Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Ревидиран SI систем на мерни единици

Меѓународната организација за тегови и мери своите задачи ги реализира преку Генералната


конференција за тегови и мери (Conference Generale des Poids et Mesures – CGPM),
Меѓународниот комитет за тегови и мери (Comite International des Poids et Mesures – CIPM) и
Меѓународното биро за тегови и мери (Bureau International des Poids et Mesures – BIPM). На
единаесетата конференција за тегови и мери во 1960 година е воспоставен Меѓународниот
систем на мерни единици (Systeme International d’unities – SI) кој денес се користи како основа
за математичко и физичко изразување во секој аспект од науката и технологијата. Сите промени
во SI системот на мерни единици се објавуваат од страна на BIMP.
Меѓународното Биро за тегови и мери (Bureau of Weights and Measures – BIMP) е воспоставено
за време на метролошката конвенција на 20 Мај 1875 година во Париз од страна на седумнаесет
држави. Основна цел на ова тело е да обезбеди единственост на мерите и единиците во светот и
да ги извршува следните функции:
1. Да обезбеди стандарди и мерки за основните физичките величини и да ги одржува
интернационалните еталони;
2. Да изведува споредба (интеркомпарација) помеѓу национални и меѓународни еталони;
3. Да обезбеди координација за соодветните мерни техники;
4. Да координира и обезбеди мерења за основните природни физички константи.
Меѓународното биро за тегови и мери периодично објавува промени во меѓународниот SI систем
на мерни единици. Последните промени влегоа во сила на 20 Мај 2019 година, ден на кој е
потпишана метролошката конвенција во 1875 година и е симболично прифатен како ден на
Метрологијата. Актуелната дефиниција на меѓународниот SI систем мерни единици се базира
на седум основни природни константи преку кои се изразуваат седумте основни физички
величини. Прифатените природни константи се дадени во табелата 1.
Табела 1. Седум основни константи на SI системот на единици

Константа Симбол Бројчана вредност Единица


Фреквенција на vCs 9 192 631 770 Hz
енергетски премин на
атом на Цезиум 133
Брзина на светлина c 299 792 458 m s-1
во вакуум
Планкова константа h 6,626 070 15  10-34 Js
Елементарен полнеж e 1,602 176 634 x 10-19 C
Болцманова k 1,380 649  10-23 J K-1
константа
Авогадрова NA 6,022 140 76  1023 mol-1
константа
Светлинска Kcd 683 lm W-1
ефикасност

Согласно прифатените константи, основните единици на SI системот се дефинирани на следниот


начин:
Секунда (s), е време кое е еднакво на 9 192 631 770 периоди на зрачењето кое соодветствува на
преодот помеѓу две хиперфини нивоа на основната состојба на атомот на цезиум 133 (133Cs).
9 192 631 770
1s=
Δ𝑣𝐶𝑠
Со ваквата дефиниција на мерната единица секунда, се овозможува дефинирање на вистинско
време во смисла на генералната теорија на релативност. Согласно оваа теорија се предвидува
релативно вреквенциско поместување на еталоните со кои се репродуцира мерната единица од
околу 1/1016 при промена на надморската висина од 1 m на површината на земјата. Во таа смисла,
при дефинирањето на референтно време за различни еталони на различни локации се врши
корекција на релативистичките поместувања на фреквенцијата на атомот на Цезиум.
Метар (m) е должина на патеката што ја минува светлината во вакуум за време од 1/299 792 458
секунди. Дефиницијата на метар се врши на тој начин што брзината на светлината во вакуум c
изнесува 299 792 458 m/s, додека секундата е дефинирана преку константата vCs. На тој начин,
единицата метар изразена преку природните константи го добива следниот облик:
𝑐 9 192 631 770 𝑐 𝑐
1m= ( )s = ≈ 30,663 319
299 792 458 299 792 458 Δ𝑣𝐶𝑠 Δ𝑣𝐶𝑠
Историски, килограм (kg) се дефинирал како маса еднаква на масата на меѓународниот
прототип на еталонот за килограм. Во ревидираниот систем на мерни единици, килограм се
дефинира преку вредноста на планковата константа 6,626 070 15 10-34, кога се изразува во J s,
односно kg m2 s-1.
ℎ ℎΔ𝑣𝐶𝑠
1 kg = ( −34 )
m−2 s ≈ 1,4755214 ∙ 1040
6,626 070 15 ∙ 10 𝑐2

Ампер е јачина на електрична струја која одговара на флукс од 1/(1,602 176 634  10-19)
елементарни полнежи во една секунда. При дефинирањето на амперот, вредноста на
елементарниот полнеж изнесува 1,602 176 634  10-19 C, при што кулон се изразува како A s.
𝑒
1A= ( −19 )
A s ≈ 6,789 687 ∙ 108 Δ𝑣𝐶𝑠 𝑒
1,602 176 634 ∙ 10
Историски, јачината на електрична струја од 1 А се дефинирала како струја која се одржува
помеѓу два паралелни проводници со неограничена должина и занемарливо мал кружен
напречен пресек, а кои се во вакуум на меѓусебно растојание од 1 m и при тоа помеѓу нив се
јавува сила од 2  10-7 њутни по метар од нивната толжина (N/m).
Температура од еден келвин е еднаква на промената на термодинамичката температура која
предизвикува промена на термалната енергија kT за 1,380 649  10-7 J.
1,380 649 Δ𝑣𝐶𝑠 ℎ
1K= ( ) ∙ 10−23 kg m2 s −2 ≈ 2,266 6653
k 𝑘
Согласно претходната дефиниција за келвин, тој се однесувал на 1/273,16 од термодинамичката
температура на тројната точка на водата.

Мол е количество сустанца која содржи точно 6,022 140 76  10-23 елементарни честички (атоми,
молекули, јони, електрони или друга специфична група честички). На овој начин се дефинира
вредноста на Авогадровата константа NА кога истата се изразува во mol-1.

6,022 140 76 ∙ 1023


1 mol = ( )
𝑁𝐴
Кандела се дефинира како интензитет (јачина) на светлина во дадена насока. Согласно ваквата
дефиниција, канделата се интерпретира на тој начин што се усвојува константна вредност за
светлинската ефикасност на монохроматско зрачење од 540  1012 Hz која изнесува 683 lm/W.
𝐾𝑐𝑑
1 cd = ( ) kg m2 s −3 sr −1 ≈ 2,614 830 ∙ 1010 (Δ𝑣𝐶𝑠 )2 ℎ 𝐾𝑐𝑑
683

You might also like