Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Активен транспорт е транспортот со кој клетката ги внесува или изнесува материите низ

клеточната мембрана спротивно на концентрацискиот градиент. Потребно е овде супстанцијата да


се поврзе со транспортери, протеински носач или комплекси од нив, често наречени мембрански
пумпи. Активниот транспорт мора да биде поврзан со истовремен проток на енергија од одреден
извор од повисоко кон пониско енергетско ниво. Имаме два активни транспортери и тоа
примарен активен транспорт и секундарен активен транспорт.

Примарен активен транспорт е движење на јоните на натриум и калиум низ плазма мембраните
со помош на Na / K – ATФ – азна пумпа. Оваа пумпа ја воспоставува и ја одржува
карактеристичната дистрибуција на висок интрацелуларен К и низок интрацелуларен Na. Јоните
на Na ги движи од ИЦТ кон ЕЦТ, ај јоните на К обратно, од EЦТ кон ИЦТ, тоа помага во
одржувањето на мембранскиот потенцијал на клетката. Овој транспорт се одвива во неколку
чекори: 1. Транспортерот придржуван од една молекула на АТФ, врзува три јони на натриум на
местата со висок афинитет сместени на интрацелуларната страна на протеинот. Двете врзани
места за К во оваа состојба се во состојба на низок афинитет, па затоа интрацелуларниот К не се
врзува. 2. Врзувањето на Na води до активација на АТФ- азната активност на транспортниот
протеин кој предизвикува фосфорилација на цитозолната површина на транспортерот и
осободување на молекулата на АДФ. 3. Фосфорилацијата води до конформациска промена на
транспортерот при што врзаните јони на натриум се носат во екстрацелуларната течност и се
намалува афинитетот на врзаните места за Na, па тие се ослободуваат од нивните врзани места. 4.
Новата структура на транспортерот доведува до зголемен афинитет на двете врзани места за К, со
што се овозможува две молекули на К да се врзат за транспортерот на екстрацелуларната страна.
5. Врзувањето на К води до дефосорилација на транспортерот и транспортерот се враќа во
неговата првобитна структура, што резултира со намален афинитет на врзаните места за К и
зголемен на врзаните места за Na. Притоа, К се ослободува во интрацелуларната течност, а се
овозможува нови молекули на Na и АТФ да се врзат за интрацелуларната страна. Други
протеини кои се одговорни за примарниот активен транспорт се и Ca – АТФ- аза, H – АТФ – аза,
H/K – АТФ – аза.

Секундарен активен транспорт го користи електрохемискиот градиент од двете страни на


плазматската мембрана како негов енергетски извор. Енергијата за овој транспорт се добива како
резултат на претходен примарен активен транспорт на друг јон. Кај секундарниот активен
транспорт, движењето на јонот во правец на неговиот електрохемиски градиент е поврзано со
транспорт на друга молекула пр. гликоза, амино киселина. Транспортите кои го помагаат
секундарниот активен транспорт имаат две врзни места, едно за јонот обично Na и второ за
котранспортираната молекула. Овој транспорт се одвива во две фази. Во првата фаза примарниот
активен транспорт на Na јон условува постигнување на негов висок концентрациски градиент , што
во втората фаза ќе овозможи низ канали на олесната дифузија под притисок истиот тој да се
движи, но сега во правец на концентрацискиот градиент.

You might also like