Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ТРОЈЦА ДРУГАРИ

Оваа сказна се роди во еден лифт, излезе на улица и стана голема кога стаса
до училиштето.
Орхан се качил на деветтиот, Славко на седмиот а Агим на четвртиот кат со
лифтот. Секој од нив зборуваше на друг на јазик.
Но секое од трите деца имаше слична насмевка.
На улицата ја сретнаа мечката која играше во придружба на дајрето на стариот
Циганин.
И Орхан, и Славко и Агим се насмеаја. Така е тоа.
Кога децата се смеат, тие се смеат на ист начин.
Секое од нив влезе во своето одделение. За време на одморот се сретнаа
повторно. На едно од ќошињата во училишниот двор меѓу себе си ја поделија
ужината. Децата навистина можат да разговараат на друг јазик, но нивната љубов е
без разлика. Така е тоа.
Кога децата љубат, тие љубат на ист начин.
Кога го напуштија училиштето, на улица забележаа како едно од поголемите
деца на опашката на едно маче врзуваше конзерва. Мачето болно мјаукаше.
- Батко, зошто го правиш тоа - рече Орхан.
Детето толку силно го удри Орхан што овој одвај се задржа за да не падне
наземи. Не падна, но и тој болно заофка. И Славко и Агим заплакаа со него. Така е
тоа.
Кога децата плачат, тие плачат на ист начин.
Оваа сказна им ја посветувам на насмевката, љубовта и плачот.

You might also like