Professional Documents
Culture Documents
ИСТАНБУЛ 3 Ноќи Со Avion
ИСТАНБУЛ 3 Ноќи Со Avion
Истанбул, единствениот град на два континенти! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги
отвора портите кон непроценлива убавина и историја, град на спротивности и на извонредни традиционални
вредности.
Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е
најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од неофицијално над 20
милиони жители.
Прв ден -
Состанок на групата на аеродром во Скопје во ___ часот и полетување за Истанбул во ___часот. Слетување во
_____ часот по локално време. Трансфер до хотел со панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија,
Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас, каде Агата Кристи
го напишала светски познатиот роман Ориент eкспрес, плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата
кулата, Египетскиот пазар... Сместување хотел и слободно време за краток одмор. Во попладневните часови,
препорачуваме индивидуална посета на Капали Чаршија, затворен трговски пазар со сплет од околу 60 улици
и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Ноќевање.
Втор ден -
Појадок. По појадокот, разглед на стариод дел на Истанбул Султанахмет: Хиподромот, Сината Џамија позната
по 6-те минариња, посета на Аја Софија, изградена во времето на владеењето на царот Јустинијан како
најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија а денес служи и како верски објект, отворена е за
посетители. Разгледот продолжува со посета на палатата Топкапи, палата која ги чува приказните за
огромното богатство на султаните, од три страни опколена со море. По завршување на разгледот, враќање во
хотел или можност за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Трет ден -
Појадок. Факултативна можност за крстарење со брод по Босфор и панорамски разглед на раскошните палати
и посета на палатата Долма Бахче Сарај, последната резиденција на Отоманскиот султан со музејска збирка со
непроценлива вредност. Во вечерните часови, факултативна вечера со незаборавно доживување со
уметничка програма на ориентални танци со мени од прочуената турската кујна. Ноќевање.
Четврт ден –
Појадок. Посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа, од каде се пружа прекрасна
глетка кон градот, како и можност преку четиридимензионална симулација да се надлета небото над
Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Моминската Кула... Слободно
време за шопинг. Трансфер до аеродромот во Истанбул. Авионот за Скопје полетува во ____ часот
(локално време). Пристигнување во Скопје во _____ часот.