Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 19

SeУниверзитет „Св.

Кирил и Методиј“ –
Скопје
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски„

Семинарска работа
По предметот
Филозофија
Тема
Патот по кој поретко се оди

Ментор: Изработил:
Светлана Камџијаш Андријана Савовска
Број на индекс: 12539
Предучилишно воспитание

Скопје ,2020
Вовед

Во книгата „Патот по кој поретко се оди“ авторот Скот Пек го опишува патот до растот
на духот. Тој тоа го опишува разговарајки со многу пациенти кои отишле кај него на
психотерапија. Овој пат ни малку не е лесен и ретко кој го избира.Животот е пропратен со
многу проблеми и страдања кои се случуваат за наше добро, за наш духовен и ментален раст.
Но сите ние повеќе или помалку бегаме од страдањата сто ни ги носат проблемите. Тоа
бегство е основа за многу ментални болести кои сите ние помалку или повеќе ги имаме.
Поради нив нашиот раст запира, стагнира. Многумина се откажуваат кој поради стравот, кој
поради не откажувањето од зоната на комфорот, некој поради мрзеливост и уште од многу
други причини, не го избираат патот до растот на духот или раст на свеста. Не постојата
рдноставни и лесни одговори за луѓето кои тргнале по патот на духовното созревање.
Човештвото е среде голем еволуциски скок. Се зависи од нас. Универзумот е тука да ни го
подготви патот, но ние самите мора да зачекориме по него. Потребно е во себе да вградиме
систем за постигнување на духовно и ментално здравје. Овој процес не е едноставен, тој трае
цел живот. Според авторот овој сложен процес зависи од четири фактори: дисциплината,
љубовта, религијата и милоста.

2
ДИСЦИПЛИНА

Животот е тежок, тоа е една голема вистина. Кога ке го сфатиме тоа дури тогаш може
да престане да биде толку тежок. Животот претставува низа проблеми. Дали ќе прифатиме да
ги решаваме нашите проблеми или не тоа е до самите нас. Главно орудие за решавање на
проблемите е дисциплината. Без дисциплина не може да решиме ниеден проблем, со
одредена мера можеме до некаде да ги решиме, а со тотална дисциплина можеме да ги
решиме сите проблеми. Проблемите ни предизвикуваат различни чувства како: болка , тага,
осаменост, очај што не се многу пријатни. Бидејќи животот претставува пред нас бескрајна
низа проблеми, тој е секогаш тежок, исполнет со болка но и со радости. Сепак животот добива
смисла соочувајќи се со проблемите и со нивното решавање. Проблемите ги поттикнуват
храброста и мудроста. Решавајќи ги проблемите ние зрееме духовно и ментално. Повеќето од
нас стравувајќи да се соочат со проблемите, се трудат на некој начин да ги избегнат.
Одложуваат со надеж дека тие сами ќе исчезнат. Тенденцијата на избегнување на проблемите
и емотивното страдање што го носат тие е основа на менталната болест.
Ние треба да се научиме на потребата од страдање како и за нужноста од соочувањето
со проблемите. Кога се учиме на болка и страсање се учиме на дисциплина како да созрееме.
Има четири техники на страдање т.е средства за конструктивно доживување на
болката: одлагање на задоволувањето, прифаќање на одговорност, посветеност на вистината и
балансирање.

Одлагање на задоволувањето

Одлагањето на задоволството е процес на планирање на страдањето и задоволството


во животот, тако што прво се соочуваме со непријатноста, за да ја совладаме што поскоро и
така да го зголемиме задоволството. Тука авторот го навел примерот со финансиската

3
службеничка која неколку месеци ја одолжувала работата.Таа најпрвин ја завршувала лесната
работа, а потоа шест часа се измачувала со тешката работа. Авторот ја прашал што повеќе сака
дали колачето или преливот што е на самото колаче. Таа одговорила дека преливот и секогаш
прво него го јаде. Тука бил проблемот како што јаде така таа ја извршувала и својата работа.
Но, бидејќи била со силна волја решила да ги смени работите подобро првите два часа да ја
заврши потешката работа а потоа остатокот од работното време да ја врши полесната. Ова
одлагање на задовоството ние го учиме од мали нозе, кога играчката му ја даваме на нашето
другарче прво тоа да поигра, а додека ние чекаме ни се зголемува задовоството знаејќи дека
после ќе ни ја даде нам. Оваа способност продолжува во основното, па во средното
образование кога децата прво ќе си ја напишат домашната задача, а потоа остатокот од денот
може да го поминат како сакаат, гледајќи телевизија, играјќи си и сл. Додека оние кои што не
ја научиле оваа дисциплина најчесто стануваат деликвенти и често завршуваат во затвор.
Нивното мото е уживај сега, плаќај после. Кај некои може да се научи преку терапии но кај
некои е многу доцна и не помага ништо. Дали ке се развие дисциплината на одлагање на
задоволството или не зависи од многу фактори, но како главен се покажало квалитетот на
родителското влијание. Кај овие недисциплинирани деца не може да се каже дека имало
дисциплина кај нивните родители, тие најчесто се сурово казнувани во текот на својата
младост, тепани се и клоцани за најмала палавост. Не може да биде дисциплинирано детето
кое мајка му го удрила затоа што тоа ја истепало својата помала сестра, кога тоа дете гледа
како нивниот татко секојдневно ја тепа мајка им. Родителите се пример за своите деца тие во
нив гледаат боголики суштества. Така да од едно хаотично семејство не може да излезат
дисциплинирани деца. Но, тука е и љубовта која значи се. Во едно хаотично семејство ако има
љубов може да има дисциплинирани деца. Додека пак во едно семејство на лекари кои имаат
многу уреден живот но никогаш не покажуваат љубов во животот праќаат недисциплинирани,
деструктивни и дезорганизирани деца. Добрата дисциплина бара време. Кога немаме доволно
време да ги набљудуваме своите деца, не може да забележиме кога тие ќе ни упатат повик
дека им треба помош во дисциплината. Некој дури и кога ќе забележат дека децата бараат
помош велат „Јас едноставно немам сила да го сторам тоа“ или „Ова ги надминува моите
способности“. Има една универзална грешка во пристапот на решавање на проблемите, што е
подеструктивна и попримитивна од нестрпливите и неадекватни обиди за решавање на
проблемот, а тоа е да се остави со надеж дека тој сам од себе ќе исчезне.

