F-НАСОКИ ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ НА УПР

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 18

ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКA

НАСОКИ ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА КАЈ РАБОТОДАВАЧ

(за паралелки со зголем број часови по практично образование)

Јули, 2022
Содржина

1. Вовед
2. Контекст
3. Програмирање на учењето преку работа кај работодавач
4. Програмирање на специфично-стручни модуларни единици
5. Планирање на учењето преку работа кај работодавач
6. Документирање на УПР кај работодавач
ВОВЕД

Новите општествено-економски односи, брзиот техничко-технолошки развој, честите промени на пазарот на трудот, сé поголемата

побарувачка на квалификувана работна сила наметнуваат промени во образовниот процес к ои бараат поинаков пристап во

стекнувањето на знаењата, вештини и компетенции. Соработката меѓу образовните институции и работодавачите е неопходна, со цел
кадрите што се образуваат преку стручното образование да се стекнуваат со соодветни компетенции кои ќе бидат апликативни на
идните работни места.

Во стручното образование се применуваат повеќе облици и форми на соработка 1 помеѓу училиштата и компаниите со цел
унапредување на квалитетот на образовниот процес во средното стручно образование, овозможувајќи им на учениците соодветно да
се подготват за пазарот на трудот. Една од формите за соработка е учењето преку работа кај работодавач. Тоа е процес на учење што се
случува кога учениците вршат реална работа во реална работна средина. Оваа работа во процесот на учење води до генерирање реални
стоки иуслуги и може да биде платена или неплатена.

За обезбедување можности учениците практично да усвојуваат стручни, но и други пошироки компетенции соодветно е учењето преку
работа кај работодавач да се одвива во согласност со дуалниот модел на стручно образование 2, т.е. со нужно присуство на реални
работни места, покрај училишните капацитети.

Критериумите за квалитет за успешна соработка на училиштата со компаниите се идентификувани и дефинирани во неколку фази и тоа :
пред отпочнување на процесот на практична обука во компаниите, за време на процесот на практична обука во компаниите, по

1
Облици и форми на соработка на стручните училишта и компаниите, декември 2018,
(https://drive.google.com/file/d/1p_EYH_zvOu6K9fKPJNck567dLSY5s9L_/view

2
практичното образование на ученикот во текот на сите години од образованието се реализира само кај еден работодавач, одговорноста за
стекнување на пропишаните компетенциите е и на училиштето и на компанијата/институцијата
завршување на процесот на практична обука во компаниите, како и посебни критериуми за квалитет за дополнителни активности
поврзани со соработката помеѓу училиштата и компаниите. 3

Еден од критериумите за квалиетет пред отпочнување на процесот на практична обука во компаниите, е програмирањето и
планирањето на учењето преку работа кај работодавач да биде во согласност со барањата на наставната програма и работодавачот.

Насоките за програмирање и планирање на УПР кај работодавач (со зголемен број на часови по практично образование) се изготвени со
цел да се даде поддшка на училиштата (наставниците по УПР) и работодавачите (менторите) во програмирање и планирање на
Учењето преку работа кај работодавач.

Овој документ претставува еден од механизмите за обезбедување на квалитет во реализацијата на учењето преку работа кај
работодавач.

КОНТЕКСТ
3
Прирачник за соработката на училиштата со компаниите за имплементација на критериумите за квалитет, 2020
(https://drive.google.com/file/d/1HMzD8LV4iXo7uuUoE-ZqZ0ovVdwJamLc/view)
Како резултат на унапредување на стручното образование и креирање на кадри во согласност со барањата на работодавачите, во
училиштата низ РСМ се отворија дуални паралелки (паралелки со зголемен број часови по практично обрзование, односно паралелки
кои реализираат настава за квалификации согласно потпишани договори со одредени компании). За таа цел се направи интервенција во
наставните планови, каде за овие квалификации се зголеми бројот на часовите по учење преку работи кај работодавач (УПР), односно
УПР кај работодавач се проектира и реализира од втора година со 4 часа, во трета година со 8 часа и во четврта година со 10 часа
неделен фонд. Оваа интервенција се направи со цел задоволување на потребите на компаниите каде учениците ќе реализираат УПР.

Првата година се планира преку посети во компании и феријална практика, учениците да се запознаат со комапниите каде ќе
реализираат УПР кај работодавач, додека во втора година ученици да реализираат УПР кај работодавач кои согласно конкурсот за
запишување на ученици потпишаа меморандум за соработка со училиштата, со што ја искажаа својата подготвеност да примаат ученици
во нивните компании.

