејствување,одговорност кон членовите на групата и кон тоа што го
работат.
Наставникот на овој начин ќе создаде услови за позитивна
социјална интеракција помеѓу учениците,а со тоа и резултатите од
заедничката работа ќе бидат подобри.

6.1Развивање на културни навики и потреби

Културните навики и потреби најдобро се развиваат преку посетување


на културни манифестации,концерти,опери,театри,изложби и др.
Навики и потреби за посетување на културни манифестации се градат
од мали нозе.На нашите ученици им недостига културни навики кои се
стекнуваат со посета на погоре споменатите културни манифестации.

24
Училиштето денес треба да работи на овој план многу повеѓе отколку
порано. Во рамките на предметот мајчин јазик треба да биде
задолжителна активност еднаш месечно посета на културни
манифестации,не е доволно учениците еднаш во годината да се однесат
на театарска представа,.Истото треба да се практикува и по предметите
ликовно и музичко образование.Посетите на изложби и музички
сценски дела,како што се операта треба да биде задолжително за секој
ученик.Училиштето треба да изнаоѓа средства за бесплатно посетување
на културните збиднувања,тие да бидат помасовно посетени.
Учениците пред секоја посета на културен настан, треба да добијат
задачи што треба да следат и тоа да го набележат веднаш по
завршувањето на претставата,заедно со впечатоците.На тој начин ќе
бидат мотивирани да ги следат претставите до крај и со внимание.
Запознавање и превентивно делување со современите пороци на
денешницата со цел унапредување на физичкото и менталното здравје
на учениците.Училиштата сметаат дека успешно реализирале програма
доколку поканат еднаш годишно лекар или службено лице од полиција
кое ќе им го објасни штетното влијание на пушењето и алкохоот,како и
разорното дејство на дрогата врз младиот детски организам.Но тоа не е
доволно.Училиштето секојдневно треба да работи на тоа поле,бидејќи
процесите на современата цивилизација заземаат се поголем замав и го
собираат својот данок секојдневно,меѓу младите луѓе,уништувајќи ги
нивните животи.Таа секојдневност подразбира мноштво на разновидни
активности во кои треба активно да бидат вклучени и
учениците.Неминовно училиштето треба да делува превентивно преку
разновидни содржини и разновидни форми,со цел да се развива
правилната свест за сите штетни зла и пороци на модерното време.

6.2Примена на стратегии,вештини и техники за


ефикасно менаџирање со проблемите во
училиштето

Проблематичното однесување на учениците во училиштето,а пред се


за време на часовите станува се поголем и се поактуелен
проблем.Посебно чести се појавите на агресивност и насилно
однесување,задоцнување и бегање од часовите,како и непочитување на
наставниците.За таа цел,неминовни се користење на современи

25
стратегии,модели и техники кои ќе помогнт учениците да се однесуваат
поодговорно и подисциплинирано.
Современата педагошка мисла постојано трага по нови
модели,техники и стратегии со кои наставникот ќе може да го
менаџира одделението.Така,во овој контекст познати се:17
-Кантеров модел преку кој точно се одредува кое однесување на
ученикот е пожелно,а кое не.Тука доаѓа до израз надворешната конрола
манифестирана преку награди и казни.
-Гласеровиот модел(или реалитетната терапија)кој настојува да се
создаде внатрешна контрола и дисциплина без присила.
-Кооперативниот модел опфаќа стратегија на превенција,интервенци-
ја и подршка.
-Реституција како современа техника овозможува поправање на
грешката со вложивање на сопствен труд.Реституцијата води кон само
дисциплина.