Прифаќање на одговорност

Животните проблеми треба да се решаваат. Многу од луѓето не се способни да го


разберат целосно. Тоа се случува поради внатрешната принуда да ја прифатиме одговорноста
за проблемот пред да почнеме да го решаваме. Проблемот нема да го решиме со изјавата
„Тоа не е мој проблем“, проблемот може да го решиме дури кога ќе прифатиме дека тоа е наш
проблем и наша е одговорноста за негово решавање. Крајностите до кои одат луѓето
избегнувајќи ги своите психолошките одговорности за своите проблеми се комични. Така еден
наредник на островот Окинава кој до гуша бил во проблеми поради пиењето велел дека таму
навечер нема пто друго да се прави освен да се пие. Всушност имало многу работи кои
можеле да се прават како ловење риби, читање книги и сл. Но нему тоа најмногу му се

4
допаѓало. Иако бил на терапија тој не прифаќал никаква соработка и по кратко време
неприфаќајќи ја својата одговорност бил истеран од војската. Спротивно пак од
неприфаќањето на одговорноста е неврозата или нарушување на одговорноста.
Невротичарите преземаат на себе претерана одговорност додека луѓето со растројство на
личноста премала одговорност. Кога невротичарите ќе дојдат до судир со проблем велат дека
тоа е нивна вина. Додека пак ако тоа им се случи на растроени личности според нив виновен е
некој друг, опшеството, светот и сл. Една жена исто така во Окинава се жалела дека никако не
може да се вклопи во опшеството, секогаш се чувствувала осамена. Одела на средби во
клубот на офицерските жени но се чувствувала непријатно како другите ќени да не ја сакаат.
Сакала полесно да склопува пријателства. Оваа жена на себе ја зела сета одговорност за
својата осаменост, чувствувајќи се како единствен виновник. Невротичарите се однесуваат
многу поразлично од растроените лица. Тие најчесто користат изрази како „би требало“,
„морам“ и „не би требало“, кои укажуваат на лошо мислење за себе. Додека пак растроените
лица велат „не можам“, „не би можел“, „морам“ и „морав“ укажувајќи на себе како да немаат
избор и однесувањето им е условено од надворешни сили кои се надвор од контролата.
Кога психијатарот ќе дијагностицира растројство на личноста, тоа е затоа што
избегнувањето на одговорноста е доста нагласена. Сите ние на некој начин се трудиме да ја
избегнеме одговорноста за своите проблеми. Сите оние кои се обраќаат на психијатар имаа
еден заеднички проблем: чувство на беспомошност ,страв и внатрешно чувство дека не можат
да излезат на крај со работите ниту да ги променат. Еден од корените на ова чувство е желбата
целосно да се избегне болката што ја донесуваат слободата и неуспехот.

Посветеност на вистината

Третото оружје на дисциплината во техниката на однесувањето со болката што


произлегува од решавањето на проблемите, на кое мораме да сметаме цел живот ако сакаме
да бидеме здрави и ако сакаме духот да ни се развива,е посветеноста на вистината. Нашата
претстава за стварноста е како мапа која ни помага во совладувањето на теренот на животот.
Ако мапата е вистинита и точна, претежно ќе знаеме каде се наоѓаме и ако веќе сме решиле
каде одиме, претежно ќе знаеме како да стигнеме. Ако мапата е погрешна, најверојатно ќе се
загубиме. Иако ова е очигледно многу луѓе во помала или поголема мера го игнорираат патот
до стварноста. Колку поголем труд вложиме толку попрецизни ќе бидат нашите мапи кои
постојано мора да се менуваат и дополнуваат бидејќи и светот се менува. Исто така и нас
погледот на светот ни семенува, поинаку ни изгледа светот кога немаме деца додека сосем
поинаку кога имаме. И кога сме сиромашни светот ни изгледа поинаку отколку кога сме
богати. Секојдневно до нас пристигнуваат различни податоци и информации, затоа мора
постојано да ги менуваме. Процесот на неменувањето на мапите т.н застарена мапа се
причина за многу ментални болести. Вистината и реалноста се избегнуваат ако се болни. Ние
можеме да ги преправиме своите мапи ако имаме доволно дисциплина да ја надминеме таа
болка. Менталното здравје е развоен процес, посветеноста на вистината по секоја цена.
Животот целосно посветен на вистината подразбира и подготвеност за лични предизвици.
Склоноста за избегнување на предизвикот е својство на човечката природа. Психотерапијата е
краен облик на отвореност кон предизвикот. За психотерапијата се вели дека е „игра на
вистината“ или „игра на искреноста“. Еден од корените на менталните болести е лагите кои ни

5
биле кажани или самите на себе си ги кажуваме. Лагите може да се поделат на два вида: бели
лаги и црни лаги. Црната лага е изјава за која знаеме дека е невистинита , додека белата лага е
изјава која сама по себе не е невистинита туку е изоставен значаен дел од вистината. Белата
лага не е ни малку поневистинита ниту оправдана и може да биде еднакво деструктивна како
и црната. Лагата сама по себе влече друга лага за да ја прикрие првата. Затоа многу полесно е
кога се кажува вистината се троши помалку енергија за дисциплинираност. Луѓето што и се
посветени на вистината живеат на отворено, а со вежбањето на храброста да живеат на
отворено, се ослободуваат од стравот. Видот на дисциплината што е потребна да се
дисциплинира дисциплината е она што се нарекува балансирање. Балансирањето е
дисциплина која ни дава флексибилност. Балансирањето е дисциплина поради откажувањето
што е болно. Откажувањето е најболното човечко искуство. Понекогаш треба да избереме
помеѓу две наши определби. Овде авторот го опишува моментот кога сакајќи да помине време
со својата ќерка, за 15 минути ја расплакал. Тоа било поради неговата желба за победа. Тогаш
сфатил дека родителството му е поприоритетна работа, затоа морал да го ја угуши желбата за
победа. Тој мислел дека не може да се откаже од таа желба, но се навикнал видел дека не е
така. Бидејќи ментално здравите луѓе мора да се развиваат и бидејќи откажувањето или
губењето на својата стара личност е интегрален дел од процесот на менталниот и духовниот
развој, депресијата претставува нормален и во суштина здрав феномен. Главната причина што
ги наведува луѓето да побараат психијатриска помош е депресијата.

