Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

ПОТПАЃАЊЕ НА БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ ПОД ОСМАНЛИСКА ВЛАСТ

Кон средината на XIV век Османлиите од Мала Азија преминале на Балканот и започнале со
освојување на балканските територии.Балканските земји биле значително ослабени од меѓусе-
бните војувања.Користејќи ја неслогата на балканските владетели Османлиите релативно лесно ги
освоиле балканските простори.
Србија
По смртта на царот Душан во 1355 год.српското царство започнало брзо да слабее и за кусо време
се распаднало на голем број самостојни владеења.Нивните владетели само формално ја
признавале власта на царот Урош,синот на Душан,и постојано војувале меѓусебе за заграбување
на подобри територии и за проширување на своите владеења.Меѓу српските феудалци особено се
издигнал кнезот Лазар Хребељановиќ.Тој владеел со цело Поморавје,северозападниот дел на
Србија,до Дрина и Сава.На таа територија продолжиле традициите на српската феудална
држава.Во борбата со околните феудалци,кнез Лазар успеал да ја прошири својата територија и да
стане најсилен и највлијателен владетел во Србија. Тој ја увидел опасноста од Османлиите и
презел низа мерки да организира сојуз со српските феудалци.Нешто со преговори,нешто преку
роднински врски,тој придобил добар дел од српските феудалци за борба против
Османлиите.Додека кнез Лазар се подготвувал за решавачка битка,во меѓувреме и турскиот
султан Мурат I [1359-1389],засилено се подготвувал за голем и решителен поход против
Србија.Наскоро почнале освојувачките походи од страна на Османлиите против Србија.Во 1386
година,дошло и до првото поголемо судирање помеѓу српската и османлиската
војска.Предводени лично од Мурат I ,османските одреди го зазеле Ниш,но кај Плочник ги
пречекал кнезот Лазар и ги поразил.По две години,1388 година,османлиската војска претрпела
пораз и од босанската војска кај Билеќе.Меѓутоа,ова било само привремени неуспеси на
Османлиите кои не го попречиле нивното понатамошно продирање на Балканскиот
Полуостров.По овие први неуспеси,султанот Мурат I собрал голема војска дури и од Мала Азија и
војска од своите вазали,и заедно со своите синови Јакуп и Бајазит,тргнал против Србија и стигнал
до Косово Поле.Но,и кнезот Лазар известен дека султанот Мурат I се подготвува да го нападне,се
подготвувал за одбрана.Му се придружиле и војските на неговите зетови,босанскиот крал Твртко
и хрватскиот бан.Кнезот Лазар ги повикал сите феудални владетели да му помогнат.Од нив се
одзвале само Вук Бранковиќ и уште некои поситни феудалци.Но,сепак војската на кнез Лазар била
многу помала од турската.Двете непријателски војски се судриле на Косово Поле,на 15 јуни 1389
година.Во Косовската битка Србите во почетокот имале успех.Кај Османлиите настанала забуна
кога еден од српските феудалци Милош Обилиќ се пробил до шаторот на султанот Мурат I и го
убил.Но по кратко време Османлиите се средиле.Султанската власт ја презел Бајазит .Така,кнезот
Лазар бил заробен и веднаш погубен.Косовската битка завршила со пораз на Србите.Веднаш по
Косовската битка,Османлиите не ја освоиле Србија,која морала да ја признае турската врховна
власт.Така,жената на кнез Лазар,кнегиња Милица,а потоа и нејзиниот син Стефан Лазаревиќ
станале вазали на султанот,но при тоа ја задржале внатрешната самостојност.Стефан Лазаревиќ
[1389-1427] бил способен и образован човек.Тој вложувал напори да ја издигне својата власт и да
ја обнови земјата.Но,паралелно со тоа тој ги исполнувал своите вазални обврски кон султанот и со
војската учествувал во неговите походи.Најпрвин зел учество во османлискиот поход против
влашкиот војвода Мирче во 1395 година.Исто така,кога Османлиите биле нападнати од
Монголите на чело со Тимур,во битката кај Ангора,во 1402 година,на страната на Османлиите
учествувал и Стефан Лазаревиќ.Во оваа битка Османлиите биле поразени,а Бајазит заробен.По
Ангорската битка во Османлиската држава настанале династички борби околу престолот и општа
криза во државата,што му овозможило на Стефан Лазаревиќ да се ослободи од вазалниот однос
спрема султанот.На враќање од Мала Азија тој бил срдечно пречекан од византискиот цар[Мануил
II Палеолог] во Цариград,и од него ја добил титулата деспот-највисока до царската.Потоа ,Стефан
стапил во сојуз со унгарско-хрватскиот крал Сигизмунд,кој му ги отстапил регионот Мачва,
Белград,во кој Стефан Лазаревиќ ја преместил престолнината [1403],претворајќи го во свое
упориште и тврдината Голубец.По смртта на Балша III [владетелот на Зета] во 1421 година Стефан
ја приклучил кон Србија и Зета.Тој посветил внимание на обновување на стопанството.Во Србија
во негово време особено голем напредок постигнало рударството и трговијата. Економската
сигурност му овозможувала на деспотот Стефан да води посамостојна надворешна политика.По
смртта на Стефан,Србија се нашла во многу тешка положба.На власт дошол неговиот внук
деспотот Ѓураѓ Бранковиќ,кој со воени и дипломатски акции,успеал да се одржи помеѓу Унгарија и
Османлиската држава и да ја зачува самостојноста на српското деспотство.Унгарците го
признале,но тој морал  да го врати Белград на Кралството Унгарија, ја задржал Мачва,
Предавањето на градот Белград било услов унгарскиот крал да го признае Ѓураѓ Бранковиќ за
нов српски владетел додека пак,Османлиите му ги одзеле сите укрепени градови на југ.Тој бил
принуден да изгради нова престолнина – Смедерево,, и да признае двојно вазалство – спрема
унгарскиот крал и турскиот султан.Опасноста од османлиските освојувања се зголемила кога на
турскиот престол дошол Мехмед II Освојувачот.По освојувањето на Цариград во 1453
година,Османлиите конечно решиле да го стават под своја власт Српското Деспотство.Во 1456
година султанот Мехмед II ја нападнал Србија.Кон крајот на 1456 година умрел деспотот Ѓураѓ
Бранковиќ,а во Српското Деспотство дошло и до династички борби за престолот.Сето тоа
придонело,Османлиите во 1459 година да го освојат Смедерево и целото деспотство.Со тоа
конечно Србија потпаднала под османлиско ропство.
По покорувањето на Србија,Османлиите продолжиле со освојувачки походи,покорувајќи ги и
останатите балкански земји.Така во 1463 година ја освоиле Босна,во 1482 година и Херцеговина,а
во 1499 година ја зазеле и Црна Гора.

