Разлика помеѓу Доворот за Know How и договорот за

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 14

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА


НАСОКА: Бизнис Логистика

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

ТРГОВСКО ПРАВО

ТЕМА: Разлика помеѓу договорот за Лизинг и

Доворот за „Know-How“

Ментор: Кандидати:

Проф. Ивица Јосифовик Благој Стојчев 177575


СОДРЖИНА:

Поим - Лизинг......................................................................................................................................1
Позитивни и негативни страни на лизингот.......................................................................................2
Позитивни и негативни страни на лизингот.......................................................................................3
Договор за лизинг................................................................................................................................4
Договорни страни на договорот за лизинг........................................................................................5
Видови лизинг договори.....................................................................................................................6
Поим – „Know-How“.............................................................................................................................7
Договор „Know-How“...........................................................................................................................8
Целта на договорот „Know-How“........................................................................................................9
Разлики меѓу овие два договори......................................................................................................10
Заклучок.............................................................................................................................................11
Користена литература.......................................................................................................................12
Поим - Лизинг

• Лизинг  претставува трговска и финансиска дејност преку која трговските


субјекти, најчесто малите и средните претпријатија, се обраќаат до
некоја специјализирана институција да земат под закуп инвестициона
опрема за определен рок и за определен надомест.

• Лизингот во неговата наједноставна форма претставува инструмент за


обезбедување на финансиски средства и широко се дефинира како
договор помеѓу две страни, каде што едната страна (давателот на
лизинг) дава на користење некое средство на другата страна (корисник
на лизингот) за одреден временски период и за однапред утврден
надомест.

• Суштината на лизингот произлегува од идејата за профитабилно


користење на некое инвестициско добро проследено со флексибилен
начин на плаќање што овозможува инвестиција без дополнително
ангажирање на основен капитал, успешно работење и најголема
искористеност на средствата. Денес лизингот претставува вообичаен
начин за долгорочно финансирање на компаниите во развиениот свет.

• Предмет на лизинг
Предмет на лизинг е секој подвижен или недвижен предмет кој се дава
на користење на корисникот на лизинг, освен оние предмети за кои со
закон има ограничување да можат да бидат предмет на лизинг.

Како предмет на лизинг можат да се јават најразлични предмети и


опрема. Каква опрема ќе се дава на лизинг зависи првенствено од
давателот на лизинг, но и од потребите на корисникот на лизинг.

Позитивни и негативни страни на лизингот


• Лизингот како финансиски инструмент има одредени позитивни и
негативни страни:

Предности на лизингот се:

 многу побрза и поедноставна постапка (уредување на сите


административни постапки, вклучувајќи и потпис на договорот кај давателот
на лизинг)
 прилагодливи услови на одобрување (лизингот многу повеќе се
прилагодува на посебните барања на купувачите отколку било кој друг
облик на финансирање)
 без хипотека
 билансно или вонбилансно прикажување на инвестициите во основни
средства (начинот на прикажување зависи од тоа дали купувачот се
одлучил за финансиски или оперативен лизинг)
 помала даночна основа (кај финансискиот лизинг ратата за лизинг во
билансот на успех претставува трошок и тоа делумно како амортизација, а
делумно како трошок на финансирање; кај оперативниот лизинг ратата во
целост се третира како трошок)
 заштеда на обртен капитал (финансирањето на купување на лизинг бара
помал дел на сопствени средства, што овозможува натамошно
прераспоредување на слободните средства за оние деловни активности кои
обезбедуваат поголем профит од трошоците на лизинг)
 точно планирање на трошоци (ратите за лизинг се номинирани во цврсти
валути и не се менуваат до истек на договорот)
 со лизингот се избегнуваат тешкотиите при повторна продажба на опремата
во која сте инвестирале свои пари- за тоа може да се погрижи давателот на
лизинг.