ЉУБОВ

Љубовта е премногу голема и премногу длабока за да биде кога и да било сфатена,


измерена или ограничена со зборови. Според авторот љубовта е волја да се прошириме
себеси за да ги помогнеме својот и туѓиот духовен развој своето и туѓото духовно зреење.
Кога сакаме некого, нашата љубов станува видлива и вистинска само низ нашиот напор.
Љубовта не е ненапорна, всушнот е многу напорна. Зборот волја е разликата помеѓу желбата и
акцијата. Љубовта е избор ние не мора да сакаме, ние избираме да сакаме.

Вљубеност

Од сите заблуди во врска со љубовта, најсилно и најубедливо е дека „вљубеноста“ е


љубов, или барем една нејзина манифестација. Кога некој се вљубил вели „Го сакам“ или „ ја
сакам“ . Тука се јавуваат два проблема, прво вљубеноста е специфично еротско искуство
врзано за сексот. Но ние ги сакаме нашите деца а сепак не сме вљубени во нив, исто како и
нашите пријатели. Второ е што вљубеноста има рок, кога тогаш тоа чувство ќе исчезне.
Суштината на феноменот вљубеност е ненадејно уривање на еден дел од границите на егото,
што ни дозволува да го стопиме својот идентитет со идентитетот на некој друг. Порано или
подоцна , соочени со проблемите секој ќе се врати на своето. Тој ке сака нешто, таа не, а него
не му се допагаат нејзините другарки и обратно. Една по една границите се враќаат на своите
места и ќе сфатат дека не се едно исто со другата личноста. Постепено или ненадејно тие ќе се
одљубат. Дали ќе се разделат или ќе останат заедно и ќе започнат работа на вистинска љубов.

6
Наспротив вистинската љубов често се јавува каде што недостига љубов и се однесуваме со
љубов дури и кога не ја чувствуваме. Вљубувањето е волева работа, таа не е свесен избор, ние
не можеме да избереме во кого ќе се вљубиме. Вљубувањето не претставува ширење на
сопствените граници туку нивно привремено или делумно уривање. Ширењето на сопствените
граници бара напор, а вљубеноста се постигнува без напор.

Митот за романтичната љубов

За да не воведе успешно во стапицата на бракот, вљубеноста мора да ја има за своја


компонента и илузијата дека тоа чувство ќе трае засекогаш. Таа илузија во нашата култура го
застапува митот за романтичната љубов која потекнува од бајките во која принцот и
принцезата си живеат среќно до крајот на животот. Овој мит ни кажува дека за секое момче
има девојка што е како создадена за него и обратно и нив тоа им е запишано во ѕвездите. Кога
ќе ја сретнеме личноста што ни е судена, ние ќе ја препознаеме по тоа што ќе се вљубиме во
неа. Таа врска мора да биде совршена за да ги задоволи потребите да биде секогаш совршено
во единство и слога. Но откако ќе сфатиме дека вљубеност поминала и не е се како што сакаме
виновни ќе бидат ѕвездите бидејќи биле лошо протолкувани. Митот за романтичната љубов
всушност е една голема лага која му служи на опшеството за опстанок на видот со тоа што
вљубеноста го дава печатот на легитимно влегување во брак. Кај многу сличаи кои ќе сфатат
дека се одљубиле врската завршува и се разведуваат. Оние кои и после одљубувањето се
однесуваат како да се вљубени се навикнуваат да живеат заедно некои дури и премногу што
зборува едниот и за другиот тоа не е вистинска љубов. Ако научат да се почитуваат еден со
друг и да и одвоена сопствена индивидуалност тоа може да созрее во една вистинска љубов.
И искуството на вистинската љубов има врска со границите на егото, зошто го
овозможува и ширењето на личните граници. Кога ги шириме своите граници преку љубовта
ние ги шириме до саканото лице сакајќи да му помогнеме во зреењето. За да успееме во тоа
ние прво треба да засакаме некого, тој некој да не привлече. Овој процес на привлечност се
нарекува „катексизам“. Со долгогодишната љубов и долгогодишното ширење на границите на
својот катексизам постепено но прогресивно го зголемуваме нашето битие, го
идентификуваме внатрешниот со надворешниот свет и ги шириме границите на егото.
Втората и најчеста заблуда е дека зависноста е љубов. Кога ќе се разделат многу двојки
едниот паѓа во депресија,во краен случај и се решава на самоубиство велејќи дека не може да
живее без партнерот. Авторот овој случај го нарекува паразитирање а не љубов. Љубов е да се
живее одвоено, всушност двајца се сакаат кога се способни да живеат еден без друг, но
избрале да живеат заедно. Зависните луѓе се заитересирани само за исполнување на своите
желби и потреби. Не се способни да ги толерираат осаменоста, несреќата и страдањето што ги
предизвикува развојот.Често зборуваме како „Тој ги сака парите“, „тој ја сака моќта“, Тој ги
сака животните“ и сл. Некој може навистина ги сака парите и може да стекне големо
богатаство, но него не можеме да го опишеме како некој што знае да сака.Затоа што кај тие
луѓе богатството и моќта станале цел а не средство за духовен развој. Љубовта кон животните
не е иста како љубовта кон луѓето.Тоа е поради фактот што животните не се способни да

7
зборуваат па не можат да ни кажат што мислат. Но секако и тоа е љубов затоа што кога
животното е болно ние се грижиме за него, во случај на смрт ние сме натажени и сл.

Дејството на вниманието

Основниот облик на дејствување наљубовта е вниманието. Кога сакаме некого ние му


го посветуваме целото наше внимание, и му се посветуваме на неговиот развој. Вниманието
бара напор, да ги заборавиме своите постојни преокупации и активно да ја насочиме својата
свест. Највообичаениот и најважниот начин да се извежба вниманието е преку пат на
слушање. Проблемот кај нас е што не знаеме да слушаме, ние слушаме но за тоа време си
размислуваме и ако не прашаат што сме слушнале поголемит дел е неслушнато. Мора да се
научиме да слушаме и кога се рзботи за децата. Малите деца од 5-6 години постојано
зборуваат но ние мора да одделиме од нашето внимание некогаш ќе се преправаме но треба
да знаеме и со внимание да ги послушаме. Како растат тие помалку ке зборуваат со нас но кога
ќе сакаат да зборуваат ние треба внимателно да ги ислушаме. Вистинското слушање и
апсолутната концетрираност на другата личност , секогаш се манифестација на вистинска
љубов. Бидејќи слушањето е активен израз на љубов, тоа е најпотребно во бракот. Во основа ,
вниманието означува време поминато со некого, а неговиот квалитет е пропорционален на
интезитетот на концетрацијата.

