Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Висока стручна школа

„Бизнис академија Смилевски – БАС“ - Скопје

- Прв циклус на студии - Оперативен менаџмент -

Проектен извештај
Apple Cider – природен напиток на
Македонската Крикет Федерација

- Вовед во бизнисот -

Ментор: Изработил:
Доц. д-р Маја Кочоска
Досие бр.

Скопје, Октомври 2013


2

СОДРЖИНА:

ВОВЕД.......................................................................................................................................3

1. ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ........................................................................4

2. СОГЛЕДУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ................................................................................5

3. МОЖНИ РЕШЕНИЈА.....................................................................................................6

4. ЗАКЛУЧОК....................................................................................................................7
3

Вовед

Спортот во денешни услови претставува подеднакво голем предизвик како и


водењето на сопствен бизнис. Согласно законските прописи кои ги дефинира
Агенцијата за млади и спорт, еден спортски клуб може да добие решение да се бави со
избраниот спорт доколку исполнува неколку услови:
- Регистрација во Централниот Регистар на Р. Македонија како здружение;
- Договор за ангажирање на тренер со диплома од Факултетот за физичка
култура;
- Доказ за поседување на простор каде ќе се одвиваат тренинзите;
- Доказ за поседување на опрема која ќе се користи при тренинзите;
За организирање на систем на натпревари, клубовите се здружуваат во Национални
Спортски Федерации, каде минимумот е постоење на три спортски клуба. Ова е патот
по кој ќе се формира и Македонската Крикет Федерација, со главна цел развој и
популаризација на крикетот како спорт во нашата држава.

Основниот проблем со кој секој клуб или федерација се сретнува во своето


постоење е спонзорството, начин на кој се прибираат средства или услуги од трети
лица или компании за остварување на своите проектирани цели. За возврат, клубовите
и федерациите треба соодветно да се однесуваат кон брендот кој ги спонзорира,
негово застапување на сите нивни настани, како и конзумација на брендираните
производи кои им се дадени на располагање. Не секогаш клубовите и нивните членови
се доволно едуцирани да можат да ги разберат целите на маркетинг стратегиите на
нивните потенцијални спонзори. Истите недоволно ја разбираат потребата да остварат
придобивки за спонзорите со цел промоција на нивното име или продукти. Клубовите
како најчеста форма ја користат промоцијата на спонзорот со поставување на неговото
име и лого на спортската облека (дресови) како и на игралиштата каде се одвиваат
натпреварите. Но еден спортски настан или тренинг не може да помине без
консумација на храна и течности, кој сепак претставува дополнителен приход за
клубовите и организаторите на натпреварите. Културата на однесување на спортските
натпревари сепак треба да е на високо ниво, и на решавање на овој проблем сите
засегнати страни треба да се посветат максимално.

Во овој проектен извештај ќе се осврнам на идеата на креирање и презентација


на сопствен бренд на Македонската Крикет Федерација, т.е производство,
дистрибуција и презентација на сопствен природен напиток, носител на брендот. Ќе се
осврнам на бизнис моделот кој мислам дека треба да се примени, ќе направам SWOT
анализа, начинот на продукција и промоција на производот пред членовите на
4

клубовите и Федерацијата, како и кон посетителите на настаните и натпреварите кои


ќе се организираат.

1. Идентификување на проблемот

Основата на проблемот е во недоволно либералниот закон за спонзорства и донации,


со цел спречување на формирање на систем за перење на пари. Од друга страна,
потенцијалните спонзори не се задоволни од нивото на придобивки кои би ги добиле
поради малата посетеност на спортските натпревари (со исклучок на кошарката и
ракометот) и видливоста на нивниот бренд и лого. Многу често, клубовите не се
движат во правец на професионализам, туку остануваат на ниво на рекреација со
многу честа флуктуација на членови и играчи – спортисти. Секое бавење со спорт бара
физички напор и при тоа се губи голема количина на течности и истата треба да се
надополни со внесување на нова.

