Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Значење на принципите на Марија Монтесори за

предучилишното образование

Марија Монтесори (1870 – 1952) била првиот прав научник по педагогија.


Иако била доктор по струка таа целиот свој живот го поминала работејќи со деца.
Била поборник за правата на децата и жените.
Прва отворила градинка во Италија „Casa dei bambini“ ,
Најпрвин работела со деца со посебни потреби и на некое тестирање се покажало дека
тие деца дале подобри резултати од нормалните деца, затоа таа почнала да работи и со
нормални деца користејќи ги нејзините принципи.
Принципите на Марија Монтесори:
1. Учење преку искуство
Децата многу полесно учат преку откривање. Тие учат преку дрвени коцки кои се
во разни бои. Кога ќе им кажеме на децата да соберат или одземаат во тетратка
тоа не им е интересно а со коцки на пр. Дај ми две црвени коцки и три жолти тие
тоа многу полесно го меморираат.Плус ако на коцката има буква и тоа го
забележуваат и сами составуват зборчиња.
2. Мешана група
Во училницата има помали и поголеми деца во група од 3- 6 год. Кога им
објаснуваме нешто на децата поголемите можат дел од активностите да ги
сработат сами додека на помалите им треба помош. Поголемите работат а
помалите набљудуваат, потоа поголемите им помагаат на помалите – учат
социјални вештини додека поголемите учат вештини на лидер.
3. Индивидуален час
Иако во групата има повеќе деца 20-25 сите деца не се на исто ниво.
Затоа наставникот најчесто часот го држи на секое дете посебно, во зависност од
неговото ниво и потреба. На некое му треба повеќе потреба за математика, некое
за уметност, друго за јазик- изразување.
4. Почитувајте го детето, за тоа да научи да ги почитува другите деца
Ако кон детето се однесуваме со почит дури и кога тоа ќе згреши, тоа ќе му
помогне побрзо да се ослободи од грешките и ќе знае да го цени трудот на
другите.
5. Секогаш бидете подготвени да му пружите помош на детето
Треба внимателно да го слушаме детето и во случај да му треба помош да му
помогнеме да му објасниме како треба за да може самото да ја заврши работата.
Не е целта да му ја завршиме ние работата, туку да го насочиме за тоа да може
само да ја заврши.
6. Никогаш не го критикувајте детето пред другите деца
Ако детето го критикуваме пред другите тоа ке научи да ги осудува другите.
Иако детето направило нешто што не е во ред, не треба да се критикува пред
другите деца затоа што тоа влијае на нивната психа. Тие стануваат повлечени и
срамежливи. Додека ако настрана го повикаме и му укажеме со добро како не е во
ред тоа што го сторило тоа ќе го цени и почитува тоа.
7. Дајте му доволно внимание на детето. Ако тоа ве повикува за нешто, не му го
ускратувајте вниманието и не му велете немам време
На децата многу им значи нашето внимание, ако го слушаме и му се посветиме тоа
ќе знае дека сме секогаш тука за нив, ние треба да им бидеме потпора, ако им
затреба помош да им помогнеме. Ако често им велиме немам време тие ќе се
чувствуваат отфрлени и сами.

Заклучок
Марија Монтесори дала огромен придонес во растењето на децата како еден
водич за радителите, така и на воспитувачите во градинките.
Ни помогна да го сфатиме детето и неговите чувства и сфаќања.
Таа не учи како да ги воспитуваме децата да израснат во самостојни и зрели
личности спремни да се снаоѓаат во животот.
Затоа да ги слушаме, почитуваме и сакаме децата, да ги направиме добри
личности.
Таа убаво рекла да ги научиме децата да станат најдобри личности што може,
затоа што возрасните не може да ги превоспитаме

You might also like