Ризикот на загубата

Чинот на љубовта- збогатување на себеси, бара акција против мрзливоста или отпор
предизвикан од стравот. Кога се збогатува нашето битие влегува во нова средина со нови
предизвици, правиме работи што не сме научени да ги правиме, се менуваме.
При вложувањето на емотивна енергија секогаш постои ризик на губење или напуштање. Тука
авторот ни го опишува случајот на жената која работи како дактилограф во канцеларија. Таа
секој ден оди на работа, после работа оди до самопослуга и право дома. Утредента исто, таа
нема телефон, нема пријатели поради стравот дека ќе биде напуштена. Ако засакаме некој тој
може да не напушти или да умре, ако му веруваме на некој може да не разочара или повреди.
Цената на вложувањето на емотивната енергија е болката. Ако некој е решителен да не се
соочи со болката од загубата, тој се откажува од многу работи: деца, пријателство, сексуална
екстаза ,сето она што го прави животот витален и важен. Суштината на животот е промената,
распонот меѓу животот и распаѓањето. Свеста за смртта, како и за постјаната свест за
ограниченоста на нашето време во кое живееме и сакаме треба да ни служат како потсетник
дека треба да живееме најцелосно. Целиот живот е ризик и кога живееме со љубов се
изложуваме на повеќе ризици. Процесот на пораснување е исто така еден ризик од светот на
децата поминуваме во светот на возрасните. Процесот на пораснување се одвива постепено.
Единаесетгодишно дете влегува во својот прв ризик седнувајќи на велосипед. Меѓу малите
скокови што ги правиме во процесот на растење има и некои големи скокови. Многу луѓе
никогаш не ги преземаат овие големи скокови и тие не пораснуваат, и покрај надворешниот
изглед, тие психолошки остануваат деца на своите родители живеат со родителско

8
одобрување или неодобрување.Пораснувањето има голем удел во збогатувањето на личноста
преокупирана со љубов.
Залагањето е база, основа на секој вистински љубовен однос. Залагањето не гарантира успех
во односот, но му помага повеќе од било кој друг фактор. Слабите залагања со текот на
времето може да се продлабочат. Ако не е така односот ќе се распадне. Често не сме ни
свесни за ризикот од самото залагање. Залагањето е инхерентно во секој вистински љубовен
однос. Залагањето е тоа што по зачнувањето не претвора од биолошки во психолошки
родители. Децата не можат да пораснат до психолошка зрелост во атмосфера полна со
непредвидливост, прогонувани од стравот на напуштање. Како што родителите се залагаат за
своите деца, така психотерапевтите се залагаат за своите пациенти. За да дојде до основно
исцелување, потребно е психотерапевтот да внесе во својот однос со пациентот висок степен
на залагање. Еден случај може да трае со години ако не сфати пациентот дека психотерапевтот
се грижи, се залага за пациентот терапијата нема да даде резултат. Ризикот на залагањето на
терапијата не е само ризик на загањето, туку и ризик на соочување со себеси и со промените.
Најголем ризик на љубовта е ризикот на користење на власта со понизност. Најчест пример е
соочувањето со љубовта. Кога се расправаме со некого често велиме „ти немаш право, јас
имам право“ или „ти си лош“. Тој всушност сака да каже „Погрешно е што си лош“.
Капацитетот на соочувањето, способноста да речат „јас имам право, ти немаш, би требало да
бидеш поинаков“ е способност што многу луѓе го употребуваат без проблем. Родителите,
сопружниците тоа најчесто го прават во момент на лутина и бес, критикувајќи лево и десно без
размислување.

Љубовта е дисциплинирана

Енргијата за самодисциплина доаѓа од љубовта, која е облик на волја.Тоа значи дека


самодисциплината е љубов преточена во акција, и дека секој што навистина сака се однесува
самодисциплинирано и дека секој вистински љубовен однос е дисциплиниран. Меѓу чувствата
што треба да се дисциплинираат е и чувството на љубов, таа сама по себе не е вистинска
љубов туку чувство поврзано со вложување на емотивна енергија. Таа треба да многу да се
почитува и негува поради креативната енергија што ја носи, но ако се олабави ,резултатот
нема да биде вистинска љубов туку конфузија и непродуктивност. Вистинскиот љубовник
секогаш ја доживува својата сакана како некоја чиј идентитет е сосем одвоен од неговиот.
Многу честа грешка е да не се прифаќа различноста на другиот,што доведува до ментални
болест и страдање. Најекстремната форма на неможноста да се сфати различноста на другите
се нарекува нарцисоидност. Нарцисоидните луѓе навистина не се во состојба да ги сфатат
своите деца или љубовници, како одвоени од себе на емоционално ниво. Бидејќи другите не
ги сфаќаат како други , туку како свои продолжетоци на нарцисоидните личности им недостига
емпатија, а тоа е да чувствуваат што чувствуваат другите. Тука е примерот за мајката со
променливо расположение, кога си доаѓа детето дома и го покажува цртежот кој учителот го
оценил како одличен, но бидејќи мајката е нерасположена и вели да си легне да не се
заморува. Утредента кога детето доаѓа расплакано бидејќи го задевале момчињата во
автобусот, мајката сега расположена не обрнува внимание и вели „Зар не е среќа што имате

9
толку добар шофер на автобусот,утре да го поздравиш“. Таквите деца растат со големи
тешкотии во препознавањето, прифаќањето и владеењето со своите чувства.

Мистеријата на љубовта

Љубовта е мистериозна работа. Самодисциплината произлегува од љубовта, но од


каде доаѓа љубовта. Недостигот од љубов е причина за многу ментални болести, а присуството
на љубовта е есенцијално за исцелувачкиот ефект на психотерапијата. Сега прашањето е како
на кој начин извесни поединци кои израснале без љубов, занемарени и малтретирани
успеваат без психотерапија да станат зрели и здрави личности. И како некој со поголем
проблем за кратко време успева да се излечи, а некој малку болен му треба долга терапија.