1.1 Во здраво тело здрав дух

Иако сме мал пазар, секоја компанија се труди со сите расположиви средства да ја
зголеми својата видливост на пазарот, да ја пронајде целната група за продажба на
своите производи и да се вклучи поактивно во спроведување на стратегијата за
општествена одговорност. Спортот и неговата поддршка се една од можностите.
Кога е веќе евидентно дека во спортот слабо ни оди како држава, дека младинците
се повеќе се покрај своите компјутери и ги избегнуваат часовите по физичка
култура (или истите се толку досадни без натпреварувачки предизвик), тоа се
одразува и на маркетинг стратегиите на компаниите. Тие не ја гледаат својата
целна група на конзументи на ова поле, туку се ориентираат кон други сфери на
интерес. Бавењето со спорт на младинците е една од основните заложби на сите
институции и организации, чија основна цел е градење на здрави личности.
Спортските клубови, покрај училиштата, се директно засегнати за спроведување на
оваа активност.

1.2 Сакам пијалок

Секој спортски тренинг, без разлика каде и во какви услови се одвива, бара
одреден физички напор од спортистите. При тоа се губат значителни количини на
течност од организмот, и истата треба да се надополни. Најчесто, самите спортисти
со себе носат одредена количина на вода, сок или друга течност, со што во
термините на одмор со нејзино кунзумирање ја надополнуваат изгубената.
Доколку спортските клубови имаат добри договори со производителите на вакви
напитоци, тогаш клубовите можат сами да ги обезбедаат овие количини на
напитоци за своите спортисти и членови. Проблемот е како спонзорите да го
извлечат максимумот од оваа состојба во промотивна смисла. Младинците
најчесто се идентификуваат со врвните спортисти и сакаат да ги конзумираат истите
5

работи кои што ги конзумираат тие. За таа цел, спонзорите најчесто ги ставаат
ликовите на познатите спортисти на промотивните материјали за своите
производи. Најевидентни се Pepsi и Sony Play Station.

1.3 Ние имаме свој пијалок

Најчесто, пијалоците кои се рекламираат преку спортските клубови, не котираат


како здрави пијалоци (газирани сокови, газирана минерална вода, пиво). Оттука
произлегува и основниот парадокс на ваквото рекламирање, спортисти
рекламираат и конзумираат не толку здрави пијалоци. Дали тогаш
националната спортска федерација, во кој и да е спорт, може самата да се
нафати да понуди свој пијалок, од преработка, преку дистрибуција и
презентација до своите спортисти, членови и симпатизери?

2. Согледувања за проблемот

Националните спортски федерации се формирани како здружение на спортски


клубови, кои исто така се здруженија на граѓани. Значи непрофитни организации, кои
за остварување на своите цели прибираат средства преку донации, спонзорства,
чланарини, и понекогаш добиваат средства како поддршка од Агенцијата за млади и
спорт. Да се отпочне со производство и дистрибуција на сопствен природен напиток,
потребни не неколку предуслови.

2.1 Бизнисот постои заради купувачите

За да се отпочне со производство на одреден продукт, потребни се ресурси –


фактори на производството. Тоа се земја, капитал, труд и претприемништво
(Смилевски, 2008). Овие ресурси спортската федерацијата треба да ги обезбеди.
Бидејќи истата располага со голем број на членови со нивните семејства, голем
број на спортисти со нивните семејства, нивни симпатизери, другари и
поддржувачи, целната група како потенцијални купувачи и кунзументи е
определена. Првиот фактор – земјата, националните федерации треба да
поседуваат сопствен простор – игралиште каде ќе може да се смести и
производствениот мини погон. Капиталот - треба да се обезбеди преку разни
донации од членовите, спонзорства и чланарини од спортистите. Трудот - или
работната рака треба да се обезбеди ако сите членови и спортисти активно се
вклучат во производствениот процес. Претприемништво – зависи од
раководствот на федерацијата и од потенцијалните интрапретприемачи кои се
помеѓу спортистите или членовите.

