Асурбанипаловата библиотека

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 11

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”
Педагошки факултет “Св. Климент Охридски”

Семинарска работа по предметот


Историја на писмото и библиотеките

Тема

Асурбанипалова библиотека

Ментор: Изработил:
Проф. Д-р. Сузана Котовческа Андријана Савовска 12539
Предучилишно воспитување
Скопје, 2020

Вовед

Книгата во своето долго историско опстојување често пати го менувала


својот облик и форма , меѓутоа нејзината суштина и вредност останувале
непроменети: од глинени плочи до современите електронски записи, таа станувала
темел светилник на образованието, науката и културата на сите цивилизации низ
вековите.Книгата претставува свет предмет преку кој се предаваат верите на трите
најголеми религии, се развива слободата на мислата, критичкиот дух. Во нејзините
страници опстојуваат јазиците со ограничена дифузија , а уште повеќе се шират
светските јазици. Просторот што го отвара книгата овозможува да размислуваме за
животот, тоа е просторот наречен свет за универзумот и за човекот- за себе самиот.
Книгата низ вековите секогаш ја следела судбината на човекот и човештвото.
Заедно со човекот таа се раѓала и се воздигнувала, но заедно со него горела на
заедничките клади во мрачните периоди на неговата - нивната историја. Но
повторно се раѓала и издигнувала над мракот на помрачената свест на определени
историски епохи кои самите се осудиле да бидат заборавени. Книгата не е
ексклузивно право на само една цивилизација, таа е наследство на сите сегашни и
идни цивилизации. Затоа, таа треба со огромна љубов да се чува за сите идни
генерации како најголем божји дар и како најубавото и највредно човечко и
цивилизациско дело – безусловна основа за секој напредок.Се поставува
прашањето: “Што претставува библиотеката?“ Библиотеката е место каде што
царува нејзиното височество – Книгата. Библиотеката е ризница каде се чува
најпроценливо духовно богатство, каде книгата како основен извор на сите знаења
се чува и негува како нешто свето, каде се скриени вековните искуства на минатите
и сегашните генерации.Со развојот на писмото се создале и предуслови за развој на
библиотеките.Доста долго време разликата меѓу библиотеките, музеите и архивите
не се забележувала зато што најстарите познати библиотеки всушност биле
архивите во кои фондот бил збирка на текстови –плочи со клинесто писмо.
Библиотеките уште во времето на древните цивилизации се со многу големо
значење.Се сметало дека големината на библиотеката ја претставувала моќта на
Нвладетелот.Библиотеките претставувале гордост и меѓусебен натпревар на
владетелите преку нивната убавина и големина на богатите библиотечни фондови,
тие ја искажувале доминантната моќ.

2
Нинива – Асурбанипалова библиотека

Прв владетел чие име ни е познато како основач на библиотека во тоа време е Тиглат
– Пилсар I.

Во VII ми век п.н.е. како основач на библиотека се споменува Асурбанипал кој владеел во
периодот 668-627 год.п.н.е. Тој бил прв и единствен владетел кој знаел да чита и да
пишува со клинесто писмо.

Во записите се вели дека го преселил главниот град во Нинива и опремил библиотека со


30 000 табли или глинени плочи, односно основал библиотека со “систематски собрана
библиотечна збирка“ на древниот Блиски Исток. Тој испратил луѓе во секој дел од
неговата империја која се протегала од Медитеранот до Персискиот залив како и во други
земји за да соберат писма од секаков вид. Неговата збирка била неколку пати поголема од
претходно откриените збирки и нејзината големина не ќе биде надмината во следните три
и пол века.

Асурбанипал кој бил посебно заинтересиран за религиозни и магиски текстови,побарал од


Набу – асирски бог на пишување да ја благослови библиотеката. Тој го повикал Набу и
извикал: „Јас ги собрав овие табли, ги копирав, ги означив со моето име и ги депонирав во
мојот дворец“. Можеме да кажеме дека тој имал голема страст за книги и за уметност во
целина и тој бил еден од ретките владетели што знаел да чита и пишува со клинесто
писмо.

