Сите партии сакаат независните кандидати да ги стават под своја контрола, ако овие
официјално побараат партиска поддршка. Затоа ги промовираат гламурозно за свои
кандидати на конгреси или партиски конвенции, сакајќи да и стават до знаење на јавноста дека станува збор за нивен кандидат, без оглед што кандидатот собрал и потребен број потписи од граѓаните.