ЗРЕЕЊЕТО И РЕЛИГИЈАТА

Кога човечките суштества растат во дисциплина, љубов и животното искуство, нивното


разбирање на светот и на нивното место во него очигледно расте. Обратно, кога луѓето не
растат во дисциплина, љубов и животно искуство, тогаш не расте ни нивнотото разбирање. Тоа
разбирање е нашата религија. Многу малку психотерапевти се интересираат каков поглед на
светот имаат нивните пациенти. Од нивниот поглед на светот, од она во што тие веруваат
најчесто во нивниот поглед на светот се крие нивниот проблем. Некогаш тие мислат дека се
религиозни, а всушност се обземени од нешто друго. Така Стјуарт еден пациент кој бил добар
сопруг и татко за пример. Имал добра работа но сепак се чувствувал лошо и безвредно, бил во
депресија дури два пати се обидел да се самоубие. Тој рекол река не верува во Бог, затоа што
бил научник и не верува во ништо друго. Секогаш на сон му доаѓал човек кој сака да им ги
пресече вратовите. Тој всушност длабоко во себе си имал некоја замисла за Бог, и тоа за Бог
кој казнува, опасен и подготвен да пресече врат. Најважен фактор за развојот на религиозноста
кај многу луѓе очигледна е нивната култура. Ако сме Европејци веруваме дека нашиот Бог е
белец, Африканците веруваат дека е црнец, ако е Индиец ќе верува во хиндуистичка религија.
Но помалку очигледен е фактот дека најважниот дел од нашата култура е нашето семејство.
Додека сме деца ние во нашите родители го гледаме Бог, како се однесуваат кон нас, кон
другите, кон нашите браќа и сестри. За детеринација на нашиот поглед не зависи како тие ќе
ни кажуваат за Бог, како што тие го создаваат со своето однесување. Во случајот на Стјуарт
родителите велеле Бог не сака, нивниот Бог бил Бог на љубовта. Но всушност секој ден
добивал ќотек за што и да направел, за секоја најмала грешка, велејќи дека така се станува
добар христијанин. Фактот дека човечката религиозност, или погледот на светот, главно е
детерминирана од единственото искуство од детството, не соочува со централниот проблем:
односот на религијата и стварноста.

10
Религијата на науката

Духовното зреење е патување од микрокосмост во се поголемиот макрокосмос. Во


своите рани фази тоа е патување на сознанието, а не на верата. Мораме постојано да го
зголемуваме своето царство на знаењето и полето на визија со постепено совладување и
инкорпорирање на новите информации. За да ја прошириме својата визија неопходно е да ја
отфрлиме старата. Мора да ја отфрлиме визијата на нашите родители затоа што нивниот
поглед на светот е многу потесен од нашиот. За менталното здравје и за духовното зреење
мораме да развиеме своја лична религија различна од религијата на нашите родители.
Науката е религија, или тоа е сложен поглед на светот со голем број важни поставки се како
овие: универзумот е стварен,па според тоа тој е објект што е вреден за испитување; за
човечките суштества е важно да го испитуваат универзумот; универзумот има смисла- т.е. тој
следи одредени законитости и е предвидлив. Науката е религија на скептицизам. За да
побегнеме од микрокосмосот на нашите искуства од детството, од микрокосмосот на нашата
околина, многу е важно да бидеме скептични кон тоа што сметаме дека сме го научиле. Ќе
почнеме така што ќе станеме научници. Многу пациенти велеле дека не се религиозни, но
всушност длабоко во себе се религизни затоа што ја ценат вистината, веруваат во можност на
созревање и напредување- можност за духовен прогрес. Скептичниот поглед на светот на
научникот е подобрување на светот, од оној што е базиран на слепа вера, локално суеверие и
тврдења што не се доведуваат во прашање, научниците допрва тргнуваат на патот на
духовното зреење.Кога со скептицизам се набљудува верата во Бог повеќе се гледа
догматизам. Би било разумно да се заклучи дека Бог е илузија во умот на луѓето, и дека
верувањето во Бога е заедничка форма на човековата психопатологија.

Случајот на Кети

Кети била девојка која цело време плачела тивко пеела дека ќе умре. Кога ја
прашувала нешто таа едвај да можела да одговори и не престанувајќи пеела. Како мала таа
заедно со своите родители постојано одела во црква. Но откако се омажила таа не одела но се
молела од дома. После одредена терапија таа почнала да се отвара. Кога била во гимназија
имала врска со Хауард. Две години се забавувале и тој сакал да се ожени со неа, таа
прифатила. Но по некое време не била сигурна дека го сака, но бидејќи имала односи пред
брак со него, таа верувала дека нема друг избор и мора да се омажи. Во почетокот се било
добро, но по некое време Хауард го изгубил сексуалниот интерес за неа. Тогаш таа почнала да
фантазира за неверство. Од самата помисла на тоа таа сметала дека тоа е грев и се молела, но
бидејќи Хауард ја задевал таа се молела само кога тој не е дома. Тогаш се молела по два пати
дневно но бидејќи не можела да се исповеда мислела дека гревот и расте. Почнала да не
излегува поради самата помисла дека ќе сретне некој маж и дека уште повеќе ќе влезе во
грев,не одела да пазари никогаш сама, дури подоцна тоа го правел сам Хауард додека таа го
чека во автомобилот. Но еден ден откако го однела Хауард на работа скршнала по една уличка
и отишла пред куќата на поранешното момче Бил. Чекала, чекала да излезе Бил но изгледа
немало никој, потоа излегла од колата како би можел да ја види Бил. Откако ништо не се
случило влегла во колата и почнала да се обвинува дека е курва и дека ќе умре. Кога отишла
дома зела жилет за да си ги пресече вените но не можела. Си велела дека таа не може да го

11
стори тоа но Бог може. Почнала да плаче и се молела тоа побргу да се случи. Се молела
постојано дури и нашла начин да не се забележува дека се моли таа молитвата ја кажувала
како песна. Всушност додека пеела таа цело време се молела. Проблемот кај Кети било
сфаќањето на поимот грев.За неа мастурбацијата е грев, неверството е грев и тн. Таа не
мислела сама, мајка и ја учела никогаш да не ја доведува црквата во прашање. Проблемот
била нејзината мајка која и ги всадила тие идеи. Откако била излечена се вратила дома после
неколку месеци пак почнала да пее и да вели дека нејзините денови се избројани. Тогаш
психотерапевтот сфатил дека тоа е поради тоа што таа сфатила дека ја мрази сопствената
мајка. А во библијата вели „почитувај ги своите родители за да ти се продолжат деновите на
земјата“ . Откако ја убедил дека тоа се само верувања и таа кажала дека ја мрази својата мајка
затоа што никогаш не и дозволила да биде тоа што е. Откако се излечила со Хауар се
договориле на мирен развод. Таа почнала да работи како продавачка и имала многу
состаноци. Стравовите исчезнале. Таа си изградила свој поглед на светот, различен од оној
зацртаниот на нејзината мајка.