Археолошките записи ни кажуваат дека во втората половина ба

Нинива заборавениот град и неверојатни библиотеки

Нинива бил значаен град во Асирија. Се наоѓала на источниот брег на реката Тигар во
Мосила во денешен Ирак. Нинива била град со преку 100 000 жители околу 700 год. п.н. е.
Градските ѕидови биле долги 122 км. Сенархабовата палата била со димензии 210м на 200

3
м. Во Нинива е пронајдена Асурбанипаловата библиотека од 22 000 глинени плочи.
Разурната е во 612 г. п .н.е. Легендата зборува дека Нинива како и некои други градови ги
основал Нимрод, правнук на библискиот Ное и прв силен владетел на земјата. Нинива е
еден од најстарите градови во светот. Долго време била мало место во кое се негувал
култот на божицата Иштар, додека главен град на моќното Асирско Царство бил
величествениот Ашур. Ќе стане важна дури во времето на падот на Царството кога во VII
век п.н.е. асирскиот крал Санхериб ја направил своја престолнина.

Нинива станала величествен град со неправилна четириаголен облик, сместена на двата


брега од една страна заштитена со река, а од друга со мочуришно подрачје.Некогаш на
саниот брег на Тигар, чии води ги оплакувале градските ѕидини низ Нинива поминувала
реката Коср и се влевала во Тигар надвор од градот. Владетелите Сахебир, Асархадон и
Асурбанипал ја претвориле Нинива за многу кратко време, во еден преубав град со
широки поплочени улици,огромни палати,пазари, паркови и градини. Градот имал
водоводна и канализациски систем. На својот најголем успех Нинива зазаемала површина
од 7 км2 и била заобиколена со12 км долги двојни ѕидини поставени на големи камени
блокови длабоко во земја.

Древните документи ѕидините ги опишуваат високи како планини, а Санхериб ги нарекол


со сумерско име Bad – Imgalaba – Lu – Suss [ Ѕид чија слава го одбива непријателот].

Имале 15 големи врати, а секоја од нив носела име на едно асирско божество. На главната
врата имало прикажано два крилести бика и се наоѓала на северозападната страна на
ѕидината, додека останатите биле насочени кон глвните трговски патишта. Географската
положба го направило градот важно трговско средиште кое ги спојувало Медитеранот и
Индискиот Океан,Запад и Исток, па затоа во него непрестано доаѓало богатство од многу
извори, правејки го еден од највеличествените древни градови. Сранските трговци
запирале и се собирале во Нинива , донесувајки со себе најдрагоцени производи од своите
земји, злато и мириси од Јужна Арабија и од Калдејско море платно а производи од
стакло, обработен емајл, златарски производи, калај и сребро од Египет, парфир од Фенис,
кедровина од Либан, крзно и грозје од Мала Азија и Арменија.

Градот имал 174 000 жители и бил град од 3 дена одење, како се вели во Библијата.
Педесет километри долг акведукт и канали доведувале вода од планините од кои се

4
наводнувале полињата и многу градски паркови. Одгледувале памук и маслинки а над и
под градот биле сместени плантажи со слаткомирисни билки од Палестина и Фенис.
Реката Коср била забавена со брани па така настанало мочуриштето во кое се населиле
диви птици, диви свињи и многу други животни.

Внатре во самите ѕидини се наоѓале Санхерибовата и Асурбанипаловата палати, од кои


првата била наречена незаменлива палата зашто зафаќала површина од 210 на 200 м и
имала преку 80 соби украсени со многубројни скулптури и релјефи. Двете палати биле
подигнати на вештацки платформи изградени од печени цигли или од земја заѕидани со
тули, до кои воделе долги скали. Ходниците и долгите простории биле ориентирани околу
средниот двор и поплочено со камени плочи. Ѕидовите биле полни со богати релјефи од
висок уметнички досег на кои биле прикажани божествени ликови, религиски свечености,
воени походи, лов и т.н.

Сјајот на Нинива бил со краток век. Неполни 100 години од својот успон веќе лежела во
рушевина, 612 г.п.н.е до темел била уништена со оган и вода, кога Асирското Царство
паднала во рацете на Вавилонците. Градот постепено губи на важност и во текот на
идните векови исчезнал од географската карта и од сеќавањето на луѓето. Останале само
легендите за еден величествен град од времето на Асирското Царство.

