Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”
Педагошки факултет “Св. Климент Охридски”

Семинарска работа по

Психологија на личноста

Тема: Карактер

Ментор:. Изработил:
Проф. Д-р Зоран Михајловски. Андријана Савовска 12539
Скопје, 2020

Вовед

Често велиме дека некој има “незгоден” или “ тежок”, “комплициран”


карактер, понекогаш велиме дека некој е карактерен, а за некој дека
бескарактерна личност. Зборот карактер има грчко потекло каде што значи
особеност, обележје, одлика. Тоа е индивидуален систем на вообичаени
карактеристики во однесувањето на човекот. Се вели дека карактерот е
сплет на црти на еден л човек или негов стил на живот.
Кога велиме дека некој човек има “добар карактер” мислиме на неговата морална
карактеристика. Кога се зборува за карактерот тука се подразбира онаа морална
димензија.
Карактер

Зборот карактер во психологијата се употребува со повеќе различни значења:

 Понекогаш се изедначува поимот личност и карактер;


 Со зборот карактер се означува збир на сите психички црти на некоја личност;
 Со зборот карактер се означуваат најбитните црти на личноста кои даваат печат на
целокупното нејзино однесување
 Со зборот карактер се означуваат волците особини на човекот
 Под карактерни особини се подразбираат такви особини кои покажуваат
карактеристично однесување на поединецот, земајќи ги во обѕир моралните принципи
и сфаќања во одредено општество.
Карактер претставува сложена психичка организација од најразлични психички процеси,
состојби и особини што се одразуваат во однесувањето на личноста.
Карактерот го претставува психичкото јадро на личноста. Во врска со овие сфаќања се
разликуваат и различни видови на карактери. Па така се зборува за добар и слаб карактер.
Добар карактер би имал човекот кој се карактеризира со морални особини, а лош кој не
поседува такви особини. Цврст карактер би имал оној кој покрај моралните особини
поседува енергичност и упорност во однесувањето, а слаб карактер оној човек кој поседува
морални особини, но не е одлучен да ги примени.
Еден од првите описи на карактерот наоѓаме кај Теофрост (околу 370-285г п.н.е) кој бил
ученик на Аристотел кој напишал тракт “Карактери”. За него клучно прашање било зошто
Грците кои живеат во еднакви климатски услови, исто се воспитувани и образувани во ист
систем толку многу се разликуваат меѓусебно.
Тој заклучил дека тоа е до карактерот и опишал 30 карактери воглавно негативни. На
пример тој вака опишува недоверлив карактер: “ Кога испраќа роб на пазар да купи
намирници, по него праќа друг роб да дознае што другиот купил. На патот иако сам си ги
носи своите пари после секоја стадија (грчка мерка за должина 192,27м) седнува и ги
пребројува. Лежејќи во постела, ја прашува својата жена дали го затворила сандакот во кој
ги чува парите и сребрените садови, дали добро ја заклучила капијата, дури и ако жената го
потврди сето тоа, тој скока од креветот бос, пали свеќа и трча наоколу да провери сѐ, дури
тогаш ќе може да заспие.
Описите кои ги дал Теофрост се толку точни и јасни што можат да се применат и денес.
Се поставува прашањето зошто е толку голема сличноста на луѓето кои се толку далеку
едни од други во времето и просторот. По едно објаснување причина може да биде
физиолошката основа на карактерот. Тие автори имаат на ум мешавина карактеристики на
темпераменти и сложени стабилни системи карактеристики кои се настанати со стекнување
индивидуално животно искуство. Притоа исти темпераменти можат да се формираат
различни карактери и обратно. Темпераментот дава печат на изгледот на карактер боејќи ги
на овој или оној начин негови одредени црти. Покрај тоа човек со цврст карактер може да
потисне некои непосакувани црти на неговиот темперамент, да ја контролира нивната
појава. Структурата на карактерот не е едноставна. Таа вклучува многу различни особини
или типични појави кои се нарекуваат карактерни црти. По мислење на многу психолози
карактерот претставува единство од црти ко може да се обединат во неколку основни
групи.