Случајот на Марша

Случајот на Марша бил сосем поинаков од оној на Кети. Марша доаѓала од богато
семејство кое и обезбедило добро образование. Но сепак таа секогаш носела темна облека и
стара излитена чанта. Нејзините родители биле атеисти и верувале дека светот би бил многу
поубаво место без илузијата на Бог. Марша израснала богато но без љубов, таа била „кутро
богато девојче“. Таа и покрај богатството била многу депресивна.Почнала да сонува како во
собата и влегуваат птици со некои пораки на некој стар јазик како во црквите. После две
годишна терапија таа склопила еден топол однос со психотерапевтот и почнала полека да се
менува, почнала да додава по некој детаљ. После некое време рекла дека веќе не е сигурна
дека е атеист, светот станал подобро место за живеење а тоа не би било ако го нема Бог. Кети
од позиција која слепо веруваше во идејата за Бог, а Марша од позиција која целосно го
отфрла Бог дојде до идеја да и стане значајна.

Случајот на Теодор

Тед бил пустиник. Живеел сам во една колиба во шума, иако бил богат наследил
богатство, бил школуван. Имал едн проблем не можел да донесува одлуки. Тоа се случило
откако по завршувањето на средно образование го оставила девојкат која ја сакал. Почнал
многу да пие, но оценките му биле добри. После некое време неговит другар починал во
сообраќана несреќа, и тоа го преболел. Кога се запишал на факултет имал проблем со одлука
на која тема да пишува семинарска. После завршувањето на школувањето му требале три
години да одбере теза за да дипломира.Оттогаш побегнал во шума. Тој сметал дека има
проблем со сексуалноста затоа што откако доживеал неуспех животот му се урнал. Всучност тој
имал проблем со ентузијазмот. Вели дека го сакал убавото време но кога времето е убаво тој
пак бил нерасположен, му било сеедно. На ловење риби кога фатил голема штука, му била
голема не можел сам да ја изеде а немал и пријатели за да ја подели па ја вратил во морето.
Тој вината ја наоѓал во Бог велејќи дека Бог е мизерен како што е и животот. Всушност

12
проблемот потекнувал од детството, под смирената надворешност куќата на Тед билокрваво
боиште. Двајцата постари браќа биле многу лоши спрема него а родителите биле премногу
зафатени , па не му пружиле заштита на Тед кој бил најмал и најслаб. Бегањето во природата
му била утеха. Школувањето надвор му било излез од таа ситуација.Целиот живот му бил како
испреплетен од смрт, страдања, опасности и дивјаштво. Во повеќе наврати и погледнувал на
смртта во очи. Но за среќа се спасувал. Кога и да му се случело нешто лошо тој го хулел Бога, а
ако му се случеле добри работи велел дека има среќа. Полека почнал да ја прифаќа
неопходноста на страдањата и почнал да излегува со другарите. Дури почанал да размислува и
да му се врати на учењето. Сакал да го учи она најважното. Сфатил дека човечкиот ум е важен
и терапијата е важна,а Бог е најважен. Терапевтот му рекол зошто не стане свештеник. Но тоа
претставувало проблем за него ,Зашто тоа значело јавно да му се припаѓа на Бога а тој тоа не
го можел. За тоа требало ентузијазам а тој тоа го немал, всушност кога бил дете и кога полн со
ентузијазам ќе кажел браќата му се потсмевале. И родителите така го казнувале му одземале
се што тој сакал. Но тој веќе немал десет години и ја земал судбината во свои раце. Се запишал
на теологија и почнал да се потпишува како Теодор. Неговото име значело „Тој што го сака
Бог“.

Детето и нечистата вода

Прашање е дали вербата во Бога е психотерапија? По претходните случаи видовме


дека одговор може да биде и ДА и НЕ. Научниците поставуваат прашање за вистината но
одговорите не се секогаш јасни, чисти и лесни. Но во потрага по едноставни решенија паѓаат во
стапица за стварноста на Бога. Првата стапица е во тоа што со нечистата вода од леѓенот се
исфрла и детето, а втората е тунелската визија. Важно е дека за нашето зреење треба да
станеме скептични научници, во однос на тоа што сме го мислеле порано. Можно е со
зреењето да ја изгубиме верата во Бога, или пак да се здобиеме со вера во Бога при процесот
на духовно зреење.Има многу нечиста вода околу прашањето за постоењето на Бог, Свети
војни, инквизиција,принесување на животни како жртва,чувството дека ние имаме право,
крутост, суровост, горење на книги, горење на вештерки, морбидно чувство на вина,
инхибиции, страв, конформизам , лудило и тн. Евидентно е дека верувањето во Бога е
деструктивно и догматско. Треба ли да се ослободиме од верувањето во Бога или од
догматизмот.Поради ова научниците се спремни да го фрлат детето со нечистата вода, а тоа е
дека и самата наука е религија.Втората причина поради која научниците ќе го фрлат детето со
нечистата вода е тоа што тие не го гледаат детето.Многу научници не ја гледаат евидентноста
на постоењето на Бога. Тие страдаат од тунелскиот поглед, самонаметнат психолошки комплет
од замрачувачи што не им оневозможуваат да обрнат внимание на царството на духот. Има
две причини што го создаваат тунелскиот поглед. Првата е прашањето на методологијата.
Употребата на мерите им овозможила на науката да направи огромни навлегувања во
разбирањето на материјалниот универзум. Резултат е што тие се толку скептични што не
веруваат во ништо што не може да се измери. Вториот напредок што ни овозможува да
побегнеме од научната тунелска визија е скорашното откритие на науката за стварноста на
парадоксот.