Откривањето на Нинива

Првите ископи во околината каде што некогаш била Нинива, на бреговите во близина
на градот Мосул во денешен Ирак, ги започнал францускиот конзул Пол - Емил Бот. Така
во 1843 год. На брегот на денешното село Хор - Сабад ги открил остатоците од палатата

5
на асирскиот крал Саргон втори, убеден дека се работи за Нинива. Меѓутоа се
испоставило дека Нинива била сместена на некои 20 км подалеку, ја открил во 1849 год.
Британскиот правник и ентузијаист Аустен Хенри Лајард. Денес брегот на кој се наоѓаат
остатоците од Нинива се нарекува со неговото турско име Кујунџик - многу овци, затоа
што тука во рана пролет се напасувале големи стада овци. Наби Јунис е другиот брег на
кој во внатрешните ѕидини се протегал градот, велат дека тука проповедал библискиот
Јона и тука по локалната традиција се наоѓа неговиот гроб.

Библиотека во рушевини

Но, многу длабоко под современите имиња, лежи историјата која допрва ќе биде
откривана. Лајард во повеќе наврати настојувал со ископување на ова подрачје па со
својот помошник Н.Расамон открил рушевина на палата на двајца асирски кралеви ,
Санхериб и Асурбанипал. Во едно дело Санхерибовата палата 1852 пронајдени се две
простории кои Лајард ги нарекол соба на записи или куќа на свитоци. Им дал такво име
затоа што подовите им биле потполно прекриени со многубројни, што цели , што
скршени глинени плочи испишани со необични знаци. Имало неколку илјади, рамни и
мазни на едната страна, малку испакнати на другата страна со димензии од 23*15 па до
оние со површина од 3 см2. После овие две соби пронајдени се многу плочи и во другите
делови на палатата. Уште непрепознатливо и неразбирливо богатство е најдено во
нивните раце, ја откриле таканаречената Асурбанипалова библиотека која ќе се покаже
како најважна збирка со документи од вавилонско - асирско културно подрачје.

Тројката најзаслужни за дешифрирање на клинестото писмо биле англичанецот Сер Хенри


Кресвик Равилсон, ирецот Едвард Хинкс и германецот Јевреј Јулиус Оперт, кои неколку
години се занимавале со мистериозни знаци на плочи од Нинива, почнале да го

6
одгатнуваат стариот асирски јазик запишан со ова писмо. Пред нив се отвориле запси од
случувањето , верувањето, знаењето и уметноста на одамна исчезнатиот свет, прозборела
одамна замолчената уста и ја раскажала приказната за животот на еден заборавен народ.
Тврди глинени плочи,дел искршени, оддеднаш станале непроценливо богатство.

Ископувањата откриле не само една туку две библиотеки. Едната била првобитно
библиотека - храм посветена на богот Набу, кој бил божествен писар и господар на
писмата и уметник во пишувањето, сезнаен и семудар, бог изумител на уметноста и
науката, инспирација на мудрите и учените луѓе. Се верува дека таа е храм - библиотека,
позната под името Езида, основана за време на Саргон втори и покасно од бастионите и
надополнувана за владетелите и неговите наследници Санхериб и Асурбанипал.

Другата библиотека била приватна библиотека на кралот Асурбанипал. Во Вавилонското


Царство уште во дамнешни времиња постоеле библиотеки, а Асирците чија култура и
цивилизација е продолжение на вавилонската ,земале пример за библиотекарството.

Денес овие две библиотеки се споени во една која се нарекува Асурбанипалова


библиотека. Таа сигурно не е прва библиотека во човечката историја, но е една од
најголемите и една од ретките кои се сочувани до денешен ден. Иако разураната неколку
века пред основањето на големата Александриска библиотека, била прва која ги имала
речиси сите карактеристики на модерните библиотеки. На самиот влез во библиотеката на
секоја страна се наоѓал приказ на Ее, на богот заштитник на културата. Ѕидовите биле
украсени со релјефи. На еден од нив бил прикажан град на морски брег и море полно со
галии. Просториите биле исполнети со полици на кои по ред биле наредени плочи - книги.
Некои од нив биле поголеми , некои помали а некои имале и глинени обвивки за подобро
чување. Бидејки имало и многу мали плочи со ситен текст, за читање понекогаш се
користела лупа. Една направена од кристал е пронајдена во оваа библиотека.