2.2 Идентификација на можноста

Идентификацијата и оценката на можноста е најтешка задача. Се реализира


преку истражување на пазарот, директно согледување на потребите на
потенцијалните потрошувачи, со планирање, осмислување, проектирање, може
6

да резултира со нова креација на продуктот или нов зафат. Можноста е


постојано менлива цел, така што таа егзистира во одредена временска
димензија (Смилевски, 2008).
Оценката е најкритичниот елемент на претприемничкиот процес, бидејќи тука
претприемачот се определува и одлучува дали ќе може да го оствари
производот или услугата, дали да обезбеди средства и дали му се достапни
изворите за нивната реализација. Сето тоа, бара вештини, напор и талент на
претприемачот и преземање на ризикот, со верување дека можноста е толкава
и таква што се исплатуваат жртвите што тој ќе ги поднесе, а заради
постигнување на очекуваниот резултат.

2.3 Дистрибуција на производот

Една од главните операции од кои зависи успешната реализација на


производот, е неговата дистрибуција на пазарот. Тоа е севкупност од дејности
со цел реално придвижување на производот од производителот до
потрошувачот.

3. Можни решенија

3.1 Купувачи

Основни купувачи на природниот напиток Apple Cider на Македонската Крикет


Федерација сите нејзини членови и спортисти. За истиот исклучиво би плаќале
преку месечните чланарини, со систем на бесконтактни картички. Во својата
чланарина би имале одредена количина на пијалоци која може да ја
конзумираат или да ја земат за своите пријатели и роднини. Истото ќе важи и за
посетителите на спортски настани во организација на МКФ.

3.2 Можност

Македонија е добро поднебје за производство на јаболка. Ресенскиот и


тетовскио регион изобилуваат со голем број овошни насади. Производството на
apple cider се одвива во домашни услови, каде сите членови и спортисти
учествуваат во миењето и чистењето на јаболката, нивното мелење, ставање
под преса и цедење на природниот сок. Истиот се собира во пластични
канистри кои се чуваат на ниска температура да не дојде до форментација. На
овој начин сокот може да се користи во било кое време од годината и да се
полни во амбалажа по желба, во зависност од намената.

3.3 Дистрибуција

Во првите неколку години од производството на apple cider, не е планирана


дистрибуција на напитокот на слободниот пазар, освен за спортистите и
членовите на МКФ. Истиот ќе биде достапен и промовиран на сите спортски
настани во организација на МКФ. Пијалокот и неговото име и лого ќе бидат
7

заштитен знак на МКФ и нејзините членови, и во секоја прилика ќе се истакнува


придонесот на сите спортисти и членови во неговото производство, како и
неговиот квалитет потребен за правилен развој на младинците.

4. Заклучок

Идеjата за производство и промоција на сопствен природен пријалок од јаболко –


cider е превземена од западните земји каде оваа традиција трае повеќе од 200 години.
За целиот процес да биде во организација на Македонската Крикет Федерација (МКФ),
потребно е исполнување на неколку услови. По формирањето на МКФ, истата треба да
аплицира за земјиште на кое ќе го изгради единственото игралиште за крикет во РМ.
На тоа игралиште треба да се осмислат објектите кои покрај основната функција, ќе
можат да се користат во процесот на производство на пијалокот.

Основните репроматеријали – јаболка, ќе се земаат по претходен договор со


производителите (Ресен или Тетово), по загарантирана откупна цена. Истата ќе се
транспортира до игралиштето каде ќе се подготви за производство. Во производството
ќе учествуваат како работна сила сите спортисти и членови, со што ќе се намалат
трошоците за ангажирање на работници. Опремата за производство ќе треба да се
набави од донации на членовите или спонзорство од некоја компанија/и.

Дистрибуцијата на пијалокот треба да определи во каква амбалажа ќе се пакува, каде


ќе се конзумира. Потребно е да се креира име (бренд) за пијалокот и тој да стане
составен дел од маркетинг стратегијата на МКФ. При секој промоција треба да се
истакнува делот на општествена одговорност кој го практикува МКФ и нејзините
членови.

Користена литература:

Смилевски Ц., Соклевски Т., Андреев И., Стефковски В. (2008): Вовед во


бизнисот,Скопје: Бизнис Академија Смилевски БАС

You might also like