Пловни Објекти Охридско и Препанско Езеро

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

1.

Пловни објекти

Пловен објект за внатешна пловидба е брод,технички пловен, објект,јахта


чамец,пливачки објект,пловило кое обавува риболов,и други објекти кои се
способни за пловидба и учествуваат во пловидбата.

1.1 Пловни објекти бродови

Брод за внатрешна пловидба е брод регистриран за пловидба на внатрешни


води,чија должина на трупот изнесува најмалку 20 м или чии производ од
должината, ширината и максималниот газ е еднаков со зафатнината од
најмалку 100 м3, како влекач и потискувач без обзир на неговата должина и
зафатнина. Патнички брод е брод регистриран за превоз на повеќе од 12
патници.

Во Регистарот на бродови кој се води во органот Капетанијата на


пристаништата со утврдена способност на брод за пловидба има четири
патнички бродови и тоа : три со капацитет до 150 патнички места и 1 пловен
објект со капацитет до 80 патнички места.

1.2 Пловни објекти чамци .

Чамец е пловен објект,освен влекач и потискувач без обзир на неговата


должина и зафатнина регистриран за пловидба на внатрешни води со
должина на трупот е помала од 20 метри и чии производ на
должината,широчината и максималниот газ е со помала од зафатнина од 100
м3,со кој може да се превезуваат до 12 лица.

Во Регистарот на чамци кој се води во органот Капетанијата на


пристаништата за периодот од 20.07.1999 година,заклучно со месец Мај 2017
година евидентирани се вкупно 1930 пловни објекти.

Напомена

Од овој број на пловни објекти се однесува за пловни објекти на целата


територија на Република Македонија и надвор од неа ,но мора да се земи во
предвид дека дел од овие пловни објекти се повлечени од употреба – не им е
потврдена способностра за пловидба бидјќи периодот на уписи не е мал со
оглед на староста на пловните објекти и нивните техничко експлоатациони
карактеристики.

2. Пловни објекти на Охридско и Преспанско Езеро

2.1 Пловни објекти бродови


На Охридското Езерото има четири патнички бродови на кои им е
потврдена способноста за пловидба, три со капацитет до 150 патнички места
и 1 пловен објект со капацитет до 80 патнички места.Се користат за
туристички панорамски прошетки и превоз до туристичките локалитети по
должината на бреговата линија. Тие се се класифицирани и е утврдена
способност за пловидба од страна на признатото здружение за класификација
BV(Bureau Veritas) кое е на листата на признати здруженија за
класификација.Признато здружение за класификација е здружение кое со
одлука од Комисијата на Европската унија е овластено да врши работи
утврдување на брод за способност за пловидба.Бродовите се запишани во
BV(Bureau Veritas) регистарот и имаат добиено класа на BV и сертификат кој
одговара на ускладеност со директивата EU 2006/87.
Пловни објекти од категорија брод не се евидентирани на Преспанското
Езеро истото првично се должи на поголем временски варијабилен водостој и
на немање на инфраструктурни објекти пристаништа,пристани кој би можеле
да се прилагодуваат извлекување на суво и ремонти работи пумпи за
снабдување со горива за .

2.2 Пловни објекти чамци


Најзастапени чамци на езерото се металните од обликот пасара
изработени од челични или алумински легирани лимови .Ови чамци за
првпат почнуваат да се градат на почетокот од педесетите години од
минатиот век,градени се од неколку занаетчии и локалното населаени како
самоградба. Се изработуваат од ребраста конструкција која е обложена со
лимени ленти. Конструкција е споена со заварување додека лимените ленти
се споени со зковки со што се добива цврста врска,додека поретко се
среќаваат целосно изработени со заварување.Во поново време овие чамци се
помалку се изработуваат и користат бидејќи се потешки за изработка и
одржување.Со развој на новите технологии нивната улога ја земаат се повеќе
пластичните чамци кој се изработени од комбинација на синтетски смоли –
полиестер и стаклени влакна и гумените пневматски чамци изработени од
гумено или пластифицирано платно.
Точен број на пловни објекти кој се користат на Охридското и
Преспанското Езеро е тешко да се дефинира бидејќи постојат повеќе
фактори за промена на користење на пловниот објект од страна на нивните
корисници и тоа :

- Временскиот период на користење


- Цели на користење
- Временските услови
- Економски услови

Дадениов случај можеме да анализираме од повеќе аспекти за да добиеме


приближни вредности на пловни објекти ко се користат на овие две езера и
тоа :

- Регистарот на чамци кој се води во органот Капетанијата на


пристаништата
- Година и месец , место на извршен технички преглед и потврдување на
спосбност за пловидба
- Место на постојано живеење на сопственикот- корисникот на пловниот
објект
- Место на градба (кај само градба на чамци)

Приближната состојба на пловни објекти кој се користат на Охридското и


Преспанското Езеро е даден во табела 1.
Табела1. Приближен број на пловни објекти на кои им е потврдена
способност за пловидба

Приближен број на пловни објекти


чамци по тип чамци глисери скутери едрил Вкупно
вид ици
Охридско 250 -300 150-180 20-25 20-30 440 - 535
Езеро
Преспанско 80-100 10-15 5-10 5-10 100 - 135
Езеро

Извор: Министерство за транспорт и врски орган Капетанија на


пристаништатa

Напомена
Периодот за потврдување на способност за пловидба се движи во зависност од
категоријата (видот типот ) и намената на пловилото и се движи во граници од
една до пет години.

You might also like