Збирка книги биле сместени во повеќе соби зависно од содржината, а покрај влезот во
секоја просторија се се наоѓала плоча на која ја имало на содржината на книгите во таа
просторија. Некои простории биле посветени на историја, некои на уметност на владеење,
други на религија и магија , на географија, наука , поезија, и т.н. а библиотеката чувала и
доверливи владини документи. Сите плочи биле каталогизирани и нумерирани па многу
едноставно и досетливо организирани на полици. Не е во целост познат начинот на

7
организирањето, но делата сигурно биле поделени во групи, а некои плочи биле посебно
означени. Плочите кои припаѓале на исти дел биле распоредени и нумерирани во серии и
имале таканаречени помошни редови така да на крајот на секоја плоча бил испишан
првиот ред на следната плоча. Овој начин на организирање кое наоѓаме во
Асурбанипаловата библиотека уште многу векови не бил надмашен. Библиотекарите затоа
многу добро е снаоѓале и ја пронаоѓале бараната книга, што било многу важно затоа што
судејќи по се библиотеката била од јавен тип.

Крал Асурбанипал

Кралот Асурбанипал (отприлика 668-627г. п. н. е) владеењето со Асирскиот Царство


го наследил од својот татко Асархадон и најмногу територијално го проширил, го освоил
Вавилон, Персија, Египет и Сирија. Затоа го нарекувале последниот голем асирски
владетел. Освен тоа изградил неколку раскошни палати и престолнината Нинива ја
утврдил со цврсти бедеми (ѕидини). Во грчки извори познат е како Сарданополус, како
Аснапер или Оснапе, во Библијата. Асурбанипал не бил само крал и воин, туку и висок
свештеник на богот Асура. Во почетокот на своето владеење, покрај кралските работи се
посветил на проучување на историјата на својата земја и создавање на голема библиотека,
бил великодушен донатор на храм – библиотеката на богот Набуа. Бил љубител на
учењето и со обѕир на својата положба, необично образуван експерт по математика и
странски јазици. Бил еден од ретките владетели кој знаел да чита и пишува, но и кој знаел
да изработува глинени плочи и да ги пече после правењето. За сопственото образование
пишува: Јас, Асурбанипал ја разбирам Набуовата мудрост, целата уметност на пишување
и секој занает, секој вид сум се направил сам себе господар на сите нив. Затоа ова е
повредно затоа што асирскиот систем на пишување е посебно замрсен. Одлучувајќи да
оформи библиотека, почнал систематски да собира пишани дела. Своите писари ги праќал
во сите стари центри на учењето – Ашур, Вавилон, Цутан, Нипур, Акад, Ерек како би ги
препишале таму сочуваните древни текстови. Кога копиите би стигнале во Нинива,
неговите писари или тој сам би ги превел. Во секој случај сам ги прегледуваат пред нивно
ставање на полиците во библиотеката.
Изгледа дека кралот организирал работилница во која се прочистувала и месела глина и се
печеле глинени плочи, затоа што скоро сите плочи биле добро обработени и обликувани
меѓусебно многу слични. Воодушевува едноликоста во пишувањето клинести знаци и
многу ретко се појавувале грешки. Сето тоа говори за важноста која Асурбанипал но и
неговите претходници им ја продавале на знаењето и неговото доследно пренесување.