Слабости на лизингот се:

 Како инструмент за финансирање е поскап од банкарските кредити,


односно лизинг ратите, заради зголемениот ризик, се обично поскапи од
ратите за отплата на банкарски кредити. Ако се направи пресметка на
збирот на сите лизинг рати, плус евентуалното еднократно плаќање на
крајот на договорот за да се купи лизинг предметот ќе се види дека тој збир
е поголем од набавната вредност на предметот и трошоците за тековно и
инвестициско одржување, премијата за осигурување и сл.
 Потешко е да се обезбедат гаранции или други обезбедувања, во споредба
со банкарските кредити за кои најчесто се договараат хипотеки како
средства за обезбедување на отплатата на кредитот и други.
 Нерамноправност на договорните страни, се наметнува волјата на
посилната договорна страна.
 Нееластичност на веќе склучен договор за лизинг во поглед на рокот на
важење, висината на надоместокот, периодот на плаќањата, можноста за
предвремен раскин на договорот. Во нашиот Закон за лизинг се
предвидува, дека, со приемот на предметот на лизинг, за корисникот
обврската за плаќање на надомест за користење на предметот на лизинг
станува апсолутна и неотповиклива.
 Има негативно влијание во поглед на можноста за обновување и
модернизација на основните средства на корисникот на техничко-
технолошка опрема, бидејќи најчесто корисникот на лизингот по истекот на
рокот на договорот или ја купува или ја зема повторно во лизинг опремата
која е веќе застарена.[
Договор за лизинг

Што е договорот за лизинг ? (Поим)

 Договорот за лизинг е таков договор со кој давателот на лизингот се


обврзува да предаде ствар на користење на корисникот на лизингот за
одредена вредност или за одредено дело,а корицникот се обврзува да
плати одреден надомест во рати,со тоа по истекот на договорениот рок
да ја врати стварта на давателот на лизингот или да продолжи со
користење или да ја откупи.
 Друга дефиниција би била, дека лизингот е договорен однос со кој
едната страна - давател на лизинг се обврзува на другата страна-
корисник на лизинг, да и финансира набавка на опрема, на тој начин што
опремата која корисникот на лизинг ќе ја одбере, давателот на лизинг ќе
ја купи или порача да се направи кај производител, па откако давателот
на лизинг ќе стане нејзин сопственик ќе ја предаде на користење и
употреба на корисникот на лизинг на одредено време, а корисникот на
лизинг се обврзува да плати одреден надоместок за истото, со право да
може по истекот на рокот на договорот, истата да ја купи, да ја врати или
продолжи да ја користи.

 Сопственик на предметот што се дава на користење е јасно определен,


тоа е давателот на лизинг предметот. Всушност се работи за договорен
пренос на правото на користење на современа и најнова техничко-
технолошка инвестициона опрема, кое право може да вклучува и
елементи на лиценца и/или know how. Овој договорен пренос на правото
на користење може, но не мора да заврши со пренос на правото на
сопственост, што од своја страна, значи прифаќање на функционално-
прагматичниот отколку на формално и догматско-традиционалниот
пристап на водење на бизнисот.
 Функционалниот пристап упатува на тоа дека претприемачите не треба
да се оптоваруваат со правото на сопственост во водењето на својот
деловен потфат, туку нивна движечка сила треба да биде мотивот како
побрзо да дојдат до посовремени и поефтини средства за работа.
Договорни страни на договорот за лизинг

• Даватели на лизинг можат да бидат домашни или странски трговски друштва


кои согласно Законот за трговски друштва, основале подружница во Република
Македонија и согласно Законот за лизинг добиле дозвола од Министерството
за финансии] за вршење на финансиски лизинг.

Како корисник на лизинг може да се јави секое домашно или странско, деловно
способно физичко или правно лице кое е регистрирано во соодветен регистар,
кое лице го прима на користење предметот на лизинг.

Права и обврски на договорните страни

Корисникот на лизинг ги има следниве права и обврски:

 има право да го користи предметот за економска корист


 има фактичко владение врз предметот, но правно не е сопственик
 треба да му ја плати на давателот на лизинг договорената лизинг рата

Давателот на лизинг ги има следниве права и обврски:

 правно е сопственик на лизинг предметот


 му дозволува на корисникот на лизинг да го употребува и да ја извлекува
економската корист од лизинг предметот
 има право на наплата на лизинг рата.