За да се реализира Учењето преку работа кај работодавач во согласност со наставните планови за паралелки со зголемен број часови по
практично образование, освен новите наставни планови за квалификации со зголемен број часови по практично образование,
министерот за образование и наука донесува наставна програма за учење преку работа кај работодавач за квалификациите со зголемен
број часови по практично образование/обука), за сите струки и образовни профили во четиригодишното стручно образование.
Наставната програма според структурата е иста со другите наставни програми, но во суштина е отворена со можност работодавачите и
училиштата да ги планираат резултатите од учење, согласно нивните потреби и можности.

Наставната програма учење преку работа кај работодавач со зголемен број часови по практично образование обезбедува почитување
на принципите на стручно образование: флексибилност и релевантност, со што се обезбедува реализација на УПР во согласност со
потребите на работодавачи а системот на стручно образование прави чекор напред кон доближување на развиените системи за стручно
образование.
Наставната програма за УПР кај работодавач за паралелки со зголемен број часови по практично образование , за втора година на
пример, е општа и составена од три модуларни единици:

1. Подготовка за учење преку работа кај работодавач


2. Безбедност и здравје на работно место
3. Специфично-стручни модуларни единици

Првите две модуларни единици се општи и тие се реализираат со сите ученици во сите компании/институции и на сите работни места
каде што има ученици на практична обука кај работодавач.
Следните модуларни единици се специфично-стручни за секоја компанија или компании со иста или слична дејност. Специфично-
стручните модуларни единици се програмираат и се планираат од страна на компанијата/институцијата и училиштето, односно во
соработка помеѓу менторот/одговорното лице од компанијата/институцијата и наставникот за учење преку работа, а се одобрува од
директорот на училиштето.
ПРОГРАМИРАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ НА УПР за паралелки со зголемен број часови по практично
образование

Еден од најважните принципи на кои се базира реализацијата на УПР во паралелки со зголемен број на часови по практично
образование е партнерството односно партнерското одлучување и постапување меѓу училиштата и работодавачот.

Карактеристика на моделот на стручно образование со зголемен број на часови по практично образование/дуален модел, е тоа што
практичното образование на ученикот во текот на сите години од образованието се реализира само кај еден ист работодавач, со цел
ученикот да се подготви и да придонесува во продуктивноста на компанијатра/институцијата, со што се обезбедува исплатливост на
работодавачот да инвестира во нивното образование. Затоа, за секоја компанија/институција каде учениците реализираат УПР со
зголемен број на часови за практично образование, од страна на училиштето (наставник по УПР со поддршка на координаторот за УПР и
компанијата/институцијата (менторот) се изготвува поединечен документ наречен Програмирање и планирање на учењето преку
работа кај работодава. Документот Програмирање и планирање на учењето преку работа кај работодавач се одобрува од страна на
директорот на училиштето..

Во случај кога две или повеќе компании/институции се здружиле за да формираат една паралелка и имаат заеднички интереси/потреби
за кадри со исти компетенции, со одлука на компаниите/институциите се подготвува заеднички документ Програмирање и планирање
на УПР кај работодавач, а учениците може да реализираат УПР со планирано ротирање на учениците од компанија во компанија при
што може да стекнат повеќе или сите компетенции пропишани со стандардот на квалификацијта.

Во друг случај, кога ученикот реализира УПР само кај еден работодавач, а спектарот на занимања опфатен со квалификацијата е широк,
ученикот би добил практично образование согласно дејноста на компанијата а тоа ќе се рефлектира во додатокот на диплома за
завршено средно образование.
Иницијативата за изработка на документот Програмирање и планирање УПР е од страна на училиштето (наставникот по УПР).
Прогрмирањето и планирањето на УПР се базира на однапред склучен меморандум за соработка помеѓу училиштето и
компанијата/институцијата. Документот се изготвува користејќи го Образецот 1. Програмирање и планирање на УПР.

Модуларните едниници кои се дефинирани со наставната програма донесена од министерот за образование и наука, се препишуваат во
образецот 1. а се планира само начинот и местото на реализација.

Наставникот заедно со менторот ја/ги дизајнираат специфично-стручната/те модуларна/и единица/и. Значи дека наставникот и
менторотможе да дефинираат една или повеќе модуларни единици, во зависност од спецификите на компанијата/институцијата и
предзнаењата на ученикот и содржините од теоретскиот дел, вежби/практична настава на наставата во прва и втора година (за ученици
од втора година).

Важноста на документот е поврзана со важноста на Меморандумот за соработка помеѓу училиштето и компанијата.

