Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Социјални Мрежи

(Лошите Страни и како да се заштитиме)


Социјалните мрежи овозможуваат комуникација помеѓу
корисници и претставуваат една форма на дружење.
Поголемиот дел од корисниците на социјалните мрежи во
денешно време за жал ги злоупотребуваат. Од тон
вебсајтови за детски игри, википедии, книги и така
понатаму за жал има и лоши. Луѓето слободното време го
трошат на познатите социјалните мрежи Instagram,
Facebook, TikTok, Тиндер, Твитер и многу други. Лошите
работи на нив се :

Премногу информации – понекогаш и премногу


информации споделувате со непознати личности
(споделување адреса каде што живеете, вашиот број, емаил
и пасворд) може да доведе да бидете киднапирани, да
бидете сексуално искористени, убиени, и многу други.

Проблеми со приватноста – во последно време онлајн


приватноста е сè поголем проблем. Крадењето на податоци
е честа појава, особено ако корисниците јавно ги постираат
насекаде.

Одвлекување на внимание и одложување – социјалните


мрежи умеат да ни го одвлечат вниманието и со тоа да ги
пролонгираме обврските коишто треба да се завршат.

Социјален притисок – особено младите чувствуваат дека не


се доволно добри како некои други кои со своите
фотографии и разни објави промовираат луксузен начин на
живот. Добивате многу лоши коментари (пораки) кои ви се
смеат за тоа вие што го правите и оттука се јавува социјален
притисок којшто може да има низа негативни исходи и
може да доведе до самоубивање.

Замена на комуникацијата во живо со онлајн разговори


– комуникацијата во живо денес е честопати заменета со
дигиталната. Забораваме на личноста до нас и упорно се
обидуваме да комуницираме онлајн на овој или оној начин.

Премногу користење – ако вашето слободно време го


поминувате на социјалните мрежи и седите околу 6 часа
дневно тоа може да го расипе вашето здравје, вид и многу
други работи.

Секако ние можеме да се заштитиме така што:


-Внимателно избери информации кои ќе ги споделиш на
твојот профил.
-Ќе побараме помош од повозрасни лица.
-Лозинките секогаш држи ги во тајност. -
Слики праќај само на лица на кои им веруваш.
-Научи како да блокираш пораки од непознати луѓе.
-Игнорирај непознати луѓе кои сакаат да остварат
комуникација со тебе.
-Не прифаќај состаноци со непознати, а доколку прифатиш
состанок извести ги родителите.
-Ако ништо не работиш на Интернет, исклучи се.
-Преку веб камера комуницирај само со познати лица.

You might also like