Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Традиција во мојот крај

Традиција е збор со значење дека „нешто се пренесува натаму“, а се користи на


повеќе начини, но најчесто се поврзува со верувања или обичаи во одредена
област, на пример: христијанска традиција,традиција на прослава и слично.

Со гордост можеме да се пофалиме со нашата традиција и културно наследство


само ако се прошетаме до некој наш духовен храм, религиски објект кој во себе
има религиски вредности, култура и традиција.

Фолклор е дел од нашата традиција.Во фолклорот спаѓаат приказните, музиката,


танцот, легендите, раскажаната историја, хуморот, популарните верувања,
обичаите, и сè она што го опфаќаат културата, и традицијата на одреден народ.

Традициите и обичаите за прославата на Новата година се разликуваат од


држава до држава.

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува


овој празник меѓу македонскиот народ. На овој ден помладите одат кај постарите
и бараат прошка со зборовите, „Прости ми “ , а постариот одговара: „Простено ти
е од мене и од Бога“Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон
постариот, но и постариот кон помладиот. За Прочка се прави заедничка вечера
во семејството на која има сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за
децата, што претставува детска радост и добро расположение.

Традиција во некои краеви е изработка на мартинки на првиот ден од

месец март.

Секоја религија си има своја традиција при празнувањето на нивните


празници. Така христијаните за празникот Велигден ги фарбаат јајцата во црвена
боја, муслиманите задолжително за верскиот празник Бајрам прават баклава.
Сите нoви обичаи и традиции не можат никогаш да ги заменат старите
традиционални прослави, слави, традиции и обичаи. Тие никогаш нема да ни го
загреат срцето и исполнат со радост како нашите традиционални обичаи.

Сите ние треба да ја негуваме и пренесуваме традицијата.

Твоја задача драг ученику е да истражиш и да напишеш за некоја традиција


за да им ја кажеш на твоите другарчиња.

You might also like