Доколку се појави потреба од внесување на нови резултати од учење или пак ревидирање на постоечките (поради развојот на
техниката, технологијата секојдневно се налага и примена на нови постапки, процеси и процедури) се пристапува кон ревидирање на
документот Програма и план за УПР кај работодавач. Новиот документ повторно се одобрува од страна на директорот на училиштето

ПРОГРАМИРАЊЕ НА СПЕЦИФИЧНО-СТРУЧНИ МОДУЛАРНИ ЕДИНИЦИ

При дизајнирање на специфично-стручните модуларни единици треба да се имаат предвид следните работи:
- планираните модуларни единици за учење преку работа да бидат во корелација со модуларните единици и резултатите од
учење од наставните програми кои се изучуваат (во прва и втора година), со што ќе се обезбедува корелација на теоретското
знаење, вежби и практична настава во училиште со стекнување практични вештини кај работодавач на конкретно работно/и
место/а и во реални услови;
- при дизајнирање на модуларните единици потребно е да се имаат предвид компетенциите предвидени во стандардите на
занимања кои се дел од стандардот на квалификацијата од соодветниот образовен профил/квалификација;
- дизајнирањето секогаш треба да предвиди модулани единици со резултати од учење од полесно изведливи кон посложени за
постигнување;
- при дизајнирање на модуларните единици се имаат предвид и специфичните барања и потреби искажани од страна на
компанијата/институцијата каде се реализира УПР
За подготовка на документот Програмирање и планирање на УПР кај работодавач се користи Образецот1.

За соодветно изготвување на документот и соодветно користење на Образецот1, ќе се даде кратко објаснување на поимите, а за
детално поучување на истите може да се користи дополнителна литература 4

Модуларна единица може да се дефинира на следниот начин: „Збир на резултати од учење коишто сочинуваат кохерентен дел од една
квалификација“.

Резултатите од учење се точни и јасни описи на она што индивидуата треба да знае, разбира и умее да направи по завршувањето на
процесот на учењето. Основни правила при пишување на резултатите од учење се:

 започнуваат со зборовите: ученикот/ученичката ќе биде способен/на да....... следува исказ со кој е опишан резултатот од учење.
 да бидат јасни, очигледнинедвосмислени и мерливи.
 да ги одредуваат наставните методи, техники и стратегии на учење и поучување, како и формите на проверка на постигањата на
учениците.
 да не бидат многубројни (нивниот број зависи од опфатот на занимањата и времетраењето на образованието)
 да се користат активни глаголи
 да се користи едноставен јазик(пократки реченици)
 ги опфаќаат трите подрачја (когнитивното, афективното и психомоторното)

4
Методологија за изработка на модуларни наставни програми базирани на компетенции, 2018
(https://drive.google.com/file/d/1qFCuuX7WKxfyXdJ1zW32NFWDeZ1WTQ-k/view)
Индикаторите за мерење на постигнатоста на резултатот од учење обезбедуваат јасни и недвосмислени стандарди за постигнувањата
во однос на секој резултат од учењето. Тие треба да опишат што се очекува од ученикот да направи за да покаже дека е постигнат
резултатот од учењето. Треба да се знае дека сите индикатори за мерење на постигнатоста на РУ започнуваат со фразата
„Ученикот/Ученичката може да...“.

Фази на програмирање на специфично-стручните модуларни единици

Процесот на изработка на документот Програмирање и планирање на УПР кај работодавач поминува низ неколку фази.

Прва фаза – Разгледување на документи

Пред отпочнување на изработка на документот Програмирање и планирање на УПР кај работодавач, наставникот и менторот од
компанија треба да имаат јасна слика за компетенциите кои се пропишани во документите кои ја отсликуваат
квалификацијата/образовниот профил. Затоа изготвувачите пристапуваат кон разгледување на стандардот на квалификацијата,
стандардот на занимањето кои се дел од соодветниот стандард на квалификација и разгледување на наставните програми по стручни
предмети од соодветната квалификација/образовен профил.

Втора фаза - Евидентирање на резултатите од учење кои се релевантни за компанијата/институцијата

Во оваа фаза главна улога ја има менторот. Тој ги познава процесите во компанијата/институцијата и поаѓајќи од тоа, ги евидентира
резултатите од учење кои може да се реализираат во компанијата/институцијата.