6.3Интензивирање на соработката меѓу родителите


и училиштето

Фактор за успешно воспитно делување е ефективна комуникација меѓу


наставникот и родителите.Интензивирањето на соработката меѓу
семејството и училиштето позитивно влијае врз постигнување на
целите во врска со детето,а тоа пред се неговиот развој.Кога детето
гледа дека неговите родители се вклучени во работата на
училиштето,се зголемува и чувството на неговото значење.Од друга
страна,пак,се создаваат услови за создавање на трајни и продуктивни
врски.Децата воочуваат дека возрасните личности кои се важни во
нивниот живот се грижат за нив,постапувањето кон родителот од
страна на наставникот како активнен партнер во воспитно-образовниот
процес претставува мотивација за успешно извршување на
активностите во врска со децата и на двете страни:училиштето и
семејството.18

17
Исто како предходното,стр27
18
Исто како предходното,стр28

26
Искуствата покажуваат дека и најтешките проблеми полесно се
решаваат кога соработката меѓу наставниците и родителите добро
функционира.Кога родителите на учениците учествуваат во работата на
училиштето тие остваруваат позитивна врска меѓу семејството и
училиштето.Учеството не смее да биде само формално или пак само
преку донации и спонзорства околу некоја финансиска подршка во
училиштето,туку пред се на суштинското партиципирање кое пред се
ќе ја зацврсти комуникацијата и соработката меѓу родителите и
училиштето,од кое корист ќе имаат двете страни,а најмногу се разбира
учениците.

7.Заклучок

Неминовно е да се следат потребите на младите,за да се излезе во


пресрет на нивните барања.Училиштето треба генерално да ја
редефинира својата улога во воспитен поглед или поконкретно,на
воспитен план.Проблематичното однесување на учениците во
училиштето,а пред се за време на часовите станува се поголем и се
поактуелен проблем.Посебно чести се појавите на агресивност и
насилно однесување,задоцнување и бегање од часовите,како и
непочитување на наставниците.За таа цел,потребно е користење на
современи стратегии,модели и техники кои ќе помогнт учениците да се
однесуваат поодговорно и подисциплинирано.
Секоја година сите училишта изготвуваат воспитна програма со цел да
се намалат насилствата во училиштата.Но не е доволно само нешто
формално да се испланира,туку најважна е самата реализација,односно
остварувањата на програмата за воспитно делвање.
Реализацијата на содржините преку форми од типот:предавања и
реферати кои се уште многу наши училишта ги практикуваат,треба да
се напушта,бидејќи многу често учениците тоа што го слушаат преку

27
разгласните страници во училилниците,не го разбираат доволно или
пак ако не е придружено со разговор околу темата,истото останува
само пасивно восприемање на нештата,без емоционално доживување и
без можност да стане дел од нивното однесување.Од корен треба да се
менува начинот на кој се реализираат содржините како дел од
Годишната програма за воспитна функција.Притоа за успешна
реализација,треба успешна подготовка на наставникот,како на другите
субјекти во училиштето,а пред се на педагошко-психолошката служба.

Користена литература:

-Георгиевски,П.Друштвени контекст кризе и облици


сколског насиља,во зборникот Омладина Балкана измеѓу
насиња и образовање,Универзитет во Ниш,Филозофски
факултет,2007
-Попова-Коскарова,Р,(2008),Стратегии,модели и техники
за успешно менаџирање со одделението или класот,Скопје
- Попова-Коскарова,Р(2007) Образованието за мир во
функција на разрешување на насилството во
училиштата,во зборникот Омладина Балкана измеѓу
насилија и културе мира,Универзитет во
Ниш,Филозофски факултет,Ниш
-Попова-Коскарова,Р,(2008),Приоритети на современото
училиште од воспитен аспект,во зборникот од Научниот
симпозиум-Современи тенденции во предучилишното и
основното образование,Педагошки факултет,Скопје

28
-Попова-Коскарова,Р,(2006),Методика на воспитна
работа(интерна скрипта на предавања за студенти од
Педагошкиот факултет-Скопје
-Годишна програма за воспитно делување,ОУ„ Дане
Крапчев”,Скопје,2008
- -Милосављевич,Љ.Системи вредности и васпитање
младих (2007),Омладина Балкана измеѓу насиља и културе
мира,Универзитет во Ниш,Филозофски факултет,Ниш
-Прирачник за образование за животни вештини-од
IVдоVI одделение-основно училиште Биро за развој на
образование,2009

29

You might also like