8
На некои плочи било запишано на која библиотека припаѓаат. Делата без таков навод за
жал заради лош транспорт и организација при складирање после нивното ископување
неповратно се измешани. Затоа сите дела денес се обединети под заедничко име
Асурбанипалова библиотека.
Голем труд бил вложен во обогатување на библиотеката со нови книги, затоа
препишувачите имале полни раце работа. Вкупниот број на плочи и делови од текстови
изнесува околу 26 000 од кои околу 10 000 цели плочи. Плочите содржеле текстови и
знаење од сите дотогаш познати подрачја.
Филолошките дела, Сумерани од кои потекнува клинестото писмо, зборувале сумерски
јазик и голем дел од раната месопотамска литература запишани се на овој јазик. Меѓутоа,
подоцна доселениците Вавилонци и Асирци не го познавале, нив сумерскиот јазик им бил
како латинскиот нам. Заради тоа изработени се речници и граматика на сумерски јазик и
асирски, а некои важни сумерски текстови биле пишувани паралелно на двата јазика.
Пронајден е и попис на знаци со клинесто писмо со неговата фонетска и графичка
вредност ( изговор и буква) во двата јазика и асирски синоними (збор со исто или слично
значење). Понекогаш опишувале во опширна напомена во етимологијата на еден збор на
пр.: Sabbath (сабота) доаѓа од сумерски збор SA (срце) и BAT( завршува, крај) па се наоѓа
изворното значење на зборот – ден за одмор за срце.
Астрономијата, односно астрологијата заземал важно место во асирската култура.
Вавилонците се нарекуваат основоположници на астрономијата, тие им дале име на
зодијачките знаци, системски ги бележеле поместувањето на небесните тела и први знаеле
да пресметаат кога ќе настапи помрачување на Сонцето и Месечината. Во
Асурбанипаловата библиотека пронајдени се извештаи за кралските ѕвездарници во
следењето на движење на поедини планети. Свое место во оваа библиотека пронашла и
плоча со бројот околу кого модерните научници долго разбивале глави – се зборува за т.н.
Голема година или Голема константа, период после кој сите планети, Месец и Сонце се
враќаат во почетните положби на ѕвезденото небо. Овој циклус трае 195 955 200 000 или
речено 200 милијарди год. Тоа значи дека пред двесте милијарди години сите планети
Сонце и Месечината биле во иста положба во која се денес и дека после секои 200
милијарди години ќе заземаат истата положба. Податокот е толку необичен што науката
смета дека од Велика Праска т.е од настанувањето на овој универзум поминале само
петнаесет милијарди години.
Голем дел од религиските текстови потекнуваат од Сумерите, па поголемиот дел од
таквите текстови пронајдени се паралелно со асирски превод. Некои од нив се химни за
боговите и описи на обредите во различни храмови. Пронајдена е и збирка со псалми и
голем број митолошки текстови.
Многубројна е и правната литература. Првите закони во биле на сумерски јазик,
поголемиот Хамурабиев законик бил на вавилонски јазик. Асирски – вавилонските закони

9
биле донесувани по потреба, кога поединечен случај би барал. Асурбанипаловата
библиотека била полна со одлуки на судиите во новите случаи.
Меѓу научните дела имало долга листа на животни (птица, риба ...) билки и камења па и
географски (расправи) и преднаучни предвидувања. Многу плочи содржеле толкување
соништа и слични текстови. Асурбанипал посебно се занимавал со оваа тема, па неговата
библиотека изобилува со нив. Тука спаѓаат и многу дела од медицина и математика.
Книжевно – уметничките дела биле многу застапени. Воглавно тоа биле поеми за
митолошки, религиски и историски теми. Тука спаѓа и познатиот херојски еп – Епот за
Гилгамеш на дванаесет плочи, вавилонскиот мит за поплавата, мит за настанувањето на
светот, за големата борба помеѓу богот Мардук и силата на хаосот Тиамат.
Што се однесува до историјата на Асирците биле познати по својата истенчена смисла за
бележење на важните случувања и поминувањето на времето. Двете кралски палати биле
преполни со историски податоци и прикази на походите, победи и големи градежни
потфати. Датумите кои го следат секое случување и опис и внимание на кои запишувале
име и на најмалите принцови и држави многу добро зборуваат за историска прецизност
кон која тежнееле Асирците. Покрај историските текстови пронајдени се и хронолошки
таблици и долги листи кралеви и династии како и годините на нивното владеење.
Библиотеката исто така содржела разни трговски документи, кои говорат за продажби,
сопствеништво и сл. Пронајдени се имотни листови, фискални документи за платени
даноци на кралската ризница.
Цел еден оддел на библиотеката е посветена на приватната и дипломатска
кореспонденција. Некои писма се приватни, а други на име на кралот или на високи
службеници. Досега се обработени , преведени и објавени околу 1000 вакви писма.

Заклучок

Библиотеката од Нинива е најважна збирка на документи за вавилонската и


асирската култура. Таа е драгоцен извор за сознание на начинот на живот, знаењето и
карактеристиките на народите кои одамна живееле на подрачјето на денешен Блиски
Исток. Асурбанипаловите воени успеси едвај да се надминати, затоа што Асирскиот
Царство веќе било на својот залез, но неговата библиотека, делумно во многу добра
состојба, преживеала до ден денешен и високо го издигнал неговото име во историјата на
човештвото. Остатоци од тоа време ни кажуваат како тогаш кога немало услови сепак,

10
луѓето се снаоѓале да запишат да ни остават белег за нивното постоење. Сега во свет кога
има секакви услови како ,книги и интернет комуникација да не ја заборавиме суштината
на книгата .

Затоа, таа треба со огромна љубов да се чува за сите идни генерации како најголем божји
дар и како најубавото и највредно човечко и цивилизациско дело – безусловна основа за
секој напредок.

Содржина

11

You might also like