Трета фаза - Групирање на резултатите од учење и индикаторите за мерење на постигнатоста на РУ согласно сродноста, сложеноста
и/или континуитетот во изведување на задачите

Наставникот за УПР и менторот вршат групирање на евидентираните резултати од учење и индикаторите за мерење на постигнатоста на
РУ. Се почнува со групирање по сродност, потоа по сложеност и/или континуитет на изведување на задачите.

Групираните резултати од учење и индикаторите за мерење на постигнатоста на РУ по сродност се анализираат а потоа се постапува
кон идентификување по сложеност, за да се изберат тие кои одговараат на возраста на ученикот/учениците за кои се врши
програмирањето и планирањето на УПР кај работодавач. На пример. Доколку се програмира УПР кај работодавач за втора година,
пожелно би било резултатите од учење и индикаторите за мерење на постигнатоста на РУ да се дефинираат во согласност со
резултатите од учење и индикаторите за мерење на постигнатоста на РУ кои се пропишани во наставните програми од прва и втора
година. Се дава можност за дефинирање на резултати од учење кои се пропишани во наставните програми за трета и четврта година
(кога се зборува за наведениот пример), само доколку работодавачот смета дека ученикот може да ги постигне тие резултати од учење
или тоа не е поврзан со некој задолжителен континуитет. Од методолошки аспект пристапот “прави потоа учи” т.е. хеуристичката
метода која како основа користи ситуации од учење, корисна метода за учење во оваа ситуација.

Четврта фаза - Дефинирање на евентуални резултати од учење и индикатори за мерење на постигнатоста на РУ кои не се
предвидени со документите а се релевантни за работодавачот

Во случај кога во документите (стандарди на занимања, стандарди на квалификации и наставни програми) не се пропишани резултати
од учење и соодветни индикатори за мерење на постигнатоста на РУ кои се од значење за компанијата, при програмирање на УПР кај
работодавач се дефинираат нови резултати од учење и соодветни индикаторите за мерење на постигнатоста на РУ значајни за
компанијата. За да може исказите да бидат разбрани од сите чинители во процесот, при дефинирање на резултатите од учење се
користат горенаведените начини и правила.

Петта фаза - Дефинирање на модуларни единици

По конечното дефинирање на резултатите од учење и индикаторите за мерење на постигнатоста на РУ кои ќе се програмираат за да се


реализираат во одредена година, се анализира дали истите припаѓаат на една област и дали сочинуваат еден кохерентен дела на една
квалификација. Доколку сите заедно дават една целина, тогаш се одлучува да припаѓаат на една модуларна единица чиј назив се дава
во согласност со природата на резултатите од учење. Во друг случај резултатите од учење се групираат во две и повеќе модуларни
единици.

.
ПЛАНИРАЊЕ НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА КАЈ РАБОТОДАВАЧ

Пред почетокот на реализација на УПР кај работодавач, реализацијата се планира согласно точка 2 од Образецот 1. Наставникот и
менторот го планират времето на реализација, потребните подготовки, потребните средства за заштита на ученикот, начинот на
евидентирање и оценување на ученикот, времето на заеднички нивни средби за споделување на информации, начинот на нивна
комуникација и евентуални други специфичности.

ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА УПР КАЈ РАБОТОДАВАЧ

Пред почетокот на реализација на УПР кај работодавач, наставникот и менторот планираат и се усогласуваат за документите/образците
кои ќе ги коритат за евидентирање и следење на учењето преку работа кај работодавач. За документирање на реализацијата на УПР кај
работодавач може да се користат образците во рамките на документите : Упатството за УПР 5, Упатство за феријална практика6 и/или
Прирачник за соработка на училиштата со компаниите за имплементација на критериумите за квалитет 7.

5
https://www.e4e.mk/wp-content/uploads/2022/01/upatstvo-za-ucenje-preku-rabota.pdf

6
https://drive.google.com/file/d/1TuPmZcWHLjvaE9mgYRn1BofpISfMnOXX/view

7
https://drive.google.com/file/d/1HMzD8LV4iXo7uuUoE-ZqZ0ovVdwJamLc/view
Образец 1. Програмирање и планирање на Учењето преку работа кај работодавач

______________________________________________________________________
(Назив, седиште и лого на училиштето)

ПРОГРАМИРАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ НА УЧЕЊЕTO ПРЕКУ РАБОТА


за паралелки со зголемен број часови по практично образование

Година на реализација
Струка/сектор
Електротехничка

Образовен профил/квалификација Електротехничар за електроника и телекомуникации

Назив на компанија/институцијата Ратко, Електор, Јонгис,

(Склучен меморандум за учење преку


работа со компанија/институција)