Карактерни особини

Карактерни особини на човекот може да се групираат на следниов начин: оние што го


одразуваат неговиот однос кон другите луѓе, оние кои го одразуваат неговиот однос кон
животната средина, оние кои го одразуваат неговиот однос кон себе, и кон работата.

Според својот однос кон работата човекот може да биде: активен, трудољубив, мрзелив,
исполнителен, негрижлив, иницијативен, дисциплиниран, одговорен, креативен,
бирократизиран и т.н.

Според својот однос кон другите луѓе човекот може да биде: отворен, искрен, воздржлив,
груб, алтруист, егоист, мирољубив, неискрени, агресивен и т.н. Тој може да биде ориентиран
кон други луѓе ( соработка) ,од други луѓе (бегство) и против други луѓе.

Според својот однос кон себе човекот може да биде: чесен, скромен, горд, самокритичен,
достоинствен, едноставен, самодисциплина, самоуверен, сигурен, вообразен, нечесен, и т.н.

Според својот однос кон животната средина и работата човекот може да биде: одговорен,
дисциплиниран, внимателен, загрижен за јавниот ред и мир, хигиената на јавните места не
само на личниот туку и на општествениот имот за општествените средства за производство со
кои работи и т.н.

Што го дефинира карактерот на личноста?


Човечките суштества имаат ум и тело, од кои и двата дејствуваат или се однесуваат.
Размислување, емоции и сл. се само некои од атрибутите на умот, додека физичките движења,
секретот, температурата и сл. се само некои од атрибутите на телото. Однесувањето на умот
или телото се категоризираат во три вида и тоа: епизодни, минливи или повторливи.

Епизодно однесување: Епизодното однесување е привремено на пример кога еден студент


станува анксиозен додека се појавува на испитување, анксиозноста која тој ја доживува е
епизодно однесување на неговиот ум. Од друга страна, гребењето со ноктите, одењето се
епизодни однесувања на телото.

Минливо однесување: Минливо однесување е она што е забележано за повеќе од неколку


недели, но за помалку од шест месеци или една година. На пример кога некое лице се
чувствува депресивно неколку месеци по смртта на некој близок. Овде чувството на депресија
е “минливо” однесување на неговиот ум.

Повторливо однесување: Кога истото однесување се повторува и продолжува со години тоа


се нарекува ‘повторливо однесување’ или ‘хронично однесување'.
Епизодното и минливото однесување не влијаат во голема мера врз животот на едно лице, но
повторливото и хронично однесување влијаат во голема мера врз животот на едно лице,
бидејќи тие го сочинуваат карактерот на една личност.
Иако едно лице би можело да има стотици можни карактеристики, нашето искуство е она кое
во поголемиот дел од случаите околу дваесет до триесет карактеристики, го сочинуваат
најголемиот дел од карактерот кај повеќето луѓе. Сите други карактеристики во нив, се како
оние на секој просечен човек и затоа не треба да се земат во предвид.