Бугарија
Во втората половина на XIV век бугарската држава продолжила да слабее и да опаѓа.Царот Иван
Александар Шишман [1331-1371],иако бил вешт политичар и дипломат,не успеал да го запре
слабеењето на државата.Во време на неговото владеење започнала инвазијата на Османлиите.
Кон средината на XIV век,бугарската држава била разделена на три дела,на Трновско Царство,со
кое управувал Иван Шишман, Видинско Царство,управувано од Иван Страцимир и Добруџанско
Деспотство,управувано од Добротица.За слабеењето на Бугарија особено придонеле нападите на
Османлиите,кои станувале се почести и поопасни.Прва на удар била Тракија,а Пловдив уште во
1363 година се наоѓал под османлиска власт.Нападите на Османлиите биле особено
интензивирани по Маричката битка,1371 година,кога била освоена Родопската област и северните
делови на Тракија.Во наредниот период биле освоени градовите Софија,Шумен,Силистра и
други,а царот Иван Шишман [1371-1393/5] ја признал врховната османска власт.Пролетта 1393
година,Османлиите со голема војска го нападнале и по кратка опсада го освоиле Трново и го
ликвидирале Трновското Царство.Во 1395 година било освоено и Добруџанското
Деспотство.Есента 1396 година,бил освоен и Видин и со тоа Бугарија целосно паднала под
османлиска власт.
Албанија
Кон крајот на XIV век Османлиите започнале да навлегуваат во Албанија.Албанските феудалци не
успеале да им дадат посериозен отпор на освојувачите.Во битката на Сауриско Поле,1385
година,Османлиите ја поразиле војската на Балша II,кој загинал во борбата и продреле длабоко во
Албанија.Османлиските продори особено се интензивирале во 20-тите години на XV век кога
најголем дел од албанските територии влегле во составот на Османската држава,а во 1430 година
бил формиран и посебен санџак Албанија.Османлиите успеале да придобијат еден дел од
албанските феудалци,оставајќи им ги имотите.Но,голем дел од феудалците ја напуштиле Албанија
заминале во Италија и во други европски земји.Османлиите освоиле повеќе албански
градови,како Кроја,Берат,Гирокастро и други,кои станале база за натамошните османлиски
освојувања на Балканот. Во периодот на султанот Мурат II [1421-1451] албанските феудалци ја
прифаќаат османлиската власт и почнува постепениот процес на исламизација на поголемиот дел
од албанското население.
Постепено била окупирана од Османлиите и Грција.На крајот на XIV век Османлиите се почесто го
преминувале Дунав и ја напаѓале Влашка.Во 1395 година,со желба да го казни влашкиот војвода
Мирчеа Стариот за помошта што му ја дал на српскиот кнез Лазар на Косово Поле,султанот Бајазит
ја нападнал Влашката држава.На 10 октомври 1395 година кај Ровине турските војски се судриле
со војските на Мирчеа Стариот.Османлиите биле поразени,а во битката кај Ровине загинале како
турски вазали,кралот Марко и Константин Дејанов.Сепак,Мирчеа Стариот на крајот бил принуден
да и плаќа данок на Османлиската држава.
Византија
Византија во XV век ги загубила речиси сите територии,кои биле освоени од Османлиите.Во
нејзини раце останал само Цариград со поблиската околина.Османлиите се обидувале повеќе
пати да го освојат Цариград,но сите нивни обиди завршувале без успех,бидејќи не можеле да ги
совладаат цврстите градски ѕидини.Султанот Мехмед II откако ја опремил војската со топови,по
речиси двомесечна опсада,на 29 мај 1453 година успеал да го освои Цариград.Со тоа,престанало
да постои Византиското Царство.Во одбраната на градот загинал и последниот византиски
император Константин XI Драгаш Палеолог.Четириилјадната византиска војска под команда на
царот Константин IX Драгаш [1449-1453],со почетокот на опсадата на Константинопол од 6 април
1453 година очајнички давала отпор.На 29 мај византискиот цар загинал од мечот на двајца
османлиски војници,а со тоа Византиската Империја паднала под власт на Османлиите.Градот
Константинопол,Османлиите го преименувале во Истанбул и станува главен град на Османлиската
Империја,а црквата Св.Софија е претворена во џамија.

You might also like