13
МИЛОСТ

Првиот збор во американската песна што е во врска со милоста е „чудесен“. Чудо е


нешто што се случува на необичаен начин, непредвидливо . Тешко е да се објасни како
пациент со блага нервоза не е многу невротичен ,ако не и целосно психотичен. Додека некој
кој имал трауми што биле такви што произвеле невроза. Таков е случајот со еден триесет и
петгодишен исклучително успешен бизнисмен. Бил незаконско дете кое го одгледала
глувонема мајка, кога државата и го одзела го сместиле во дом, па во друг , бил посвоен од
родители кои што воопшто не покажувале емоции. Кога имал 15 год. Останал делумно
парализиран поради оток на крвоносен сад. На 16год. Ги напуштил и последните родители кои
го посвоиле и почнал да живее сам.Бил во затвор. Кога излегол се вработил како физички
работник во некоја компанија. Сите мислеле дека неговата иднина ќе биде мрачна. Но тој за
крако време станал најмладиот шеф. Пред да отиде на третман станал татко и бил
интелектуалец кој се образувал сам.По сето прочивеано тој имал само блага невроза. Ова е
исто како и физичките болести. Некој ќе умрат од менингитис додека други ќе имаат само
ослабен одбранбен систем.Истото се случува и со менталните и со физичките нарушувања.
Постои сила чиј механизам не го разбираме, а дејствува кај мнозинството луѓе, штитејќи го и
поттикнувајќи го нивното физичко здравје дури и во најтешки околности. Прашањето за
несреќите е уште едно интересно прашање. После смрта на мајка му во ноември кога тој имал
8 години, во ноември наредната година паднало и ја скршило раката, кога имал 10 год во
ноември паднал од велосипед и му пукнал черепот при што имал потрес на мозокот. На 11
години во ноември паднал од покрив и ја скршил бедрената коска, следната година во
ноември паданл од скејтборд и го скршил зглобот. На 13 години исто така во ноември го
удрила кола имал фрактура на карлицата. Кога го прашале за тагата за мајка му . Тој рекол
„сосем ја заборавив“ .Тој не ги предизвикал несреќите не бил свесен дека во тој одреден
преиод тој бил склон кон несреќи. Има многу ситуации кога велиме чудо се случи. При некои
несреќи и колата е сосем уништена а од колата ќе излезе само со гребнатинка.

Чудото на несвесното

Секогаш кога ќе дошол нов пациент, авторот цртал еден празен круг во кој подоцна
доцртал еден мал дел. Тој мал дел го претставувал нашиот ум, несвесното. Поголемиот дел
отприликаа 95 % било несвесното. Несвесното ни се покажува во соновите или во залутаните
мисли кои поголемиот дел од нас не им обрнуваме внимание. Соновите ретко кога се јасни и
ние не можеме да ги прочитаме. Така и еден пациент кој доаѓал од средно семејство, но
неговите предци биле богати и славни. Тој иако имал се што му е потребно постојано
чувствувал депресија, колку и да успевал ништо не го радувало. Почнал постојано да сонува
еден ист сон. Тој во сонот бил помлад отколку што бил и се наоѓал во една соба каде што
имало огромни парчиња мебел. Се наоѓала една голема комода долга околу 4м, со огромни
фиоки. Кога авторот го прашал на што го потсетувале фиоките, тој рекол дека биле толку
големи што можеле да соберат саркофаг. Тогаш сонот станал јасен, сакајќи да биде славен
како неговите предци тие му претставувале проблем сакал да ги убие, да се ослободи од нив.

14
Моќта на несвесното е многу голема таа може да биде патот по кој треба да тргнеме кога се
наоѓаме на беспатица. Авторот има еден случај, дошла една жена која имала проблем со
рамнотежата. Секогаш чувствувала како да ќе падне, после секакви испитувања не дошле до
никаков проблем, но таа сеуште се чувствувала исто. При една сеанса додека девојката
зборувала нему пред очи му се појавила фигурата на Пинокио. Колку и да се обидувал да ја
тргне таа му била пред очи. Тоа било несвесното кое сакало да му даде решение за проблемот
со девојката. Всушност девојката која одела здрвено од страв да не падне, го потсетувало на
Пинокио, дрвената кукла која е управувана со конци. Девојката во своето детство била под
силна команда на нејзината мајка . Таа ја онепособила да не може да се однесува како што
сака , туку по нејзини правила.

Дефиниција на милоста

Механизмите на несвесноста се или целосно неразбирливи или целосно нејасен.Се


случуваат често,рутински, насекаде и во својата суштина се универзални. Иако врз нив може
влијае човечката свест нивното потекло е некаде надвор. Таа сила што потекнува надвор од
човечкиот ум и го помага духовниот развој. Ние не можеме да ја видиме таа сила, не можеме
да ја допреме но знаеме дека таа постои. Има две дефиниции за милоста: првата е доктрина
на еманацијата, која смета дека милоста се спушта од Бога надолу врз луѓето. Втората е
доктрина на иманенцијата , која смета дека милоста се слева од Бога во самата средина на
човечкото битие.Духовните можности може да се зголемуваат се до мигот на смртта.Нашиот
чивот ни дава безброј можности за духовно зреење. Процесот на психичката еволуција сам по
себе е чудо. Процесот на еволуцијата е развој на организмите од пониски кон повисоки нивоа
на компексност, издиференцираност и организација. Процесот на еволуцијата може да се
прикаже во форма на пирамида, со човекот, најкомплексниот и најмалобројниот вид
организам на врвот, и вирусите, наједноставниот и најмногубројниот вид организам, дното.
Кон врвот оди стрелка тоа е силата на духовното зреење, додека силата на ентропијата влече
надолу кон дното. Процесот на духовното зреење е тежок и напорен, затоа што му се
спротивставува на природниот отпор , му се спротиставува на изборот на најлесниот пат. За да
ги објасниме чудата на еволуцијата и на милоста, ние го претставуваме постоењето на Бог кој
сака да зрееме, Бог кој не сака. Тука се појавува прашањето: Каде е целта на еволуцијата? Ние
зрееме кон божественото. Целта на еволуцијата е Бог. Тој е почеток и крај, алфа и омега.
Постои една прречка кон зреењето, а тоа е нашата мрзеливост. Авторот првобитниот грев не го
гледа како грев, нема ништо грешно во сексуалноста , има многу полоши работи како што се
мачење, бруталност , убивања и слично. Гревот на Адам и Ева е во тоа што не се потрудиле
отворено да поразговараат со Бога.

Проблемот на злото

Злото е реално. Тоа не е работа на имагинацијата, навистина постојат лоши луѓе што
дејствуваат со лошо во присуство на добрината.Лошите луѓе ја мразат светлината, зашто таа ги
открива пред самите нив. Ја мразат добрината поради што таа го открива нивното зло. Ја
мразат љубовта , зашто таа ја открива мрзеливоста во нив. Злото е крајната граница на
мрзеливост. Авторот злото го дефинира како примена на политичката моќ т.е. наметнување на

15
нечија волја на другите, скриена и јавна принуда, за да се избегне ширењето на личноста за
потхранување на духовното зреење.

