Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Отпорник 

(англиски: resistor) – пасивна електрична компонента со два изводи


(еден пристап) која ѝ дава отпор на струјата, притоа создавајќи пад
на напонот меѓу приклучоците. Давањето отпор на струјата како основна особина
на отпорникот се опишува со се електричниот отпор. Спрема Омовиот
закон електричниот отпор е еднаков на падот на напонот на отпорникот поделен со
јачината на струјата која протекува низ отпорникот. Со други зборови, отпорот е
константа на односот меѓу напонот и струјата на отпорникот. Отпорникот се
користи како елемент на електричните мрежи и електронските уреди.
Фиксните отпорници имаат отпорност која незначително се менува со
температурата, времето или работниот напон. Променливите отпорници може да
се користат за дотерување на елементите на колата (како што е контрола на
јачината на звукот или намалување на светлината на светилка), или како сетилни
(сензорни) уреди за топлина, светлина, влажност, сила или хемиска активност.
Отпорниците се вообичаени елементи на електрични и електронски кола и се
сеприсутни во електронската опрема. Во пракса отпорниците како дискретни
компоненти може да бидат направени од различни материјали и да имаат
различни облици. Отпорниците исто така се составен дел на интегрираните кола.
Електричната функција на отпорниците е специфицирана со неговиот отпор –
вообичаено отпорниците во продажба се произведуваат во опсег од повеќе од
девет редови на големина. Номиналната вредност на отпорниците е во рамките на
производната толеранција означена на компонентата.

You might also like