Типови карактер според изразот на лицето

Карактерот може да се дефинира како видливите аспекти на личноста кога таа се изразува
пред другите луѓе. Значи карактерните особини се тие што се гледаат во однесувањето кон
другите. Постојат многубројни истражувања што се спровеле со цел да се разберат различните
видови на карактер и карактерни особини кои се одредуваат според однесувањето и начинот на
реагирање при стресни ситуации. Ништо не зборува појасно за карактерот на една личност
како изразите на лицето во разни ситуации, бидејќи изразите на лицето покажуваат точно како
размислува и се чувствува самата личност. Сепак не постојат истражувања кои ги
категоризираат луѓето според изразите на лицето. Па затоа еве една кратка анализа за тоа како
да ги препознаете различните типови на карактер според изразите на лицето.
Доминантен тип: Типични особини за овој вид се длабокиот загрижен изглед во нивните очи,
кој честопати е пропратен со опуштени веѓи и постојана готовност за климање со главата
додека зборуваат со постари лица. Ова е поблага верзија на нарцисоид- ваквите лица сакаат да
им се наметнат на другите во секоја погодна ситуација бидејќи постојана “ бликаат со идеи”.
Тие сакаат да докажат дека секој нивни потег е вистински и дека тие се секогаш во право. Иако
ваквите лица се навистина потребни во една канцеларија и често ја добиваат довербата на
нивните директори, нивните колеги и соработници често ги одбегнуваат.
Пацифист: Секогаш насмеани со блескави очи, со џентлменско однесување кое ретко го има
денес. Тие се мирни и разумни. Ваквите особини ги прават добри сопрузи и директори.
Ваквото опуштено однесување, проследено со разумност за донесување добри одлуки го
формираат карактерот на пацифистот- некој кој е смирен на површината ама сепак се движи
под неа, исто како и Пацификот и сите останати океани.
Ноншалантно тип: Овие лица имаат замислен поглед од кој можете да сфатите дека не се
грижат за ништо на светот. Тие изгледаат како да се добри слушатели, меѓутоа тие само
изгледаат дека слушаат, а во меѓувреме сонуваат за нова кола или облека. Изгледаат како да
спијат малку и затоа постојано се прозеваат (притоа прилично заразно влијаат врз околината).
Според ова, не мора да се каже дека ваквите лица не помагаат во фирмата. Овој тип е сосема
спротивен на доминантен тип.
Дрдорко: Можеби никогаш нема да успеете да им го видите лицето бидејќи постојано ќе
барате начин да ги замолчите. Тие дрдорат, се фалат и не престануваат да досадуваат.
Адвокат, секретарки и свекрви спаѓаат баш во овој тип на карактер. Меѓутоа иако не се
најпотребни во една фирма тие се сметаат за непотрошливи поради две причини. Прво затоа
што тие секогаш ја добиваат најдосадната задача: да прават разнобојни слики кои бодат во очи
и со глас кој ќе одѕвонува во вашите уши. Исто така тие се дел од виталната група на луѓе кои
пренесуваат трачеви цел ден. Значи, тие сепак претставуваат нужно зло во една фирма.
Нервозен тип: Нервозата им е во крвта на овие луѓе. Можете да ги забележите и на најниска
температура затоа што им се појавуваат капки пот на челото од напнатост. Имаат живи очи,
немирни усни и целосен изглед на личност која има тајно знаење за некоја катастрофа што
треба да се случи. Нивните алишта се често со дамки од кафе, поради тоа што прстите секогаш
им треперат. Иако станува збор за многу интелигентни лица, нивните скоро непостоечки
вештини за соработка со останатите можат да направат само штета

Одот на човекот и карактерот

Облеката што ја носиме и начинот на кој чекориме, тонот на нашиот глас, нашиот говор
на телото, музиката што ја сакаме и нашето хоби кажуваат многу за нашиот карактер. Се што е
поврзано со некоја личност покажува различни делови од нејзиниот карактер, и ако имате
познавање од ова психолошко набљудување ќе ни помогне да видиме работи што не сме ги
виделе порано. На пример, нашиот од не само што го изразува нашиот карактер туку и нашето
моментално расположение.
Ако се чувствуваме среќни, нашиот од ќе биде поенергичен и брзината на чекорите ќе се
зголемува. Кога луѓето се чувствуваат полни со самодоверба, тие се движат со големи чекори,
дури и потрчнуваат.
Некои луѓе прават голем притисок врз земјата при чекорењето, но не поради тежината туку
поради нивната упорност во животот. Упорните луѓе обично се движат со тешки чекори, силно
газејќи на површината. Упорноста е добар знак, но сепак вреди да се знае дека овој вид исто
така може да има недостиг на флексибилност.
Некои луѓе се движат бавно, влечејќи ги нозете зад себе исто како да немаат доволно енергија
за да се движат нормално. Недостигот на енергија обично изразува тажни чувства или
депресија, но исто така асоцира на несигурност во иднина.

You might also like