Видови лизинг договори


Видови на лизинг договори:

1. Според карактеристиките на предметот на лизинг се разликуваат:

 лизинг на потрошни добра


 инвестиционен лизинг
 лизинг на подвижни и недвижни ствари
 лизинг на веќе употребени ствари

2. Според должината на траење на договорот се разликуваат:

 краткорочен или оперативен лизинг


 долгорочен или финансиски лизинг

3. Според положбата на давателот на лизинг постојат:

 лизинг каде што произведувачот на лизинг објектот и давател на лизингот


се различни лица или лизинг преку лизинг друштво
 концерн лизинг, каде што лизинг друштвото по пат на концерн се поврзува
со произведувачи, трговци и финансиски институции во единствен процес
на лизинг услуги
 произведен лизинг, кога произведувачот на лизинг објектот истовремено е и
давател на лизинот
 производно-финансиски лизинг, каде примателот на лизинг стапува во
директни односи со банка која го кредитира примателот на лизингот во
поглед на обврските кои произлегуваат од договорот за лизинг.
Поим - Know - how

Прво, треба да го знаеме концептот на Know-How: мнозинската доктрина на


темата го дефинира како ансамбл од тајни, технички, научни сознанија или од
некоја друга природа, од практичен корисен карактер, што резултира со
конкурентни предности на компанијата или професионалец кој го користи.
Постојат различни гледишта за тоа што опфаќа изразот know-how. Тие можат
да се групираат во две основни групи, потесно сфаќање за know-how и
пошироко. Според првото гледиште, под know-how се подразбираат само
техничките знаења и искуства. Според второто, под know-how, се
подразбираат разновидни групи знаења и искуства, кои сочинуваат една
широка палета знаења и искуства од технолошка природа, економско-
сметководствена, трговска, правна, до она што значи однесување со
клиентелата, потрошувачите и сл.
Содржината на „знаењето и искуството“ понекогаш може да има обележја на
самостоен пронајдок, кој може да се пријави, но неговиот носител не сака
правно да го заштити затоа што тоа подразбира престанок на тајноста. Во тој
случај, know-how претставува таен пронајдок.
Во правната теорија и трговската практика, според тоа дали може да се
пренесе на други субјекти, се разликуваат три вида на know-how:

1. Know-how кој е неразделно поврзан со определен поединец (од


физичкото лице) тоа се поединечната вештина, знаења и искуства;
2. Know-how кој е поврзан со определено правно лице, конкретно
претпријатие, коешто располага со определени технологии, кои се
засновани на определена традиција или на необично виско ниво на
развој на определено производство;
3. Know-how којшто може да се оддели и од физичкото и од правното
лице, сознанија за определени технички решенија, цртежи, тајни
патентибилни резултати и сл.
Договор „Know-how“

Договорот за лиценца за know-how се однесува на правото на know-how.


Заштитата на знаењето( know-how) се разликува од другите права за
лиценцирање, бидејќи не може да се патентира и не ужива законска
заштита.

Под „know-how“ се подразбира само техничко знаење и искуство. Според


поширокото сфаќање, пак, тоа содржи група на знаења и искуства, како од
техничка природа, така и од економска, правна, трговска, сметководствена,
маркетиншка и сл. природа (во поново време, ова пошироко сфаќање сè повеќе
се прифаќа во САД и во западноевропските држави).
Сепак, во правниот промет, деловното знаење и искуство може да биде
предмет на договор за пренос или договор за лиценца само ако е поврзано со
техничкиот „know-how“ или е резултат на нивен придружен елемент.
Право од индустриска сопственост кое е предмет на регулирање на
пронајдувачкото право е и „know-how“, што во превод значи „да се знае како“.
Неговата заштита не е предмет на регистрација, ниту пак постои постапка за
негова заштита пред надлежните органи. Меѓутоа, тоа ужива голема стручна и
практична вредност при користењето на патентираните пронајдоци и полезните
модели. Бидејќи „know-how“ не се регистрира, имателот/ создавачот има де-
факто монопол на содржината.

