Реализам натурализам

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Реализмот е книжевен и уметнички правец кој се јавува во четвртата деценија од 19 век и згаснува

во период меѓу седумдесетите и деведесетите години на столетието. Наатурализмот ја


претставува неговата последна фаза на развиток во периодот од седумдесетите до деведесетите
години. Под терминот реализам се подразбира заедничкиот интерес на писателите во 19 век кој ја
истражуваат условеноста на поединецот во општеството. Заеднички им се : 1. Постапката на
набљудување на човекот во општеството, 2. Анализа на резултатите од набљудувањето.
Деталноста на описот кај овие писатели е вистините прикажување на ликовите и на околностите
во кои дејствуваат.

Терминот натурализам во книжевноста е превземен од филозофијата. Натуралистите ја


пренагласуваат човековата условеност од биолошкото потекло и од влијанието на средината, го
увеличуваат детаљот во фактографскиот и аналитички приказ на стварноста. За разлика од
реализмот, натурализмот инсистира на фактографска доследност и во описот на грдите сцени на
насилството.

Главен теоретичар и заговорник на натурализмот е францускиот писател Емил Зола.


Натуралистичката поетика на Зола главно ги опфаќа идејните основи на неговиот научен,
експериментален роман, како и техниките на неговото создавање. Според Зола, писателот пред
своите ликови е поставен како лекарот пред своите пациенти, а романот е едноставно записнок на
експериментот што писателот го изведува пред очите на публиката. Суштината на експериментот
Зола ја гледа во проучувањето на механизмите на човековите страсти, како и на влијанието на
наследниот материјал што го одредува човекот. Тоа го илустрира во неговиот циклус од дваесет
романи Ругон-Макарови. Романите на овој циклус ја прикажуваат сликата на француското
општество. Негови романи се Богатството на Ругонови, Освојувањето на Пласан ( кои го
претставуваат провинцискиот живот ) , Мевот на Париз, Неговата екселенција Ежен Ругон, Нана
(различните сегменти на животот во престолнината ), Слом (историски битки) , Трујачка,
Жерминал( животот на работниците и рударите).

Натуралистичката (меданска) група се формира во 1876 година. Членовите се среќаваат во


Медано, од каде е насловот на збирката раскази Медански вечери. Автори се Ги Де Мопасан, Пол
Алексис, Анри Сеар, Леон Еник, Уисманс.

Натуралистичкиот театар во Франција ќе биде поттикнат од заложбите на француските


романописци ( браќата Гонкур, Зола) кои сметале дека постапките на натуралистичкиот роман
требе да бидат пренесени во театарот. Натуралистичкиот театар опстојува со заложбите на
театарскиот аниматор Антоан, кој го основал Слободниот театар. Антоан настојува да создаде нов
театар не само со оглед на изборот на делата туку и со начинот на нивното поставување на
сцената: сценската игра, режијата и сценографијата.

Хенрик Ибзен е норвешки драмски писател, кој го одбележал развојот на модерната драматургија
во европа создавајќи ја аналитичката техника во водење на драмско дејство. Подрачјето на
авторското истражување во Ибзеновите драми е во постојано соочување и откривање на
драмската напрегнатост помеѓу внатрешната и надворешната стварност на драмските личности,
нивното минато и нивната сегашност. Во драмите Ибзен ги критикува двојниот морал на
социјалната експлоатација на работниците олицетворен во ангажманот на буржоазијата,
деспотскиот одност на мажот врз жената и неморалноста на родителот чии постапки му ја
уништуваат иднината на потомството.
Негови драми се : Столбовите на општеството, Куклен дом, Сеништа,Народен непријател, Дива
патка, Ромерсхолм.

You might also like