_____________ , _____________
(место) (година)
1. ПРОГРАМИРАЊЕ НА МОДУЛАРНИ ЕДИНИЦИ И РЕЗУЛТАТИ ОД УЧЕЊЕ

Реализација во (се
означува/штиклира во
Резултатот од учење е во
Реден Индикатори за кое одделение)
корелација со
број Модуларни постигнување на
Резултати од учење9 наставната програма
единици8 резултати од учење10
(се наведува називот на
наставната програма) Производно Услужно
одделение одделение

1. -Чита електрична шема -Ученикот да чита Електротехника, Компаниј


Постојани -Селектира потребни различни модуларно ата
струи елементи за формирање електрични шеми дизајнирана I пополну
просто струјно коло -Ученикот да година ва
-Демонстрира практична пресметува напон и
примена на Омов закон на струја со примена
просто струјно коло на Омов закон
2. Аналогна -Извршува работни задачи -Ученикот Електротехничка,
електроника од областа на аналогната разликува различни УПР кај
електроника електронски работодавач,
-Изработува сопствено компоненти модуларно
портфолио за извршените -Ученикот дизајнирана III
работни задачи во демонстрира година
8
Се дефинираат врз основа на наставните програми од задолжителните модули и специфичните барања и потреби искажани од страна на
компанијата/институцијата каде се реализира УПР. Дизајнирањето секогаш треба да предвиди модулани единици со резултати од учење од полесно
изведливи кон посложени за постигнување.
9
При дефинирање да се консултираат резултатите од учење дефинирани во соодветниот стандард на квалификацијата и наставните програми

10
При дефинирање да се консултираат критериумите за оценување од соодветниот стандард на квалификација и наставните програми
компанијата изработка на
електронски
склопови од
аналогна
електроника
3. -Применува диода како -Ученикот Електроника за 2ра
Диоди електронска компонента демонстрира година,модуларно
-Реализира едноставни реализација на дизајнирана
диодни кола едноставни диодни
-Објаснува принцип на кола согласно со
работа на едноставни електричната шема
диодни кола

4. - Презентира поларизација и -Ученикот Електроника за 2ра


Транзистор подрачје на работа на дефинира струи и година,модуларно
и биполарен транзистор напони во дизајнирана
транзисторско коло
- Презентира поларизација и -Ученикот
подрачје на работа на демонстрира
униполарен мосфет испитување
транзистор функционалност на
коло по пат на
мерење
5. Засилувачи -Препознава основни -Ученикот Електроника за 2ра
карактеристики на препознава година,модуларно
засилувачи различни дизајнирана
-Анализира однесување на конфигурации на
различни конфигурации на засилувачи и истите
засилувачи да ги анализира и
да извршува
пресметки
6.
2. ПЛАНИРАЊЕ НА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА КАЈ РАБОТОДАВАЧ

ПЛАН ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА КАЈ РАБОТОДАВАЧ

Време за реализација Подготовка на ученикот кај Потребни средства за Начин на евидентирање Забелешки од
на работодавачот, пред вклучување во заштита на ученикот и оценување на менторот
работниот процес ученикот
УПР кај работодавач

oд ________ Ракавици Упатство за УПР  

Чизми Обрасци за
до ________ евидентирање и
Договор Наочари следење
   Меморандум за сорабтка

Безбеднозт за учење преку работа

Распоред на работни позииции

Заштитна опрема

Договор за доверливост

Oсигурување

Санитарен преглед,
При реализација на УПР кај рабвотодавач договорено е меѓу училиштето и компанијата, одговорниот
наставник да ги посети учениците во компанијата во термините:
Планирани средби за
посета на одговорниот
наставник во
компанијата ________________, __________________, ___________________, _______________

3. НОСИТЕЛИ НА ИЗРАБОТКА И ПРИМЕНА НА ПРОГРАМАТА И ПЛАНОТ


3.1. Состав на работната група:

1.
2.
..........
3.2. Примена на програма и план

Учебна _____ / _____ година

2.3 .Ревидирање на програмата и планот (по потреба)

4. ОДОБРЕНО ПРОГРАМИРАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ ЗА УПР ОД ДИРЕКТОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО

Директорот на установата за стручно образованиe____________________________________________________


( назив и седиште на училиштето)
ја одобри примената на Програмата и Планот за реализација на УПР за паралелки со зголемен број часови по практично
образование за образовниот профил/ квалификацијата согласно меморандумот за соработка со компанија/институција
____________________________________________________

Директор,

_________________ М.П.

(име, презиме и потпис)

You might also like