Еволуција на свеста

Капацитетот на свесноста му го препишуваме на делот од умот што го нарекуваме


свест. Зборот свесност е изведен од латинскиот префикс con-што значи „со“ и зборот scire- што
значи „да се знае“. Но како да се сфати тоа „со“. Делот од нашиот ум она несвесното знае
повеќе од самите нас. А кога стануваме свесни за некоја вистина , тоа е поради тоа што ја
препознаваме како вистинита. Развојот на свеста е развој на нашиот свесен ум на знаење,
заедно со нашиот несвесен ум што веќе го има тоа знаење. Јунг го поделил несвесното на
плитко, индивидуално „лично несвесно“ и подлабоко „колективно несвесно“,што е заедничко
за целото човештво. Според авторот колективното несвесно е Бог, свеста е човекот како
индивидуа , а личното несвесно е меѓу нив. Бидејќи се наоѓа помеѓу божјата волја и волјата на
индивидуата мора да биде на поголема или помала мака. Конечната цел на духовното зреење
на индивидуата е да се соедини со Бога, да го спознае Бога. Бидејќи несвесното е Бог , целта
на духовното зреење е постигнување на божественото од страна на свесното битие.

Митот за Орест

Орест бил внук на Атреј. Атреј бил човек што се обидел да покаже дека е помоќен од
боговите. Поради тоа злосторство боговите го казниле така што ги проколнале неговите
потомци.Дел од таа клетва фрлена на куќата на Атреј паднал врз мајката на Орест,
Клитемнестра, која го убила неговиот татко и својот маж, Агамемном. Тоа злосторство го
проколнало и Орест, зашто според грчкиот закон за честа, синот е обврзан да се одмазди и да
го убие убиецот на татка си. Но тоа е и најголемото злосторство што може да го изврши еден
Грк- убиство на родител. После голема дилема тој ја убил мајка си. За тој грев бил казнет од
боговите со тоа што против него пуштиле фурии, три грозни Харпии што само тој можел да ги
види и кои деноноќно го мачеле. Прогонуван од фуриите Орест талкал низ земјата, по многу
години размислувања тој барал од боговите да го ослободат о фуриите бидејќи е свесен но
немал избор морал да го казни убиецот на татка си т.е неговата мајка. Бидејќи Орест ја презел
одговорноста, а претходно никој од куќата на Артреј не го сторил тоа. Боговите пресудиле така
што не само што ги трнале фуриите, туку и ги претвориле во евмениди, духови полни со љубов
кои со своите мудри совети му овозможиле на Орест да ја постигне и задржи среќата.

Отпорот на милоста

Орест не отишол на психотерапевт, тој сам се излекувал. Психотерапијата е само


орудие како да се излекува. Секој може да го има тоа орудие , прашање е само дали знае да го
употреби. Некои се трудат максимално да дојдат до неа, додека пак други на кои што им е
сервирана на сребрен послужавник ја одбиваат. Така велел и Христос „многумина се
повикани, но мал е бројот на избраните“.

16
Така е и со милоста многумина се повикани но мал број ја прифаќа. Поголемиот дел
пружа отпор како што видовме со ентропијата. Од мрзеливост тие не ја прифаќаат милост.
Така е и со духовното зреење, а така е и во професионалниот живот, зашто повикот на милоста
е унапредување, повик на позиција со поголема одговорност и моќ. Да се биде свесен за
милоста , постојано да се чувствува нејзиното присуство, да се биде свесен за блискоста со
Бога, тоа значи и обврска спрема Бог, обврска да бидеме пренесувач на неговата моќ и на
неговата љубов.

Добредојде за милоста

Со зборовите на Христос „Многумина се повикани, но малкумина се избрани“, значат


дека само мал број ќе одговорат на милоста, и тоа поради тешкотиите што постојат. Суштината
е дека милоста мора да се заработи. Но всушност ние не одиме кај милоста, таа не наоѓа нас.
Бидејќи не можеме да дојдеме до милоста со помош на волјата, можеме да се отвориме за
нејзиното чудесно доаѓање. Парадоксот дека ние ја избираме милоста и стануваме избрани од
неа е есенција на феноменот на среќното откривање. Среќното откривање е дефинирано како
„подарок за наоѓање на добрите и вредни работи што не сме ги барале“. Милоста е да им
помогне на оние што се на патот на духовно сознание да ја сфатат способноста за среќното
откривање.Можно е дека универзумот е само предворје на влезот на божјото царство, но ние
не сме загубени во универзумот. Универзумот е тука за да ни го подготви патот . Но сами мора
да зачекориме по тој пат, еден по еден.

ЗАКЛУЧОК

Колку е ефикасна психотерапијата? Психотерапијата е ефикасна ако се користи


правилно, ако се воспостави отворен однос на психотерапевтот со пациентот. Доколку не е
успешна тоа е поради немањето волја да работат на себе, или пак имаат проблеми чија
природа не одговара на психотерапијата. Психотерапијата е огромна инвестиција на време,
пари и енергија. Таа е орудие како да се дојде до правиот, вистинскиот пат на духовно
созревање. Не постојат лесни, едноставни одговори за луѓето кои тргнале по овој пат.
Човештвото е среде еден голем еволуциски скок. Се зависи од нас. Универзумот е тука да ни го
подготви патот, но ние самите мораме да зачекориме по него. Потребно е во себе да вградиме
систем за постигнување на духовно и ментално здравје.Процесот на себепроширување е
многу еволутивен. Кога некој успешно ги проширил своите граници, веќе поминал во повисоко
ниво на постоење

17
Содржина

Вовед...................................................................................................................................2
Дисциплина.............................................................................................................................3
Одлагање на задоволувањето...........................................................................................3
Прифаќање на одговорност...............................................................................................4
Посветеност на вистината..................................................................................................5
Љубов......................................................................................................................................6
Вљубеност...........................................................................................................................6
Митот за романтичната љубов...........................................................................................7
Дејството на вниманието...................................................................................................7
Ризикот на загубата.............................................................................................................8
Љубовта е дисциплинирана...............................................................................................9
Мистеријата на љубовта.....................................................................................................9
Зреењето и религијата..........................................................................................................10
Религијата на науката.......................................................................................................10
Случајот на Кети................................................................................................................11
Случајот на Марша............................................................................................................12
Случајот на Теодор............................................................................................................12
Детето и нечистата вода...................................................................................................13
Милост...................................................................................................................................13
Чудото на несвесното.......................................................................................................14
Дефиниција на милоста....................................................................................................15
Проблемот на злото..........................................................................................................15
Еволуција на свеста...........................................................................................................16
Митот за Орест..................................................................................................................16
Отпорот на милоста..........................................................................................................16
Добредојде за милоста....................................................................................................17
Заклучок.................................................................................................................................17

18
19

You might also like