Битен елемент на „know-how“ е неговата преносливост - знаењето и искуството


може да се пренесат со договор и многу често овој договор е суплементарен со
договорот за пренос на патент, т.е. за пренос на технологија.

Договор зa „Know-how“ често се склучува за да се дополни договор за лиценца


за патент. На пример, користењето на патентирана технологија може да се
заснова на знаење и вештини кои, сами по себе, не се патентираат, но мора да
се пренесат за да се овозможи целосно искористување на технологијата.
Работливо решение во такви ситуации може да биде користење на договор за
лиценца за знаење.
Целта на договорот „Know-how“

Добро е да се истакне дека целта на договорот за know-how не треба да се


меша со предмети или патентирачки процеси сами по себе, кои можат да бидат
предмет на договор од различна природа, како што е договор за лиценца за
патент.

Од друга страна, договорот за know-how отелотворува поширок опсег на


знаења, кои, всушност, некои се инкорпорирани во тајните полиња (како што се
технологиите, кои не се однесуваат на предметот на патент, или затоа што не
ги исполнуваат релевантните реквизити или затоа што носителот на патент
разбира дека тие не треба да се патентираат меѓу другото).

Преку договорот за know-how, горенаведеното „знаење“ може да се пренесе на


друго лице или компанија, кое ќе го искористи. Предноста на договорот за
know-how е можноста договорната страна, која го добива овој „ансамбл“ на
знаење, да има пазарна разлика пред нејзините конкуренти, откако ќе има
пристап до информациите што ќе и овозможат конкурентска предност.

Најважната цел на договорот за лиценца за знаење е да се дефинира


знаењето и неговото пренесување, на пример преку документација, обука
или техничка поддршка.
Разлика меѓу овие два договори

Разлика Договор за „know- Договор за лизинг


во: how“
Се работи за деловна
За што се тајна која треба да се чува Предметот на договорот
работи: и по завршување на може да се види.
договорот.

Потекнува од англиски
Потекло на Потекнува од латински
збор и значи ,,да се знае
зборот: збор што значи ,,закуп".
како".

Трае се додека трае


Трае од 3-5 години или
Траење: правната заштита,
повеќе.
доколку е патентиран.

Формален
Не е формален договор. Е формален договор.
договор:

Се прибарува и отстапува Се пренесува правото на


Прибарување
знаење и искуство меѓу користење на опрема
и
трговските друштва и увезена под закуп со
пренесување:
странските лица. плаќање надомест.

Заклучок:
Заклучоците на темата „ Разлика помеѓу договорот за Лизинг и Доворот за
Know-How “ ги базираме на неколку економски и на неколку правни
констатации. Ова нужно се наметна од анализата и проучувањето на
прашањето за лизингдејноста и законските решенија на договорот за лизинг.
Договорот за лизинг и know-how му дозволуваат на закупецот или на
стекнувачот на лиценцата да користат и окупираат имот (простории). Сепак,
заклучуваме дека постојат неколку клучни разлики помеѓу двата договори.
Клучно е страните да ги разгледаат разликите помеѓу договорот за закуп и
лиценца пред да продолжат со какви било трансакции кои вклучуваат недвижен
имот.

Користена литература:

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0%B3
https://euroleaseauto.mk/%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0%B3/

https://www.s-leasing.mk/sto-e-lizing.nspx

https://www.clarkemodet.com/en/news-posts/what-does-a-know-how-agreement-
mean-and-how-can-you-protect-your-business/

https://mk.wikipedia.org/wiki/Know-how

https://www.proz.com/kudoz/english-to-macedonian/law-contracts/6573818-know-
how-license-agreement.html

https://housing.com/news/the-difference-between-lease-and-licence-agreements/
#Lease_and_licence_Key_differences

https://legalvision.com.au/lease-and-licence-agreement/

You might also like