Download as odt, pdf, or txt
Download as odt, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Енергија на сврзување на атомското јадро

1.Енергијата што е потребно за целосно разградување на јадрото,на одделни


нуклеони се вика енергија на врзување на атомското јадро ΔE.

2.Точните мерења на масите на јадрата покажуваат дека масата на мирување на


јадрата mj е секогаш помала од збирот на масите на протоните и неутроните од кои е
создадено јадрото.

mj ˂ Z •mp + N •mn

3.Разликата од збирот на масите на мирување на протоните и неутроните,од кои е


создадено јадрото , и масата на јадрото се вика дефект на маса Δm.

Δm = ( Z •mp + N •mn ) – mj

4.Според равенката на Ајнштајн за врската меѓу енергијата и масата на


телото(системот) секоја промена на масата доведува до промена на енергијата на
телото(системот).

ΔE = Δm •c2

5.Ако дефектот на масата на јадрото се мери со унифицирана единица за атомска


маса ,енергијата на врзувањето на атомското јадро се пресметува со равенката
ΔE = Δm •931 MeV ,каде 931 MeV e енергија што одговара на една унифицирана
единица за атомска маса.

6.Енергијата што треба да му се даде на атомското јадро за да од него се избие


еден нуклеон се вика специфична енергија на врзување на атомското јадро Esp.

Esp = ΔE / A ( MeV / нуклеон )


7.Специфичната енергија на врзување на атомското јадро е многу голема ,и средно
таа изнесува 8 MeV по нуклеон.

8.Најголема специфична енергија имаат јадрата на елементите кои се наоѓаат во


средината на периодниот систем од близу 8,7 MeV, а за јадрата на елементите на
почетокот и на крајот од периодниот систем таа е 7,6 МеV.

9.Помала специфична енергија кај лесните јадра е заради малиот број на


нуклеони кои се распоредени по површината на јадрото и си дејствуваат со помал
број на соседни нуклеони ,а кај тешките јадра заради по изразените кулонови
одбивни сили меѓу протоните во јадрата.

10.Нуклеарната енергија се добива во процеси на фисија и фузија при кои имаме


премин на јадра со помала специфична енергија ,во јадра со поголема специфична
енергија на врзување .

You might also like