Ефект на стаклена градина

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 6

Тема: Предмет:

ОПШТИ ЕЛЕМЕНТИ НА ЕНЕРГИЈАТА Eнергетска ефикасност на објекти


И ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ Година на изучување:
4 година средно стручно

ЕФЕКТ НА СТАКЛЕНА
ГРАДИНА
Ефект на стаклена градина
1. Ефектот на стаклена градина ја оддржува Земјата потопла отколку кога
би била без атмосфера. Енергијата од сонцето ја загрева Земјата и дел
од неа земјата рефлектира. Енергијата на земјата се менува во
инфрацрвена енергија (топлина).

Слика 1. 1. Распределба на енергијата дозрачена од Сонцето


Ефект на стаклена градина
2. Присуство на стакленички гасови во атмосферата кои ја обвиваат
Земјата како “ќебе“ и дел од рефлектираната енергија никогаш не ја
напушта Земјата. На тој начин Земјата останува многу потопла во споредба
со другите планети во сончевиот систем.

Слика 1.2. Ефект на стаклена градина


Ефект на стаклена градина
3. Напредокот на технологијата, изградбата на големи фабрики, масовното
производство и механизираното, интензивно земјоделство довеле до
зголемено загадување и создавање стакленички гасови, како што се:
- јаглероден диоксид,
- азотни оксиди,
- фреон и
- метан.
• Овие гасови ја пропуштаат сончевата енергија само во една насока,
слично како стаклените површини во објектите и на тој начин ја
„заробуваат“ сончевата енергија, а како последица се зголемува
температурата на Земјината атмосфера. Поради ефектот сличен на оној со
оранжериското производство базирано на стаклени површини, овој ефект
е наречен “ефект на стаклена градина“.
Ефект на стаклена градина
4. Последици од ефектот на стаклена градина се:
а) покачување на просечната температура на Земјата,
б) зголемување на врнежите, појава на поплави и суши,
в) топење на сантите мраз на северната хемисфера,
г) покачување на морското ниво,
д) штетни ефекти врз здравјето на луѓето,
ѓ) промени во еко-системот (исчезнување на некои видови жив свет и
појава на нови видови).
Ефект на стаклена градина
• Јаглеродниот диоксид CO е најзастапен стакленички гас. На Слика 1.3
2

прикажано е ослободувањето на CO во ЕУ во 2009 год., по сектори.


2

Најголемо ослободување на CO бележи секторот за производство на


2

енергија и транспортот, па оттаму се наметнува потребата од употреба на


обновливи и истовремено еколошки извори на енергија.

Слика 1.3 Ослободувањето на CO2 во ЕУ во 2009 год., по сектори

You might also like