УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ СО МЕДИЦИНСКИ ВИЗИР

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ СО МЕДИЦИНСКИ ВИЗИР

Пред да почнете со употребување на визирот обавезно прочитајте го следново упатство.

Медицинскиот визир ви го заштитува лицете од евентуален продор на ситните, контаминирани капки кои
излегуваат од устата на пациентот (или соговорникот) кои се лепат на визирот од надворешната страна.

Неправилната употреба на Визирот може да биде поопасна одколку во случајот кога не го употребувате.
Затоа, ќе ве молиме прочитајте ги следниве упаства за правилна употреба, и одржување на истиот.

1. Визирот секогаш употребувајте го заедно со хируршката маска, затоа што истито не е прилепен за
лицето и може некоја контаминирана капка да ви достаса до устата илин носот.

2. Не го добирајте визирот со голи раце за надворешната површина – плексиглаот (кој е најповеќе


изложена на контаминација) без ракавици. Ако го направите тоа, веднаш измијте ги рацете со сапун
и вода, а ако носите ракавици, фрлете ги и ставите нови (одкако предходно ќе ги дезинфицирате
рацете)

3. Кога ќе го вадите визирот - постапете по упатството за вадење.

4. Во текот на работата, особено по близок контакт со пациент (или соговорник), прребришете ја


надворешната површина со алкохол. Направете го истото, неколку пати во текот на денот

5. На крајот на работниот ден, до колку немате плазма стерилизатор, извршете дезинфекција на


Визирот со перење - по упатството за дезинфекција.

НАЧИН НА МЕСТЕЊЕ
Со левата рака, со палецот и средиот прст, фатете го визирот за носачот ( слика 1)

Слика 1 Слика 2

Притиснете го на челото, а со десната рака, фатете го ластикот, растегнете го и закачете го на слободната


закачалка од другиот крај на носачот.
НАЧИН НА ВАДЕЊЕ
Со левата рака, фатете го носачот за слободниот крај (слика 2) а со десната рака одкачете го ластикот од
закачалката.
Слика 3

Ставете го визирот на специјално место кое што


не е достапно за сите, целиот да лежи на
носачот (слика 3)

НАЧИН НА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

До колку немате стерилизаотр (плазма, или слично) кој што не произведува топлина поголема од 80
степени. Постапете на следниов начин:

Во сад кој што може да го собере визирот во лежечка положба (со плексигласот надоле), ставете загреана
вода на 80С° во која има претходно растворен одмастувач (сјај, сапун и друго).
Ставете го визирот со плексигласто завртен надоле така да биде потопен до половина. Превртувајте го
неколку пати во текот на перењето, така да бидат опфатени сите делови во текот на дезинфекцијата (слика 3)
Слика 3

После перењето, исплакнете го со чиста вода, и ставете го да се исцеди и исуши на чиста крпа.
Кога ќе се исуши (1 час одприлика) пребришете го внимателно со 80% или повеќе алкохол.
Перењето вршете го барем 2 пати во текот на работниот ден.

Ако ластикот не е исушен, извадете го и исушете го со пегла, или заменете го сно друг.

Од тимот на 3Д Принт Медицинска Опрема,


во консултација со кумановски лекари

You might also like